ромки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/romki/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Oct 2022 10:07:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ромки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/romki/ 32 32 „Ромка си, можеш само да чистиш“: Жените Ромки сè уште се дискриминирани при вработување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/romka-si-mozesh-samo-da-chistish-zenite-romki-se-ushte-se-diskriminirani-pri-vrabotuvanje/ Sun, 09 Oct 2022 09:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=559001

Истражувањата недвосмислено ја потврдуваат дискриминацијата при вработување на жените Ромки локално во Куманово и во државата. И во 21 век, резултати практично нема, иако на хартија „цветаат рози“.

Жените Ромки двојно се дискриминирани при вработување, покажуваат податоците на граѓанските здруженија. Првичната дискриминација почнува во семејствата каде сè уште има остра поделба на улогите помеѓу мажите и жените. Дискриминацијата продолжува и во општеството, бидејќи жените Ромки влегуваат во првите три места по најмалку вработени во државата.

„Ромка си, можеш само да чистиш!“

Две млади жени сведочат за нивната засега, безуспешна, десетгодишна борба за работно место како продавачки во трговски објекти. Кумановките раскажуваат дека штом ќе влезат на интервју за работа, задолжените за избор ги одмеруваат каква облека носат и како изгледаат. Често велат сведочеле на наизменични погледи со омаловажување. Никогаш никој не им кажал дека не ги вработува затоа што се Ромки, туку дека во моментов е пополнето работното место.

Дваесет и петгодишната кумановка Рубија Агуши има слично искуство. Таа вели дека често се чувствувала дискриминирано, бидејќи е одбивана да најде работа поради етничката припадност, пред сè вели, заради бојата на кожата. Тврди дека го забележала, тој крајно дискриминаторски поглед.

Знам дека ме одбиваат дека сум Ромка, никој не може да ми докаже спротивно - вели Агуши.

Таа вели дека често конкурирала со познаници од други етнички заедници и оти обично на места продавачки се вработувале Македонки, Албанки, речиси никогаш Ромка.

Пред две години вели, за чудо, првпат ја примиле како продавачка во месарница, и работела одреден период. Сега повторно е без работа, бидејќи при повреда за време на боледувањето ја замениле со друга работничка. Во моментов повторно бара работа, но ќе се доедуцира за работа со деца што и е дамнешна желба.

Три години постарата Неврија Иљазова во моментов бара работа каде било. Често е одбивана заради различни причини, најчесто поради недоволно искуство, никогаш директно бидејќи е Ромка, но потенцира, знае дека токму заради нејзината етничка припадност не котира добро меѓу работодавците. Изминативе десет години упорно барала работа во приватниот сектор.

Сега од февруари барам интензивно, но бидејќи сум Ромка ме одбиваат секаде каде ќе аплицирам. Од приватни причини моите родители не ме запишаа во средно образование, останав само со основно, но сега разгледувам можности сама да продолжам со образованието и да земам диплома од средно. Пред 14 години завршив со основното образование, барав работа во приватниот сектор, ама за жал никаде не најдов - вели Иљазова.

Дискриминацијата тешко се докажува – нема пријави во КСЗД и Народниот правобранител.

Извор: МИА

The post „Ромка си, можеш само да чистиш“: Жените Ромки сè уште се дискриминирани при вработување appeared first on Република.

]]>

Истражувањата недвосмислено ја потврдуваат дискриминацијата при вработување на жените Ромки локално во Куманово и во државата. И во 21 век, резултати практично нема, иако на хартија „цветаат рози“. Жените Ромки двојно се дискриминирани при вработување, покажуваат податоците на граѓанските здруженија. Првичната дискриминација почнува во семејствата каде сè уште има остра поделба на улогите помеѓу мажите и жените. Дискриминацијата продолжува и во општеството, бидејќи жените Ромки влегуваат во првите три места по најмалку вработени во државата.

„Ромка си, можеш само да чистиш!“

Две млади жени сведочат за нивната засега, безуспешна, десетгодишна борба за работно место како продавачки во трговски објекти. Кумановките раскажуваат дека штом ќе влезат на интервју за работа, задолжените за избор ги одмеруваат каква облека носат и како изгледаат. Често велат сведочеле на наизменични погледи со омаловажување. Никогаш никој не им кажал дека не ги вработува затоа што се Ромки, туку дека во моментов е пополнето работното место. Дваесет и петгодишната кумановка Рубија Агуши има слично искуство. Таа вели дека често се чувствувала дискриминирано, бидејќи е одбивана да најде работа поради етничката припадност, пред сè вели, заради бојата на кожата. Тврди дека го забележала, тој крајно дискриминаторски поглед.
Знам дека ме одбиваат дека сум Ромка, никој не може да ми докаже спротивно - вели Агуши.
Таа вели дека често конкурирала со познаници од други етнички заедници и оти обично на места продавачки се вработувале Македонки, Албанки, речиси никогаш Ромка. Пред две години вели, за чудо, првпат ја примиле како продавачка во месарница, и работела одреден период. Сега повторно е без работа, бидејќи при повреда за време на боледувањето ја замениле со друга работничка. Во моментов повторно бара работа, но ќе се доедуцира за работа со деца што и е дамнешна желба. Три години постарата Неврија Иљазова во моментов бара работа каде било. Често е одбивана заради различни причини, најчесто поради недоволно искуство, никогаш директно бидејќи е Ромка, но потенцира, знае дека токму заради нејзината етничка припадност не котира добро меѓу работодавците. Изминативе десет години упорно барала работа во приватниот сектор.
Сега од февруари барам интензивно, но бидејќи сум Ромка ме одбиваат секаде каде ќе аплицирам. Од приватни причини моите родители не ме запишаа во средно образование, останав само со основно, но сега разгледувам можности сама да продолжам со образованието и да земам диплома од средно. Пред 14 години завршив со основното образование, барав работа во приватниот сектор, ама за жал никаде не најдов - вели Иљазова.
Дискриминацијата тешко се докажува – нема пријави во КСЗД и Народниот правобранител. Извор: МИА

The post „Ромка си, можеш само да чистиш“: Жените Ромки сè уште се дискриминирани при вработување appeared first on Република.

]]>
„Дали си подготвена“ – премиера на филм за подигање на јавната свест за репродуктивно здравје кај ромското население https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dali-si-podgotvena-premiera-na-film-za-podiganje-na-javnata-svest-za-reproduktivno-zdravje-kaj-romskoto-naselenie/ Wed, 02 Feb 2022 08:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=452734

Недостигаат матични гинеколози, а има и случаи на незаконската наплата на услуги кај некои од нив, кои инаку се бесплатни. На ова укажува документарниот филм „Дали си подготвена“ снимен во рамки на кампањата за подигање на јавна свест за репродуктивно здравје и здрава бременост кај ромското население преку проектот „Баир- Здружена акција“ кој имаше своја онлајн премиера.

Имав регистрирано матичен гинеколог кој почна да ја води мојата бременост. Во почетокот на мојата бременост кога и да направев преглед секогаш ми беше наплатуван. Иако бев свесна дека не е во ред од негова страна, радоста која ја чувствував ми беше поважна и не сакав да се занимавам околу правата кои ми беа злоупотребувани. На крај решив да се откажам од него и си регистрирав друг гинеколог кој редовно ја следеше мојата бременост без да ми наплати ни еден денар, раскажува Узурџан Маликовска , ромски здравствен медијатор.

Во Битола има гинеколози кои работат професионално и законски, а пружаат услуги на Ромки. Во филмот зборува Тони Анастасиевски, специјалист гинеколог-акушер, матичен лекар кај кого поголем број Ромки ги добиваат прегледите што законски бесплатно им следуваат. Тој вели дека редовните прегледи се значајни зашто голем дел од родилките се малолетни, а кај некои и бременостите се зачестени, една по друга.

Забележувам дека кај нив најчесто имаме забременување од 14 до 16 години, а главните проблеми настануваат по раѓање гледано од социо-психолошки аспект зашто има незрелост да се биде родител. Важно е втората или третата бременост да биде неколку години по првата кога ќе бидат зрели родители, вели Анастасиевски.

Гинекологот и акушер Емилија Јашовиќ –Сивеска укажува дека на бремената жена која е прворотка ѝ следуваат бесплатно 10 гинеколошки прегледи, а на повеќеротката седум, кои не мора секогаш да се ултразвучни.

Анкетата „Грижа за здравјето на Ромите“ направен во проектот покажа дека во Битола дури 32 проценти од жените Ромки воопшто не посетуваат гинеколог, 77,8 проценти не вршат преглед на градите, 71, 4 проценти не знаат за мамографија, 86 проценти од испитаниците не знаат кои мерки за превенција од рак се нудат бесплатно. Во однос на гинеколошките прегледи кај ромското население има многу предрасуди, посебно кога во прашање се невини девојчиња.

Девојките немаат доволно знаење. Се прашуваат што ќе се случи ако одам на гинеколог, ќе ја загубам невиноста? Што ако некој ме види, што ќе каже за мене дека не сум невина? Истото го мислат и нивните родители. Не знаат дека кога одиш на гинеколог постојат посебни прегледи, те прашуваат дали си или не невина. Постапката во тој случај е друга и не можеш да ја загубиш невиноста’’, вели Фатма Бајрам –Аземвска од „Сумнал“ –Битола.

Традицијата и културата на муслиманските жени не дозволува матичен гинеколог од машкиот пол, па затоа сакаат прегледите да им ги извршува жена. Но, често се случува да бидат одбиени зашто бројот е пополнет и немаме место за нови пациенти, вели Маликовска.

Кампањата едуцира за проблеми и предизвици за кои треба отворено да се зборува:

-Секоја девојка и жена на возраст над 12 години има право да избере матичен гинеколог во примарната здравствена заштита.

-Здравствените услуги кај матичниот гинеколог се бесплатни

-Сите жени на возраст од 24 до 60 години треба на секои три години да добијат покана од својот матичен гинеколог и да направат ПАП-тест

-Секоја жена е потребно да направи минимум осум до десет здравствени контроли за време на бременоста, а препорачано е првата контрола да биде напавена во првото тромесечие од бременоста

-Жените за време на бременоста се ослободени од плаќање на партиципација во сите јавни здравствени установи и во приватните здравствени установи за услугите за кои имаат склучено договор со ФЗОРСМ

-Во здравствените домови функционира службата за патронажна дејност, преку која патронажните сестри треба да ги посетуваат жените за време на бременоста, како и мајките и доенчињата по породувањето, во нивните домови

-Породувањето во јавните здравствени установи е бесплатно за сите жени што се државјани на Македонија, без разлика дали имаат здравствено осигурување, како и за жените што се без лична документација

-Сите здравствени услуги за доенчињата, односно допрвата година од животот се бесплатни

Кампања за подигање на јавна свест за репродуктивно здравје и здрава бременост е дел од прокетот „Баир-здружена акција“ финасиран е од Европска Комисија, реализиран во партнерство на италијанската невладина организација -COSV, Преда Плус Фондација и Општина Битола.

The post „Дали си подготвена“ – премиера на филм за подигање на јавната свест за репродуктивно здравје кај ромското население appeared first on Република.

]]>

Недостигаат матични гинеколози, а има и случаи на незаконската наплата на услуги кај некои од нив, кои инаку се бесплатни. На ова укажува документарниот филм „Дали си подготвена“ снимен во рамки на кампањата за подигање на јавна свест за репродуктивно здравје и здрава бременост кај ромското население преку проектот „Баир- Здружена акција“ кој имаше своја онлајн премиера.
Имав регистрирано матичен гинеколог кој почна да ја води мојата бременост. Во почетокот на мојата бременост кога и да направев преглед секогаш ми беше наплатуван. Иако бев свесна дека не е во ред од негова страна, радоста која ја чувствував ми беше поважна и не сакав да се занимавам околу правата кои ми беа злоупотребувани. На крај решив да се откажам од него и си регистрирав друг гинеколог кој редовно ја следеше мојата бременост без да ми наплати ни еден денар, раскажува Узурџан Маликовска , ромски здравствен медијатор.
Во Битола има гинеколози кои работат професионално и законски, а пружаат услуги на Ромки. Во филмот зборува Тони Анастасиевски, специјалист гинеколог-акушер, матичен лекар кај кого поголем број Ромки ги добиваат прегледите што законски бесплатно им следуваат. Тој вели дека редовните прегледи се значајни зашто голем дел од родилките се малолетни, а кај некои и бременостите се зачестени, една по друга.
Забележувам дека кај нив најчесто имаме забременување од 14 до 16 години, а главните проблеми настануваат по раѓање гледано од социо-психолошки аспект зашто има незрелост да се биде родител. Важно е втората или третата бременост да биде неколку години по првата кога ќе бидат зрели родители, вели Анастасиевски.
Гинекологот и акушер Емилија Јашовиќ –Сивеска укажува дека на бремената жена која е прворотка ѝ следуваат бесплатно 10 гинеколошки прегледи, а на повеќеротката седум, кои не мора секогаш да се ултразвучни. Анкетата „Грижа за здравјето на Ромите“ направен во проектот покажа дека во Битола дури 32 проценти од жените Ромки воопшто не посетуваат гинеколог, 77,8 проценти не вршат преглед на градите, 71, 4 проценти не знаат за мамографија, 86 проценти од испитаниците не знаат кои мерки за превенција од рак се нудат бесплатно. Во однос на гинеколошките прегледи кај ромското население има многу предрасуди, посебно кога во прашање се невини девојчиња. Девојките немаат доволно знаење. Се прашуваат што ќе се случи ако одам на гинеколог, ќе ја загубам невиноста? Што ако некој ме види, што ќе каже за мене дека не сум невина? Истото го мислат и нивните родители. Не знаат дека кога одиш на гинеколог постојат посебни прегледи, те прашуваат дали си или не невина. Постапката во тој случај е друга и не можеш да ја загубиш невиноста’’, вели Фатма Бајрам –Аземвска од „Сумнал“ –Битола.
Традицијата и културата на муслиманските жени не дозволува матичен гинеколог од машкиот пол, па затоа сакаат прегледите да им ги извршува жена. Но, често се случува да бидат одбиени зашто бројот е пополнет и немаме место за нови пациенти, вели Маликовска.
Кампањата едуцира за проблеми и предизвици за кои треба отворено да се зборува: -Секоја девојка и жена на возраст над 12 години има право да избере матичен гинеколог во примарната здравствена заштита. -Здравствените услуги кај матичниот гинеколог се бесплатни -Сите жени на возраст од 24 до 60 години треба на секои три години да добијат покана од својот матичен гинеколог и да направат ПАП-тест -Секоја жена е потребно да направи минимум осум до десет здравствени контроли за време на бременоста, а препорачано е првата контрола да биде напавена во првото тромесечие од бременоста -Жените за време на бременоста се ослободени од плаќање на партиципација во сите јавни здравствени установи и во приватните здравствени установи за услугите за кои имаат склучено договор со ФЗОРСМ -Во здравствените домови функционира службата за патронажна дејност, преку која патронажните сестри треба да ги посетуваат жените за време на бременоста, како и мајките и доенчињата по породувањето, во нивните домови -Породувањето во јавните здравствени установи е бесплатно за сите жени што се државјани на Македонија, без разлика дали имаат здравствено осигурување, како и за жените што се без лична документација -Сите здравствени услуги за доенчињата, односно допрвата година од животот се бесплатни Кампања за подигање на јавна свест за репродуктивно здравје и здрава бременост е дел од прокетот „Баир-здружена акција“ финасиран е од Европска Комисија, реализиран во партнерство на италијанската невладина организација -COSV, Преда Плус Фондација и Општина Битола.

The post „Дали си подготвена“ – премиера на филм за подигање на јавната свест за репродуктивно здравје кај ромското население appeared first on Република.

]]>