родилка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodilka/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 10:04:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png родилка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodilka/ 32 32 Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/idnata-nedela-ke-se-znae-dali-imalo-propusti-od-lekarite-kaj-kumanovkata-koja-pochina-pri-poroduvaneto/ Fri, 04 Oct 2024 10:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=822563

Потребни се осум дена за комплетирање на целата документација од стручниот наод која треба да утврди дали имало пропусти кај лекарите при породувањето со 31-годишната родилка во Кумановската болница која почина. Новороденчето, се уште е на респиратор на Детската клиника во Скопје и во тек се невролошки иследувања.

Министерот за здравство Арбен Таравари, иако најави дека извештајот може да се очекува денеска, на денешната прес-конференција на која имаше отчет за работата од првите 100 дена на Владата, кажа дека тоа ќе биде најдоцна до вторник или среда идната недела.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека протоколите по кои се работи во болниците за гинекологија се обновени, но и оти во изработка се нови за постапување со пациентите, како за работата на гинекологија, така и за сите болници.

Осум дена се потребни за комплетирање на целата документација за да кажеме дефинитивно дека имало или немало лекарска грешка. Протоколите се абдејтирани, а во моментот подготвуваме и нови за сите, не само за Гинекологија, кои ќе бидат објавени до почетокот на ноември или во тек на ноември, рече Таравари.

Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди посочи дека новороденчето е се уште на респиратор, бидејќи покажувало невролошка асимптоматологија во смисла на грчеви.

Понатамошните иследувања во однос на невролошки снимања на централниот нервен систем и другите системи се во тек. Се уште е рано да прогнозираме за последиците. По нашите проценки мислам дека е оштетен доста мозокот, по тие манифестации, но сеуште е рано да процениме колку и до кој степен, изјави денеска Мемеди.

Новороденчето, според него, било примано со тешка асфекција, со многу ниски оценки на раѓање, без срцева акција и без дишење. Било анимирано во Кумановската болница и на Детската клиника пристигнало во тешка, критична општа состојба, поставено на респираторна машина.

Во Кумановската општа болница на 1 октомври Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор за случајот со починатата родилка. Надзорот покажал дека родилката при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог.

The post Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето appeared first on Република.

]]>

Потребни се осум дена за комплетирање на целата документација од стручниот наод која треба да утврди дали имало пропусти кај лекарите при породувањето со 31-годишната родилка во Кумановската болница која почина. Новороденчето, се уште е на респиратор на Детската клиника во Скопје и во тек се невролошки иследувања. Министерот за здравство Арбен Таравари, иако најави дека извештајот може да се очекува денеска, на денешната прес-конференција на која имаше отчет за работата од првите 100 дена на Владата, кажа дека тоа ќе биде најдоцна до вторник или среда идната недела. Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека протоколите по кои се работи во болниците за гинекологија се обновени, но и оти во изработка се нови за постапување со пациентите, како за работата на гинекологија, така и за сите болници.
Осум дена се потребни за комплетирање на целата документација за да кажеме дефинитивно дека имало или немало лекарска грешка. Протоколите се абдејтирани, а во моментот подготвуваме и нови за сите, не само за Гинекологија, кои ќе бидат објавени до почетокот на ноември или во тек на ноември, рече Таравари.
Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди посочи дека новороденчето е се уште на респиратор, бидејќи покажувало невролошка асимптоматологија во смисла на грчеви.
Понатамошните иследувања во однос на невролошки снимања на централниот нервен систем и другите системи се во тек. Се уште е рано да прогнозираме за последиците. По нашите проценки мислам дека е оштетен доста мозокот, по тие манифестации, но сеуште е рано да процениме колку и до кој степен, изјави денеска Мемеди.
Новороденчето, според него, било примано со тешка асфекција, со многу ниски оценки на раѓање, без срцева акција и без дишење. Било анимирано во Кумановската болница и на Детската клиника пристигнало во тешка, критична општа состојба, поставено на респираторна машина. Во Кумановската општа болница на 1 октомври Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор за случајот со починатата родилка. Надзорот покажал дека родилката при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог.

The post Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето appeared first on Република.

]]>
Новороденчето од Куманово сѐ уште е во многу тешка здравствена состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/novorodencheto-od-kumanovo-s-ushte-e-vo-mnogu-teshka-zdravstvena-sostojba/ Sun, 29 Sep 2024 17:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=820798

Сѐ уште е во тешка состојба бебето на 31-годишната родилка од Куманово која почина при породувањето во Кумановската болница завчера. Родено е со царски рез во 40 гестациска недела, но без срцева акција, по што било реанимирано. Лекарите не успејаа да ја спасат неговата мајка.

https://republika.mk/zivot/zdravje/novorodencheto-na-pochinatata-kumanovka-preneseno-na-urgenten-vo-detska-klinika/

Од Кумановската болница, новороденчето веднаш беше префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје каде е поставени на механичка вентилација. Директорот Реџеп Мемеди вели дека кај бебето параметрите засега се стабилни, но рано е да се прогнозира.

Состојбата е сѐ уште тешка. Бебето од старт било во тешка општа состојба, без срце и без дишење, страдал повеќе и мозокот. На нашата Клиника успеавме да го стабилизираме, но се уште е во тешка состојба, на респиратор е , на механичка вентилација. Ќе го следиме, се уште е рано да дадеме некоја проценка, изјави за „Телма“ Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести.

The post Новороденчето од Куманово сѐ уште е во многу тешка здравствена состојба appeared first on Република.

]]>

Сѐ уште е во тешка состојба бебето на 31-годишната родилка од Куманово која почина при породувањето во Кумановската болница завчера. Родено е со царски рез во 40 гестациска недела, но без срцева акција, по што било реанимирано. Лекарите не успејаа да ја спасат неговата мајка. https://republika.mk/zivot/zdravje/novorodencheto-na-pochinatata-kumanovka-preneseno-na-urgenten-vo-detska-klinika/ Од Кумановската болница, новороденчето веднаш беше префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје каде е поставени на механичка вентилација. Директорот Реџеп Мемеди вели дека кај бебето параметрите засега се стабилни, но рано е да се прогнозира.
Состојбата е сѐ уште тешка. Бебето од старт било во тешка општа состојба, без срце и без дишење, страдал повеќе и мозокот. На нашата Клиника успеавме да го стабилизираме, но се уште е во тешка состојба, на респиратор е , на механичка вентилација. Ќе го следиме, се уште е рано да дадеме некоја проценка, изјави за „Телма“ Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести.

The post Новороденчето од Куманово сѐ уште е во многу тешка здравствена состојба appeared first on Република.

]]>
Новороденчето на починатата кумановка пренесено на Ургентен во Детска клиника https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/novorodencheto-na-pochinatata-kumanovka-preneseno-na-urgenten-vo-detska-klinika/ Sat, 28 Sep 2024 11:25:52 +0000 https://republika.mk/?p=820526

Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните институции. Новороденчето со екипа од кумановската болница е префрлено на ургентен центар на детската клиника. Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка. Таа во болницата била примена завчера.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-rodilka-vo-kumanovo/

 

Вчера се случи еден трагичен настан, при породување на 31-годишна возраст, родилка ненадејно почина. Родилката е примена завчера, со прснат водењак, со почнато породување, со слаби контракции и е почекано да се добијат спонтани контракции по природен пат за да продолжи породувањето. Чекано е до вчера и вчера е почнато со стимулација, кога е почнато со стимулацијата нагло е настанат престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација, при обид за реанимација не е добиено срцева акција и притисок крвен, веднаш е внесено во сала за операции да се извади плодот. Бебето е извадено живо и е итно однесено на ургентен центар на детската клиника, проследено целиот пат од наш неонатолог кој бил дежурен, изјави директорот на кумановската општа болница Стефан Трајановски.

Раководителот на акушерското одделение го известил директорот, кој по информативниот разговор со дежурната екипа веднаш повикал обвинител кој пристигнал до истражна екипа.

Детално е извршен увид, земени се изјави од сите што биле во контакт со родилката. Додека траело породувањето имало двајца дежурни лекари, дежурна анестезиолошка екипа, во актот на вадењето на бебето стигнал и раководителот на одделот. Бебето е живо, кажа Трајановски.

 

Тој повтори дека обвинителството повело истрага и обдукцискиот наод ќе ги покаже причините за смртта на родилката. Доколку има лекарска грешка, Трајановски најави и професионална одговорност.

Поведена е од страна на обвинителството истрага, бидејќи е ова ненадејна смрт со неутврдена причина, покрената е истрага, ќе има обдукцискиот наод и ќе биде утврдено точно како и зошто е настаната оваа случка. Кога ќе ги добијам наодите на обдукцискиот наод ќе има и такво нешто, постапката ќе оди на начин што ќе има и професионална одговорност ако биде утврдено лекарска грешка, од наши професионални организации. Ова и е второ породување, првото минало без компликации, детенцето е живо и здраво. Со втората бременост можам да споделам дека било откриено гестациски дијабет, изјави Трајановски.

Од СВР Куманово, претходно информираа дека кај нив случајот за починатата 31-годишна родилка го пријавил директорот на болницата во 21. 35 часот Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. Од ЈОРМ за МИА информираа дека Основното јавно обвинителство од Куманово наредило обдукција за утврдување на причините за смртта и обезбедена е целокупна медицинска документација за водењето на бременоста.

The post Новороденчето на починатата кумановка пренесено на Ургентен во Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните институции. Новороденчето со екипа од кумановската болница е префрлено на ургентен центар на детската клиника. Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка. Таа во болницата била примена завчера. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-rodilka-vo-kumanovo/  
Вчера се случи еден трагичен настан, при породување на 31-годишна возраст, родилка ненадејно почина. Родилката е примена завчера, со прснат водењак, со почнато породување, со слаби контракции и е почекано да се добијат спонтани контракции по природен пат за да продолжи породувањето. Чекано е до вчера и вчера е почнато со стимулација, кога е почнато со стимулацијата нагло е настанат престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација, при обид за реанимација не е добиено срцева акција и притисок крвен, веднаш е внесено во сала за операции да се извади плодот. Бебето е извадено живо и е итно однесено на ургентен центар на детската клиника, проследено целиот пат од наш неонатолог кој бил дежурен, изјави директорот на кумановската општа болница Стефан Трајановски.
Раководителот на акушерското одделение го известил директорот, кој по информативниот разговор со дежурната екипа веднаш повикал обвинител кој пристигнал до истражна екипа.
Детално е извршен увид, земени се изјави од сите што биле во контакт со родилката. Додека траело породувањето имало двајца дежурни лекари, дежурна анестезиолошка екипа, во актот на вадењето на бебето стигнал и раководителот на одделот. Бебето е живо, кажа Трајановски.
  Тој повтори дека обвинителството повело истрага и обдукцискиот наод ќе ги покаже причините за смртта на родилката. Доколку има лекарска грешка, Трајановски најави и професионална одговорност.
Поведена е од страна на обвинителството истрага, бидејќи е ова ненадејна смрт со неутврдена причина, покрената е истрага, ќе има обдукцискиот наод и ќе биде утврдено точно како и зошто е настаната оваа случка. Кога ќе ги добијам наодите на обдукцискиот наод ќе има и такво нешто, постапката ќе оди на начин што ќе има и професионална одговорност ако биде утврдено лекарска грешка, од наши професионални организации. Ова и е второ породување, првото минало без компликации, детенцето е живо и здраво. Со втората бременост можам да споделам дека било откриено гестациски дијабет, изјави Трајановски.
Од СВР Куманово, претходно информираа дека кај нив случајот за починатата 31-годишна родилка го пријавил директорот на болницата во 21. 35 часот Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. Од ЈОРМ за МИА информираа дека Основното јавно обвинителство од Куманово наредило обдукција за утврдување на причините за смртта и обезбедена е целокупна медицинска документација за водењето на бременоста.

The post Новороденчето на починатата кумановка пренесено на Ургентен во Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Почина родилка во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-rodilka-vo-kumanovo/ Sat, 28 Sep 2024 09:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=820509

Во Општата болница Куманово синоќа починала 31-годишна родилка, потврдија денеска од Министерството за внатрешни работи, Општа билница Куманово и Јавното обвинителство.

Од СВР Куманово информираат дека синоќа во 21.35 часот директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата  починала 31 - годишна родилка од Куманово.

Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Се очекуваат  дополнителни информации во текот на денов и од останатите надлежни институции.

The post Почина родилка во Куманово appeared first on Република.

]]>

Во Општата болница Куманово синоќа починала 31-годишна родилка, потврдија денеска од Министерството за внатрешни работи, Општа билница Куманово и Јавното обвинителство. Од СВР Куманово информираат дека синоќа во 21.35 часот директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата  починала 31 - годишна родилка од Куманово. Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. Се очекуваат  дополнителни информации во текот на денов и од останатите надлежни институции.

The post Почина родилка во Куманово appeared first on Република.

]]>
Новороденчето чија мајка почина на ГАК веќе не е на механичка вентилација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novorodencheto-chija-majka-pochina-na-gak-veke-ne-e-na-mehanichka-ventilatsija/ Wed, 03 Jan 2024 16:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=729388

Министерството за здравство ќе формира стручната Комисија за случајот со родилката од Делчево, која на 26 декември 2023 година почина на КАРИЛ во Скопје, а била донесена во лоша здравствена состојба од Клиничка болница-Штип.

Од кабинетот на министерот за здравство, Фатмир Меџити за МИА велат дека формирањето на стручната комисија е по препорака на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Оваа Комисија треба да го разгледа начинот на лекување и дали се направени пропусти, а извештајот се очекува за десеттина дена.

Инспекторите на ДСЗИ веднаш извршија увид во Клиничка болница-Штип и КАРИЛ-Скопје, а на 29 декември 2023 преку пишано соопштение информираа за направениот увид на двете Клиники во земјава.

Раководството на Клиничка болница-Штип на 28 декември преку соопштение соопшти за редоследот на настанот и што се случувало на Одделението за гинекологија и акушерство. Во него стои и дека според Комисијата за контрола на квалитет и етички прашања на Клиничка болница-Штип нема пропусти во третманот на пациентката.

Бидејќи секако овој случај ќе биде предмет на анализа на институции кои ја контролираат нашата работа, ќе почекаме да видиме, што е причината за ваквиот исход и дали од наша страна е постапено според медицинските протоколи и медицина базирана на докази, стоеше во соопштението на Клиничка болница-Штип на 28 декември.

Новороденчето на 26 годишната родилка е на Одделот за интензивна нега на Детската клиника во Скопје. Директорката на Детската клиника, Валентина Цвејоска-Чолаковска вели дека е подобрена здравствената состојба на новороденчето и не е на механичка вентилација.

Новореденото се уште е на Одделот на интензивна нега и терапија, но подобрено и веќе не е на механичка вентилација. Терапијата и интензивното следење продолжува, на Одделот за интензивна нега. Очекуваме во следните денови да биде префрлено и на одделот за неонатологија, вели за МИА Цвејоска-Чолаковска.

The post Новороденчето чија мајка почина на ГАК веќе не е на механичка вентилација appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство ќе формира стручната Комисија за случајот со родилката од Делчево, која на 26 декември 2023 година почина на КАРИЛ во Скопје, а била донесена во лоша здравствена состојба од Клиничка болница-Штип. Од кабинетот на министерот за здравство, Фатмир Меџити за МИА велат дека формирањето на стручната комисија е по препорака на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Оваа Комисија треба да го разгледа начинот на лекување и дали се направени пропусти, а извештајот се очекува за десеттина дена. Инспекторите на ДСЗИ веднаш извршија увид во Клиничка болница-Штип и КАРИЛ-Скопје, а на 29 декември 2023 преку пишано соопштение информираа за направениот увид на двете Клиники во земјава. Раководството на Клиничка болница-Штип на 28 декември преку соопштение соопшти за редоследот на настанот и што се случувало на Одделението за гинекологија и акушерство. Во него стои и дека според Комисијата за контрола на квалитет и етички прашања на Клиничка болница-Штип нема пропусти во третманот на пациентката.
Бидејќи секако овој случај ќе биде предмет на анализа на институции кои ја контролираат нашата работа, ќе почекаме да видиме, што е причината за ваквиот исход и дали од наша страна е постапено според медицинските протоколи и медицина базирана на докази, стоеше во соопштението на Клиничка болница-Штип на 28 декември.
Новороденчето на 26 годишната родилка е на Одделот за интензивна нега на Детската клиника во Скопје. Директорката на Детската клиника, Валентина Цвејоска-Чолаковска вели дека е подобрена здравствената состојба на новороденчето и не е на механичка вентилација.
Новореденото се уште е на Одделот на интензивна нега и терапија, но подобрено и веќе не е на механичка вентилација. Терапијата и интензивното следење продолжува, на Одделот за интензивна нега. Очекуваме во следните денови да биде префрлено и на одделот за неонатологија, вели за МИА Цвејоска-Чолаковска.

The post Новороденчето чија мајка почина на ГАК веќе не е на механичка вентилација appeared first on Република.

]]>
Родилка од Делчево почина на ГАК, била донесена од штипската болница https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/rodilka-od-delchevo-pochina-na-gak-bila-donesena-od-shtipskata-bolnitsa/ Wed, 27 Dec 2023 14:18:23 +0000 https://republika.mk/?p=727152

Почина родилка од Делчево на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Родилката прво била донесена во болницата во Штип, а лекарите поради итноста на случајот веднаш ја имаат внесено во сала, каде што го извршиле породувањето, но настапило масивно крвавење кај родилката, по што веднаш и е извршена интервенција.

Мајката и новороденчето веднаш се транспортирани во Клиничкиот центар во Скопје.

Од Клиничка болница-Штип најавија повеќе информации во писмено соопштение во текот на утрешниот ден.

The post Родилка од Делчево почина на ГАК, била донесена од штипската болница appeared first on Република.

]]>

Почина родилка од Делчево на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Родилката прво била донесена во болницата во Штип, а лекарите поради итноста на случајот веднаш ја имаат внесено во сала, каде што го извршиле породувањето, но настапило масивно крвавење кај родилката, по што веднаш и е извршена интервенција. Мајката и новороденчето веднаш се транспортирани во Клиничкиот центар во Скопје. Од Клиничка болница-Штип најавија повеќе информации во писмено соопштение во текот на утрешниот ден.

The post Родилка од Делчево почина на ГАК, била донесена од штипската болница appeared first on Република.

]]>
Формирана е Комисија за стручен надзор во врска со родилката на Гинекологија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/formirana-e-komisija-za-struchen-nadzor-vo-vrska-so-rodilkata-na-ginekologija/ Fri, 07 Jul 2023 12:56:58 +0000 https://republika.mk/?p=658987

По извршениот вонреден инспекциски надзор на ДСЗИ, денес на барање на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити формирана е Комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката Б.М од Скопје, информираат од МЗ.

Информацијата од ресорното министерство е дека „Комисијата за стручен надзор, составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ има задача да изврши надзор над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката“.

„По добивање на извештајот од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба. Исто така, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на ДСЗИ“ се вели во соопштението.

 

The post Формирана е Комисија за стручен надзор во врска со родилката на Гинекологија appeared first on Република.

]]>

По извршениот вонреден инспекциски надзор на ДСЗИ, денес на барање на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити формирана е Комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката Б.М од Скопје, информираат од МЗ. Информацијата од ресорното министерство е дека „Комисијата за стручен надзор, составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ има задача да изврши надзор над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката“. „По добивање на извештајот од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба. Исто така, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на ДСЗИ“ се вели во соопштението.  

The post Формирана е Комисија за стручен надзор во врска со родилката на Гинекологија appeared first on Република.

]]>
Четири години затвор за анестезиологот од клиниката „Санте плус“ обвинет за смрт на родилка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetiri-godini-zatvor-za-anesteziologot-od-klinikata-sante-plus-obvinet-za-smrt-na-rodilka/ Mon, 24 Apr 2023 16:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=633678

Четиригодишна затворска казна за анестезиологот на клиниката „Санте плус“ за смртта на родилката Деборе Ќерими-Џамбази, која во 2018 година почина при породување, пресуди денеска судијата Марин Станевски, кој покрај тоа на обвинетиот му забрани да ја врши лекарската дејност во период од четири години, пренесе агенцијата „Макфакс“.

https://arhiva.republika.mk/887398

Обвинението беше поднесено пред три години а со него анестезиологот се товареше за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што применил неподобен начин на лекување со што предизвикал смрт.

Обвинителството во текот на процесот докажуваше дека анестезиологот склучил договор да ја врши работната обврска, без потребното работно искуство во специјалноста над две години.

 

The post Четири години затвор за анестезиологот од клиниката „Санте плус“ обвинет за смрт на родилка appeared first on Република.

]]>

Четиригодишна затворска казна за анестезиологот на клиниката „Санте плус“ за смртта на родилката Деборе Ќерими-Џамбази, која во 2018 година почина при породување, пресуди денеска судијата Марин Станевски, кој покрај тоа на обвинетиот му забрани да ја врши лекарската дејност во период од четири години, пренесе агенцијата „Макфакс“. https://arhiva.republika.mk/887398 Обвинението беше поднесено пред три години а со него анестезиологот се товареше за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што применил неподобен начин на лекување со што предизвикал смрт. Обвинителството во текот на процесот докажуваше дека анестезиологот склучил договор да ја врши работната обврска, без потребното работно искуство во специјалноста над две години.  

The post Четири години затвор за анестезиологот од клиниката „Санте плус“ обвинет за смрт на родилка appeared first on Република.

]]>
Почина новороденче во битолската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochina-novorodenche-vo-bitolskata-bolnitsa/ Mon, 10 Apr 2023 12:17:23 +0000 https://republika.mk/?p=629468

Бебе вчера починало во стомакот на родилка од Битола откако ѝ била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена, објави „Независен“.

Како што пишува порталот, кога родилката се вратила ноќта на болница да раѓа, веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето.

И директорот на битолската клиничка болница д-р Александар Обедниковски го потврдил случајот, без детали.

Денеска во 14 часот министерот за здравство д-р Фатмир Меџити доаѓа во посета на болницата.

И од битолското обвинителство го потврдиле случајот и велат „во тек е обдукција да се утврдат причините за смртта.

Претходно, на Детското одделение во болницата во Битола почина 6-годишната Јана Христовска откако и беше дадена инфузија.

The post Почина новороденче во битолската болница appeared first on Република.

]]>

Бебе вчера починало во стомакот на родилка од Битола откако ѝ била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена, објави „Независен“. Како што пишува порталот, кога родилката се вратила ноќта на болница да раѓа, веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето. И директорот на битолската клиничка болница д-р Александар Обедниковски го потврдил случајот, без детали. Денеска во 14 часот министерот за здравство д-р Фатмир Меџити доаѓа во посета на болницата. И од битолското обвинителство го потврдиле случајот и велат „во тек е обдукција да се утврдат причините за смртта. Претходно, на Детското одделение во болницата во Битола почина 6-годишната Јана Христовска откако и беше дадена инфузија.

The post Почина новороденче во битолската болница appeared first on Република.

]]>
Не почна судењето за лекарите што и извадија органи на стружанката Јилдз https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-pochna-sudenjeto-za-lekarite-shto-i-izvadija-organi-na-struzankata-jildz/ Mon, 06 Jun 2022 15:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=511856

Одложено првото рочиште од судскиот процес против тројцата лекари, кои се товарат за несовесно лекување и вадење органи на родилката Јилдз Веапоска што денеска требаше да се одржи во Основниот суд во Струга. Рочиштето е одложено поради отсуство на обвинетите.

Адвокатот на Веапоска Сашо Јанев вели дека колку и да се одлага предметот не може да се избега од фактот дека неговата клиентка е останата без три органи во Струшката болница.

-Може да одлагаат колку сакаат, но факт е дека судењето мора да почне. Се работи за кривично дело, несовесно лекување на болни и максималната казна е до пет години. Судот и обвинителството си ја знаат својата работа и очекуваме позитивен исход, односно оние кои го сториле кривичното дело да одговараат пред закаонот, изјави Јанев, по одлагањето на рочиштето.

Тој очекува да заврши две годишната агонија за неговата клиентка и оти е ја почитуваат одлуката на судот.

Оштетената Веапоска, пак, која при царски рез останала без атка, јајници и бубрег, посочува дека две години се соочува со неправда, и оти покрај здравствено и психички не се члуствува добро.

-Докторот се брани со тоа дека совеста му е чиста и не направил ништо, ми го спасил живот. Но, каков живот ми спаси кога јас сум половина човек. Јас сум без органи и каква чесност има тој доктор. Тој како ќе ме погледне мене во лице. Треба да му се одземе лиценцата за работа и да не работи веќе да не осакатува други жени, рече Веапоска.

За случајот со родилката Веапоска, Лекарската комора првично утврди дека нема лекарска грешка, но, по спроведена постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против три лица.

На 7 мај годинава ОЈО информираше дека првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа – Медицински центар – Струга, при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентка – родилка од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба.

The post Не почна судењето за лекарите што и извадија органи на стружанката Јилдз appeared first on Република.

]]>

Одложено првото рочиште од судскиот процес против тројцата лекари, кои се товарат за несовесно лекување и вадење органи на родилката Јилдз Веапоска што денеска требаше да се одржи во Основниот суд во Струга. Рочиштето е одложено поради отсуство на обвинетите. Адвокатот на Веапоска Сашо Јанев вели дека колку и да се одлага предметот не може да се избега од фактот дека неговата клиентка е останата без три органи во Струшката болница. -Може да одлагаат колку сакаат, но факт е дека судењето мора да почне. Се работи за кривично дело, несовесно лекување на болни и максималната казна е до пет години. Судот и обвинителството си ја знаат својата работа и очекуваме позитивен исход, односно оние кои го сториле кривичното дело да одговараат пред закаонот, изјави Јанев, по одлагањето на рочиштето. Тој очекува да заврши две годишната агонија за неговата клиентка и оти е ја почитуваат одлуката на судот. Оштетената Веапоска, пак, која при царски рез останала без атка, јајници и бубрег, посочува дека две години се соочува со неправда, и оти покрај здравствено и психички не се члуствува добро. -Докторот се брани со тоа дека совеста му е чиста и не направил ништо, ми го спасил живот. Но, каков живот ми спаси кога јас сум половина човек. Јас сум без органи и каква чесност има тој доктор. Тој како ќе ме погледне мене во лице. Треба да му се одземе лиценцата за работа и да не работи веќе да не осакатува други жени, рече Веапоска. За случајот со родилката Веапоска, Лекарската комора првично утврди дека нема лекарска грешка, но, по спроведена постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против три лица. На 7 мај годинава ОЈО информираше дека првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа – Медицински центар – Струга, при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентка – родилка од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба.

The post Не почна судењето за лекарите што и извадија органи на стружанката Јилдз appeared first on Република.

]]>
Во Струга почнува судењето за гинекологот кој на родилка и извади матка, јајник и бубрег https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-struga-pochnuva-sudenjeto-za-ginekologot-koj-na-rodilka-i-izvadi-matka-jajnik-i-bubreg/ Mon, 06 Jun 2022 09:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=511683

Во Струшкиот суд започнува првото рочиште против докторот гинеколог Мухамед Асани, кој на родилката Јилдиз Веаповска и извади бубрег, матка и јајник. Судењето е јавно, а обвинението го поднесе тамошното обвинителство. На рочиштето, ќе се појави и родилката Веапоска која битката ја водеше јавно.

54-годишниот гинеколог Мухамед Асани од Струга се гони за сторено кривичното дело – давање здравствени услуги без дозвола за работа.

Како здравствен работник, обвинетиот давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа, односно во една соба од неговиот дом, налик на ординација која не била регистрирана и означена. Во период од 7 години, тој прегледувал бремени пациентки, и им наплатувал по илјада денари, а за примените средства не издавал никаков доказ.

При извршен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство пред 2 години, било констатирано дека за опремената ординација докторот не поседувал дозвола за работа, по што му беше забрането да извршува здравствена дејност. Инаку, Мухамед Асани беше поранешен директор на струшката болница, кој беше разрешен поради случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Струга остана без бубрег, матка и јајник.

 

The post Во Струга почнува судењето за гинекологот кој на родилка и извади матка, јајник и бубрег appeared first on Република.

]]>

Во Струшкиот суд започнува првото рочиште против докторот гинеколог Мухамед Асани, кој на родилката Јилдиз Веаповска и извади бубрег, матка и јајник. Судењето е јавно, а обвинението го поднесе тамошното обвинителство. На рочиштето, ќе се појави и родилката Веапоска која битката ја водеше јавно. 54-годишниот гинеколог Мухамед Асани од Струга се гони за сторено кривичното дело – давање здравствени услуги без дозвола за работа. Како здравствен работник, обвинетиот давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа, односно во една соба од неговиот дом, налик на ординација која не била регистрирана и означена. Во период од 7 години, тој прегледувал бремени пациентки, и им наплатувал по илјада денари, а за примените средства не издавал никаков доказ. При извршен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство пред 2 години, било констатирано дека за опремената ординација докторот не поседувал дозвола за работа, по што му беше забрането да извршува здравствена дејност. Инаку, Мухамед Асани беше поранешен директор на струшката болница, кој беше разрешен поради случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Струга остана без бубрег, матка и јајник.  

The post Во Струга почнува судењето за гинекологот кој на родилка и извади матка, јајник и бубрег appeared first on Република.

]]>
Жителите давале отпор: Наместо во Институтот, обдукцијата на трудницата во Црнилиште вршена во селото https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zitelite-davale-otpor-namesto-vo-institutot-obdukcijata-na-trudnicata-vo-crnilishte-vrshena-vo-seloto/ Mon, 17 Jan 2022 18:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=446016

Прилепското обвинителство, по наредба, денеска изврши ексхумација на телото на почината родилка со цел да се изврши обдукција и да се утврди која била причината за смртта на родилката од село Црнилиште. Според обвинителката Маријана Илиеска обдукцијата, со мерки за заштита, е извршена на лице место за да се избегнат можни тензии, бидејќи имало отпор меѓу населението на селото Црнилиште.

Екипата од судска медицина од Скопје, две лекарки и обдуцентот, направиле обдукција на лице место, а Обвинителството ја побарало по допрен глас.

Триесет и тригодишната родилка од Црнилиште на 10 јануари го родила своето трето дете на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп, но веднаш по породувањето имала обилно крвавење, при што починала околу 4 часот изутрината на 10 јануари.

Прилепското основно јавно обвинителство ќе го очекува извештајот за натамошно постапување.

The post Жителите давале отпор: Наместо во Институтот, обдукцијата на трудницата во Црнилиште вршена во селото appeared first on Република.

]]>

Прилепското обвинителство, по наредба, денеска изврши ексхумација на телото на почината родилка со цел да се изврши обдукција и да се утврди која била причината за смртта на родилката од село Црнилиште. Според обвинителката Маријана Илиеска обдукцијата, со мерки за заштита, е извршена на лице место за да се избегнат можни тензии, бидејќи имало отпор меѓу населението на селото Црнилиште. Екипата од судска медицина од Скопје, две лекарки и обдуцентот, направиле обдукција на лице место, а Обвинителството ја побарало по допрен глас. Триесет и тригодишната родилка од Црнилиште на 10 јануари го родила своето трето дете на гинеколошкото одделение во болницата во Прилеп, но веднаш по породувањето имала обилно крвавење, при што починала околу 4 часот изутрината на 10 јануари. Прилепското основно јавно обвинителство ќе го очекува извештајот за натамошно постапување.

The post Жителите давале отпор: Наместо во Институтот, обдукцијата на трудницата во Црнилиште вршена во селото appeared first on Република.

]]>