романот „Хотел меѓу две војни“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/romanot-hotel-megju-dve-vojni/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Apr 2022 09:23:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png романот „Хотел меѓу две војни“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/romanot-hotel-megju-dve-vojni/ 32 32 Доделување на наградата „Пегаз“ за романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dodeluvanje-na-nagradata-pegaz-za-romanot-hotel-megju-dve-vojni-od-aleksandar-rusjakov/ Wed, 06 Apr 2022 09:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=483971

Во Галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе биде доделена книжевната награда „Пегаз“ за 2021 година за најдобар необјавен роман и ќе биде промовиран победникот на конкурсот – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков.

На доделувањето на наградата ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски, Фросина Пармаковска и Бисера Бендевска, а првонаградениот роман „Хотел меѓу две војни“ ќе го промовира Оливера Ќорвезироска.

„Хотел меѓу две војни“ е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа, пред сè, многубројните војни од првата половина на 20 век, судбините на Мустафа и Елени се прикажани преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите, соопшти издавачката куќа „Арс Ламина“ која го организира конкусрот за наградата „Пегаз“.

На конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2021 година пристигнале 44 ракописи, а во најтесниот избор биле и „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција.

Ова е трето издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината. „Арс Ламина“ го организира во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

The post Доделување на наградата „Пегаз“ за романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков appeared first on Република.

]]>

Во Галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе биде доделена книжевната награда „Пегаз“ за 2021 година за најдобар необјавен роман и ќе биде промовиран победникот на конкурсот – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. На доделувањето на наградата ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски, Фросина Пармаковска и Бисера Бендевска, а првонаградениот роман „Хотел меѓу две војни“ ќе го промовира Оливера Ќорвезироска.
„Хотел меѓу две војни“ е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа, пред сè, многубројните војни од првата половина на 20 век, судбините на Мустафа и Елени се прикажани преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите, соопшти издавачката куќа „Арс Ламина“ која го организира конкусрот за наградата „Пегаз“.
На конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2021 година пристигнале 44 ракописи, а во најтесниот избор биле и „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Ова е трето издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината. „Арс Ламина“ го организира во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

The post Доделување на наградата „Пегаз“ за романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков appeared first on Република.

]]>