роми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/romi/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Feb 2024 13:21:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png роми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/romi/ 32 32 Битиќи: Преку инклузивност во зелената и дигиталната трансформација на економијата ќе постигнеме поголема вклученост на Ромите https://arhiva3.republika.mk/zivot/bitiki-preku-inkluzivnost-vo-zelenata-i-digitalnata-transformatsija-na-ekonomijata-ke-postigneme-pogolema-vkluchenost-na-romite/ Wed, 28 Feb 2024 13:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=749276

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска учествуваше на третото издание на Самитот РЕДИ, кој се одржа во Скопје.

Вицепремиерот Битиќи ја истакна важноста на инклузивноста во зелената и дигиталната трансформација на економијата, како и потребата од поголема заедничка посветеност во пронаоѓање на иновативни решенија за поголема вклученост на Ромите во овие процеси.

„Владата е цврсто посветена на градење на системска сензибилност кон различностите, кон инклузијата и градењето на едно општество за сите, што беше формализирано со „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и социјалната кохезија, 2024-2026 година“, како и со Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 година, која беше изработена и усвоена согласно насоките на Стратешката рамка на ЕУ за Ромите. Ова значи дека вредносните патеки кои водат кон ЕУ и инклузија на различностите, се спојуваат една со друга“, рече во своето обраќање вицепремиерот Битиќи.

Тој посочи на важноста на изработката на Националната развојна стратегија 2024-2024 како пример за широко инклузивен процес во кој беа вклучени сите општествени чинители.

„Кога зборуваме за инклузијата, овде е и Националната развојна стратегија 2024-2044 година, која токму, преку инклузивен процес успеа во нејзиното создавање да вклучи над 14 илјади граѓани, претставници од академијата, бизнисот, граѓанскиот сектор и речиси сите политички партии. Оваа Стратегија на вчерашната седница на Владата беше усвоена, по што влегува во собраниска процедура за усвојување. Во нејзината изработка никој не беше изоставен поради своите различни убедувања, верувања, идентитети или припадности, вклучително и Ромите. Создадовме можност и таа можност беше искористена, секој даде свој придонес во поставувањето на дваесет годишната визија за развојот на државата“, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој изрази уверување дека Македонија има резервоар на претприемачка и иновативна енергија, скриен сограѓаните Роми, кој за да го ослободиме треба да ги срушиме стереотипите и предрасудите, да ги разбереме различностите.

The post Битиќи: Преку инклузивност во зелената и дигиталната трансформација на економијата ќе постигнеме поголема вклученост на Ромите appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска учествуваше на третото издание на Самитот РЕДИ, кој се одржа во Скопје. Вицепремиерот Битиќи ја истакна важноста на инклузивноста во зелената и дигиталната трансформација на економијата, како и потребата од поголема заедничка посветеност во пронаоѓање на иновативни решенија за поголема вклученост на Ромите во овие процеси. „Владата е цврсто посветена на градење на системска сензибилност кон различностите, кон инклузијата и градењето на едно општество за сите, што беше формализирано со „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и социјалната кохезија, 2024-2026 година“, како и со Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 година, која беше изработена и усвоена согласно насоките на Стратешката рамка на ЕУ за Ромите. Ова значи дека вредносните патеки кои водат кон ЕУ и инклузија на различностите, се спојуваат една со друга“, рече во своето обраќање вицепремиерот Битиќи. Тој посочи на важноста на изработката на Националната развојна стратегија 2024-2024 како пример за широко инклузивен процес во кој беа вклучени сите општествени чинители. „Кога зборуваме за инклузијата, овде е и Националната развојна стратегија 2024-2044 година, која токму, преку инклузивен процес успеа во нејзиното создавање да вклучи над 14 илјади граѓани, претставници од академијата, бизнисот, граѓанскиот сектор и речиси сите политички партии. Оваа Стратегија на вчерашната седница на Владата беше усвоена, по што влегува во собраниска процедура за усвојување. Во нејзината изработка никој не беше изоставен поради своите различни убедувања, верувања, идентитети или припадности, вклучително и Ромите. Создадовме можност и таа можност беше искористена, секој даде свој придонес во поставувањето на дваесет годишната визија за развојот на државата“, рече вицепремиерот Битиќи. Тој изрази уверување дека Македонија има резервоар на претприемачка и иновативна енергија, скриен сограѓаните Роми, кој за да го ослободиме треба да ги срушиме стереотипите и предрасудите, да ги разбереме различностите.

The post Битиќи: Преку инклузивност во зелената и дигиталната трансформација на економијата ќе постигнеме поголема вклученост на Ромите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Македонија е земја на соживот, традиција, на взаемна почит, но се помалку е земја која дава надеж за подобра иднина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-makedonija-e-zemja-na-sozhivot-traditsija-na-vzaemna-pochit-no-se-pomalku-e-zemja-koja-dava-nadezh-za-podobra-idnina/ Fri, 07 Apr 2023 20:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=628504

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на на свечена академија по повод Светскиот ден на Ромите - 8 Април.

Обраќањето на Мицоски го пренесуваме во целост.

Дозволете ми веднаш во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, денот кога ја чествуваме ромската култура, но и денот кога отворено говориме за проблемите со кои се соочуваат Ромите. Лично сметам дека ова не смее да биде сведено само на еден ден во годината, туку треба да постои континуирано залагање од страна на сите чинители во нашата држава, овие теми да се отвораат и дискутираат во текот на целата година, затоа што Ромите се дел од македонската нација, тие се неотуѓив дел од македонското општество и нивните проблеми се проблеми за секој еден од нас.

Ромите со векови живеат во Македонија и со векови ги споделуваат радостите, но и тешките моменти заедно со Македонците и со сите останати. Нашето мултикултурно општество би било посиромашно без ромскиот јазик, без ромскиот фолклор, без ромската песна. Тие се дел и од нашата заедничка култура и ќе останат нераскинлив дел додека векот векува.

За мене секој граѓанин на Македонија е ист, за мене секој човек е роден ист, само што треба да има исти предуслови да ги развие и покаже своите капацитети. Верувам во овие мои зборови и затоа со години наназад повикувам да изградиме друштво во кое ќе му дадеме на секој поединец услови да се развива и да придонесува кон градењето на неговата и заедничката иднина.

Македонија е земја на соживот, на традиција, на взаемно разбирање, земја на взаемна почит, но се помалку е земја која дава надеж за подобра иднина. Ова го говорам со горчина во душата затоа што гледам како за жал нѐ има се помалку во татковината. Гледам како Ромите, Македонците, Албанците, Србите, Турците, Бошњаците, и останатите се повеќе и почесто си заминуваат од родната грутка за да бараат подобар живот во туѓина. Живееме години на егзодус и безнадежност.

Образованието ни е срозено. Здравството ни е колабирано. Економијата тоне со секој ден се повеќе. Тоа е резултатот на корумпираната елита на власт која се богати, која овозможува благодети само на мал слој околу нив, а сите останати ги втурнува во сиромаштија и очај. Го губиме народот како вода низ дланка, затоа што не им даваме можност за достоинствен живот, затоа што не им даваме можност за достоинствена работа и достоинствен стандард. Го губиме народот затоа што гледаме неправда на секој чекор, гледаме организиран криминал кој ја пљачкосува земјата, гледаме нефункционалност на институциите, гледаме уништен систем на вредности во кој не се вреднува човекот за жал, туку блискоста до власта и понизноста.

Тоа мора да престане. Тоа мора да заврши. Немаме веќе време за губење. Немаме веќе генерации за губење. Немаме веќе луѓе за губење. Секој во Македонија треба да се вложи во издигање на нашата татковина од пепелта во која власта на Ковачевски и Груби ја донесоа. Зборуваат дека се обединиле рамо до рамо, а јас ќе искористам една српска изрека и ќе речам се обединиле „све мој до мојега“ и го водат народот до поголема беда. Поради нивните погрешни политики Македонија стана најсиромашната земја во Европа и регионот, земја со најмал економски раст, со индустриско производство кое паѓа. Поради нивните политики инвестициите не избегнуваат во широк лак. Времето си го трошат како да наместат тендер, како да обезбедат имот за џабе, како да стават уште некој милион во своите џебови. Затоа се држат до своите фотелји и епски бегаат од избори. Знаат дека ќе изгубат. Мислат дека со продавање на националните и државните интереси ќе ја продолжат власта, но само ја продолжуваат агонијата и на крајот ќе завршат катастрофално.

Ние заедно со народот, заедно со секој од вас имаме коалиција и таа коалиција ќе се преточи во убедлива победа да избори. Но тука не завршуваме. Нашиот пат со народот ќе продолжи и понатаму, затоа што имаме обврска како генерација да изградиме подобра иднина за нас и за сите наши деца. Таа битка ќе ја водиме и во таа битка ќе извојуваме победа. Ќе изградиме Македонија која ќе биде достоинствена, почитувана, побогата и попросперитетна. Македонија која ќе нуди подобар живот и стандард за секого без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност.

Ова е Македонија за која сонуваме и работиме. Ова е Македонија на која Ромите заедно со Македонците и сите останати ќе бидат горди.

Да сте ми живи и здрави. Нека е честит денот.

Нека е вечна нашата заедничка татковина Македонија!

The post Мицкоски: Македонија е земја на соживот, традиција, на взаемна почит, но се помалку е земја која дава надеж за подобра иднина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на на свечена академија по повод Светскиот ден на Ромите - 8 Април. Обраќањето на Мицоски го пренесуваме во целост. Дозволете ми веднаш во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, денот кога ја чествуваме ромската култура, но и денот кога отворено говориме за проблемите со кои се соочуваат Ромите. Лично сметам дека ова не смее да биде сведено само на еден ден во годината, туку треба да постои континуирано залагање од страна на сите чинители во нашата држава, овие теми да се отвораат и дискутираат во текот на целата година, затоа што Ромите се дел од македонската нација, тие се неотуѓив дел од македонското општество и нивните проблеми се проблеми за секој еден од нас. Ромите со векови живеат во Македонија и со векови ги споделуваат радостите, но и тешките моменти заедно со Македонците и со сите останати. Нашето мултикултурно општество би било посиромашно без ромскиот јазик, без ромскиот фолклор, без ромската песна. Тие се дел и од нашата заедничка култура и ќе останат нераскинлив дел додека векот векува. За мене секој граѓанин на Македонија е ист, за мене секој човек е роден ист, само што треба да има исти предуслови да ги развие и покаже своите капацитети. Верувам во овие мои зборови и затоа со години наназад повикувам да изградиме друштво во кое ќе му дадеме на секој поединец услови да се развива и да придонесува кон градењето на неговата и заедничката иднина. Македонија е земја на соживот, на традиција, на взаемно разбирање, земја на взаемна почит, но се помалку е земја која дава надеж за подобра иднина. Ова го говорам со горчина во душата затоа што гледам како за жал нѐ има се помалку во татковината. Гледам како Ромите, Македонците, Албанците, Србите, Турците, Бошњаците, и останатите се повеќе и почесто си заминуваат од родната грутка за да бараат подобар живот во туѓина. Живееме години на егзодус и безнадежност. Образованието ни е срозено. Здравството ни е колабирано. Економијата тоне со секој ден се повеќе. Тоа е резултатот на корумпираната елита на власт која се богати, која овозможува благодети само на мал слој околу нив, а сите останати ги втурнува во сиромаштија и очај. Го губиме народот како вода низ дланка, затоа што не им даваме можност за достоинствен живот, затоа што не им даваме можност за достоинствена работа и достоинствен стандард. Го губиме народот затоа што гледаме неправда на секој чекор, гледаме организиран криминал кој ја пљачкосува земјата, гледаме нефункционалност на институциите, гледаме уништен систем на вредности во кој не се вреднува човекот за жал, туку блискоста до власта и понизноста. Тоа мора да престане. Тоа мора да заврши. Немаме веќе време за губење. Немаме веќе генерации за губење. Немаме веќе луѓе за губење. Секој во Македонија треба да се вложи во издигање на нашата татковина од пепелта во која власта на Ковачевски и Груби ја донесоа. Зборуваат дека се обединиле рамо до рамо, а јас ќе искористам една српска изрека и ќе речам се обединиле „све мој до мојега“ и го водат народот до поголема беда. Поради нивните погрешни политики Македонија стана најсиромашната земја во Европа и регионот, земја со најмал економски раст, со индустриско производство кое паѓа. Поради нивните политики инвестициите не избегнуваат во широк лак. Времето си го трошат како да наместат тендер, како да обезбедат имот за џабе, како да стават уште некој милион во своите џебови. Затоа се држат до своите фотелји и епски бегаат од избори. Знаат дека ќе изгубат. Мислат дека со продавање на националните и државните интереси ќе ја продолжат власта, но само ја продолжуваат агонијата и на крајот ќе завршат катастрофално. Ние заедно со народот, заедно со секој од вас имаме коалиција и таа коалиција ќе се преточи во убедлива победа да избори. Но тука не завршуваме. Нашиот пат со народот ќе продолжи и понатаму, затоа што имаме обврска како генерација да изградиме подобра иднина за нас и за сите наши деца. Таа битка ќе ја водиме и во таа битка ќе извојуваме победа. Ќе изградиме Македонија која ќе биде достоинствена, почитувана, побогата и попросперитетна. Македонија која ќе нуди подобар живот и стандард за секого без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност. Ова е Македонија за која сонуваме и работиме. Ова е Македонија на која Ромите заедно со Македонците и сите останати ќе бидат горди. Да сте ми живи и здрави. Нека е честит денот. Нека е вечна нашата заедничка татковина Македонија!

The post Мицкоски: Македонија е земја на соживот, традиција, на взаемна почит, но се помалку е земја која дава надеж за подобра иднина appeared first on Република.

]]>
Дедо си ја продал внуката за 6.000 евра, па се премислил – свекорот го убил https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dedo-si-ja-prodal-vnukata-za-6-000-evra-pa-se-premislil-svekorot-go-ubil/ Sat, 25 Mar 2023 18:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=623665

Четириесет и шестгодишен маж од селото Дросеро кај Ксанти во Грција е убиен поради расправија за малолетно девојче во која се вмешани две ромски семејства. Според грчките медиуми, до расправијата дошло бидејќи убиениот го прекршил договорот со убиецот, 37-годишен маж, кому претходно му ја продал петнаесетгодишната внука, за неговиот син.

Внуката наводно ја продал за 6.000 евра и било договорено таа да се омажи за синот на убиецот. Неколку недели по свршувачката на двајцата малолетници, дедото наводно се предомислил и ја однел внуката дома, но не ги вратил парите што ги добил за него, пишува Ксантинеа.

Исто така, се тврди дека дедото на девојчето непосредно пред да биде убиен, заедно со членовите на семејството, ја ограбиле куќата на осомничениот убиец, а потоа ја запалиле неговата и куќата на неговите брат. Снимката од пожарот ја објавиле на социјалните мрежи.

Тензиите меѓу двете семејства продолжиле, и како што наведуваат медиумите имало многубројни инциденти меѓу нив во селото.

Според грчките медиуми, во неделата, на 19 март, четворица мажи, татко со два сина и зет, упаднале во куќата на жртвата. Тие влегле во неговата соба во која дедото спиел со сопругата, синот и четирите малолетни внуци и го застрелалесо пет куршуми во стомакот. Со тешки повреди тој бил пренесен во болница, но по операцијата починал.

Роднините на жртвата сега се револтирани и сакаат да се одмаздат. Во објавите на социјалните мрежи им се закануваат на семејството и ќерките на осомничениот за убиството.

„Ќе ти гори срцето. Штом излезеш од затвор, ќе бидеш погребан покрај твоите ќерки“, вели еден од членовите на семејството на убиениот во видеото кое се појави на ТикТок.

Ниту осомничениот не „останал должен“ и на Тик-Ток објавил заканувачки видео.

„Ако ми наштетите, ќе ве убијам сите за 40 години“, вели осомничениот.

Подоцна бил уапсен од полицијата, заедно со еден од неговите синови, а вчера биле уапсени и другиот син и неговиот зет. Полицијата го разгледува и сценариото во кое насилникот мислел дека жртвата го предала кај надлежните за некое дело што го направил и сакал да му се одмазди.

Според грчката полиција, човекот во минатото имал бројни проблеми со властите и неодамна бил уапсен по голема полициска акција во Дросеро. При претресот во неговиот дом, пронајдено е оружје и дрога. Четворицата мажи остануваат во притвор.

The post Дедо си ја продал внуката за 6.000 евра, па се премислил – свекорот го убил appeared first on Република.

]]>

Четириесет и шестгодишен маж од селото Дросеро кај Ксанти во Грција е убиен поради расправија за малолетно девојче во која се вмешани две ромски семејства. Според грчките медиуми, до расправијата дошло бидејќи убиениот го прекршил договорот со убиецот, 37-годишен маж, кому претходно му ја продал петнаесетгодишната внука, за неговиот син. Внуката наводно ја продал за 6.000 евра и било договорено таа да се омажи за синот на убиецот. Неколку недели по свршувачката на двајцата малолетници, дедото наводно се предомислил и ја однел внуката дома, но не ги вратил парите што ги добил за него, пишува Ксантинеа. Исто така, се тврди дека дедото на девојчето непосредно пред да биде убиен, заедно со членовите на семејството, ја ограбиле куќата на осомничениот убиец, а потоа ја запалиле неговата и куќата на неговите брат. Снимката од пожарот ја објавиле на социјалните мрежи.
Тензиите меѓу двете семејства продолжиле, и како што наведуваат медиумите имало многубројни инциденти меѓу нив во селото. Според грчките медиуми, во неделата, на 19 март, четворица мажи, татко со два сина и зет, упаднале во куќата на жртвата. Тие влегле во неговата соба во која дедото спиел со сопругата, синот и четирите малолетни внуци и го застрелалесо пет куршуми во стомакот. Со тешки повреди тој бил пренесен во болница, но по операцијата починал. Роднините на жртвата сега се револтирани и сакаат да се одмаздат. Во објавите на социјалните мрежи им се закануваат на семејството и ќерките на осомничениот за убиството. „Ќе ти гори срцето. Штом излезеш од затвор, ќе бидеш погребан покрај твоите ќерки“, вели еден од членовите на семејството на убиениот во видеото кое се појави на ТикТок. Ниту осомничениот не „останал должен“ и на Тик-Ток објавил заканувачки видео. „Ако ми наштетите, ќе ве убијам сите за 40 години“, вели осомничениот. Подоцна бил уапсен од полицијата, заедно со еден од неговите синови, а вчера биле уапсени и другиот син и неговиот зет. Полицијата го разгледува и сценариото во кое насилникот мислел дека жртвата го предала кај надлежните за некое дело што го направил и сакал да му се одмазди. Според грчката полиција, човекот во минатото имал бројни проблеми со властите и неодамна бил уапсен по голема полициска акција во Дросеро. При претресот во неговиот дом, пронајдено е оружје и дрога. Четворицата мажи остануваат во притвор.

The post Дедо си ја продал внуката за 6.000 евра, па се премислил – свекорот го убил appeared first on Република.

]]>
Битолските Роми повторно го блокираа патот кон Прилеп, овојпат зошто немале струја https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/bitolskite-romi-povtorno-go-blokiraa-patot-kon-prilep-ovojpat-zoshto-nemale-struja/ Tue, 18 Oct 2022 12:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=562529

АМСМ информира дека на магистралниот пат Прилеп – Битола кај место викано „Баир“ е блокиран.

Според нив, блокадата е од група граѓани поради тоа што истите немале електрична енергија.

Баир е битолска населба населена најмногу со ромско население, и ова не е првпат патот да биде блокиран. Овие протести најчесто завршуваат со палење на стари гуми и ѓубре, и дополнително загадување на градот и околината.

The post Битолските Роми повторно го блокираа патот кон Прилеп, овојпат зошто немале струја appeared first on Република.

]]>

АМСМ информира дека на магистралниот пат Прилеп – Битола кај место викано „Баир“ е блокиран. Според нив, блокадата е од група граѓани поради тоа што истите немале електрична енергија. Баир е битолска населба населена најмногу со ромско население, и ова не е првпат патот да биде блокиран. Овие протести најчесто завршуваат со палење на стари гуми и ѓубре, и дополнително загадување на градот и околината.

The post Битолските Роми повторно го блокираа патот кон Прилеп, овојпат зошто немале струја appeared first on Република.

]]>
Опомена за ОУ „Ѓорѓи Сугарев“: Запишувале само Ромчиња, па создале етничко училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opomena-za-ou-gjorgji-sugarev-zapishuvale-samo-romchinja-pa-sozdale-etnichko-uchilishte/ Wed, 17 Aug 2022 13:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=541273

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Република Македонија издаде мислење според кое надлежните имаат рок од шест месеци да ги спроведат мерките за намалување на сегрегацијата на ромските деца во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, соопшти денеска Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР).

Во одлуката на Комисијата, донесена на 19 април 2022 година, а објавена на 12 овој месец, како одговор на претставката што ја поднесе ЕЦПР против училиштето врз основа на сегрегација на ромските деца, се посочува дека „практиките на училиштето за упис на ученици претставува индиректна дискриминација против децата Роми, кои се сегрегирани врз основа на нивната етничка припадност, што е спротивно на Законот за основно образование“.

– Досега, родителите на неромските ученици беа во можност да ги запишат нивните деца во училишта надвор од средината во која живеат поради селективна примена на Законот од страна на училиштето. Тоа значеше дека училиштето де факто стана етнички сегрегирано, бидејќи на голем дел од неромските деца им беше дозволено да се префрлат во училишта во други средини – појава позната како „бегање на белите деца“, наведува Комисијата.

Комисијата, при тоа, даде препорака за директорите на училиштата во оваа област да ги запишуваат само оние деца кои административно припаѓаат на тоа училиште, а на Министерството за образование и наука му даде инструкции да утврди построги критериуми за упис на децата во училишта надвор од нивниот регион.

– Тоа има за цел да го намали бројот на деца кои се запишуваат во училишта надвор од нивната област, што пак треба да ја намали сегрегацијата. Комисијата даде препорака за училиштата да го зголемат бројот на образовни асистенти. Тоа треба да ја подобри социјализацијата и почитувањето меѓу децата, да ја зголеми соработката меѓу властите и граѓанските организации во насока на намалување на запишувањето на децата во други училишта од страна на не-ромските родители и за подобрување на познавањето на македонскиот јазик меѓу ромските деца, заклучи Комисијата.

Правниот директор на ЕЦПР, Сенада Сали, наведува дека низ годините видлива е преголема застапеност на ромските деца во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев”, чиј број прогресивно се зголемува и тоа доведува до исклучиво ромски одделенија.

– Податоците за учебната 2021/2022 година се посебно алармантни, со вкупно 77 првачиња Роми запишани во училиштето. Тоа покажува дека ова училиште сè повеќе станува целосно сегрегирано, т.е. само за Роми, вели Сали.

Таа додава дека во моментов Центарот ја чека пресудата од Европскиот суд за човекови права за овој случај.

– Иако мислењето на Комисијата е важно е за нас и за родителите и децата кои ги застапување, нема да ја запреме правната битка сè додека властите не направат десегреграција на училиштето и им дадат шанса на ромските и неромските деца од Баир да учат заедно, во инклузивна и етнички разновидна средина, потенцира Сали.

The post Опомена за ОУ „Ѓорѓи Сугарев“: Запишувале само Ромчиња, па создале етничко училиште appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Република Македонија издаде мислење според кое надлежните имаат рок од шест месеци да ги спроведат мерките за намалување на сегрегацијата на ромските деца во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, соопшти денеска Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР). Во одлуката на Комисијата, донесена на 19 април 2022 година, а објавена на 12 овој месец, како одговор на претставката што ја поднесе ЕЦПР против училиштето врз основа на сегрегација на ромските деца, се посочува дека „практиките на училиштето за упис на ученици претставува индиректна дискриминација против децата Роми, кои се сегрегирани врз основа на нивната етничка припадност, што е спротивно на Законот за основно образование“.
– Досега, родителите на неромските ученици беа во можност да ги запишат нивните деца во училишта надвор од средината во која живеат поради селективна примена на Законот од страна на училиштето. Тоа значеше дека училиштето де факто стана етнички сегрегирано, бидејќи на голем дел од неромските деца им беше дозволено да се префрлат во училишта во други средини – појава позната како „бегање на белите деца“, наведува Комисијата.
Комисијата, при тоа, даде препорака за директорите на училиштата во оваа област да ги запишуваат само оние деца кои административно припаѓаат на тоа училиште, а на Министерството за образование и наука му даде инструкции да утврди построги критериуми за упис на децата во училишта надвор од нивниот регион.
– Тоа има за цел да го намали бројот на деца кои се запишуваат во училишта надвор од нивната област, што пак треба да ја намали сегрегацијата. Комисијата даде препорака за училиштата да го зголемат бројот на образовни асистенти. Тоа треба да ја подобри социјализацијата и почитувањето меѓу децата, да ја зголеми соработката меѓу властите и граѓанските организации во насока на намалување на запишувањето на децата во други училишта од страна на не-ромските родители и за подобрување на познавањето на македонскиот јазик меѓу ромските деца, заклучи Комисијата.
Правниот директор на ЕЦПР, Сенада Сали, наведува дека низ годините видлива е преголема застапеност на ромските деца во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев”, чиј број прогресивно се зголемува и тоа доведува до исклучиво ромски одделенија.
– Податоците за учебната 2021/2022 година се посебно алармантни, со вкупно 77 првачиња Роми запишани во училиштето. Тоа покажува дека ова училиште сè повеќе станува целосно сегрегирано, т.е. само за Роми, вели Сали.
Таа додава дека во моментов Центарот ја чека пресудата од Европскиот суд за човекови права за овој случај.
– Иако мислењето на Комисијата е важно е за нас и за родителите и децата кои ги застапување, нема да ја запреме правната битка сè додека властите не направат десегреграција на училиштето и им дадат шанса на ромските и неромските деца од Баир да учат заедно, во инклузивна и етнички разновидна средина, потенцира Сали.

The post Опомена за ОУ „Ѓорѓи Сугарев“: Запишувале само Ромчиња, па создале етничко училиште appeared first on Република.

]]>
Ромите не ги признаваат резултатите од пописот https://arhiva3.republika.mk/vesti/romite-ne-gi-priznavaat-rezultatite-od-popisot/ Wed, 30 Mar 2022 16:26:09 +0000 https://republika.mk/?p=481054

Граѓанската иницијатива Аваја преку реакција до јавноста вели дека не ги признава резултатите од пописот. Ви ја пренесуваме во целост:

Штотуку објавените резултати од пописот кажуваат дека од вкупниот број на попишани граѓани, резидентно население, 58, 44% се Македонци, 24,3% се Албанци, 3,86% се Турци, 2,53% се Роми, 1,3% се Срби, 0,47% се Власи и 0,87 % се Бошњаци. Покрај резидентното население, на овој попис се попишуваше и дијаспората и според резултатите нерезидентното попишано население е со следните проценти, 24,45% Македонци, 66, 36% Албанци, 4,79% Турци, 1,02% Роми, 0,19% Власи, 0,35% Срби и 0,81% Бошњаци.

Според нашите проценки базирани на официјалните државни податоци, од 2002 година до 2020 година вкупниот број на родени Роми изнесува 32.000 Роми, додека бројката на умрени изнесува 8,500. Според овие податоци, природниот прираст изнесува околу 24.000 Роми. Споредбено со другите заедници, без етничките Албанци, Ромите имаат најголем експоненционален природен прираст. Покрај податоците на родени Роми, податоците за Роми во образовниот систем укажуваат на во просек 15.000 Роми ученици во текот на една училишна година. Земајќи го во предвид и податокот дека околу 5.000 Роми не се дел од образовниот процес поради различни причини, произлегува дека во државата имаме околу 20.000 деца на училишна возраст Роми. Доколку се земе во предвид дека едно ромско семејство брои во просек 5 члена, бројката укажува на 100.000 Роми во државата. За бројката на Роми во државата говорат и податоците од АВРСМ, каде што во текот на 2020 година имаме 14.401 активен барател на работа и 3.410 пасивни баратели на работа. Воедно, според нашите податоци постојат околу 10.000 Роми кои не се регистрирани во системот на баратели на работа. Проекцијата и на овој збир укажува дека во државата треба да имаме околу 100.000 Роми.

Процентот од 2,53% Роми или 46.367 Роми резидентно население не е ниту 50% од бројката на Роми која живее во државата. Потсетуваме дека во текот на пописот се затекнаа манипулации на терен со ромското население, се репортираа попишувачи кои попишуваа Роми под друга етничка припадност и се истакнуваа неправилностите во време на траењето на пописот. Во Велес попишувач велел дека нема Ром/Ромка во пописниот прашалник – попишувачот бил отстрането, но по неколку дена попишувачот бил повторно вратен на терен. Во Дебар, Кичево, Радовиш, Струмица, Виница ромските семејства не беа прашувани за етничка припадност. Во овие градови, особено во Струмица и во Радовиш, статистичката операција беше претворена во операција на манипулација на ромското население. Покрај тоа, постојат и населени места кои поради краткиот временски период не беа попишани.

По забележувањето на манипулациите и неправилностите на терен реакциите на Ромите беа дека податоците од овој спроведен попис нема да бидат признаени од страна на ромското население. Тоа се докажа и со објавувањето на денешните резултати, процентот на Роми во државата не е 2,53%. Гледајќи ја бројката и нотираните неправилности и манипулации, овој попис го сметаме за невалиден. Целта на спроведувањето на пописот е генерирање на статистички податоци за креирање на политики, меѓутоа со оглед на тоа што овој попис не ја прикажува вистинската слика за процентот на Роми сметаме дека спроведениот попис нема да помогне во креирањето на политиките во државата. Во овој период дополнително сме во процес на тестирање на податоци од базите на податоци од државата кои го имаат податокот на етничка припадност. Пописот како статистичка и политичка операција не завршува со објавување на податоците.

The post Ромите не ги признаваат резултатите од пописот appeared first on Република.

]]>

Граѓанската иницијатива Аваја преку реакција до јавноста вели дека не ги признава резултатите од пописот. Ви ја пренесуваме во целост: Штотуку објавените резултати од пописот кажуваат дека од вкупниот број на попишани граѓани, резидентно население, 58, 44% се Македонци, 24,3% се Албанци, 3,86% се Турци, 2,53% се Роми, 1,3% се Срби, 0,47% се Власи и 0,87 % се Бошњаци. Покрај резидентното население, на овој попис се попишуваше и дијаспората и според резултатите нерезидентното попишано население е со следните проценти, 24,45% Македонци, 66, 36% Албанци, 4,79% Турци, 1,02% Роми, 0,19% Власи, 0,35% Срби и 0,81% Бошњаци. Според нашите проценки базирани на официјалните државни податоци, од 2002 година до 2020 година вкупниот број на родени Роми изнесува 32.000 Роми, додека бројката на умрени изнесува 8,500. Според овие податоци, природниот прираст изнесува околу 24.000 Роми. Споредбено со другите заедници, без етничките Албанци, Ромите имаат најголем експоненционален природен прираст. Покрај податоците на родени Роми, податоците за Роми во образовниот систем укажуваат на во просек 15.000 Роми ученици во текот на една училишна година. Земајќи го во предвид и податокот дека околу 5.000 Роми не се дел од образовниот процес поради различни причини, произлегува дека во државата имаме околу 20.000 деца на училишна возраст Роми. Доколку се земе во предвид дека едно ромско семејство брои во просек 5 члена, бројката укажува на 100.000 Роми во државата. За бројката на Роми во државата говорат и податоците од АВРСМ, каде што во текот на 2020 година имаме 14.401 активен барател на работа и 3.410 пасивни баратели на работа. Воедно, според нашите податоци постојат околу 10.000 Роми кои не се регистрирани во системот на баратели на работа. Проекцијата и на овој збир укажува дека во државата треба да имаме околу 100.000 Роми. Процентот од 2,53% Роми или 46.367 Роми резидентно население не е ниту 50% од бројката на Роми која живее во државата. Потсетуваме дека во текот на пописот се затекнаа манипулации на терен со ромското население, се репортираа попишувачи кои попишуваа Роми под друга етничка припадност и се истакнуваа неправилностите во време на траењето на пописот. Во Велес попишувач велел дека нема Ром/Ромка во пописниот прашалник – попишувачот бил отстрането, но по неколку дена попишувачот бил повторно вратен на терен. Во Дебар, Кичево, Радовиш, Струмица, Виница ромските семејства не беа прашувани за етничка припадност. Во овие градови, особено во Струмица и во Радовиш, статистичката операција беше претворена во операција на манипулација на ромското население. Покрај тоа, постојат и населени места кои поради краткиот временски период не беа попишани. По забележувањето на манипулациите и неправилностите на терен реакциите на Ромите беа дека податоците од овој спроведен попис нема да бидат признаени од страна на ромското население. Тоа се докажа и со објавувањето на денешните резултати, процентот на Роми во државата не е 2,53%. Гледајќи ја бројката и нотираните неправилности и манипулации, овој попис го сметаме за невалиден. Целта на спроведувањето на пописот е генерирање на статистички податоци за креирање на политики, меѓутоа со оглед на тоа што овој попис не ја прикажува вистинската слика за процентот на Роми сметаме дека спроведениот попис нема да помогне во креирањето на политиките во државата. Во овој период дополнително сме во процес на тестирање на податоци од базите на податоци од државата кои го имаат податокот на етничка припадност. Пописот како статистичка и политичка операција не завршува со објавување на податоците.

The post Ромите не ги признаваат резултатите од пописот appeared first on Република.

]]>