Роберта Мецола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/roberta-mecola/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 17:00:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Роберта Мецола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/roberta-mecola/ 32 32 Средба на Гаши со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-gashi-so-pretsedatelkata-na-evropskiot-parlament-roberta-metsola/ Mon, 18 Nov 2024 17:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=839318

Во седиштето на Европскиот парламент во Брисел, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска се сретна со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. На оваа функција Мецола беше реизбрана со големо мнозинство на гласови по конституирањето на новиот состав на Европскиот парламент во јуни оваа година, информира собраниската прес-служба.

Гаши се заблагодарил за силната поддршка на европската перспектива на нашата земја која во континуитет ја дава Европскиот парламент и особено претседателката Мецола и изразил очекување таа да продолжи сѐ до полноправното членство на земјата во ЕУ.

Двајцата соговорници се согласиле дека граѓаните на Република Македонија очекуваат големи поместувања бидејќи беа направени навистина отстапки од наша страна кои доведоа до членство во НАТО, но не и до започнување на Меѓувладина конференција со ЕУ.

Претседателката Мецола најавила посета на регионот на Западен Балкан за почетокот на следната година и се заложи и за конкретни активности на економски план, на градење на инфраструктурата, укинувањето на роамингот, но и поконкретни исчекори за РС Македонија преку Програмата за демократска поддршка, насочена првенствено за Парламентот.

-Главни столбови на оваа Програма ќе бидат законодавството и транспарентноста, кои би се одвивале преку студиски посети и тренинзи за медијација, за што претседателот Гаши ја изрази својата поддршка и подготвеност да создаде потребни предуслови за нејзина реализација, велат од Собранието.

Соговорниците се согласиле за големиот бенефит за земјата и граѓаните за јасната визија која ЕУ ја има во процесот на евроинтергацијата, но и за јасните пораки кои треба ЕУ да ги испорача и застане зад нив, а земјата да го задржи фокусот кон евроинтегративниот пат со сочувано достоинство и задоволни граѓани, независно од нивното етничко потекло. 

The post Средба на Гаши со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола appeared first on Република.

]]>

Во седиштето на Европскиот парламент во Брисел, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска се сретна со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. На оваа функција Мецола беше реизбрана со големо мнозинство на гласови по конституирањето на новиот состав на Европскиот парламент во јуни оваа година, информира собраниската прес-служба. Гаши се заблагодарил за силната поддршка на европската перспектива на нашата земја која во континуитет ја дава Европскиот парламент и особено претседателката Мецола и изразил очекување таа да продолжи сѐ до полноправното членство на земјата во ЕУ. Двајцата соговорници се согласиле дека граѓаните на Република Македонија очекуваат големи поместувања бидејќи беа направени навистина отстапки од наша страна кои доведоа до членство во НАТО, но не и до започнување на Меѓувладина конференција со ЕУ. Претседателката Мецола најавила посета на регионот на Западен Балкан за почетокот на следната година и се заложи и за конкретни активности на економски план, на градење на инфраструктурата, укинувањето на роамингот, но и поконкретни исчекори за РС Македонија преку Програмата за демократска поддршка, насочена првенствено за Парламентот. -Главни столбови на оваа Програма ќе бидат законодавството и транспарентноста, кои би се одвивале преку студиски посети и тренинзи за медијација, за што претседателот Гаши ја изрази својата поддршка и подготвеност да создаде потребни предуслови за нејзина реализација, велат од Собранието. Соговорниците се согласиле за големиот бенефит за земјата и граѓаните за јасната визија која ЕУ ја има во процесот на евроинтергацијата, но и за јасните пораки кои треба ЕУ да ги испорача и застане зад нив, а земјата да го задржи фокусот кон евроинтегративниот пат со сочувано достоинство и задоволни граѓани, независно од нивното етничко потекло. 

The post Средба на Гаши со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола appeared first on Република.

]]>
Роберта Мецола реизбрана за претседателка на Европскиот парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/roberta-metsola-reizbrana-za-pretsedatelka-na-evropskiot-parlament/ Tue, 16 Jul 2024 11:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=797355

Роберта Мецола од малтешката конзервативна Национална партија (ПН), која е дел од групата на Европската народна партија (ЕПП), денеска беше реизбрана за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години.

На конститутивното заседание на новиот состав на Европскиот парламент, што се одржува во Стразбур, за Мецола гласаа 562 европратеници, а нејзината противкандидатка за функцијата Ирене Монтеро од шпанската партија Можеме (Подемос), дел од групата на Левицата, доби 61 глас. Вкупно 77 гласачки ливчиња беа прогласени за неважечки.

За да биде избрана, на една од двете кандидатки за претседателка на ЕП и беше потребно да освои апсолутно мнозинство од дадените валидни гласови или во овој случај 312 гласа.

Процесот на избор на претседател на ЕП, што се спроведе со тајно гласање, и пребројување на гласачките ливчиња, го контролираа осум европратеници избрани со ждрепка.

Пред гласањето Мецола и Монтеро им се обратија на европратениците презентирајќи ги своите заложби и визии за работата на Европскиот парламент и иднината на ЕУ.

Конститутивното заседание на ЕП го отвори Мецола, по што гудачки оркестар во живо ја изведе химната на ЕУ „Одата на радоста“. До изборот на новиот претседател, претседавањето со седницата го презеде актуелната потпретседателка Пина Пичерно.

Овој десетти состав на Европскиот парламент има 720 места или 15 повеќе отколку претходниот парламентарен состав. Вкупно 54 отсто од европратениците се новоизбрани, а 39 проценти од членовите на Европарламентот се жени.

Најмлад член на Европскиот парламент е 23-годишната европратеничка Лена Шилинг од австриската партија Зелени – Зелена Алтернатива (ДГ), а најстар 77-годишниот Леолука Орландо од италијанскиот Сојуз на зелените и левицата (АВС). И двајцата европратеници се дел од групата на Зелените во ЕП. Просечната возраст на европратениците во овој состав е 50 години.

Европратениците се организирани во осум пратенички групи и тоа Европската народна партија (ЕПП) со 188 пратеници, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 136, Патриоти за Европа (ПФЕ) со 84, Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 78, Да ја обновиме Европа со 77, Зелени – Европска слободна алијанса (Зелени/ЕФА) со 53, Левицата во Европскиот парламент (Левица) со 46 и Европа на суверени нации со 25 пратеници. Вкупно 33 европратеници не се дел на ниту една пратеничка група.

The post Роберта Мецола реизбрана за претседателка на Европскиот парламент appeared first on Република.

]]>

Роберта Мецола од малтешката конзервативна Национална партија (ПН), која е дел од групата на Европската народна партија (ЕПП), денеска беше реизбрана за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години. На конститутивното заседание на новиот состав на Европскиот парламент, што се одржува во Стразбур, за Мецола гласаа 562 европратеници, а нејзината противкандидатка за функцијата Ирене Монтеро од шпанската партија Можеме (Подемос), дел од групата на Левицата, доби 61 глас. Вкупно 77 гласачки ливчиња беа прогласени за неважечки. За да биде избрана, на една од двете кандидатки за претседателка на ЕП и беше потребно да освои апсолутно мнозинство од дадените валидни гласови или во овој случај 312 гласа. Процесот на избор на претседател на ЕП, што се спроведе со тајно гласање, и пребројување на гласачките ливчиња, го контролираа осум европратеници избрани со ждрепка. Пред гласањето Мецола и Монтеро им се обратија на европратениците презентирајќи ги своите заложби и визии за работата на Европскиот парламент и иднината на ЕУ. Конститутивното заседание на ЕП го отвори Мецола, по што гудачки оркестар во живо ја изведе химната на ЕУ „Одата на радоста“. До изборот на новиот претседател, претседавањето со седницата го презеде актуелната потпретседателка Пина Пичерно. Овој десетти состав на Европскиот парламент има 720 места или 15 повеќе отколку претходниот парламентарен состав. Вкупно 54 отсто од европратениците се новоизбрани, а 39 проценти од членовите на Европарламентот се жени. Најмлад член на Европскиот парламент е 23-годишната европратеничка Лена Шилинг од австриската партија Зелени – Зелена Алтернатива (ДГ), а најстар 77-годишниот Леолука Орландо од италијанскиот Сојуз на зелените и левицата (АВС). И двајцата европратеници се дел од групата на Зелените во ЕП. Просечната возраст на европратениците во овој состав е 50 години. Европратениците се организирани во осум пратенички групи и тоа Европската народна партија (ЕПП) со 188 пратеници, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 136, Патриоти за Европа (ПФЕ) со 84, Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 78, Да ја обновиме Европа со 77, Зелени – Европска слободна алијанса (Зелени/ЕФА) со 53, Левицата во Европскиот парламент (Левица) со 46 и Европа на суверени нации со 25 пратеници. Вкупно 33 европратеници не се дел на ниту една пратеничка група.  

The post Роберта Мецола реизбрана за претседателка на Европскиот парламент appeared first on Република.

]]>
На кого ли мислеше: Претседателката на ЕП вели дека ЕУ треба да се подготви за проширување на 30, 33 или 35 земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-kogo-li-misleshe-pretsedatelkata-na-ep-veli-deka-eu-treba-da-se-podgotvi-za-proshiruvane-na-30-33-ili-35-zemji/ Fri, 10 Nov 2023 07:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=700065

Во текот на натамошниот процес на проширување, Европската унија мора да биде подготвена за тоа дека правилата што важат за нејзините 27 членки нема да функционираат за 30, па дури и за 35 земји, рече претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во Берлин на конференција „Состојбата во Европа 2023“ спонзорирана од фондацијата Конрад Аденауер.

-Историјата ни покажува дека проширувањето на Европската унија, засновано на јасни заеднички цели, претставува инвестиција во мирот, безбедноста и напредокот на европскиот континент. Тоа е процес што е од корист за сите вклучени страни. Затоа Европскиот парламент минатата година повика Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус, посочи таа и додаде дека тоа им дава јасна европска перспектива на овие земји и служи како силен поттик за развој и реформи, пренесува Укринформ.

Мецола истакна дека самата Европска унија мора внимателно да се подготви за такво проширување и да ги спроведе неопходните реформи за да се спречат нови одложувања и разочарувања во земјите кандидати.

-Мораме да бидеме подготвени и да разбереме: тоа што функционира за Европската унија од 27 земји нема да функционира во Европската унија од 30, 33 или 35 членки. И кога тоа ќе се случи, не треба да очајуваме. Затоа што за сите овие земји, ветената перспектива на Европа е тоа што ги движи луѓето. Владите растат и паѓаат врз основа на тоа како ги одржуваме нашите обврски и ветувања, нагласи Мецола.

Како што потсетува украинската агенција, за време на говорот во Европскиот парламент, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека во сегашните геополитички околности, процесот на проширување ќе ги задоволи интересите на целата ЕУ и ќе придонесе за ширење на стабилност, безбедност и просперитет низ цела Европа.

Истовремено, како што наведе таа, ЕУ мора да се подготви за влез на нови земји за да не ја изгуби ефективноста на своите институции и да ја задржи способноста за донесување ефективни одлуки

The post На кого ли мислеше: Претседателката на ЕП вели дека ЕУ треба да се подготви за проширување на 30, 33 или 35 земји appeared first on Република.

]]>

Во текот на натамошниот процес на проширување, Европската унија мора да биде подготвена за тоа дека правилата што важат за нејзините 27 членки нема да функционираат за 30, па дури и за 35 земји, рече претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во Берлин на конференција „Состојбата во Европа 2023“ спонзорирана од фондацијата Конрад Аденауер.
-Историјата ни покажува дека проширувањето на Европската унија, засновано на јасни заеднички цели, претставува инвестиција во мирот, безбедноста и напредокот на европскиот континент. Тоа е процес што е од корист за сите вклучени страни. Затоа Европскиот парламент минатата година повика Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус, посочи таа и додаде дека тоа им дава јасна европска перспектива на овие земји и служи како силен поттик за развој и реформи, пренесува Укринформ.
Мецола истакна дека самата Европска унија мора внимателно да се подготви за такво проширување и да ги спроведе неопходните реформи за да се спречат нови одложувања и разочарувања во земјите кандидати.
-Мораме да бидеме подготвени и да разбереме: тоа што функционира за Европската унија од 27 земји нема да функционира во Европската унија од 30, 33 или 35 членки. И кога тоа ќе се случи, не треба да очајуваме. Затоа што за сите овие земји, ветената перспектива на Европа е тоа што ги движи луѓето. Владите растат и паѓаат врз основа на тоа како ги одржуваме нашите обврски и ветувања, нагласи Мецола.
Како што потсетува украинската агенција, за време на говорот во Европскиот парламент, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека во сегашните геополитички околности, процесот на проширување ќе ги задоволи интересите на целата ЕУ и ќе придонесе за ширење на стабилност, безбедност и просперитет низ цела Европа. Истовремено, како што наведе таа, ЕУ мора да се подготви за влез на нови земји за да не ја изгуби ефективноста на своите институции и да ја задржи способноста за донесување ефективни одлуки

The post На кого ли мислеше: Претседателката на ЕП вели дека ЕУ треба да се подготви за проширување на 30, 33 или 35 земји appeared first on Република.

]]>
Претседателката на Европскиот парламент: Хамас е терористичка група која не ги претставува оправданите стремежи на Палестинците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-na-evropskiot-parlament-hamas-e-teroristichka-grupa-koja-ne-gi-pretstavuva-opravdanite-stremezhi-na-palestintsite/ Mon, 16 Oct 2023 20:25:16 +0000 https://republika.mk/?p=691823

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која минатиот петок беше во Израел, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Хамас е терористичка група која не ги претставува оправданите стремежи на Палестинците.

Мецола додаде дека Хамас е пречка за Палестинците и мора да биде запрена.

Реалноста на теренот е ужасна, трагична и очајна. Во прашање беа животи на невини луѓе, Хамас вршеше масовни убиства, киднапирања и силувања, мачења и сквернавење на мртвите. Нема оправдување за тоа. Во Израел отпатував на покана на Кнесетот како израз на нашето заедништво, тоа патување беше едно од најтешките работи што морав да ги преземам како претседател на ЕП“, истакна Мецола за последиците од нападот на Хамас врз Израел на почетокот на месецот.

Таа додаде дека ЕП секогаш ќе се залага за решението со две држави и траен мир.

Морам да работам за безусловно ослободување на заложниците и хуманитарната помош да стигне до оние на кои им е потребна“, инсистира Мецола.

The post Претседателката на Европскиот парламент: Хамас е терористичка група која не ги претставува оправданите стремежи на Палестинците appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која минатиот петок беше во Израел, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Хамас е терористичка група која не ги претставува оправданите стремежи на Палестинците. Мецола додаде дека Хамас е пречка за Палестинците и мора да биде запрена.
Реалноста на теренот е ужасна, трагична и очајна. Во прашање беа животи на невини луѓе, Хамас вршеше масовни убиства, киднапирања и силувања, мачења и сквернавење на мртвите. Нема оправдување за тоа. Во Израел отпатував на покана на Кнесетот како израз на нашето заедништво, тоа патување беше едно од најтешките работи што морав да ги преземам како претседател на ЕП“, истакна Мецола за последиците од нападот на Хамас врз Израел на почетокот на месецот.
Таа додаде дека ЕП секогаш ќе се залага за решението со две држави и траен мир.
Морам да работам за безусловно ослободување на заложниците и хуманитарната помош да стигне до оние на кои им е потребна“, инсистира Мецола.

The post Претседателката на Европскиот парламент: Хамас е терористичка група која не ги претставува оправданите стремежи на Палестинците appeared first on Република.

]]>
Мецола и Фон дер Лајен пристигнаа во посета на Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/metsola-i-fon-der-lajen-pristignaa-vo-poseta-na-izrael/ Fri, 13 Oct 2023 10:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=690855

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигнаа во Израел.

Се очекува Мецола да ја искористи својата посета за да повика на итно ослободување на заложниците, а истовремено да побара создавање хуманитарен коридор и заштита на цивилната инфраструктура во Газа.

Тука сме со порака за солидарност по најтешкиот терористички напад што Израел го издржал со генерации, напиша таа на социјалните мрежи.

Теророт нема да надвладее. Важно е како ќе реагираме. Можеме - мораме - да го запреме Хамас. И да направиме се што можеме за да ги ублажиме хуманитарните последици, додаде Мецола.

The post Мецола и Фон дер Лајен пристигнаа во посета на Израел appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигнаа во Израел. Се очекува Мецола да ја искористи својата посета за да повика на итно ослободување на заложниците, а истовремено да побара создавање хуманитарен коридор и заштита на цивилната инфраструктура во Газа. Тука сме со порака за солидарност по најтешкиот терористички напад што Израел го издржал со генерации, напиша таа на социјалните мрежи. Теророт нема да надвладее. Важно е како ќе реагираме. Можеме - мораме - да го запреме Хамас. И да направиме се што можеме за да ги ублажиме хуманитарните последици, додаде Мецола.

The post Мецола и Фон дер Лајен пристигнаа во посета на Израел appeared first on Република.

]]>
Ковачевски-Мецола: Силна поддршка од Европскиот Парламент за продолжување на европскиот пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-metsola-silna-poddrshka-od-evropskiot-parlament-za-prodolzhuvane-na-evropskiot-pat/ Thu, 01 Jun 2023 15:20:11 +0000 https://republika.mk/?p=646925

Евроинтеграцискиот процес на земјава беше тема на разговор на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола, на маргините од вториот Самит на Европската политичка заедница кој се одржува во Кишињев, Молдавија.

Мецола изрази силна поддршка да продолжиме по европскиот пат, соопшти владината прес-служба.

Оттаму информираат дека Ковачевски и Мецола се согласиле дека улогата на Собранието е клучна и оти одлуката која треба наредниот период да се донесе, е тешка, но државничка.

Таа одлука, додаваат, е крајно обврска на секој пратеник поединечно, и на Собранието како законодавен дом во кој директно се претставени граѓаните, кои сакаат европска иднина и сакаат да живеат во земја членка на ЕУ, но тука, дома, во Македонија.

Тоа не може да е одлука на еден човек, една влада или една партија и токму затоа и Ковачевски и Мецола ја потенцираа важноста на овој процес и апелираа до Собранието да ја донесе вистинската одлука која ќе овозможи просперитет и европска иднина за граѓаните на Македонија, соопштија од владината прес-служба.

Во овој контекст, како што посочуваат, беше истакната и посветеноста на пратениците на Европскиот парламент за напредокот на земјата во процесот на пристапување во членството во ЕУ.

The post Ковачевски-Мецола: Силна поддршка од Европскиот Парламент за продолжување на европскиот пат appeared first on Република.

]]>

Евроинтеграцискиот процес на земјава беше тема на разговор на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола, на маргините од вториот Самит на Европската политичка заедница кој се одржува во Кишињев, Молдавија.
Мецола изрази силна поддршка да продолжиме по европскиот пат, соопшти владината прес-служба.
Оттаму информираат дека Ковачевски и Мецола се согласиле дека улогата на Собранието е клучна и оти одлуката која треба наредниот период да се донесе, е тешка, но државничка. Таа одлука, додаваат, е крајно обврска на секој пратеник поединечно, и на Собранието како законодавен дом во кој директно се претставени граѓаните, кои сакаат европска иднина и сакаат да живеат во земја членка на ЕУ, но тука, дома, во Македонија.
Тоа не може да е одлука на еден човек, една влада или една партија и токму затоа и Ковачевски и Мецола ја потенцираа важноста на овој процес и апелираа до Собранието да ја донесе вистинската одлука која ќе овозможи просперитет и европска иднина за граѓаните на Македонија, соопштија од владината прес-служба.
Во овој контекст, како што посочуваат, беше истакната и посветеноста на пратениците на Европскиот парламент за напредокот на земјата во процесот на пристапување во членството во ЕУ.  

The post Ковачевски-Мецола: Силна поддршка од Европскиот Парламент за продолжување на европскиот пат appeared first on Република.

]]>
На ЕУ не ѝ оди со кадрите: Претседателката на Парламентот „заборавила“ да пријави престој во луксузен француски хотел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-eu-ne-mu-odi-so-kadrite-pretsedatelkata-na-parlamentot-zaboravila-da-prijavi-prestoj-vo-luksuzen-frantsuski-hotel/ Sat, 21 Jan 2023 21:41:20 +0000 https://republika.mk/?p=599509

Претседателката на Европскиот парламент од Малта, Роберта Мецола се најде под притисок на јавноста бидејќи и е даден на подарок престој во луксузен француски хотел, кој не го пријавила целосно до надлежните институции, а новата афера следи од неодамнешниот корупциски скандал во ЕУ поврзан со потпретседателката на ЕП, Ева Каили.

Ноќевањето на Мецола, членка на Европската народна партија (ЕПП), која во октомври престојуваше со сопругот во регионот Бургундија, го платило француското винско братство, објави порталот Политико, а оваа информација ја потврдил и портпаролот на Мецола.

The post На ЕУ не ѝ оди со кадрите: Претседателката на Парламентот „заборавила“ да пријави престој во луксузен француски хотел appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европскиот парламент од Малта, Роберта Мецола се најде под притисок на јавноста бидејќи и е даден на подарок престој во луксузен француски хотел, кој не го пријавила целосно до надлежните институции, а новата афера следи од неодамнешниот корупциски скандал во ЕУ поврзан со потпретседателката на ЕП, Ева Каили. Ноќевањето на Мецола, членка на Европската народна партија (ЕПП), која во октомври престојуваше со сопругот во регионот Бургундија, го платило француското винско братство, објави порталот Политико, а оваа информација ја потврдил и портпаролот на Мецола.

The post На ЕУ не ѝ оди со кадрите: Претседателката на Парламентот „заборавила“ да пријави престој во луксузен француски хотел appeared first on Република.

]]>
Мецола: ЕУ треба да започне преговори со Македонија и Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mecola-eu-treba-da-zapochne-pregovori-so-makedonija-i-albanija/ Thu, 23 Jun 2022 10:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=518832

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола пред состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел изјави дека ЕУ треба да ги започне пристапните преговори со Македонија и Албанија.

Таа додаде дека и ЕУ треба да започне разговори за доделување визна либерализација на Косово.

„Ова е ден кога треба да ги гледаме земјите од Западен Балкан како наши соседи и како земји кои треба да имаат свое место во ЕУ, која е нивен дом“, рече Мецола.

Во Брисел денеска започна дводневниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, на кој учествува и претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски.

На Самитот на кој учествуваат шефови на држави и влади на Европската Унија и од регионот на Западен Балкан ќе се разговара за пошироката Европа, Западен Балкан, Украина, апликациите за членство во ЕУ од Украина, Република Молдавија и Грузија, како и економските прашања и надворешните односи.

Пред состанокот на Европскиот совет, лидерите на ЕУ и Западен Балкан ќе се сретнат и ќе разговараат за перспективите за европската интеграција на регионот.

https://www.youtube.com/watch?v=154_1CI-PM4

The post Мецола: ЕУ треба да започне преговори со Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола пред состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел изјави дека ЕУ треба да ги започне пристапните преговори со Македонија и Албанија. Таа додаде дека и ЕУ треба да започне разговори за доделување визна либерализација на Косово.
„Ова е ден кога треба да ги гледаме земјите од Западен Балкан како наши соседи и како земји кои треба да имаат свое место во ЕУ, која е нивен дом“, рече Мецола.
Во Брисел денеска започна дводневниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, на кој учествува и претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски. На Самитот на кој учествуваат шефови на држави и влади на Европската Унија и од регионот на Западен Балкан ќе се разговара за пошироката Европа, Западен Балкан, Украина, апликациите за членство во ЕУ од Украина, Република Молдавија и Грузија, како и економските прашања и надворешните односи. Пред состанокот на Европскиот совет, лидерите на ЕУ и Западен Балкан ќе се сретнат и ќе разговараат за перспективите за европската интеграција на регионот. https://www.youtube.com/watch?v=154_1CI-PM4

The post Мецола: ЕУ треба да започне преговори со Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на Конгресот на ЕПП во Ротердам се сретна со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-kongresot-na-epp-vo-roterdam-se-sretna-so-pretsedatelkata-na-evropskiot-parlament-roberta-mecola/ Tue, 31 May 2022 17:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=509414

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, во рамките на посетата на Ротердам, по повод Конгресот на ЕПП оствари средба со Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент, соопштија од партијата.

Роберта Мецола е дел од ЕПП.

На средбата беше истакната потребата од отпочнување на преговорите за влез на Македонија во ЕУ. А, од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека нашиот народ тоа го заслужува, и дека на Македонија местото и е во ЕУ, но беше укажано и на бугарските уцени кои се се само не европски, а со кои се негира нашиот јазик и идентитет.

Од страна на Мецола беше истакната поддршката која Македонија ја има од институциите на Унијата и дека тоа ќе продолжи и понатаму.

Претседателот Мицкоски изрази длабоко уверување дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи силно на патот кон ЕУ.

The post Мицкоски на Конгресот на ЕПП во Ротердам се сретна со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола appeared first on Република.

]]>

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, во рамките на посетата на Ротердам, по повод Конгресот на ЕПП оствари средба со Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент, соопштија од партијата. Роберта Мецола е дел од ЕПП. На средбата беше истакната потребата од отпочнување на преговорите за влез на Македонија во ЕУ. А, од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека нашиот народ тоа го заслужува, и дека на Македонија местото и е во ЕУ, но беше укажано и на бугарските уцени кои се се само не европски, а со кои се негира нашиот јазик и идентитет. Од страна на Мецола беше истакната поддршката која Македонија ја има од институциите на Унијата и дека тоа ќе продолжи и понатаму. Претседателот Мицкоски изрази длабоко уверување дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи силно на патот кон ЕУ.

The post Мицкоски на Конгресот на ЕПП во Ротердам се сретна со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола appeared first on Република.

]]>
Претседателката на Европскиот парламент: Ќе му судиме на Путин за воените злосторства https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-na-evropskiot-parlament-kje-mu-sudime-na-putin-za-voenite-zlostorstva/ Tue, 05 Apr 2022 11:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=483553

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола даде коментар за случувањата во Украина и кажа дека рускиот претседател Владимир Путин мора да одговара.

Мецола кажа дека не била лесна одлуката, но сепак решила да го посети Киев со цел да изрази поддршка на Украинците.

„Мојата порака беше испратена до Украина и граѓаните да знаат дека стоиме покрај нив. Нашите меѓународни судови ќе реагираат на оваа војна. Ова се ужасни сцени и се случуваат воени злосторства. Зборував со луѓето во Киев и тие побараа одговорност од Русија и Путин. Мора да одговара за воени злосторства“, кажа Мецола.

The post Претседателката на Европскиот парламент: Ќе му судиме на Путин за воените злосторства appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола даде коментар за случувањата во Украина и кажа дека рускиот претседател Владимир Путин мора да одговара. Мецола кажа дека не била лесна одлуката, но сепак решила да го посети Киев со цел да изрази поддршка на Украинците.
„Мојата порака беше испратена до Украина и граѓаните да знаат дека стоиме покрај нив. Нашите меѓународни судови ќе реагираат на оваа војна. Ова се ужасни сцени и се случуваат воени злосторства. Зборував со луѓето во Киев и тие побараа одговорност од Русија и Путин. Мора да одговара за воени злосторства“, кажа Мецола.

The post Претседателката на Европскиот парламент: Ќе му судиме на Путин за воените злосторства appeared first on Република.

]]>
Претседателката на Европскиот парламент во посета на Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-na-evropskiot-parlament-vo-poseta-na-kiev/ Fri, 01 Apr 2022 17:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=482079

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска во Киев изјави дека Европејците се со Украина и ќе помогнат во обновата на градовите по завршувањето на војната со Русија.

Роберта Мецола, која е претседателка на Европскиот парламент од јануари, рече дека институцијата ќе ги поддржи напорите на Украина да го започне процесот за пристапување во Европската унија.

– Ве молам, верувајте ми кога велам дека Европскиот парламент, Европската унија и европските граѓани се со Украина. Затоа сум овде денеска, бидејќи сме со вас, рече таа по пристигнувањето во главниот град Киев.

Мецола и вети три работи на Украина.

The post Претседателката на Европскиот парламент во посета на Киев appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска во Киев изјави дека Европејците се со Украина и ќе помогнат во обновата на градовите по завршувањето на војната со Русија. Роберта Мецола, која е претседателка на Европскиот парламент од јануари, рече дека институцијата ќе ги поддржи напорите на Украина да го започне процесот за пристапување во Европската унија.
– Ве молам, верувајте ми кога велам дека Европскиот парламент, Европската унија и европските граѓани се со Украина. Затоа сум овде денеска, бидејќи сме со вас, рече таа по пристигнувањето во главниот град Киев.
Мецола и вети три работи на Украина.

The post Претседателката на Европскиот парламент во посета на Киев appeared first on Република.

]]>
Роберта Мецола е новата претседателка на Европскиот парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/roberta-mecola-e-novata-pretsedatelka-na-evropskiot-parlament-2/ Tue, 18 Jan 2022 12:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=446338

Европскиот парламент ја избра малтешката европратеничка Роберта Мецола за нов претседател.

За прв пат во историјата на институцијата, европратениците гласаа од далечина за пандемијата на КОВИД.

The post Роберта Мецола е новата претседателка на Европскиот парламент appeared first on Република.