Романија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/romanija/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 19:41:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Романија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/romanija/ 32 32 Јужнокорејска компанија ќе произведува артилериски системи во Романија, за да го освојува европскиот пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/juzhnokorejska-kompanija-ke-proizveduva-artileriski-sistemi-vo-romanija-za-da-go-osvojuva-evropskiot-pazar/ Sat, 30 Nov 2024 19:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=840500

Јужнокорејската компанија „Hanwha Aerospace“ ќе почне со изградба на воена фабрика во Романија за локализирање на производството на самоодни артилериски системи К9.

Претпријатието ќе биде насочено кон производство, истражување, тестирање, обука и обезбедување услуги за одржување и поправка на јужнокорејските хаубици К9. Се очекува првите хаубици да и бидат испорачани на романската армија на почетокот на 2027 година.

Локализацијата на производството стана предуслов за конкурентност на Корејците со другите големи играчи на европскиот пазар на оружје. „Hanwha Aerospace“ веќе планира да го прошири своето присуство во Саудиска Арабија, главен играч на Блискиот Исток, за да го развие локалното производство.

„Hanwha Aerospace“ има за цел да ги максимизира придобивките за романската одбранбена индустрија преку различни видови програми за локализација, кои вклучуваат локално производство на одбранбена опрема, локално вработување, трансфер на технологија и формирање на Центар за извонредност за одржување и поправка на нови капацитети во Романија.

„Hanwha Aerospace“ е јужнокорејска компанија за производство на воздухопловство и воена опрема, подружница на „Hanwha Group“. Основана е на 1 август 1977 година под името „Samsung Precision“.

Области на активност на компанијата:

- Лансирања во вселената. Во јуни 2022 година се случи успешно лансирање на сопственото вселенско летало Нури (KSLV-II). Јужна Кореја стана седмата земја во светот која лансираше сателит тежок 1,5 тон во орбитата користејќи свои технологии.

- Воена опрема. Hanwha Aerospace“ ги развива „Chunmoo MLRS“, хаубицата K9, тактичките ракети „TAipers“, беспилотниот транспортер „Arion-SMET“, како и оклопни возила.

The post Јужнокорејска компанија ќе произведува артилериски системи во Романија, за да го освојува европскиот пазар appeared first on Република.

]]>

Јужнокорејската компанија „Hanwha Aerospace“ ќе почне со изградба на воена фабрика во Романија за локализирање на производството на самоодни артилериски системи К9. Претпријатието ќе биде насочено кон производство, истражување, тестирање, обука и обезбедување услуги за одржување и поправка на јужнокорејските хаубици К9. Се очекува првите хаубици да и бидат испорачани на романската армија на почетокот на 2027 година. Локализацијата на производството стана предуслов за конкурентност на Корејците со другите големи играчи на европскиот пазар на оружје. „Hanwha Aerospace“ веќе планира да го прошири своето присуство во Саудиска Арабија, главен играч на Блискиот Исток, за да го развие локалното производство. „Hanwha Aerospace“ има за цел да ги максимизира придобивките за романската одбранбена индустрија преку различни видови програми за локализација, кои вклучуваат локално производство на одбранбена опрема, локално вработување, трансфер на технологија и формирање на Центар за извонредност за одржување и поправка на нови капацитети во Романија. „Hanwha Aerospace“ е јужнокорејска компанија за производство на воздухопловство и воена опрема, подружница на „Hanwha Group“. Основана е на 1 август 1977 година под името „Samsung Precision“. Области на активност на компанијата: - Лансирања во вселената. Во јуни 2022 година се случи успешно лансирање на сопственото вселенско летало Нури (KSLV-II). Јужна Кореја стана седмата земја во светот која лансираше сателит тежок 1,5 тон во орбитата користејќи свои технологии. - Воена опрема. Hanwha Aerospace“ ги развива „Chunmoo MLRS“, хаубицата K9, тактичките ракети „TAipers“, беспилотниот транспортер „Arion-SMET“, како и оклопни возила.

The post Јужнокорејска компанија ќе произведува артилериски системи во Романија, за да го освојува европскиот пазар appeared first on Република.

]]>
Романија бира претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/romanija-bira-pretsedatel/ Sun, 24 Nov 2024 08:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=841197

Романците денеска избираат нов претседател од 13 кандидати, а најголеми шанси имаат премиерот Марсел Чолаку, кој е поддржан од најголемата романска партија – Социјалдемократската партија и лидерот на десничарската Алијанса за обединување на Романците, Џорџ Симион.

Право на глас имаат нешто повеќе од 18 милиони Романци, а во странство живеат над 989.000 гласачи. Гласањето во странство почна завчера.

Најмладиот кандидат за претседател на Романија има 37 години, најстариот – 66.

Меѓу нив има искусни политичари и претставници од различни професии – ветеринари, новинари и адвокати, поранешен генерал и поранешен офицер.

Главен фаворит на претседателските избори е актуелниот премиер Чолаку.

Гласањето ќе заврши во 21 часот по локално време

The post Романија бира претседател appeared first on Република.

]]>

Романците денеска избираат нов претседател од 13 кандидати, а најголеми шанси имаат премиерот Марсел Чолаку, кој е поддржан од најголемата романска партија – Социјалдемократската партија и лидерот на десничарската Алијанса за обединување на Романците, Џорџ Симион. Право на глас имаат нешто повеќе од 18 милиони Романци, а во странство живеат над 989.000 гласачи. Гласањето во странство почна завчера. Најмладиот кандидат за претседател на Романија има 37 години, најстариот – 66. Меѓу нив има искусни политичари и претставници од различни професии – ветеринари, новинари и адвокати, поранешен генерал и поранешен офицер. Главен фаворит на претседателските избори е актуелниот премиер Чолаку. Гласањето ќе заврши во 21 часот по локално време

The post Романија бира претседател appeared first on Република.

]]>
Европскиот парламент ќе побара брз прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropskiot-parlament-ke-pobara-brz-priem-na-bugarija-i-romanija-vo-shengen-zonata/ Thu, 21 Nov 2024 14:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=840454

Европскиот парламент (ЕП) ќе го повика Советот на ЕУ да ги финализира постапките за целосно приклучување на Бугарија и Романија во Шенген зоната, објавено е во агендата за претстојната сесија во Стразбур, што ќе се одржи следната седмица.

На 26 ноември ќе се одржи дискусија со Европската комисија за ова прашање. Иако двете земји беа примени во Шенген во декември минатата година, останува да се укинат граничните контроли на копнените граници, јавува БТА.

Очекувањата се дека министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе го донесат решението на 12 декември. Претходно е закажан состанок во Будимпешта помеѓу претставници на Бугарија, Романија и Австрија – единствената земја што го блокира процесот.

The post Европскиот парламент ќе побара брз прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент (ЕП) ќе го повика Советот на ЕУ да ги финализира постапките за целосно приклучување на Бугарија и Романија во Шенген зоната, објавено е во агендата за претстојната сесија во Стразбур, што ќе се одржи следната седмица. На 26 ноември ќе се одржи дискусија со Европската комисија за ова прашање. Иако двете земји беа примени во Шенген во декември минатата година, останува да се укинат граничните контроли на копнените граници, јавува БТА. Очекувањата се дека министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе го донесат решението на 12 декември. Претходно е закажан состанок во Будимпешта помеѓу претставници на Бугарија, Романија и Австрија – единствената земја што го блокира процесот.  

The post Европскиот парламент ќе побара брз прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната appeared first on Република.

]]>
Романците скандираа „Косово е Србија“, Косовците го напуштија теренот: УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Косово и Романија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/romantsite-skandiraa-kosovo-e-srbija-kosovtsite-go-napushtija-terenot-uefa-otvori-distsiplinska-postapka-protiv-reprezentatsiite-na-kosovo-i-romanija/ Sun, 17 Nov 2024 09:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=838731

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово поради однесувањето на навивачите за време на петочниот натпреварот од Лигата на нации, јавува „Би-би-си“.

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) на крајот од средбата ги обвини романските навивачи за дискриминација, поради што нивните фудбалери биле принудени да го напуштат теренот во Букурешт. Романските навивачи скандираа „Косово е Србија“.

Како одговор, Романската фудбалска федерација (ФРФ) соопшти дека немало расистички скандирања за време на натпреварот.

Репрезентацијата на Романија, без овој натпревар, се наоѓа на првото место во групата 2 од Лигата Ц, со 12 бода. Косово е на второто место со 9 бодови.

The post Романците скандираа „Косово е Србија“, Косовците го напуштија теренот: УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Косово и Романија appeared first on Република.

]]>

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово поради однесувањето на навивачите за време на петочниот натпреварот од Лигата на нации, јавува „Би-би-си“. Фудбалската федерација на Косово (ФФК) на крајот од средбата ги обвини романските навивачи за дискриминација, поради што нивните фудбалери биле принудени да го напуштат теренот во Букурешт. Романските навивачи скандираа „Косово е Србија“. Како одговор, Романската фудбалска федерација (ФРФ) соопшти дека немало расистички скандирања за време на натпреварот. Репрезентацијата на Романија, без овој натпревар, се наоѓа на првото место во групата 2 од Лигата Ц, со 12 бода. Косово е на второто место со 9 бодови.

The post Романците скандираа „Косово е Србија“, Косовците го напуштија теренот: УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Косово и Романија appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Треба да направиме се за Романија да влезе во Шенген https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-treba-da-napravime-se-za-romanija-da-vleze-vo-shengen/ Fri, 15 Nov 2024 19:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=838271

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на прес-конференција во романскиот град Миеркурија Чук, порача дека националните интереси на Романија и Унгарија се совпаѓаат во однос на целосното пристапување на земјата во Шенген зоната.

Мораме да направиме се што е можно Романија конечно да влезе во Шенген зоната како полноправна членка. Овде зборуваме за прашање каде што се поклопуваат националните интереси на Романија и Унгарија, односно на двата народи. Поради оваа причина, ќе сториме се што е можно, ќе мобилизираме сè и ќе се обидеме да ги убедиме сите во следните два месеца за конечно да може Романија да влезе во Шенген зоната. Наш интерес е животот на заедниците од двете страни на границата да бидат што посилно поврзани, за што ни е потребен статус за членство во Шенген“, порача Сијарто.

Темата за Шенген беше разгледана и на форумот во Миеркурија Чук, на кој шефот на унгарската дипломатија учествуваше заедно со лидерот на Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија, Келемен Хунор.

The post Сијарто: Треба да направиме се за Романија да влезе во Шенген appeared first on Република.

Романија повторно подигна воени авиони: „Неидентификуван објект“ го наруши воздушниот простор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/romanija-povtorno-podigna-voeni-avioni-neidentifikuvan-objekt-go-narushi-vozdushniot-prostor/ Sun, 20 Oct 2024 11:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=829093

Радарските служби на Романија и во петокот вечер регистрирале беспилотно летало во националниот воздушен простор, два дена откако беа испратени два борбени авиона да пресретнат дрон што се приближувал до Констанца на црноморскиот брег.

Сигналот од дронот регистриран во петокот бил слаб, а пилотите во пресретнувачите изјавиле дека не можеле да воспостават визуелен контакт со леталото регистрирано на радарите.

Во петокот бил регистриран дрон во истиот регион, но 19 километри подлабоко во романскиот простор. Биле испратени два романски авиона „ф-16“ и два шпански „ф-18“, но пилотите повторно не забележале ништо.

The post Романија повторно подигна воени авиони: „Неидентификуван објект“ го наруши воздушниот простор appeared first on Република.

]]>

Радарските служби на Романија и во петокот вечер регистрирале беспилотно летало во националниот воздушен простор, два дена откако беа испратени два борбени авиона да пресретнат дрон што се приближувал до Констанца на црноморскиот брег. Сигналот од дронот регистриран во петокот бил слаб, а пилотите во пресретнувачите изјавиле дека не можеле да воспостават визуелен контакт со леталото регистрирано на радарите. Во петокот бил регистриран дрон во истиот регион, но 19 километри подлабоко во романскиот простор. Биле испратени два романски авиона „ф-16“ и два шпански „ф-18“, но пилотите повторно не забележале ништо.

The post Романија повторно подигна воени авиони: „Неидентификуван објект“ го наруши воздушниот простор appeared first on Република.

]]>
Романија се надева дека ќе влезе во Шенген зоната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/romanija-se-nadeva-deka-ke-vleze-vo-shengen-zonata/ Sun, 20 Oct 2024 07:03:54 +0000 https://republika.mk/?p=828970

Романскиот премиер Марсел Чолаку изјави дека е уверен оти неговата земја ќе влезе во Шенген зоната до крајот на годината.

    – Како што сите знаете, изборите во Австрија завршија. Сè уште не формирале нова влада. Дозволете ми да ви кажам со 99,9 отсто сигурност дека Романија ќе се приклучи на Шенген оваа година – изјави Чолаку на новинарите.

    На крајот на март, Романија и Бугарија делумно се приклучија на безвизната Шенген зона на ЕУ.

    Поморските и аеродромските гранични контроли за овие земји се укинати и остануваат само контролите на нивните копнени граници.

    За нивното укинување потребна е уште една одлука на Советот на ЕУ, која мора да биде едногласна.

    Целосниот влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната беше блокиран од Австрија, која стравува од зголемување на бројот на мигранти.

    Бугарија и Романија ќе треба да докажат дека ги исполнуваат условите за полноправно членство во Шенген зоната, особено во областа на борбата против илегалната миграција.

    The post Романија се надева дека ќе влезе во Шенген зоната appeared first on Република.

    ]]>

    Романскиот премиер Марсел Чолаку изјави дека е уверен оти неговата земја ќе влезе во Шенген зоната до крајот на годината.
      – Како што сите знаете, изборите во Австрија завршија. Сè уште не формирале нова влада. Дозволете ми да ви кажам со 99,9 отсто сигурност дека Романија ќе се приклучи на Шенген оваа година – изјави Чолаку на новинарите.
      На крајот на март, Романија и Бугарија делумно се приклучија на безвизната Шенген зона на ЕУ. Поморските и аеродромските гранични контроли за овие земји се укинати и остануваат само контролите на нивните копнени граници. За нивното укинување потребна е уште една одлука на Советот на ЕУ, која мора да биде едногласна. Целосниот влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната беше блокиран од Австрија, која стравува од зголемување на бројот на мигранти. Бугарија и Романија ќе треба да докажат дека ги исполнуваат условите за полноправно членство во Шенген зоната, особено во областа на борбата против илегалната миграција.

      The post Романија се надева дека ќе влезе во Шенген зоната appeared first on Република.

      ]]> Советот на ЕУ ќе расправа за прашањето за Шенген во однос на Бугарија и Романија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sovetot-na-eu-ke-rasprava-za-prashaneto-za-shengen-vo-odnos-na-bugarija-i-romanija/ Fri, 27 Sep 2024 16:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=820363

      Советот на ЕУ на 10 октомври во Луксембург ќе расправа за моменталната состојба на примена на шенгенското законодавство од Бугарија и Романија. Тоа е наведено во програмата за работа на институцијата за почетокот на следниот месец.

      Министрите за внатрешни работи ќе разговараат за општата состојба на Шенген зоната. Европската комисија ќе презентира извештај за Шенген со податоци од изминатите две години. Документот ќе ги наведе заканите за заедничкиот простор без гранични проверки. Министрите ќе разговараат и за прашањето за зголемување на отпорноста на надворешните граници на ЕУ, пренесе БТА.

      The post Советот на ЕУ ќе расправа за прашањето за Шенген во однос на Бугарија и Романија appeared first on Република.

      ]]>

      Советот на ЕУ на 10 октомври во Луксембург ќе расправа за моменталната состојба на примена на шенгенското законодавство од Бугарија и Романија. Тоа е наведено во програмата за работа на институцијата за почетокот на следниот месец. Министрите за внатрешни работи ќе разговараат за општата состојба на Шенген зоната. Европската комисија ќе презентира извештај за Шенген со податоци од изминатите две години. Документот ќе ги наведе заканите за заедничкиот простор без гранични проверки. Министрите ќе разговараат и за прашањето за зголемување на отпорноста на надворешните граници на ЕУ, пренесе БТА.

      The post Советот на ЕУ ќе расправа за прашањето за Шенген во однос на Бугарија и Романија appeared first on Република.

      ]]>
      Пожар во романскиот Парламент, евакуирани 300 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pozhar-vo-romanskiot-parlament-evakuirani-300-luge/ Tue, 17 Sep 2024 15:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=817170

      Во романскиот Парламент  избувна пожар поради што се евакуирани 300 лица, јавуваат романските медиуми.

      Пожарот се случил на влезот во зоната за посетители, на ниво С2. Пожарникарите биле во објектот и веднаш интервенирале, така што тој е изгаснат во моментот. Надлежните институции ќе ја утврдат причината за пожарот“, се наведува во соопштението на Долниот дом.

      Инспекторатот за вонредни состојби (ИСУ) наведува дека пожарот избувнал во просторија за посетители од 30 метри квадратни.

      Запалени се текстил и канцелариски предмети. Нема повредени во инцидентот“, соопшти ИСУ Букурешт.

      Полицијата соопшти дека „по првичните истраги е утврдено дека посетител наводно фрлил запалива материја“ кон Собранието, и дека врши проверка на идентитетот на човекот кој се обидел да побегне.

      The post Пожар во романскиот Парламент, евакуирани 300 луѓе appeared first on Република.

      Силен земјотрес во Романија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/silen-zemjotres-vo-romanija-2/ Mon, 16 Sep 2024 18:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=816896

      Околу 17:40 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јави ЕМСЦ.

      Земјотресот се случил на 62 километри северозападно од Бузау и на длабочина од 137 километри под епицентарот во близина на Бузау.

      Сеизмичките прелиминарни податоци покажуваат дека земјотресот не требало да предизвика значителна штета, но веројатно многумина го почувствувале како лесна вибрација во подрачјето на епицентарот.

      The post Силен земјотрес во Романија appeared first on Република.

      ]]>

      Околу 17:40 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јави ЕМСЦ. Земјотресот се случил на 62 километри северозападно од Бузау и на длабочина од 137 километри под епицентарот во близина на Бузау. Сеизмичките прелиминарни податоци покажуваат дека земјотресот не требало да предизвика значителна штета, но веројатно многумина го почувствувале како лесна вибрација во подрачјето на епицентарот.  

      The post Силен земјотрес во Романија appeared first on Република.

      ]]>
      Воздушна тревога во Романија поради можен руски напад во близина на границата со Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vozdushna-trevoga-vo-romanija-poradi-mozhen-ruski-napad-vo-blizina-na-granitsata-so-ukraina/ Sun, 08 Sep 2024 08:03:59 +0000 https://republika.mk/?p=814272

      Предупредувачко известување за можност од паѓање на објекти од воздух добија синоќа жителите на романските окрузи Тулча и Констанца преку системот „Ро-Алeрт“ (Ro-Alert), пренесува Диџи24.

      „Останете смирени. Засолнете се во подруми или во засолништа за цивилна заштита. Доколку нема засолниште, останете внатре во куќите, далеку од прозорци и надворешни ѕидови. Очекувано времетраење: 90 минути“, се вели во пораката, испратена неколку минути пред три часот по полноќ.

      Диџи24 наведува дека ова е првпат вакво известување да се испрати и до округот Констанца. Досега вакви предупредувања добиваа жителите на Тулча, Браила и Галац.

      Известувањето беше испратено синоќа, откако националните одбранбени и безбедносни структури забележаа можен напад од Руската Федерација врз некои цели на територијата на Украина, во близина на границата со Романија. Во него се пренесуваат информации за предупредување и информирање на населението за можноста од паѓање на предмети од воздушниот простор и мерки за засолнување ако ситуацијата го наложува тоа“, истакнаа од Инспекторатот за итни случаи на Тулча. Тие изјавија дека овие известувања имаат цел да го информираат населението од граничната зона на Романија.

      Минатата година Романија неколку пати соопшти за пронајдени остатоци од руски дронови на нејзина територија по напади врз украински цели на спротивниот брег на реката Дунав, потсетуваат локалните медиуми.

      The post Воздушна тревога во Романија поради можен руски напад во близина на границата со Украина appeared first on Република.

      ]]>

      Предупредувачко известување за можност од паѓање на објекти од воздух добија синоќа жителите на романските окрузи Тулча и Констанца преку системот „Ро-Алeрт“ (Ro-Alert), пренесува Диџи24. „Останете смирени. Засолнете се во подруми или во засолништа за цивилна заштита. Доколку нема засолниште, останете внатре во куќите, далеку од прозорци и надворешни ѕидови. Очекувано времетраење: 90 минути“, се вели во пораката, испратена неколку минути пред три часот по полноќ. Диџи24 наведува дека ова е првпат вакво известување да се испрати и до округот Констанца. Досега вакви предупредувања добиваа жителите на Тулча, Браила и Галац.
      Известувањето беше испратено синоќа, откако националните одбранбени и безбедносни структури забележаа можен напад од Руската Федерација врз некои цели на територијата на Украина, во близина на границата со Романија. Во него се пренесуваат информации за предупредување и информирање на населението за можноста од паѓање на предмети од воздушниот простор и мерки за засолнување ако ситуацијата го наложува тоа“, истакнаа од Инспекторатот за итни случаи на Тулча. Тие изјавија дека овие известувања имаат цел да го информираат населението од граничната зона на Романија.
      Минатата година Романија неколку пати соопшти за пронајдени остатоци од руски дронови на нејзина територија по напади врз украински цели на спротивниот брег на реката Дунав, потсетуваат локалните медиуми.  

      The post Воздушна тревога во Романија поради можен руски напад во близина на границата со Украина appeared first on Република.

      ]]>
      Романија ќе донира два ракетни система „Патриот“ за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/romanija-ke-donira-dva-raketni-sistema-patriot-za-ukraina/ Tue, 03 Sep 2024 17:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=812781

      Долниот дом на романскиот Парламент усвои закон со кој се одобрува донацијата на еден одбранбен ракетен систем Патриот на Украина.

      Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри долга граница со Украина. За време на руските напади врз украинските пристаништа од другата страна на Дунав, остатоци од беспилотни летала често паѓаат на романска територија.

      Откако претседателот Клаус Јоханис ќе го потпише споменатиот документ и тој ќе стане правен акт, владата ќе издаде наредба за спроведување на донацијата.

      Романија одлучи да донира два оперативни система „Патриот“ под услов Алијансата подоцна да ги замени со друг систем „Патриот“.

      Во законот усвоен од парламентот се наведува и дека американските заменски системи „Патриот“ не смеат да чинат повеќе од тоа што Романија го платила за двата и дека трошоците ќе бидат платени од „неповратни странски извори“.

      Во 2017 година, Романија потпиша договор од четири милијарди долари за купување на системите „Патриот“. Досега на земјата и се испорачани четири системи, од кои два се веќе оперативни.

      The post Романија ќе донира два ракетни система „Патриот“ за Украина appeared first on Република.

      ]]>

      Долниот дом на романскиот Парламент усвои закон со кој се одобрува донацијата на еден одбранбен ракетен систем Патриот на Украина. Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри долга граница со Украина. За време на руските напади врз украинските пристаништа од другата страна на Дунав, остатоци од беспилотни летала често паѓаат на романска територија. Откако претседателот Клаус Јоханис ќе го потпише споменатиот документ и тој ќе стане правен акт, владата ќе издаде наредба за спроведување на донацијата. Романија одлучи да донира два оперативни система „Патриот“ под услов Алијансата подоцна да ги замени со друг систем „Патриот“. Во законот усвоен од парламентот се наведува и дека американските заменски системи „Патриот“ не смеат да чинат повеќе од тоа што Романија го платила за двата и дека трошоците ќе бидат платени од „неповратни странски извори“. Во 2017 година, Романија потпиша договор од четири милијарди долари за купување на системите „Патриот“. Досега на земјата и се испорачани четири системи, од кои два се веќе оперативни.

      The post Романија ќе донира два ракетни система „Патриот“ за Украина appeared first on Република.

      ]]>
      Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија „за да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/romanija-saka-da-go-kupi-edinstvenoto-pristanishte-na-moldavija-za-da-stane-vazhen-tsentar-vo-protsesot-na-obnova-na-ukraina/ Tue, 03 Sep 2024 14:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=810945

      Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија, што се наоѓа во Црното Море.

      Станува збор за купување на меѓународниот дел на пристаништето Ѓурѓулешти на брегот на Дунав.

      Интерес за купување изрази романскиот премиер Марсел Чолаку, кој се занимава и со купување на енергетски компании во Молдавија.

      Пристаништето Ѓурѓулешти има терминал за нафта, два терминали за жито, терминал за други товари и деловен парк. Не е наведена сумата за која Романија е подготвена да го купи пристаништето.

      Уште во септември 2023 година, Чолаку ги објави плановите на земјата да го купи молдавското пристаниште, бидејќи Романија „треба да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“.

      The post Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија „за да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“ appeared first on Република.

      ]]>

      Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија, што се наоѓа во Црното Море. Станува збор за купување на меѓународниот дел на пристаништето Ѓурѓулешти на брегот на Дунав. Интерес за купување изрази романскиот премиер Марсел Чолаку, кој се занимава и со купување на енергетски компании во Молдавија. Пристаништето Ѓурѓулешти има терминал за нафта, два терминали за жито, терминал за други товари и деловен парк. Не е наведена сумата за која Романија е подготвена да го купи пристаништето. Уште во септември 2023 година, Чолаку ги објави плановите на земјата да го купи молдавското пристаниште, бидејќи Романија „треба да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“.

      The post Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија „за да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“ appeared first on Република.

      ]]>
      Мисајловски: Благодарност за помошта што Романија ни ја даде во справувањето со пожарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-blagodarnost-za-pomoshta-shto-romanija-ni-ja-dade-vo-spravuvaneto-so-pozharite/ Mon, 12 Aug 2024 11:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=805811

      Министерот Владо Мисајловски се сретна со амбасадорката на Романија, Н.Е. Моника Аксинте и со одбранбеното аташе, полковникот Каталин-Петре Арчип, во Министерството за одбрана, на која беше потврдена успешната соработка помеѓу двете сојузнички земји.

      Министерот Мисајловски упати благодарност за помошта која Романија ни ја пружи во справувањето со пожарите со упатување на два специјални авиони и тимови за гаснење пожар.

      За време на средбата се разговараше за регионалната соработка која е од особено значење за стабилноста на регионот како и за можностите и унапредување на билатералната одбранбена соработка преку размена на експерти на полето на односи со јавност, кризни состојби, одбранбеното право како и стручното оспособување.

      The post Мисајловски: Благодарност за помошта што Романија ни ја даде во справувањето со пожарите appeared first on Република.

      ]]>

      Министерот Владо Мисајловски се сретна со амбасадорката на Романија, Н.Е. Моника Аксинте и со одбранбеното аташе, полковникот Каталин-Петре Арчип, во Министерството за одбрана, на која беше потврдена успешната соработка помеѓу двете сојузнички земји. Министерот Мисајловски упати благодарност за помошта која Романија ни ја пружи во справувањето со пожарите со упатување на два специјални авиони и тимови за гаснење пожар. За време на средбата се разговараше за регионалната соработка која е од особено значење за стабилноста на регионот како и за можностите и унапредување на билатералната одбранбена соработка преку размена на експерти на полето на односи со јавност, кризни состојби, одбранбеното право како и стручното оспособување.

      The post Мисајловски: Благодарност за помошта што Романија ни ја даде во справувањето со пожарите appeared first on Република.

      ]]>
      ОИ: Романскиот премиер ќе го бојкотира затворањето поради одземениот медал во гимнастика https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-romanskiot-premier-ke-go-bojkotira-zatvoraneto-poradi-odzemeniot-medal-vo-gimnastika/ Tue, 06 Aug 2024 18:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=804036

      Романскиот премиер Марсел Чолаку најави денеска дека ќе ја бојкотира церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз поради скандалот со одземениот бронзен медал на романска гимнастичарка Ана Барбоса.

      Романската гимнастичарка во понеделникот го прославуваше бронзениот медал во партер, кога американската репрезентација поднесе жалба на резултатот од настапот на Џордан Чилс. Судиите ја променија одлуката и го подобрија резултатот на Американката за 0,1 поени, што беше доволно таа да скокне од петтото на третото место и да ја истисне Барбоса од победничкиот пиедестал.

      „Одлучив да не присуствувам на затворањето на Олимписките игри во Париз поради скандалозната ситуација во гимнастиката, каде нашите спортистки беа третирани на апсолутно нечесен начин. Да одземете медал заработен со чесна работа врз основа на жалба. е целосно неприфатливо“, објави Чолаку на својот Фејсбук профил.

      Тој рече дека Романија ќе ги третира Барбоса и петтопласираната Сабрина Манека-Војнеа како медалистки во однос на наградите.

      „Зад себе ја имате цела нација, за која вашиот труд и солзи се поскапоцени од кој било медал, без разлика од кој скапоцен метал се направени“, рече Чолаку.

      Барбоса го држеше романското знаме кога виде дека резултатот на семафорот е променет, шокирана го испушти знамето, ги стави рацете на лицето и во солзи замина во соблекувалната.

      The post ОИ: Романскиот премиер ќе го бојкотира затворањето поради одземениот медал во гимнастика appeared first on Република.

      ]]>

      Романскиот премиер Марсел Чолаку најави денеска дека ќе ја бојкотира церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз поради скандалот со одземениот бронзен медал на романска гимнастичарка Ана Барбоса. Романската гимнастичарка во понеделникот го прославуваше бронзениот медал во партер, кога американската репрезентација поднесе жалба на резултатот од настапот на Џордан Чилс. Судиите ја променија одлуката и го подобрија резултатот на Американката за 0,1 поени, што беше доволно таа да скокне од петтото на третото место и да ја истисне Барбоса од победничкиот пиедестал.
      „Одлучив да не присуствувам на затворањето на Олимписките игри во Париз поради скандалозната ситуација во гимнастиката, каде нашите спортистки беа третирани на апсолутно нечесен начин. Да одземете медал заработен со чесна работа врз основа на жалба. е целосно неприфатливо“, објави Чолаку на својот Фејсбук профил.
      Тој рече дека Романија ќе ги третира Барбоса и петтопласираната Сабрина Манека-Војнеа како медалистки во однос на наградите.
      „Зад себе ја имате цела нација, за која вашиот труд и солзи се поскапоцени од кој било медал, без разлика од кој скапоцен метал се направени“, рече Чолаку.
      Барбоса го држеше романското знаме кога виде дека резултатот на семафорот е променет, шокирана го испушти знамето, ги стави рацете на лицето и во солзи замина во соблекувалната.

      The post ОИ: Романскиот премиер ќе го бојкотира затворањето поради одземениот медал во гимнастика appeared first on Република.

      ]]>
      Сите зборуваат како Ромаците ја оставија соблекувалната зад себе https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/site-zboruvaat-kako-romatsite-ja-ostavija-soblekuvalnata-zad-sebe/ Wed, 03 Jul 2024 16:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=793161

      Фудбалерите на Романија го завршија Европското првенство во Германија со пораз од Холандија (3-0) во осминафиналето, но ги воодушевија сите љубители на фудбалот со нивниот потег по натпреварот на Алијанц арената.

      По примерот на Јапонците го средиле домот на фудбалерите на Баерн и ја оставиле соблекувалната буквално во состојбата во која ја пронашле.

      Романците дури и на домаќините им оставиле порака на романски и германски јазик.

      ЕУРО 2024 за секого од нас беше едно од најважните фудбалски искуства досега. Мило ни е што беше токму во Германија. Секој натпревар, секоја емоција, секое искуство направи да ја почувствуваме магијата на фудбалот. Заминуваме од Германија со мисла дека дадовме се за Романија и благодарни сме за сè што доживеавме додека бевме тука. Беше чест да се биде дел од големото семејство на европскиот фудбал. Ви благодарам што направивте да се чувствуваме како дома, пишува во пораката која ја оставиле Романците во соблекувалната.

      The post Сите зборуваат како Ромаците ја оставија соблекувалната зад себе appeared first on Република.

      ]]>

      Фудбалерите на Романија го завршија Европското првенство во Германија со пораз од Холандија (3-0) во осминафиналето, но ги воодушевија сите љубители на фудбалот со нивниот потег по натпреварот на Алијанц арената. По примерот на Јапонците го средиле домот на фудбалерите на Баерн и ја оставиле соблекувалната буквално во состојбата во која ја пронашле. Романците дури и на домаќините им оставиле порака на романски и германски јазик.
      ЕУРО 2024 за секого од нас беше едно од најважните фудбалски искуства досега. Мило ни е што беше токму во Германија. Секој натпревар, секоја емоција, секое искуство направи да ја почувствуваме магијата на фудбалот. Заминуваме од Германија со мисла дека дадовме се за Романија и благодарни сме за сè што доживеавме додека бевме тука. Беше чест да се биде дел од големото семејство на европскиот фудбал. Ви благодарам што направивте да се чувствуваме како дома, пишува во пораката која ја оставиле Романците во соблекувалната.
       
      The post Сите зборуваат како Ромаците ја оставија соблекувалната зад себе appeared first on Република.

      ]]>
      Стипендии за студии во Романија за академската 2024/2025 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stipendii-za-studii-vo-romanija-za-akademskata-2024-2025-godina/ Fri, 31 May 2024 14:12:11 +0000 https://republika.mk/?p=783596

      Министерството за образование и наука информира дека Владата на Романија почна програма за стипендирање државјани на Република Македонија за академската 2024/2025 година.

      Владата на Романија доделува пет стипендии за магистерски студии, пет стипендии за докторски студии и пет стипендии за учество на летни курсеви за романски јазик, култура и цивилизација. Апликациите за овие стипендии треба да се достават до архивата на Министерството за образование и наука, најдоцна до 5 јули 2024, наведува МОН во објавата.

      Потребните информации за овие стипендии и формуларот за апицирање за заинтересираните кандидати се достапни на веб-страницата на МОН.

      The post Стипендии за студии во Романија за академската 2024/2025 година appeared first on Република.

      Во Романија уапсен осомничен за шпионажа за Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-romanija-uapsen-osomnichen-za-shpionazha-za-rusija/ Fri, 24 May 2024 12:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=781410

      Романските обвинители објавија дека започнале кривична истрага против романски државјанин обвинет за предавство и шпионирање за Русија повеќе од две години. Романската единица за борба против организираниот криминал DIICOT во соопштение наведе дека осомничениот од 2022 година ги надгледувал воените објекти на Романија или на НАТО во југоисточна Романија во близина на границата со Украина.

      Осомничениот собирал воени податоци и фотографирал промени во состојбата на воената опрема и персонал во пограничната област со Украина, кои потоа ги испратил до дипломатите од руската амбасада во Букурешт, се вели во соопштението.

      Романскиот суд одобри апсење на осомничениот на 30 дена во очекување на кривична истрага. Тоа е прво апсење за шпионажа за русија во Романија, еден од центрите на западната воена и хуманитарна помош за Украина од почетокот на руската инвазија на земјата.

      Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри граница со Украина.

      The post Во Романија уапсен осомничен за шпионажа за Русија appeared first on Република.

      ]]>

      Романските обвинители објавија дека започнале кривична истрага против романски државјанин обвинет за предавство и шпионирање за Русија повеќе од две години. Романската единица за борба против организираниот криминал DIICOT во соопштение наведе дека осомничениот од 2022 година ги надгледувал воените објекти на Романија или на НАТО во југоисточна Романија во близина на границата со Украина. Осомничениот собирал воени податоци и фотографирал промени во состојбата на воената опрема и персонал во пограничната област со Украина, кои потоа ги испратил до дипломатите од руската амбасада во Букурешт, се вели во соопштението. Романскиот суд одобри апсење на осомничениот на 30 дена во очекување на кривична истрага. Тоа е прво апсење за шпионажа за русија во Романија, еден од центрите на западната воена и хуманитарна помош за Украина од почетокот на руската инвазија на земјата. Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри граница со Украина.

      The post Во Романија уапсен осомничен за шпионажа за Русија appeared first on Република.

      ]]>
      Премиерот на Романија: Молдавците и молдавскиот јазик не постојат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/premierot-na-romanija-moldavtsite-i-moldavskiot-jazik-ne-postojat/ Thu, 16 May 2024 15:34:22 +0000 https://republika.mk/?p=778714

      Премиерот на Романија, Марсел Чолаку, за време на телевизиска дебата на каналот „Диги24“ изјави дека „Молдавците и молдавскиот јазик не постојат“.

      Романија ќе ја поддржи Молдавија на нејзиниот пат на интеграција, бидејќи таму сите се Романци и ништо друго. Нема Молдавци, нема молдавски јазик - ова е романски јазик и ова се Романци“, изјави Чолаку.

      Претходно прее месец и половина, романскиот премиер исто така изјави дека во Молдавија живеат само Романци и дека тој лично ја поддржува идејата за обединување на двете држави.

      https://republika.mk/vesti/svet/nivnoto-postoene-e-istoriska-greshka-romanskiot-premier-poddrzhuva-pripojuvane-na-moldavija/

      По првото соопштение, молдавската парламентарна опозиција побара во собранието да го сослуша министерот за надворешни работи Михаи Попсој во врска со антимолдавските изјави на романскиот премиер, но владејачката партија „Акција и солидарност“ одби.

      The post Премиерот на Романија: Молдавците и молдавскиот јазик не постојат appeared first on Република.

      ]]>

      Премиерот на Романија, Марсел Чолаку, за време на телевизиска дебата на каналот „Диги24“ изјави дека „Молдавците и молдавскиот јазик не постојат“.
      Романија ќе ја поддржи Молдавија на нејзиниот пат на интеграција, бидејќи таму сите се Романци и ништо друго. Нема Молдавци, нема молдавски јазик - ова е романски јазик и ова се Романци“, изјави Чолаку.
      Претходно прее месец и половина, романскиот премиер исто така изјави дека во Молдавија живеат само Романци и дека тој лично ја поддржува идејата за обединување на двете држави. https://republika.mk/vesti/svet/nivnoto-postoene-e-istoriska-greshka-romanskiot-premier-poddrzhuva-pripojuvane-na-moldavija/ По првото соопштение, молдавската парламентарна опозиција побара во собранието да го сослуша министерот за надворешни работи Михаи Попсој во врска со антимолдавските изјави на романскиот премиер, но владејачката партија „Акција и солидарност“ одби.

      The post Премиерот на Романија: Молдавците и молдавскиот јазик не постојат appeared first on Република.

      ]]>
      Пет деца на возраст од 3 до 15 години во тешка состојба завршија во болница во Романија, мајка им ги избањала со средство за паразити https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pet-detsa-na-vozrast-od-3-do-15-godini-vo-teshka-sostojba-zavrshija-vo-bolnitsa-vo-romanija-majka-im-gi-izbanala-so-sredstvo-za-paraziti/ Tue, 14 May 2024 11:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=777935

      Пет браќа на возраст од 3 до 15 години завршиле во болница откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити.

      Децата од Липница, Романија во неделата вечерта биле донесени во болница во исклучително тешка состојба, а 14-годишното момче паднало во кома и било интубирано.

      Како што пишуваат медиумите, мајката се капела себеси и децата со исклучително токсично средство, кое се користи за чистење на овци, коњи, кучиња и мачки од крлежи и болви. Се верува дека на овој чекор се одлучила откако едно од децата добило вошки. Наводно советот и го дала бабата на момчето.

      Овој инсектицид се користи само од обучен персонал и само во многу разредени дози, пренесуваат медиумите во регионот.

      Децата се донесени во Ургентен центар во исклучително тешка состојба. Децата беа во состојба на делириум, халуцинираа и се тресеа. Едното е веднаш префрлено на интензивна нега бидејќи веќе е во кома. Состојбата на другите деца донекаде се подобри“, рече Крина Кибеди, портпаролка на болницата.

      The post Пет деца на возраст од 3 до 15 години во тешка состојба завршија во болница во Романија, мајка им ги избањала со средство за паразити appeared first on Република.

      ]]>

      Пет браќа на возраст од 3 до 15 години завршиле во болница откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити. Децата од Липница, Романија во неделата вечерта биле донесени во болница во исклучително тешка состојба, а 14-годишното момче паднало во кома и било интубирано. Како што пишуваат медиумите, мајката се капела себеси и децата со исклучително токсично средство, кое се користи за чистење на овци, коњи, кучиња и мачки од крлежи и болви. Се верува дека на овој чекор се одлучила откако едно од децата добило вошки. Наводно советот и го дала бабата на момчето. Овој инсектицид се користи само од обучен персонал и само во многу разредени дози, пренесуваат медиумите во регионот.