роснефт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rosneft/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Feb 2024 09:18:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png роснефт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rosneft/ 32 32 Ништо не им можат санкциите: Во 2023 година раст од 47 проценти на нето добивката на „Роснефт“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nishto-ne-im-mozhat-sanktsiite-vo-2023-godina-rast-od-47-protsenti-na-neto-dobivkata-na-rosneft/ Tue, 20 Feb 2024 09:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=745985

Нето добивката на најголемата руска нафтена компанија „Роснефт“ во 2023 година се зголеми за 47 отсто во споредба со претходната година, достигнувајќи 1,3 трилиони рубљи (околу 13,15 милијарди евра).

Во соопштението на „Роснефт“ се наведува дека приходите на компанијата минатата година се зголемиле за 1,3 отсто во споредба со 2022 година и достигнале 9,2 трилиони рубљи (околу 93 милијарди евра).

„Роснефт“ тврди дека нето добивката на компанијата се зголемила за 47 отсто на 1,3 трилиони рубљи.

Руската нафтена компанија минатата година произвела 270 милиони тони јаглеводород и 92,7 милијарди кубни метри природен гас.

„Роснефт“ учествува со околу 35 отсто од вкупното производство на нафта во Русија.

The post Ништо не им можат санкциите: Во 2023 година раст од 47 проценти на нето добивката на „Роснефт“ appeared first on Република.

]]>

Нето добивката на најголемата руска нафтена компанија „Роснефт“ во 2023 година се зголеми за 47 отсто во споредба со претходната година, достигнувајќи 1,3 трилиони рубљи (околу 13,15 милијарди евра). Во соопштението на „Роснефт“ се наведува дека приходите на компанијата минатата година се зголемиле за 1,3 отсто во споредба со 2022 година и достигнале 9,2 трилиони рубљи (околу 93 милијарди евра). „Роснефт“ тврди дека нето добивката на компанијата се зголемила за 47 отсто на 1,3 трилиони рубљи. Руската нафтена компанија минатата година произвела 270 милиони тони јаглеводород и 92,7 милијарди кубни метри природен гас. „Роснефт“ учествува со околу 35 отсто од вкупното производство на нафта во Русија.

The post Ништо не им можат санкциите: Во 2023 година раст од 47 проценти на нето добивката на „Роснефт“ appeared first on Република.

]]>
„Роснефт“ ја тужи Германија за преземањето на нејзината филијала и рафинеријата Шведт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rosneft-ja-tuzi-germanija-za-prezemanjeto-na-nejzinata-filijala-i-rafinerijata-shvedt/ Fri, 14 Oct 2022 11:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=561090

Рускиот нафтен концерн „Роснефт“ поднесе тужба пред судот во Германија против Владата во Берлин за преземањето на германската филијала на компанијата, вклучувајќи ја тука и големата рафинерија кај градот Шведт, објавија германските медиуми.

Германската Влада, минатиот месец, му го додели управувањето со подружницата на „Роснефт“  на националниот енергетски регулатор, со цел обезбедување контрола врз рафинеријата Шведт од каде се дистрибуира гориво за Берлин и голем дел на cеверна Германија.

Рафинеријата Шведт е четврта по големина во Германија и задоволува 90 отсто од побарувачката на горива во Берлин. Од нејзината изградба во 60-тите години на минатиот век, нафта за рафинеријата се набавува исклучиво од Русија преку нафтоводот „Дружба“. Шведт, исто така, со деривати снабдува области на западна Полска, како и аеродромот „Берлин-Бранденбург“.

Заедно со сопственоста, се отстранува и заканата за енергетската безбедност и се поставува камен-темелникот за зачувување и иднина на локацијата Шведт - соопштија тогаш од Министерството за економија.

Тие тогаш нагласија дека „Роснефт Дојчланд“ сочинува околу 12 отсто од германскиот капацитет за рафинирање нафта и е меѓу најголемите преработувачи на нафта во Германија.

Покрај со Шведт, регулаторот сега управува и со рафинериите на „Роснефт“ во Карлсруе и Вохбург.

Руската компанија поднела тужба против Владата пред Федералниот управен суд во Лајпциг, објави бизнис-весникот „Ханделсблат“, повикувајќи се на информации од правниот застапник на „Роснефт“.

„Роснефт“ тврди дека потегот бил неоправдан бидејќи компанијата уредно ги исполнувала своите договорни обврски.

До денес „Роснефт“ целосно ги исполнува своите обврски за испораки сирова нафта - стои во тужбата составена од адвокатската фирма „Малмендиер Легал“.

Руската компанија засега не е достапна за информација.

Од германското Министерство за економија потврдуваат дека се запознаени со тужбата на „Роснефт“, но се уште не добиле никаков документ.

Според изјава на портпарол на Министерството, исполнети биле условите за преземање на подружницата на „Роснефт“ согласно Законот за енергетска безбедност.

Причината е загрозувањето на снабдувањето со енергија и заканата од нарушување на безбедноста на снабдувањето - изјави портпаролот на Министерството.

The post „Роснефт“ ја тужи Германија за преземањето на нејзината филијала и рафинеријата Шведт appeared first on Република.

]]>

Рускиот нафтен концерн „Роснефт“ поднесе тужба пред судот во Германија против Владата во Берлин за преземањето на германската филијала на компанијата, вклучувајќи ја тука и големата рафинерија кај градот Шведт, објавија германските медиуми. Германската Влада, минатиот месец, му го додели управувањето со подружницата на „Роснефт“  на националниот енергетски регулатор, со цел обезбедување контрола врз рафинеријата Шведт од каде се дистрибуира гориво за Берлин и голем дел на cеверна Германија. Рафинеријата Шведт е четврта по големина во Германија и задоволува 90 отсто од побарувачката на горива во Берлин. Од нејзината изградба во 60-тите години на минатиот век, нафта за рафинеријата се набавува исклучиво од Русија преку нафтоводот „Дружба“. Шведт, исто така, со деривати снабдува области на западна Полска, како и аеродромот „Берлин-Бранденбург“.
Заедно со сопственоста, се отстранува и заканата за енергетската безбедност и се поставува камен-темелникот за зачувување и иднина на локацијата Шведт - соопштија тогаш од Министерството за економија.
Тие тогаш нагласија дека „Роснефт Дојчланд“ сочинува околу 12 отсто од германскиот капацитет за рафинирање нафта и е меѓу најголемите преработувачи на нафта во Германија. Покрај со Шведт, регулаторот сега управува и со рафинериите на „Роснефт“ во Карлсруе и Вохбург. Руската компанија поднела тужба против Владата пред Федералниот управен суд во Лајпциг, објави бизнис-весникот „Ханделсблат“, повикувајќи се на информации од правниот застапник на „Роснефт“. „Роснефт“ тврди дека потегот бил неоправдан бидејќи компанијата уредно ги исполнувала своите договорни обврски.
До денес „Роснефт“ целосно ги исполнува своите обврски за испораки сирова нафта - стои во тужбата составена од адвокатската фирма „Малмендиер Легал“.
Руската компанија засега не е достапна за информација. Од германското Министерство за економија потврдуваат дека се запознаени со тужбата на „Роснефт“, но се уште не добиле никаков документ. Според изјава на портпарол на Министерството, исполнети биле условите за преземање на подружницата на „Роснефт“ согласно Законот за енергетска безбедност.
Причината е загрозувањето на снабдувањето со енергија и заканата од нарушување на безбедноста на снабдувањето - изјави портпаролот на Министерството.

The post „Роснефт“ ја тужи Германија за преземањето на нејзината филијала и рафинеријата Шведт appeared first on Република.

]]>