росоман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rosoman/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 08:06:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png росоман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rosoman/ 32 32 Утрово судир кај Росоман https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/utrovo-sudir-kaj-rosoman/ Tue, 21 May 2024 08:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=780337

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај Росоман, помеѓу патничко и товарно моторно возило, информираа од СВР Велес.

Во 07.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп. Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, појаснија од СВР Велес.

Оттаму рекоа дека увидот е во тек, а сообраќајот се одвива нормално и без застој.

The post Утрово судир кај Росоман appeared first on Република.

]]>

Кавадарци со 6,22 отсто излезност до девет часот, Росоман со 5,4 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kavadartsi-so-6-22-otsto-izleznost-do-devet-chasot-rosoman-so-5-4-protsenti/ Wed, 08 May 2024 08:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=775274

Кавадарци има 6.22 отсто излезност до девет часот, во Росоман 5.4 проценти, информираа од општинските изборни комисии.

Во Кавадарци се гласа на 60 гласачки места, се гласа за претседател на државата и пратенички мандати, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска.

Запишани се вкупно 31.982 избирачи за парламентарните избори, 31.926 за претседателските, со право на глас во Кавадарци.

- Согласно на законот, вчера ден пред претседателските и парламентарните избори, за гласање беа пријавени вкупно 155 лица во домашни услови, болни и немоќни, како и дванаесетмина од дом за стари лица, појасни Петровска.

Во Росоман се гласа на десет избирачки места.

- За потсетување, вчера, ден пред изборите, согласно на законот, гласаа 69 немоќни лица, соопшти претседателот на општинската изборна комисија, Зоран Костов.

Вкупно 3.300 избирачи се евидентирани во списокот за гласање на денешните избори во општината Росоман.

The post Кавадарци со 6,22 отсто излезност до девет часот, Росоман со 5,4 проценти appeared first on Република.

]]>

Кавадарци има 6.22 отсто излезност до девет часот, во Росоман 5.4 проценти, информираа од општинските изборни комисии. Во Кавадарци се гласа на 60 гласачки места, се гласа за претседател на државата и пратенички мандати, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска. Запишани се вкупно 31.982 избирачи за парламентарните избори, 31.926 за претседателските, со право на глас во Кавадарци. - Согласно на законот, вчера ден пред претседателските и парламентарните избори, за гласање беа пријавени вкупно 155 лица во домашни услови, болни и немоќни, како и дванаесетмина од дом за стари лица, појасни Петровска. Во Росоман се гласа на десет избирачки места. - За потсетување, вчера, ден пред изборите, согласно на законот, гласаа 69 немоќни лица, соопшти претседателот на општинската изборна комисија, Зоран Костов. Вкупно 3.300 избирачи се евидентирани во списокот за гласање на денешните избори во општината Росоман.

The post Кавадарци со 6,22 отсто излезност до девет часот, Росоман со 5,4 проценти appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Пратеничката Колева, преку нејзиниот сопруг адвокат, испумпува пари од општина Росоман https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-pratenichkata-koleva-preku-nejziniot-soprug-advokat-ispumpuva-pari-od-opshtina-rosoman/ Tue, 30 Apr 2024 16:57:03 +0000 https://republika.mk/?p=772739

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека, изминатиот период, пратеничката на СДСМ Даниела Колева од Кавадарци редовно доаѓа на терен да агитира помеѓу жителите на општина Росоман.

Долго време се прашуваме која е нејзината заентересираност за тоа, за на крај да дојдеме до одговорот и начинот како преку нејзиниот сопруг се испумпувале финансиски средства од општина Росоман.

Која е потребата на општина Росоман за плаќање на огромни финансиски средства кон адвокат? На кој начин е избран за адвокат Бранко Колев? Дали има јавна набавка за адвокатски услуги?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Пратеничката Колева, преку нејзиниот сопруг адвокат, испумпува пари од општина Росоман appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека, изминатиот период, пратеничката на СДСМ Даниела Колева од Кавадарци редовно доаѓа на терен да агитира помеѓу жителите на општина Росоман.
Долго време се прашуваме која е нејзината заентересираност за тоа, за на крај да дојдеме до одговорот и начинот како преку нејзиниот сопруг се испумпувале финансиски средства од општина Росоман.   Која е потребата на општина Росоман за плаќање на огромни финансиски средства кон адвокат? На кој начин е избран за адвокат Бранко Колев? Дали има јавна набавка за адвокатски услуги?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Пратеничката Колева, преку нејзиниот сопруг адвокат, испумпува пари од општина Росоман appeared first on Република.

]]>
Николоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го изгради експресниот пат Прилеп-Градско до 2027 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-tselosno-ke-go-izgradi-ekspresniot-pat-prilep-gradsko-do-2027-godina/ Fri, 26 Apr 2024 16:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=771489

-Од Росоман можам да кажам дека за откупот на праските планираме изнаоѓање на нови пазари кои што ќе донесат подобри цени, понатаму поддршка за изградба на ладилници и за стимулирање на откупувачи, секако тука е делот на реконструкција на постојните водоводни системи за наводнување и изградба на нови системи и за тоа се предвидени големи средства во делот за земјоделие за двете ставки некаде по стотини милиони евра. Понатаму враќање на системот за субвенции кои што е правичен и кој што значи според она што го обработуваат земјоделците. Тука е и поделбата за земја, да завршиме со олигархиското и картелското делење на земја каде што огромни површини на земји ги земаат луѓе кои што не се по потекло од општината во која што добиваат земјиште и најчесто не ја работат таа земја. Така што бројни проекти планираме во земјоделието кое што треба да ја подобрат состојбите во земјоделството, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Росоман во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

Николоски во текот на своето обраќање пред граѓаните од Росоман и на експресниот пат Прилеп-Градско кој е многу значаен за овој регион. Николоски вети дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заврши овој пат до 2027 година.

-Исто така тука е и инфраструктурата, тука поминува една од најзначајните артерии за целиот пелагониски регион, за цела централна Македонија, тоа е експресниот пат Прилеп-Градско кој што е симбол за неспособноста на СДС и ДУИ. 7 години не успеа да го изградат, но исто така е симбол и за криминалот на СДС и ДУИ затоа што бројни афери се поврзани за изградбата на овој пат. Ние ветуваме дека до 2026 година ќе се завршат двете фази од експресниот пат кој што требаше одамна да бидат завршени и третата фаза која што воопшто не е почната до сега, ќе биде завршена до 2027 година како би целосно се комплетирал овој експресен пат кој што треба да ја промени состојбата со економијата, со стопанството во целиот регион, потенцираше Николоски.

На крај тој вети дека ВМРО-ДПМНЕ има уште многу други бројни проекти кои се значајни за граѓаните од овој период.

-Имаме и бројни други проекти кои се поврзани со сите области кои се од витално значење за сите вас со цел тука да остануваат луѓето, а не да бегаат надвор и да останува полето необработено, порача тој.

The post Николоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го изгради експресниот пат Прилеп-Градско до 2027 година appeared first on Република.

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ја пратиме во опозиција ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-potrebna-e-masovna-izleznost-na-8-maj-za-da-ja-pratime-vo-opozitsija-dui/ Fri, 26 Apr 2024 16:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=771486

Овој резултат од 24 април е и одговорност. Се што зборуваме треба и да примениме. Народот очекува и убеден сум дека во овие нешто повеќе од 10 дена народот ќе се приклучи, народот е обединет и сака промени и брзи резултати, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Росоман.

Мицкоски информираше дека како коалиција внимателно е пристапено во креирање на програмата.

„Внимаваме што ќе ветуваме, не сакаме да ветуваме нешто што не може да се реализира, не сакаме народот да ја губи надежта. Си дадовме збор дека програмата ќе ја ревидираме за две години. Нема скандал за повеќе од две години во работата на градоначалниците. Затоа можам да кажам дека поучени од ова искуство имајќи во предвид дека најголем дел од проектите се веќе реализирани одлучивме по две години да направиме ревизија и на оваа програма. Сметаме дека можеме повеќе, ама не сакаме да ве разочараме“, кажа Мицкоски.

Мицкоски порача дека сега треба максимална мобилизација бидејќи како што рече „нема да остават да биде едноставно, мора да добиеме мнозинство во парламентот, да имаме наш претседател и заедно со градоначалниците да направиме трансформација на Македонија“, изјави Мицкоски.

Според него за ова треба масовност.

„Има центри на моќ кои не сакаат да ја видат успешна Македонија, имаме такви и тие беа клучен фактор до сега беа и во Владата, и тука мислам на ДУИ и Али Ахмети, тој сака да ја види осиромашена Македонија и слично. Тие не сакаат да ја видат успешна Македонија“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека овие избори се шанса криминалците да ги пратиме во опозиција.

„И ова го зборам само поради криминалот, не го зборам за ДУИ затоа што се Албанци, не, туку поради криминалот. Јас ја повикав опозицијата кај Албанците да се бориме заедно. Јас се борам против ДУИ кои ја ограбуваат и на колена ја ставаат Македонија“, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ја пратиме во опозиција ДУИ appeared first on Република.

]]>

Овој резултат од 24 април е и одговорност. Се што зборуваме треба и да примениме. Народот очекува и убеден сум дека во овие нешто повеќе од 10 дена народот ќе се приклучи, народот е обединет и сака промени и брзи резултати, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Росоман. Мицкоски информираше дека како коалиција внимателно е пристапено во креирање на програмата.
„Внимаваме што ќе ветуваме, не сакаме да ветуваме нешто што не може да се реализира, не сакаме народот да ја губи надежта. Си дадовме збор дека програмата ќе ја ревидираме за две години. Нема скандал за повеќе од две години во работата на градоначалниците. Затоа можам да кажам дека поучени од ова искуство имајќи во предвид дека најголем дел од проектите се веќе реализирани одлучивме по две години да направиме ревизија и на оваа програма. Сметаме дека можеме повеќе, ама не сакаме да ве разочараме“, кажа Мицкоски.
Мицкоски порача дека сега треба максимална мобилизација бидејќи како што рече „нема да остават да биде едноставно, мора да добиеме мнозинство во парламентот, да имаме наш претседател и заедно со градоначалниците да направиме трансформација на Македонија“, изјави Мицкоски. Според него за ова треба масовност.
„Има центри на моќ кои не сакаат да ја видат успешна Македонија, имаме такви и тие беа клучен фактор до сега беа и во Владата, и тука мислам на ДУИ и Али Ахмети, тој сака да ја види осиромашена Македонија и слично. Тие не сакаат да ја видат успешна Македонија“, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека овие избори се шанса криминалците да ги пратиме во опозиција.
„И ова го зборам само поради криминалот, не го зборам за ДУИ затоа што се Албанци, не, туку поради криминалот. Јас ја повикав опозицијата кај Албанците да се бориме заедно. Јас се борам против ДУИ кои ја ограбуваат и на колена ја ставаат Македонија“, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ја пратиме во опозиција ДУИ appeared first on Република.

]]>
Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-rosoman-i-demir-kapija-startuvashe-glasaneto-za-pretsedatelskite-izbori/ Wed, 24 Apr 2024 07:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=769853

Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори, од општинските изборни комисии информираа дека навремено се отворени сите избирачки места.

Вкупно 113 болни и изнемоштени лица од Росоман и Демир Капија и петмина од затвор, беа пријавени за гласање во текот на вчерашниот ден, согласно на законот.

– Во единствениот избирачки список, се запишани 3.289 лица од општина Росоман со право на глас. Од нив, 51 болно и изнемоштено лице, како и двајца од затвор, беа пријавени за гласање за вчера, појасни претседателот на општинската изборна комисија, Александар Чадамов, за МИА.

Во Демир Капија, како што соопшти претседателот на ОИК, Благој Јовановски, 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор, имаа законска можност да гласаат во текот на вчерашниот ден. Инаку, во Демир Капија се регистрирани вкупно 3.216 гласачи.

The post Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори appeared first on Република.

]]>

Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори, од општинските изборни комисии информираа дека навремено се отворени сите избирачки места. Вкупно 113 болни и изнемоштени лица од Росоман и Демир Капија и петмина од затвор, беа пријавени за гласање во текот на вчерашниот ден, согласно на законот. – Во единствениот избирачки список, се запишани 3.289 лица од општина Росоман со право на глас. Од нив, 51 болно и изнемоштено лице, како и двајца од затвор, беа пријавени за гласање за вчера, појасни претседателот на општинската изборна комисија, Александар Чадамов, за МИА. Во Демир Капија, како што соопшти претседателот на ОИК, Благој Јовановски, 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор, имаа законска можност да гласаат во текот на вчерашниот ден. Инаку, во Демир Капија се регистрирани вкупно 3.216 гласачи.

The post Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ќе одговарате за криминалиите од прв до последен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ke-odgovarate-za-kriminaliite-od-prv-do-posleden/ Thu, 28 Mar 2024 14:02:39 +0000 https://republika.mk/?p=759843

Додека граѓани и активисти на ВМРО-ДПМНЕ одржувале состанок во Општинскиот комитет на партијата во Росоман, некој им ги исекол гумите на автомобилите. Како што пренесува потпретседателот на партијта Александар Николоски, станува збор за лице блиско до градоначалникот од СДСМ и дека веќе било повикано во полиција.

Претпоставувам дека тоа е начин на кој сакаат да нè заплашат, можеби сметаат дека ќе се спасат од одговорност за криминалите што ги прават. Ние не се плашиме и на сите ќе им порачам дека ќе одговараат од прв до последен, порача Николоски пред присутните.

The post Николоски: Ќе одговарате за криминалиите од прв до последен appeared first on Република.

Три лица се повредени во сообраќајка кај Росоман https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-litsa-se-povredeni-vo-soobrakajka-kaj-rosoman/ Wed, 28 Feb 2024 10:10:23 +0000 https://republika.mk/?p=749186

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајната несреќа која утрово се случи на патот Кавадарци-Росоман.

Територијалната противпожарна единица на Кавадарци излезе на терен со осум пожарникари, две возила за техничка интервенција и едно амбулантно возило.

Двете повредени лица во сообраќајката се помлади, на околу 23 години, а едното повозрасно, информираат од ТППЕ Кавадарци.

Регионалниот пат Кавадарци-Росоман, од 7 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ.

Сообраќајката се случила на излез од село Манастирец.

The post Три лица се повредени во сообраќајка кај Росоман appeared first on Република.

]]>

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајната несреќа која утрово се случи на патот Кавадарци-Росоман. Територијалната противпожарна единица на Кавадарци излезе на терен со осум пожарникари, две возила за техничка интервенција и едно амбулантно возило. Двете повредени лица во сообраќајката се помлади, на околу 23 години, а едното повозрасно, информираат од ТППЕ Кавадарци. Регионалниот пат Кавадарци-Росоман, од 7 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ. Сообраќајката се случила на излез од село Манастирец.  

The post Три лица се повредени во сообраќајка кај Росоман appeared first on Република.

]]>
Со „пежо“ излетал од патот, тешко повредено 24-годишно момче од Росоман https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-pezho-izletal-od-patot-teshko-povredeno-24-godishno-momche-od-rosoman/ Sat, 10 Feb 2024 14:30:15 +0000 https://republika.mk/?p=742531

На 9 февруари во 20.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, кај место викано „Северова падина“ патничко моторно возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од В.Д.(24) од с.Сирково-Росоман излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

The post Со „пежо“ излетал од патот, тешко повредено 24-годишно момче од Росоман appeared first on Република.

]]>

На 9 февруари во 20.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, кај место викано „Северова падина“ патничко моторно возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од В.Д.(24) од с.Сирково-Росоман излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

The post Со „пежо“ излетал од патот, тешко повредено 24-годишно момче од Росоман appeared first on Република.

]]>
Јавен обвинител нареди технички преглед на возилата во сообраќајката кај Росоман и да се испита присуство на алкохол кај учесниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/javen-obvinitel-naredi-tehnichki-pregled-na-vozilata-vo-soobrakajkata-kaj-rosoman-i-da-se-ispita-prisustvo-na-alkohol-kaj-uchesnitsite/ Thu, 10 Aug 2023 16:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=670863

Јавен обвинител нареди технички преглед на возилата во сообраќајката кај Росоман, како и испитување присуство на алкохол кај учесниците во несреќата, во која две лица загинаа, а три се потешко повредени. За ова попладнево информираа од Обвинителството.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа кај Росоман, во која две лица го загубија животот на лице место, а уште три лица со тешки телесни повреди и во животна опасност се префрлени на лекување во Скопје, појаснија од Обвинителството.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издал наредба за фотографирање, скицирање и снимање на местото на несреќата.

Сообраќајката се случи утрово на патот Градско – Прилеп, кај Росоман.

The post Јавен обвинител нареди технички преглед на возилата во сообраќајката кај Росоман и да се испита присуство на алкохол кај учесниците appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител нареди технички преглед на возилата во сообраќајката кај Росоман, како и испитување присуство на алкохол кај учесниците во несреќата, во која две лица загинаа, а три се потешко повредени. За ова попладнево информираа од Обвинителството.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа кај Росоман, во која две лица го загубија животот на лице место, а уште три лица со тешки телесни повреди и во животна опасност се префрлени на лекување во Скопје, појаснија од Обвинителството.
Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издал наредба за фотографирање, скицирање и снимање на местото на несреќата. Сообраќајката се случи утрово на патот Градско – Прилеп, кај Росоман.

The post Јавен обвинител нареди технички преглед на возилата во сообраќајката кај Росоман и да се испита присуство на алкохол кај учесниците appeared first on Република.

]]>
Лоши вести: Две лица загинаа во сообраќајката кај Росоман https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/loshi-vesti-dve-litsa-zaginaa-vo-soobrakajkata-kaj-rosoman/ Thu, 10 Aug 2023 06:50:55 +0000 https://republika.mk/?p=670573

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман. Ова се првичните информации што за МИА ги сподели доктор Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош  во Кавадарци.

- Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена ама беа спремни да помогнат во секој момент, изјави Грков.

Смртта кај двете лица била констатирана на лице место.

Според првичните информации, имало верижен судир на четири возила.

Од полиција повеќе детали најавуваат за подоцна. На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари.

The post Лоши вести: Две лица загинаа во сообраќајката кај Росоман appeared first on Република.

]]>

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман. Ова се првичните информации што за МИА ги сподели доктор Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош  во Кавадарци. - Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена ама беа спремни да помогнат во секој момент, изјави Грков. Смртта кај двете лица била констатирана на лице место. Според првичните информации, имало верижен судир на четири возила. Од полиција повеќе детали најавуваат за подоцна. На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари.

The post Лоши вести: Две лица загинаа во сообраќајката кај Росоман appeared first on Република.

]]>
Teшка сообраќајка кај Росоман https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshka-soobrakajka-kaj-rosoman/ Thu, 10 Aug 2023 06:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=670568

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на патот од Прилеп кон Градско кај Росоман. Затворен е патот за движење преку Росоман, потврди за МИА, портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев. Повеќе детали, се најавуваат за подоцна.

На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со две возила и шест пожарникари.

Според првичните информации, во сообраќајната незгода учествувале четири возила.

Сообраќајната незгода е после кафеаната кај росоманското село Камен дол и мора да се врти преку Кавадарци.

Според Авто мото сојузот на Македонија, патот е во прекин од 06:40 часот

The post Teшка сообраќајка кај Росоман appeared first on Република.

]]>

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на патот од Прилеп кон Градско кај Росоман. Затворен е патот за движење преку Росоман, потврди за МИА, портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев. Повеќе детали, се најавуваат за подоцна. На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со две возила и шест пожарникари. Според првичните информации, во сообраќајната незгода учествувале четири возила. Сообраќајната незгода е после кафеаната кај росоманското село Камен дол и мора да се врти преку Кавадарци. Според Авто мото сојузот на Македонија, патот е во прекин од 06:40 часот

The post Teшка сообраќајка кај Росоман appeared first on Република.

]]>
По неколку дена во неделата без вода ќе остануваат жителите на Росоман https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/po-nekolku-dena-vo-nedelata-bez-voda-ke-ostanuvaat-zhitelite-na-rosoman/ Mon, 17 Jul 2023 15:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=662387

Рестрикции во водоснабдувањето се воведуваат во Росоман, поради недостаток на вода за пиење, информираа попладнево од росоманската локална самоуправа.

Веќе извесен период високите зони во село Росоман се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето, па заради тоа ЈПКД „РОСОМАН” - Росоман почнувајќи од денеска, ќе врши рестрикции во водоснабдувањето. Во деновите понеделник, среда, петок и недела во период од девет до 21 часот, без вода за пиење ќе бидат улиците „Гоце Делчев", “Страшо Пинџур", „11 Октомври", „Цандо Кузманов" и делови од улиците „Партизанска" и „Душан Ќириќ", соопштија од Општина Росоман.

Улицата „Пере Тошев" и дел од улицата „Маршал Тито" во понеделник, среда и петок, без вода за пиење ќе бидат во периодот од 15 до 21 часот, а во недела од девет до 21 часот.

The post По неколку дена во неделата без вода ќе остануваат жителите на Росоман appeared first on Република.

Бандера се запалила ноќеска во Росоман https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bandera-se-zapalila-nokeska-vo-rosoman/ Sun, 04 Jun 2023 09:28:48 +0000 https://republika.mk/?p=647591

Бандера се запалила ноќеска во Росоман, интервенирале кавадаречките пожарникари. Како што појаснуваат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци за МИА, околу полноќ добиле повик за интервенција на запалена бандера со гнездо на штркови. Веднаш интервенирале двајца пожарникари со едно противпожарно возило.

Од Противпожарната служба потсетуваат дека и минатата година имале таков случај во росоманското село Рибарци, кога се запалила бандера на која имало гнездо на штркови.

The post Бандера се запалила ноќеска во Росоман appeared first on Република.

]]>

Бандера се запалила ноќеска во Росоман, интервенирале кавадаречките пожарникари. Како што појаснуваат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци за МИА, околу полноќ добиле повик за интервенција на запалена бандера со гнездо на штркови. Веднаш интервенирале двајца пожарникари со едно противпожарно возило. Од Противпожарната служба потсетуваат дека и минатата година имале таков случај во росоманското село Рибарци, кога се запалила бандера на која имало гнездо на штркови.

The post Бандера се запалила ноќеска во Росоман appeared first on Република.

]]>
Блокиран патот Градско – Прилеп, се бара санација на Макарија на хидромелиоративниот систем ,,Тиквеш” https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/blokiran-patot-gradsko-prilep-se-bara-sanatsija-na-makarija-na-hidromeliorativniot-sistem-tikvesh/ Sat, 03 Jun 2023 11:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=647382

Блокиран е регионалниот пат Градско – Прилеп, кај клучката за Кавадарци, поради протест на кој се бара итна санација на оштетениот сифон Макарија на хидромелиоративниот систем „Тиквеш”. Блокадата ќе остане до 14 часот, а се пропуштаат само итни случаи.

Учесниците на протестот за МИА велат дека се револтирани поради проблемот со каналот за наводнување. Бараат итна санација и алтернативен начин за наводнување, додека се врши санацијата, затоа што, како што нагласуваат, загрозени им се земјоделските култури.

Најавуваат нови протести од понеделник, со зголемување на времетраењето на блокадите, додека не се надмине проблемот.

Градоначалникот на Росоман, Стојан Николов во изјава за МИА вели дека треба да се причека до понеделник, затоа што интензивно се работи на техничкото решение за отстранување на дефектот.

Пред неколку дена, АД Водостопанство информираше дека на 27 мај е детектирано оштетување на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем Тиквеш, поради што привремено е прекинат дотокот на вода која се користи исклучиво за наводнување на земјоделските површини.

Извршен е увид и во моментов интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок, а се со цел враќање на системот во првобитна состојба. Дополнителни информации, граѓаните од регионот можат да добијат во подружницата АД Водостопанство – Тиквеш. За сите понатамошни активности пак, поврзани со санацијата, јавноста ќе биде навремено информирана, соопштија тогаш од АД Водостопанство.

The post Блокиран патот Градско – Прилеп, се бара санација на Макарија на хидромелиоративниот систем ,,Тиквеш” appeared first on Република.

]]>

Блокиран е регионалниот пат Градско – Прилеп, кај клучката за Кавадарци, поради протест на кој се бара итна санација на оштетениот сифон Макарија на хидромелиоративниот систем „Тиквеш”. Блокадата ќе остане до 14 часот, а се пропуштаат само итни случаи. Учесниците на протестот за МИА велат дека се револтирани поради проблемот со каналот за наводнување. Бараат итна санација и алтернативен начин за наводнување, додека се врши санацијата, затоа што, како што нагласуваат, загрозени им се земјоделските култури. Најавуваат нови протести од понеделник, со зголемување на времетраењето на блокадите, додека не се надмине проблемот. Градоначалникот на Росоман, Стојан Николов во изјава за МИА вели дека треба да се причека до понеделник, затоа што интензивно се работи на техничкото решение за отстранување на дефектот. Пред неколку дена, АД Водостопанство информираше дека на 27 мај е детектирано оштетување на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем Тиквеш, поради што привремено е прекинат дотокот на вода која се користи исклучиво за наводнување на земјоделските површини.
Извршен е увид и во моментов интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок, а се со цел враќање на системот во првобитна состојба. Дополнителни информации, граѓаните од регионот можат да добијат во подружницата АД Водостопанство – Тиквеш. За сите понатамошни активности пак, поврзани со санацијата, јавноста ќе биде навремено информирана, соопштија тогаш од АД Водостопанство.
 
The post Блокиран патот Градско – Прилеп, се бара санација на Макарија на хидромелиоративниот систем ,,Тиквеш” appeared first on Република.

]]>
Хаварија во реонот на Росоман: Се расипа системот од кој се наводнуваат земјоделски површини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/havarija-vo-reonot-na-rosoman-se-rasipa-sistemot-od-koj-se-navodnuvaat-zemjodelski-povrshini/ Sat, 27 May 2023 16:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=645267

 Хаварија на сифонот на левиот магистрален канал на системот Макарија, од кој се наводнуваат земјоделски површини во Росоманско, се случи во текот на денешниот ден, потврди попладнево за МИА, градоначалникот на Росоман, Стојан Николов. Тој појасни дека проблемот ги засега сите сопственици на земјоделски имоти по левата страна од течението на Црна Река, до испустот кај селото Ногаевци.

- Поради итноста и сериозноста на оваа хаварија, одма излеговме на лице место заедно со директорот на Водостопанство „Тиквеш“ Кавадарци, како одговорна институција,  претседателот на комисијата за земјоделие при Советот на општината Росоман и ги информиравме сите одговорни и надлежни институции, како веднаш би пристапиле кон изнаоѓање решение и санирање на оваа  хаварија. Општина Росоман безрезервно ќе застане во решавањето на оваа хаварија.  Сакам да упатам апел за смиреност на земјоделците и да не се злоупотребува политички, оваа настаната хаварија. Решение мора да има и ќе има, нагласи Николов.

Претседателот на месната заедница Сирково, Веле Коцев, во изјава за МИА рече дека на земјоделците им останува да се надеваат, дека во најкраток рок ќе се санира дефектот на левиот магистрален канал Трстеник - Градско.

- Вакви големи дефекти се јавувале и во изминатите години. Било извршено само нивно санирање. Иако, на целиот затворен дел од каналот треба да се изврши целосна обнова со нов цевковод, што ќе гарантира непречено снабдување со вода за наводнување на земјоделските култури во општините Росоман и Градско. Имајќи во предвид дека при поранешни дефекти немало вода и по 20 дена, ова за нас земјоделците ќе значи материјална штета на земјоделските култури, особено градинарството, лош квалитет на праските и неможност да се извезуваат, нагласи тој, изразувајќи надеж за реформи во функционирањето на водоснабдителниот систем за наводнување во државата.

The post Хаварија во реонот на Росоман: Се расипа системот од кој се наводнуваат земјоделски површини appeared first on Република.

Росоман ќе добие Центар за едукација во туризмот и руралниот развој https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/rosoman-ke-dobie-tsentar-za-edukatsija-vo-turizmot-i-ruralniot-razvoj/ Sun, 29 Jan 2023 16:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=602317

Росоман ќе добие Центар за едукација во туризмот и руралниот развој, ќе гостуваат професионалци од целиот свет, тие ќе го пренесат своето искуство на сите оние коишто сакаат да се занимаваат со туризам и одржлив развој. Ова денеска го најави Виолета Јанкова, директор на Фондацијата „Тиквешки вински пат“.

Оваа Фондација претходно со над 500 илјади евра европски пари, заедно со росоманската локална самоуправа, ја реновираше старата училишна зграда. Јанкова рече дека се очекува Центарот да профункционира во тој простор, некаде околу месец март. Таа нагласи дека во меѓувреме, воспоставена е соработка со консултантски куќи кои работат проекти за ИПАРД, па, како што рече, полесно ќе може да се доаѓа до информации и начини на аплицирање. Притоа, откри дека ќе има и нови интересни манифестации и разни натпревари.

Фондацијата „Тиквешки вински пат“ е зачетник на винскиот туризам во Македонија. Неформално започнавме со работа во 2003 година, а се регистриравме после три години. Така, пред 17 години, Фондацијата ги започна првите чекори кон развој на винскиот туризам, потсети Јанкова.

Таа се осврна на многубројните настани, што, како што рече, имаат цел промоција на македонското вино и винскиот туризам.

Меѓу другото, поставени се и вински патни ознаки, заедно со Министерството за економија, организирани повеќе манифестации за верскиот празник „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите. На наша иницијатива, пред неколку години се стартуваше со натпревари за закројување на виновата лоза, со настани за презентација на производи од грозје и вина, ракии и традиционална храна, карактеристични за ова поднебје. Фондацијата стана еден од водечките партнери во културните рути на ЕУ „Итер витис“ и реализираше повеќе проекти за реновирање на објекти во Тиквешијата, со цел развој на одржлив и вински туризам, соопшти директорката на „Тиквешки вински пат“.

Таа додаде дека од оваа година, започнуваат со ново поглавје во работењето на Фондацијата. Јанкова рече дека преку нивни проекти, досега во Тиквешијата се инвестирани над еден милион евра европски пари, во разни објекти.

The post Росоман ќе добие Центар за едукација во туризмот и руралниот развој appeared first on Република.

]]>

Росоман ќе добие Центар за едукација во туризмот и руралниот развој, ќе гостуваат професионалци од целиот свет, тие ќе го пренесат своето искуство на сите оние коишто сакаат да се занимаваат со туризам и одржлив развој. Ова денеска го најави Виолета Јанкова, директор на Фондацијата „Тиквешки вински пат“. Оваа Фондација претходно со над 500 илјади евра европски пари, заедно со росоманската локална самоуправа, ја реновираше старата училишна зграда. Јанкова рече дека се очекува Центарот да профункционира во тој простор, некаде околу месец март. Таа нагласи дека во меѓувреме, воспоставена е соработка со консултантски куќи кои работат проекти за ИПАРД, па, како што рече, полесно ќе може да се доаѓа до информации и начини на аплицирање. Притоа, откри дека ќе има и нови интересни манифестации и разни натпревари.
Фондацијата „Тиквешки вински пат“ е зачетник на винскиот туризам во Македонија. Неформално започнавме со работа во 2003 година, а се регистриравме после три години. Така, пред 17 години, Фондацијата ги започна првите чекори кон развој на винскиот туризам, потсети Јанкова.
Таа се осврна на многубројните настани, што, како што рече, имаат цел промоција на македонското вино и винскиот туризам.
Меѓу другото, поставени се и вински патни ознаки, заедно со Министерството за економија, организирани повеќе манифестации за верскиот празник „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите. На наша иницијатива, пред неколку години се стартуваше со натпревари за закројување на виновата лоза, со настани за презентација на производи од грозје и вина, ракии и традиционална храна, карактеристични за ова поднебје. Фондацијата стана еден од водечките партнери во културните рути на ЕУ „Итер витис“ и реализираше повеќе проекти за реновирање на објекти во Тиквешијата, со цел развој на одржлив и вински туризам, соопшти директорката на „Тиквешки вински пат“.
Таа додаде дека од оваа година, започнуваат со ново поглавје во работењето на Фондацијата. Јанкова рече дека преку нивни проекти, досега во Тиквешијата се инвестирани над еден милион евра европски пари, во разни објекти.

The post Росоман ќе добие Центар за едукација во туризмот и руралниот развој appeared first on Република.

]]>
Советниците на СДСМ и градоначалникот го опструираа буџетот на Росоман https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetnitsite-na-sdsm-i-gradonachalnikot-go-opstruiraa-budhetot-na-rosoman/ Wed, 28 Dec 2022 18:10:47 +0000 https://republika.mk/?p=591129

Советот на општина Росоман не го донесе буџетот на општина Росоман по бројните притисоци од страна на СДСМ и градоначалникот.

Имено во текот на вчерашниот ден еден од советниците од редот на сдсм си поднесе оставка од член на советот и во текот на денешниот ден се вршеа притисоци врз општинската изборна комисија да назначи нов советник но без запазени процедури каде во законот на првата наредна седница треба да се констатира оставката па да се извести ОИК за оставката и ОИК на седница да назначи нов.

По почетокот на седницата се правеа притисоци веднаш да настапи новиот советник но по бројни реакции советничката група на ВМРО ДПМНЕ и советникот од Левица ја напуштија седницата и општина Росоман во моментов нема Буџет за 2023 година.

Советниците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата нема да поддржат незаконски дејствија и нема да толерираат притисоци.

The post Советниците на СДСМ и градоначалникот го опструираа буџетот на Росоман appeared first on Република.

]]>

Советот на општина Росоман не го донесе буџетот на општина Росоман по бројните притисоци од страна на СДСМ и градоначалникот. Имено во текот на вчерашниот ден еден од советниците од редот на сдсм си поднесе оставка од член на советот и во текот на денешниот ден се вршеа притисоци врз општинската изборна комисија да назначи нов советник но без запазени процедури каде во законот на првата наредна седница треба да се констатира оставката па да се извести ОИК за оставката и ОИК на седница да назначи нов. По почетокот на седницата се правеа притисоци веднаш да настапи новиот советник но по бројни реакции советничката група на ВМРО ДПМНЕ и советникот од Левица ја напуштија седницата и општина Росоман во моментов нема Буџет за 2023 година. Советниците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата нема да поддржат незаконски дејствија и нема да толерираат притисоци.

The post Советниците на СДСМ и градоначалникот го опструираа буџетот на Росоман appeared first on Република.

]]>
Девет милиони евра од ЕУ за развој на економијата и за чиста животна средина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/devet-milioni-evra-od-eu-za-razvoj-na-ekonomijata-i-za-chista-zivotna-sredina/ Sat, 05 Nov 2022 19:31:00 +0000 https://republika.mk/?p=570166

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска имаше средба со градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов, на која разговараа за проектот за изградба на фабрика за третман на животинските нуспроизводи, во согласност со ЕУ и националното законодавство, проект во рамките на ИПА 2019.

- Буџетот е 9 милиони евра, европски пари за инвестиција во циркуларна економија, со која се воведува функционален и затворен систем за нештетен и безбеден третман и отстранување на отпад од животинско потекло. Ова значи економски просперитет на општината и еколошка здрава животна средина, рече на средбата вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор истакна дека искористеноста на европските фондови за евроинтегративниот процес е многу важна, од нив ќе зависи брзината на трансформација и воведувањето на европските стандарди во македонското општество.

- Општините имаат важна улога во усвојувањето и примената на европските стандарди и вредности, и поради тоа треба да продолжат со реализација на проекти од корист на локалните заедници и нивните граѓани, посочи Маричиќ и побара од Николов максимална посветеност и обезбедување видливост на придобивките за локалната заедница што ги носи европската интеграција преку конкретни проекти.

Градоначалникот Николов во таа насока кажа дека е свесен за придобивките кои ги носи користењето на европските фондови во градењето на општинските административни и инфраструктурни капацитети, подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и подготовка на локалните самоуправи за достигнување на европските стандарди.

Градоначалникот Николов на средбата го информираше Маричиќ за спроведените проекти и за оние кои ќе следуваат, во пресрет на годишниот отчет кој следната недела ќе го даде пред општинскиот Совет.

Оваа инвестиција ќе овозможи да се собираат и обработуваат сите категории на материјали од животинско потекло кои произлегуваат од кланиците и месната индустрија. Капацитетот е пресметан за обработка на 8.000 тони животински нуспроизводи секоја година. Ова е пример за инвестиција во циркуларна економија, што претставува дел од Зелената економија, овозможувајќи да се трансформира собраниот и преработениот материјал од загадувачки отпад во производи кои можат да се користат во други производни циклуси.

Инвестицијата има вредност 9 милиони евра, од кои половината се обезбедени преку ИПА, а половина ќе се користи заем од Светска банка. Договорот за градба се очекува да се потпише до крајот на февруари 2023 година. Со отворањето на оваа фабрика ќе се вработат околу четириесет жители на Росоман и околните населени места.

The post Девет милиони евра од ЕУ за развој на економијата и за чиста животна средина appeared first on Република.

Тинејџери направиле хаос во Росоман https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tinejdzeri-napravile-haos-vo-rosoman/ Sun, 27 Mar 2022 16:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=479382

На 26.03.2022 во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Р.Ѓ.(19) и Љ.С.(18), двајцата од Росоман, затоа што се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во Росоман.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Тинејџери направиле хаос во Росоман appeared first on Република.

]]>

На 26.03.2022 во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Р.Ѓ.(19) и Љ.С.(18), двајцата од Росоман, затоа што се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во Росоман. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Тинејџери направиле хаос во Росоман appeared first on Република.

]]>