рт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rt/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Feb 2022 10:14:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rt/ 32 32 Европската федерација на новинари: Затворањето на РТ и Спутник во ЕУ не е најдобар начин за борба против дезинформации и пропаганда https://arhiva3.republika.mk/vesti/evropskata-federacija-na-novinari-zatvoranjeto-na-rt-i-sputnik-vo-eu-ne-e-najdobar-nachin-za-borba-protiv-dezinformacii-i-propaganda/ Mon, 28 Feb 2022 10:13:31 +0000 https://republika.mk/?p=465112

Откако Европската Унија најави дека на руските медиуми поддржани од власта ќе им биде забрането да емитуваат на европско тло, Европската федерација на новинари (ЕФН) предупредува дека ова може да биде контрапродуктивно.

Војната во Украина е и информациска војна. За Европската Унија е неприфатливо да се шири пропагандата на рускиот претседател на нејзината територија и ЕУ работи на техничките детали да им се забрани емитување во Европа на РТ и Спутник - изјави шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел.

Ваква мерка веќе беше преземена во Германија пред неколку недели, по што Русија одговори со забрана за Дојче Веле.

Ризикот од политиката на цензура се исто така последиците што може да се очекуваат во Русија, како што видовме со затворањето на Дојче Веле како одговор на затворањето на РТ во Германија. Резултатот на овој чин беше осиромашување на медиумскиот плурализам во Русија. Руските граѓани таму го изгубија правото на пристап до информации емитувани од Дојче Веле. Тоа е жално - вели за МИА генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез.

Федерацијата вели дека е свесна оти информациите кои произлегуваат од медиуми финансирани од Кремљ се во служба на таа власт, но за бранителите на слободата на говор во Европа, затворања и забрани не се соодветен одговор за борба против дезинформации и пропаганда.

Затворањето на еден медиум не ни се чини како најдобар начин за борба против дезинформации и пропаганда. Овој чин на цензура може да има целосно контрапродуктивен ефект кај оние кои ги следат овие медиуми. Подобро е според нас да се спречи дезинформацијата на пропагандистичките медиуми преку изложување на нивните погрешни факти или лошиот квалитет на нивното новинарство, преку докажување на отсуството на нивната финансиска и оперативна независност, преку укажување дека се во служба на владините интереси и дека го презираат јавниот интерес - додаваат од Европската федерација на новинари.

Оттаму додаваат дека самиот чин на затворање на медиуми е „сериозен“.

Да се затвори медиум е сериозен чин, кој мора да се темели на солидна законска база, избегнувајќи секаква арбитрарност. Предизвикот на демократиите е борбата против дезинформациите истовремено зачувувајќи ја слободата на изразување. За ЕФН, треба да се поддржат други стратегии: зголемена поддршка за независното новинарство, промоција на медиумскиот плурализам, промоција на медиумското образование за сите, зголемена транспарентност на оние кои ја имаат моќта - додава генералниот секретар на организацијата за МИА.

Во текот на денот се очекуваат детали за оваа одлука на Европската Унија, но и можен одговор од Русија наскоро.

The post Европската федерација на новинари: Затворањето на РТ и Спутник во ЕУ не е најдобар начин за борба против дезинформации и пропаганда appeared first on Република.

]]>

Германија го забрани емитувањето на германската верзија на рускиот канал „РТ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-go-zabrani-emituvanjeto-na-germanskata-verzija-na-ruskiot-kanal-rt/ Wed, 02 Feb 2022 14:37:18 +0000 https://republika.mk/?p=453087

Германија го забрани емитување на германската верзија од рускиот канал „РТ“ (поранешна „Раша Тудеј“) во земјата, соопштија од германскиот медиумски регулатор.

Забрането е емитување на телевизиската програма „РТ ДЕ“, која сè уште може да се гледа на веб страницата и мобилната апликација. Причината е тоа што неопходното овластување, согласно законот за медиуми, не е ниту побарано, ниту доделено - наведуваат од федералната агенција ЗАК.

На 17 декември, германскиот медиумски регулатор МАББ почна истрага против „RT DE Productions GmbH“, откако РТ го објави лансирањето на новинскиот канал на германски јазик РТ ДЕ.

The post Германија го забрани емитувањето на германската верзија на рускиот канал „РТ“ appeared first on Република.