Роберт Хабек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/robert-habek/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jan 2024 15:59:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Роберт Хабек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/robert-habek/ 32 32 На Германија ѝ се заканува државен удар, предупредува германскиот вицеканцелар Хабек https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-germanija-se-zakanuva-drzhaven-udar-predupreduva-germanskiot-vitsekantselar-habek/ Mon, 08 Jan 2024 15:59:53 +0000 https://republika.mk/?p=730898

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек денеска предупреди дека екстремни сили го презеле протестот на фармерите што се одржува низ целата земја.

ДПА јави дека Хабек повикал на заштита на демократијата.

Хабек, кој е и министер за економија на Германија, објави видео порака на социјалните мрежи.

„Има повици кои кружат со фантазии за државен удар. Се формираат екстремистички групи, отворено се прикажуваат националистички симболи“, предупреди Хабек.

Протестите на земјоделците ширум Германија почнаа утрово со блокади на автопатиштата и колони трактори низ градовите.

The post На Германија ѝ се заканува државен удар, предупредува германскиот вицеканцелар Хабек appeared first on Република.

]]>

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек денеска предупреди дека екстремни сили го презеле протестот на фармерите што се одржува низ целата земја. ДПА јави дека Хабек повикал на заштита на демократијата. Хабек, кој е и министер за економија на Германија, објави видео порака на социјалните мрежи.
„Има повици кои кружат со фантазии за државен удар. Се формираат екстремистички групи, отворено се прикажуваат националистички симболи“, предупреди Хабек.
Протестите на земјоделците ширум Германија почнаа утрово со блокади на автопатиштата и колони трактори низ градовите.

The post На Германија ѝ се заканува државен удар, предупредува германскиот вицеканцелар Хабек appeared first on Република.

]]>
Хабек бара заеднички европски набавки со цел намалување на цената на гасот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/habek-bara-zaednichki-evropski-nabavki-so-cel-namaluvanje-na-cenata-na-gasot/ Tue, 25 Oct 2022 08:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=565286

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, изјави дека „најефикасниот начин“ за намалување на цената на гасот во Европската Унија е преку заеднички набавки.

Европа има голема пазарна моќ. Ако на големите играчи им се дозволи да соработуваат, да формираат куповни базени, тогаш пазарната моќ на Европа ќе има влијание. Дополнително, „динамичното ограничување на цената“ за да се спречат краткорочните „шпекулативни скокови“ на берзите ќе има смисла, изјави Хабек при пристигнувањето на состанокот на министрите за енергетика на ЕУ во Луксембург.

Лидерите на ЕУ минатата недела го поддржаа предлогот на Европската комисија за правна основа врз која компаниите што купуваат гас во ЕУ би можеле да ја соберат нивната побарувачка, како и ограничување на екстремните флуктуации на цената на гасот.

Хабек истакна дека напредокот постигнат во последните денови за изнаоѓање заеднички став веќе довел до пониска големопродажна цена на гасот.

The post Хабек бара заеднички европски набавки со цел намалување на цената на гасот appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, изјави дека „најефикасниот начин“ за намалување на цената на гасот во Европската Унија е преку заеднички набавки.
Европа има голема пазарна моќ. Ако на големите играчи им се дозволи да соработуваат, да формираат куповни базени, тогаш пазарната моќ на Европа ќе има влијание. Дополнително, „динамичното ограничување на цената“ за да се спречат краткорочните „шпекулативни скокови“ на берзите ќе има смисла, изјави Хабек при пристигнувањето на состанокот на министрите за енергетика на ЕУ во Луксембург.
Лидерите на ЕУ минатата недела го поддржаа предлогот на Европската комисија за правна основа врз која компаниите што купуваат гас во ЕУ би можеле да ја соберат нивната побарувачка, како и ограничување на екстремните флуктуации на цената на гасот. Хабек истакна дека напредокот постигнат во последните денови за изнаоѓање заеднички став веќе довел до пониска големопродажна цена на гасот.

The post Хабек бара заеднички европски набавки со цел намалување на цената на гасот appeared first on Република.

]]>
Германија се жали дека САД и продава течен за гас за премногу високи цени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-se-zali-deka-sad-i-prodava-techen-za-gas-za-premnogu-visoki-ceni/ Wed, 05 Oct 2022 15:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=557661

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек се пожали на „астрономските“ цени што ги бараат „пријателски“ земји, првенствено САД, за испорака на гас, што е замена за рускиот гас.

Некои земји, дури и пријателски, бараат астрономски цени - посочи Хабек во интервју за дневен весник „Ноје оснабрикер цајтунг“.

Тој pora;a дека „тоа е проблем“ и побара од Европска комисија да „разговара“ со тие држави.

По почетокот на руската воена операција во Украина, Русија прво значително го намали снабдувањето со гас за Германија, а на почетокот на септември го прекина. Пред конфликтот, Германија 55 отсто од гасот го увезуваше од Русија.

За да ја гарантира својата енергетска сигурност и да ја спаси индустријата, која е голем потрошувач на гас, официјален Берлин мораше да ги диверзифицира своите извори на снабдување и значително да го зголеми купувањето на течен природен гас (ЛНГ), што е многу поевтин за увоз.

Германија, како и речиси цела Европа се сврте кон САД, а европскиот увоз на ЛНГ, што во 2021 година изнесуваше 28 проценти годинава изнесува 45 отсто.

The post Германија се жали дека САД и продава течен за гас за премногу високи цени appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек се пожали на „астрономските“ цени што ги бараат „пријателски“ земји, првенствено САД, за испорака на гас, што е замена за рускиот гас.
Некои земји, дури и пријателски, бараат астрономски цени - посочи Хабек во интервју за дневен весник „Ноје оснабрикер цајтунг“.
Тој pora;a дека „тоа е проблем“ и побара од Европска комисија да „разговара“ со тие држави. По почетокот на руската воена операција во Украина, Русија прво значително го намали снабдувањето со гас за Германија, а на почетокот на септември го прекина. Пред конфликтот, Германија 55 отсто од гасот го увезуваше од Русија. За да ја гарантира својата енергетска сигурност и да ја спаси индустријата, која е голем потрошувач на гас, официјален Берлин мораше да ги диверзифицира своите извори на снабдување и значително да го зголеми купувањето на течен природен гас (ЛНГ), што е многу поевтин за увоз. Германија, како и речиси цела Европа се сврте кон САД, а европскиот увоз на ЛНГ, што во 2021 година изнесуваше 28 проценти годинава изнесува 45 отсто.

The post Германија се жали дека САД и продава течен за гас за премногу високи цени appeared first on Република.

]]>
Туширајте се кратко, носете џемпери и дебели чорапи во зима: Вицеканцеларот ги посоветува Германците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tushirajte-se-kratko-nosete-dzemperi-i-debeli-chorapi-vo-zima-vicekancelarot-gi-posovetuva-germancite/ Mon, 27 Jun 2022 14:45:08 +0000 https://republika.mk/?p=520024

Германскиот вицеканцелар, шеф на „супер-министерството“ за економија и животна средина, Роберт Хабек, се соочува со проблеми за кои не ни сонувал. Лидерот на германските Зелени беше принуден да се залага за повторно палење на термоцентралите и топланите на јаглен поради гасната криза и да преговара со други режими познати по задушувањето на човековите права поради руската агресија врз Украина.

Во долгото интервју за германски „Дер Шпигел“, Хабек објаснува дека целта на рускиот претседател Владимир Путин е да ги искористи високите цени на бензинот за да предизвика поделби во западното општество, дека сака да ја растури Германија, но дека Германија ќе го издржи тоа.

Мислам дека повеќето луѓе имаат идеја за тоа што е овде во прашање. Гледам голема решеност да не му се дозволи на Путин да излезе неказнето од оваа војна, дури и ако тоа ја има таа цена. Нашиот сегашен придонес е насочен кон гарантирање дека мирот и владеењето на правото ќе бидат возможни во иднина - изјави Хабек, пренесува „Јутарњи.хр“.

Тој нагласува дека е свесен дека жртвите што ќе треба да ги направат луѓето не се мали, а товарот не е рамномерно распределен.

Оние кои заработуваат многу можат да се носат со високите цени. Но, познавам и многу луѓе на кои парите не им траат до крајот на месецот. Има и такви кои минатата зима не можеа ни да ги загреат сите соби во станот. Мора да бидеме искрени: сè уште не е готово. Повеќе луѓе ќе ги почувствуваат последиците - вели Хабек.

Тој објаснува дека ако нема доволно гас, ќе мора да се донесат тешки одлуки.

Нема да има добри, туку само најмалку лоши. Тоа ќе биде катастрофа за некои индустрии. Зборуваме за луѓе кои ќе останат без работа, региони кои ќе изгубат цели индустриски комплекси - вели министерот.

Во интервјуто, Хабек зборува и за мерките кои што ќе треба да се преземат со цел штедење на гас и струја во зимата што доаѓа. Па така, прашан од новинарот на „Дер Шпигел, колку време поминува под туш, Хабек одговора:

Мојот колега од Холандија неодамна гордо ми кажа дека покренале кампања со цел да го намалат просечното време на туширање од десет минути на пет. Морав да се насмеам. Никогаш во животот не сум се туширал пет минути - вели Хабек.

Тој вели дека не сака да го вклучува клима уредот во лето, а во зима слабо се грее.

Новинарот го прашува Хабек дали е свесен дека многу луѓе се чувствуваат како да им се обраќаат од превисоко.

Секако дека има критики. Ги покануваме луѓето да се приклучат на кампањата и не им кажувајте: „Ако не учествувате, вие сте лоша личност!“ Предлагаме начини да заштедите енергија под туширање, но не мора да бидете совршени - вели Хабек.

Тој им порачува на граѓаните дека носењето дебели чорапи и топли џемпери во зима е секогаш добра идеја, а во лето е паметно да се врши хидраулично балансирање на системот за греење со што може да се заштеди и до 15% од енергијата и трошоците во зима.

Со намалувањето на температурата на греењето за само еден степен во текот на зимата се заштедуваат уште 6 отсто. Со 41 милион домаќинства, овој мал чекор е исклучително значаен. А, видовме колку луѓето можат да покажат солидарност. Ми кажаа дека на една улица станарите бараат да свети секоја втора улична светилка. Таму живеат постари луѓе кои имаат поголема потреба од безбедност, но сепак велат: не ни треба - вели Хабек во интервјуто.

The post Туширајте се кратко, носете џемпери и дебели чорапи во зима: Вицеканцеларот ги посоветува Германците appeared first on Република.

]]>

Германскиот вицеканцелар, шеф на „супер-министерството“ за економија и животна средина, Роберт Хабек, се соочува со проблеми за кои не ни сонувал. Лидерот на германските Зелени беше принуден да се залага за повторно палење на термоцентралите и топланите на јаглен поради гасната криза и да преговара со други режими познати по задушувањето на човековите права поради руската агресија врз Украина. Во долгото интервју за германски „Дер Шпигел“, Хабек објаснува дека целта на рускиот претседател Владимир Путин е да ги искористи високите цени на бензинот за да предизвика поделби во западното општество, дека сака да ја растури Германија, но дека Германија ќе го издржи тоа.
Мислам дека повеќето луѓе имаат идеја за тоа што е овде во прашање. Гледам голема решеност да не му се дозволи на Путин да излезе неказнето од оваа војна, дури и ако тоа ја има таа цена. Нашиот сегашен придонес е насочен кон гарантирање дека мирот и владеењето на правото ќе бидат возможни во иднина - изјави Хабек, пренесува „Јутарњи.хр“.
Тој нагласува дека е свесен дека жртвите што ќе треба да ги направат луѓето не се мали, а товарот не е рамномерно распределен.
Оние кои заработуваат многу можат да се носат со високите цени. Но, познавам и многу луѓе на кои парите не им траат до крајот на месецот. Има и такви кои минатата зима не можеа ни да ги загреат сите соби во станот. Мора да бидеме искрени: сè уште не е готово. Повеќе луѓе ќе ги почувствуваат последиците - вели Хабек.
Тој објаснува дека ако нема доволно гас, ќе мора да се донесат тешки одлуки.
Нема да има добри, туку само најмалку лоши. Тоа ќе биде катастрофа за некои индустрии. Зборуваме за луѓе кои ќе останат без работа, региони кои ќе изгубат цели индустриски комплекси - вели министерот.
Во интервјуто, Хабек зборува и за мерките кои што ќе треба да се преземат со цел штедење на гас и струја во зимата што доаѓа. Па така, прашан од новинарот на „Дер Шпигел, колку време поминува под туш, Хабек одговора:
Мојот колега од Холандија неодамна гордо ми кажа дека покренале кампања со цел да го намалат просечното време на туширање од десет минути на пет. Морав да се насмеам. Никогаш во животот не сум се туширал пет минути - вели Хабек.
Тој вели дека не сака да го вклучува клима уредот во лето, а во зима слабо се грее. Новинарот го прашува Хабек дали е свесен дека многу луѓе се чувствуваат како да им се обраќаат од превисоко.
Секако дека има критики. Ги покануваме луѓето да се приклучат на кампањата и не им кажувајте: „Ако не учествувате, вие сте лоша личност!“ Предлагаме начини да заштедите енергија под туширање, но не мора да бидете совршени - вели Хабек.
Тој им порачува на граѓаните дека носењето дебели чорапи и топли џемпери во зима е секогаш добра идеја, а во лето е паметно да се врши хидраулично балансирање на системот за греење со што може да се заштеди и до 15% од енергијата и трошоците во зима.
Со намалувањето на температурата на греењето за само еден степен во текот на зимата се заштедуваат уште 6 отсто. Со 41 милион домаќинства, овој мал чекор е исклучително значаен. А, видовме колку луѓето можат да покажат солидарност. Ми кажаа дека на една улица станарите бараат да свети секоја втора улична светилка. Таму живеат постари луѓе кои имаат поголема потреба од безбедност, но сепак велат: не ни треба - вели Хабек во интервјуто.

The post Туширајте се кратко, носете џемпери и дебели чорапи во зима: Вицеканцеларот ги посоветува Германците appeared first on Република.

]]>
Се распаѓа единството на ЕУ поради санкциите за Русија, тврди германскиот министер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-raspagja-edinstvoto-na-eu-poradi-sankciite-za-rusija-tvrdi-germanskiot-minister/ Sun, 29 May 2022 18:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=508430

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, во неделата изрази длабока загриженост поради „уривањето“ на единството во Европската унија пред самитот во понеделникот на кој ќе се дискутира за ембаргото на увозот на руската нафта, како и за планот да се прекине големата зависноста на блокот од руските енергенси.

Челниците на земјите членки на ЕУ во понеделник и вторник ќе се сретнат за да дискутираат за шестиот пакет санкции против Русија, кој требаше да вклучува ембарго на руската нафта и програма со којашто се настојува да се забрза прекинувањето на зависноста од фосилните горива, вклучително и од рускиот гас.

„По почетокот на рускиот напад на Украина, видовме што може да се случи ако Европа е обединета. Се надеваме дека обединетоста ќе се покаже и на утрешниот самит, иако веќе започна да се урива“, рече Хабек на прес-конференција.

Земјите од ЕУ во петокот се обидоа да постигнат договор за ембаргото на поморските пратки на руската нафта со дозволување на испораките преку нафтовод, како компромис со кој би се придобила Унгарија, но и Чешка и Словачка кои бараа изземање, да ги деблокира новите санкции наметната против Русија. Но Грција, Кипар и Малта, меѓу другите, се спротиставуваат на мерката за забрана на транспортот на руската нафта, бидејќи стравуваат дека таа еднострано би можела да им наштети на нивните бродски компании кои за овие земји остваруваат значајни приходи.

Хабек истовремено ја повика Германија на самитот да настапи со обединет став, наместо да се воздржува од гласањето поради разликите во мислењата во рамките на тамошната владејачка коалиција. Повика и на слично единство на државите членки на ЕУ.

„Европа и натаму е огромна економска област со неверојатна економска моќ. Кога е обединета, таа моќ може да ја искористи“, рече Хабек на отворањето на саемот во Хановер.

The post Се распаѓа единството на ЕУ поради санкциите за Русија, тврди германскиот министер appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, во неделата изрази длабока загриженост поради „уривањето“ на единството во Европската унија пред самитот во понеделникот на кој ќе се дискутира за ембаргото на увозот на руската нафта, како и за планот да се прекине големата зависноста на блокот од руските енергенси. Челниците на земјите членки на ЕУ во понеделник и вторник ќе се сретнат за да дискутираат за шестиот пакет санкции против Русија, кој требаше да вклучува ембарго на руската нафта и програма со којашто се настојува да се забрза прекинувањето на зависноста од фосилните горива, вклучително и од рускиот гас.
„По почетокот на рускиот напад на Украина, видовме што може да се случи ако Европа е обединета. Се надеваме дека обединетоста ќе се покаже и на утрешниот самит, иако веќе започна да се урива“, рече Хабек на прес-конференција.
Земјите од ЕУ во петокот се обидоа да постигнат договор за ембаргото на поморските пратки на руската нафта со дозволување на испораките преку нафтовод, како компромис со кој би се придобила Унгарија, но и Чешка и Словачка кои бараа изземање, да ги деблокира новите санкции наметната против Русија. Но Грција, Кипар и Малта, меѓу другите, се спротиставуваат на мерката за забрана на транспортот на руската нафта, бидејќи стравуваат дека таа еднострано би можела да им наштети на нивните бродски компании кои за овие земји остваруваат значајни приходи. Хабек истовремено ја повика Германија на самитот да настапи со обединет став, наместо да се воздржува од гласањето поради разликите во мислењата во рамките на тамошната владејачка коалиција. Повика и на слично единство на државите членки на ЕУ. „Европа и натаму е огромна економска област со неверојатна економска моќ. Кога е обединета, таа моќ може да ја искористи“, рече Хабек на отворањето на саемот во Хановер.

The post Се распаѓа единството на ЕУ поради санкциите за Русија, тврди германскиот министер appeared first on Република.

]]>
Блинкен побара Европа да престане да се потпира на рускиот гас, Хабек го потсети дека за разлика од САД тие зависат од него https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-pobara-evropa-da-prestane-da-se-potpira-na-ruskiot-gas-habek-go-potseti-deka-za-razlika-od-sad-tie-zavisat-od-nego/ Tue, 08 Mar 2022 14:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=469673

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен порача дека е „императив“ европските земји да престанат да се потпираат на руската енергија, особено додека трае украинската војна, бидејќи Русија енергенсите ги користи како оружје.

Холансдката компанија „Шел“ соопшти дека престанува со купување руска нафта, додека германскиот министер за економија соопшти дека наглото прекнувањ ена снабдувањето на Европа си руски гас ќе доведе до тешка економска криза на Стариот континент.

Притоа министерот Хабек соопшти дека САД до овој момент набавуваше само седум отсто руски гас, додека потребите на неговата земја, Германија, изнесуваа 35 отсто.

https://republika.mk/vesti/svet/embargoto-kje-predizvika-teshka-ekonomska-kriza-vo-evropa-predupreduva-germanskiot-minister-za-ekonomija/

The post Блинкен побара Европа да престане да се потпира на рускиот гас, Хабек го потсети дека за разлика од САД тие зависат од него appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен порача дека е „императив“ европските земји да престанат да се потпираат на руската енергија, особено додека трае украинската војна, бидејќи Русија енергенсите ги користи како оружје. Холансдката компанија „Шел“ соопшти дека престанува со купување руска нафта, додека германскиот министер за економија соопшти дека наглото прекнувањ ена снабдувањето на Европа си руски гас ќе доведе до тешка економска криза на Стариот континент. Притоа министерот Хабек соопшти дека САД до овој момент набавуваше само седум отсто руски гас, додека потребите на неговата земја, Германија, изнесуваа 35 отсто. https://republika.mk/vesti/svet/embargoto-kje-predizvika-teshka-ekonomska-kriza-vo-evropa-predupreduva-germanskiot-minister-za-ekonomija/

The post Блинкен побара Европа да престане да се потпира на рускиот гас, Хабек го потсети дека за разлика од САД тие зависат од него appeared first on Република.

]]>
Ембаргото ќе предизвика тешка економска криза во Европа, предупредува германскиот министер за економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/embargoto-kje-predizvika-teshka-ekonomska-kriza-vo-evropa-predupreduva-germanskiot-minister-za-ekonomija/ Tue, 08 Mar 2022 13:26:38 +0000 https://republika.mk/?p=469653

Германскиот министер за економија Роберт Хабек (од партијата на Зелените) денеска предупреди на тешки последици за европската економија во случај на ембарго на увоз на руски гас и нафта.

Во случај на ембарго, зборуваме за тешка економска криза во Германија и Европа, изјави германскиот министер за економија за РТЛ.

Тој посочи дека самото вчерашно укажување на можноста за воведување ембарго за увоз на руска нафта и гас ја зголеми цената на нафтата на светскиот пазар за 50 отсто.

Хабек предупреди дека во случај на ембарго, цената на нафтата ќе скокне на долг рок, а не само на неколку часа.

Не зборуваме за краткорочни скокови на цените, туку за постојано високи цени на фосилните горива. Мислам дека секој треба да замисли што всушност значи тоа, рече Хабек.

Германскиот министер за економија вели дека во тој случај не би се работело само за „штедење на светилки“, туку и за банкротства на бројни компании и за зголемување на невработеноста.

И тоа треба да се издржи. Не зборуваме за три дена или три недели, туку, да речеме, за три години, рече германскиот министер за економија.

Тој додаде дека за Европа не доаѓа предвид ембаргото за кое се почесто зборуваат САД и дека „Американците се свесни за тоа“.

САД увезуваат само 7,5 отсто од нафтата од Русија, додека во Германија зборуваме за 35 отсто. Ситуацијата не може да се споредува, рече Хабек.

The post Ембаргото ќе предизвика тешка економска криза во Европа, предупредува германскиот министер за економија appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за економија Роберт Хабек (од партијата на Зелените) денеска предупреди на тешки последици за европската економија во случај на ембарго на увоз на руски гас и нафта.
Во случај на ембарго, зборуваме за тешка економска криза во Германија и Европа, изјави германскиот министер за економија за РТЛ.
Тој посочи дека самото вчерашно укажување на можноста за воведување ембарго за увоз на руска нафта и гас ја зголеми цената на нафтата на светскиот пазар за 50 отсто. Хабек предупреди дека во случај на ембарго, цената на нафтата ќе скокне на долг рок, а не само на неколку часа.
Не зборуваме за краткорочни скокови на цените, туку за постојано високи цени на фосилните горива. Мислам дека секој треба да замисли што всушност значи тоа, рече Хабек.
Германскиот министер за економија вели дека во тој случај не би се работело само за „штедење на светилки“, туку и за банкротства на бројни компании и за зголемување на невработеноста.
И тоа треба да се издржи. Не зборуваме за три дена или три недели, туку, да речеме, за три години, рече германскиот министер за економија.
Тој додаде дека за Европа не доаѓа предвид ембаргото за кое се почесто зборуваат САД и дека „Американците се свесни за тоа“.
САД увезуваат само 7,5 отсто од нафтата од Русија, додека во Германија зборуваме за 35 отсто. Ситуацијата не може да се споредува, рече Хабек.

The post Ембаргото ќе предизвика тешка економска криза во Европа, предупредува германскиот министер за економија appeared first on Република.

]]>
Германскиот министер за економија: Дозволата за „Северен тек 2“ ќе зависи од украинската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskiot-minister-za-ekonomija-dozvolata-za-severen-tek-2-kje-zavisi-od-ukrainskata-kriza/ Fri, 11 Feb 2022 19:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=457343

Германскиот министер за економија Роберт Хабек, изјави дека украинската криза ќе има улога во процесот на одобрување на гасоводот „Северен тек 2“.

Хабек, кој е член на германската партија на Зелените, пред новинарите во Варшава изјави дека процесот на одобрување ќе биде строго во согласност со европското право, но оти „од друга страна, геополитичката проценка секогаш ќе има влијание врз одобрувањето на „Северен тек 2““.

Германија ја одложи сертификацијата на „Северен тек 2“ најмалку до втората половина на 2022 година, но не ја откажа постапката.

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот порача дека ако Русија ја нападне Украина, нема да има гасовод, а германскиот канцелар Шолц, кој беше во еднодневна посета на Вашингтон во понеделникот, изјави дека САД и Германија го делат истиот став за Украина, Русија и санкциите, но јавно не го спомена гасоводот „Северен тек 2“.

Дали САД и Германија се на иста страна кога станува збор за проектот за гасоводот од 11 милијарди долари стана клучно прашање во време кога овие две големи земји ги предводат сојузниците во НАТО во спротивставувањето на рускиот претседател Владимир Путин.

Хабек ја опиша ситуацијата во Украина како „исклучително опасна“.

Мора да се направат сите дипломатски напори за да се деескалира оваа ситуација. Русија ќе се соочи со тешки санкции доколку дипломатските средства не успеат. Ова го кажувам свесен дека за секоја санкција, се разбира, цената ја плаќа домашната економија - изјави Хабек.

The post Германскиот министер за економија: Дозволата за „Северен тек 2“ ќе зависи од украинската криза appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за економија Роберт Хабек, изјави дека украинската криза ќе има улога во процесот на одобрување на гасоводот „Северен тек 2“. Хабек, кој е член на германската партија на Зелените, пред новинарите во Варшава изјави дека процесот на одобрување ќе биде строго во согласност со европското право, но оти „од друга страна, геополитичката проценка секогаш ќе има влијание врз одобрувањето на „Северен тек 2““. Германија ја одложи сертификацијата на „Северен тек 2“ најмалку до втората половина на 2022 година, но не ја откажа постапката. Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот порача дека ако Русија ја нападне Украина, нема да има гасовод, а германскиот канцелар Шолц, кој беше во еднодневна посета на Вашингтон во понеделникот, изјави дека САД и Германија го делат истиот став за Украина, Русија и санкциите, но јавно не го спомена гасоводот „Северен тек 2“. Дали САД и Германија се на иста страна кога станува збор за проектот за гасоводот од 11 милијарди долари стана клучно прашање во време кога овие две големи земји ги предводат сојузниците во НАТО во спротивставувањето на рускиот претседател Владимир Путин. Хабек ја опиша ситуацијата во Украина како „исклучително опасна“.
Мора да се направат сите дипломатски напори за да се деескалира оваа ситуација. Русија ќе се соочи со тешки санкции доколку дипломатските средства не успеат. Ова го кажувам свесен дека за секоја санкција, се разбира, цената ја плаќа домашната економија - изјави Хабек.

The post Германскиот министер за економија: Дозволата за „Северен тек 2“ ќе зависи од украинската криза appeared first on Република.

]]>
Германскиот министер за економија на Русија и нуди соработка со цел да се намали напнатоста околу Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskiot-minister-za-ekonomija-na-rusija-i-nudi-sorabotka-so-cel-da-se-namali-napnatosta-okolu-ukraina/ Fri, 21 Jan 2022 11:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=447647

Германскиот министер за економија Роберт Хабек, во разговор со германските медиуми, порача дека проширување на економската соработка со Русија на подрачјето на обновливите извори на енергија, би можело да помогне да се намали тензијата околу Украина.

Би требало да размислуваме и за нови подрачја на соработка, што може да им помогне и на двете страни да излезат од позицијата на конфликт - изјави министерот во интервју за „Дер Шпигел“.

Коментирајќи ја можноста за исклучување на Русија од меѓународниот платен систем Свифт, членот на Партијата на зелените, изјави дека „општото набројување на санкции“ нема смисла.

Тоа е крајната економска санкција - напомена тој, нагласувајќи дека целта му е да се намали напнатоста.

Водечките руски и американски дипломати во текот на денот треба да се сретнат во Швајцарија за повторно да разговараат околу зголемената напнатост во врска со Украина, откако претходните состаноци не доведоа до напредок.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, вчера ја повика Русија да прекине со политиката на зголемување на напнатоста. Баербок предупреди дека во случај на агресивни потези, Русија ќе се соочи со низа санкции.

Германија е подготвена да ги брани своите суштински вредности во сегашниот ќор-сокак, па дури и ако мора да плати висока економска цена - изјави Баербок во Москва.

The post Германскиот министер за економија на Русија и нуди соработка со цел да се намали напнатоста околу Украина appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за економија Роберт Хабек, во разговор со германските медиуми, порача дека проширување на економската соработка со Русија на подрачјето на обновливите извори на енергија, би можело да помогне да се намали тензијата околу Украина.
Би требало да размислуваме и за нови подрачја на соработка, што може да им помогне и на двете страни да излезат од позицијата на конфликт - изјави министерот во интервју за „Дер Шпигел“.
Коментирајќи ја можноста за исклучување на Русија од меѓународниот платен систем Свифт, членот на Партијата на зелените, изјави дека „општото набројување на санкции“ нема смисла.
Тоа е крајната економска санкција - напомена тој, нагласувајќи дека целта му е да се намали напнатоста.
Водечките руски и американски дипломати во текот на денот треба да се сретнат во Швајцарија за повторно да разговараат околу зголемената напнатост во врска со Украина, откако претходните состаноци не доведоа до напредок. Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, вчера ја повика Русија да прекине со политиката на зголемување на напнатоста. Баербок предупреди дека во случај на агресивни потези, Русија ќе се соочи со низа санкции.