роцесот за соработка во Југоисточна Европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rotsesot-za-sorabotka-vo-jugoistochna-evropa/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Jun 2023 12:13:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png роцесот за соработка во Југоисточна Европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rotsesot-za-sorabotka-vo-jugoistochna-evropa/ 32 32 Од 1 јули Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-1-juli-makedonija-go-prezema-pretsedavaneto-so-protsesot-za-sorabotka-vo-jugoistochna-evropa/ Sun, 04 Jun 2023 12:32:20 +0000 https://republika.mk/?p=647648

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Будва. Состанокот се случува на неполн месец пред формалното преземање на претседавањето од страна на Република Македонија, на 1 јули.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, по пленарната сесија, заедно со претставниците на Тројката претседавачи – Грција, Црна Гора и Македонија - Османи ќе одржи конференција за медиумите, додека на маргините на министерскиот состанок, ќе оствари и билатерални средби со свои хомолози, земји-членки на иницијативата.

Процесот за соработка во Југоисточна Европа е формиран во јуни 1996, со цел продлабочување на односите и соработката меѓу земјите од регионот. Иницијативата стреми кон создавање на регион темелен на демократија и економски просперитет и целосна интеграција на овој дел од континентот во европските и евро-атлантските структури.

Македонија е вклучена во иницијативата од самиот почеток, а претседаваше со неа во два наврати, 2000-2001 и 2012-2013 година. Покрај Македонија, членки се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Молдова, Романија, Србија, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора.

The post Од 1 јули Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Будва. Состанокот се случува на неполн месец пред формалното преземање на претседавањето од страна на Република Македонија, на 1 јули. Како што соопшти Министерството за надворешни работи, по пленарната сесија, заедно со претставниците на Тројката претседавачи – Грција, Црна Гора и Македонија - Османи ќе одржи конференција за медиумите, додека на маргините на министерскиот состанок, ќе оствари и билатерални средби со свои хомолози, земји-членки на иницијативата. Процесот за соработка во Југоисточна Европа е формиран во јуни 1996, со цел продлабочување на односите и соработката меѓу земјите од регионот. Иницијативата стреми кон создавање на регион темелен на демократија и економски просперитет и целосна интеграција на овој дел од континентот во европските и евро-атлантските структури. Македонија е вклучена во иницијативата од самиот почеток, а претседаваше со неа во два наврати, 2000-2001 и 2012-2013 година. Покрај Македонија, членки се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Молдова, Романија, Србија, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора.

The post Од 1 јули Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>