ропство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ropstvo/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jul 2023 19:43:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ропство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ropstvo/ 32 32 Холандскиот крал се извини за учеството на Холандија во ропството во текот на историјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandskiot-kral-se-izvini-za-uchestvoto-na-holandija-vo-ropstvoto-vo-tekot-na-istorijata/ Sat, 01 Jul 2023 19:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=657266

Холандскиот крал, Вилем Александар, се извини за улогата на Холандија во ропството низ историјата и за последиците што ги има и денес.

Кралот зборуваше на церемонијата по повод 160-годишнината од законот за укинување на ропството во Холандија, вклучувајќи ги и нејзините поранешни колонии на Карибите.

На овој ден, кога се сеќаваме на холандската историја обележана со ропство, барам прошка за ова злосторство против човештвото, нагласи тој, додавајќи дека расизмот останува проблем во холандското општество и дека неговото извинување нема да биде поддржано од сите.

The post Холандскиот крал се извини за учеството на Холандија во ропството во текот на историјата appeared first on Република.

]]>

Холандскиот крал, Вилем Александар, се извини за улогата на Холандија во ропството низ историјата и за последиците што ги има и денес. Кралот зборуваше на церемонијата по повод 160-годишнината од законот за укинување на ропството во Холандија, вклучувајќи ги и нејзините поранешни колонии на Карибите.
На овој ден, кога се сеќаваме на холандската историја обележана со ропство, барам прошка за ова злосторство против човештвото, нагласи тој, додавајќи дека расизмот останува проблем во холандското општество и дека неговото извинување нема да биде поддржано од сите.

The post Холандскиот крал се извини за учеството на Холандија во ропството во текот на историјата appeared first on Република.

]]>
Индиец се спаси од ропство: „Не врзуваа со синџири и не тераа да копаме бунари со часови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/indiets-se-spasi-od-ropstvo-ne-vrzuvaa-so-sindhiri-i-ne-teraa-da-kopame-bunari-so-chasovi/ Thu, 29 Jun 2023 14:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=656493

Во изминатиот месец, Индиецот Багван Гуксе беше заробен во западната индиска држава Махараштра заедно со уште шест работници кои работеле на дневница. Работниците биле ангажирани од други изведувачи да ги ископаат бунарите, но подоцна биле принудени на ропска работа, што е нелегално во Индија.

Гуксе опиша дехуманизирачки услови за живот, тепање, дрогирање и принудување на долгичасовна физичка работа со малку храна и вода. Ноќе работниците ги врзувале со синџири за трактори за да не можат да избегаат. А кога не можеле да спијат, немирни од болка, глад и умор, Гуксе рекол дека мажите ги камшикувале со стапови, а потоа ги принудувале  да пијат седативи со алкохол.

Знаев дека тука смртта е неизбежна. Но, сакав да се обидам да избегам, да си го спасам животот барем еднаш – рекол несреќниот човек, пишува Би-би-си.

Робовите биле толку исцрпени од тепањето, работата и недостатокот на храна што немале енергија да го испланираат своето бегство.

Но, 15 или 16 јуни. Ѓуксе не може да се сети на точниот датум бидејќи деновите одамна почнаа да се спојуваат еден во друг - тој реши да се обиде да избега. Додека клечел во мракот, го заби прстот во металниот дел и со часови го вртеше додека конечно не се отклучи.

Кога излегол од комплексот, видел огромно поле со шеќерна трска и истрчал кон него.

Немав поим каде сум. Се што знаев е дека морам да се вратам дома. Ја следев железничката пруга до теренот и продолжив да трчам - рекол Ѓуксе кој успеал да стигне до своето село и за се ја известил полицијата, по што полицијата од два одвоени бунари спасила уште 11 работници.

Прво не му верувавме на работникот, но кога стигнавме на локацијата ја видовме состојбата на приведените мажи - изјави за Би-Би-Си претставник на локалната полиција Јагдиш Раут, кој е одговорен за случајот.

Мажите биле принудувани да копаат бунар од 12 до 14 часа на ден, по што ги врзувале со синџири и повторно ги мачеле физички и психички. Немале тоалет, морале да вршат нужда во бунарот што го ископале, а потоа да го исчистат отпадот по завршувањето на работата - рекол Раут, додавајќи дека повеќето од нив имаат плускавци и длабоки рани на очите и стапалата. Некои од нив се на лекување во болница.

Седум лица, меѓу кои две жени и едно малолетно лице, се обвинети за трговија со луѓе, киднапирање, злоупотреба и незаконско притворање според индискиот кривичен законик, од кои сите станаа насловни страници во Индија. Четворица се во притвор, малолетникот во малолетнички притвор, а двајца се во бегство.

Полицијата соопшти дека сите жртви се сиромашни работници кои дошле во градот во потрага по работа. Овде со нив контактирал агент кој ги продавал овие работници на претприемачи од друг град за 2.000 до 5.000 рупии, или 21 до 55 евра по лице.

Агентот им ветил на работниците дека за копање бунар покрај три оброци дневно ќе добијат и 5,5 евра. Кога мажите се согласиле, тој ги ставил во тук-тук и ги опијанил пред да ги вози на различни места.

Во пределот на бунарот, изведувачите им ги одзеле телефоните и им ги украле службените документи.

Откако ќе ги држеи во такви ужасни услови два до три месеци, обвинетиот ќе ги ослободи такви измачени без ниту еден цент - рече Раут и додаде дека истражуваат дали има други локации во областа што работат на сличен начин.

Семејствата на тројцата работници изјавија за Би-Би-Си дека поднеле пријави за исчезнати лица, но рекоа дека полицијата одбила да отвори истрага.

Полициските службеници не одговорија на барањето на Би-Би-Си за коментар за наводите, но официјален претставник изјави неофицијално за Би-Би-Си дека полицијата не дејствувала навреме.

The post Индиец се спаси од ропство: „Не врзуваа со синџири и не тераа да копаме бунари со часови“ appeared first on Република.

]]>

Во изминатиот месец, Индиецот Багван Гуксе беше заробен во западната индиска држава Махараштра заедно со уште шест работници кои работеле на дневница. Работниците биле ангажирани од други изведувачи да ги ископаат бунарите, но подоцна биле принудени на ропска работа, што е нелегално во Индија. Гуксе опиша дехуманизирачки услови за живот, тепање, дрогирање и принудување на долгичасовна физичка работа со малку храна и вода. Ноќе работниците ги врзувале со синџири за трактори за да не можат да избегаат. А кога не можеле да спијат, немирни од болка, глад и умор, Гуксе рекол дека мажите ги камшикувале со стапови, а потоа ги принудувале  да пијат седативи со алкохол.
Знаев дека тука смртта е неизбежна. Но, сакав да се обидам да избегам, да си го спасам животот барем еднаш – рекол несреќниот човек, пишува Би-би-си.
Робовите биле толку исцрпени од тепањето, работата и недостатокот на храна што немале енергија да го испланираат своето бегство. Но, 15 или 16 јуни. Ѓуксе не може да се сети на точниот датум бидејќи деновите одамна почнаа да се спојуваат еден во друг - тој реши да се обиде да избега. Додека клечел во мракот, го заби прстот во металниот дел и со часови го вртеше додека конечно не се отклучи. Кога излегол од комплексот, видел огромно поле со шеќерна трска и истрчал кон него.
Немав поим каде сум. Се што знаев е дека морам да се вратам дома. Ја следев железничката пруга до теренот и продолжив да трчам - рекол Ѓуксе кој успеал да стигне до своето село и за се ја известил полицијата, по што полицијата од два одвоени бунари спасила уште 11 работници. Прво не му верувавме на работникот, но кога стигнавме на локацијата ја видовме состојбата на приведените мажи - изјави за Би-Би-Си претставник на локалната полиција Јагдиш Раут, кој е одговорен за случајот.
Мажите биле принудувани да копаат бунар од 12 до 14 часа на ден, по што ги врзувале со синџири и повторно ги мачеле физички и психички. Немале тоалет, морале да вршат нужда во бунарот што го ископале, а потоа да го исчистат отпадот по завршувањето на работата - рекол Раут, додавајќи дека повеќето од нив имаат плускавци и длабоки рани на очите и стапалата. Некои од нив се на лекување во болница. Седум лица, меѓу кои две жени и едно малолетно лице, се обвинети за трговија со луѓе, киднапирање, злоупотреба и незаконско притворање според индискиот кривичен законик, од кои сите станаа насловни страници во Индија. Четворица се во притвор, малолетникот во малолетнички притвор, а двајца се во бегство. Полицијата соопшти дека сите жртви се сиромашни работници кои дошле во градот во потрага по работа. Овде со нив контактирал агент кој ги продавал овие работници на претприемачи од друг град за 2.000 до 5.000 рупии, или 21 до 55 евра по лице. Агентот им ветил на работниците дека за копање бунар покрај три оброци дневно ќе добијат и 5,5 евра. Кога мажите се согласиле, тој ги ставил во тук-тук и ги опијанил пред да ги вози на различни места. Во пределот на бунарот, изведувачите им ги одзеле телефоните и им ги украле службените документи.
Откако ќе ги држеи во такви ужасни услови два до три месеци, обвинетиот ќе ги ослободи такви измачени без ниту еден цент - рече Раут и додаде дека истражуваат дали има други локации во областа што работат на сличен начин.
Семејствата на тројцата работници изјавија за Би-Би-Си дека поднеле пријави за исчезнати лица, но рекоа дека полицијата одбила да отвори истрага. Полициските службеници не одговорија на барањето на Би-Би-Си за коментар за наводите, но официјален претставник изјави неофицијално за Би-Би-Си дека полицијата не дејствувала навреме.

The post Индиец се спаси од ропство: „Не врзуваа со синџири и не тераа да копаме бунари со часови“ appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 1.7000 американски конгресмени низ историјата биле робовладетели https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povekje-od-1-7000-amerikanski-kongresmeni-niz-istorijata-bile-robovladeteli/ Tue, 11 Jan 2022 11:46:31 +0000 https://republika.mk/?p=443084

Неодамнешно новинарско истражување во САД открило дека повеќе од 1.700 членови на американскиот Конгрес во минатото биле робовладетели. Како што објави „Вашингтон пост“, според анализите на регистарот на население и други релевантни извори, најмалку 1.700 членови на Конгресот биле сопственици на црни робови во текот на нивниот живот во 18, во 19 и во 20 век.

Меѓу тие конгресмени бил и сенаторот од Мериленд, Едеард Лојд, кој во 1832 година поседувал 468 робови. Меѓу робовладетелите конгресмени бил и сенаторот од Илиноис, Елиас Кент Кејн, кој во 1820 година се залагал за легализација на ропството.

До 20-те години од 19 век во Конгресот имало робовладетели од Њујорк, од Њу Џерси, од Пенсилванија и од други држави. Речиси 20 проценти од Конгресот во 1860 и во 1861 година биле од робовладетелските кругови.

Во Конгресот на САД до почетокот на 20 век имало сопственици на робови, кои беа учесници во дебатите за ропството, како и актери во уставните реформи.

The post Повеќе од 1.7000 американски конгресмени низ историјата биле робовладетели appeared first on Република.

]]>

Неодамнешно новинарско истражување во САД открило дека повеќе од 1.700 членови на американскиот Конгрес во минатото биле робовладетели. Како што објави „Вашингтон пост“, според анализите на регистарот на население и други релевантни извори, најмалку 1.700 членови на Конгресот биле сопственици на црни робови во текот на нивниот живот во 18, во 19 и во 20 век. Меѓу тие конгресмени бил и сенаторот од Мериленд, Едеард Лојд, кој во 1832 година поседувал 468 робови. Меѓу робовладетелите конгресмени бил и сенаторот од Илиноис, Елиас Кент Кејн, кој во 1820 година се залагал за легализација на ропството. До 20-те години од 19 век во Конгресот имало робовладетели од Њујорк, од Њу Џерси, од Пенсилванија и од други држави. Речиси 20 проценти од Конгресот во 1860 и во 1861 година биле од робовладетелските кругови. Во Конгресот на САД до почетокот на 20 век имало сопственици на робови, кои беа учесници во дебатите за ропството, како и актери во уставните реформи.

The post Повеќе од 1.7000 американски конгресмени низ историјата биле робовладетели appeared first on Република.

]]>