родово насилство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodovo-nasilstvo/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 09:46:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png родово насилство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodovo-nasilstvo/ 32 32 Панел-дискусија: Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња https://arhiva3.republika.mk/zivot/panel-diskusija-vazhnosta-od-rodovata-ednakvost-za-sprechuvane-na-nasilstvoto-vrz-zheni-i-devojchina/ Fri, 29 Nov 2024 09:46:11 +0000 https://republika.mk/?p=843041

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство организира панел-дискусија на тема: Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња. Настанот ќе одржи денес во Јавна соба – Скопје, со почеток во 13:00 часот.

На настанот ќе разговараме за родовата еднаквост како основен предуслов за искоренување на насилството врз жените и девојчињата. За да постигнеме родова еднаквост, потребен ни е еднаков пристап до ресурси, можности и моќ за одлучување, формално образование кое промовира здрави односи засновани на согласност и меѓусебна почит, соочување со предизвиците на руралните жени и сузбивање на женската сиромаштија. Преку различните излагања на панелистките ќе опфатиме неколку аспекти на родовата еднаквост, како и насилството врз жени и девојчиња.

Со задоволство ги покануваме сите заинтересирани членови на Советот на вашата општина, претседатели на совети и советници, како и претставниците од секторот за социјална заштита и од комисиите за еднакви можности да учествуваат на овој настан. Вашето присуство е исклучително важно за продлабочување на дискусијата и разменување искуства.

Агенда
12:30 – 13:00 Пристигнување и кафе за добредојде
13:00 – 14:00
-Родов јаз во платите – Ана Бојчевска Митревска, Реактор – Истражување во акција
-Работнички права на жените – Уранија Пировска, Хелсиншки Комитет
-Пристап до права и услуги на жените земјоделки – Неда Чаловска Димовска, експертка
-Родово базирано насилство и родова еднаквост – Елена Димушевска, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
-Социјално ментроство и економско јакнење на жени жртви на РБН и СН – Климентина Илиевска, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“
14:00 – 14:30
-Дискусија
14:30
Затворање на панел-дискусијата

The post Панел-дискусија: Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња appeared first on Република.

]]>

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство организира панел-дискусија на тема: Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња. Настанот ќе одржи денес во Јавна соба – Скопје, со почеток во 13:00 часот. На настанот ќе разговараме за родовата еднаквост како основен предуслов за искоренување на насилството врз жените и девојчињата. За да постигнеме родова еднаквост, потребен ни е еднаков пристап до ресурси, можности и моќ за одлучување, формално образование кое промовира здрави односи засновани на согласност и меѓусебна почит, соочување со предизвиците на руралните жени и сузбивање на женската сиромаштија. Преку различните излагања на панелистките ќе опфатиме неколку аспекти на родовата еднаквост, како и насилството врз жени и девојчиња.   Со задоволство ги покануваме сите заинтересирани членови на Советот на вашата општина, претседатели на совети и советници, како и претставниците од секторот за социјална заштита и од комисиите за еднакви можности да учествуваат на овој настан. Вашето присуство е исклучително важно за продлабочување на дискусијата и разменување искуства. Агенда 12:30 – 13:00 Пристигнување и кафе за добредојде 13:00 – 14:00 -Родов јаз во платите – Ана Бојчевска Митревска, Реактор – Истражување во акција -Работнички права на жените – Уранија Пировска, Хелсиншки Комитет -Пристап до права и услуги на жените земјоделки – Неда Чаловска Димовска, експертка -Родово базирано насилство и родова еднаквост – Елена Димушевска, Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство -Социјално ментроство и економско јакнење на жени жртви на РБН и СН – Климентина Илиевска, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ 14:00 – 14:30 -Дискусија 14:30 Затворање на панел-дискусијата

The post Панел-дискусија: Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња appeared first on Република.

]]>
„Нема оправдување“ за незаштитување на девојчињата од родово базирано насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-opravduvane-za-nezashtituvane-na-devojchinata-od-rodovo-bazirano-nasilstvo/ Tue, 26 Nov 2024 16:01:55 +0000 https://republika.mk/?p=841990

Во текот на 16-те дена активизам против родово базирано насилство, се потсетуваме дека борбата за ставање крај на насилството врз жените е и борба за заштита на девојчињата од некои од најраспространетите повреди на човековите права во светот.

Сексуалното насилство, детските бракови и сексуалната трговија се форми на родово базирано насилство чии жртви се девојчињата. Тие се јавуваат во секоја земја, во сите сегменти на општеството. Многу луѓе, вклучително и членовите на семејството и заедницата, често погрешно ги разбираат сексуалната злоупотреба и експлоатација на деца. Нивните реакции може да бидат неверување, па дури и обвинување на жртвата, или пак наметнато молчење и непреземање ништо за да го заштитат сторителот или за да ги зачуваат угледот и честа. Кон овој проблем придонесуваат факторите како што се општествените норми со кои на возрасните им се дава контрола врз децата и се поддржуваат патријархалните практики и ставови, но и слабите закони со кои пречесто се обвинуваат жртвите, а се ослободуваат сторителите.

Овогодинешната тема на 16-те дена активизам против родово базираното насилство е „Нема оправдување“. Со воспоставено цврсто законодавство, нема причина девојчињата да не бидат заштитени од насилство.

Македонија направи значителен напредок во донесувањето закони за заштита на девојчињата од родово базирано насилство, во согласност со меѓународните стандарди за човекови права. Законот за правда за деца гарантира заштита на децата-жртви преку мерки за спречување ревиктимизација. Тие опфаќаат повеќе заштитни мерки при сведочење на деца, со цел да се избегне повторна трауматизација поради многубројните и повторени распити. Со овој закон се уредува децата-жртви да уживаат засилена заштита и поддршка од сите институции, тела и поединци во системот за детска правда. Ова е клучно за да се обезбеди жртвите да бараат правда од систем што е подготвен да ја исполни.

Кривичниот законик ги штити децата од сите форми на насилство и наметнува строги казни за да ги одврати сторителите. На пример, производство и дистрибуцијата на материјал кој прикажува сексуална злоупотреба на деца се казнува со најмалку пет години затвор. Силувањето дете кое не наполнило 15 години е казниво со најмалку осум години затвор, исто како и трговијата со деца.

Но, цврстото законодавство може да го постигне посакуваното влијание само доколку тоа законодавство ефективно се спроведува. Во контекст на 16-те дена активизам против родово базираното насилство, УНИЦЕФ ја повикува земјата да инвестира во спроведување на законодавната рамка, вклучувајќи:

  • Градење на капацитетите на стручните лица од правосудниот систем, вклучително и адвокатите, при работа со деца да применуваат пристап кој е воден од доживеаната  траума и кој е сензитивен кон децата.
  • Децата-жртви на сексуална злоупотреба и експлоатација да имаат посебни права на процесна заштита, пристап до услуги за поддршка и навремени, правични правни лекови при повреда на правата.
  • Прописно спроведување на Кривичниот законик и Законот за правда за деца и обезбедување средства, насочување и обука за професионалците. Сторителите мора да се идентификуваат, соодветно да се санкционираат и да се спречат да го повторат делото. Не треба да има неказнивост за сторителите. Ова е клучно за постепено да се искоренат сите форми на родово базирано насилство врз девојчињата и момчињата и за да се изгради доверба во системот.
  • Правосудниот систем да обезбедува брза, ефикасна и ефективна правда. Приоритет треба да се даде на случаите во кои се вклучени деца, а судството треба да овозможува итна постапка во сериозни случаи за да се спречат трајни последици врз децата.

The post „Нема оправдување“ за незаштитување на девојчињата од родово базирано насилство appeared first on Република.

Изложбата „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ од Мартина Спасовска во Музеј на град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-luzni-na-izdrzhlivost-glasovi-na-nadezh-od-martina-spasovska-vo-muzej-na-grad-skopje/ Fri, 22 Nov 2024 09:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=840733

На 25 ноември 2024 со почеток во 19:30 часот во Музејот на град Скопје ќе биде одбележан почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство.“

Бидете дел од интерактивна вечер пропратена со дискусија, прикажување на кратки видеа и документарни филмови и моќната изложба „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ од Мартина Спасовска со цел да испратиме порака дека насилството врз жените и девојчињата никогаш не е оправдано.

Кампањата се одбележува под покровителство на семејството агенции на Обединетите нации во соработка со своите партнери Делегација на Европската Унија во Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, УСАИД - Агенција за меѓународен развој на САД и многу други. Целта на кампањата на глобално и регионално ниво е да ја подигне општествената свест во борбата за спречување на родово базираното насилство.

The post Изложбата „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ од Мартина Спасовска во Музеј на град Скопје appeared first on Република.

Вкупно 54 жени за една година побарале помош поради семејно насилство во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vkupno-54-zheni-za-edna-godina-pobarale-pomosh-poradi-semejno-nasilstvo-vo-kavadartsi/ Sat, 07 Oct 2023 09:21:36 +0000 https://republika.mk/?p=688831

Семејното насиство се уште е табу тема, особено во помалите средини, како впрочем и секој друг вид насилство, бидејќи стравот од тоа што ќе каже на сето тоа малограѓанската околина, ако дознае, си го прави своето. Сепак, радува фактот што полека но сигурно се менува свеста кај населението и се зголемува бројот на оние кои одлучуваат да не молчат, туку да пријават дека се жртви на насилство.

На тема насилство, особено семејно насилство, МИА се обрати до неколку субјекти што ја третираат оваа осетлива тема, во четирите општини од Тиквешкиот регион.

Дека насилството дефинитивно треба да се препознае, пријави и спречи, говори и фактот што млада жена побарала помош, откако цели девет месеци во текот на бременоста била изложена на насилство, а решила да го пријави, откако сфатила дека тоа нема да престане и ќе го загорчи не само нејзиниот, туку и животот на нејзиното дете. Во друг случај, имало целосно нарушување на семејните односи помеѓу сите членови од фамилијата, а мајката била жртва на насилство извршувано не само од нејзниот сопруг, туку и од синовите, долгогодишни зависници од алкохол и психотропни супстанци. Освен стравот од тоа, како ќе реагираат другите ако дознаат за насилството, како една од причините за молчењето и непријавувањето, е и економската зависност. Стравот, срамот, безизлезот поради немање финансиски средства и личен имот, се најчестите причини поради кои не само што не се пријавува насилството, туку, дури и да се пријави, следува откажување од понатамошна полициска и судска постапка.

Помош главно побарале жени кои подолг период живееле во насилна средина

Вкупно 54 жени побарале помош од регионалниот Центар за поддршка на жртви на семејно насилство во Кавадарци од септември лани, до деветтиот месец од оваа година. Ова го споделува за МИА, Благица Коцева Тодорова, претседателка на Здружението за родова еднаквост „Визија”, во чии рамки работи и Центарот. Најчесто, станувало збор за жени кои подолг период од нивниот живот живееле во една насилна средина, секојдневно изложени на разни ризици од физичко насилство или психолошко насилство.

Сите оние што се охрабриле да побараат помош, добиле услуги од социјална работничка, правна помош и психосоцијална поддршка. Вкупно 48 од нив, тоа го сториле и со доаѓање во просториите на Центарот, а шест, побарале советодавна помош и информации, но, поради одредени причини, со нив се уште не бил остварен директен контакт. Сите тие, како што самите кажале, преживеале некаква форма на семејно насилство, или родово базирано насилство.

Центарот за помош и поддршка на жени жртви на семејно насилство, „Женски центар”, е регионален центар што ги опфаќа општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија. Работи со поддршка на четирите локални самоуправи. Во него за помош, освен жени, може да се обратат и девојки и деца, ако чувствуваат дека се жртви на било какво насилство, над нив и над нивните блиски.

Нашиот тим работи со лицата што пријавуваат насилство, со сите специфичности на секој одделен случај. Разговараме со нив, им помагаме да ги надминат чувствата на осаменост, разочараност и беспомошност, им даваме поддршка при посета на други институции, преземаме и други мерки за да се спречи насилството и да се избегне ризик од повисок степен, а им обезбедуваме и правна заштита, појаснува Коцева Тодорова.

Таа за МИА говори и за случаи кога жртва на насилство била странска државјанка мажена во Тиквешијата, тиквешанка врз која било извршено родово базирано насилие од член на пошироко семејство поради нерегулирани имотно-правни односи.

Коцева Тодорова ја нагласува соработката со сите други надлежни институции во државата, појаснувајќи дека освен што им помагаат на жртвите и им даваат поддршка, прават напори да ги доедуцираат, преквалификуваат, вработат, со цел да станат економски независни.

Од 36 случаи лани во Кавадарци, во 14 жртвите побарале да се запре постапката

На ниво на СВР Велес, изминатата година се поднесени вкупно 85 кривични пријави за семејно насилство, а во првата половина од тековната 2023 година се поднесени вкупно 60 кривични пријави за семејно насилство, информира за МИА, портпаролката Биљана Ѓаковска.

Членови од семејствата кои најчесто се пријавувани, се мажите (сопружниците). Во тековната година најголем број пати кога една личност е пријавувана е два пати, досега има неколку такви случаеви и сите се на различни подрачја на СВР Велес, односно  на подрачје на град Велес, Кавадарци и Неготино, а поконкретно еден случај е во Неготино и по два случаи во Велес и Кавадарци, се вели во пишаниот одговор добиен од Ѓаковска.

Согласно евиденцијата на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи (ЈУ МЦСР) Кавадарци, во 2022 година се регистрирани 36 пријавени случаи на семејно насилство, а во првата половина од 2023 се евидентирани 18 случаи.

Во 2022 година 22 жртви на семејно насилство продолжиле со пријавата, а 14 од нив побарале да се запре постапката. Во првата половина од 2023 година постапката ја продолжиле 13 жртви, а 5 од нив побарале истата да биде запрена. Во најголем број на пријави како сторител на семејно насилство се јавува брачниот другар/ поранешен брачен другар/партнер, како и син кога се јавува како сторител кон родител. Според евиденцијата во последните 10 години, една жртва има пријавено 6 пати пријава за семејно насилство, од кои 5 во МВР, одговориле од ЈУ МЦСР Кавадарци.

Од МИА упатиле прашања и до ЈУ МЦСР Неготино.

Во 2023 година заклучно со месец јуни имаме 12 пријави за семејно насилство и  12  жртви, од кои се постапува по 8 со дадена согласност на жртвите и се предложени 12 мерки до судот, а се прифатени 10, значи  постапки кои по пријавата продолжиле со мерки се 8, а другите 4 не сакале да се постапува согласно законот, одговориле од Центарот.

На прашањето, кои членови од семејства се најчесто пријавувани за насилство, ни беше одговорено дека најчесто тоа се  брачни партнери (најчесто мажи) и дете - син.

Неколку од сторителите се повторуваат, но го извршуваат делото по истекот на мерките, само  еден  извршил ново дело и со тоа ги прекршил тековните мерки, одговориле од ЈУ МЦСР Неготино.

Според податоци добиени од кавадаречкото Обвинителство што е надлежно за четирите општини од регионот, од почетокот на годинава до крајот на август, регистрирани се неколку кривични дела кои опфаќаат родово базирано и семејно насилство. Според различни членови од кривичниот законик, примени се 63 кривични пријави, а отфрлени се девет, една отстапена во надлежност на друго обвинителство.

Што се однесува до поднесени обвиненија или казнен налог од пријавите, има 12 случаи според член 130 став 2 и три пресуди по обвиненија за условни осуди, а 27 според член 144 став 2 пред измените на КЗ и член 144 став 3 по измените, за кои има 4 пресуди по обвиненија, од кои една затворска казна и три условни осуди.

Фото: МИА и приватна архива на Коцева Тодорова

The post Вкупно 54 жени за една година побарале помош поради семејно насилство во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Семејното насиство се уште е табу тема, особено во помалите средини, како впрочем и секој друг вид насилство, бидејќи стравот од тоа што ќе каже на сето тоа малограѓанската околина, ако дознае, си го прави своето. Сепак, радува фактот што полека но сигурно се менува свеста кај населението и се зголемува бројот на оние кои одлучуваат да не молчат, туку да пријават дека се жртви на насилство. На тема насилство, особено семејно насилство, МИА се обрати до неколку субјекти што ја третираат оваа осетлива тема, во четирите општини од Тиквешкиот регион. Дека насилството дефинитивно треба да се препознае, пријави и спречи, говори и фактот што млада жена побарала помош, откако цели девет месеци во текот на бременоста била изложена на насилство, а решила да го пријави, откако сфатила дека тоа нема да престане и ќе го загорчи не само нејзиниот, туку и животот на нејзиното дете. Во друг случај, имало целосно нарушување на семејните односи помеѓу сите членови од фамилијата, а мајката била жртва на насилство извршувано не само од нејзниот сопруг, туку и од синовите, долгогодишни зависници од алкохол и психотропни супстанци. Освен стравот од тоа, како ќе реагираат другите ако дознаат за насилството, како една од причините за молчењето и непријавувањето, е и економската зависност. Стравот, срамот, безизлезот поради немање финансиски средства и личен имот, се најчестите причини поради кои не само што не се пријавува насилството, туку, дури и да се пријави, следува откажување од понатамошна полициска и судска постапка.

Помош главно побарале жени кои подолг период живееле во насилна средина

Вкупно 54 жени побарале помош од регионалниот Центар за поддршка на жртви на семејно насилство во Кавадарци од септември лани, до деветтиот месец од оваа година. Ова го споделува за МИА, Благица Коцева Тодорова, претседателка на Здружението за родова еднаквост „Визија”, во чии рамки работи и Центарот. Најчесто, станувало збор за жени кои подолг период од нивниот живот живееле во една насилна средина, секојдневно изложени на разни ризици од физичко насилство или психолошко насилство. Сите оние што се охрабриле да побараат помош, добиле услуги од социјална работничка, правна помош и психосоцијална поддршка. Вкупно 48 од нив, тоа го сториле и со доаѓање во просториите на Центарот, а шест, побарале советодавна помош и информации, но, поради одредени причини, со нив се уште не бил остварен директен контакт. Сите тие, како што самите кажале, преживеале некаква форма на семејно насилство, или родово базирано насилство. Центарот за помош и поддршка на жени жртви на семејно насилство, „Женски центар”, е регионален центар што ги опфаќа општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија. Работи со поддршка на четирите локални самоуправи. Во него за помош, освен жени, може да се обратат и девојки и деца, ако чувствуваат дека се жртви на било какво насилство, над нив и над нивните блиски.
Нашиот тим работи со лицата што пријавуваат насилство, со сите специфичности на секој одделен случај. Разговараме со нив, им помагаме да ги надминат чувствата на осаменост, разочараност и беспомошност, им даваме поддршка при посета на други институции, преземаме и други мерки за да се спречи насилството и да се избегне ризик од повисок степен, а им обезбедуваме и правна заштита, појаснува Коцева Тодорова.
Таа за МИА говори и за случаи кога жртва на насилство била странска државјанка мажена во Тиквешијата, тиквешанка врз која било извршено родово базирано насилие од член на пошироко семејство поради нерегулирани имотно-правни односи. Коцева Тодорова ја нагласува соработката со сите други надлежни институции во државата, појаснувајќи дека освен што им помагаат на жртвите и им даваат поддршка, прават напори да ги доедуцираат, преквалификуваат, вработат, со цел да станат економски независни.

Од 36 случаи лани во Кавадарци, во 14 жртвите побарале да се запре постапката

На ниво на СВР Велес, изминатата година се поднесени вкупно 85 кривични пријави за семејно насилство, а во првата половина од тековната 2023 година се поднесени вкупно 60 кривични пријави за семејно насилство, информира за МИА, портпаролката Биљана Ѓаковска.
Членови од семејствата кои најчесто се пријавувани, се мажите (сопружниците). Во тековната година најголем број пати кога една личност е пријавувана е два пати, досега има неколку такви случаеви и сите се на различни подрачја на СВР Велес, односно  на подрачје на град Велес, Кавадарци и Неготино, а поконкретно еден случај е во Неготино и по два случаи во Велес и Кавадарци, се вели во пишаниот одговор добиен од Ѓаковска.
Согласно евиденцијата на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи (ЈУ МЦСР) Кавадарци, во 2022 година се регистрирани 36 пријавени случаи на семејно насилство, а во првата половина од 2023 се евидентирани 18 случаи.
Во 2022 година 22 жртви на семејно насилство продолжиле со пријавата, а 14 од нив побарале да се запре постапката. Во првата половина од 2023 година постапката ја продолжиле 13 жртви, а 5 од нив побарале истата да биде запрена. Во најголем број на пријави како сторител на семејно насилство се јавува брачниот другар/ поранешен брачен другар/партнер, како и син кога се јавува како сторител кон родител. Според евиденцијата во последните 10 години, една жртва има пријавено 6 пати пријава за семејно насилство, од кои 5 во МВР, одговориле од ЈУ МЦСР Кавадарци.
Од МИА упатиле прашања и до ЈУ МЦСР Неготино.
Во 2023 година заклучно со месец јуни имаме 12 пријави за семејно насилство и  12  жртви, од кои се постапува по 8 со дадена согласност на жртвите и се предложени 12 мерки до судот, а се прифатени 10, значи  постапки кои по пријавата продолжиле со мерки се 8, а другите 4 не сакале да се постапува согласно законот, одговориле од Центарот.
На прашањето, кои членови од семејства се најчесто пријавувани за насилство, ни беше одговорено дека најчесто тоа се  брачни партнери (најчесто мажи) и дете - син.
Неколку од сторителите се повторуваат, но го извршуваат делото по истекот на мерките, само  еден  извршил ново дело и со тоа ги прекршил тековните мерки, одговориле од ЈУ МЦСР Неготино.
Според податоци добиени од кавадаречкото Обвинителство што е надлежно за четирите општини од регионот, од почетокот на годинава до крајот на август, регистрирани се неколку кривични дела кои опфаќаат родово базирано и семејно насилство. Според различни членови од кривичниот законик, примени се 63 кривични пријави, а отфрлени се девет, една отстапена во надлежност на друго обвинителство. Што се однесува до поднесени обвиненија или казнен налог од пријавите, има 12 случаи според член 130 став 2 и три пресуди по обвиненија за условни осуди, а 27 според член 144 став 2 пред измените на КЗ и член 144 став 3 по измените, за кои има 4 пресуди по обвиненија, од кои една затворска казна и три условни осуди. Фото: МИА и приватна архива на Коцева Тодорова

The post Вкупно 54 жени за една година побарале помош поради семејно насилство во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Фудбалер на Манчестер јунајтед ја тепал својата девојка, полицијата отвори истрага https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fudbaler-na-manchester-junajted-ja-tepal-svojata-devojka-policijata-otvori-istraga/ Sun, 30 Jan 2022 11:58:00 +0000 https://republika.mk/?p=451524

Полицијата на Манчестер отвори истрага против фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд.

Истрагата доаѓа откако девојката на фудбалерот, Хариет Робсон, го обвини за насилство објавувајќи сторија со фотографија од тепањето. Робсон објави и аудио како е принудена на секс.

Ова е она што Мејсон Гринвуд навистина ми го прави - напиша девојката под видеото.

Полицијата не ги потврди имињата на опфатените со истрагата, но соопшти дека го истражува случајот:

Полицијата на Манчестер е свесна за сликите и видеата што се споделуваат на социјалните мрежи. Во тек е истрага за утврдување на сите околности - стои во известувањето од надлежните.

Во сезоната 2021/22, Гринвуд настапи на 24 натпревари за Манчестер јунајтед, постигнувајќи шест гола и две асистенции.

МИА СПОРТ МК

 (видео)

Манчестер, 30 јануари 2022 (МИА) – Хариет Робсон, девојката на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, го обвини фудбалерот за насилство.

Робсон на социјалните мрежи објави серија видеа и фотографии на кои покажа дека има бројни модринки по телото, а усната и е раскрвавена.

Робсон на својот Инстаграм објави и аудиоснимка на која се слуша машки глас, кој најверојатно му припаѓа на напаѓачот на Манчестер јунајтед. На оваа снимка може да се слушне дека маж грубо се обидува да ја убеди девојка да имаат сексуални односи против нејзина волја.

The post Фудбалер на Манчестер јунајтед ја тепал својата девојка, полицијата отвори истрага appeared first on Република.

]]>

Полицијата на Манчестер отвори истрага против фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд. Истрагата доаѓа откако девојката на фудбалерот, Хариет Робсон, го обвини за насилство објавувајќи сторија со фотографија од тепањето. Робсон објави и аудио како е принудена на секс.
Ова е она што Мејсон Гринвуд навистина ми го прави - напиша девојката под видеото.
Полицијата не ги потврди имињата на опфатените со истрагата, но соопшти дека го истражува случајот:
Полицијата на Манчестер е свесна за сликите и видеата што се споделуваат на социјалните мрежи. Во тек е истрага за утврдување на сите околности - стои во известувањето од надлежните.
Во сезоната 2021/22, Гринвуд настапи на 24 натпревари за Манчестер јунајтед, постигнувајќи шест гола и две асистенции.

МИА СПОРТ МК

 (видео)

Манчестер, 30 јануари 2022 (МИА) – Хариет Робсон, девојката на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, го обвини фудбалерот за насилство. Робсон на социјалните мрежи објави серија видеа и фотографии на кои покажа дека има бројни модринки по телото, а усната и е раскрвавена. – Робсон на својот Инстаграм објави и аудиоснимка на која се слуша машки глас, кој најверојатно му припаѓа на напаѓачот на Манчестер јунајтед. На оваа снимка може да се слушне дека маж грубо се обидува да ја убеди девојка да имаат сексуални односи против нејзина волја.  

The post Фудбалер на Манчестер јунајтед ја тепал својата девојка, полицијата отвори истрага appeared first on Република.

]]>