Родољуб Анастасов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodoljub-anastasov/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 15:52:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Родољуб Анастасов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodoljub-anastasov/ 32 32 Отворена изложбата „ВИЗИИ – Глава полна со луѓе” на Родољуб Анастасов во Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorena-izlozhbata-vizii-glava-polna-so-luge-na-rodolub-anastasov-vo-delchevo/ Sat, 07 Sep 2024 15:52:40 +0000 https://republika.mk/?p=814162

Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков - Вапцаров" од Делчево во соработка со Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт” и Музеј на град Скопје, пред јавноста во Делчево денес ја претстави изложбата “ВИЗИИ – Глава полна со луѓе” со дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов.

Автор и куратор на изложбата е Јасминка Намичева, а за овој изложбен проект, кој е подржан од Министерството за култура на Македонија, подготвен е монографски каталог во кој се презентирани сите 61 цртежи, проследени со критички текст на историчарот на уметност Д-рЉубен Пауновски.

За ова Пауновски ќе каже дека тоа е рационално осмислен уметнички проект, произлезен од драматични настани и состојби во животот на уметникот што се случиле во 2008 година, кога животните потреси што ги доживеал Анастасов ја промениле неговата животна позиција од сите аспекти и го внеле во еден друг свет, во светот на сеќавањата и контемплациите, истакна Љупчо Петровски, директор на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров" кој ја отвори изложбата во фоајето на Спомен дом АСНОМ во Делчево.

Изложбата на Анастасов како што додаде Петровски пред присутните, претставува нова и досега неизложена серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати каде извонредниот Анастасов, од својот мемориски трезор изнедрил повеќе од 200 портрети, создадени во периодот 2016-2022 година.

Изложбата се организира во рамки на одбележувањето на „80 години Слободно Делчево“.

 

The post Отворена изложбата „ВИЗИИ – Глава полна со луѓе” на Родољуб Анастасов во Делчево appeared first on Република.

]]>

Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков - Вапцаров" од Делчево во соработка со Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт” и Музеј на град Скопје, пред јавноста во Делчево денес ја претстави изложбата “ВИЗИИ – Глава полна со луѓе” со дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов. Автор и куратор на изложбата е Јасминка Намичева, а за овој изложбен проект, кој е подржан од Министерството за култура на Македонија, подготвен е монографски каталог во кој се презентирани сите 61 цртежи, проследени со критички текст на историчарот на уметност Д-рЉубен Пауновски.
За ова Пауновски ќе каже дека тоа е рационално осмислен уметнички проект, произлезен од драматични настани и состојби во животот на уметникот што се случиле во 2008 година, кога животните потреси што ги доживеал Анастасов ја промениле неговата животна позиција од сите аспекти и го внеле во еден друг свет, во светот на сеќавањата и контемплациите, истакна Љупчо Петровски, директор на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров" кој ја отвори изложбата во фоајето на Спомен дом АСНОМ во Делчево.
Изложбата на Анастасов како што додаде Петровски пред присутните, претставува нова и досега неизложена серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати каде извонредниот Анастасов, од својот мемориски трезор изнедрил повеќе од 200 портрети, создадени во периодот 2016-2022 година. Изложбата се организира во рамки на одбележувањето на „80 години Слободно Делчево“.  

The post Отворена изложбата „ВИЗИИ – Глава полна со луѓе” на Родољуб Анастасов во Делчево appeared first on Република.

]]>
Неизложена серија на цртежи на Родољуб Анастасов изложени во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков”- Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/neizlozhena-serija-na-tsrtezhi-na-rodolub-anastasov-izlozheni-vo-likovnata-galerija-od-tsk-marko-tsepenkov-prilep/ Thu, 22 Feb 2024 08:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=746839

„ВИЗИИ-Глава полна со луѓе” е изложбата со дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов која е отворена во ликовната галерија од ЦК” Марко Цепенков” Прилеп.

Претставени се досега неизложена серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати.
Изложбата ја отвори кураторот Јасминка Намичева.

-Анастасов успева да извади од својата меморија луѓе кои биле дел од неговиот живот.Суштината на ифејата е дека животот е минлива работа и дека човекот секогаш е прилагодлив на ситуациите и дека тоа остава трага врз сите нас – рече Намичева.

Изложбата, ЦК „Марко Цепенков” ја реализира во соработка со неформалната мрежа на музеи Музеум Линк.

 

Големиот уметник Родољуб Анастасов, еден е од најважните во современата македонска уметност.

The post Неизложена серија на цртежи на Родољуб Анастасов изложени во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков”- Прилеп appeared first on Република.

]]>

„ВИЗИИ-Глава полна со луѓе” е изложбата со дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов која е отворена во ликовната галерија од ЦК” Марко Цепенков” Прилеп. Претставени се досега неизложена серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати. Изложбата ја отвори кураторот Јасминка Намичева. -Анастасов успева да извади од својата меморија луѓе кои биле дел од неговиот живот.Суштината на ифејата е дека животот е минлива работа и дека човекот секогаш е прилагодлив на ситуациите и дека тоа остава трага врз сите нас – рече Намичева. Изложбата, ЦК „Марко Цепенков” ја реализира во соработка со неформалната мрежа на музеи Музеум Линк.   Големиот уметник Родољуб Анастасов, еден е од најважните во современата македонска уметност.

The post Неизложена серија на цртежи на Родољуб Анастасов изложени во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков”- Прилеп appeared first on Република.

]]>
„Визии-глава полна со луѓе“, изложба на дела од Родољуб Анастасов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vizii-glava-polna-so-luge-izlozhba-na-dela-od-rodolub-anastasov/ Wed, 13 Sep 2023 08:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=681465

Во Ликовниот Салон на ЛУ Народен музеј Велес, денес во 19:30 часот, ќе биде претставена изложбата „Визии-глава полна со луѓе“ од Родољуб Анастасов. Автор и куратор на изложбата е Јасминка Намичева.

Нова и досега неизложена серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати каде извонредниот Анастасов, од својот мемориски трезор изнедри повеќе од 200 портрети, создадени во периодот 2016-2022година.

За овој изложбен проект подготвен е монографски каталог во кој се презентирани сите 61 цртежи, проследени со критички текст на историчарот на уметност Д-р Љубен Пауновски.

Во 2016 година настапило релативно смирување, доволно за Анастасов да ја започне оваа нова серија на цртежи, а повремено да вклучува и цртежи според тематскиот циклус „Човек и простор“. Така Анастасов ја перцепира сопствената меморија, односно жителите во својот ментален свет, кои ги претвора во портретни мотиви во своите цртежи.

На тематски план оваа серија на цртежи е автобиографска затоа што портретираните луѓе, на еден или на друг начин, биле дел од неговиот живот или барем ги сретнал на неговата животна патека и останале запишани во неговата меморија. На филозофски план, низ мемориските репродукции како повторувања, реконструкции и меѓусебни врски на запомнетото, оваа серија на цртежи е соочување со фактот дека и смислата и бессмислата подеднакво се својство на животот. На психолошки план таа е креативно ослободување од нараснатиот притисок акумулиран од регресивното ментално патување по личната животна патека.

Кон оригиналните цртежи од Родољуб Анастасов на изложбата ќе бидат претставени и кратки секвенци од докуметарен филмски материјал снимен од Јасминка Намичева во Љубљанското студио на Анастасов во 2016 година, кој е всушност зародиш на идејата за овој изложбен проект.

 

The post „Визии-глава полна со луѓе“, изложба на дела од Родољуб Анастасов appeared first on Република.

]]>

Во Ликовниот Салон на ЛУ Народен музеј Велес, денес во 19:30 часот, ќе биде претставена изложбата „Визии-глава полна со луѓе“ од Родољуб Анастасов. Автор и куратор на изложбата е Јасминка Намичева. Нова и досега неизложена серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати каде извонредниот Анастасов, од својот мемориски трезор изнедри повеќе од 200 портрети, создадени во периодот 2016-2022година. За овој изложбен проект подготвен е монографски каталог во кој се презентирани сите 61 цртежи, проследени со критички текст на историчарот на уметност Д-р Љубен Пауновски. Во 2016 година настапило релативно смирување, доволно за Анастасов да ја започне оваа нова серија на цртежи, а повремено да вклучува и цртежи според тематскиот циклус „Човек и простор“. Така Анастасов ја перцепира сопствената меморија, односно жителите во својот ментален свет, кои ги претвора во портретни мотиви во своите цртежи. На тематски план оваа серија на цртежи е автобиографска затоа што портретираните луѓе, на еден или на друг начин, биле дел од неговиот живот или барем ги сретнал на неговата животна патека и останале запишани во неговата меморија. На филозофски план, низ мемориските репродукции како повторувања, реконструкции и меѓусебни врски на запомнетото, оваа серија на цртежи е соочување со фактот дека и смислата и бессмислата подеднакво се својство на животот. На психолошки план таа е креативно ослободување од нараснатиот притисок акумулиран од регресивното ментално патување по личната животна патека. Кон оригиналните цртежи од Родољуб Анастасов на изложбата ќе бидат претставени и кратки секвенци од докуметарен филмски материјал снимен од Јасминка Намичева во Љубљанското студио на Анастасов во 2016 година, кој е всушност зародиш на идејата за овој изложбен проект.  

The post „Визии-глава полна со луѓе“, изложба на дела од Родољуб Анастасов appeared first on Република.

]]>