роберт скот хејзлет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/robert-skot-hejzlet/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Feb 2023 19:41:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png роберт скот хејзлет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/robert-skot-hejzlet/ 32 32 Мицкоски на средба со Скот Хeјзлет: Власта е корумпирана и не спроведува реформи, потребни се избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredba-so-skot-hejzlet-vlasta-e-korumpirana-i-ne-sproveduva-reformi-potrebni-se-izbori/ Wed, 15 Feb 2023 19:41:37 +0000 https://republika.mk/?p=609466

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Роберт Скот Хeјзлет, виш директор на НДИ во Македонија.

Како што соопштија од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, како и стратешките цели на државата.

Мицкоски го информираше Скот Хејзет за високиот степен на корупција и криминал и злоупотреба на институциите од страна на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, истакнувајќи дека состојбата во државата се влошува бидејќи власта не спроведува никакви реформи, а сето тоа дополнително придонесува за уназадување и осиромашување на граѓаните. Воедно, и поради тоа истакна дека се потребни предвремени парламентарни избори кои ќе донесат промени и иднина за граѓаните.

Мицкоски уште еднаш го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека преговорите на Македонија за влез во Европската унија треба да се водат врз база на европски принципи и вредности, а не врз уцена и диктат од страна на бугарските власти.

Мицкоски се заблагодари на досегашната соработка и поддршка од страна НДИ, а соговорниците заклучија дека постои можност за нејзино понатамошно унапредување, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

 

The post Мицкоски на средба со Скот Хeјзлет: Власта е корумпирана и не спроведува реформи, потребни се избори appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Роберт Скот Хeјзлет, виш директор на НДИ во Македонија. Како што соопштија од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, како и стратешките цели на државата. Мицкоски го информираше Скот Хејзет за високиот степен на корупција и криминал и злоупотреба на институциите од страна на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, истакнувајќи дека состојбата во државата се влошува бидејќи власта не спроведува никакви реформи, а сето тоа дополнително придонесува за уназадување и осиромашување на граѓаните. Воедно, и поради тоа истакна дека се потребни предвремени парламентарни избори кои ќе донесат промени и иднина за граѓаните. Мицкоски уште еднаш го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека преговорите на Македонија за влез во Европската унија треба да се водат врз база на европски принципи и вредности, а не врз уцена и диктат од страна на бугарските власти. Мицкоски се заблагодари на досегашната соработка и поддршка од страна НДИ, а соговорниците заклучија дека постои можност за нејзино понатамошно унапредување, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.  

The post Мицкоски на средба со Скот Хeјзлет: Власта е корумпирана и не спроведува реформи, потребни се избори appeared first on Република.

]]>