Роберт Велјановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/robert-veljanovski/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Jul 2022 21:08:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Роберт Велјановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/robert-veljanovski/ 32 32 Вељановски: Говната кои со највисокото раководство го офарбаа цел град и ја запалија канцеларијата на Претседателот осудуваат за насилство?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veljanovski-govnata-koi-so-najvisokoto-rakovodstvo-go-ofarbaa-cel-grad-i-ja-zapalija-kancelarijata-na-pretsedatelot-osuduvaat-za-nasilstvo/ Mon, 04 Jul 2022 21:08:40 +0000 https://republika.mk/?p=523904

Говната кои со највисокото раководство го офарбаа цел град и ја запалија канцеларијата на Претседателот осудуваат за насилство?!, реагира актерот Роберт Вељановски, откако претходно и СДСМ и ДУИ ги осудија настаните пред Собранието и пред Владата, каде со денови протестираат македонските граѓани.

Јас не одобрувам насилство. Ама, замисли, сдс ги осудило насилствата пред зградата на предавничката влада и пред собрание!
Говната кои со највисокото раководство го офарбаа цел град и ја запалија канцеларијата на Претседателот осудуваат за насилство?!, пишува Вељановски.

The post Вељановски: Говната кои со највисокото раководство го офарбаа цел град и ја запалија канцеларијата на Претседателот осудуваат за насилство?! appeared first on Република.

]]>

Говната кои со највисокото раководство го офарбаа цел град и ја запалија канцеларијата на Претседателот осудуваат за насилство?!, реагира актерот Роберт Вељановски, откако претходно и СДСМ и ДУИ ги осудија настаните пред Собранието и пред Владата, каде со денови протестираат македонските граѓани.
Јас не одобрувам насилство. Ама, замисли, сдс ги осудило насилствата пред зградата на предавничката влада и пред собрание! Говната кои со највисокото раководство го офарбаа цел град и ја запалија канцеларијата на Претседателот осудуваат за насилство?!, пишува Вељановски.

The post Вељановски: Говната кои со највисокото раководство го офарбаа цел град и ја запалија канцеларијата на Претседателот осудуваат за насилство?! appeared first on Република.

]]>
Вељановски ги повика Пендаровски, Ковачевски, Османи и Маричиќ вечер пред Влада да објаснат на насобрарниот народ што е добро во „новиот“ договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veljanovski-gi-povika-pendarovski-kovachevski-osmani-i-marichikj-vecher-pred-vlada-da-objasnat-na-nasobrarniot-narod-shto-e-dobro-vo-noviot-dogovor/ Sat, 02 Jul 2022 10:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=522525

Роберт Вељановси јавно ги повика претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министрите Бујар Османи и Бојан Маричиќ вечерва вечерва во 19,30 часот да излезат пред Влада и да му објаснат на насобраниот народ што е добро во „новиот” “француски” предлог за македонскиот народ.

Јас, како жив штит, ќе стојам пред вас!! Одважете се! Ако сте во право, никој ништо не ви може!, напиша Вељановски на фејсбук.

The post Вељановски ги повика Пендаровски, Ковачевски, Османи и Маричиќ вечер пред Влада да објаснат на насобрарниот народ што е добро во „новиот“ договор appeared first on Република.

]]>

Роберт Вељановси јавно ги повика претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министрите Бујар Османи и Бојан Маричиќ вечерва вечерва во 19,30 часот да излезат пред Влада и да му објаснат на насобраниот народ што е добро во „новиот” “француски” предлог за македонскиот народ.
Јас, како жив штит, ќе стојам пред вас!! Одважете се! Ако сте во право, никој ништо не ви може!, напиша Вељановски на фејсбук.

The post Вељановски ги повика Пендаровски, Ковачевски, Османи и Маричиќ вечер пред Влада да објаснат на насобрарниот народ што е добро во „новиот“ договор appeared first on Република.

]]>
Велјановски повика на протест: Излезете и соопштете им на оние кои сакаат нашиот македонски јазик да го сведат на ниво на дијалект на јазик кој не е наш https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/veljanovski-povika-na-protest-izlezete-i-soopshtete-im-na-onie-koi-sakaat-nashiot-makedonski-jazik-da-go-svedat-na-nivo-na-dijalekt-na-jazik-koj-ne-e-nash/ Fri, 01 Jul 2022 20:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=522360

Роберт Велјановски ги повика сите културни работници да излезат на утрешниот протест за да го кренат гласот за зачувување на македонскиот јазик и идентитет.

Им се обраќам на оние со кои 30 години заедно верувавме дека создаваме убавина и естетски задоволства за нашиот народ, за нашата публика, на оние со кои 30 години заедно го печалевме горко-слаткиот театарски леб, вам, мои колеги актери, драматичари, режисери!

 

Излезете и соопштете им на оние кои сакаат нашиот македонски јазик, едно од нашите главни изразни средства на сцената, да го сведат на ниво на дијалект на јазик кој не е наш. Излезете и соопштете им дека грешат, дека не се во право, дека не понижуваат! Сетете се на кој јазик нашите професори глаголеа, нѐ учеа и нѐ воспитуваа - Алексиев, Иванов, Георгиевски, Милчин, Лужина, Дрваров, Чевревски... Сетете се на кој јазик пишуваа и на кој јазик ги игравме Џинот, Чернодрински, Цепенков, Крле, Панов, Иљоски, Чашуле, Андреевски, Плевнеш, Стефановски, Насев, Георгиевски… Излезете и потврдете дека нивниот јазик, нашиот јазик, е македонски јазик, а не дијалект на некој друг јазик. Сетете се на кој јазик го играме Шекспир, Молиер, Чехов, Калдерон, Бекет, Стопард…

 

Одважете се, излезете и потврдете дека ТИЕ не се во право, дека не навредуваат и понижуваат! Излезете и изборете се нашите деца, нашите внуци и правнуци да учат и да играат на македонски јазик. Излезете за да не онемиме!

 

ВЕ ПРЕКОЛНУВАМ, ИЗЛЕЗЕТЕ!!!

 

Ви се обраќам Вам, деца мои, вие кои доаѓате на моите часови, вам на кои од најдлабоките дамари на мојата душа ви го пренесувам сето она што го знам и кое го поседувам, излезете и вие, затоа што јас ќе заборавам сѐ што сум знаел на македонски јазик и никогаш нема да можам да ви го пренесам она што го знам на туѓ дијалект. Ќе онемам, ако го изгубам мојот јазик.

 

ВЕ СОВЕТУВАМ, ИЗЛЕЗЕТЕ!!!

 

Ви се обраќам и Вам, на оние кои со години се наша поддршка, на оние кои со аплаузи не испраќаат после секоја претстава, на оние кои јавно или потајно нѐ воспеваат или ни се потсмеваат, вам кои од нашите претстави излегувате насмеани или расплакани, на нашите верни гледачи - излезете и вие со нас, за да ни помогнете и нам и вам, да си го зачуваме она што не прави Македонци, нашиот македонски јазик кој не е и не смееме да дозволиме да стане нечиј дијалект.

 

ВЕ ЗАМОЛУВАМ, ИЗЛЕЗЕТЕ!!!

 

Не важно е дали ме сакате, не важно е дали Ве сакам, ВАЖНО е да си го зачуваме она што е наше и само наше, и на никој друг. Не важно е дали сте леви или десни, дали сте аполитични, дали сте верници или атеисти, важно е да кажете, да покажете кои сте и кој е нашиот јазик!!!

 

УТРЕ, САБОТА, 2 јули, 19 часот, пред Влада на Република Македонија!!! - порачува Велјановски.

The post Велјановски повика на протест: Излезете и соопштете им на оние кои сакаат нашиот македонски јазик да го сведат на ниво на дијалект на јазик кој не е наш appeared first on Република.

]]>

Роберт Велјановски ги повика сите културни работници да излезат на утрешниот протест за да го кренат гласот за зачувување на македонскиот јазик и идентитет.
Им се обраќам на оние со кои 30 години заедно верувавме дека создаваме убавина и естетски задоволства за нашиот народ, за нашата публика, на оние со кои 30 години заедно го печалевме горко-слаткиот театарски леб, вам, мои колеги актери, драматичари, режисери!   Излезете и соопштете им на оние кои сакаат нашиот македонски јазик, едно од нашите главни изразни средства на сцената, да го сведат на ниво на дијалект на јазик кој не е наш. Излезете и соопштете им дека грешат, дека не се во право, дека не понижуваат! Сетете се на кој јазик нашите професори глаголеа, нѐ учеа и нѐ воспитуваа - Алексиев, Иванов, Георгиевски, Милчин, Лужина, Дрваров, Чевревски... Сетете се на кој јазик пишуваа и на кој јазик ги игравме Џинот, Чернодрински, Цепенков, Крле, Панов, Иљоски, Чашуле, Андреевски, Плевнеш, Стефановски, Насев, Георгиевски… Излезете и потврдете дека нивниот јазик, нашиот јазик, е македонски јазик, а не дијалект на некој друг јазик. Сетете се на кој јазик го играме Шекспир, Молиер, Чехов, Калдерон, Бекет, Стопард…   Одважете се, излезете и потврдете дека ТИЕ не се во право, дека не навредуваат и понижуваат! Излезете и изборете се нашите деца, нашите внуци и правнуци да учат и да играат на македонски јазик. Излезете за да не онемиме!   ВЕ ПРЕКОЛНУВАМ, ИЗЛЕЗЕТЕ!!!   Ви се обраќам Вам, деца мои, вие кои доаѓате на моите часови, вам на кои од најдлабоките дамари на мојата душа ви го пренесувам сето она што го знам и кое го поседувам, излезете и вие, затоа што јас ќе заборавам сѐ што сум знаел на македонски јазик и никогаш нема да можам да ви го пренесам она што го знам на туѓ дијалект. Ќе онемам, ако го изгубам мојот јазик.   ВЕ СОВЕТУВАМ, ИЗЛЕЗЕТЕ!!!   Ви се обраќам и Вам, на оние кои со години се наша поддршка, на оние кои со аплаузи не испраќаат после секоја претстава, на оние кои јавно или потајно нѐ воспеваат или ни се потсмеваат, вам кои од нашите претстави излегувате насмеани или расплакани, на нашите верни гледачи - излезете и вие со нас, за да ни помогнете и нам и вам, да си го зачуваме она што не прави Македонци, нашиот македонски јазик кој не е и не смееме да дозволиме да стане нечиј дијалект.   ВЕ ЗАМОЛУВАМ, ИЗЛЕЗЕТЕ!!!   Не важно е дали ме сакате, не важно е дали Ве сакам, ВАЖНО е да си го зачуваме она што е наше и само наше, и на никој друг. Не важно е дали сте леви или десни, дали сте аполитични, дали сте верници или атеисти, важно е да кажете, да покажете кои сте и кој е нашиот јазик!!!   УТРЕ, САБОТА, 2 јули, 19 часот, пред Влада на Република Македонија!!! - порачува Велјановски.

The post Велјановски повика на протест: Излезете и соопштете им на оние кои сакаат нашиот македонски јазик да го сведат на ниво на дијалект на јазик кој не е наш appeared first on Република.

]]>
Градинката „Мајски цвет“ е реконструирана од фирма миленик на ДУИ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradinkata-majski-cvet-e-rekonstruirana-od-firma-milenik-na-dui/ Tue, 14 Jun 2022 10:41:00 +0000 https://republika.mk/?p=514957

Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, прашува Роберт Велјановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.

Пред само малку повеќе од година и полововина, целиот врв на Социјалдемократскиот сојуз направи најмалку 5 настани поврзани со Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе. За сликање се наредија тогашниот премиер Зоран Заев и тогашниот градоначалник Стефан Богоев, па потоа Богоев и тогашниот министер Мила Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и министерот Јагода Шахпаска, итн. Сите настани беа поткрепени со прес конференции и воспевања како и колку СДСМ квалитетно гради и колку многу се грижи за децата од предучилишна возраст. Тврдеа дека несигурната монтажна барака на Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе 2 ќе прерасне во супер сигурен објект за престој на децата во супер сигурна тврда градба. Исплатија милиони денари, пари на граѓаните на Карпош, и го постигнаа следниот резултат - плафонот во неколку простории на градинката, по неполна година и половина, се урна!

Среќа во целата несреќа е што “во целосно новиот објект” оваа немила случка се случи за време на викенд, кога ниту едно дете не престојува во градинката, вели Велјановски.

Ако за несреќата во модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, додава тој, за рушењето на таванот на градинката, веројатно, ќе го обвинат олукот.

СДСМ никогаш нема да бара виновници онаму каде што се во прашање и каде што се засегнати нивните бизнис интереси, вели Велјановски, потенцирајќи дека за СДСМ јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, се апсолутно не важни.

Оттука, поставуваме неколку прашања:

1. Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката?

2. Дали покрај изведувачот на реконструкцијата, фирма миленик на ДУИ, тендер за изведба на санација на објектот Детска градинка Мајски цвет, во Тафталиџе 2 добила и фирмата миленик на СДСМ која во општина Ѓорче Петров продаваше машина за перење алишта за 20.000 евра?

3. Дали и колку други тендери им се дадени на овие две фирми од претходното раководство на општина Карпош?!

4. Вредат ли профитот и бизнис релациите на СДСМ и ДУИ повеќе од безбедноста на најмладите жители на општина Карпош?!

https://youtu.be/VzdrcgconOo

The post Градинката „Мајски цвет“ е реконструирана од фирма миленик на ДУИ? appeared first on Република.

]]>

Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, прашува Роберт Велјановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.
Пред само малку повеќе од година и полововина, целиот врв на Социјалдемократскиот сојуз направи најмалку 5 настани поврзани со Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе. За сликање се наредија тогашниот премиер Зоран Заев и тогашниот градоначалник Стефан Богоев, па потоа Богоев и тогашниот министер Мила Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и министерот Јагода Шахпаска, итн. Сите настани беа поткрепени со прес конференции и воспевања како и колку СДСМ квалитетно гради и колку многу се грижи за децата од предучилишна возраст. Тврдеа дека несигурната монтажна барака на Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе 2 ќе прерасне во супер сигурен објект за престој на децата во супер сигурна тврда градба. Исплатија милиони денари, пари на граѓаните на Карпош, и го постигнаа следниот резултат - плафонот во неколку простории на градинката, по неполна година и половина, се урна! Среќа во целата несреќа е што “во целосно новиот објект” оваа немила случка се случи за време на викенд, кога ниту едно дете не престојува во градинката, вели Велјановски.
Ако за несреќата во модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, додава тој, за рушењето на таванот на градинката, веројатно, ќе го обвинат олукот. СДСМ никогаш нема да бара виновници онаму каде што се во прашање и каде што се засегнати нивните бизнис интереси, вели Велјановски, потенцирајќи дека за СДСМ јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, се апсолутно не важни. Оттука, поставуваме неколку прашања:
1. Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката? 2. Дали покрај изведувачот на реконструкцијата, фирма миленик на ДУИ, тендер за изведба на санација на објектот Детска градинка Мајски цвет, во Тафталиџе 2 добила и фирмата миленик на СДСМ која во општина Ѓорче Петров продаваше машина за перење алишта за 20.000 евра? 3. Дали и колку други тендери им се дадени на овие две фирми од претходното раководство на општина Карпош?! 4. Вредат ли профитот и бизнис релациите на СДСМ и ДУИ повеќе од безбедноста на најмладите жители на општина Карпош?!
https://youtu.be/VzdrcgconOo

The post Градинката „Мајски цвет“ е реконструирана од фирма миленик на ДУИ? appeared first on Република.

]]>
Велјановски: Заложбите на Јакимовски за бетонизација на Карпош се личен интерес на него и неколку бизнисмени https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/veljanovski-zalozbite-na-jakimovski-za-betonizacija-na-karposh-se-lichen-interes-na-nego-i-nekolku-biznismeni/ Wed, 08 Jun 2022 13:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=512726

ВМРО-ДПМНЕ не е пријател на градежната мафија и никогаш нема да биде сојузник на бизнисмени кои сакаат да профитираат на грбот на народот и на животната средина. Ова е реакцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата За обнова на Македонија во Советот на Општина Карпош, откако градоначалникот Стевчо Јакимовски на прес конференција објави дека ја прекинува коалицијата со оваа партија поради, како што рече, опструкции, подметнувања, навреди, притисоци, па дури и рекет и закани кон стопанственици

Советникот Роберт Вељановски истакна дека прес – конференцијата на градоначалникот Стевче Јакимовски е реакција на цврстите заложби на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата по ниедна цена да не се дозволи понатамошна бетонизација на Карпош на штета на зелениот простор во Општината.

Несогласувањата на оваа тема се од првиот ден од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Карпош. Господинот Стевчо Јакимовски наместо да се сврти кон граѓаните, нивните потреби и барања за почист Карпош, со повеќе зелени површини и содржини за рекреација, тој одбра да продолжи по стапките на Стефан Богоев.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не одобрија неколку обиди на Јакимовски за вцртување на згради на различни локации низ Карпош, кои освен за интересот на бизнисот не му служат никому. Јакимовски и покрај нашите бројни апели за прекин на бетонизацијата продолжува со намерите да штанца градежни дозволи.

Јакимовски и денес сакаше да помине нов ДУП со 7 нови згради во Злокуќани, како и претходните негови обиди за усвојување на ДУП-ови со нови згради, така и за овој Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не даде поддршка на планот и на денешната седница истиот не беше усвоен, рече Велјановски.

Велјановски истакана дека принципиелните заложби на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите и ветувањата пред граѓаните се нивна единствена водилка и приоритети кон кои тие се стремат.

Жал ни е што во овие наши заложби градоначалникот не се препозна, ниту пак ни се придружи. Разликата е јасна. Од една страна ние со заложбата за хумана урбанизација и зелен Карпош, од друга страна Јакимовски со неговите заложби за продолжување на бетонизација, рече Велјановски.

 

The post Велјановски: Заложбите на Јакимовски за бетонизација на Карпош се личен интерес на него и неколку бизнисмени appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ не е пријател на градежната мафија и никогаш нема да биде сојузник на бизнисмени кои сакаат да профитираат на грбот на народот и на животната средина. Ова е реакцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата За обнова на Македонија во Советот на Општина Карпош, откако градоначалникот Стевчо Јакимовски на прес конференција објави дека ја прекинува коалицијата со оваа партија поради, како што рече, опструкции, подметнувања, навреди, притисоци, па дури и рекет и закани кон стопанственици Советникот Роберт Вељановски истакна дека прес – конференцијата на градоначалникот Стевче Јакимовски е реакција на цврстите заложби на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата по ниедна цена да не се дозволи понатамошна бетонизација на Карпош на штета на зелениот простор во Општината.
Несогласувањата на оваа тема се од првиот ден од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Карпош. Господинот Стевчо Јакимовски наместо да се сврти кон граѓаните, нивните потреби и барања за почист Карпош, со повеќе зелени површини и содржини за рекреација, тој одбра да продолжи по стапките на Стефан Богоев. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не одобрија неколку обиди на Јакимовски за вцртување на згради на различни локации низ Карпош, кои освен за интересот на бизнисот не му служат никому. Јакимовски и покрај нашите бројни апели за прекин на бетонизацијата продолжува со намерите да штанца градежни дозволи. Јакимовски и денес сакаше да помине нов ДУП со 7 нови згради во Злокуќани, како и претходните негови обиди за усвојување на ДУП-ови со нови згради, така и за овој Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не даде поддршка на планот и на денешната седница истиот не беше усвоен, рече Велјановски.
Велјановски истакана дека принципиелните заложби на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите и ветувањата пред граѓаните се нивна единствена водилка и приоритети кон кои тие се стремат.
Жал ни е што во овие наши заложби градоначалникот не се препозна, ниту пак ни се придружи. Разликата е јасна. Од една страна ние со заложбата за хумана урбанизација и зелен Карпош, од друга страна Јакимовски со неговите заложби за продолжување на бетонизација, рече Велјановски.
 

The post Велјановски: Заложбите на Јакимовски за бетонизација на Карпош се личен интерес на него и неколку бизнисмени appeared first on Република.

]]>