родова нееднаквост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodova-neednakvost/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Nov 2023 11:30:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png родова нееднаквост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodova-neednakvost/ 32 32 Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18 отсто од БДП годишно https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-poradi-rodovata-neednakvost-gubime-okolu-18-otsto-od-bdp-godishno/ Wed, 22 Nov 2023 11:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=715100

Земјите од регионот на Западен Балкан секоја година губат околу 18 отсто од БДП, поради родовиот јаз на пазарот на труд, при што две третини од загубата се објаснуваат со ниската стапка на активност на жените, а преостанатиот дел се должи на разликите во изборот на занимања помеѓу мажите и жените, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, повикувајќи се на студија на Светската банка, во своето излагање на панел-дискусијата на тема „Улогата и позицијата на жената во бизнис-светот, предности, предизвици и можности“, во организација на Амбасадата на Словенија во земјава.

Таа истакна дека позитивниот ефект од намалувањето на родовиот јаз врз растот не би произлегол само од зголемувањето на работната сила, туку и од различните вештини и карактеристики на жените, кои можат да дадат поинаква квалитативна димензија на пазарот на трудот, како што се внимателноста во однос на ризиците, прагматичноста, емпатијата.

Со подобрувањата во овој сегмент БДП може да се зголеми и до 10% во развиените економии, а дури и до 30% во земјите во развој - порача Ангеловска-Бежоска.

Наведувајќи податоци за ефектите од пандемијата и останатите кризи по неа, гувернерката посочи на непропорционалното влијание врз различни економски и општествени сегменти од последователните кризи. Така, на почетокот на 2021 година, влошувањето кај стапката на вработеност кај жените во споредба со периодот пред пандемијата е значително поголемо во земјите во развој, отколку во развиените економии, што дополнително го продлабочило родовиот јаз во глобални рамки. Ист е и случајот со регионот на Западен Балкан, каде што се забележува посилен пад кај стапката на активност кај жените, којашто се сведе на 41,5% во просек за регионот, во споредба со 61,8% кај мажите. Состојбата во 2022 година се подобрува, малку поизразено кај жените во споредба со подобрувањето кај мажите, но кај нас и во Косово стапките на активност на жените сѐ уште се под нивото од пред пандемијата. Во регионот постои и значителен родов јаз во платите, во интервал од 7 до 16%, којшто кај дел од земјите бележи и тренд на проширување.

Гувернерката наведе дека една од причините за понеповолното влијание на пандемијата врз активноста и доходот кај жените во споредба со мажите е што таа силно го погоди услужниот сектор, особено во сегментите коишто се потпираат на социјалната интеракција, како и неформалната економија, каде што присуството на жените е поголемо. Покрај ова, во одредени студии се укажува дека пандемијата уште повеќе ги зголемила и предизвиците на жената во поглед на работното место, па така една од четири жени размислува да се откаже од кариерните планови или да го напушти работното место. Исто така, пониската вработеност и понискиот доход влијаат неповолно и врз пристапот до финансирање кај жените, а со тоа и врз можностите за развојот на претприемаштвото кај жените. Ова е делумно одраз и на пониската финансиска писменост на жената.

Гувернерката во своето излагање истакна дека „тековните кризи ja нагласуваат потребата од засилен и холистички пристап од страна на носителите на политиките за откривање на сите извори на родова нееднаквост во институционалните, регулаторните, образовните и традиционалните норми“.

The post Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18 отсто од БДП годишно appeared first on Република.

]]>

Земјите од регионот на Западен Балкан секоја година губат околу 18 отсто од БДП, поради родовиот јаз на пазарот на труд, при што две третини од загубата се објаснуваат со ниската стапка на активност на жените, а преостанатиот дел се должи на разликите во изборот на занимања помеѓу мажите и жените, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, повикувајќи се на студија на Светската банка, во своето излагање на панел-дискусијата на тема „Улогата и позицијата на жената во бизнис-светот, предности, предизвици и можности“, во организација на Амбасадата на Словенија во земјава. Таа истакна дека позитивниот ефект од намалувањето на родовиот јаз врз растот не би произлегол само од зголемувањето на работната сила, туку и од различните вештини и карактеристики на жените, кои можат да дадат поинаква квалитативна димензија на пазарот на трудот, како што се внимателноста во однос на ризиците, прагматичноста, емпатијата.
Со подобрувањата во овој сегмент БДП може да се зголеми и до 10% во развиените економии, а дури и до 30% во земјите во развој - порача Ангеловска-Бежоска.
Наведувајќи податоци за ефектите од пандемијата и останатите кризи по неа, гувернерката посочи на непропорционалното влијание врз различни економски и општествени сегменти од последователните кризи. Така, на почетокот на 2021 година, влошувањето кај стапката на вработеност кај жените во споредба со периодот пред пандемијата е значително поголемо во земјите во развој, отколку во развиените економии, што дополнително го продлабочило родовиот јаз во глобални рамки. Ист е и случајот со регионот на Западен Балкан, каде што се забележува посилен пад кај стапката на активност кај жените, којашто се сведе на 41,5% во просек за регионот, во споредба со 61,8% кај мажите. Состојбата во 2022 година се подобрува, малку поизразено кај жените во споредба со подобрувањето кај мажите, но кај нас и во Косово стапките на активност на жените сѐ уште се под нивото од пред пандемијата. Во регионот постои и значителен родов јаз во платите, во интервал од 7 до 16%, којшто кај дел од земјите бележи и тренд на проширување. Гувернерката наведе дека една од причините за понеповолното влијание на пандемијата врз активноста и доходот кај жените во споредба со мажите е што таа силно го погоди услужниот сектор, особено во сегментите коишто се потпираат на социјалната интеракција, како и неформалната економија, каде што присуството на жените е поголемо. Покрај ова, во одредени студии се укажува дека пандемијата уште повеќе ги зголемила и предизвиците на жената во поглед на работното место, па така една од четири жени размислува да се откаже од кариерните планови или да го напушти работното место. Исто така, пониската вработеност и понискиот доход влијаат неповолно и врз пристапот до финансирање кај жените, а со тоа и врз можностите за развојот на претприемаштвото кај жените. Ова е делумно одраз и на пониската финансиска писменост на жената. Гувернерката во своето излагање истакна дека „тековните кризи ja нагласуваат потребата од засилен и холистички пристап од страна на носителите на политиките за откривање на сите извори на родова нееднаквост во институционалните, регулаторните, образовните и традиционалните норми“.

The post Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18 отсто од БДП годишно appeared first on Република.

]]>