ројтерс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rojters/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 17:33:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ројтерс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rojters/ 32 32 Странските медиуми ја најавија промената на власта во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stranskite-mediumi-ja-najavija-promenata-na-vlasta-vo-makedonija/ Wed, 08 May 2024 17:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=775728

ласачите   во Македонија избираат нов парламент и одлучуваат за нивниот следен претседател. Последните анкети укажуваат на можна промена на власта во балканската нација. Се очекува националистичката опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ да победи на парламентарните избори и да ја предводи следната владина коалиција. Партијата очекува и добри вести во вториот круг од гласањето за претседателската функција.

Актуелниот претседател Стево Пендаровски (61), кој е поддржан од актуелните владејачки социјалдемократи (СДСМ), беше втор во првиот круг пред две недели.

Предизвикувачот Гордана Силјановска-Давкова (70) од ВМРО-ДПМНЕ доби двојно повеќе гласови од Пендаровски.

За време на предизборната кампања, националистите најавија дека доколку победат ќе водат поконфронтациски курс против соседните Грција и Бугарија.
-------------------------------

Reuters
Избирачките места во Македонија беа отворени денеска за парламентарните и за претседателските избори на кои се очекува десничарската опозиција да добие предност против владејачката партија која не успеа да ги подобри преговорите за влез во ЕУ и да ја елиминира корупцијата.

Не се објавени анкети пред гласањето, но посилните резултати од очекуваното на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори минатиот месец укажуваат на тоа дека гласачите се фрустрирани од владејачките социјалдемократи. Некои од оние што гласаа рекоа дека сакаат влада способна да внесува инвестиции и да ја искорени корупцијата. Љубљанскиот Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) наведе дека победата на ВМРО-ДПМНЕ може да ги комплицира понатамошните разговори со ЕУ, со оглед на нивното противење на договорите со Грција и Бугарија.
----------------------
Аl Jazeera 
Во Македонија излегуваат на гласање за парламентарни и претседателски избори кои можат да претставуваат тест за амбициите на балканската држава за Европската унија.

Гласањето денеска доаѓа  откако Гордана Силјановска-Давкова од десничарската ВМРО-ДПМНЕ убедливо поведе во првиот круг од претседателските избори одржани минатиот месец. Победата на националистичката партија ќе ја постави сцената за тензии со соседните Грција и Бугарија, заканувајќи се да ги оптоварува веќе бавните разговори за пристап во ЕУ. Сепак, левичарската партија, која моментално ја води владата и може да се пофали со претседателската функција, се бори да ја врати иницијативата по тешката загуба во првиот круг во претседателските избори, при што популистичката агенда на Мицкоски се покажа моќна.
--------------------
AP (Associated Press)
Гласачите во Македонија гласаа денеска на парламентарните избори и на вториот круг од претседателските избори во кои доминираа прашања како што се патот на земјата кон членство во Европската унија, корупцијата и економијата.

Првиот круг од изборите за претседател, главно церемонијална функција, се сметаше за барометар за парламентарното гласање. Тоа и даде јасно водство на Гордана Силјановска-Давкова, кандидатот поддржан од десниот центар, пред актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој е поддржан од владината левичарска коалиција. Патот на Македонија кон ЕУ е блокиран од соседна Бугарија, која бара да се измени Уставот за да се признае бугарското малцинство. И додека левиот центар се согласи со барањето, ВМРО-ДПМНЕ го осуди владиниот „капитулантски бугарски диктат. Нешто повеќе од 3.500 луѓе од речсии 1,84 милиони се идентификувале како Бугари на последниот попис во Македонија, во 2021 година.
--------------------------
AFP
Се чини дека Македонија е вo судир со нејзините соседи во ЕУ, Грција и Бугарија, со двоjните избори денееска на кои најверојатно, ќе ја вратат на власт десничарската опозиција во земјата. Гласањето може да има голем ефект врз сонот на балканската земја за пристапување во Европската унија. Откако постигна убедлива победа во првиот круг од претседателските избори минатиот месец, националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ преполни со доверба се упатија кон вториот круг гласање и на парламентарни избори.
------------------------
Washingotn post
Во Македонија се одржуваат избори на кои доминира патот на земјата кон членство во ЕУ и борбата со корупцијата. Преговорите за членство во ЕУ со Македонија - и со другата кандидатка Албанија - започнаа во 2022 година и се очекува процесот да трае со години.

Корупцијата е другото жешко прашање, при што извештајот на Европската комисија минатата година вели дека таа „останува распространета во многу области“ во Македонија. Во декември, американската амбасадорка Ангела Агелер рече дека има „епидемија на корупција во оваа земја што го погоди секој сектор, секоја организација и само со разоткривање на корумпираните актери можеме да почнеме да и помагаме на земјата да ги реши овие прашања“.
-----------------
DW
На опасност предупредува Улф Брунбауер, научен директор на Лајбниц Институтот за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург, Германија, кој смета дека исходот од изборите во Македонија ќе биде „доказ за геополитичкото слепило на ЕУ“, алудирајќи на фактот дека и по 20 години откако стана кандидат, државата уште формално не ги започнала преговорите за полноправно членство во ЕУ.

„За ЕУ, оваа прогноза е засрамувачка“, напиша Брунбауер во коментарот.
„Постои закана од обновување на етничките конфликти, уште една земја од Западен Балкан може да се сврти кон исток, додека Брисел целосно го загуби својот кредибилитет како фактор на стабилноста во тој регион исполнет со тензии. Според се, очигледно актерите во ЕУ се уште не ја разбрале експлозивната геополитичка динамика на Балканот“, заклучува германскиот експерт.

The post Странските медиуми ја најавија промената на власта во Македонија appeared first on Република.

]]>

ласачите   во Македонија избираат нов парламент и одлучуваат за нивниот следен претседател. Последните анкети укажуваат на можна промена на власта во балканската нација. Се очекува националистичката опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ да победи на парламентарните избори и да ја предводи следната владина коалиција. Партијата очекува и добри вести во вториот круг од гласањето за претседателската функција. Актуелниот претседател Стево Пендаровски (61), кој е поддржан од актуелните владејачки социјалдемократи (СДСМ), беше втор во првиот круг пред две недели. Предизвикувачот Гордана Силјановска-Давкова (70) од ВМРО-ДПМНЕ доби двојно повеќе гласови од Пендаровски. За време на предизборната кампања, националистите најавија дека доколку победат ќе водат поконфронтациски курс против соседните Грција и Бугарија. ------------------------------- Reuters Избирачките места во Македонија беа отворени денеска за парламентарните и за претседателските избори на кои се очекува десничарската опозиција да добие предност против владејачката партија која не успеа да ги подобри преговорите за влез во ЕУ и да ја елиминира корупцијата. Не се објавени анкети пред гласањето, но посилните резултати од очекуваното на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори минатиот месец укажуваат на тоа дека гласачите се фрустрирани од владејачките социјалдемократи. Некои од оние што гласаа рекоа дека сакаат влада способна да внесува инвестиции и да ја искорени корупцијата. Љубљанскиот Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) наведе дека победата на ВМРО-ДПМНЕ може да ги комплицира понатамошните разговори со ЕУ, со оглед на нивното противење на договорите со Грција и Бугарија. ---------------------- Аl Jazeera  Во Македонија излегуваат на гласање за парламентарни и претседателски избори кои можат да претставуваат тест за амбициите на балканската држава за Европската унија. Гласањето денеска доаѓа  откако Гордана Силјановска-Давкова од десничарската ВМРО-ДПМНЕ убедливо поведе во првиот круг од претседателските избори одржани минатиот месец. Победата на националистичката партија ќе ја постави сцената за тензии со соседните Грција и Бугарија, заканувајќи се да ги оптоварува веќе бавните разговори за пристап во ЕУ. Сепак, левичарската партија, која моментално ја води владата и може да се пофали со претседателската функција, се бори да ја врати иницијативата по тешката загуба во првиот круг во претседателските избори, при што популистичката агенда на Мицкоски се покажа моќна. -------------------- AP (Associated Press) Гласачите во Македонија гласаа денеска на парламентарните избори и на вториот круг од претседателските избори во кои доминираа прашања како што се патот на земјата кон членство во Европската унија, корупцијата и економијата. Првиот круг од изборите за претседател, главно церемонијална функција, се сметаше за барометар за парламентарното гласање. Тоа и даде јасно водство на Гордана Силјановска-Давкова, кандидатот поддржан од десниот центар, пред актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој е поддржан од владината левичарска коалиција. Патот на Македонија кон ЕУ е блокиран од соседна Бугарија, која бара да се измени Уставот за да се признае бугарското малцинство. И додека левиот центар се согласи со барањето, ВМРО-ДПМНЕ го осуди владиниот „капитулантски бугарски диктат. Нешто повеќе од 3.500 луѓе од речсии 1,84 милиони се идентификувале како Бугари на последниот попис во Македонија, во 2021 година. -------------------------- AFP Се чини дека Македонија е вo судир со нејзините соседи во ЕУ, Грција и Бугарија, со двоjните избори денееска на кои најверојатно, ќе ја вратат на власт десничарската опозиција во земјата. Гласањето може да има голем ефект врз сонот на балканската земја за пристапување во Европската унија. Откако постигна убедлива победа во првиот круг од претседателските избори минатиот месец, националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ преполни со доверба се упатија кон вториот круг гласање и на парламентарни избори. ------------------------ Washingotn post Во Македонија се одржуваат избори на кои доминира патот на земјата кон членство во ЕУ и борбата со корупцијата. Преговорите за членство во ЕУ со Македонија - и со другата кандидатка Албанија - започнаа во 2022 година и се очекува процесот да трае со години. Корупцијата е другото жешко прашање, при што извештајот на Европската комисија минатата година вели дека таа „останува распространета во многу области“ во Македонија. Во декември, американската амбасадорка Ангела Агелер рече дека има „епидемија на корупција во оваа земја што го погоди секој сектор, секоја организација и само со разоткривање на корумпираните актери можеме да почнеме да и помагаме на земјата да ги реши овие прашања“. ----------------- DW На опасност предупредува Улф Брунбауер, научен директор на Лајбниц Институтот за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург, Германија, кој смета дека исходот од изборите во Македонија ќе биде „доказ за геополитичкото слепило на ЕУ“, алудирајќи на фактот дека и по 20 години откако стана кандидат, државата уште формално не ги започнала преговорите за полноправно членство во ЕУ. „За ЕУ, оваа прогноза е засрамувачка“, напиша Брунбауер во коментарот. „Постои закана од обновување на етничките конфликти, уште една земја од Западен Балкан може да се сврти кон исток, додека Брисел целосно го загуби својот кредибилитет како фактор на стабилноста во тој регион исполнет со тензии. Според се, очигледно актерите во ЕУ се уште не ја разбрале експлозивната геополитичка динамика на Балканот“, заклучува германскиот експерт.

The post Странските медиуми ја најавија промената на власта во Македонија appeared first on Република.

]]>
Двајца новинари на Ројтерс ранети во украинско гранатирање во Северодоњецк, возачот загинал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dvajca-novinari-na-rojters-raneti-vo-ukrainsko-granatiranje-vo-severodonjeck-vozachot-zaginal/ Fri, 03 Jun 2022 19:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=510813

Двајца новинари на „Ројтерс“ се повредени при украинско гранатирање кај Северодоњецк, во источна Украина, а нивниот возач е убиен, за „Си-Ен-Ен“ потврдил портпаролот на агенцијата.

Претходно извор од „Ројтерс“ за агенцијата „Тас“ изјавил дека двајца новинари на агенцијата биле повредени кога украинската војска го гранатирала патот и го погодила автомобилот во кој се наоѓале.

Мало парче шрапнел што го погоди Александар во ногата е отстрането и тој може да оди, а раката на Павел е скршена - изјавил изворот, додавајќи дека и двајцата новинари се во болница во градот Рубежноје.

Портпаролот на „Ројтерс“ за „Си-Ен-Ен“ изјавил дека повредените новинари биле во возило обезбедено од проруски сили и дека ги управувало лице задолжено за контакт со проруските сили.

„Ројтерс“ изразува длабоко сочувство до семејството на загинатиот возач - изјавил портпаролот.

Во последните неколку дена Северодоњецк, град во областа Луганск, е место на жестоко гранатирање во борбата меѓу украинските и руските сили за контрола над градот.

The post Двајца новинари на Ројтерс ранети во украинско гранатирање во Северодоњецк, возачот загинал appeared first on Република.

]]>

Двајца новинари на „Ројтерс“ се повредени при украинско гранатирање кај Северодоњецк, во источна Украина, а нивниот возач е убиен, за „Си-Ен-Ен“ потврдил портпаролот на агенцијата. Претходно извор од „Ројтерс“ за агенцијата „Тас“ изјавил дека двајца новинари на агенцијата биле повредени кога украинската војска го гранатирала патот и го погодила автомобилот во кој се наоѓале.
Мало парче шрапнел што го погоди Александар во ногата е отстрането и тој може да оди, а раката на Павел е скршена - изјавил изворот, додавајќи дека и двајцата новинари се во болница во градот Рубежноје.
Портпаролот на „Ројтерс“ за „Си-Ен-Ен“ изјавил дека повредените новинари биле во возило обезбедено од проруски сили и дека ги управувало лице задолжено за контакт со проруските сили.
„Ројтерс“ изразува длабоко сочувство до семејството на загинатиот возач - изјавил портпаролот.
Во последните неколку дена Северодоњецк, град во областа Луганск, е место на жестоко гранатирање во борбата меѓу украинските и руските сили за контрола над градот.

The post Двајца новинари на Ројтерс ранети во украинско гранатирање во Северодоњецк, возачот загинал appeared first on Република.

]]>