ропотово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ropotovo/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Aug 2023 16:58:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ропотово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ropotovo/ 32 32 Приведени уште двајца полицајци и двајца професионални војници кои пукале на семејната веселба во Дебреште https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-ushte-dvajtsa-politsajtsi-i-dvajtsa-profesionalni-vojnitsi-koi-pukale-na-semejnata-veselba-vo-debreshte/ Mon, 28 Aug 2023 16:58:52 +0000 https://republika.mk/?p=676664

Идентификувани се повеќе лица кои пукале со огнено оружје на семејната веселба во прилепското село Дебреште. Покрај командирот на полициското одделение Ропотово кој беше приведен вчера, приведени се уште двајца полициски службеници и двајца професионални војници.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се приведени Н.И.(28) и Е.И.( 28) од Одделението за внатрешни работи од Прилеп, како и професионалните војници Б.Х.(26) и И.Р.(23).

Останатите лица се жители од селата Дебреште и Саждево. Извршени се и седум претреси, при што одземено е разновидно оружје кое е употребено за ова кривично дело.

На командирот на полициското одделение Ропотово, Е.Р. му е одреден куќен притвор од осум дена, а за полициските службеници Н.И.(28) и Е.И.( 28) постапува Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и за нив ќе биде поведена дисциплинска постапка и соодветна пријава до ОЈО.

 

The post Приведени уште двајца полицајци и двајца професионални војници кои пукале на семејната веселба во Дебреште appeared first on Република.

]]>

Идентификувани се повеќе лица кои пукале со огнено оружје на семејната веселба во прилепското село Дебреште. Покрај командирот на полициското одделение Ропотово кој беше приведен вчера, приведени се уште двајца полициски службеници и двајца професионални војници. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се приведени Н.И.(28) и Е.И.( 28) од Одделението за внатрешни работи од Прилеп, како и професионалните војници Б.Х.(26) и И.Р.(23). Останатите лица се жители од селата Дебреште и Саждево. Извршени се и седум претреси, при што одземено е разновидно оружје кое е употребено за ова кривично дело. На командирот на полициското одделение Ропотово, Е.Р. му е одреден куќен притвор од осум дена, а за полициските службеници Н.И.(28) и Е.И.( 28) постапува Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и за нив ќе биде поведена дисциплинска постапка и соодветна пријава до ОЈО.  

The post Приведени уште двајца полицајци и двајца професионални војници кои пукале на семејната веселба во Дебреште appeared first on Република.

]]>
Приведен командирот на Ропотово кој пукаше со калашников од балкон https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-komandirot-na-ropotovo-koj-pukashe-so-kalashnikov-od-balkon/ Mon, 28 Aug 2023 06:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=676502

Вчера, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп е лишен од слобода и задржан во ПС ОН Прилеп Е.Р. (30) од с.Дебреште, командир на ПО Ропотово, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ односно поради основи на сомнение дека на 19.08.2023 на свадба кај негови роднини во семејна куќа во с.Дебреште пукал од огнено оружје, соопштува МВР.

ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот во координација со ОЈО Прилеп и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно расчистување на случајот, до ОЈО Прилеп ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка.

The post Приведен командирот на Ропотово кој пукаше со калашников од балкон appeared first on Република.

]]>

Вчера, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп е лишен од слобода и задржан во ПС ОН Прилеп Е.Р. (30) од с.Дебреште, командир на ПО Ропотово, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ односно поради основи на сомнение дека на 19.08.2023 на свадба кај негови роднини во семејна куќа во с.Дебреште пукал од огнено оружје, соопштува МВР. ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот во координација со ОЈО Прилеп и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно расчистување на случајот, до ОЈО Прилеп ќе биде поднесен соодветен поднесок. Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка.

The post Приведен командирот на Ропотово кој пукаше со калашников од балкон appeared first on Република.

]]>