Розе кадилак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/roze-kadilak/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Apr 2022 14:22:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Розе кадилак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/roze-kadilak/ 32 32 Целодневен настан во МКЦ по повод 1000 изданија на култното радио-шоу „Розе Кадилак“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/celodneven-nastan-vo-mkc-po-povod-1000-izdanija-na-kultnoto-radio-shou-roze-kadilak/ Sat, 02 Apr 2022 14:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=482360

Целодневен настан во МКЦ по повод 1000 изданија на култното радио-шоу „Розе Кадилак“, што веќе 25 години се емитува на Музичкото радио - Канал 103.

Сабота, 2 април, МКЦ. Почеток: 17 часот

17:00 @ плато МКЦ
Дружба со основачите, водителите, соработниците и пријателите на „Розе Кадилак“ + преслушување на најголемите хитови емитувани во нејзината 25-годишна историја.

21:00 @ сала Фросина

VOLTAIRE MANI AL HAKIM
Најдобро чуваната тајна на домашната музика Voltaire Mani Al Hakim е проект на најозлогласениот скопски акустичен арт-терорист Владо Манчевски. Овој апокалиптичен експериментатор, познат по својата хипнотичка избувливост и страст, овојпат во придружба на неговиот соработник Hermano Fritz, ќе се претстави со композиции што изобилуваат со меланхолична апокрифна дистанца, варирајќи од инди-рок па сè до некаков етерично ангажиран глобален звучен коктел. Го нарекуваат кантавтор на буката и теророт, човек што ниту сонува ниту е буден, уметник што умее на неодоливо едноставен и едноставно неодолив начин да го отслика современото секојдневие.

EVA BRAUN
Суптилната мелодична музика и поетските текстови на бендот Eva Braun станаа стандард во овој жанр на просторите на некогашна Југославија. Четворицата пријатели: Милан Главашки (гитара, вокал), Петар Долинка (гитара, вокал), Горан Васовиќ (бас, вокал) и Љуба Рајиќ (тапани) ги направија своите први демо снимки во 1985 година, а неколку години подоцна, во 1991, и официјално го формираа бендот, поставувајќи го градот Бечеј на регионалната рок мапа. Името на бендот е идеја на фронтменот Горан Васовиќ, а останатите членови едногласно ја прифатиле, и покрај неговата необичност и провокативност. Првиот концерт го одржаа кон крајот на 1991 година во „ДБ Клуб“ во родниот Бечеј. Во текот на нивната долга кариера, тие создадоа исклучително возбудлив, софистициран и високостилизиран опус грижливо распореден на албумите: Prisluškivanja (1992), Pop Music (1995), Heart Core (1998), Everest (2001) и Playback (2011). Во моментов се актуелни со одличниот нов сингл „Ti si sve“ и редовните концерти во регионот. Денешниот состав на бендот е: Горан Васовиќ, Горан Обрадовиќ, Љубомир Рајиќ, Звонко Стојков и Алберт Шерегељ.

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk

The post Целодневен настан во МКЦ по повод 1000 изданија на култното радио-шоу „Розе Кадилак“ appeared first on Република.

]]>

Целодневен настан во МКЦ по повод 1000 изданија на култното радио-шоу „Розе Кадилак“, што веќе 25 години се емитува на Музичкото радио - Канал 103. Сабота, 2 април, МКЦ. Почеток: 17 часот 17:00 @ плато МКЦ Дружба со основачите, водителите, соработниците и пријателите на „Розе Кадилак“ + преслушување на најголемите хитови емитувани во нејзината 25-годишна историја. 21:00 @ сала Фросина VOLTAIRE MANI AL HAKIM Најдобро чуваната тајна на домашната музика Voltaire Mani Al Hakim е проект на најозлогласениот скопски акустичен арт-терорист Владо Манчевски. Овој апокалиптичен експериментатор, познат по својата хипнотичка избувливост и страст, овојпат во придружба на неговиот соработник Hermano Fritz, ќе се претстави со композиции што изобилуваат со меланхолична апокрифна дистанца, варирајќи од инди-рок па сè до некаков етерично ангажиран глобален звучен коктел. Го нарекуваат кантавтор на буката и теророт, човек што ниту сонува ниту е буден, уметник што умее на неодоливо едноставен и едноставно неодолив начин да го отслика современото секојдневие. EVA BRAUN Суптилната мелодична музика и поетските текстови на бендот Eva Braun станаа стандард во овој жанр на просторите на некогашна Југославија. Четворицата пријатели: Милан Главашки (гитара, вокал), Петар Долинка (гитара, вокал), Горан Васовиќ (бас, вокал) и Љуба Рајиќ (тапани) ги направија своите први демо снимки во 1985 година, а неколку години подоцна, во 1991, и официјално го формираа бендот, поставувајќи го градот Бечеј на регионалната рок мапа. Името на бендот е идеја на фронтменот Горан Васовиќ, а останатите членови едногласно ја прифатиле, и покрај неговата необичност и провокативност. Првиот концерт го одржаа кон крајот на 1991 година во „ДБ Клуб“ во родниот Бечеј. Во текот на нивната долга кариера, тие создадоа исклучително возбудлив, софистициран и високостилизиран опус грижливо распореден на албумите: Prisluškivanja (1992), Pop Music (1995), Heart Core (1998), Everest (2001) и Playback (2011). Во моментов се актуелни со одличниот нов сингл „Ti si sve“ и редовните концерти во регионот. Денешниот состав на бендот е: Горан Васовиќ, Горан Обрадовиќ, Љубомир Рајиќ, Звонко Стојков и Алберт Шерегељ. Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk

The post Целодневен настан во МКЦ по повод 1000 изданија на култното радио-шоу „Розе Кадилак“ appeared first on Република.

]]>