РТС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rts/ За подобро да се разбереме Sun, 01 Sep 2024 20:36:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png РТС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rts/ 32 32 Протест во Белград со барање РТС да известува за протестите против ископувањето литиум во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/protest-vo-belgrad-so-barane-rts-da-izvestuva-za-protestite-protiv-iskopuvaneto-litium-vo-srbija/ Sun, 01 Sep 2024 20:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=812115

Пред зградата на јавниот медиумски сервис во Белград се одржува протест со барање Јавниот сервис Радио-телевизија на Србија (РТС) да ја информира јавноста за еколошките проблеми, јави дописникот на МИА од Белград.

На протестот организиран од движењето Еко стража, беше побарано РТС да им овозможи на претставниците на еколошките организации да и се обратат на јавноста во централната информативна програма - Дневник.

- РТС има седум дена да го исполни барањето. Ако не го стори тоа, ќе ги искористиме сите правни средства против одговорните лица, најави Еко стража пред протестот во неделата. Протестот се одржува под слоган „Безбедноста е во бројки“, како што најави Еко стража, како знак на поддршка за граѓанските активисти кои полицијата еден месец претходно ги приведе на протестите против ископувањето литиум во Србија.

Таа организација наведе дека се приведени пет нејзини активисти, дека полицијата им ги пребарала становите и им ги одземала мобилните телефони и компјутерите.

-Бараме да се спроведе дисциплинска постапка против обвинителите кои ги прекршиле човековите права на активистите, како и веднаш да им се вратат одземените лични помагала на приведените, истакнаа од Еко стража.

The post Протест во Белград со барање РТС да известува за протестите против ископувањето литиум во Србија appeared first on Република.

]]>

Пред зградата на јавниот медиумски сервис во Белград се одржува протест со барање Јавниот сервис Радио-телевизија на Србија (РТС) да ја информира јавноста за еколошките проблеми, јави дописникот на МИА од Белград. На протестот организиран од движењето Еко стража, беше побарано РТС да им овозможи на претставниците на еколошките организации да и се обратат на јавноста во централната информативна програма - Дневник.
- РТС има седум дена да го исполни барањето. Ако не го стори тоа, ќе ги искористиме сите правни средства против одговорните лица, најави Еко стража пред протестот во неделата. Протестот се одржува под слоган „Безбедноста е во бројки“, како што најави Еко стража, како знак на поддршка за граѓанските активисти кои полицијата еден месец претходно ги приведе на протестите против ископувањето литиум во Србија.
Таа организација наведе дека се приведени пет нејзини активисти, дека полицијата им ги пребарала становите и им ги одземала мобилните телефони и компјутерите.
-Бараме да се спроведе дисциплинска постапка против обвинителите кои ги прекршиле човековите права на активистите, како и веднаш да им се вратат одземените лични помагала на приведените, истакнаа од Еко стража.

The post Протест во Белград со барање РТС да известува за протестите против ископувањето литиум во Србија appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби во РТС и РТВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojavi-za-bombi-vo-rts-i-rtv/ Fri, 24 Nov 2023 13:05:50 +0000 https://republika.mk/?p=715940

Радио телевизија на Србија (РТС) добила дојава за поставена бомба во објектите на Кошутњак во Белград, (МВП), а дојави за бомби пристигнаа и на адресата на Радио-телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во тек е работата на специјализирани, контрадиверзантски екипи на полицијата.

Двете згради на РТВ утрово повторно се евакуирани поради закана за бомба. Како што е објавено на сајтот на јавниот сервис на Војводина, вработените во РТВ повторно добиле заканувачка порака за наводно поставена бомба во зградата.

Известени се и припадниците на полицијата, а во моментов се врши антидиверзантски увид на објектот.

Ова е втор пат оваа недела РТВ да добива заканувачки мејл за поставување експлозивна направа.

Претходно, тоа беше во вторник, на 21 ноември, во исто време кога и РТС во Белград доби дојава за бомбата.

Во средата централниот ТВ Дневник на Радио телевизија на Србија (РСС) кој започнува во 19 часот и 30 минути доцнел неколку минути бидејќи системот бил нападнат од хакери, соопшти водителката.

-Веќе втор ден нашата куќа се соочува со технички проблеми по вчерашната дојава за бомба, кажа водителката на дневникот РТС, додавајќи дека „не сме во можност да емитуваме некои програми по планираниот редослед, а некои можеби нема да можеме да ги прикажеме“.

 

The post Дојави за бомби во РТС и РТВ appeared first on Република.

]]>

Радио телевизија на Србија (РТС) добила дојава за поставена бомба во објектите на Кошутњак во Белград, (МВП), а дојави за бомби пристигнаа и на адресата на Радио-телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во тек е работата на специјализирани, контрадиверзантски екипи на полицијата. Двете згради на РТВ утрово повторно се евакуирани поради закана за бомба. Како што е објавено на сајтот на јавниот сервис на Војводина, вработените во РТВ повторно добиле заканувачка порака за наводно поставена бомба во зградата. Известени се и припадниците на полицијата, а во моментов се врши антидиверзантски увид на објектот. Ова е втор пат оваа недела РТВ да добива заканувачки мејл за поставување експлозивна направа. Претходно, тоа беше во вторник, на 21 ноември, во исто време кога и РТС во Белград доби дојава за бомбата. Во средата централниот ТВ Дневник на Радио телевизија на Србија (РСС) кој започнува во 19 часот и 30 минути доцнел неколку минути бидејќи системот бил нападнат од хакери, соопшти водителката. -Веќе втор ден нашата куќа се соочува со технички проблеми по вчерашната дојава за бомба, кажа водителката на дневникот РТС, додавајќи дека „не сме во можност да емитуваме некои програми по планираниот редослед, а некои можеби нема да можеме да ги прикажеме“.  

The post Дојави за бомби во РТС и РТВ appeared first on Република.

]]>
Вработените во РТС стапија во штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vrabotenite-vo-rts-stapija-vo-shtrajk/ Thu, 01 Jun 2023 14:30:08 +0000 https://republika.mk/?p=646903

Вработените во Радио-Телевизија Србија (РТС) денеска стапија во штрајк, организиран од Синдикатот на РТС „Независност“ и Гранскиот синдикат на вработените во РТС.

Штрајкот почна бидејќи раководството на РТС не одговори во дадениот рок на барањата за подобрување на материјалната и социјалната положба на вработените.

Вработените бараат зголемување на платите, зголемување на сумата за топол оброк и регрес за годишен одмор, потоа „право на достоинствена и безбедна работа во јавниот сервис“, почитување на Колективниот договор и правична и реална систематизација на работни места.

Меѓу барањата се и прием на хонорарни соработници на неопределено време и функционирање на РТС согласно Законот за јавни медиумски услуги.

The post Вработените во РТС стапија во штрајк appeared first on Република.

]]>

Вработените во Радио-Телевизија Србија (РТС) денеска стапија во штрајк, организиран од Синдикатот на РТС „Независност“ и Гранскиот синдикат на вработените во РТС. Штрајкот почна бидејќи раководството на РТС не одговори во дадениот рок на барањата за подобрување на материјалната и социјалната положба на вработените. Вработените бараат зголемување на платите, зголемување на сумата за топол оброк и регрес за годишен одмор, потоа „право на достоинствена и безбедна работа во јавниот сервис“, почитување на Колективниот договор и правична и реална систематизација на работни места. Меѓу барањата се и прием на хонорарни соработници на неопределено време и функционирање на РТС согласно Законот за јавни медиумски услуги.

The post Вработените во РТС стапија во штрајк appeared first on Република.

]]>
Демонстранти упаднале во зградата на РТС, полицијата интервенирала и на раце ги изнела https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/demonstranti-upadnale-vo-zgradata-na-rts-policijata-intervenirala-i-na-race-gi-iznela/ Fri, 25 Mar 2022 22:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=478708

Членови на организацијата „Достојни за Србија“ влегле во зградата на Радио телевизија на Србија, што реагирала полицијата и ги уапсила.

Според извори на „ФоНет“ во РТС, причина за упадот била незадоволството од работата и известувањето на јавниот сервис.

Според неофицијални информации, во зградата на РТС влегле четириесетина лица, а интервенирале неколку десетици припадници на Полициската бригада.

На терен имало најмалку пет патролни возила и седум „автомобили“, а полицијата при апсењето на сила извадила некои членови на организацијата од зградата.

Полицијата се уште нема објавено соопштение за инцидентот и приведувањето, а за настанот е известено и надлежното обвинителство.

https://twitter.com/malasirena111/status/1507431581027340299?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507431581027340299%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftelma.com.mk%2F2022%2F03%2F25%2FD183D0BFD0B0D0B4-D0B8-D0BFD0B0D181D0B5D19AD0B0-D0B2D0BE-D0B7D0B3D180D0B0D0B4D0B0D182D0B0-D0BDD0B0-D180D182D181-D187D0BBD0B5D0BDD0BE%2F

The post Демонстранти упаднале во зградата на РТС, полицијата интервенирала и на раце ги изнела appeared first on Република.

]]>

Членови на организацијата „Достојни за Србија“ влегле во зградата на Радио телевизија на Србија, што реагирала полицијата и ги уапсила. Според извори на „ФоНет“ во РТС, причина за упадот била незадоволството од работата и известувањето на јавниот сервис. Според неофицијални информации, во зградата на РТС влегле четириесетина лица, а интервенирале неколку десетици припадници на Полициската бригада. На терен имало најмалку пет патролни возила и седум „автомобили“, а полицијата при апсењето на сила извадила некои членови на организацијата од зградата. Полицијата се уште нема објавено соопштение за инцидентот и приведувањето, а за настанот е известено и надлежното обвинителство. https://twitter.com/malasirena111/status/1507431581027340299?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507431581027340299%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftelma.com.mk%2F2022%2F03%2F25%2FD183D0BFD0B0D0B4-D0B8-D0BFD0B0D181D0B5D19AD0B0-D0B2D0BE-D0B7D0B3D180D0B0D0B4D0B0D182D0B0-D0BDD0B0-D180D182D181-D187D0BBD0B5D0BDD0BE%2F

The post Демонстранти упаднале во зградата на РТС, полицијата интервенирала и на раце ги изнела appeared first on Република.

]]>
РТС ќе го тужи Аца Лукас https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rts-kje-go-tuzi-aca-lukas/ Wed, 09 Mar 2022 08:06:06 +0000 https://republika.mk/?p=469888

По обвинувањата на Александар Вуксановиќ - Аца Лукас дека на фестивалот „Беовизија“, на кој се избираше претставник за „Евровизија“ на Србија му биле украдени гласови од телевоутингот, организаторите Радио телевизија на Србија реагираат дека софтверот автоматски ги собирал гласовите, без можност човечки фактори да влијаат врз статистиката на испратените СМС пораки и конечниот збир на гласови.

Гласањето беше регуларно и транспарентно, велат од компанијата „Комтрејд систем интегрејшн“, задолжени за обработка на гласовите од СМС пораките.

Компанијата истакна дека е подготвена да ги достави резултатите од гласањето на проверка по барање на надлежните органи, а овие податоци може да се најдат и кај мобилните оператори преку кои гласале гледачите.

Споделувајќи го ова соопштение, од РТС најавија дека поради споменатите обвинувања ќе поднесат тужба против српскиот пејач.

The post РТС ќе го тужи Аца Лукас appeared first on Република.

]]>

По обвинувањата на Александар Вуксановиќ - Аца Лукас дека на фестивалот „Беовизија“, на кој се избираше претставник за „Евровизија“ на Србија му биле украдени гласови од телевоутингот, организаторите Радио телевизија на Србија реагираат дека софтверот автоматски ги собирал гласовите, без можност човечки фактори да влијаат врз статистиката на испратените СМС пораки и конечниот збир на гласови.
Гласањето беше регуларно и транспарентно, велат од компанијата „Комтрејд систем интегрејшн“, задолжени за обработка на гласовите од СМС пораките.
Компанијата истакна дека е подготвена да ги достави резултатите од гласањето на проверка по барање на надлежните органи, а овие податоци може да се најдат и кај мобилните оператори преку кои гласале гледачите. Споделувајќи го ова соопштение, од РТС најавија дека поради споменатите обвинувања ќе поднесат тужба против српскиот пејач.

The post РТС ќе го тужи Аца Лукас appeared first on Република.

]]>