рудари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rudari/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Mar 2024 18:15:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рудари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rudari/ 32 32 Затрупани руски рудари, спасувачите се борат да стигнат до нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zatrupani-ruski-rudari-spasuvachite-se-borat-da-stignat-do-niv/ Wed, 20 Mar 2024 18:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=756803

Спасувачите на далечниот исток на Русија во средата се бореа со паѓање на камења и вода во обид да спасат 13 рудари заробени 120 метри под земја во рудник за злато речиси два дена.

Рудари во понеделникот останаа заробени под одрон на камења во рудникот за злато „Пионир“. Рудникот, еден од најголемите во Русија, се наоѓа во областа Амур што се граничи со Кина, на околу 5.300 километри источно од Москва.

„Ситуацијата е сè уште тешка“, рече гувернерот на Амур, Василиј Орлов на Telegram. Орлов рече дека специјализирани спасувачи од рудници долетале од огромниот руски регион на јаглен во басенот Кузнец, познат како Кузбас, и други сибирски региони.

Тој рече дека стотици спасувачи ги расчистиле остатоците и камењата и испумпувале вода. Не е остварен контакт со затрупаните рудари.

Орлов рече дека спасувачите решиле да пробијат неколку стотини метри карпа до местото каде што се наоѓаат рударите, за да ја проценат нивната состојба и да воспостават контакт.

Руските служби за итни случаи соопштија во средата дека количината на урнатини и карпи во рудникот е девет пати поголема од претходно проценетото, пренесе државната новинска агенција РИА.

Рудникот е во сопственост на рускиот производител на бакар и злато, UMMC, погоден од санкции.

The post Затрупани руски рудари, спасувачите се борат да стигнат до нив appeared first on Република.

]]>

Спасувачите на далечниот исток на Русија во средата се бореа со паѓање на камења и вода во обид да спасат 13 рудари заробени 120 метри под земја во рудник за злато речиси два дена. Рудари во понеделникот останаа заробени под одрон на камења во рудникот за злато „Пионир“. Рудникот, еден од најголемите во Русија, се наоѓа во областа Амур што се граничи со Кина, на околу 5.300 километри источно од Москва. „Ситуацијата е сè уште тешка“, рече гувернерот на Амур, Василиј Орлов на Telegram. Орлов рече дека специјализирани спасувачи од рудници долетале од огромниот руски регион на јаглен во басенот Кузнец, познат како Кузбас, и други сибирски региони. Тој рече дека стотици спасувачи ги расчистиле остатоците и камењата и испумпувале вода. Не е остварен контакт со затрупаните рудари. Орлов рече дека спасувачите решиле да пробијат неколку стотини метри карпа до местото каде што се наоѓаат рударите, за да ја проценат нивната состојба и да воспостават контакт. Руските служби за итни случаи соопштија во средата дека количината на урнатини и карпи во рудникот е девет пати поголема од претходно проценетото, пренесе државната новинска агенција РИА. Рудникот е во сопственост на рускиот производител на бакар и злато, UMMC, погоден од санкции.

The post Затрупани руски рудари, спасувачите се борат да стигнат до нив appeared first on Република.

]]>
12 рудари од комбинатот „Трепча“ на Косово повредени поради истекување на сулфурна киселина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/12-rudari-od-kombinatot-trepcha-na-kosovo-povredeni-poradi-istekuvane-na-sulfurna-kiselina/ Wed, 17 Jan 2024 21:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=734184

Комбинатот „Трепча“ соопшти дека 12 рудари се повредени во несреќата што се случила кога од пумпите истекла сулфурна киселина, пренесува Анадолија.

Како што е соопштено, несреќата се случила денеска во 12 часот и 35 минути, на 11. хоризонт во рудникот Стари трг, при чистење на цевките на пумпите со сулфурна киселина.

При одржување на цевката од цилиндерот истече сулфурна киселина и во таа прилика се повредени 12 работници во рудникот Стари трг, наведуваат од комбинатот Трепча.

Спасувачките екипи на рудникот брзо реагирале за да ги евакуираат повредените рудари од рудникот. Им била укажана прва помош и биле пренесени на понатамошно лекување во Регионалната болница во Митровица.

Според извештајот на дежурните лекари, двајца рудари се здобиле со тешки, но излечиви повреди и се задржани на офталмологија, додека останатите рудари се полесно повредени и се пуштени на домашно лекување.

The post 12 рудари од комбинатот „Трепча“ на Косово повредени поради истекување на сулфурна киселина appeared first on Република.

]]>

Комбинатот „Трепча“ соопшти дека 12 рудари се повредени во несреќата што се случила кога од пумпите истекла сулфурна киселина, пренесува Анадолија. Како што е соопштено, несреќата се случила денеска во 12 часот и 35 минути, на 11. хоризонт во рудникот Стари трг, при чистење на цевките на пумпите со сулфурна киселина.
При одржување на цевката од цилиндерот истече сулфурна киселина и во таа прилика се повредени 12 работници во рудникот Стари трг, наведуваат од комбинатот Трепча.
Спасувачките екипи на рудникот брзо реагирале за да ги евакуираат повредените рудари од рудникот. Им била укажана прва помош и биле пренесени на понатамошно лекување во Регионалната болница во Митровица. Според извештајот на дежурните лекари, двајца рудари се здобиле со тешки, но излечиви повреди и се задржани на офталмологија, додека останатите рудари се полесно повредени и се пуштени на домашно лекување.

The post 12 рудари од комбинатот „Трепча“ на Косово повредени поради истекување на сулфурна киселина appeared first on Република.

]]>
Најмалку 12 рудари загинаа при уривање на рудник за злато во Венецуела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-12-rudari-zaginaa-pri-urivane-na-rudnik-za-zlato-vo-venetsuela/ Sun, 10 Dec 2023 18:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=721530

Најмалку 12 лица загинаа при уривање на рудник во југоисточна Венецуела, соопштија денеска венецуелските власти.

Свлечиште го погоди во средата рудникот Параиба де Сан Хозе де Вадамапа во близина на градот Икабара во венецуелската држава Воливар Боливар, во близина на границата со Бразил.

Венецуелската агенција за управување со ризици и цивилна заштита во објава на „Х“ соопшти дека обезбедува храна, вода и лекови за погодените од несреќата, а во исто време го координирала трансферот на телата на жртвите во Порто Ордаз, на околу 700 километри северно.

The post Најмалку 12 рудари загинаа при уривање на рудник за злато во Венецуела appeared first on Република.

]]>

Најмалку 12 лица загинаа при уривање на рудник во југоисточна Венецуела, соопштија денеска венецуелските власти. Свлечиште го погоди во средата рудникот Параиба де Сан Хозе де Вадамапа во близина на градот Икабара во венецуелската држава Воливар Боливар, во близина на границата со Бразил. Венецуелската агенција за управување со ризици и цивилна заштита во објава на „Х“ соопшти дека обезбедува храна, вода и лекови за погодените од несреќата, а во исто време го координирала трансферот на телата на жртвите во Порто Ордаз, на околу 700 километри северно.

The post Најмалку 12 рудари загинаа при уривање на рудник за злато во Венецуела appeared first on Република.

]]>
Дваесетина рудари загинале при пожар во рудник во Перу https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dvaesetina-rudari-zaginale-pri-pozhar-vo-rudnik-vo-peru/ Sun, 07 May 2023 14:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=638008

Дваесетина рудари загинаа во пожар кој избувнал во рудник за злато во Перу. Наверојатна причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација а спасувачките екипи досега извлекле најмалку 27 тела.

Се стравува дека бројот на жртви не е конечен бидејќи екипите за брза помош не можат да стапат во контакт со рударите кои се уште се заглавени под земја.

Перу е најголемиот производител на злато во Јужна Америка а секоја година во земјата се случуваат десетици смртоносни несреќи, главно во мали рудници.

 

The post Дваесетина рудари загинале при пожар во рудник во Перу appeared first on Република.

]]>

Дваесетина рудари загинаа во пожар кој избувнал во рудник за злато во Перу. Наверојатна причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација а спасувачките екипи досега извлекле најмалку 27 тела. Се стравува дека бројот на жртви не е конечен бидејќи екипите за брза помош не можат да стапат во контакт со рударите кои се уште се заглавени под земја. Перу е најголемиот производител на злато во Јужна Америка а секоја година во земјата се случуваат десетици смртоносни несреќи, главно во мали рудници.  

The post Дваесетина рудари загинале при пожар во рудник во Перу appeared first on Република.

]]>
50-ина рудари заробени во рудник на Косово повеќе од 12 часа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/50-tina-rudari-zarobeni-vo-rudnik-na-kosovo-poveke-od-12-chasa/ Mon, 10 Apr 2023 14:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=629539

Во рудникот „Трепча Југ“ од синоќа околу 50 рудари се заробени на 900 метри под земја.

Рударите се заробени 12 часа, а причината е проблем со струјата, јави порталот Лајми, пренесува Косово онлајн.

Според порталот, рударите од ноќната смена, кои почнале со работа на полноќ, останале заробени во рударското окно.

"Во моментов состојбата е добра. На шпоретот остана храна. Разговаравме со нив, во добра состојба се бидејќи имаат вентилација и светлина. Проблемот е со лифтот", вели еден од рударите.

Овој портал се обидел да добие одговор од директорот на рудникот Беџет Винартчи, но тој не бил достапен, пренесува Бета.

The post 50-ина рудари заробени во рудник на Косово повеќе од 12 часа appeared first on Република.

]]>

Во рудникот „Трепча Југ“ од синоќа околу 50 рудари се заробени на 900 метри под земја. Рударите се заробени 12 часа, а причината е проблем со струјата, јави порталот Лајми, пренесува Косово онлајн. Според порталот, рударите од ноќната смена, кои почнале со работа на полноќ, останале заробени во рударското окно. "Во моментов состојбата е добра. На шпоретот остана храна. Разговаравме со нив, во добра состојба се бидејќи имаат вентилација и светлина. Проблемот е со лифтот", вели еден од рударите. Овој портал се обидел да добие одговор од директорот на рудникот Беџет Винартчи, но тој не бил достапен, пренесува Бета.

The post 50-ина рудари заробени во рудник на Косово повеќе од 12 часа appeared first on Република.

]]>
Хаварија во рудник во Кина, најмалку 57 рудари затрупани под земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/havarija-vo-rudnik-vo-kina-najmalku-57-rudari-zatrupani-pod-zemja/ Wed, 22 Feb 2023 15:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=612004

Најмалку 57 луѓе останале затрупани под земја во хаварија во рудник за јаглен во кинеската провинција Внатрешна Монголија.

Најмалку 57 лица се водат за исчезнати, а на местото на несреќата пристигнале повеќе од 200 спасувачи“, објави државната телевизија ЦЦТВ.

Државната агенција Ксинхуа претходно објави дека околу педесетина рудари останале заробени под земја во уривањето на отворениот коп од рудникот за јаглен во Алкса Лига, на запад од провинцијата.

Локалните медиуми објавија дека се извлечени две загинати лица.

Во 17.13 часот (10.13 часот по средноевропско време) од рудникот беа извлечени тројца рудари, од кои двајца не даваа знаци на живот“, пренесоа медиумите.

Во последните децении подобрена е безбедноста во рудниците во Кина, како и известувањето за несреќи, кои претходно беа чувани во тајност. Но, редовно има несреќи, поради самата природа на работата и поради непочитување на безбедносните прописи.

The post Хаварија во рудник во Кина, најмалку 57 рудари затрупани под земја appeared first on Република.

]]>

Најмалку 57 луѓе останале затрупани под земја во хаварија во рудник за јаглен во кинеската провинција Внатрешна Монголија.
Најмалку 57 лица се водат за исчезнати, а на местото на несреќата пристигнале повеќе од 200 спасувачи“, објави државната телевизија ЦЦТВ.
Државната агенција Ксинхуа претходно објави дека околу педесетина рудари останале заробени под земја во уривањето на отворениот коп од рудникот за јаглен во Алкса Лига, на запад од провинцијата. Локалните медиуми објавија дека се извлечени две загинати лица.
Во 17.13 часот (10.13 часот по средноевропско време) од рудникот беа извлечени тројца рудари, од кои двајца не даваа знаци на живот“, пренесоа медиумите.
Во последните децении подобрена е безбедноста во рудниците во Кина, како и известувањето за несреќи, кои претходно беа чувани во тајност. Но, редовно има несреќи, поради самата природа на работата и поради непочитување на безбедносните прописи.

The post Хаварија во рудник во Кина, најмалку 57 рудари затрупани под земја appeared first on Република.

]]>
Рудари од Пробиштип заминаа во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rudari-od-probishtip-zaminaa-vo-turtsija/ Tue, 07 Feb 2023 14:23:54 +0000 https://republika.mk/?p=606076

Екипа на рудари, вработени во рудникот „Булмак 2016“ во Пробиштип заминаа за Турција да помогнат на луѓето кои се погодени од силниот земјотрес во Турција, соопшшти градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

Веста за катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија не погоди сите, во вакви моменти ја покажуваме хуманоста и солидарноста на нашите граѓани. Екипа вработени рудари од рудникот „Булмак 2016“, во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, утрово замина за Турција да помогнат на луѓето кои се погодени од силниот земјотрес. Им посакуваме успешно да ја завршат својата хумана мисија, вели Анастасов.

Тој на сите граѓани од Турција и Сирија, им изразува најдлабоко сочувтсво за големите човечки загуби.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.  како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1, додаде Анастасов.

The post Рудари од Пробиштип заминаа во Турција appeared first on Република.

]]>

Екипа на рудари, вработени во рудникот „Булмак 2016“ во Пробиштип заминаа за Турција да помогнат на луѓето кои се погодени од силниот земјотрес во Турција, соопшшти градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

Веста за катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија не погоди сите, во вакви моменти ја покажуваме хуманоста и солидарноста на нашите граѓани. Екипа вработени рудари од рудникот „Булмак 2016“, во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, утрово замина за Турција да помогнат на луѓето кои се погодени од силниот земјотрес. Им посакуваме успешно да ја завршат својата хумана мисија, вели Анастасов.

Тој на сите граѓани од Турција и Сирија, им изразува најдлабоко сочувтсво за големите човечки загуби.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.  како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1, додаде Анастасов.

The post Рудари од Пробиштип заминаа во Турција appeared first on Република.

]]>
Расте бројот на жртви во експлозијата во рудник во Турција, досега над 40 загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/raste-brojot-na-zrtvi-vo-eksplozijata-vo-rudnik-vo-turcija-dosega-nad-40-zaginati/ Sat, 15 Oct 2022 11:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=561432

Бројот за загинати работници во експлозијата во рудник во Турција постојано се зголемува. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу потврди дека досега се загинати најмалку 40 работници.

„Имаме 40 мртви. Во болниците има 11 повредени, од кои шест во градските болници Кам и Сакура, а тројца во државната болница Бартин, двајца се во приватни болници. Едно повредено лице е пуштено од болница“,

рече Сојлу, кој беше на местото на несреќата.

Сојлу додаде дека 58 рудари се спасени од вкупно 110.

„Неизвесно е што се случува со еден од нашите рудари, потрагата и спасувањето моментално е во тек“,

додаде Сојлу.
Експлозијата се случила на 300 метри под земја во рудник за јаглен во црноморската крајбрежна провинција Бартин вчера во 18:15 часот по локално време.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Твитер напиша: „Посакуваме загубата на животи да не биде поголема и нашите рудари да бидат спасени живи и здрави“.

На првите слики што ги објавија турските медиуми од влезот во рудникот се спасувачки и медицински екипи, како и членови на семејствата на затрупаните рудари.

The post Расте бројот на жртви во експлозијата во рудник во Турција, досега над 40 загинати appeared first on Република.

]]>

Бројот за загинати работници во експлозијата во рудник во Турција постојано се зголемува. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу потврди дека досега се загинати најмалку 40 работници. „Имаме 40 мртви. Во болниците има 11 повредени, од кои шест во градските болници Кам и Сакура, а тројца во државната болница Бартин, двајца се во приватни болници. Едно повредено лице е пуштено од болница“, рече Сојлу, кој беше на местото на несреќата. Сојлу додаде дека 58 рудари се спасени од вкупно 110. „Неизвесно е што се случува со еден од нашите рудари, потрагата и спасувањето моментално е во тек“, додаде Сојлу. Експлозијата се случила на 300 метри под земја во рудник за јаглен во црноморската крајбрежна провинција Бартин вчера во 18:15 часот по локално време. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Твитер напиша: „Посакуваме загубата на животи да не биде поголема и нашите рудари да бидат спасени живи и здрави“. На првите слики што ги објавија турските медиуми од влезот во рудникот се спасувачки и медицински екипи, како и членови на семејствата на затрупаните рудари.

The post Расте бројот на жртви во експлозијата во рудник во Турција, досега над 40 загинати appeared first on Република.

]]>
Потресни фотографии од заробените рудари во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/potresni-fotografii-od-zarobenite-rudari-vo-turcija/ Fri, 14 Oct 2022 19:12:15 +0000 https://republika.mk/?p=561282

Десетици рудари останаа заробени под земја по денешната експлозија во рудник за јаглен во провинцијата Бартин во северна Турција, јавува Анадолија.

Експлозијата се случила на 300 метри под земја во рудник за јаглен во крајбрежната провинција Бартин на Црното Море во 18:15 часот по локално време (15:15 часот по Гринич).

На местото на настанот се испратени медицински екипи и пожарникари.

– Спасувачките тимови успеаја да извлечат 14 рудари, додека најмалку 49 се уште се заробени, рече гувернерот на Бартин, Нуртац Арслан.

Засега нема пријавени жртви.

Турската управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека експлозијата во рудникот во населбата Амасра била предизвикана од трансформатор.

Министрите за внатрешни работи и за енергетика и природни ресурси на Турција Сулејман Сојлу и Фатих Донмез ќе отпатуваат во Амасру по инструкции на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган

The post Потресни фотографии од заробените рудари во Турција appeared first on Република.

]]>

Десетици рудари останаа заробени под земја по денешната експлозија во рудник за јаглен во провинцијата Бартин во северна Турција, јавува Анадолија. Експлозијата се случила на 300 метри под земја во рудник за јаглен во крајбрежната провинција Бартин на Црното Море во 18:15 часот по локално време (15:15 часот по Гринич). На местото на настанот се испратени медицински екипи и пожарникари.
– Спасувачките тимови успеаја да извлечат 14 рудари, додека најмалку 49 се уште се заробени, рече гувернерот на Бартин, Нуртац Арслан.
Засега нема пријавени жртви. Турската управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека експлозијата во рудникот во населбата Амасра била предизвикана од трансформатор. Министрите за внатрешни работи и за енергетика и природни ресурси на Турција Сулејман Сојлу и Фатих Донмез ќе отпатуваат во Амасру по инструкции на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган

The post Потресни фотографии од заробените рудари во Турција appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Што поскоро да продолжи нормално да функционира руникот Бучим и Боров Дол https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-shto-poskoro-da-prodolzi-normalno-da-funkcionira-runikot-buchim-i-borov-dol/ Sun, 28 Aug 2022 10:57:20 +0000 https://republika.mk/?p=544901

„На сите оние рудари кои што работниот ден го поминуваат во рударските окна сакам да им посакам успех, среќа, бидејќи ова е нивни ден. Иако за жал еве денеска добивме непријатна вест дека рудникот Бучим и Боров Дол поради официјално технички зафати го прекинуваат производството на неопределено. И се надевам дека тие технички зафати брзо ќе бидат завршени и дека ќе продолжи нормално да функционира производството во рудникот Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на нашата Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес од Берово.

Мицкоски рече дека се надева дека набргу ќе завршат технички зафати во Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму.

Почитувани граѓани на Македонија ви посакувам здравје, среќа и успех вам и на вашите семејства, на православните христијани им го честитам овој голем ден Успение на Пресвета Богородица, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

The post Мицкоски: Што поскоро да продолжи нормално да функционира руникот Бучим и Боров Дол appeared first on Република.

]]>

„На сите оние рудари кои што работниот ден го поминуваат во рударските окна сакам да им посакам успех, среќа, бидејќи ова е нивни ден. Иако за жал еве денеска добивме непријатна вест дека рудникот Бучим и Боров Дол поради официјално технички зафати го прекинуваат производството на неопределено. И се надевам дека тие технички зафати брзо ќе бидат завршени и дека ќе продолжи нормално да функционира производството во рудникот Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на нашата Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес од Берово. Мицкоски рече дека се надева дека набргу ќе завршат технички зафати во Бучим и Боров Дол и ќе можат 100-тици семејства од југоистокот на Македонија да ги прехранат своите семејства работејќи и остварувајќи го својот работен ден таму.
Почитувани граѓани на Македонија ви посакувам здравје, среќа и успех вам и на вашите семејства, на православните христијани им го честитам овој голем ден Успение на Пресвета Богородица, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
 

The post Мицкоски: Што поскоро да продолжи нормално да функционира руникот Бучим и Боров Дол appeared first on Република.

]]>
Ристов: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ristov-vladata-da-sprechi-zatvoranje-na-rudnicite-koi-se-vo-teshka-sostojba/ Fri, 26 Aug 2022 14:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=544498

Почитувани сограѓани,

Во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Мајка Богородица би сакал оваа прилика да ја искористам да го честитам празникот на сите христијани кои што го слават, меѓутоа денеска имаме еден посебен повод за кој сакам да се обратам до сите граѓани и до сите вработени во рудниците Бучим и Боров Дол.

Како што знаете овој празник Успение на Пресвета Богородица исто така заштитничка на рударите е празникот кои што рударите секоја година го слават, а тие се дел од нашето општество, тие се дел од нашиот град, и би сакал во оваа прилика да им го честитам празникот надевајќи се дека ќе ги заштити, надевајќи се дека ќе продолжат со својата работа и во годините пред нас.

Би сакал да кажам во оваа прилика дека во овие денови до мене стигаат неофицијални информации околу развој на настаните со рудникот поради енергетската и финансиската криза пред се, дека се случуваат некакви превирања околу рудниците за кои што ние немаме никакви официјални информации.

Би сакал да ја повикам пред се Владата на Република Македонија и менаџментот на рудникот Боров Дол и рудникот Бучим под итно да стапат во меѓусебна комуникација и да пробаат да најдат решение за сите проблеми кои што се ставени на маса. Знам дека ова е многу тежок период за сите компании, знам дека тежок период е за сите влади, меѓутоа Радовиш постоел и ќе постои исклучиво засновано освен на сите други дејности, една од основната дејност е рударството. И Радовиш без рударството и без функција на овие два рудника би се нашол во многу тешка положба.

Затоа апелирам, да се седне под итно да се изнајде решение, дали ќе биде тоа во вид на субвенција на електрична енергија, дали ќе бидат во вид на други поволности кои што владата мора да ги овозможи за да може рудникот да остане да работи, да се направи под итно.

За нас неприфатливо и недозволиво е да се размислува воопшто за други опции, бидејќи Радовиш е основа на традицијата на рударството, поврзана е практично целата индустрија и целиот град и споредни дејности за функционирање на овој гигантски објект кој е и носител на економскиот развој и за нас е неприфатливо да се размислува воопшто за други алтернативи. Затоа уште еднаш би апелирал до менаџментот бидејќи се работи за долгогодишна соработка меѓу општината, тие се сепак странски инвеститори во нашата општина, сериозно да ги разгледаат сите можности и опции, меѓутоа најважната опција да бидат згрижени сите вработени, да не се размислува воопшто за било какви отпуштања во периодот пред нас.

Ние како Општина сме спремни, и јас како градоначалник да се заложам ако можам во моќта на моите ингеренции да помогнам во комуникации и врски со Владата на Република Македонија да се изнајдат соодветни решенија. Засега никој не се обратил, никој не побарал никаква помош. Се надевам дека овие вакви неофицијални информации нема да се случат, затоа што тоа ние нема да го дозволиме. Прашање дали и колку сме моќни локално да не го дозволиме. Меѓутоа апелирам дека има начини, има методи кои што би ги примениле во случај и да треба да се бориме за правата на работниците.

Знам дека се овие тешки времиња, знам дека ова наместо да биде денеска еден среќен ден и да биде ден за честитање на промовирање на успеси, се надевам дека ова ќе биде премостено во периодот кој што е пред нас и се надевам дека до година овој прекрасен празник ќе го славиме сите заедно. Навикнати сме на нови победи на рударите, односно на надминување на своите норми кои што самите ги поставуваат.

Да повторам уште еднаш, се работи за национално богатство, се работи за богатство на општина Радовиш, и треба работата да се сфати максимално сериозно.

Уште еднаш, на сите граѓани и на сите рудари би им го честитал празникот со надеж дека годините пред нас ќе бидат исполнети со радост, со среќа, со здравје. И се надевам дека мајка Богородица ќе ни помогне сите да се искачиме чекор погоре како би можеле да дојдеме до целта, а тоа е убав и здрав живот во општина Радовиш.

Ацо Ристов, градоначалник на општина Радовиш

The post Ристов: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>

Почитувани сограѓани, Во предвечерието на големиот христијански празник Успение на Мајка Богородица би сакал оваа прилика да ја искористам да го честитам празникот на сите христијани кои што го слават, меѓутоа денеска имаме еден посебен повод за кој сакам да се обратам до сите граѓани и до сите вработени во рудниците Бучим и Боров Дол. Како што знаете овој празник Успение на Пресвета Богородица исто така заштитничка на рударите е празникот кои што рударите секоја година го слават, а тие се дел од нашето општество, тие се дел од нашиот град, и би сакал во оваа прилика да им го честитам празникот надевајќи се дека ќе ги заштити, надевајќи се дека ќе продолжат со својата работа и во годините пред нас. Би сакал да кажам во оваа прилика дека во овие денови до мене стигаат неофицијални информации околу развој на настаните со рудникот поради енергетската и финансиската криза пред се, дека се случуваат некакви превирања околу рудниците за кои што ние немаме никакви официјални информации. Би сакал да ја повикам пред се Владата на Република Македонија и менаџментот на рудникот Боров Дол и рудникот Бучим под итно да стапат во меѓусебна комуникација и да пробаат да најдат решение за сите проблеми кои што се ставени на маса. Знам дека ова е многу тежок период за сите компании, знам дека тежок период е за сите влади, меѓутоа Радовиш постоел и ќе постои исклучиво засновано освен на сите други дејности, една од основната дејност е рударството. И Радовиш без рударството и без функција на овие два рудника би се нашол во многу тешка положба. Затоа апелирам, да се седне под итно да се изнајде решение, дали ќе биде тоа во вид на субвенција на електрична енергија, дали ќе бидат во вид на други поволности кои што владата мора да ги овозможи за да може рудникот да остане да работи, да се направи под итно. За нас неприфатливо и недозволиво е да се размислува воопшто за други опции, бидејќи Радовиш е основа на традицијата на рударството, поврзана е практично целата индустрија и целиот град и споредни дејности за функционирање на овој гигантски објект кој е и носител на економскиот развој и за нас е неприфатливо да се размислува воопшто за други алтернативи. Затоа уште еднаш би апелирал до менаџментот бидејќи се работи за долгогодишна соработка меѓу општината, тие се сепак странски инвеститори во нашата општина, сериозно да ги разгледаат сите можности и опции, меѓутоа најважната опција да бидат згрижени сите вработени, да не се размислува воопшто за било какви отпуштања во периодот пред нас. Ние како Општина сме спремни, и јас како градоначалник да се заложам ако можам во моќта на моите ингеренции да помогнам во комуникации и врски со Владата на Република Македонија да се изнајдат соодветни решенија. Засега никој не се обратил, никој не побарал никаква помош. Се надевам дека овие вакви неофицијални информации нема да се случат, затоа што тоа ние нема да го дозволиме. Прашање дали и колку сме моќни локално да не го дозволиме. Меѓутоа апелирам дека има начини, има методи кои што би ги примениле во случај и да треба да се бориме за правата на работниците. Знам дека се овие тешки времиња, знам дека ова наместо да биде денеска еден среќен ден и да биде ден за честитање на промовирање на успеси, се надевам дека ова ќе биде премостено во периодот кој што е пред нас и се надевам дека до година овој прекрасен празник ќе го славиме сите заедно. Навикнати сме на нови победи на рударите, односно на надминување на своите норми кои што самите ги поставуваат. Да повторам уште еднаш, се работи за национално богатство, се работи за богатство на општина Радовиш, и треба работата да се сфати максимално сериозно. Уште еднаш, на сите граѓани и на сите рудари би им го честитал празникот со надеж дека годините пред нас ќе бидат исполнети со радост, со среќа, со здравје. И се надевам дека мајка Богородица ќе ни помогне сите да се искачиме чекор погоре како би можеле да дојдеме до целта, а тоа е убав и здрав живот во општина Радовиш. Ацо Ристов, градоначалник на општина Радовиш

The post Ристов: Владата да спречи затворање на рудниците кои се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>
Повредени двајца рудари во Пробиштип https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povredeni-dvajca-rudari-vo-probishtip/ Mon, 11 Apr 2022 12:55:50 +0000 https://republika.mk/?p=486806

Двајца рудари се повредени додека биле на своите работните места во рудник во Пробиштип.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение информира дека синоќа во 20.10 и во 20.40 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош биле донесени 54 годишниот Б.П. од Пробиштип и 49 годишниот О.В. од село Ратавица, пробиштипско, кои се повредиле за време на работа во рудник во Пробиштип.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА вели дека само еден од рударите е хоспитализиран синоќа во Клиничка болница-Штип, направени се прегледи од страна на ортопед и хирург, по што рударот бил пуштен на домашно лекување.

The post Повредени двајца рудари во Пробиштип appeared first on Република.

]]>

Двајца рудари се повредени додека биле на своите работните места во рудник во Пробиштип. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение информира дека синоќа во 20.10 и во 20.40 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош биле донесени 54 годишниот Б.П. од Пробиштип и 49 годишниот О.В. од село Ратавица, пробиштипско, кои се повредиле за време на работа во рудник во Пробиштип. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА вели дека само еден од рударите е хоспитализиран синоќа во Клиничка болница-Штип, направени се прегледи од страна на ортопед и хирург, по што рударот бил пуштен на домашно лекување.

The post Повредени двајца рудари во Пробиштип appeared first on Република.

]]>