род стјуарт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rod-stjuart/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 09:20:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png род стјуарт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rod-stjuart/ 32 32 Род Стјуарт плати преглед со магнетна резонанца во приватна болница за пациентите: Се надевам дека ќе ме следат некои други луѓе https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rod-stjuart-plati-pregled-so-magnetna-rezonantsa-vo-privatna-bolnitsa-za-patsientite-se-nadevam-deka-ke-me-sledat-nekoi-drugi-luge/ Tue, 28 Feb 2023 09:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=614096

Британските медиуми пишуваат дека Род Стјуарт, познатиот британски пејач неодамна, ја посетил болницата „Принцезата Александра“ во Харлоу, а бидејќи знаел дека листите на чекање за прегледи со магнетна резонанца се долги, решил да го плати прегледот во приватна болница за пациентите и со тоа да им помогне и ним и на болницата.

Пејачот и текстописец (78) изјави дека сака да ги плати прегледите и на други места во Велика Британија, поточно – секаде каде што има преоптоварување на системот.

Минатиот месец, Стјуарт го најави овој потег откако телефонски се „приклучи“ на шоуто на Sky News.

Тој тогаш изјави дека посетил приватна болница поради неговиот здравствен проблем – иако доцнел половина час, вработените му рекле дека нема проблем, бидејќи немало гужва. Тогаш, вели, сфатил дека има огромен јаз меѓу приватните и државните болници.

Ако ова е огромен успех, што мислам дека ќе биде, би сакал да го направам во Белфаст, Даблин, Единбург, Глазгов, Манчестер итн. И се надевам дека ќе ме следат некои други луѓе, изјави хуманиот пејач.

The post Род Стјуарт плати преглед со магнетна резонанца во приватна болница за пациентите: Се надевам дека ќе ме следат некои други луѓе appeared first on Република.

]]>

Британските медиуми пишуваат дека Род Стјуарт, познатиот британски пејач неодамна, ја посетил болницата „Принцезата Александра“ во Харлоу, а бидејќи знаел дека листите на чекање за прегледи со магнетна резонанца се долги, решил да го плати прегледот во приватна болница за пациентите и со тоа да им помогне и ним и на болницата. Пејачот и текстописец (78) изјави дека сака да ги плати прегледите и на други места во Велика Британија, поточно – секаде каде што има преоптоварување на системот. Минатиот месец, Стјуарт го најави овој потег откако телефонски се „приклучи“ на шоуто на Sky News. Тој тогаш изјави дека посетил приватна болница поради неговиот здравствен проблем – иако доцнел половина час, вработените му рекле дека нема проблем, бидејќи немало гужва. Тогаш, вели, сфатил дека има огромен јаз меѓу приватните и државните болници.
Ако ова е огромен успех, што мислам дека ќе биде, би сакал да го направам во Белфаст, Даблин, Единбург, Глазгов, Манчестер итн. И се надевам дека ќе ме следат некои други луѓе, изјави хуманиот пејач.

The post Род Стјуарт плати преглед со магнетна резонанца во приватна болница за пациентите: Се надевам дека ќе ме следат некои други луѓе appeared first on Република.

]]>
Род Стјуарт одбил милионски хонорар за настап во Катар https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rod-stjuart-odbil-milionski-honorar-za-nastap-vo-katar/ Wed, 16 Nov 2022 15:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=574557

Британскиот рок-пејач Род Стјуарт откри дека одбил да настапи во Катар, иако му биле понудени повеќе од еден милион долари за гостувањето. Рокерот во интервју за „Сандеј тајмс“ (The Sunday Times) говореше за претстојното Светско првенство во Катар, истакнувајќи дека за него не е прифатливо да оди во таа земја.

Пред 15 месеци ми понудија многу пари – над милион долари, за да настапам таму. Ги одбив. Не е во ред да се оди таму. И Иранците исто така треба да бидат исклучени од сè, поради снабдувањето со оружје (за Русија, з.п.), изјави 77-годишниот музичар.

Претходно, комичарот Џо Лајсет јавно му порача на Дејвид Бекам дека „ќе го распарчи“ доколку спортистот не се повлече од договорот за Светското првенство во Катар. Фудбалерот наводно добил 10 милиони фунти за да биде спортски амбасадор на земјата, па беше жестоко критикуван дека „прима пари од земја во која хомосексуалноста е нелегална“, со оглед на тоа што претходно важеше за голем сојузник на ЛГБТ-заедницата.

И кога беше објавено дека Роби Вилијамс планира да настапи во Катар овој декември, исто така имаше бурни реакции.

Многу западни навивачи се двоумат дали да присуствуваат на СП, а некои стравуваат и за својата безбедност во Доха.

Светското првенство во фудбал се одржува во Катар од 20 ноември до 18 декември. ФИФА побара од учесниците „да се сосредоточат на фудбалот, а не на политичките прашања“.

The post Род Стјуарт одбил милионски хонорар за настап во Катар appeared first on Република.

]]>

Британскиот рок-пејач Род Стјуарт откри дека одбил да настапи во Катар, иако му биле понудени повеќе од еден милион долари за гостувањето. Рокерот во интервју за „Сандеј тајмс“ (The Sunday Times) говореше за претстојното Светско првенство во Катар, истакнувајќи дека за него не е прифатливо да оди во таа земја.
Пред 15 месеци ми понудија многу пари – над милион долари, за да настапам таму. Ги одбив. Не е во ред да се оди таму. И Иранците исто така треба да бидат исклучени од сè, поради снабдувањето со оружје (за Русија, з.п.), изјави 77-годишниот музичар.
Претходно, комичарот Џо Лајсет јавно му порача на Дејвид Бекам дека „ќе го распарчи“ доколку спортистот не се повлече од договорот за Светското првенство во Катар. Фудбалерот наводно добил 10 милиони фунти за да биде спортски амбасадор на земјата, па беше жестоко критикуван дека „прима пари од земја во која хомосексуалноста е нелегална“, со оглед на тоа што претходно важеше за голем сојузник на ЛГБТ-заедницата. И кога беше објавено дека Роби Вилијамс планира да настапи во Катар овој декември, исто така имаше бурни реакции. Многу западни навивачи се двоумат дали да присуствуваат на СП, а некои стравуваат и за својата безбедност во Доха. Светското првенство во фудбал се одржува во Катар од 20 ноември до 18 декември. ФИФА побара од учесниците „да се сосредоточат на фудбалот, а не на политичките прашања“.

The post Род Стјуарт одбил милионски хонорар за настап во Катар appeared first on Република.

]]>
Род Стјуарт примил семејство Украинци, па сака да ги поттикне и другите да го направат тоа https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/rod-stjuart-primil-semejstvo-ukrainci-pa-saka-da-gi-pottikne-i-drugite-da-go-napravat-toa/ Wed, 19 Oct 2022 08:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=562816

Британскиот рок-пејач Род Стјуарт јавно објави дека изнајмил куќа за семејство од седум бегалци од Украина. Тој откри дека обично не се фали со својот придонес кон добротворните работи, но сега „постапил поинаку со надеж дека ако и јавно проговори за своите постапки, тоа можеби ќе ги поттикне и другите луѓе да го прават тоа“.

Сер Род, како што е познат по неговата британска титула, веќе најмалку една година ѝ помага на брачната двојка Ростислав и Олена и нивните пет деца плаќајќи им ќирија и комуналии во Беркшир.

Семејството дојде во Британија и не говореа англиски… А, тие се толку прекрасни, љубезни и многу благодарни… Затоа сакам да работам повеќе. Размислувам да добијам друга куќа во која ќе вселам многу повеќе луѓе - порача Стјуарт.

Тој нагласува дека е витез, па добротворната работа му е еден вид должност.

Нека ме видат дека правам нешто. Јас сум витез и ја користам својата моќ за да направам нешто за луѓето. Убеден сум дека ако луѓето видат што правам, па и тие ќе направат нешто - вели Стјуарт.

Стјуарт и неговата сопруга Пени Ланкастер изнајмиле и три камиони, кои служат за разнесување залихи за бегалците, но и безбедно иснесување од Украина.

Следниот месец Стјуарт почнува турнеја и ќе настапи во низа британски градови - Нотингем, Абердин, Глазгов, Белфаст, Лондон, Бирмингем и Манчестер. Како што најави, тој има намера да зборува за војната во Украина и да ги посвети концертите на таа земја и нејзиниот народ.

The post Род Стјуарт примил семејство Украинци, па сака да ги поттикне и другите да го направат тоа appeared first on Република.

]]>

Британскиот рок-пејач Род Стјуарт јавно објави дека изнајмил куќа за семејство од седум бегалци од Украина. Тој откри дека обично не се фали со својот придонес кон добротворните работи, но сега „постапил поинаку со надеж дека ако и јавно проговори за своите постапки, тоа можеби ќе ги поттикне и другите луѓе да го прават тоа“. Сер Род, како што е познат по неговата британска титула, веќе најмалку една година ѝ помага на брачната двојка Ростислав и Олена и нивните пет деца плаќајќи им ќирија и комуналии во Беркшир.
Семејството дојде во Британија и не говореа англиски… А, тие се толку прекрасни, љубезни и многу благодарни… Затоа сакам да работам повеќе. Размислувам да добијам друга куќа во која ќе вселам многу повеќе луѓе - порача Стјуарт.
Тој нагласува дека е витез, па добротворната работа му е еден вид должност.
Нека ме видат дека правам нешто. Јас сум витез и ја користам својата моќ за да направам нешто за луѓето. Убеден сум дека ако луѓето видат што правам, па и тие ќе направат нешто - вели Стјуарт.
Стјуарт и неговата сопруга Пени Ланкастер изнајмиле и три камиони, кои служат за разнесување залихи за бегалците, но и безбедно иснесување од Украина. Следниот месец Стјуарт почнува турнеја и ќе настапи во низа британски градови - Нотингем, Абердин, Глазгов, Белфаст, Лондон, Бирмингем и Манчестер. Како што најави, тој има намера да зборува за војната во Украина и да ги посвети концертите на таа земја и нејзиниот народ.

The post Род Стјуарт примил семејство Украинци, па сака да ги поттикне и другите да го направат тоа appeared first on Република.

]]>