родителско отсуство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/roditelsko-otsustvo/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Jan 2023 20:12:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png родителско отсуство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/roditelsko-otsustvo/ 32 32 Тренчевска: Новиот Предлог-закон за работни односи предвидува мајчинско, татковско и родителско отсуство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-noviot-predlog-zakon-za-rabotni-odnosi-predviduva-majchinsko-tatkovsko-i-roditelsko-otsustvo/ Sat, 14 Jan 2023 21:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=596932

Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на својот Фејсбук профил, пишува дека наместо досегашното породилно отсуство се предвидува поделба на отсуствата на мајчинско, татковско и родителско отсуство.

Како што вели Тренчевска, ова се предвидува согласно новиот Предлог-закон за работни односи, кој е во нацрт-верзија, за кој, како што вели, периодов ќе се оддржат серија јавни расправи со цел вклучување на јавноста и отворање на можноста за коментари.

Татковското е во траење од 15 дена и се користи веднаш по раѓањето на детето, ако е едно дете, а за близнаци, тројки и повеќе родени деца, во траење од 20 дена. Мајчинското отсуство трае 5 месеци, а родителското по четири месеци за секој родител поединечно, наведува Тренчевска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-se-namaluva-porodilnoto-na-majkata-dopolnitelni-4-mesetsi-otsustvo-dobiva-i-tatkoto/

Министерката за труд и социјална политика посочува дека иако на прв поглед изгледа дека е намален периодот на мајчинско отсуство, сепак не е така, бидејќи мајката има пет месеци мајчинско и четири месеци родителско отсуство. Значи, како што нагласи, останува со детето исто како и досега, девет месеци.

Но, дополнително, тука се и четири месеци на родителско отсуство на таткото, кои доколку се користат од страна на таткото по истекот на мајчинското и родителството отсуство на мајката, значат дека детето , наместо досегашните девет месеци, ќе може да биде под родителска грижа вкупно 13 месеци, објави Тренчевска.

Според Тренчевска, воспоставувањето на трите вида на отсуство освен, обезбедување на заштита, имаат за цел и изедначување на улогата на мајката и таткото, односно мажот и жената во периодот на подигање на детето или децата.

The post Тренчевска: Новиот Предлог-закон за работни односи предвидува мајчинско, татковско и родителско отсуство appeared first on Република.

]]>

Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на својот Фејсбук профил, пишува дека наместо досегашното породилно отсуство се предвидува поделба на отсуствата на мајчинско, татковско и родителско отсуство. Како што вели Тренчевска, ова се предвидува согласно новиот Предлог-закон за работни односи, кој е во нацрт-верзија, за кој, како што вели, периодов ќе се оддржат серија јавни расправи со цел вклучување на јавноста и отворање на можноста за коментари.
Татковското е во траење од 15 дена и се користи веднаш по раѓањето на детето, ако е едно дете, а за близнаци, тројки и повеќе родени деца, во траење од 20 дена. Мајчинското отсуство трае 5 месеци, а родителското по четири месеци за секој родител поединечно, наведува Тренчевска.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-se-namaluva-porodilnoto-na-majkata-dopolnitelni-4-mesetsi-otsustvo-dobiva-i-tatkoto/ Министерката за труд и социјална политика посочува дека иако на прв поглед изгледа дека е намален периодот на мајчинско отсуство, сепак не е така, бидејќи мајката има пет месеци мајчинско и четири месеци родителско отсуство. Значи, како што нагласи, останува со детето исто како и досега, девет месеци.