Во првиот квартал годинава живородени се 3632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти. Бројот на умрени лица во првите три месеци од годинава бележи намалување од 0,6 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 5199, а од нив осум се умрени доенчиња, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува -1567 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во првото тримесечје од 2024 година се склучени 2488 бракови, што претставува зголемување за 3,8 проценти во споредба со истиот период од 2023 година. Во ова тримесечје се добиени 597 извештаи за разведени бракови.
The post Во првиот квартал природниот прираст во негатива од 1567 лица, 2488 склучени бракови, 597 разводи appeared first on Република.
]]>The post Во првиот квартал природниот прираст во негатива од 1567 лица, 2488 склучени бракови, 597 разводи appeared first on Република.
]]>Се ближи крајот на тмурните зимски студени денови, а наскоро и официјално ќе почне пролетта.
Месец март е прекрасно време за да станете мајка. Среќа имаат луѓето кои се родени во март.
Тие се посебни, успешни и оптимисти.
Еве што вели науката за луѓето родени во март:
Луѓето родени во овој месец најверојатно ќе седат на директорска фотелја кога ќе пораснат. Истражувањата покажуваат дека процентот на директори родени во март е поголем од кој било друг месец.
Истражување докажа дека од 375 извршни директори 12,5% од нив биле родени во март. Се смета дека ова е поврзано со поаѓањето на училиште бидејќи мартовските деца се најчесто постари од останатите во одделение.
Додека оние родени во јуни и во јули треба да проверат диоптрија, бебињата родени во март најверојатно нема да ги имаат овие проблеми. Истражување спроведено на 300.000 војници откри дека родените во текот на летото имаат поголема веројатност да бидат кратковиди, додека децата родени на пролет ретко имаат проблеми со диоптрија.
Истражување откри дека луѓето родени во март, како и оние во април и во мај, имаат вроден оптимизам. Резултати од истражување покажаа дека токму тие имаат најпозитивен поглед на светот.
Во ова време од годината има многу полен и прашина и тоа е лошо за оние кои страдаат од алергија, но е одлично за бебињата родени во март. Според истражувањето, децата родени во овој месец поретко заболуваат од астма бидејќи изложеноста на сето тоа во раното детство го подобрува нивниот имун систем.
Едно истражување за спиењето откри дека децата родени во пролет и лето генерално легнуваат подоцна од оние родени во есен и зима.
Овие два знаци се познати по нивната решителност и страст, родените меѓу први и 20 март се познати како оптимистични Риби, додека оние родените по 20 март се пролетни Овни. Инаку, Овните се познати како огнени и страсни луѓе.
The post Успешни оптимисти: Еве што вели науката за луѓето родени во март appeared first on Република.
]]>The post Успешни оптимисти: Еве што вели науката за луѓето родени во март appeared first on Република.
]]>Во Хрватска минатата година се родиле најмалку деца откако постојат статистички мерења, а имало повеќе бракови, но и помалку смртни случаи, што донекаде ја подобрило негативната слика за природниот прираст, покажаа привремените податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во 2023 година имало 32. 047 живородени деца или за речиси 2. 000 помалку од 2022 година кога имало 34.027 живородени деца, со што се продолжува трендот на значително намалување на бројот на живородени деца. На пример, во 2000 година се родиле 43. 746 деца.
Поради значително помалиот број на родени деца, трендот на намалување на природниот прираст на населението се уште е крајно неповолен“, вели во интервју за Хина Дубравка Рогиќ-Хаџалиќ, раководител на Одделот за социјални истражувања во ДЗС.
Значителен пад на бројот на живородени деца покажуваат и споредбените податоци со претходните години, кога во 2022 година имало речиси 10. 000 живородени деца помалку од 2000 година.
Бројот на живородени деца во 2005 година паднал на 42. 492, а по зголемувањето на 43. 361 роден во 2010 година, значително падна во 2015 година на 37. 503 и дополнително во 2020 година на 35. 845.
The post Лани во Хрватска се родиле најмалку деца откако почнало да се води статистика appeared first on Република.
]]>Поради значително помалиот број на родени деца, трендот на намалување на природниот прираст на населението се уште е крајно неповолен“, вели во интервју за Хина Дубравка Рогиќ-Хаџалиќ, раководител на Одделот за социјални истражувања во ДЗС.Значителен пад на бројот на живородени деца покажуваат и споредбените податоци со претходните години, кога во 2022 година имало речиси 10. 000 живородени деца помалку од 2000 година. Бројот на живородени деца во 2005 година паднал на 42. 492, а по зголемувањето на 43. 361 роден во 2010 година, значително падна во 2015 година на 37. 503 и дополнително во 2020 година на 35. 845.
The post Лани во Хрватска се родиле најмалку деца откако почнало да се води статистика appeared first on Република.
]]>Луѓето кои се родени во мај се припадници на хороскопските знаци Бик и Близнаци. Тврдоглавоста е главна карактеристика на сите и колку да не го прифаќаат тоа.
Ќе прават тоа што сакаат и кога сакаат. Психолошки и емоционално се многу стабилни, големи сонувачи се и мотиватори. Ги краси совршениот изглед и многу се паметни.
Ова се 4 типови на луѓе кои се родени во мај:
Група родена од 1-ви до 8-ми мај
Многу се модерни и сестрани. Веруваат дека во животот е потребно во се да се пронајде баланс. Кога станува збор за нивното мислење и идеи тие се оптоваруваат со предрасудите. Овие луѓе се родени под среќна ѕвезда па доколку сакате да добиете на лотарија земете си некоја личност со вас која е родена во овој период од месец мај. Некогаш изгледаат на затворени затоа што често се уморни од бурниот друштвен живот. Кога станува збор за работата, на овие луѓе секоја работа им оди од рака.
Група родена од 9-ти до 15-ти мај
Личности кои постојано се во движење и сакаат да патуваат, затоа често го менуваат местото каде што се наоѓаат. Тие се личности со силен темперамент и некогаш се многу екстремни. Со променливо раположение се, полни со емоции и љубов кога станува збор за нивното семејство, а често се склони кон полигамија.
На овие луѓе загарантиран им е просперитетот и богатството. Својот мир го наоѓаат во природа или на село. Многу се одговорни кон семејството, свртени кон културата и традицијата. Успешно ги завршуваат сите свои цели.
Група родени од 16-ти до 22-ри мај
Овие луѓе не се отворени за нови работи па често се среќаваат со неуспеси. Сепак ги следи добар живот затоа што имаат среќа која резултира со добри животни услови. Многу се емотивни и ќе направат сè за своето семејство. Обожаваат природа, планини, билки и зелена боја.
На работа обично имаат позиции кои се покомплексни. Некогаш ќе ве изненади нивната сериозност и конкретност. Најмногу ги погодува губење на некој член од семејството.
Група родени од 23-ти до 31-ви мај
Тие дефинитивно се најдобри. Секогаш имаат насмевка на лицето. Зборлести се и имаат смисла за хумор. Имаат големо срце, некогаш знаат да имаат краток фитил и да бидат нервозни, но тоа се случува многу ретко. Во работата ги привлекува архитектура, дипломатија, банкарство.
Размислуваат „сто на час“ и многу се паметни. Никој не може да им ја одземе титулата на популарност во друштвото. Во комуникација со другите се многу искрени. Жените родени во овој период се многу темпераментни. Некогаш се многу рационални, а некогаш емотивни.
The post Се делат во 4 групи: Ова се особините на луѓето родени во мај appeared first on Република.
]]>The post Се делат во 4 групи: Ова се особините на луѓето родени во мај appeared first on Република.
]]>