Родна Живковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodna-zivkovska/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Jun 2022 14:31:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Родна Живковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodna-zivkovska/ 32 32 Професорката Живковска не доби поддршка за уставна судијка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/profesorkata-zivkovska-ne-dobi-poddrshka-za-ustavna-sudijka/ Thu, 09 Jun 2022 14:31:30 +0000 https://republika.mk/?p=513227

Професорката Родна Живковска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје не доби поддршка од Комисијата за прашања на изборите и именувањата да биде уставна судијка.

Таа доби само три гласа „за“, сите од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, додека нивните колеги од мнозинството гласаа против.

Живковска беше предложена од опозициската партија заедно со уште петмина други кандидати, додека власта предложи три имиња.

Откако не ја доби поддршката, на седницата на собраниската Комисија почна дебатата за правничката Татјана Васиќ-Бозаџиева, која е предлог на СДСМ.

Нејзината кандидатура опозицијата ја нарече комична прашувајќи како таа е поистакнат правник на професорката Живковска која неодамна ѝ била ментор на Васиќ за магистерскиот труд од областа на граѓанското право.

Татјана Васиќ-Бозаџиева, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ, е фантастична и одличен кадар за Уставен суд ама како администратор кој стручно ќе помага во работата, а никако како судија.

Од вкупно девет имиња Комисијата за прашања за изборите и именувањата треба да предложи тројца кои потоа треба да бидат изгласани и на пленарна седница на Собранието.

The post Професорката Живковска не доби поддршка за уставна судијка appeared first on Република.

]]>

Професорката Родна Живковска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје не доби поддршка од Комисијата за прашања на изборите и именувањата да биде уставна судијка. Таа доби само три гласа „за“, сите од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, додека нивните колеги од мнозинството гласаа против. Живковска беше предложена од опозициската партија заедно со уште петмина други кандидати, додека власта предложи три имиња. Откако не ја доби поддршката, на седницата на собраниската Комисија почна дебатата за правничката Татјана Васиќ-Бозаџиева, која е предлог на СДСМ. Нејзината кандидатура опозицијата ја нарече комична прашувајќи како таа е поистакнат правник на професорката Живковска која неодамна ѝ била ментор на Васиќ за магистерскиот труд од областа на граѓанското право. Татјана Васиќ-Бозаџиева, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ, е фантастична и одличен кадар за Уставен суд ама како администратор кој стручно ќе помага во работата, а никако како судија. Од вкупно девет имиња Комисијата за прашања за изборите и именувањата треба да предложи тројца кои потоа треба да бидат изгласани и на пленарна седница на Собранието.

The post Професорката Живковска не доби поддршка за уставна судијка appeared first on Република.

]]>
Пратениците се скараа за предлогот професорката Родна Живковска да биде уставен судија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-se-skaraa-za-predlogot-profesorkata-rodna-zivkovska-da-bide-ustaven-sudija/ Fri, 03 Jun 2022 15:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=510737

Професорката од Правниот факултет, Родна Живковска, е вториот кандидат за уставен судија за кој се расправа во Комисијата за избори и именувања.

Живковска е предлог на опозицијата која за неа имаше само пофални зборови. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ, тврдеа дека се работи за истакнат професор со богата биографија, споредувајќи ја со предлозите за уставни судии од владејачката коалиција.

Од владејачкото мнозинство, пак, одговорија со тврдења дека се работи за кандидат кој има блиски релации со опозициската партија. Според пратеникот Мартин Костовски, професорката Живковска била донатор за партиската кампања на ВМРО ДПМНЕ од 2020 година.

Вториот ден од комисиската расправа продолжи и со забелешка на опозициските пратеници за одбиениот предлог кандидатите за уставни судии лично да се претстават пред нив, но и прашуваа зошто судијката од граѓанскиот суд Антоанета Димовска, за која тврдат дека поднела апликација, не се нашла меѓу предлозите. Претседателката на комисијата најави образложение, додека дел од останатите пратеници на власта се на став дека е потребна реформа на начинот на избор на уставните судии.

Вчера комисиско зелено светло доби судијата од скопска Апелација, Фатмир Скендер, како прв утврден предлог на владејачката коалиција за нов судија во Уставниот суд. Откако ќе се гласа за професорката Живковска ќе останат уште седум кандидати меѓу кои актуелниот државен обвинител Љубомир Јовески и професорот Саво Климовски.

The post Пратениците се скараа за предлогот професорката Родна Живковска да биде уставен судија appeared first on Република.

]]>

Професорката од Правниот факултет, Родна Живковска, е вториот кандидат за уставен судија за кој се расправа во Комисијата за избори и именувања. Живковска е предлог на опозицијата која за неа имаше само пофални зборови. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ, тврдеа дека се работи за истакнат професор со богата биографија, споредувајќи ја со предлозите за уставни судии од владејачката коалиција. Од владејачкото мнозинство, пак, одговорија со тврдења дека се работи за кандидат кој има блиски релации со опозициската партија. Според пратеникот Мартин Костовски, професорката Живковска била донатор за партиската кампања на ВМРО ДПМНЕ од 2020 година. Вториот ден од комисиската расправа продолжи и со забелешка на опозициските пратеници за одбиениот предлог кандидатите за уставни судии лично да се претстават пред нив, но и прашуваа зошто судијката од граѓанскиот суд Антоанета Димовска, за која тврдат дека поднела апликација, не се нашла меѓу предлозите. Претседателката на комисијата најави образложение, додека дел од останатите пратеници на власта се на став дека е потребна реформа на начинот на избор на уставните судии. Вчера комисиско зелено светло доби судијата од скопска Апелација, Фатмир Скендер, како прв утврден предлог на владејачката коалиција за нов судија во Уставниот суд. Откако ќе се гласа за професорката Живковска ќе останат уште седум кандидати меѓу кои актуелниот државен обвинител Љубомир Јовески и професорот Саво Климовски.

The post Пратениците се скараа за предлогот професорката Родна Живковска да биде уставен судија appeared first on Република.

]]>