робијаши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/robijashi/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Mar 2023 20:15:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png робијаши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/robijashi/ 32 32 Еве како изгледал тунелот што го ископале искусни робијаши во „Идризово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-kako-izgledal-tunelot-shto-go-iskopale-iskusni-robijashi-vo-idrizovo/ Tue, 21 Mar 2023 15:47:24 +0000 https://republika.mk/?p=622128

Откако МВР соопшти дека во координација со Агенцијата за национална безбедност спречило организирано бегство од затворот „Идризово“, испратија и видео-инсерти од ископаниот тунел.

Претходно, МВР соопшти дека добило криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД „Идризово“, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор, подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел.

Управата за извршување санкции извршила проверки на местото кое било посочено како потенцијален тунел, при што навистина е откриен ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда зад која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот.

Тунелот е ископан на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри и бил соодветно обезбеден со попречни греди и тули.

Во тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица, која им служела за осветлување на тунелот.

https://youtu.be/M52B3GE4joY

The post Еве како изгледал тунелот што го ископале искусни робијаши во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Откако МВР соопшти дека во координација со Агенцијата за национална безбедност спречило организирано бегство од затворот „Идризово“, испратија и видео-инсерти од ископаниот тунел. Претходно, МВР соопшти дека добило криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД „Идризово“, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор, подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел. Управата за извршување санкции извршила проверки на местото кое било посочено како потенцијален тунел, при што навистина е откриен ископан тунел во должина од околу 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда зад која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот. Тунелот е ископан на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри и бил соодветно обезбеден со попречни греди и тули. Во тунелот се пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица, која им служела за осветлување на тунелот. https://youtu.be/M52B3GE4joY

The post Еве како изгледал тунелот што го ископале искусни робијаши во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>