родено 700 грама Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodeno-700-grama/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Mar 2022 10:33:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png родено 700 грама Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodeno-700-grama/ 32 32 На ГАК предвреме се роди бебето Викторија тешко 700 грама, а по 74 дена замина дома со тежина од 2.200 грама и во добра општа состојба https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-gak-predvreme-se-rodi-bebeto-viktorija-teshko-700-grama-a-po-74-dena-zamina-doma-so-tezina-od-2-200-grama-i-vo-dobra-opshta-sostojba/ Mon, 21 Mar 2022 10:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=476020

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) предвреме се роди бебе тешко 700 грама, а по 74 дена си замина дома со тежина 2.200 грама и во добра општа состојба.

По 74 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство - Скопје, со престој на неонатолошките интензивни одделенија, предвремено роденото бебе Викторија, на 18 март замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции, соопштија од ГАК.

Трудницата била прворотка и била хоспитализирана на ГАК  на 27 декември минатата година. Бременоста и била оптоварена со повеќе ризици, а породувањето се извршило спонтано.

Бебето беше родено на 04.01.2022 година, предвремено во 26 гестациска недела, со екстремно мала тежина од само 700 грама, со должина од 28 сантиметри и со апгар 3/5/5. На 18.03.2022 година од Клиниката за гинекологија и акушерство беше испишано со 2200 грама телесна тежина, велат од ГАК.

Во периодот на престој на одделенијата на Клиникта, новороденото имало комплексен третман.

Во интензивниот третман применета е механичка вентилациона поддршка во првите 21 ден од раѓањето. Потоа новороденото беше ставено на кислородна поддршка со неагресивна механичка вентилација до 67-от постнатален ден, со постојан мониторинг на виталните функции и кислородна заситеност со пилсоксиметрија и гасни анализи. На бебето му се направени сите скрининзи кои се пропишани во Националната програма на Министерството за здравство и го испративме од У ГАК со прецизни поуки за контрола и за следење на растот и на развојот.
Новороденото беше испишано во добра општа состојба, со пораст на телесната маса, стабилно и витално.

Нашата најмала хероина во 2022 година првпат влезе во својот дом во Скопје изминатиот петок, по 2,5 месеци поминати на неонатолошките интензивни одделенија на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. Тимот од педијатри/неонатолози, медицински сестри и акушерски секојдневно ја следеа нејзината здравствена состојба и заедно со новороденото ги добија сите предизвици кои се испречуваа пред нив, велат од ГАК.

The post На ГАК предвреме се роди бебето Викторија тешко 700 грама, а по 74 дена замина дома со тежина од 2.200 грама и во добра општа состојба appeared first on Република.

]]>

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) предвреме се роди бебе тешко 700 грама, а по 74 дена си замина дома со тежина 2.200 грама и во добра општа состојба.
По 74 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство - Скопје, со престој на неонатолошките интензивни одделенија, предвремено роденото бебе Викторија, на 18 март замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции, соопштија од ГАК.
Трудницата била прворотка и била хоспитализирана на ГАК  на 27 декември минатата година. Бременоста и била оптоварена со повеќе ризици, а породувањето се извршило спонтано.
Бебето беше родено на 04.01.2022 година, предвремено во 26 гестациска недела, со екстремно мала тежина од само 700 грама, со должина од 28 сантиметри и со апгар 3/5/5. На 18.03.2022 година од Клиниката за гинекологија и акушерство беше испишано со 2200 грама телесна тежина, велат од ГАК.
Во периодот на престој на одделенијата на Клиникта, новороденото имало комплексен третман. Во интензивниот третман применета е механичка вентилациона поддршка во првите 21 ден од раѓањето. Потоа новороденото беше ставено на кислородна поддршка со неагресивна механичка вентилација до 67-от постнатален ден, со постојан мониторинг на виталните функции и кислородна заситеност со пилсоксиметрија и гасни анализи. На бебето му се направени сите скрининзи кои се пропишани во Националната програма на Министерството за здравство и го испративме од У ГАК со прецизни поуки за контрола и за следење на растот и на развојот. Новороденото беше испишано во добра општа состојба, со пораст на телесната маса, стабилно и витално.