Роберт Лакатош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/robert-lakatosh/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Nov 2023 07:56:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Роберт Лакатош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/robert-lakatosh/ 32 32 Виртуозниот виолинист Роберт Лакатош настапува со Македонската филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/virtuozniot-violinist-robert-lakatosh-nastapuva-so-makedonskata-filharmonija/ Mon, 27 Nov 2023 07:56:08 +0000 https://republika.mk/?p=716518

Виртуознииот виолинист Роберт Лакатош (Србија), в четврток, со почеток во 20 часот ќе настапи како солист со оркестарот на Македонската филхармонија на концертот насловен „Искон“. На програмата се Концертот за виолина и оркестар во де-мол од Јан Сибелиус и Симфонијата бр. 1 од Васили Калиников. Диригент е Мануел Хернандез-Силва од Венецуела.

„Идеален солист со раскошен, самоуверен тон, кој во секој момент настојува да ја импресионира публиката со виртуозност“ (П. Конорс, Бахтрак). Критиката не штеди зборови кога станува збор за изведбата на виолинистот Роберт Лакатош, добитник на првата награда на престижниот Интернационален виолински натпревар во Памплона, Шпанија, во 2015 година. Овој млад уметник претходно ја освои првата награда на натпреварот „Мери Смит“ во Њујорк, 2013 година, како и престижната награда на натпреварот „Андреа Постакини“ во Италија. Овие успеси му ја отворија вратата на неговата интернационална кариера на реномираните музички сцени во светот. Роберт Лакатош настапувал со симфониските оркестри на Малага, Мадрид, Гетинген, Краков, Монтре, Цирих, Истанбул, Љубљана, Нови Сад, како и со Белградската филхармонија. Соработувал со еминентни диригенти на денешнината како Габриел Фелц, Урош Лајовиц, Џејмс Џад, Мануел Хернандез-Силва, Фабио Мекети, Николас Милтон, Лиор Шамбадал, Антони Вит, Филип Гринберг, Александар Марковиќ и други. Роберт Лакатош е роден во Нови Сад, во 1991 година. Израснал во музичко семејство, а ментор му бил неговиот татко Имре Лакатош. Подоцна дипломирал во класата на проф. Дејан Михајловиќ, на Академијата за уметност во Нови Сад. Студиите ги продолжува на Универзитетот за уметност во Цирих, истовремено се усовршува кај врвни уметници како A. Росенд, Џ. Рахлин, Р. Симовиќ и Р. Коелман.

Роберт Лакатош моментално работи како професор по виолина на Академијата за уметност во Нови Сад, како и на Факултетот за музичка уметност во Белград. Од 2018 година е уметнички раководител на Камерниот гудачки ансамбл „Роберт Лакатош“, составен од млади музичари, чија цел е да ги промовира младите виртуози на виолина.

[caption id="attachment_716525" align="alignnone" width="600"] Мануел Хернандез-Силва[/caption]

Мануел Хернандез-Силва дипломира на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки, а професори му биле Рејнхард Шварц и Георг Марк. Добитник е на наградата на натпреварот за диригирање „Јунгер Кунстлер“, што ја доделува Виенскиот камерен оркестар, со кој Силва диригира во Виена.

Диригирал на значајни интернационални фестивали, а често настапува како гостин-диригент со шпански и со други оркестри во Европа. Бил шеф-диригент на Оркестарот на Кордоба, на Филхармонијата во Малага, на симфонискиот оркестар „Навара“, и почесен шеф-диригент на оркестарот „Симон Боливар“ во Каракас, со кој интензивно работел повеќе од пет години. Диригирал со Виенскиот симфониски оркестар, Израелскиот симфониски оркестар, оркестарот на Радио Прага, симфонискиот оркестар на Биел, со оркестарот на Мулхаус, симфонискиот оркестар на Вупертал, Филхармонијата на Сеул, Филхармонијата на Буенос Аирес, Националниот оркестар на Венецуела, Симфонискиот оркестар на Чиле и со сите водечки оркестри во Шпанија.

Маестро Хернандез-Силва работи и како професор, постојано е активен во педагошката сфера, каде посветено едуцира млади диригенти.

The post Виртуозниот виолинист Роберт Лакатош настапува со Македонската филхармонија appeared first on Република.

]]>

Виртуознииот виолинист Роберт Лакатош (Србија), в четврток, со почеток во 20 часот ќе настапи како солист со оркестарот на Македонската филхармонија на концертот насловен „Искон“. На програмата се Концертот за виолина и оркестар во де-мол од Јан Сибелиус и Симфонијата бр. 1 од Васили Калиников. Диригент е Мануел Хернандез-Силва од Венецуела. „Идеален солист со раскошен, самоуверен тон, кој во секој момент настојува да ја импресионира публиката со виртуозност“ (П. Конорс, Бахтрак). Критиката не штеди зборови кога станува збор за изведбата на виолинистот Роберт Лакатош, добитник на првата награда на престижниот Интернационален виолински натпревар во Памплона, Шпанија, во 2015 година. Овој млад уметник претходно ја освои првата награда на натпреварот „Мери Смит“ во Њујорк, 2013 година, како и престижната награда на натпреварот „Андреа Постакини“ во Италија. Овие успеси му ја отворија вратата на неговата интернационална кариера на реномираните музички сцени во светот. Роберт Лакатош настапувал со симфониските оркестри на Малага, Мадрид, Гетинген, Краков, Монтре, Цирих, Истанбул, Љубљана, Нови Сад, како и со Белградската филхармонија. Соработувал со еминентни диригенти на денешнината како Габриел Фелц, Урош Лајовиц, Џејмс Џад, Мануел Хернандез-Силва, Фабио Мекети, Николас Милтон, Лиор Шамбадал, Антони Вит, Филип Гринберг, Александар Марковиќ и други. Роберт Лакатош е роден во Нови Сад, во 1991 година. Израснал во музичко семејство, а ментор му бил неговиот татко Имре Лакатош. Подоцна дипломирал во класата на проф. Дејан Михајловиќ, на Академијата за уметност во Нови Сад. Студиите ги продолжува на Универзитетот за уметност во Цирих, истовремено се усовршува кај врвни уметници како A. Росенд, Џ. Рахлин, Р. Симовиќ и Р. Коелман. Роберт Лакатош моментално работи како професор по виолина на Академијата за уметност во Нови Сад, како и на Факултетот за музичка уметност во Белград. Од 2018 година е уметнички раководител на Камерниот гудачки ансамбл „Роберт Лакатош“, составен од млади музичари, чија цел е да ги промовира младите виртуози на виолина. [caption id="attachment_716525" align="alignnone" width="600"] Мануел Хернандез-Силва[/caption] Мануел Хернандез-Силва дипломира на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки, а професори му биле Рејнхард Шварц и Георг Марк. Добитник е на наградата на натпреварот за диригирање „Јунгер Кунстлер“, што ја доделува Виенскиот камерен оркестар, со кој Силва диригира во Виена. Диригирал на значајни интернационални фестивали, а често настапува како гостин-диригент со шпански и со други оркестри во Европа. Бил шеф-диригент на Оркестарот на Кордоба, на Филхармонијата во Малага, на симфонискиот оркестар „Навара“, и почесен шеф-диригент на оркестарот „Симон Боливар“ во Каракас, со кој интензивно работел повеќе од пет години. Диригирал со Виенскиот симфониски оркестар, Израелскиот симфониски оркестар, оркестарот на Радио Прага, симфонискиот оркестар на Биел, со оркестарот на Мулхаус, симфонискиот оркестар на Вупертал, Филхармонијата на Сеул, Филхармонијата на Буенос Аирес, Националниот оркестар на Венецуела, Симфонискиот оркестар на Чиле и со сите водечки оркестри во Шпанија. Маестро Хернандез-Силва работи и како професор, постојано е активен во педагошката сфера, каде посветено едуцира млади диригенти.

The post Виртуозниот виолинист Роберт Лакатош настапува со Македонската филхармонија appeared first on Република.

]]>