Росен Христов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rosen-hristov/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Aug 2022 16:40:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Росен Христов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rosen-hristov/ 32 32 Христов: Бугарија ќе преговара со Газпром https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hristov-bugarija-kje-pregovara-so-gazprom/ Mon, 22 Aug 2022 16:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=542930

Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија Росен Христов најави дека неговата земја очигледно ќе мора да преговара со руски Газпром, јави дописникот на МИА од Софија.

По брифингот во бугарската влада за справување со гасната криза, Христов коментираше дека тоа ќе бидат многу тешки разговори.

Според него, Министерството за енергетика на Бугарија подготвило различни опции за разговор, но се чека одговор од Газпром.

Росен Христов вели дека интерконекторот на Бугарија со Грција бил оставен без надзор од претходната администрација, а има акумулација на голем број проблеми поврзани со неговата изградба и документација.

Тој додаде дека преодната влада нашла тотален хаос и раководство кое не помогнало да се реши проблемот.

„Топлификација Софија“ му должи на „Булгаргаз“ стотици милиони лева и нема шанси тоа да заврши со сегашниот начин на раководење, напротив дури се очекува да расте за 300 милиони лева (150 милиони евра) месечно, додаде Христов.

The post Христов: Бугарија ќе преговара со Газпром appeared first on Република.

]]>

Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија Росен Христов најави дека неговата земја очигледно ќе мора да преговара со руски Газпром, јави дописникот на МИА од Софија. По брифингот во бугарската влада за справување со гасната криза, Христов коментираше дека тоа ќе бидат многу тешки разговори. Според него, Министерството за енергетика на Бугарија подготвило различни опции за разговор, но се чека одговор од Газпром. Росен Христов вели дека интерконекторот на Бугарија со Грција бил оставен без надзор од претходната администрација, а има акумулација на голем број проблеми поврзани со неговата изградба и документација. Тој додаде дека преодната влада нашла тотален хаос и раководство кое не помогнало да се реши проблемот.
„Топлификација Софија“ му должи на „Булгаргаз“ стотици милиони лева и нема шанси тоа да заврши со сегашниот начин на раководење, напротив дури се очекува да расте за 300 милиони лева (150 милиони евра) месечно, додаде Христов.

The post Христов: Бугарија ќе преговара со Газпром appeared first on Република.

]]>