РСБСП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rsbsp/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 11:09:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png РСБСП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rsbsp/ 32 32 РСБСП: Подгответе се за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/rsbsp-podgotvete-se-za-bezbedno-uchestvo-vo-soobrakajot-vo-zimski-uslovi/ Fri, 08 Nov 2024 11:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=835502

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) секоја година реализира кампања „Користи зимска опрема“. Кампањата започнува на 15 ноември и трае до 15 март следната година, а се реализира со цел потсетување на возачите на законската обврска за задолжително носење и користење на зимска опрема за возилата во овој временски период, и нивно советување за подготовка на возилата за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови.

-Зимската опрема за возилата подразбира:

• за лесни моторни возила:
– зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm (6 mm за возила со погон на сите четири тркала) или
– летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm (6 mm за возила со погон на сите четири тркала) и носење на синџири за снег во возилото.

• за тешки моторни возила:
– зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат (лопата).

Зимските пневматици имаат подлабока шара која овозможува лесно истиснување на водата и снегот и се изготвени од материјал кој е флексибилен и во услови на ниски температури. Обезбедуваат стабилен контакт со подлогата и стабилно управување и запирање на возилото при зимски услови на патот. Зимските пневматици странично имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Комбинацијата, односно истовремената употреба на зимски и летни пневматици е исклучително опасна бидејќи го нарушува управувањето со возилото, особено траекторијата на движење и запирање на возилото.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира да користете зимска опрема и бидете внимателни и одговорни учесници во сообраќајот.

The post РСБСП: Подгответе се за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови appeared first on Република.

]]>

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) секоја година реализира кампања „Користи зимска опрема“. Кампањата започнува на 15 ноември и трае до 15 март следната година, а се реализира со цел потсетување на возачите на законската обврска за задолжително носење и користење на зимска опрема за возилата во овој временски период, и нивно советување за подготовка на возилата за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови. -Зимската опрема за возилата подразбира: • за лесни моторни возила: – зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm (6 mm за возила со погон на сите четири тркала) или – летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm (6 mm за возила со погон на сите четири тркала) и носење на синџири за снег во возилото. • за тешки моторни возила: – зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат (лопата). Зимските пневматици имаат подлабока шара која овозможува лесно истиснување на водата и снегот и се изготвени од материјал кој е флексибилен и во услови на ниски температури. Обезбедуваат стабилен контакт со подлогата и стабилно управување и запирање на возилото при зимски услови на патот. Зимските пневматици странично имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Комбинацијата, односно истовремената употреба на зимски и летни пневматици е исклучително опасна бидејќи го нарушува управувањето со возилото, особено траекторијата на движење и запирање на возилото. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира да користете зимска опрема и бидете внимателни и одговорни учесници во сообраќајот.

The post РСБСП: Подгответе се за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови appeared first on Република.

]]>
Одбележување на Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odbelezhuvane-na-denot-na-kulturata-vo-soobrakajot-11-maj/ Sat, 11 May 2024 06:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=776956

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска ќе го одбележи 11 Мај – Денот на културата во сообраќајот со цел подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот за законско, етичко и толерантно однесување со што, како што наведуваат, ќе се постигне и поголема безбедност на сообраќајот на патиштата.

Денот на културата во сообраќајот се одбележува ширум светот од 11 мај 2015 година кога во Унгарија, со поддршка на Светската здравствена организација, првпат се организираше настан во чест на подигнувањето на свесноста за значењето и влијанието на сообраќајната култура врз безбедноста во сообраќајот.

РСБСП посочува дека секоја година реализира превентивно-едукативни активности за сите категории учесници во сообраќајот затоа што, како што наведуваат, секој од нив директно влијае врз одвивањето и безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Сообраќајната култура претставува начин на однесување на секој учесник во сообраќајот, како и сфаќање на однесувањето на другите учесници во насока на побезбедно одвивање на сообраќајот, односно намалување на непријатните ситуации и минимизирање на сообраќајните незгоди и повредите. Таа се стекнува уште од најмала возраст, а во нејзиното инкорпорирање значајна улога играат семејството и воспитно-образовните институции. Затоа РСБСП особено внимание посветува на спроведувањето на превентивно-едукативни активности за најмладите преку спроведување на кампањи за поголема безбедност, како и за едукација во врска со сообраќајните правила и прописи и одговорното однесување во сообраќајот. Кампањи и активности се реализираат за сите категории учесници во сообраќајот, а се подготвува и разновиден превентивно-едукативен материјал, се вели во соопштението.

РСБСП апелира: „Бидете внимателни и одговорни учесници во сообраќајот. Сообраќајната култура е основен предуслов за намалување на сообраќајниот метеж, намалување на бројот на сообраќајни незгоди и настраданите лица во нив. Заеднички да придонесеме за подигнување на сообраќајната култура и за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата“.

The post Одбележување на Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај appeared first on Република.

]]>

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска ќе го одбележи 11 Мај – Денот на културата во сообраќајот со цел подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот за законско, етичко и толерантно однесување со што, како што наведуваат, ќе се постигне и поголема безбедност на сообраќајот на патиштата. Денот на културата во сообраќајот се одбележува ширум светот од 11 мај 2015 година кога во Унгарија, со поддршка на Светската здравствена организација, првпат се организираше настан во чест на подигнувањето на свесноста за значењето и влијанието на сообраќајната култура врз безбедноста во сообраќајот. РСБСП посочува дека секоја година реализира превентивно-едукативни активности за сите категории учесници во сообраќајот затоа што, како што наведуваат, секој од нив директно влијае врз одвивањето и безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Сообраќајната култура претставува начин на однесување на секој учесник во сообраќајот, како и сфаќање на однесувањето на другите учесници во насока на побезбедно одвивање на сообраќајот, односно намалување на непријатните ситуации и минимизирање на сообраќајните незгоди и повредите. Таа се стекнува уште од најмала возраст, а во нејзиното инкорпорирање значајна улога играат семејството и воспитно-образовните институции. Затоа РСБСП особено внимание посветува на спроведувањето на превентивно-едукативни активности за најмладите преку спроведување на кампањи за поголема безбедност, како и за едукација во врска со сообраќајните правила и прописи и одговорното однесување во сообраќајот. Кампањи и активности се реализираат за сите категории учесници во сообраќајот, а се подготвува и разновиден превентивно-едукативен материјал, се вели во соопштението.
РСБСП апелира: „Бидете внимателни и одговорни учесници во сообраќајот. Сообраќајната култура е основен предуслов за намалување на сообраќајниот метеж, намалување на бројот на сообраќајни незгоди и настраданите лица во нив. Заеднички да придонесеме за подигнување на сообраќајната култура и за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата“.

The post Одбележување на Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај appeared first on Република.

]]>
Годинава 114 лица загинаа во 106 тешки сообраќајки низ Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/godinava-114-litsa-zaginaa-vo-106-teshki-soobrakajki-niz-makedonija/ Wed, 27 Dec 2023 09:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=727024

Во текот на годинава заклучно ноември, на македонските патишта се случиле вкупно 106 сообраќајни незгоди со смртни последици, во кои животот го загубиле 114 лица, информираше претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Гордана Кожуваровска, на брифинг со медиумите.

Посочи дека се бележи намалување на бројот на сообраќајни незгоди со загинати лица во однос на претходната 2022 година во која се случиле вкупно 109 сообраќајни незгоди со 116 загинати лица.

Безбедноста во сообраќајот е императив на сите субјекти од областа на сообраќајот, но е значајна и за секој човек бидејќи секој на свој начин е учесник во сообраќајот. Секојдневно сме сведоци на голем број сообраќајни незгоди кои често имаат и несакани последици. За жал сѐ уште не можеме да речеме дека сообраќајната култура и етиката во сообраќајот се на задоволително ниво, порача Кожуваровска.

Во делот на превенција, Кожуваровска вели клучно е да се работи на подигање на свеста на сите учесници во сообраќајот, како и на изградување на систем на општествени вредности во кој безбедноста и етиката во сообраќајот ќе заземат соодветно место.

Во 2023 година РСБСП реализираше голем број на превентивни и едукативни кампањи од кои како позначајни се издвојуваат „Зимска и новогодишна кампања“, кампањата „Возете внимателно за празникот на љубовта и виното“, кампањата за 8 март „Биди горда што возиш безбедно“, потоа кампањите „Стави појас“, „И јас и ти сите сме пешаци“, „Јас внимавам и безбедно возам“, кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот, кампања за матуранти „На матурска вечер без автомобил“, како и кампања „Да ја победиме сообраќајната некултура, изјави Кожуваровска.

Кампањите биле поддржани и реализирани во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност Скопје, како и со општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата.

The post Годинава 114 лица загинаа во 106 тешки сообраќајки низ Македонија appeared first on Република.

]]>

Во текот на годинава заклучно ноември, на македонските патишта се случиле вкупно 106 сообраќајни незгоди со смртни последици, во кои животот го загубиле 114 лица, информираше претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Гордана Кожуваровска, на брифинг со медиумите. Посочи дека се бележи намалување на бројот на сообраќајни незгоди со загинати лица во однос на претходната 2022 година во која се случиле вкупно 109 сообраќајни незгоди со 116 загинати лица.
Безбедноста во сообраќајот е императив на сите субјекти од областа на сообраќајот, но е значајна и за секој човек бидејќи секој на свој начин е учесник во сообраќајот. Секојдневно сме сведоци на голем број сообраќајни незгоди кои често имаат и несакани последици. За жал сѐ уште не можеме да речеме дека сообраќајната култура и етиката во сообраќајот се на задоволително ниво, порача Кожуваровска.
Во делот на превенција, Кожуваровска вели клучно е да се работи на подигање на свеста на сите учесници во сообраќајот, како и на изградување на систем на општествени вредности во кој безбедноста и етиката во сообраќајот ќе заземат соодветно место.
Во 2023 година РСБСП реализираше голем број на превентивни и едукативни кампањи од кои како позначајни се издвојуваат „Зимска и новогодишна кампања“, кампањата „Возете внимателно за празникот на љубовта и виното“, кампањата за 8 март „Биди горда што возиш безбедно“, потоа кампањите „Стави појас“, „И јас и ти сите сме пешаци“, „Јас внимавам и безбедно возам“, кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот, кампања за матуранти „На матурска вечер без автомобил“, како и кампања „Да ја победиме сообраќајната некултура, изјави Кожуваровска.
Кампањите биле поддржани и реализирани во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност Скопје, како и со општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата.

The post Годинава 114 лица загинаа во 106 тешки сообраќајки низ Македонија appeared first on Република.

]]>
РСБСП: Од загинатите во сообраќајки од 25 до 30 отсто се пешаци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rsbsp-od-zaginatite-vo-soobrakjajki-od-25-do-30-otsto-se-peshaci/ Mon, 21 Mar 2022 11:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=476046

За безбедно преминување на улицата потребно е максимално и целосно почитување на сообраќајните правила и прописи и од страна на пешаците и од страна на возачите. Најважно е да се знае дека во сообраќајот не постои апсолутно право на првенство на минување. Тоа значи дека возилата се должни да ги пропуштат пешаците на пешачки премин, но истовремено секој пешак треба да ја преминува улицата на пешачки премин откако претходно ќе биде сигурен дека возилата кои се движат по улицата се во можност безбедно да застанат, соопшти Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Секој човек е пешак, а потоа возач на моторно возило, велосипедист итн. Од 25 отсто до 30 отсто од вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди се пешаци. Изминатите години бројката на загинати пешаци на ниво на Република Македонија се движи околу 30 загинати и околу 750 повредени пешаци во сообраќајни незгоди.

Според статистиката на СЗО, посочуваат од РСБСП, годишно на светско ниво околу 1,3 милиони лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони се повредени во сообраќајни незгоди.

Постои стереотип дека пешаците спаѓаат во најнедисциплинираните учесници во сообраќајот, како и дека за нивното учество во сообраќајот не постојат правила и прописи. Ваквото однесување на голем дел од пешаците, преку личен пример се пренесува и кај децата, па многу често децата – пешаци страдаат во сообраќајни незгоди. Дополнителна опасност за безбедноста на пешаците претставува и однесувањето на возачите, од кои поголемиот дел не ги почитуваат пешаците како рамноправни учесници во сообраќајот. Последицата од таквиот пристап е високата бројка на загинати пешаци во сообраќајни незгоди на годишно ниво, информираат од РСБСП.

The post РСБСП: Од загинатите во сообраќајки од 25 до 30 отсто се пешаци appeared first on Република.

]]>

За безбедно преминување на улицата потребно е максимално и целосно почитување на сообраќајните правила и прописи и од страна на пешаците и од страна на возачите. Најважно е да се знае дека во сообраќајот не постои апсолутно право на првенство на минување. Тоа значи дека возилата се должни да ги пропуштат пешаците на пешачки премин, но истовремено секој пешак треба да ја преминува улицата на пешачки премин откако претходно ќе биде сигурен дека возилата кои се движат по улицата се во можност безбедно да застанат, соопшти Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Секој човек е пешак, а потоа возач на моторно возило, велосипедист итн. Од 25 отсто до 30 отсто од вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди се пешаци. Изминатите години бројката на загинати пешаци на ниво на Република Македонија се движи околу 30 загинати и околу 750 повредени пешаци во сообраќајни незгоди. Според статистиката на СЗО, посочуваат од РСБСП, годишно на светско ниво околу 1,3 милиони лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони се повредени во сообраќајни незгоди. Постои стереотип дека пешаците спаѓаат во најнедисциплинираните учесници во сообраќајот, како и дека за нивното учество во сообраќајот не постојат правила и прописи. Ваквото однесување на голем дел од пешаците, преку личен пример се пренесува и кај децата, па многу често децата – пешаци страдаат во сообраќајни незгоди. Дополнителна опасност за безбедноста на пешаците претставува и однесувањето на возачите, од кои поголемиот дел не ги почитуваат пешаците како рамноправни учесници во сообраќајот. Последицата од таквиот пристап е високата бројка на загинати пешаци во сообраќајни незгоди на годишно ниво, информираат од РСБСП.

The post РСБСП: Од загинатите во сообраќајки од 25 до 30 отсто се пешаци appeared first on Република.

]]>