Роман Абрамович Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/roman-abramovich/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Dec 2023 07:12:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Роман Абрамович Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/roman-abramovich/ 32 32 Роман Абрамович сега живее во Истанбул и остава по 5000 евра бакшиш во ресторан https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/roman-abramovich-sega-zhivee-vo-istanbul-i-ostava-po-5000-evra-bakshish-vo-restoran/ Mon, 25 Dec 2023 20:01:58 +0000 https://republika.mk/?p=726040

Роман Абрамович (57) мораше да го продаде Челзи поради поврзаноста со рускиот претседател Владимир Путин. Тој веќе некое време живее во Истанбул, а во ресторан таму оставил бакшиш од 5.000 евра.

Тој и двајца пријатели биле во еден од познатите ресторани во Истанбул и таму ги угостил готвачот Омер Атајсин. Сметката за вечерата наводно изнесувала 85.000 турски лири (околу 2.500 евра), а рускиот милијардер им оставил бакшиш од 175.000 лири (околу 5.000 евра) на келнерите. Тој го напуштил ресторанот придружуван од телохранител

The post Роман Абрамович сега живее во Истанбул и остава по 5000 евра бакшиш во ресторан appeared first on Република.

]]>

Роман Абрамович (57) мораше да го продаде Челзи поради поврзаноста со рускиот претседател Владимир Путин. Тој веќе некое време живее во Истанбул, а во ресторан таму оставил бакшиш од 5.000 евра. Тој и двајца пријатели биле во еден од познатите ресторани во Истанбул и таму ги угостил готвачот Омер Атајсин. Сметката за вечерата наводно изнесувала 85.000 турски лири (околу 2.500 евра), а рускиот милијардер им оставил бакшиш од 175.000 лири (околу 5.000 евра) на келнерите. Тој го напуштил ресторанот придружуван од телохранител

The post Роман Абрамович сега живее во Истанбул и остава по 5000 евра бакшиш во ресторан appeared first on Република.

]]>
Не го оставаат намира и покрај продажбата: На поранешниот газда на Челзи му ги продолжија санкциите https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ne-go-ostavaat-namira-i-pokraj-prodazhbata-na-poraneshniot-gazda-na-chelzi-mu-gi-prodolzhija-sanktsiite/ Wed, 20 Dec 2023 13:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=724888

Судот на Европската унија денеска ги потврди санкциите за рускиот милијардер Роман Абрамович, кои му се воведени по нападот на Русија врз Украина.

ЕУ по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година воведе санкции за многу руски функционери и бизнисмени, вклучително и Абрамович, и ги замрзна руските средства во вредност од стотици милијарди долари.

 „Општиот суд ја отфрла тужбата на Абрамович така што ги потврдува рестриктивните мерки преземени против него“, наведе највисокиот суд на ЕУ во својата одлука.

Абрамович, кој исто така има израелско државјанство и е поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Челзи од Лондон, стана еден од најмоќните бизнисмени во светот по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. „Форбс“ проценува дека неговиот имот е во вредност од 9,2 милијарди долар

The post Не го оставаат намира и покрај продажбата: На поранешниот газда на Челзи му ги продолжија санкциите appeared first on Република.

]]>

Судот на Европската унија денеска ги потврди санкциите за рускиот милијардер Роман Абрамович, кои му се воведени по нападот на Русија врз Украина. ЕУ по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година воведе санкции за многу руски функционери и бизнисмени, вклучително и Абрамович, и ги замрзна руските средства во вредност од стотици милијарди долари.
 „Општиот суд ја отфрла тужбата на Абрамович така што ги потврдува рестриктивните мерки преземени против него“, наведе највисокиот суд на ЕУ во својата одлука.
Абрамович, кој исто така има израелско државјанство и е поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Челзи од Лондон, стана еден од најмоќните бизнисмени во светот по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. „Форбс“ проценува дека неговиот имот е во вредност од 9,2 милијарди долар

The post Не го оставаат намира и покрај продажбата: На поранешниот газда на Челзи му ги продолжија санкциите appeared first on Република.

]]>
Судот на ЕУ ги потврди санкциите против Роман Абрамович https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudot-na-eu-gi-potvrdi-sanktsiite-protiv-roman-abramovich/ Wed, 20 Dec 2023 12:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=724890

Судот на Европската унија денеска ги потврди санкциите за рускиот милијардер Роман Абрамович, кои му се воведени по нападот на Русија врз Украина.

ЕУ по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година воведе санкции за многу руски функционери и бизнисмени, вклучително и Абрамович, и ги замрзна руските средства во вредност од стотици милијарди долари.

 „Општиот суд ја отфрла тужбата на Абрамович така што ги потврдува рестриктивните мерки преземени против него“, наведе највисокиот суд на ЕУ во својата одлука.

Абрамович, кој исто така има израелско државјанство и е поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Челзи од Лондон, стана еден од најмоќните бизнисмени во светот по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. „Форбс“ проценува дека неговиот имот е во вредност од 9,2 милијарди долари.

The post Судот на ЕУ ги потврди санкциите против Роман Абрамович appeared first on Република.

]]>

Судот на Европската унија денеска ги потврди санкциите за рускиот милијардер Роман Абрамович, кои му се воведени по нападот на Русија врз Украина. ЕУ по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година воведе санкции за многу руски функционери и бизнисмени, вклучително и Абрамович, и ги замрзна руските средства во вредност од стотици милијарди долари.
 „Општиот суд ја отфрла тужбата на Абрамович така што ги потврдува рестриктивните мерки преземени против него“, наведе највисокиот суд на ЕУ во својата одлука.
Абрамович, кој исто така има израелско државјанство и е поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Челзи од Лондон, стана еден од најмоќните бизнисмени во светот по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. „Форбс“ проценува дека неговиот имот е во вредност од 9,2 милијарди долари.

The post Судот на ЕУ ги потврди санкциите против Роман Абрамович appeared first on Република.

]]>
Кажувал дека оди на куглање, а се враќал во три часот наутро: Вака Роман Абрамовиќ ги изневерувал сопругите https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/kazhuval-deka-odi-na-kuglane-a-se-vrakal-vo-tri-chasot-nautro-vaka-roman-abramovik-gi-izneveruval-soprugite/ Sun, 09 Apr 2023 20:01:19 +0000 https://republika.mk/?p=629150

За животот на Роман Абрамович, познатиот руски милијардер и поранешен сопственик на англискиот премиерлигаш Челзи, многу се знае во јавноста, но тоа не е така со неговиот приватен живот.

За разлика од професионалниот и бизнис ангаман,каде што е мошне успешен, Абрамовиќ нема преголема стабилност во шриватниот живот. Руѕскиот тајкун стапуваше во брак трипати, има седум деца, а со две од трите сопруги се разведе бидејќи ги изневеруваше.

Олга Јуревна Лисова

Првата сопруга на Роман е Олга Јуревна Лисова со која се венчал во 1987 година, а нивниот брак траел само три години. Олга е ќерка на влијателен руски дипломат и е три години постара од тогаш 20-годишниот Роман, кој во тоа време само сонувал за богатството што го поседува денес.

Тие веднаш се вљубиле еден во друг и по само осум недели врска, одлучиле да стапат во брак.

Токму родителите на Олга се „виновни“ за првите бизнис успеси на младиот Роман Абрамович. Тие на парот како свадбен подарок му дале 2.000 рубљи, што Роман ги искористил за да набави парфеми, хулахопки, пасти за заби и дезодоранси, што потоа ги препродавал на црниот пазар.

На овој начин, успеал да заработи трипати повеќе пари, а потоа истите да ги вложи во отворање фабрика за играчки. Сепак, набрзо потоа следела кризата во бракот. Абрамович, додека летал со авион, ја запознал стјуардесата Ирина Маландина, која ќе му стане идна сопруга.

Олга во една прилика изјави дека Роман во тој период лажел дека оди на куглање додека ја изневерувал со стјуардесата.

Често одеше на забави и ми велеше дека се работи за бизнис состаноци и дека ќе бидат само мажи. Или знаеше да ми каже дека ќе оди на куглање и се враќаше во 3 часот наутро. Дури подоцна, откако дознав за аферата со Ирина, сфатив дека во Москва ниту една куглана не работи до 3 часот наутро“, вели Олга.

Иако Олга му помогнала да стигне до богатството што го има денес, по разводот, таа од Роман не добила ништо. Ја оставил да живее во еднособниот стан што го делеле со ситен износ пари.

Ирина Маландина

Втората сопруга на рускиот милијардер е Ирина Маландина, со која беше во брак од 1991. до 2007 година и заедно имаат пет деца. Само пет месеци по првата средба со Абрамович, Ирина останала бремена и ја родила ќерката Ана.

[caption id="attachment_629153" align="aligncenter" width="640"] Рома Абрамович и Ирина Маландина со децата[/caption]

На почетокот тие живееле со мајката на Ирина, а потоа се преселиле во Германија заради работата на милијардерот. Таа беше заедно со него во 2003 година кога тој го купи „Челзи“, а се разделија четири години подоцна.

По разводот, Ирина се трудеше колку е можно повеќе да се чува подалеку од очите на јавноста и да не дава изјави за медиумите.

Додека беше во брак со Ирина, Роман веќе ја почна аферата со следната негова сопруга - Даша Жукова.

По разводот, Ирина од Роман доби 150 милиони фунти и денес нивниот развод се смета за еден од најскапите во историјата.

Даша Жукова

Даша Жукова е колекционер на уметнички дела со руско-американско потекло. Таа е сосема различна од претходните сопруги на Абрамович и обожава постојано да биде во фокусот на вниманието.

Даша работела како главен уредник на модното списание „Гараж“, а со Роман се венчаа во 2008 година и заедно имаат две деца.

По девет години брак, во 2017 година, со писмено соопштение Роман и Даша најавија дека се разведуваат, но соопштија дека и понатаму ќе останат во пријателски односи и дека ќе продолжат да работат како партнери на нивните заеднички проекти.

Наводно, по разводот, Даша, која е ќерка на рускиот тајкун Александар Жуков, добила парична отштета во износ од 200 до 300 милиони долари.

Само две години по разводот, таа се омажи за грчкиот милијардер Ставрос Ниаркос Втори.

The post Кажувал дека оди на куглање, а се враќал во три часот наутро: Вака Роман Абрамовиќ ги изневерувал сопругите appeared first on Република.

]]>

За животот на Роман Абрамович, познатиот руски милијардер и поранешен сопственик на англискиот премиерлигаш Челзи, многу се знае во јавноста, но тоа не е така со неговиот приватен живот. За разлика од професионалниот и бизнис ангаман,каде што е мошне успешен, Абрамовиќ нема преголема стабилност во шриватниот живот. Руѕскиот тајкун стапуваше во брак трипати, има седум деца, а со две од трите сопруги се разведе бидејќи ги изневеруваше.

Олга Јуревна Лисова

Првата сопруга на Роман е Олга Јуревна Лисова со која се венчал во 1987 година, а нивниот брак траел само три години. Олга е ќерка на влијателен руски дипломат и е три години постара од тогаш 20-годишниот Роман, кој во тоа време само сонувал за богатството што го поседува денес. Тие веднаш се вљубиле еден во друг и по само осум недели врска, одлучиле да стапат во брак. Токму родителите на Олга се „виновни“ за првите бизнис успеси на младиот Роман Абрамович. Тие на парот како свадбен подарок му дале 2.000 рубљи, што Роман ги искористил за да набави парфеми, хулахопки, пасти за заби и дезодоранси, што потоа ги препродавал на црниот пазар. На овој начин, успеал да заработи трипати повеќе пари, а потоа истите да ги вложи во отворање фабрика за играчки. Сепак, набрзо потоа следела кризата во бракот. Абрамович, додека летал со авион, ја запознал стјуардесата Ирина Маландина, која ќе му стане идна сопруга. Олга во една прилика изјави дека Роман во тој период лажел дека оди на куглање додека ја изневерувал со стјуардесата.
Често одеше на забави и ми велеше дека се работи за бизнис состаноци и дека ќе бидат само мажи. Или знаеше да ми каже дека ќе оди на куглање и се враќаше во 3 часот наутро. Дури подоцна, откако дознав за аферата со Ирина, сфатив дека во Москва ниту една куглана не работи до 3 часот наутро“, вели Олга.
Иако Олга му помогнала да стигне до богатството што го има денес, по разводот, таа од Роман не добила ништо. Ја оставил да живее во еднособниот стан што го делеле со ситен износ пари.

Ирина Маландина

Втората сопруга на рускиот милијардер е Ирина Маландина, со која беше во брак од 1991. до 2007 година и заедно имаат пет деца. Само пет месеци по првата средба со Абрамович, Ирина останала бремена и ја родила ќерката Ана. [caption id="attachment_629153" align="aligncenter" width="640"] Рома Абрамович и Ирина Маландина со децата[/caption] На почетокот тие живееле со мајката на Ирина, а потоа се преселиле во Германија заради работата на милијардерот. Таа беше заедно со него во 2003 година кога тој го купи „Челзи“, а се разделија четири години подоцна. По разводот, Ирина се трудеше колку е можно повеќе да се чува подалеку од очите на јавноста и да не дава изјави за медиумите. Додека беше во брак со Ирина, Роман веќе ја почна аферата со следната негова сопруга - Даша Жукова. По разводот, Ирина од Роман доби 150 милиони фунти и денес нивниот развод се смета за еден од најскапите во историјата.

Даша Жукова

Даша Жукова е колекционер на уметнички дела со руско-американско потекло. Таа е сосема различна од претходните сопруги на Абрамович и обожава постојано да биде во фокусот на вниманието. Даша работела како главен уредник на модното списание „Гараж“, а со Роман се венчаа во 2008 година и заедно имаат две деца. По девет години брак, во 2017 година, со писмено соопштение Роман и Даша најавија дека се разведуваат, но соопштија дека и понатаму ќе останат во пријателски односи и дека ќе продолжат да работат како партнери на нивните заеднички проекти. Наводно, по разводот, Даша, која е ќерка на рускиот тајкун Александар Жуков, добила парична отштета во износ од 200 до 300 милиони долари. Само две години по разводот, таа се омажи за грчкиот милијардер Ставрос Ниаркос Втори.

The post Кажувал дека оди на куглање, а се враќал во три часот наутро: Вака Роман Абрамовиќ ги изневерувал сопругите appeared first on Република.

]]>
Кинези, Бразилци, Руси повеќе нема да можат да бидат Португалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kinezi-braziltsi-rusi-poveke-nema-da-mozhat-da-bidat-portugaltsi/ Wed, 29 Mar 2023 19:46:23 +0000 https://republika.mk/?p=625191

Португалија поради поскапувањето на недвижностите и критиките од Европска Унија, одлучи да престане да дава престој и државјанство на жителите на Кина, Русија и други земји во замена за финансиски инвестиции.

Со тоа заврши десетгодишната програма позната како „Златни визи“, преку која 31.000 странци влегоа во европската зона на движење без граници, објави денеска шпанскиот весник „Ел Паис“.

Во 2012 година, во време кога земјата беше во тешка економска ситуација, португалската Влада се обиде да привлече инвестиции од богатите. Во замена за инвестиција од 500.000 евра им се издаваше дозвола за престој во Португалија, каде што купуваа куќи. По пет години тие можеа да добијат португалско државјанство, а нивниот идентитет не се објавуваше јавно.

Околу 12.000 инвеститори, од кои 45 отсто се Кинези, а 10 проценти Бразилци, на тој начин себе си и на своите семејства си купија билет за ЕУ. Кога ќе се вклучат семејствата на инвеститорите, се проценува дека вкупниот број на корисници на програмата би можел да изнесува околу 31.000 луѓе.

Во 2013 година, министерот за надворешни работи Пауло Портас отпатува во Москва за да привлече локални бизнисмени, а најмалку 313 од нив се преселиле во Португалија. Еден од најпознатите руски граѓани на Португалија е милијардерот Роман Абрамович.

The post Кинези, Бразилци, Руси повеќе нема да можат да бидат Португалци appeared first on Република.

]]>

Португалија поради поскапувањето на недвижностите и критиките од Европска Унија, одлучи да престане да дава престој и државјанство на жителите на Кина, Русија и други земји во замена за финансиски инвестиции. Со тоа заврши десетгодишната програма позната како „Златни визи“, преку која 31.000 странци влегоа во европската зона на движење без граници, објави денеска шпанскиот весник „Ел Паис“. Во 2012 година, во време кога земјата беше во тешка економска ситуација, португалската Влада се обиде да привлече инвестиции од богатите. Во замена за инвестиција од 500.000 евра им се издаваше дозвола за престој во Португалија, каде што купуваа куќи. По пет години тие можеа да добијат португалско државјанство, а нивниот идентитет не се објавуваше јавно. Околу 12.000 инвеститори, од кои 45 отсто се Кинези, а 10 проценти Бразилци, на тој начин себе си и на своите семејства си купија билет за ЕУ. Кога ќе се вклучат семејствата на инвеститорите, се проценува дека вкупниот број на корисници на програмата би можел да изнесува околу 31.000 луѓе. Во 2013 година, министерот за надворешни работи Пауло Портас отпатува во Москва за да привлече локални бизнисмени, а најмалку 313 од нив се преселиле во Португалија. Еден од најпознатите руски граѓани на Португалија е милијардерот Роман Абрамович.

The post Кинези, Бразилци, Руси повеќе нема да можат да бидат Португалци appeared first on Република.

]]>
Рускиот олигарх Абрамович го тужи Советот на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskiot-oligarh-abramovich-go-tuzi-sovetot-na-eu/ Wed, 01 Jun 2022 18:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=509913

Рускиот милијардер Роман Абрамович поднесе тужба против Советот на Европската унија, пренесува Euro News.

Советот на ЕУ го санкционираше Абрамович како дел од серијата мерки насочени кон Русија и сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин. Абрамович е еден од неколкуте руски олигарси кои ЕУ ги санкционираше во март да ги замрзне нивните средства. Тогаш се зборуваше дека Абрамович имал добри односи со Путин, но тој негираше.

Британската влада го принуди Абрамович да го продаде прволигашот Челзи, кој во понеделникот беше продаден за 3,2 милијарди долари. Португалските власти потврдија дека продажбата на Челзи не била од корист на Абрамович или неговите соработници, бидејќи средствата ќе бидат искористени за хуманитарни активности во Украина.

Оваа продажба ја означува заедничката посветеност на Европската комисија, Португалија и Обединетото Кралство. Продажбата е целосно во согласност со санкциите на ЕУ“, изјави комисијата за АП. Британската влада во април ги замрзна имотите на руските бизнисмени поврзани со Абрамович. Станува збор за Јуџин Тененбаум и Дејвид Давидович и имот во вредност од 10 милијарди фунти. Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас рече дека тоа е најголемото замрзнување на имотот во историјата на Велика Британија, пренесува Euro News.

 

The post Рускиот олигарх Абрамович го тужи Советот на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Рускиот милијардер Роман Абрамович поднесе тужба против Советот на Европската унија, пренесува Euro News. Советот на ЕУ го санкционираше Абрамович како дел од серијата мерки насочени кон Русија и сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин. Абрамович е еден од неколкуте руски олигарси кои ЕУ ги санкционираше во март да ги замрзне нивните средства. Тогаш се зборуваше дека Абрамович имал добри односи со Путин, но тој негираше. Британската влада го принуди Абрамович да го продаде прволигашот Челзи, кој во понеделникот беше продаден за 3,2 милијарди долари. Португалските власти потврдија дека продажбата на Челзи не била од корист на Абрамович или неговите соработници, бидејќи средствата ќе бидат искористени за хуманитарни активности во Украина.
Оваа продажба ја означува заедничката посветеност на Европската комисија, Португалија и Обединетото Кралство. Продажбата е целосно во согласност со санкциите на ЕУ“, изјави комисијата за АП. Британската влада во април ги замрзна имотите на руските бизнисмени поврзани со Абрамович. Станува збор за Јуџин Тененбаум и Дејвид Давидович и имот во вредност од 10 милијарди фунти. Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас рече дека тоа е најголемото замрзнување на имотот во историјата на Велика Британија, пренесува Euro News.
 

The post Рускиот олигарх Абрамович го тужи Советот на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Абрамович емотивно се збогува со Челси: Ова е наследството што го создадовме заедно https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/abramovich-emotivno-se-zboguva-so-chelsi-ova-e-nasledstvoto-shto-go-sozdadovme-zaedno/ Sat, 28 May 2022 16:45:18 +0000 https://republika.mk/?p=508053

Aнглискиот премиерлигаш Челси конечно ќе добие нов сопственик, па оној стариот кој беше најзаслужен за сите успеси на „сините“ во изминативе две децении, Роман Абрамович одлучи да се огласи во јавноста и едноставно да се прости од навивачите, клубот во кој даде се од себе.

Се очекува во понеделник да биде заокружена продажбата на великанот кој ќе заврши во рацете на Тод Боли или поточно конзорциумот предводен од него.

Поминаа речиси три месеци откако ја објавив мојата намера да го продадам Челси. За тоа време, тимот работеше напорно за да го најде вистинскиот чувар за Челзи кој би бил во најдобра позиција успешно да го воведе клубот во следното поглавје. Со сопственоста на овој клуб доаѓа и голема одговорност. Откако дојдов во Челси пред речиси 20 години, од прва рака видов што може да постигне овој клуб. Мојата цел беше да се осигурам дека следниот сопственик има начин на размислување што ќе овозможи успех на машкиот и на женскиот тим, како и волјата и желбата да продолжат да ги развиваат другите клучни аспекти на клубот, како што се академијата и фондацијата Челси. Драго ми е што оваа потрага сега е успешно завршена. Додека го предавам Челси на неговите чувари, би сакал да им посакам многу успех, како на теренот, така и надвор од него.

Ми беше чест да бидам дел од овој клуб. Би сакал да им се заблагодарам на сите поранешни и сегашни играчи на клубот, на персоналот и секако на навивачите за овие неверојатни години. Горд сум што, како резултат на нашите заеднички успеси, милиони луѓе сега ќе имаат корист од новата добротворна фондација што се формира. Ова е наследството што го создадовме заедно, порача Абрамович.

The post Абрамович емотивно се збогува со Челси: Ова е наследството што го создадовме заедно appeared first on Република.

]]>

Aнглискиот премиерлигаш Челси конечно ќе добие нов сопственик, па оној стариот кој беше најзаслужен за сите успеси на „сините“ во изминативе две децении, Роман Абрамович одлучи да се огласи во јавноста и едноставно да се прости од навивачите, клубот во кој даде се од себе.
Се очекува во понеделник да биде заокружена продажбата на великанот кој ќе заврши во рацете на Тод Боли или поточно конзорциумот предводен од него.
Поминаа речиси три месеци откако ја објавив мојата намера да го продадам Челси. За тоа време, тимот работеше напорно за да го најде вистинскиот чувар за Челзи кој би бил во најдобра позиција успешно да го воведе клубот во следното поглавје. Со сопственоста на овој клуб доаѓа и голема одговорност. Откако дојдов во Челси пред речиси 20 години, од прва рака видов што може да постигне овој клуб. Мојата цел беше да се осигурам дека следниот сопственик има начин на размислување што ќе овозможи успех на машкиот и на женскиот тим, како и волјата и желбата да продолжат да ги развиваат другите клучни аспекти на клубот, како што се академијата и фондацијата Челси. Драго ми е што оваа потрага сега е успешно завршена. Додека го предавам Челси на неговите чувари, би сакал да им посакам многу успех, како на теренот, така и надвор од него. Ми беше чест да бидам дел од овој клуб. Би сакал да им се заблагодарам на сите поранешни и сегашни играчи на клубот, на персоналот и секако на навивачите за овие неверојатни години. Горд сум што, како резултат на нашите заеднички успеси, милиони луѓе сега ќе имаат корист од новата добротворна фондација што се формира. Ова е наследството што го создадовме заедно, порача Абрамович.

The post Абрамович емотивно се збогува со Челси: Ова е наследството што го создадовме заедно appeared first on Република.

]]>
Португалија не му дозволи на Абрамович да ја продаде својата вила https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/portugalija-ne-mu-dozvoli-na-abramovich-da-ja-prodade-svojata-vila/ Sat, 14 May 2022 16:30:29 +0000 https://republika.mk/?p=502290

Португалија ја блокираше продажбата на вилата од 10 милиони евра на рускиот милијардер Роман Абрамович, кој е под западни санкции, објави денес португалскиот весник Публико.

Регистарот на имотот на замокот во луксузното одморалиште Квинта до Лаго во Алгарве беше замрзнат – што значи дека не може да се промени – на 25 март на барање на Министерството за надворешни работи, еден месец по целосната инвазија на Русија, објави Публико.

Според Публико, поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Челзи се обидел да го продаде имотот 15 дена пред да започне руската инвазија на Украина преку компанијата Millhouse Views LLC со седиште во Делавер, во сопственост на Millhouse LLC, која управува со неговиот имот.

Најголемата португалска банка, Caixa Geral de Depositos, го забележала овој потег и ги предупредила властите, пишува весникот.

Абрамович е санкциониран од британската влада и Европската унија поради неговите врски со рускиот претседател Владимир Путин.

Милијардерот доби португалско државјанство во април 2021 година, врз основа на закон кој нуди натурализација на потомците на сефардските Евреи кои беа протерани од Пиринејскиот полуостров за време на средновековната инквизиција.

Случајот предизвика шокови низ Португалија, што доведе до тоа јавните обвинители да започнат истрага и да го приведат рабинот одговорен за сертификатот што му овозможи на Абрамович да добие државјанство.

The post Португалија не му дозволи на Абрамович да ја продаде својата вила appeared first on Република.

]]>

Португалија ја блокираше продажбата на вилата од 10 милиони евра на рускиот милијардер Роман Абрамович, кој е под западни санкции, објави денес португалскиот весник Публико. Регистарот на имотот на замокот во луксузното одморалиште Квинта до Лаго во Алгарве беше замрзнат – што значи дека не може да се промени – на 25 март на барање на Министерството за надворешни работи, еден месец по целосната инвазија на Русија, објави Публико. Според Публико, поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Челзи се обидел да го продаде имотот 15 дена пред да започне руската инвазија на Украина преку компанијата Millhouse Views LLC со седиште во Делавер, во сопственост на Millhouse LLC, која управува со неговиот имот. Најголемата португалска банка, Caixa Geral de Depositos, го забележала овој потег и ги предупредила властите, пишува весникот. Абрамович е санкциониран од британската влада и Европската унија поради неговите врски со рускиот претседател Владимир Путин. Милијардерот доби португалско државјанство во април 2021 година, врз основа на закон кој нуди натурализација на потомците на сефардските Евреи кои беа протерани од Пиринејскиот полуостров за време на средновековната инквизиција. Случајот предизвика шокови низ Португалија, што доведе до тоа јавните обвинители да започнат истрага и да го приведат рабинот одговорен за сертификатот што му овозможи на Абрамович да добие државјанство.

The post Португалија не му дозволи на Абрамович да ја продаде својата вила appeared first on Република.

]]>
Продаден фудбалскиот клуб Челзи https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/prodaden-fudbalskiot-klub-chelzi/ Sat, 07 May 2022 08:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=498913

Фудбалскиот клуб Челзи на својата веб-страница ја потврди продажбата на конзорциум предводен од Тод Боли, инаку сопственик на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс.

„Челзи може да потврди дека е постигнат договор за стекнување на нови сопственици, предводени од Тод Боли, Клирлејк Капитал, Марк Волтер и Хансјерг Вис.Од вкупната направена инвестиција, 2,5 милијарди фунти ќе бидат наменети за купување акции во Клубот, а тој приход ќе биде депониран на замрзната банкарска сметка во Велика Британија со намера 100% да се донира во добротворни цели, потврди и Роман Абрамовиќ. Одобрувањето на владата на Обединетото Кралство ќе биде потребно за пренос на приходот од замрзнатата банкарска сметка во Велика Британија, се вели во соопштението на Челзи.

Дополнително, предложените нови сопственици ќе инвестираат 1,75 милијарди фунти во понатамошни инвестиции во корист на Клубот. Се очекува продажбата да заврши до крајот на мај, со сите потребни регулаторни одобренија.

По 19 години, Абрамович го напушта клубот кој за време на неговиот мандат освои пет титули во Премиер лигата, два трофеи во Лигата на шампионите, еден Лига Европа и еден светски шампион.

The post Продаден фудбалскиот клуб Челзи appeared first on Република.

]]>

Фудбалскиот клуб Челзи на својата веб-страница ја потврди продажбата на конзорциум предводен од Тод Боли, инаку сопственик на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс.
„Челзи може да потврди дека е постигнат договор за стекнување на нови сопственици, предводени од Тод Боли, Клирлејк Капитал, Марк Волтер и Хансјерг Вис.Од вкупната направена инвестиција, 2,5 милијарди фунти ќе бидат наменети за купување акции во Клубот, а тој приход ќе биде депониран на замрзната банкарска сметка во Велика Британија со намера 100% да се донира во добротворни цели, потврди и Роман Абрамовиќ. Одобрувањето на владата на Обединетото Кралство ќе биде потребно за пренос на приходот од замрзнатата банкарска сметка во Велика Британија, се вели во соопштението на Челзи.
Дополнително, предложените нови сопственици ќе инвестираат 1,75 милијарди фунти во понатамошни инвестиции во корист на Клубот. Се очекува продажбата да заврши до крајот на мај, со сите потребни регулаторни одобренија. По 19 години, Абрамович го напушта клубот кој за време на неговиот мандат освои пет титули во Премиер лигата, два трофеи во Лигата на шампионите, еден Лига Европа и еден светски шампион.

The post Продаден фудбалскиот клуб Челзи appeared first on Република.

]]>
Абрамович купува нов фудбалски клуб https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/abramovich-kupuva-nov-fudbalski-klub/ Tue, 05 Apr 2022 20:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=483803

Купувањето на Гезтепе од страна на Роман Абрамович е готова работа. Ова го тврди „Д-Смарт Спор“ кој пишува дека рускиот бизнисмен и клубот си подале рака. Наводно двете страни веќе се договориле, а сите детали ќе биле објавени во петок.

За првпат информации околу можно купување на Гезтепе од страна на Абрамович се појавија на 23. март. Претходно рускиот милијардер најави продажба на Челси поради санкциите од Британија.

Гезтепе е тим од Измир, третиот по големина град во Турција. За овој тим настапува Адис Јаховиќ, кој вторпат се врати во тимот. Во моментов екипата се бори за опстанок, и се наоѓа на 18. место со 27 бодови од 31 меч.

The post Абрамович купува нов фудбалски клуб appeared first on Република.

]]>

Купувањето на Гезтепе од страна на Роман Абрамович е готова работа. Ова го тврди „Д-Смарт Спор“ кој пишува дека рускиот бизнисмен и клубот си подале рака. Наводно двете страни веќе се договориле, а сите детали ќе биле објавени во петок. За првпат информации околу можно купување на Гезтепе од страна на Абрамович се појавија на 23. март. Претходно рускиот милијардер најави продажба на Челси поради санкциите од Британија. Гезтепе е тим од Измир, третиот по големина град во Турција. За овој тим настапува Адис Јаховиќ, кој вторпат се врати во тимот. Во моментов екипата се бори за опстанок, и се наоѓа на 18. место со 27 бодови од 31 меч.

The post Абрамович купува нов фудбалски клуб appeared first on Република.

]]>
Песков: Абрамович не е член на руската делегација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-abramovich-ne-e-cheln-na-ruskata-delegacija/ Tue, 29 Mar 2022 11:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=480288

Официјален Кремљ објави дека милијардерот Роман Абрамович легално учествува во преговорите во Истанбул меѓу делегациите на Русија и Украина.

„Но, тој не е член на руската делегација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој напомена дека споственикот на европскиот фудбалски шампион Челзи, Роман Абрамович престојува во Истанбул на покана на двете завојувани страни.

The post Песков: Абрамович не е член на руската делегација appeared first on Република.

]]>

Официјален Кремљ објави дека милијардерот Роман Абрамович легално учествува во преговорите во Истанбул меѓу делегациите на Русија и Украина. „Но, тој не е член на руската делегација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој напомена дека споственикот на европскиот фудбалски шампион Челзи, Роман Абрамович престојува во Истанбул на покана на двете завојувани страни.

The post Песков: Абрамович не е член на руската делегација appeared first on Република.

]]>
На масата немаше вода, а се појави и Абрамович https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-masata-nemashe-voda-a-se-pojavi-i-abramovich/ Tue, 29 Mar 2022 10:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=480276

Во Истанбул се водат преговори меѓу руската и украинската делегација. Ова е нов обид за смирување на конфликтот во Украина, кој трае повеќе од еден месец.

Двете страни бројат загинати војници, цивили и воена опрема.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се согласи да биде домаќин на разговорите.

Напредокот во преговорите меѓу руската и украинската страна, кои денеска се одржуваат во Истанбул, ќе го отвори патот за средба меѓу двајцата претседатели, рече Ердоган.

Деталите и барањата на делегациите на средбата веќе почнаа да протекуваат.

Руската страна остро реагирала поради снимките на кои се понижува руската армија. Според него, украинската страна ветила дека ќе преземе мерки против ваквите снимки.

https://republika.mk/vesti/svet/aplauz-za-erdogan-nema-da-ima-gubitnici-so-praveden-mir/

Украинскиот преговарач Михајло Подољак изјави дека конфликтот сега ескалира.

Двете страни повикуваат на уништување на двете нации. Има видео што ги прекршува Женевските конвенции, рече тој.

Тој рече дека доколку се прекршат законите против воените заробеници, ќе се преземат мерки.

Клучното прашање е договорот за меѓународни безбедносни гаранции за Украина, што ќе ни овозможи да ја завршиме војната онака како што ѝ треба на Украина, рече тој.

На разговорите се појави и рускиот милијардер Роман Абрамович. По изјавата дека е затруен, тој дошол во Истанбул, каде што за прв пат е виден во јавноста.

Објавено е и видео од почетокот на преговорите.

Немаше вода на преговарачката маса, како што е вообичаено.

До знамињата имаше шишиња кои го збунија рускиот преговарач Медински.

На тоа реагирал Дејвид Арахами, кој му рекол дека тоа не е вотка, туку антисептик кој го има на сите маси поради коронавирусот.

The post На масата немаше вода, а се појави и Абрамович appeared first on Република.

]]>

Во Истанбул се водат преговори меѓу руската и украинската делегација. Ова е нов обид за смирување на конфликтот во Украина, кој трае повеќе од еден месец. Двете страни бројат загинати војници, цивили и воена опрема. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се согласи да биде домаќин на разговорите.
Напредокот во преговорите меѓу руската и украинската страна, кои денеска се одржуваат во Истанбул, ќе го отвори патот за средба меѓу двајцата претседатели, рече Ердоган.
Деталите и барањата на делегациите на средбата веќе почнаа да протекуваат. Руската страна остро реагирала поради снимките на кои се понижува руската армија. Според него, украинската страна ветила дека ќе преземе мерки против ваквите снимки. https://republika.mk/vesti/svet/aplauz-za-erdogan-nema-da-ima-gubitnici-so-praveden-mir/ Украинскиот преговарач Михајло Подољак изјави дека конфликтот сега ескалира.
Двете страни повикуваат на уништување на двете нации. Има видео што ги прекршува Женевските конвенции, рече тој.
Тој рече дека доколку се прекршат законите против воените заробеници, ќе се преземат мерки.
Клучното прашање е договорот за меѓународни безбедносни гаранции за Украина, што ќе ни овозможи да ја завршиме војната онака како што ѝ треба на Украина, рече тој.
На разговорите се појави и рускиот милијардер Роман Абрамович. По изјавата дека е затруен, тој дошол во Истанбул, каде што за прв пат е виден во јавноста. Објавено е и видео од почетокот на преговорите. Немаше вода на преговарачката маса, како што е вообичаено. До знамињата имаше шишиња кои го збунија рускиот преговарач Медински. На тоа реагирал Дејвид Арахами, кој му рекол дека тоа не е вотка, туку антисептик кој го има на сите маси поради коронавирусот.

The post На масата немаше вода, а се појави и Абрамович appeared first on Република.

]]>
Отров или „надворешен фактор“: Што му се случи на Абрамович за време на преговорите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otrov-ili-nadvoreshen-faktor-shto-mu-se-sluchi-na-abramovich-za-vreme-na-pregovorite/ Tue, 29 Mar 2022 09:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=480223

Рускиот бизнисмен и милијардер Роман Абрамович, кој беше санкциониран од Западот поради инвазијата на Москва врз Украина, присуствува на мировните преговори меѓу руската и украинската делегација во Истанбул, објави Би Би Си.

На снимките што ги објавија турските медиуми, Абрамович не се наоѓа на главната маса за преговори, но се гледа како седи покрај Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, и носи слушалки за превод.

Медиумите наведуваат дека Абрамович накратко разговарал со Ердоган пред почетокот на преговорите во Истанбул. Во разговорот учествувал и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Волстрит журнал“ вчера објави дека Абрамович, кој го прифатил барањето на Украина да помогне во преговорите за ставање крај на руската инвазија, и украинските мировни преговарачи неодамна имале симптоми на труење по состанокот во Киев.

Според „Индепендент“, Абрамович се пожалил на болки во очите и воспаление на кожата неколку часа по напуштањето на украинската престолнина. Тој тврди дека накратко бил и целосно слеп и дека му се лупела кожата на лицето.

Овие симптоми, велат експертите за Телеграф, наликуваат на труењето со три можни хемикалии: порфирини, бициклични материи или органофосфати.

Неименуван американски функционер, пак, подоцна изјавил дека разузнавачките податоци сугерираат дека симптомите на лошата здравствена состојба на рускиот милијардер Роман Абрамович и украинските мировни преговарачи биле резултат на фактори на околината, а не на труење.

Нова рунда преговори меѓу руската и украинската делегација почна денеска во Истанбул, истакна советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак. Во меѓувреме, една украинска телевизија објави дека членовите на двете делегации не се ракувале пред почетокот на разговорите.

The post Отров или „надворешен фактор“: Што му се случи на Абрамович за време на преговорите? appeared first on Република.

]]>

Рускиот бизнисмен и милијардер Роман Абрамович, кој беше санкциониран од Западот поради инвазијата на Москва врз Украина, присуствува на мировните преговори меѓу руската и украинската делегација во Истанбул, објави Би Би Си. На снимките што ги објавија турските медиуми, Абрамович не се наоѓа на главната маса за преговори, но се гледа како седи покрај Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, и носи слушалки за превод. Медиумите наведуваат дека Абрамович накратко разговарал со Ердоган пред почетокот на преговорите во Истанбул. Во разговорот учествувал и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. „Волстрит журнал“ вчера објави дека Абрамович, кој го прифатил барањето на Украина да помогне во преговорите за ставање крај на руската инвазија, и украинските мировни преговарачи неодамна имале симптоми на труење по состанокот во Киев. Според „Индепендент“, Абрамович се пожалил на болки во очите и воспаление на кожата неколку часа по напуштањето на украинската престолнина. Тој тврди дека накратко бил и целосно слеп и дека му се лупела кожата на лицето. Овие симптоми, велат експертите за Телеграф, наликуваат на труењето со три можни хемикалии: порфирини, бициклични материи или органофосфати. Неименуван американски функционер, пак, подоцна изјавил дека разузнавачките податоци сугерираат дека симптомите на лошата здравствена состојба на рускиот милијардер Роман Абрамович и украинските мировни преговарачи биле резултат на фактори на околината, а не на труење. Нова рунда преговори меѓу руската и украинската делегација почна денеска во Истанбул, истакна советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак. Во меѓувреме, една украинска телевизија објави дека членовите на двете делегации не се ракувале пред почетокот на разговорите.

The post Отров или „надворешен фактор“: Што му се случи на Абрамович за време на преговорите? appeared first on Република.

]]>
Абрамович е поштарот со пораки од Зеленски до Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/abramovich-e-poshtarot-so-poraki-od-zelenski-do-putin/ Mon, 28 Mar 2022 21:17:37 +0000 https://republika.mk/?p=480072

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, се обидува да биде миротворец во конфликтот меѓу Русија и Украина, додека ги избегнува западните санкции во Турција. Според Дејли Мејл, сопственикот на Челзи летал меѓу Истанбул, Москва и Киев за да ги пренесе пораките меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Меѓутоа, кога Путин добил порака со наведените мировни барања на украинскиот претседател, шефот на Кремљ наводно збеснал.

Абрамович се обидува да си го спаси угледот откако Велика Британија и ЕУ го санкционираат поради неговата блиска врска со Путин. Неговите средства беа замрзнати па тој почна да го продава богатството во Лондон, како и фудбалскиот клуб Челзи, но и неговите јахти и авион, вредни стотици милиони фунти

The post Абрамович е поштарот со пораки од Зеленски до Путин appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, се обидува да биде миротворец во конфликтот меѓу Русија и Украина, додека ги избегнува западните санкции во Турција. Според Дејли Мејл, сопственикот на Челзи летал меѓу Истанбул, Москва и Киев за да ги пренесе пораките меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски. Меѓутоа, кога Путин добил порака со наведените мировни барања на украинскиот претседател, шефот на Кремљ наводно збеснал. Абрамович се обидува да си го спаси угледот откако Велика Британија и ЕУ го санкционираат поради неговата блиска врска со Путин. Неговите средства беа замрзнати па тој почна да го продава богатството во Лондон, како и фудбалскиот клуб Челзи, но и неговите јахти и авион, вредни стотици милиони фунти

The post Абрамович е поштарот со пораки од Зеленски до Путин appeared first on Република.

]]>
Дали Русите сакаат да го отрујат Абрамович? Mу се лупи кожата и има црвенило на очите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dali-rusite-sakaat-da-go-otrujat-abramovich-mu-se-lupi-kozata-i-ima-crvenilo-na-ochite/ Mon, 28 Mar 2022 16:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=479994

Роман Абрамович и украинските мировни преговарачи имаат симптоми на  труење

Олигархот по состанокот во главниот град на Украина  возеше меѓу Москва, Лавов и други места за преговори.

Со него биле  и двајца високи членови на украинскиот тим.Сите имаат  црвени очи, постојано и болно кинење и лупење на лицето и рацете.Сомнежите се дека е ова дело на руските безбедносни служби.

The post Дали Русите сакаат да го отрујат Абрамович? Mу се лупи кожата и има црвенило на очите appeared first on Република.

]]>

Роман Абрамович и украинските мировни преговарачи имаат симптоми на  труење Олигархот по состанокот во главниот град на Украина  возеше меѓу Москва, Лавов и други места за преговори. Со него биле  и двајца високи членови на украинскиот тим.Сите имаат  црвени очи, постојано и болно кинење и лупење на лицето и рацете.Сомнежите се дека е ова дело на руските безбедносни служби.

The post Дали Русите сакаат да го отрујат Абрамович? Mу се лупи кожата и има црвенило на очите appeared first on Република.

]]>
Абрамович преговара за турски Гезтепе https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/abramovich-pregovara-za-turski-geztepe/ Wed, 23 Mar 2022 13:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=477221

Рускиот бизнисмен Роман Абрамович може да купи турски фудбалски клуб.

Како што јави „Си-ен-ен Турк“ Абрамович преговара со сопственикот на Гезтепе, Мехмет Сепил. Се забележува дека во блиска иднина сопственикот на Гезтепе ќе се сретне со претставник на рускиот бизнисмен.

Претходно беше објавено дека Сепил ќе ја напушти функцијата претседател на клубот. По 30 кола во турскиот шампионат, Гезтепе освои 27 бода и се наоѓа на 18. место во поредокот.

За потсетување, на 2 март Абрамович ја објави продажбата на неговиот сегашен клуб Челзи.

The post Абрамович преговара за турски Гезтепе appeared first on Република.

]]>

Рускиот бизнисмен Роман Абрамович може да купи турски фудбалски клуб. Како што јави „Си-ен-ен Турк“ Абрамович преговара со сопственикот на Гезтепе, Мехмет Сепил. Се забележува дека во блиска иднина сопственикот на Гезтепе ќе се сретне со претставник на рускиот бизнисмен. Претходно беше објавено дека Сепил ќе ја напушти функцијата претседател на клубот. По 30 кола во турскиот шампионат, Гезтепе освои 27 бода и се наоѓа на 18. место во поредокот. За потсетување, на 2 март Абрамович ја објави продажбата на неговиот сегашен клуб Челзи.

The post Абрамович преговара за турски Гезтепе appeared first on Република.

]]>
Британскиот конзорциум понуди над три милијарди фунти за Челзи https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/britanskiot-konzorcium-ponudi-nad-tri-milijardi-funti-za-chelzi/ Tue, 22 Mar 2022 07:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=476391

Британскиот конзорциум се вклучи во борбата за купување на Челзи, пишува „Bloomberg“. Според изворот, здружението, предводено од лондонскиот инвестициски фонд „Centricus“, понудило повеќе од три милијарди фунти за актуелниот европски шампион.

Забележано е дека во конзорциумот се вклучени и инвестицискиот фонд „Cheyne Capital“ и компанијата за ризичен капитал „Talis Capital“, кои се подготвени да инвестираат во лондонскиот клуб по неговото купување.

Претходно беше објавено дека неколку претенденти за купување на Челзи би можеле да формираат единствен конзорциум за да ја завршат зделката.

Да потсетиме дека на 2 март Роман Абрамович ја објави продажбата на Челзи. Тој е сопственик на лондонскиот клуб од 2003 година. За тоа време Челзи стана четирикратен шампион на Англија, по двапати ја освоија Лигата на шампионите и Лигата на Европа, го освои и Суперкупот на УЕФА, пет пати го освои ФА Купот, три пати Лига купот и два пати Суперкупот на Англија. 

The post Британскиот конзорциум понуди над три милијарди фунти за Челзи appeared first on Република.

]]>

Британскиот конзорциум се вклучи во борбата за купување на Челзи, пишува „Bloomberg“. Според изворот, здружението, предводено од лондонскиот инвестициски фонд „Centricus“, понудило повеќе од три милијарди фунти за актуелниот европски шампион. Забележано е дека во конзорциумот се вклучени и инвестицискиот фонд „Cheyne Capital“ и компанијата за ризичен капитал „Talis Capital“, кои се подготвени да инвестираат во лондонскиот клуб по неговото купување. Претходно беше објавено дека неколку претенденти за купување на Челзи би можеле да формираат единствен конзорциум за да ја завршат зделката. Да потсетиме дека на 2 март Роман Абрамович ја објави продажбата на Челзи. Тој е сопственик на лондонскиот клуб од 2003 година. За тоа време Челзи стана четирикратен шампион на Англија, по двапати ја освоија Лигата на шампионите и Лигата на Европа, го освои и Суперкупот на УЕФА, пет пати го освои ФА Купот, три пати Лига купот и два пати Суперкупот на Англија. 

The post Британскиот конзорциум понуди над три милијарди фунти за Челзи appeared first on Република.

]]>
Aбрамович си фати Украинка, три децении помала од него https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/abramovich-si-fati-ukrainka-tri-decenii-pomala-od-nego/ Sat, 19 Mar 2022 18:57:41 +0000 https://republika.mk/?p=475483

Роман Абрамович тешко се справува со негативниот публицитет што секојдневно го создаваат британските власти. Сега се појави приказната дека има нова девојка, која е речиси три децении помлада од него.

Тој се забавува со Александра Коренџук која има само 26 години.
Александра е актерка и има музичко образование. Таа имаше помала улога во руската хумористична серија „Сите ме лути“ и има украинско потекло.Нејзиниот татко е првиот потпретседател на Гаспромбанк, Виктор Коренџук.

The post Aбрамович си фати Украинка, три децении помала од него appeared first on Република.

]]>

Роман Абрамович тешко се справува со негативниот публицитет што секојдневно го создаваат британските власти. Сега се појави приказната дека има нова девојка, која е речиси три децении помлада од него. Тој се забавува со Александра Коренџук која има само 26 години. Александра е актерка и има музичко образование. Таа имаше помала улога во руската хумористична серија „Сите ме лути“ и има украинско потекло.Нејзиниот татко е првиот потпретседател на Гаспромбанк, Виктор Коренџук.

The post Aбрамович си фати Украинка, три децении помала од него appeared first on Република.

]]>
Абрамович му ја предал контролата на фирмата на директорот на Челзи на денот на инвазијата врз Украина https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/abramovich-mu-ja-predal-kontrolata-na-firmata-na-direktorot-na-chelzi-na-denot-na-invazijata-vrz-ukraina/ Fri, 18 Mar 2022 17:50:38 +0000 https://republika.mk/?p=475127

Рускиот бизнисмен Роман Абрамович ја префрлил компанијата што ја контролирал со инвестиции од десетици милиони долари на директорот на англискиот фудбалски клуб Челзи на денот кога Русија ја нападна Украина, покажаа корпоративните документи во Велика Британија.

Тоа беше вторпат сопственикот на Челзи, Абрамович да го префрли имотот на близок соработник пред Британија и ЕУ да воведат санкции против него овој месец.

Откако Британија првично беше побавна од САД и Европската Унија во воведувањето санкции по инвазијата на 24 февруари, британските пратеници се пожалија дека Владата им дава време на олигарсите да ги префрлат своите средства надвор од земјата пред да бидат објавени какви било ограничувања. Засега нема коментар од Абрамович и од британската Влада.

Абрамович (55) стана еден од најмоќните руски претприемачи главно од нафта и алуминиум за време на хаотичните последици од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Списанието „Форбс“ минатиот месец ја објави нето вредноста на неговото богатство на повеќе од 13 милијарди долари.

Велика Британија и ЕУ воведоа санкции, како што се замрзнување на имотот на Абрамович и стотици руски поединци и ентитети, насочени кон лица обвинети дека го поддржуваат рускиот претседател Владимир Путин.

The post Абрамович му ја предал контролата на фирмата на директорот на Челзи на денот на инвазијата врз Украина appeared first on Република.

]]>

Рускиот бизнисмен Роман Абрамович ја префрлил компанијата што ја контролирал со инвестиции од десетици милиони долари на директорот на англискиот фудбалски клуб Челзи на денот кога Русија ја нападна Украина, покажаа корпоративните документи во Велика Британија. Тоа беше вторпат сопственикот на Челзи, Абрамович да го префрли имотот на близок соработник пред Британија и ЕУ да воведат санкции против него овој месец. Откако Британија првично беше побавна од САД и Европската Унија во воведувањето санкции по инвазијата на 24 февруари, британските пратеници се пожалија дека Владата им дава време на олигарсите да ги префрлат своите средства надвор од земјата пред да бидат објавени какви било ограничувања. Засега нема коментар од Абрамович и од британската Влада. Абрамович (55) стана еден од најмоќните руски претприемачи главно од нафта и алуминиум за време на хаотичните последици од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Списанието „Форбс“ минатиот месец ја објави нето вредноста на неговото богатство на повеќе од 13 милијарди долари. Велика Британија и ЕУ воведоа санкции, како што се замрзнување на имотот на Абрамович и стотици руски поединци и ентитети, насочени кон лица обвинети дека го поддржуваат рускиот претседател Владимир Путин.

The post Абрамович му ја предал контролата на фирмата на директорот на Челзи на денот на инвазијата врз Украина appeared first on Република.

]]>
Го бранеа Абрамович: Навивачите на Челзи се степаа со полицијата во Франција https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/go-branea-abramovich-navivachite-na-chelzi-se-stepaa-so-policijata-vo-francija/ Thu, 17 Mar 2022 15:11:46 +0000 https://republika.mk/?p=474439

Навивачите на Челзи имаа сериозна пресметка со француската полиција, пред, за време и по натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Лил , кој заврши со триумф на гостите од Англија со 2:1.

Навивачите на Челзи немаа проблем да дојдат во Франција. Огромен број симпатизери на клубот од Лондон пред почетокот на натпреварот почнаа да го скандираат името на Роман Абрамович по улиците на Лил, што го привлече вниманието на локалната полиција. Се заврши со брутална полициска интервенција и тепачка.

 

https://www.youtube.com/watch?v=1EfrSWqcObQ&feature=emb_title

The post Го бранеа Абрамович: Навивачите на Челзи се степаа со полицијата во Франција appeared first on Република.

]]>

Навивачите на Челзи имаа сериозна пресметка со француската полиција, пред, за време и по натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Лил , кој заврши со триумф на гостите од Англија со 2:1. Навивачите на Челзи немаа проблем да дојдат во Франција. Огромен број симпатизери на клубот од Лондон пред почетокот на натпреварот почнаа да го скандираат името на Роман Абрамович по улиците на Лил, што го привлече вниманието на локалната полиција. Се заврши со брутална полициска интервенција и тепачка.   https://www.youtube.com/watch?v=1EfrSWqcObQ&feature=emb_title

The post Го бранеа Абрамович: Навивачите на Челзи се степаа со полицијата во Франција appeared first on Република.

]]>