родово базирано насилство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodovo-bazirano-nasilstvo/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 14:28:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png родово базирано насилство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodovo-bazirano-nasilstvo/ 32 32 Нема причина девојчињата да не бидат заштитени од насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-prichina-devojchinata-da-ne-bidat-zashtiteni-od-nasilstvo/ Tue, 26 Nov 2024 14:28:29 +0000 https://republika.mk/?p=841972

Во текот на 16-те дена активизам против родово базирано насилство, УНИЦЕФ потсетува дека борбата за ставање крај на насилството врз жените е и борба за заштита на девојчињата од некои од најраспространетите повреди на човековите права во светот.

„Сексуалното насилство, детските бракови и сексуалната трговија се форми на родово базирано насилство чии жртви се девојчињата. Тие се јавуваат во секоја земја, во сите сегменти на општеството. Многу луѓе, вклучително и членовите на семејството и заедницата, често погрешно ги разбираат сексуалната злоупотреба и експлоатација на деца. Нивните реакции може да бидат неверување, па дури и обвинување на жртвата, или пак наметнато молчење и непреземање ништо за да го заштитат сторителот или за да ги зачуваат угледот и честа. Кон овој проблем придонесуваат факторите како што се општествените норми со кои на возрасните им се дава контрола врз децата и се поддржуваат патријархалните практики и ставови, но и слабите закони со кои пречесто се обвинуваат жртвите, а се ослободуваат сторителите“, велат од УНИЦЕФ.

Овогодинешната тема на 16-те дена активизам против родово базираното насилство е „Нема оправдување“. Со воспоставено цврсто законодавство, нема причина девојчињата да не бидат заштитени од насилство.

„Македонија направи значителен напредок во донесувањето закони за заштита на девојчињата од родово базирано насилство, во согласност со меѓународните стандарди за човекови права. Законот за правда за деца гарантира заштита на децата-жртви преку мерки за спречување ревиктимизација. Тие опфаќаат повеќе заштитни мерки при сведочење на деца, со цел да се избегне повторна трауматизација поради многубројните и повторени распити. Со овој закон се уредува децата-жртви да уживаат засилена заштита и поддршка од сите институции, тела и поединци во системот за детска правда. Ова е клучно за да се обезбеди жртвите да бараат правда од систем што е подготвен да ја исполни“, се вели во соопштението на УНИЦЕФ.

Кривичниот законик ги штити децата од сите форми на насилство и наметнува строги казни за да ги одврати сторителите. На пример, производство и дистрибуцијата на материјал кој прикажува сексуална злоупотреба на деца се казнува со најмалку пет години затвор. Силувањето дете кое не наполнило 15 години е казниво со најмалку осум години затвор, исто како и трговијата со деца.

Но, цврстото законодавство може да го постигне посакуваното влијание само доколку тоа законодавство ефективно се спроведува.

Во контекст на 16-те дена активизам против родово базираното насилство, УНИЦЕФ ја повикува земјата да инвестира во спроведување на законодавната рамка, вклучувајќи:

Градење на капацитетите на стручните лица од правосудниот систем, вклучително и адвокатите, при работа со деца да применуваат пристап кој е воден од доживеаната траума и кој е сензитивен кон децата.

Децата-жртви на сексуална злоупотреба и експлоатација да имаат посебни права на процесна заштита, пристап до услуги за поддршка и навремени, правични правни лекови при повреда на правата.

Прописно спроведување на Кривичниот законик и Законот за правда за деца и обезбедување средства, насочување и обука за професионалците. Сторителите мора да се идентификуваат, соодветно да се санкционираат и да се спречат да го повторат делото. Не треба да има неказнивост за сторителите. Ова е клучно за постепено да се искоренат сите форми на родово базирано насилство врз девојчињата и момчињата и за да се изгради доверба во системот.

Правосудниот систем да обезбедува брза, ефикасна и ефективна правда. Приоритет треба да се даде на случаите во кои се вклучени деца, а судството треба да овозможува итна постапка во сериозни случаи за да се спречат трајни последици врз децата.

The post Нема причина девојчињата да не бидат заштитени од насилство appeared first on Република.

]]>

Во текот на 16-те дена активизам против родово базирано насилство, УНИЦЕФ потсетува дека борбата за ставање крај на насилството врз жените е и борба за заштита на девојчињата од некои од најраспространетите повреди на човековите права во светот. „Сексуалното насилство, детските бракови и сексуалната трговија се форми на родово базирано насилство чии жртви се девојчињата. Тие се јавуваат во секоја земја, во сите сегменти на општеството. Многу луѓе, вклучително и членовите на семејството и заедницата, често погрешно ги разбираат сексуалната злоупотреба и експлоатација на деца. Нивните реакции може да бидат неверување, па дури и обвинување на жртвата, или пак наметнато молчење и непреземање ништо за да го заштитат сторителот или за да ги зачуваат угледот и честа. Кон овој проблем придонесуваат факторите како што се општествените норми со кои на возрасните им се дава контрола врз децата и се поддржуваат патријархалните практики и ставови, но и слабите закони со кои пречесто се обвинуваат жртвите, а се ослободуваат сторителите“, велат од УНИЦЕФ. Овогодинешната тема на 16-те дена активизам против родово базираното насилство е „Нема оправдување“. Со воспоставено цврсто законодавство, нема причина девојчињата да не бидат заштитени од насилство. „Македонија направи значителен напредок во донесувањето закони за заштита на девојчињата од родово базирано насилство, во согласност со меѓународните стандарди за човекови права. Законот за правда за деца гарантира заштита на децата-жртви преку мерки за спречување ревиктимизација. Тие опфаќаат повеќе заштитни мерки при сведочење на деца, со цел да се избегне повторна трауматизација поради многубројните и повторени распити. Со овој закон се уредува децата-жртви да уживаат засилена заштита и поддршка од сите институции, тела и поединци во системот за детска правда. Ова е клучно за да се обезбеди жртвите да бараат правда од систем што е подготвен да ја исполни“, се вели во соопштението на УНИЦЕФ. Кривичниот законик ги штити децата од сите форми на насилство и наметнува строги казни за да ги одврати сторителите. На пример, производство и дистрибуцијата на материјал кој прикажува сексуална злоупотреба на деца се казнува со најмалку пет години затвор. Силувањето дете кое не наполнило 15 години е казниво со најмалку осум години затвор, исто како и трговијата со деца. Но, цврстото законодавство може да го постигне посакуваното влијание само доколку тоа законодавство ефективно се спроведува. Во контекст на 16-те дена активизам против родово базираното насилство, УНИЦЕФ ја повикува земјата да инвестира во спроведување на законодавната рамка, вклучувајќи: Градење на капацитетите на стручните лица од правосудниот систем, вклучително и адвокатите, при работа со деца да применуваат пристап кој е воден од доживеаната траума и кој е сензитивен кон децата. Децата-жртви на сексуална злоупотреба и експлоатација да имаат посебни права на процесна заштита, пристап до услуги за поддршка и навремени, правични правни лекови при повреда на правата. Прописно спроведување на Кривичниот законик и Законот за правда за деца и обезбедување средства, насочување и обука за професионалците. Сторителите мора да се идентификуваат, соодветно да се санкционираат и да се спречат да го повторат делото. Не треба да има неказнивост за сторителите. Ова е клучно за постепено да се искоренат сите форми на родово базирано насилство врз девојчињата и момчињата и за да се изгради доверба во системот. Правосудниот систем да обезбедува брза, ефикасна и ефективна правда. Приоритет треба да се даде на случаите во кои се вклучени деца, а судството треба да овозможува итна постапка во сериозни случаи за да се спречат трајни последици врз децата.

The post Нема причина девојчињата да не бидат заштитени од насилство appeared first on Република.

]]>
Платформата за родова еднаквост од ОЈО бара преквалификување на убиството во Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/platformata-za-rodova-ednakvost-od-ojo-bara-prekvalifikuvane-na-ubistvoto-vo-kochani/ Fri, 29 Sep 2023 12:11:52 +0000 https://republika.mk/?p=686388

Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово-базирано насилство, кога жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, Основното јавно обвинителство Кочани го квалификуваше како убиство на свиреп начин. Со тоа се потврдува фактот дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово-базираното насилство, се истакнува во денешното соопштение на Платформата за родова еднаквост.

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради основано сомнение дека сторило кривично дело - убиство, според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. „Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи ѝ многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и ѝ задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место“ - стои во соопштението на ЈО Кочани. Ова несомнено покажува дека фемицидот како родово-базирано насилство, повторно не е препознаено, се нагласува во соопштението.

Од Платформата за родова еднаквост бараат Основното јавно обвинителство да го „преквалификува кривичното дело - фемицидот во Кочани, согласно член 123, став 2, точка 2а - друг ќе лиши од живот жена или девојче до 18 години, при вршење на родово-базирано насилство, согласно последните измени на Кривичниот законик“.

Платформата за родова еднаквост ќе поднесе барање до државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, за преквалификување на делото, согласно член 123 став 2, точка 2а, се додава во соопштението.

 

The post Платформата за родова еднаквост од ОЈО бара преквалификување на убиството во Кочани appeared first on Република.

]]>

Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово-базирано насилство, кога жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, Основното јавно обвинителство Кочани го квалификуваше како убиство на свиреп начин. Со тоа се потврдува фактот дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово-базираното насилство, се истакнува во денешното соопштение на Платформата за родова еднаквост.
Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради основано сомнение дека сторило кривично дело - убиство, според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. „Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи ѝ многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и ѝ задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место“ - стои во соопштението на ЈО Кочани. Ова несомнено покажува дека фемицидот како родово-базирано насилство, повторно не е препознаено, се нагласува во соопштението.
Од Платформата за родова еднаквост бараат Основното јавно обвинителство да го „преквалификува кривичното дело - фемицидот во Кочани, согласно член 123, став 2, точка 2а - друг ќе лиши од живот жена или девојче до 18 години, при вршење на родово-базирано насилство, согласно последните измени на Кривичниот законик“. Платформата за родова еднаквост ќе поднесе барање до државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, за преквалификување на делото, согласно член 123 став 2, точка 2а, се додава во соопштението.  

The post Платформата за родова еднаквост од ОЈО бара преквалификување на убиството во Кочани appeared first on Република.

]]>
Битола добива Центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitola-dobiva-centar-za-pomosh-i-poddrshka-na-zeni-i-deca-zrtvi-na-rodovo-bazirano-i-semejno-nasilstvo/ Tue, 08 Mar 2022 11:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=469525

Општина Битола и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство потпишаа Меморандум за отворање на Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во Пелагонискиот регион. Општина Битола се води од начелото да биде вистинска поддршка за сите нејзини граѓани, а услугите кои ги нуди да одговараат на нивните индивидуални потреби. Отворањето на овој центар значи решавање и превенирање на еден сериозен проблем во заедницата, потврден, за жал, низ конкретни бројки и показатели.

Во текот на 2021 година според податоците на Центарот за социјална работа во Битола значително е зголемен бројот на жртви на семејно насилство и тој изнесува вкупно 148, од кои 105 се жени, 28 мажи и 15 деца. Од сите овие 148 случаи, само на два им е пружена психо-социјална поддршка во Центарот за социјална работа, евидентирани како жртви на семејно или родово базирано насилство. Оттаму доаѓа неопходноста од отворање на еден ваков Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во Битола, но и во Пелагонискиот регион. Во оваа прилика ќе ги споменам податоците за целиот Пелагониски регион каде според добиените податоци од центрите за социјална работа на Битола, Ресен, Прилеп, Крушево и Демир Хисар во периодот 2020 година и јануари - јули 2021 година вкупно се пријавени и евидентирани 588 жртви на семејно насилство од кои 412 се жени, 164 мажи и 12 деца, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Претседателката на Советот, воедно и претседателка на Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите Габриела Илиевска, посочи дека станува реалност, долго посакуваниот и многу потребниот Регионален советодавен центар, кој активно ќе работи на подобрување и унапредување на социјалните услуги за жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство.

Локалната самоуправа е клучен чинител во справувањето со родово - базираното насилство и има обврска да обезбеди заштита на жртвите од семејно насилство преку поддршка и основање на специјализирани сервиси. Недоволниот капацитет за сместување и недостигот од потребни ресурси во Битола и Пелагонискиот регион се причина за несоодветната заштитата на жртвите на семејно насилство и обесхрабрување на жртвите да побараат соодветна помош. Поддршката и заштитата на жртвите од семејно насилство е недоволна и недостасува. Затоа ние како Совет и како Комисија за еднакви можности со огромна поддршка на градоначалникот Коњановски пристапивме токму кон формирање на ваков Регионален советодавен центар за жртви на родово базирано и семејно насилство. Горда сум што Битола добива ваков центар и им овозможува помош и поддршка на жртвите, истакна Илиевска.

Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, изрази особено задоволство од потпишувањето на Меморандумот, востопставените односи со општината за успешна соработка и успешна работа на Регионалниот советодавен центар, со цврсто верување дека сите општини од Пелагонискиот плански регион активно ќе се вклучат во поддршката. Проблемот со семејното насилство, посочи таа, е многу присутен во речиси сите општини во земјава, па оттука од огромно значење е вклучувањето на локалните самоуправи во надминувањето на овој проблем.

Со овој чекор, Општина Битола се вклучува во одбележувањето на празникот на жената 8 март.

Посакувам секој 8 Март, да го одбележуваме со нови победи, со добиени битки и вистински услови за еднакви можности меѓу жените и мажите, а во меѓувреме, за да биде така, мора да ги создаваме секој ден, буквално, испрати порака претседателката на Советот Габриела Илиевска.

Градоначалникот Коњановски, подарувајќи им цвет на присутните дами, во честитката истакна:

Сакам да упатам честитка по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, со ветување дека секој ден и секоја година одбележувањето на овој празник треба да биде со конкретни чекори во унапредувањето на еднаквите можности меѓу жените и мажите, секојдневно градење поволно опкружување за реализација на женските права, како денешниот со прецизна акција за решавање на непосредните проблеми со кои се соочуваат жените во заедницата. Нека е честит 8 Март.

The post Битола добива Центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство appeared first on Република.

]]>

Општина Битола и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство потпишаа Меморандум за отворање на Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во Пелагонискиот регион. Општина Битола се води од начелото да биде вистинска поддршка за сите нејзини граѓани, а услугите кои ги нуди да одговараат на нивните индивидуални потреби. Отворањето на овој центар значи решавање и превенирање на еден сериозен проблем во заедницата, потврден, за жал, низ конкретни бројки и показатели.
Во текот на 2021 година според податоците на Центарот за социјална работа во Битола значително е зголемен бројот на жртви на семејно насилство и тој изнесува вкупно 148, од кои 105 се жени, 28 мажи и 15 деца. Од сите овие 148 случаи, само на два им е пружена психо-социјална поддршка во Центарот за социјална работа, евидентирани како жртви на семејно или родово базирано насилство. Оттаму доаѓа неопходноста од отворање на еден ваков Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во Битола, но и во Пелагонискиот регион. Во оваа прилика ќе ги споменам податоците за целиот Пелагониски регион каде според добиените податоци од центрите за социјална работа на Битола, Ресен, Прилеп, Крушево и Демир Хисар во периодот 2020 година и јануари - јули 2021 година вкупно се пријавени и евидентирани 588 жртви на семејно насилство од кои 412 се жени, 164 мажи и 12 деца, рече градоначалникот Тони Коњановски.
Претседателката на Советот, воедно и претседателка на Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите Габриела Илиевска, посочи дека станува реалност, долго посакуваниот и многу потребниот Регионален советодавен центар, кој активно ќе работи на подобрување и унапредување на социјалните услуги за жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство.
Локалната самоуправа е клучен чинител во справувањето со родово - базираното насилство и има обврска да обезбеди заштита на жртвите од семејно насилство преку поддршка и основање на специјализирани сервиси. Недоволниот капацитет за сместување и недостигот од потребни ресурси во Битола и Пелагонискиот регион се причина за несоодветната заштитата на жртвите на семејно насилство и обесхрабрување на жртвите да побараат соодветна помош. Поддршката и заштитата на жртвите од семејно насилство е недоволна и недостасува. Затоа ние како Совет и како Комисија за еднакви можности со огромна поддршка на градоначалникот Коњановски пристапивме токму кон формирање на ваков Регионален советодавен центар за жртви на родово базирано и семејно насилство. Горда сум што Битола добива ваков центар и им овозможува помош и поддршка на жртвите, истакна Илиевска.
Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, изрази особено задоволство од потпишувањето на Меморандумот, востопставените односи со општината за успешна соработка и успешна работа на Регионалниот советодавен центар, со цврсто верување дека сите општини од Пелагонискиот плански регион активно ќе се вклучат во поддршката. Проблемот со семејното насилство, посочи таа, е многу присутен во речиси сите општини во земјава, па оттука од огромно значење е вклучувањето на локалните самоуправи во надминувањето на овој проблем. Со овој чекор, Општина Битола се вклучува во одбележувањето на празникот на жената 8 март.
Посакувам секој 8 Март, да го одбележуваме со нови победи, со добиени битки и вистински услови за еднакви можности меѓу жените и мажите, а во меѓувреме, за да биде така, мора да ги создаваме секој ден, буквално, испрати порака претседателката на Советот Габриела Илиевска.
Градоначалникот Коњановски, подарувајќи им цвет на присутните дами, во честитката истакна:
Сакам да упатам честитка по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, со ветување дека секој ден и секоја година одбележувањето на овој празник треба да биде со конкретни чекори во унапредувањето на еднаквите можности меѓу жените и мажите, секојдневно градење поволно опкружување за реализација на женските права, како денешниот со прецизна акција за решавање на непосредните проблеми со кои се соочуваат жените во заедницата. Нека е честит 8 Март.

The post Битола добива Центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство appeared first on Република.

]]>
Дали знаеш каде да се обратиш доколку си жртва на родово-базирано насилство? https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/dali-znaesh-kade-da-se-obratish-dokolku-si-zrtva-na-rodovo-bazirano-nasilstvo/ Tue, 08 Mar 2022 09:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=469379

„Не прикривај. Пред другите…И пред себе.

Зборувај отворено за твоите проблеми, во сигурна средина.

Тука сме за тебе“

Ова е пораката упатена до жените кои преживуваат родово-базирано насилство од страна на Организација на жените на општина Свети Николе и НВО КХАМ Делчево, со која ги повикуваат да побараат бесплатна психо-социјална и правна помош од нивните стручни тимови на www.tukasmezatebe.mk

https://www.youtube.com/watch?v=Q1gEmUGRrfA

Кампањата е реализирана во соработка со The Kvinna till Kvinna Foundation и Коалиција Маргини и има за цел пред сè да ја истакне важноста и потребата од психо-социјална помош кај жените кои преживуваат родово-базирано насилство.

Од организациите велат дека жените кои преживуваат родово-базирано насилство се соочуваат со големо чувство на страв и срам поради кое не можат да видат излез од ситуацијата во која се наоѓаат. Стигматизацијата и предрасудите во општеството се дополнителна причина за молк.

Преку разговор и советување со стручни лица тие може да ја добијат потребната поддршка и разбирање и заедно со организациите да дојдат до решение на проблемите со кои е тешко да се борат сами.

Покрај психо-социјалната поддршка, организациите нудат и бесплатна правна помош.

Лицата кои се соочуваат со каква било форма на родово-базирано насилство може да побараат помош на www.tukasmezatebe.mk или да остварат директен контакт на:

+389 33 413 695 Невладина организација „КХАМ“ Делчево

+389 32 444 620 „Организација на жените на општина Свети Николе“

The post Дали знаеш каде да се обратиш доколку си жртва на родово-базирано насилство? appeared first on Република.

]]>

„Не прикривај. Пред другите…И пред себе. Зборувај отворено за твоите проблеми, во сигурна средина. Тука сме за тебе“ Ова е пораката упатена до жените кои преживуваат родово-базирано насилство од страна на Организација на жените на општина Свети Николе и НВО КХАМ Делчево, со која ги повикуваат да побараат бесплатна психо-социјална и правна помош од нивните стручни тимови на www.tukasmezatebe.mk https://www.youtube.com/watch?v=Q1gEmUGRrfA Кампањата е реализирана во соработка со The Kvinna till Kvinna Foundation и Коалиција Маргини и има за цел пред сè да ја истакне важноста и потребата од психо-социјална помош кај жените кои преживуваат родово-базирано насилство. Од организациите велат дека жените кои преживуваат родово-базирано насилство се соочуваат со големо чувство на страв и срам поради кое не можат да видат излез од ситуацијата во која се наоѓаат. Стигматизацијата и предрасудите во општеството се дополнителна причина за молк. Преку разговор и советување со стручни лица тие може да ја добијат потребната поддршка и разбирање и заедно со организациите да дојдат до решение на проблемите со кои е тешко да се борат сами. Покрај психо-социјалната поддршка, организациите нудат и бесплатна правна помош. Лицата кои се соочуваат со каква било форма на родово-базирано насилство може да побараат помош на www.tukasmezatebe.mk или да остварат директен контакт на: +389 33 413 695 Невладина организација „КХАМ“ Делчево +389 32 444 620 „Организација на жените на општина Свети Николе“

The post Дали знаеш каде да се обратиш доколку си жртва на родово-базирано насилство? appeared first on Република.

]]>