роковник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rokovnik/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Feb 2024 12:33:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png роковник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rokovnik/ 32 32 Радиодифузерите да го почитуваат изборниот законик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/radiodifuzerite-da-go-pochituvaat-izborniot-zakonik/ Thu, 15 Feb 2024 12:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=744388

Со распишување на Претседателските и Парламентарните избори, закажани за 24 април односно 8 мај 2024 година, стапија на сила одредбите од Изборниот законик. Со ова започнува и мониторингот на медиумското известување од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којшто до почетокот на изборната кампања ќе биде фокусиран на девет телевизиски програмски сервиси на државно ниво, а сите останати програмски сервиси ќе се мониторираат врз основа на претставка.

Радиодифузерите кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) треба да го почитуваат рокот од 3 дена за регистрација во Државната изборна комисија, односно од 5 дена за утврдување ценовници за ППР и нивна достава до надлежните институции – ДИК, ДЗР, ДКСК и АВМУ. Известувањето за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, на државните институции и организации, како и за други правни лица со јавни овластувања, не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект. Треба да се почитуваат правилата за објавување на резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, како и забраните за емитување ППР пред почетокот на изборната кампања, за емитување реклами финансирани од Буџетот, и забраната за истовремен ангажман на уредници, новинари, водители на програма и презентери во програмите на радиодифузерите и во предизборни активности на учесниците во изборна кампања.

Јавниот радиодифузен сервис и националните радиодифузери што одлучиле да го покриваат изборниот процес, се должни тоа да го прават во формат и на јазик пристапен и достапен за лицата со попреченост.

При известувањето за изборниот процес, радиодифузерите се должни да ги почитуваат професионалните начела за новинарската дејност, посебно начелото за објективно, непристрасно прикажување на настаните, со еднаков третман на различните гледишта и мислења, така што ќе ѝ овозможат на публиката слободно да оформи свое мислење за одделни настани и прашања. Воедно, сите радиодифузери се должни да ги почитуваат посебните забрани од членот 48 од ЗААВМУ.

Како и досега, Агенцијата, на својата веб страница постави банер со сите материјали поврзани со изборниот процес – законски и подзаконски акти, образец за претставки и сл. Освен на македонски јазик, овој банер функционира и на албански и англиски јазик.

The post Радиодифузерите да го почитуваат изборниот законик appeared first on Република.

]]>

Со распишување на Претседателските и Парламентарните избори, закажани за 24 април односно 8 мај 2024 година, стапија на сила одредбите од Изборниот законик. Со ова започнува и мониторингот на медиумското известување од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којшто до почетокот на изборната кампања ќе биде фокусиран на девет телевизиски програмски сервиси на државно ниво, а сите останати програмски сервиси ќе се мониторираат врз основа на претставка. Радиодифузерите кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) треба да го почитуваат рокот од 3 дена за регистрација во Државната изборна комисија, односно од 5 дена за утврдување ценовници за ППР и нивна достава до надлежните институции – ДИК, ДЗР, ДКСК и АВМУ. Известувањето за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, на државните институции и организации, како и за други правни лица со јавни овластувања, не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект. Треба да се почитуваат правилата за објавување на резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, како и забраните за емитување ППР пред почетокот на изборната кампања, за емитување реклами финансирани од Буџетот, и забраната за истовремен ангажман на уредници, новинари, водители на програма и презентери во програмите на радиодифузерите и во предизборни активности на учесниците во изборна кампања. Јавниот радиодифузен сервис и националните радиодифузери што одлучиле да го покриваат изборниот процес, се должни тоа да го прават во формат и на јазик пристапен и достапен за лицата со попреченост. При известувањето за изборниот процес, радиодифузерите се должни да ги почитуваат професионалните начела за новинарската дејност, посебно начелото за објективно, непристрасно прикажување на настаните, со еднаков третман на различните гледишта и мислења, така што ќе ѝ овозможат на публиката слободно да оформи свое мислење за одделни настани и прашања. Воедно, сите радиодифузери се должни да ги почитуваат посебните забрани од членот 48 од ЗААВМУ. Како и досега, Агенцијата, на својата веб страница постави банер со сите материјали поврзани со изборниот процес – законски и подзаконски акти, образец за претставки и сл. Освен на македонски јазик, овој банер функционира и на албански и англиски јазик.

The post Радиодифузерите да го почитуваат изборниот законик appeared first on Република.

]]>