роденден на општина аеродром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodenden-na-opshtina-aerodrom/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Apr 2023 14:04:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png роденден на општина аеродром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rodenden-na-opshtina-aerodrom/ 32 32 Со спортски активности жителите на Аеродром го прославија 18-от роденденот на Општината https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/so-sportski-aktivnosti-zhitelite-na-aerodrom-go-proslavija-18-ot-rodendenot-na-opshtinata/ Sat, 08 Apr 2023 14:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=628732

„Спортуваме за Аеродрoм” ова саботно утро ги собра граѓаните на Аеродром и скопјани на настанот кој општината го организираше во рамки на одбележувањето на 18 години постоење на Општина Аеродром. Со низа спортски активности, маскоти, училишни точки, презентација на полицијата и војската денес во паркот „Авионче” општината Аеродром го одбележа својот роденден.

Денешниот настан е уште еден потврда дека Општина Аеродром е најспортска, најзелена и најурбана општина. Тоа е реалност која ние во континуитет ја градиме и одржуваме. Истовремено ние сме локална самоуправа која инвестира во спортот, здравиот живот и правилниот развој и раст на најмладите. Се радувам што во толкав голем број, денес сите заедно одбележавме еден важен датум за нашата општина. Во текот овој месец, продолжуваме со низа инвестиции и проекти за поубава, поспортска и позелена општина, истакна градоначалникот Муцунски во својата објава.

Инаку, денешниот настан освен спортско – рекреативен и забавен карактер имаше и хуманитарен карактер. Во негови рамки присутните имаат можност да донираат средства за младиот Никола Ѓорѓиев.

The post Со спортски активности жителите на Аеродром го прославија 18-от роденденот на Општината appeared first on Република.

]]>