Ролинг Стоунс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/roling-stouns/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 21:57:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ролинг Стоунс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/roling-stouns/ 32 32 „Битлси“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ ривали и во 2025 година https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/bitlsi-i-roling-stouns-se-gremi-rivali-i-vo-2025-godina/ Tue, 12 Nov 2024 21:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=836984

Времето на нивните најголеми успеси, се чинеше, помина, но соперништвото ќе живее и во 2025 година. Во февруари ќе бидат доделени новите „Греми“ награди, па и „Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се номинирани во некои од најважните категории.

„Битлс“, имено, се номинирани за „најдобра плоча“, што се смета за прва и најважна „Греми“ награда, но и во категоријата „најдобра рок изведба“ за песната „Now and Then“ (Сега и тогаш). И во двата случаја станува збор за „траката“ позната меѓу другото и по тоа што главниот вокал (Џон Ленон) е „исчистен“ и одвоен од стара демо-снимка, користејќи притоа технологии на вештачката интелигенција.

„Стоунс“, пак, имаат само една номинација – за најдобар рок албум, онаа за „Hackney Diamonds“, којшто излезе во 2023., но при крајот на годината, па не влезе во конкуренција за „Греми 2024“.

Со вкупно 11 номинации (и со 94 категории досега), Бијонсе е апсолутна рекордерка по номинации за „Греми“ и ја достигна бројката од 99 во досегашната кариера, убедливо надминувајќи го својот сопруг Џеј Зи, кој остана на 88 номинации.

Сите други главни фаворити за наградите, вклучително и овогодишната доминантна ѕвезда-изведувачка Тејлор Свифт, имаат по 6 – 7 номинации.

Наградите ќе бидат доделени на 2 февруари следната година, во „Крипто.ком арената“ во Лос Анџелес, САД.

The post „Битлси“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ ривали и во 2025 година appeared first on Република.

]]>

„Ролинг стоунс“ го претставија својот нов албум во Њујорк пред одбрана публика https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/roling-stouns-go-pretstavija-svojot-nov-album-vo-nujork-pred-odbrana-publika/ Sun, 22 Oct 2023 16:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=693954

Музика со врвен квалитет и одлична атмосфера завладеа во ноќниот клуб „Рекет Њујорк Сити“, каде што членовите на „Ролинг стоунс“ одржаа приватна забава по повод издавањето на својот прв албум по 18 години.

„Стоунси“, во својата седма деценија како рокенрол-бенд, изведоа неколку песни пред стотици луѓе во клубот на Вест Сајд, Менхетен, за да го одбележат објавувањето на Hackney Diamonds, кој на бендот му донесе некои од најдобрите рецензии во последните децении.

Фронтменот Мик Џегер (80) се пошегува дека дел од мотивацијата да се вратат во студио и да снимат нов албум – чиј наслов е референција на британски сленг за скршено стакло – е и одржувањето вакви презентации во Њујорк.

Шлаг на тортата на настанот во четвртокот вечерта беше заедничкиот настап со Лејди Гага.

„Стоунс“ го заврши настапот со Sweet Sounds of Heaven на Лејди Гага, бавна песна со примеси на блуз, од новиот албум. Оваа нумера потсетува на класикот на бендот од 70-тите, Moonlight Mile.

Покрај Гага, на новиот албум гостуваат Стиви Вондер, Пол Макартни и Елтон Џон, а долгогодишниот басист Бил Вајман, кој го напушти бендот во 90-тите, се враќа за песната Live by the Sword.

https://youtu.be/evE6-bfymKQ?si=ueNGqU5tHll7bZBi

The post „Ролинг стоунс“ го претставија својот нов албум во Њујорк пред одбрана публика appeared first on Република.

]]>

Музика со врвен квалитет и одлична атмосфера завладеа во ноќниот клуб „Рекет Њујорк Сити“, каде што членовите на „Ролинг стоунс“ одржаа приватна забава по повод издавањето на својот прв албум по 18 години.
„Стоунси“, во својата седма деценија како рокенрол-бенд, изведоа неколку песни пред стотици луѓе во клубот на Вест Сајд, Менхетен, за да го одбележат објавувањето на Hackney Diamonds, кој на бендот му донесе некои од најдобрите рецензии во последните децении.
Фронтменот Мик Џегер (80) се пошегува дека дел од мотивацијата да се вратат во студио и да снимат нов албум – чиј наслов е референција на британски сленг за скршено стакло – е и одржувањето вакви презентации во Њујорк. Шлаг на тортата на настанот во четвртокот вечерта беше заедничкиот настап со Лејди Гага. „Стоунс“ го заврши настапот со Sweet Sounds of Heaven на Лејди Гага, бавна песна со примеси на блуз, од новиот албум. Оваа нумера потсетува на класикот на бендот од 70-тите, Moonlight Mile. Покрај Гага, на новиот албум гостуваат Стиви Вондер, Пол Макартни и Елтон Џон, а долгогодишниот басист Бил Вајман, кој го напушти бендот во 90-тите, се враќа за песната Live by the Sword. https://youtu.be/evE6-bfymKQ?si=ueNGqU5tHll7bZBi

The post „Ролинг стоунс“ го претставија својот нов албум во Њујорк пред одбрана публика appeared first on Република.

]]>
„Ролинг стоунс со нов албум https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/roling-stouns-so-nov-album/ Tue, 05 Sep 2023 06:13:05 +0000 https://republika.mk/?p=678830

Легендарниот рок-бенд „Ролинг стоунс“ по 18 години ќе објави нов албум којшто воедно ќе биде и прв по смртта на долгогодишниот член - тапанарот Чарли Вотс.

Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд в среда ќе гостуваат во емисијата на познатиот американски водител Џими Фалон, каде што официјално ќе го претстават новиот албум „Hackney Diamonds“, а тоа ќе може да се гледа и на Јутјуб.

„Лондонска општина Хекни можеби е срцето на „Hackney Diamonds“, но ова е вистински миг што треба да го споделиме со обожавателите од цел светот преку Јутјуб“, се вели на официјалната интернет-страница на бендот.

Рок-составот постои од 1962 година.

The post „Ролинг стоунс со нов албум appeared first on Република.

]]>

Легендарниот рок-бенд „Ролинг стоунс“ по 18 години ќе објави нов албум којшто воедно ќе биде и прв по смртта на долгогодишниот член - тапанарот Чарли Вотс. Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд в среда ќе гостуваат во емисијата на познатиот американски водител Џими Фалон, каде што официјално ќе го претстават новиот албум „Hackney Diamonds“, а тоа ќе може да се гледа и на Јутјуб. „Лондонска општина Хекни можеби е срцето на „Hackney Diamonds“, но ова е вистински миг што треба да го споделиме со обожавателите од цел светот преку Јутјуб“, се вели на официјалната интернет-страница на бендот. Рок-составот постои од 1962 година.

The post „Ролинг стоунс со нов албум appeared first on Република.

]]>
„Ролинг стоунс“ со голема европска турнеја ќе слави 60 години постоење https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/roling-stouns-so-golema-evropska-turneja-kje-slavi-60-godini-postoenje/ Wed, 13 Jul 2022 12:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=528114

Легендарниот британски рок-состав „Ролинг стоунс“, кој од обожавателите, критичари и медиуми постојано е нарекуван „најголемиот рок бенд на сите времиња“, одбележува 60 години постоење.

По повод таквиот јубилеј, 1 јуни „Стоунси“ ја отвораат својата европска турнеја со настап во Мадрид.

Бендот е основан на 12 јули 1962 година, и зад себе има 25 студиски албуми.

Во постојан состав денес се Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд, а во минатото тука членувале и покојните Џарли Вотс, Брајан Џонс, Бил Вајман, Мик Тејлор и Ијан Стјуарт.

The post „Ролинг стоунс“ со голема европска турнеја ќе слави 60 години постоење appeared first on Република.

]]>

Легендарниот британски рок-состав „Ролинг стоунс“, кој од обожавателите, критичари и медиуми постојано е нарекуван „најголемиот рок бенд на сите времиња“, одбележува 60 години постоење. По повод таквиот јубилеј, 1 јуни „Стоунси“ ја отвораат својата европска турнеја со настап во Мадрид. Бендот е основан на 12 јули 1962 година, и зад себе има 25 студиски албуми. Во постојан состав денес се Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд, а во минатото тука членувале и покојните Џарли Вотс, Брајан Џонс, Бил Вајман, Мик Тејлор и Ијан Стјуарт.  

The post „Ролинг стоунс“ со голема европска турнеја ќе слави 60 години постоење appeared first on Република.

]]>
Миг Џегер е позитивен на ковид, одложен е концертот на „Ролинг стоунс“ во Амстердам https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/mig-dzeger-e-pozitiven-na-kovid-odlozen-e-koncertot-na-roling-stouns-vo-amsterdam/ Tue, 14 Jun 2022 08:32:31 +0000 https://republika.mk/?p=514845

„Ролинг стоунс“ го одложу концерт во Амстердам откако Мик Џегер имал позитивен тест за коронавирус. Како што објави групата, 78-годишниот Џегер развил симптоми кога дошол на арената „Јохан Кројф“, каде што требаше да се одржи концертот.

Бендот се наоѓа среде европската стадионска турнеја „Шеесет“, со која ја одбележува својата 60-годишнина. Таа се состои од десет концерти, а следниот треба да биде в петок во Берн.

„‘Ролинг стоунс‘ беше принуден да го откаже вечерашниот концерт во Амстердам откако Мик Џегер имаше позитивен тест. Длабоко се извинуваме за откажувањето. Концертот ќе биде презакажан“, објави групата, а и Џегер лично се извини на Твитер.

The post Миг Џегер е позитивен на ковид, одложен е концертот на „Ролинг стоунс“ во Амстердам appeared first on Република.

]]>

„Ролинг стоунс“ го одложу концерт во Амстердам откако Мик Џегер имал позитивен тест за коронавирус. Како што објави групата, 78-годишниот Џегер развил симптоми кога дошол на арената „Јохан Кројф“, каде што требаше да се одржи концертот. Бендот се наоѓа среде европската стадионска турнеја „Шеесет“, со која ја одбележува својата 60-годишнина. Таа се состои од десет концерти, а следниот треба да биде в петок во Берн. „‘Ролинг стоунс‘ беше принуден да го откаже вечерашниот концерт во Амстердам откако Мик Џегер имаше позитивен тест. Длабоко се извинуваме за откажувањето. Концертот ќе биде презакажан“, објави групата, а и Џегер лично се извини на Твитер.  

The post Миг Џегер е позитивен на ковид, одложен е концертот на „Ролинг стоунс“ во Амстердам appeared first on Република.

]]>