родители на деца со посебни потреби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/roditeli-na-deca-so-posebni-potrebi/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Apr 2022 17:21:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png родители на деца со посебни потреби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/roditeli-na-deca-so-posebni-potrebi/ 32 32 Душата ме боли, ама никој не нѐ слуша – Родителите на деца со посебни потреби на протест пред Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dushata-me-boli-ama-nikoj-ne-n-slusha-roditelite-na-deca-so-posebni-potrebi-na-protest-pred-sobranieto/ Fri, 29 Apr 2022 16:02:38 +0000 https://republika.mk/?p=495478

Секој ден плачам. Еве и сега плачам. Душата ме боли. Ама никој не не слуша. Немаме поддршка воопшто. Тие си играат играчки со нас.

Родителите на децата со посебни потреби излегоа на протест пред Собранието. Бараат покачување на посебниот додаток, но и додатокот за туѓа нега. Гоце Лефтеровски, чија ќерка има аутизам, вели дека ниту една институција нема слух за родителите и децата со попреченост.

-Еден да излезеше да види што е работата. Еден министер, еден да излезе... еден нека излезе низ онаа врата јас ќе бидам благодарен, да не слушне што мака имаме. Не вака преку вас, преку Телевизија. Срамота е стварно. Тешко ни е... многу ни е тешко.

Во моментот добиваат по 5.200 денари, за кои велат дека се недоволни и бараат помошта да се зголеми за 100 отсто. Велат дека се оставени сами на себе и оти поддршка не добиваат ни околу набавката на ортопедски помагала.

- Родителите не можат да работат. Еден родител мора постојано да биде со детето. Затоа ни треба и асистенти и поголема парична помош. Што ние ќе направиме со 5.000 денари?

И самите деца велат дека потребна им е помош бидејќи нивните родители се исцпени.

-На овие деца во количка најмногу што им треба во овој момент е персонален асистент бидејќи нашите родители се веќе истрошени. Треба да им помогнат. И не само 4 часа, туку 24 часа треба да имаме персонални асистенти.

Пратениците во Собранието гласаа против носење на измените на Законот за заштита на децата со кој помошта требаше да се зголеми.

Видео од протестот на следниот линк

The post Душата ме боли, ама никој не нѐ слуша – Родителите на деца со посебни потреби на протест пред Собранието appeared first on Република.

]]>

Секој ден плачам. Еве и сега плачам. Душата ме боли. Ама никој не не слуша. Немаме поддршка воопшто. Тие си играат играчки со нас.
Родителите на децата со посебни потреби излегоа на протест пред Собранието. Бараат покачување на посебниот додаток, но и додатокот за туѓа нега. Гоце Лефтеровски, чија ќерка има аутизам, вели дека ниту една институција нема слух за родителите и децата со попреченост.
-Еден да излезеше да види што е работата. Еден министер, еден да излезе... еден нека излезе низ онаа врата јас ќе бидам благодарен, да не слушне што мака имаме. Не вака преку вас, преку Телевизија. Срамота е стварно. Тешко ни е... многу ни е тешко.
Во моментот добиваат по 5.200 денари, за кои велат дека се недоволни и бараат помошта да се зголеми за 100 отсто. Велат дека се оставени сами на себе и оти поддршка не добиваат ни околу набавката на ортопедски помагала.
- Родителите не можат да работат. Еден родител мора постојано да биде со детето. Затоа ни треба и асистенти и поголема парична помош. Што ние ќе направиме со 5.000 денари?
И самите деца велат дека потребна им е помош бидејќи нивните родители се исцпени.
-На овие деца во количка најмногу што им треба во овој момент е персонален асистент бидејќи нашите родители се веќе истрошени. Треба да им помогнат. И не само 4 часа, туку 24 часа треба да имаме персонални асистенти.
Пратениците во Собранието гласаа против носење на измените на Законот за заштита на децата со кој помошта требаше да се зголеми. Видео од протестот на следниот линк

The post Душата ме боли, ама никој не нѐ слуша – Родителите на деца со посебни потреби на протест пред Собранието appeared first on Република.

]]>
Откако власта одби да го зголеми додатокот, родителите на децата со попреченост повторно ќе протестираат пред Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otkako-vlasta-odbi-da-go-zgolemi-dodatokot-roditelite-na-decata-so-poprechenost-povtorno-kje-protestiraat-pred-vlada/ Wed, 27 Apr 2022 20:54:29 +0000 https://republika.mk/?p=494465

Незадоволни и разочарани поради неусвоените законски измени со кои што се предлагаше двојно зголемување на посебниот додаток, родителите на децата со попреченост вчера одржаа протест во Битола. На протестот повторно го искажаа своето незадоволство од недостатокот на разбирање од институциите на системот, како и од нивната незаинересираност за решавање на нивните проблеми.

Барањата остануваат исти: двојно зголемување на посебниот додаток кој сега изнесува 5.021,00 денар, а кој што не е доволен ниту да ги покрие основните потреби од лекови, памперси и хигиенски производи за децата со попреченост; зголемување на паричниот додаток за туѓа нега и за мобилност; како и измена на законската регулатива во однос на стекнување на условите за пензија за родителот кој што се грижи за детето со попреченост и не може да оствари работен однос.

Родителите на деца со попреченост најавија протест во петок на 29 април 2022 година, пред Владата на РМ, доколку во меѓувреме не се исполнат нивните барања.

Подносители на законските измени за двојно зголемување на посебниот додаток за децата со попреченост беа двајцата пратеници на Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов, но тие не добија поддршка од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ. Левица, исто како и досега, и понатаму дава безрезервна поддршка на родителите на деца со попреченост, за истрајување во борбата за остварување на нивните права, велат од партијата.

The post Откако власта одби да го зголеми додатокот, родителите на децата со попреченост повторно ќе протестираат пред Влада appeared first on Република.

]]>

Незадоволни и разочарани поради неусвоените законски измени со кои што се предлагаше двојно зголемување на посебниот додаток, родителите на децата со попреченост вчера одржаа протест во Битола. На протестот повторно го искажаа своето незадоволство од недостатокот на разбирање од институциите на системот, како и од нивната незаинересираност за решавање на нивните проблеми. Барањата остануваат исти: двојно зголемување на посебниот додаток кој сега изнесува 5.021,00 денар, а кој што не е доволен ниту да ги покрие основните потреби од лекови, памперси и хигиенски производи за децата со попреченост; зголемување на паричниот додаток за туѓа нега и за мобилност; како и измена на законската регулатива во однос на стекнување на условите за пензија за родителот кој што се грижи за детето со попреченост и не може да оствари работен однос. Родителите на деца со попреченост најавија протест во петок на 29 април 2022 година, пред Владата на РМ, доколку во меѓувреме не се исполнат нивните барања.
Подносители на законските измени за двојно зголемување на посебниот додаток за децата со попреченост беа двајцата пратеници на Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов, но тие не добија поддршка од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ. Левица, исто како и досега, и понатаму дава безрезервна поддршка на родителите на деца со попреченост, за истрајување во борбата за остварување на нивните права, велат од партијата.

The post Откако власта одби да го зголеми додатокот, родителите на децата со попреченост повторно ќе протестираат пред Влада appeared first on Република.

]]>
Со 47 гласа против СДС и ДУИ одбија посебниот додаток за децата со попреченост од смешни 5.021 денари да се зголеми дупло https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-47-glasa-protiv-sds-i-dui-odbija-posebniot-dodatok-za-decata-so-poprechenost-od-smeshni-5-021-denari-da-se-zgolemi-duplo/ Tue, 19 Apr 2022 12:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=490524

Со 47 гласа против СДС и ДУИ го одбија Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на децата, поднесен од Левица на барање на родителите на децата со попреченост, со кој требаше посебниот додаток од смешни 5.021 денари да се зголеми дупло повеќе, соопшти пратеникот Борислав Крмов.

Со предложените законски измени се предлагаше зголемување на посебниот додаток за децата со попреченост од 100 отсто, кој според тековниот закон изнесува 5.021 денари, како едно од барањата на родителите. Овие граѓани со години бараат остварување на своите права низ институциите на системот, кои за нив остануваат недостапни и индиферентни, како резултат на општата дегенерација на социјалната држава, која наменски низ годините се ништи.

 

The post Со 47 гласа против СДС и ДУИ одбија посебниот додаток за децата со попреченост од смешни 5.021 денари да се зголеми дупло appeared first on Република.

]]>

Со 47 гласа против СДС и ДУИ го одбија Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на децата, поднесен од Левица на барање на родителите на децата со попреченост, со кој требаше посебниот додаток од смешни 5.021 денари да се зголеми дупло повеќе, соопшти пратеникот Борислав Крмов. Со предложените законски измени се предлагаше зголемување на посебниот додаток за децата со попреченост од 100 отсто, кој според тековниот закон изнесува 5.021 денари, како едно од барањата на родителите. Овие граѓани со години бараат остварување на своите права низ институциите на системот, кои за нив остануваат недостапни и индиферентни, како резултат на општата дегенерација на социјалната држава, која наменски низ годините се ништи.  

The post Со 47 гласа против СДС и ДУИ одбија посебниот додаток за децата со попреченост од смешни 5.021 денари да се зголеми дупло appeared first on Република.

]]>
Скопје блокирано – Родителите на деца со посебни потреби гласни против неправдата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-blokirano-roditelite-na-deca-so-posebni-potrebi-glasni-protiv-nepravdata/ Tue, 05 Apr 2022 11:11:35 +0000 https://republika.mk/?p=483549

Родителите на деца со посебни потреби од целата земја денеска излегоа на протест пред Влада, со барања за подобрување на условите за живот на овие деца и семејства.

Тие од властите бараат зголемување на додатокот за деца со посебни потреби, зголемување на мобилноста, зголемување на туѓата нега на ниво на минималната плата во земјава и добивање на пензија за еден од родителите.

Како што велат, средствата кои сега ги добиваат се „мизерни“ и недоволни за со нив да се негува дете со посебни потреби. Финансиската состојба им е дополнително отежната поради фактот дека едниот од родителите не може да работи, бидејќи мора постојано да биде со детето и да се грижи за него „24 часа на ден“.

Претставници на групата родители велат дека „повеќето од родителите се во катастрофални услови“ и дека „животот за некои е како во хорор филм“. Напоменуваат дека само за лековите им се потребни 500 евра во месецот, финансии кои голем дел од нив ги немаат. Бараат еден од родителите да добие некаков вид на пензија, нагласувајќи дека најавениот протест нема никаква политичка позадина и дека родителите сами се организирале за да си помогнат едни на други.

Од Влада тие се упатија до републичкото Собрание.

The post Скопје блокирано – Родителите на деца со посебни потреби гласни против неправдата appeared first on Република.

]]>

Родителите на деца со посебни потреби од целата земја денеска излегоа на протест пред Влада, со барања за подобрување на условите за живот на овие деца и семејства. Тие од властите бараат зголемување на додатокот за деца со посебни потреби, зголемување на мобилноста, зголемување на туѓата нега на ниво на минималната плата во земјава и добивање на пензија за еден од родителите. Како што велат, средствата кои сега ги добиваат се „мизерни“ и недоволни за со нив да се негува дете со посебни потреби. Финансиската состојба им е дополнително отежната поради фактот дека едниот од родителите не може да работи, бидејќи мора постојано да биде со детето и да се грижи за него „24 часа на ден“. Претставници на групата родители велат дека „повеќето од родителите се во катастрофални услови“ и дека „животот за некои е како во хорор филм“. Напоменуваат дека само за лековите им се потребни 500 евра во месецот, финансии кои голем дел од нив ги немаат. Бараат еден од родителите да добие некаков вид на пензија, нагласувајќи дека најавениот протест нема никаква политичка позадина и дека родителите сами се организирале за да си помогнат едни на други. Од Влада тие се упатија до републичкото Собрание.

The post Скопје блокирано – Родителите на деца со посебни потреби гласни против неправдата appeared first on Република.

]]>
Родителите на деца со посебни потреби најавија протест пред Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/roditelite-na-deca-so-posebni-potrebi-najavija-protest-pred-vlada/ Fri, 01 Apr 2022 18:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=482084

Родителите на деца со посебни потреби од целата земја најавија дека на 5 април, вторник, ќе излезат на протест пред Влада, со барања за подобрување на условите за живот на овие деца и семејства.

Тие од властите бараат зголемување на додатокот за деца со посебни потреби, зголемување на мобилноста, зголемување на туѓата нега на ниво на минималната плата во земјава и добивање на пензија за еден од родителите.

Со овие барања излегуваат бидејќи, како што велат, средствата кои сега ги добиваат се „мизерни“ и недоволни за со нив да се негува дете со посебни потреби. Финансиската состојба им е дополнително отежната поради фактот дека едниот од родителите не може да работи, бидејќи мора постојано да биде со детето и да се грижи за него „24 часа на ден“.

Претставници на групата родители велат дека „повеќето од родителите се во катастрофални услови“ и дека „животот за некои е како во хорор филм“. Напоменуваат дека само за лековите им се потребни 500 евра во месецот, финансии кои голем дел од нив ги немаат. Токму поради тоа, вели еден родителски пар за нашата Редакција, бараат еден од родителите да добие некаков вид на пензија, нагласувајќи дека најавениот протест нема никаква политичка позадина и дека родителите сами се организирале за да си помогнат едни на други.

По протестот пред Влада, родителите планираат и да изведат марш од Илинденска до републичкото Собрание.

The post Родителите на деца со посебни потреби најавија протест пред Влада appeared first on Република.

]]>

Родителите на деца со посебни потреби од целата земја најавија дека на 5 април, вторник, ќе излезат на протест пред Влада, со барања за подобрување на условите за живот на овие деца и семејства. Тие од властите бараат зголемување на додатокот за деца со посебни потреби, зголемување на мобилноста, зголемување на туѓата нега на ниво на минималната плата во земјава и добивање на пензија за еден од родителите. Со овие барања излегуваат бидејќи, како што велат, средствата кои сега ги добиваат се „мизерни“ и недоволни за со нив да се негува дете со посебни потреби. Финансиската состојба им е дополнително отежната поради фактот дека едниот од родителите не може да работи, бидејќи мора постојано да биде со детето и да се грижи за него „24 часа на ден“. Претставници на групата родители велат дека „повеќето од родителите се во катастрофални услови“ и дека „животот за некои е како во хорор филм“. Напоменуваат дека само за лековите им се потребни 500 евра во месецот, финансии кои голем дел од нив ги немаат. Токму поради тоа, вели еден родителски пар за нашата Редакција, бараат еден од родителите да добие некаков вид на пензија, нагласувајќи дека најавениот протест нема никаква политичка позадина и дека родителите сами се организирале за да си помогнат едни на други. По протестот пред Влада, родителите планираат и да изведат марш од Илинденска до републичкото Собрание.

The post Родителите на деца со посебни потреби најавија протест пред Влада appeared first on Република.

]]>