рочиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rochishte/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Dec 2022 17:42:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рочиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rochishte/ 32 32 Презентиран доказниот материјал на рочиштето за пожарот во тетовската модуларна болница, поддршка за д-р Бобан Вучевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prezentiran-dokazniot-materijal-na-rochishteto-za-pozharot-vo-tetovskata-modularna-bolnitsa-poddrshka-za-d-r-boban-vuchevski/ Tue, 27 Dec 2022 17:42:45 +0000 https://republika.mk/?p=590675

Во Основниот суд-Тетово продолжи судењето за пожарот кој на 8 септември 2021 година избувна во модуларната болница, а во кој трагично настрадаа 14 луѓе.

На рочиштето се појавија обвинетите Фљорин Бесими, Артан Етеми, Бобан Вучевски, претставникот на тетовската Клиничка болница, како и адвокатот на семејствата на жртвите.

Рочиштето беше проследено со низа забелешки од одбраната на обвинетите, кои не се согласија со начинот на претставувањето на насловите на доказите на тетовското Јавно обвинителство.

Според адвокатите, Обвинителството доставило докази преку документи без потписи од релевантни лица или институции. Освен тоа, доказите беа доставени во пликови, но без да се открие што има во нив. Предадени се и УСБ и ЦД, но не се знае каков доказен материјал содржат. Пред почетокот на рочиштето, пред Основниот суд се собраа граѓани кои излегоа во поддршка на обвинетиот Бобан Вучевски.

На рочиштето за пожарот во тетовската модуларна болница, помошниците на јавниот обвинител ги презентираа само насловите на доказите, а за време на нивното цитирање, адвокатите имаа забелешки дека многу докази не фигурираат во описот.

Потоа, судијата Јордан Велковски го донесе во Судот обемниот материјал со докази и почна да ги чита нивните наслови.

Адвокатите имаа забелешки дека дел од насловите не се содржани во листата докази кои Обвинителството ги доставило до Судот.

Освен тоа, на денешната расправа не беше прочитана содржината на доказите, туку само извештаите на институциите како што е МВР, извештајот на германските експерти, и др. Следното рочиште е закажано за 16 јануари 2023 година.

 

The post Презентиран доказниот материјал на рочиштето за пожарот во тетовската модуларна болница, поддршка за д-р Бобан Вучевски appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд-Тетово продолжи судењето за пожарот кој на 8 септември 2021 година избувна во модуларната болница, а во кој трагично настрадаа 14 луѓе. На рочиштето се појавија обвинетите Фљорин Бесими, Артан Етеми, Бобан Вучевски, претставникот на тетовската Клиничка болница, како и адвокатот на семејствата на жртвите. Рочиштето беше проследено со низа забелешки од одбраната на обвинетите, кои не се согласија со начинот на претставувањето на насловите на доказите на тетовското Јавно обвинителство. Според адвокатите, Обвинителството доставило докази преку документи без потписи од релевантни лица или институции. Освен тоа, доказите беа доставени во пликови, но без да се открие што има во нив. Предадени се и УСБ и ЦД, но не се знае каков доказен материјал содржат. Пред почетокот на рочиштето, пред Основниот суд се собраа граѓани кои излегоа во поддршка на обвинетиот Бобан Вучевски. На рочиштето за пожарот во тетовската модуларна болница, помошниците на јавниот обвинител ги презентираа само насловите на доказите, а за време на нивното цитирање, адвокатите имаа забелешки дека многу докази не фигурираат во описот. Потоа, судијата Јордан Велковски го донесе во Судот обемниот материјал со докази и почна да ги чита нивните наслови. Адвокатите имаа забелешки дека дел од насловите не се содржани во листата докази кои Обвинителството ги доставило до Судот. Освен тоа, на денешната расправа не беше прочитана содржината на доказите, туку само извештаите на институциите како што е МВР, извештајот на германските експерти, и др. Следното рочиште е закажано за 16 јануари 2023 година.  

The post Презентиран доказниот материјал на рочиштето за пожарот во тетовската модуларна болница, поддршка за д-р Бобан Вучевски appeared first on Република.

]]>
Ново рочиште за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/novo-rochishte-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo/ Tue, 08 Nov 2022 07:33:30 +0000 https://republika.mk/?p=571188

Денеска нов обид за отпочнување на судењето за случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Пред две недели почетокот беше одложен бидејќи двајцата обвинети во случајот Бобан Вучески и Артан Етени дојдоа на закажан термин без своите бранители.

На прашање на судијата Јордан Велковски зошто со нив не се дојдени и нивните адвокати тие одговорија дека не знаеле дека со себе треба да носат адвокати за да почне судскиот процес.

Велковски го одложи почетокот за денеска и посочи дека доколку и денеска не дојдат заедно со својата одбрана судот ќе им определи адвокати по службена должност.

Покрај овие лица, обвинет за случајот е и поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими.

Основното јавно обвинителство Тетово во јули годинава до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице во врска со пожарот во Модуларната болница во Тетово кој се случи вечерта на 8 септември минатата година, и во кој живото го загубија 14 лица меѓу кои 12 пациенти и две лица кои во моментот на несреќата биле придружба.

The post Ново рочиште за пожарот во модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

]]>

Денеска нов обид за отпочнување на судењето за случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово. Пред две недели почетокот беше одложен бидејќи двајцата обвинети во случајот Бобан Вучески и Артан Етени дојдоа на закажан термин без своите бранители. На прашање на судијата Јордан Велковски зошто со нив не се дојдени и нивните адвокати тие одговорија дека не знаеле дека со себе треба да носат адвокати за да почне судскиот процес. Велковски го одложи почетокот за денеска и посочи дека доколку и денеска не дојдат заедно со својата одбрана судот ќе им определи адвокати по службена должност. Покрај овие лица, обвинет за случајот е и поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими. Основното јавно обвинителство Тетово во јули годинава до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице во врска со пожарот во Модуларната болница во Тетово кој се случи вечерта на 8 септември минатата година, и во кој живото го загубија 14 лица меѓу кои 12 пациенти и две лица кои во моментот на несреќата биле придружба.

The post Ново рочиште за пожарот во модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

]]>