романи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/romani/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 11:49:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png романи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/romani/ 32 32 Промоција на два нови романи на Кристина Краличин https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-dva-novi-romani-na-kristina-kralichin/ Wed, 14 Feb 2024 11:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=744048

Писателката Кристина Краличин ќе промовира два нови романи „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ во издание на ИД-Концепт / Чудна шума.

Промоцијата ќе се одржи во рамки на деновите на литература, на 15 февруари (четврток), во 19 часот во Литература.мк во Дајмонд мол. Промотори ќе бидат проф. д-р Ермис Лафазановски и Билјана Црвенковска.

Романот „Денот пред да се стемни“ е преплетена комбинација на панорамскиот, психолошкиот и љубовниот сегмент на животот што го придружуваат човекот по патот на неизвесноста, во потрагата по сопствената среќа.

Романот „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ е психолошки роман со хорор-секвенции, кој го пренесува најдлабокото скриено искуство на сценаристот Тери Милер, кој живее и работи во градот Остин во Тексас, Америка. При едно патување во градот Далас за снимање сцени за филмот на кој работи, доживува сообраќајна несреќа што комплетно ќе му го измести неговиот поглед на светот и на животот, а особено затоа што има жртва за која тој се обвинува себеси. Ова е експлицитен психолошки роман со индоктринирани испреплетени сегменти на научнофантастичен жанр.

Кристина Краличин е книжевен глас кој ѝ припаѓа на најновата македонска генерација на писатели, со богата, стилски облагородена и автентична писателска нарација. Нејзините дела претставуваат многуслојна ризница на силни филозофски, психолошки и културолошки аспекти на животот, интерпретирани во повеќезначајна јазична структура.

Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за италијански јазик и книжевност и американски студии, прочувајќи ги италијанската и американската култура и книжевност.

Автор е на две стихозбирки „Патот на душата по зборот што гори“ и „Poetry as a Perfect Entity: The Ethical Dimension of Life: Verses of the Essence“ на англиски јазик, една збирка раскази и поезија „Collection of Poems and Stories: Love the Differences“ на англиски јазик која е преведена и објавена на италијански јазик „Raccolta di Poesie e Racconti: Ama Le Differenze“, на три романи „Дното на моето небо“, „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа“. Добитник е на меѓународни награди, меѓу кои и интернационалната „Concorso Internazionale “Il Parnaso” – Premio “Angelo La Vecchia” VIII Edizione 2022/23“. Дел од нејзините песни се влезени во две антологии издадени во Италија.

Има објавено повеќе статии и колумни во италијански портал, како и серија мотивациски текстови.

The post Промоција на два нови романи на Кристина Краличин appeared first on Република.

]]>

Писателката Кристина Краличин ќе промовира два нови романи „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ во издание на ИД-Концепт / Чудна шума. Промоцијата ќе се одржи во рамки на деновите на литература, на 15 февруари (четврток), во 19 часот во Литература.мк во Дајмонд мол. Промотори ќе бидат проф. д-р Ермис Лафазановски и Билјана Црвенковска. Романот „Денот пред да се стемни“ е преплетена комбинација на панорамскиот, психолошкиот и љубовниот сегмент на животот што го придружуваат човекот по патот на неизвесноста, во потрагата по сопствената среќа. Романот „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ е психолошки роман со хорор-секвенции, кој го пренесува најдлабокото скриено искуство на сценаристот Тери Милер, кој живее и работи во градот Остин во Тексас, Америка. При едно патување во градот Далас за снимање сцени за филмот на кој работи, доживува сообраќајна несреќа што комплетно ќе му го измести неговиот поглед на светот и на животот, а особено затоа што има жртва за која тој се обвинува себеси. Ова е експлицитен психолошки роман со индоктринирани испреплетени сегменти на научнофантастичен жанр. Кристина Краличин е книжевен глас кој ѝ припаѓа на најновата македонска генерација на писатели, со богата, стилски облагородена и автентична писателска нарација. Нејзините дела претставуваат многуслојна ризница на силни филозофски, психолошки и културолошки аспекти на животот, интерпретирани во повеќезначајна јазична структура. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за италијански јазик и книжевност и американски студии, прочувајќи ги италијанската и американската култура и книжевност. Автор е на две стихозбирки „Патот на душата по зборот што гори“ и „Poetry as a Perfect Entity: The Ethical Dimension of Life: Verses of the Essence“ на англиски јазик, една збирка раскази и поезија „Collection of Poems and Stories: Love the Differences“ на англиски јазик која е преведена и објавена на италијански јазик „Raccolta di Poesie e Racconti: Ama Le Differenze“, на три романи „Дното на моето небо“, „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа“. Добитник е на меѓународни награди, меѓу кои и интернационалната „Concorso Internazionale “Il Parnaso” – Premio “Angelo La Vecchia” VIII Edizione 2022/23“. Дел од нејзините песни се влезени во две антологии издадени во Италија. Има објавено повеќе статии и колумни во италијански портал, како и серија мотивациски текстови.

The post Промоција на два нови романи на Кристина Краличин appeared first on Република.

]]>
13 романи во поширокиот избор за наградата „Букер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/13-romani-vo-poshirokiot-izbor-za-nagradata-buker/ Wed, 16 Mar 2022 11:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=473731

Меѓународната Букерова награда, која ги истакнува делата на најдобрите преводи на литературни дела низ светот, објави поширока листа за годинашниот избор, која вклучува 13 романи. Поширокиот избор е направен од 135 пријавени книги, кои се преведени од 10 светски јазици, овој пат за првпат од хинди. Книгите доаѓаат од 12 различни земји, од четири континенти. Пошироката листа ги вклучува:
„Проколнат зајак“ – Бора Чанг, преведено од корејски
„По сонцето“ – Јонас Еика, преведено од дански
„Ново име: септологија VI-VII“ – Џон Фос, преведено од норвешки
„Повеќе отколку што го сакам мојот живот“ – Дејвид Гросман, преведено од хебрејски
„Книга за мајката“ – Вајолејн Хуизман, преведена од француски
„Рај“ – Миеко Каваками, преведен од јапонски
„Рај“ – Фернанда Мелкор, превод од шпански
„Љубов во големиот град“ – Санг Јанг Парк, преведено од корејски
„Среќни приказни, главно“ – Норман Ериксон Пасарибу, преведено од индонезиски
„Елена знае“ – Клаудија Пинеиро, преведено од шпански
„Фенотипови“ – Пауло Скот, преведено од португалски
„Гробница од песок“ – Гитајали Шри, преведено од хинди
„Книгите на Јаков“ – Олга Токарчук, превод од полски
Првиот на листата ќе добие награда од 50 илјади фунти, а оваа награда ја делат авторот и преведувачот на делото. Сите во потесниот круг ќе добијат по две и пол илјади фунти, а потесниот избор ќе биде објавен на 7 април. Победникот ќе биде објавен на 26 мај, а минатогодишен победник е книгата „Ноќе целата крв е црна“ на Дејвид Диоп, во превод на Ана Московакис.

The post 13 романи во поширокиот избор за наградата „Букер“ appeared first on Република.

]]>

Меѓународната Букерова награда, која ги истакнува делата на најдобрите преводи на литературни дела низ светот, објави поширока листа за годинашниот избор, која вклучува 13 романи. Поширокиот избор е направен од 135 пријавени книги, кои се преведени од 10 светски јазици, овој пат за првпат од хинди. Книгите доаѓаат од 12 различни земји, од четири континенти. Пошироката листа ги вклучува: „Проколнат зајак“ – Бора Чанг, преведено од корејски „По сонцето“ – Јонас Еика, преведено од дански „Ново име: септологија VI-VII“ – Џон Фос, преведено од норвешки „Повеќе отколку што го сакам мојот живот“ – Дејвид Гросман, преведено од хебрејски „Книга за мајката“ – Вајолејн Хуизман, преведена од француски „Рај“ – Миеко Каваками, преведен од јапонски „Рај“ – Фернанда Мелкор, превод од шпански „Љубов во големиот град“ – Санг Јанг Парк, преведено од корејски „Среќни приказни, главно“ – Норман Ериксон Пасарибу, преведено од индонезиски „Елена знае“ – Клаудија Пинеиро, преведено од шпански „Фенотипови“ – Пауло Скот, преведено од португалски „Гробница од песок“ – Гитајали Шри, преведено од хинди „Книгите на Јаков“ – Олга Токарчук, превод од полски Првиот на листата ќе добие награда од 50 илјади фунти, а оваа награда ја делат авторот и преведувачот на делото. Сите во потесниот круг ќе добијат по две и пол илјади фунти, а потесниот избор ќе биде објавен на 7 април. Победникот ќе биде објавен на 26 мај, а минатогодишен победник е книгата „Ноќе целата крв е црна“ на Дејвид Диоп, во превод на Ана Московакис.

The post 13 романи во поширокиот избор за наградата „Букер“ appeared first on Република.

]]>