роберт голоб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/robert-golob/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 12:39:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png роберт голоб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/robert-golob/ 32 32 Голоб: Решението за Косово се избори за легитимната власт, потоа за ЗСО https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golob-reshenieto-za-kosovo-se-izbori-za-legitimnata-vlast-potoa-za-zso/ Thu, 05 Oct 2023 12:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=688221

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска изјави дека за да се реши кризата во Косово, прво мора да се одржат нови избори за легитимна власт во српските општини, а потоа „да се бара решение за автономијата“ на српското население.

Голоб ова го изјави при доаѓањето на самитот на европската политичка заедница во Гранада и нагласи дека за ова е неопходно „сите да учествуваат на вонредните избори, а тоа значи и српските граѓани“ и рече дека сè што се случи во последните недели е за осуда.

И тоа значи дека меѓународната заедница ги осудува поединците кои навистина стојат зад ескалацијата и вооружените конфликти, а Словенија најостро ги осудува поединците кои ги воделе и учествувале во тие настани, додаде тој.

На новинарско прашање дали поради тие настани ЕУ размислува за санкции против Србија, словенечкиот премиер одговори дека за тоа нема дискусија и изјави дека „мора да се биде внимателен, доследен и упорен“.

Важно е, како што истакна, „да се утврди вината на поединци и да се намали тензијата додека не се расчисти и да се бара трајно решение“.

Не верувам дека санкциите сами по себе можат да доведат до трајно решение, а доколку тоа е неопходно и ако се усвои единствен став (во ЕУ), Словенија ќе се приклучи кон тоа, заклучи Голоб.

The post Голоб: Решението за Косово се избори за легитимната власт, потоа за ЗСО appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска изјави дека за да се реши кризата во Косово, прво мора да се одржат нови избори за легитимна власт во српските општини, а потоа „да се бара решение за автономијата“ на српското население. Голоб ова го изјави при доаѓањето на самитот на европската политичка заедница во Гранада и нагласи дека за ова е неопходно „сите да учествуваат на вонредните избори, а тоа значи и српските граѓани“ и рече дека сè што се случи во последните недели е за осуда. И тоа значи дека меѓународната заедница ги осудува поединците кои навистина стојат зад ескалацијата и вооружените конфликти, а Словенија најостро ги осудува поединците кои ги воделе и учествувале во тие настани, додаде тој. На новинарско прашање дали поради тие настани ЕУ размислува за санкции против Србија, словенечкиот премиер одговори дека за тоа нема дискусија и изјави дека „мора да се биде внимателен, доследен и упорен“. Важно е, како што истакна, „да се утврди вината на поединци и да се намали тензијата додека не се расчисти и да се бара трајно решение“. Не верувам дека санкциите сами по себе можат да доведат до трајно решение, а доколку тоа е неопходно и ако се усвои единствен став (во ЕУ), Словенија ќе се приклучи кон тоа, заклучи Голоб.

The post Голоб: Решението за Косово се избори за легитимната власт, потоа за ЗСО appeared first on Република.

]]>
Премиерот на Словенија со државни пари ја финансирал кампањата на Албин Курти! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/premierot-na-slovenija-so-drzhavni-pari-ja-finansiral-kampanata-na-albin-kurti/ Wed, 18 Jan 2023 10:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=598225

Голем скандал во кој е вклучен словенечкиот премиер Роберт Голоб е на повидок. Како штообјави „Курир.рс“ словенечката државна енергетска компанија ГЕН-И, додека ја водеше Голоб пратила во Приштина  милионски суми.

Косовскиот премиер Аљбин Курти се најде среде голем балкански скандал во кој беше откриено дека неговата изборна кампања била незаконски финансирана со пари од Словенија!

Хрватските и словенечките медиуми објавија нови факти за финансиската афера која се одвива од 1 април минатата година околу премиерот на Словенија Роберт Голоб и косовските политички претставници, а кои потврдуваат дека имало неколку сомнителни трансакции, чија вредност оди до 100 милиони евра.

Сомнителни пари

Голоб штом ја презел премиерската функција се соочи со голема финансиска афера, поради сомнителните парични текови на државната енергетска компанија ГЕН-И на чие чело помина 16 години.

Според медиумите, од оваа компанија додека на нејзино чело бил Голоб, меѓу другото, биле користени и повеќемилионски трансакции за финансирање на предизборната кампања на Курти.

The post Премиерот на Словенија со државни пари ја финансирал кампањата на Албин Курти! appeared first on Република.

]]>

Голем скандал во кој е вклучен словенечкиот премиер Роберт Голоб е на повидок. Како штообјави „Курир.рс“ словенечката државна енергетска компанија ГЕН-И, додека ја водеше Голоб пратила во Приштина  милионски суми.

Косовскиот премиер Аљбин Курти се најде среде голем балкански скандал во кој беше откриено дека неговата изборна кампања била незаконски финансирана со пари од Словенија! Хрватските и словенечките медиуми објавија нови факти за финансиската афера која се одвива од 1 април минатата година околу премиерот на Словенија Роберт Голоб и косовските политички претставници, а кои потврдуваат дека имало неколку сомнителни трансакции, чија вредност оди до 100 милиони евра.

Сомнителни пари

Голоб штом ја презел премиерската функција се соочи со голема финансиска афера, поради сомнителните парични текови на државната енергетска компанија ГЕН-И на чие чело помина 16 години. Според медиумите, од оваа компанија додека на нејзино чело бил Голоб, меѓу другото, биле користени и повеќемилионски трансакции за финансирање на предизборната кампања на Курти.

The post Премиерот на Словенија со државни пари ја финансирал кампањата на Албин Курти! appeared first on Република.

]]>
Словенија испраќа тенкови во Украина, за возврат ќе добие камиони и цистерни од Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenija-isprakja-tenkovi-vo-ukraina-za-vozvrat-kje-dobie-kamioni-i-cisterni-od-germanija/ Wed, 21 Sep 2022 16:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=552959

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска постигна договор со германскиот канцелар Олаф Шолц за испраќање 28 словенечки тенкови М55С во Украина, за што Словенија ќе добие 40 германски транспортни возила од Берлин, соопшти кабинетот на словенечкиот премиер, а пренесе агенцијата СТА. .

Голоб и Шолц во телефонски разговор се договориле Словенија да добие 35 воени камиони 8х8 и осум тешки цистерни 8х8 од Германија. Кабинетот на премиерот Голоб соопшти дека договорот е склучен „во духот на солидарноста со украинскиот народ“ кој се бори против руската агресија, додека оваа „размена ќе ја зајакне и одбранбената соработка меѓу Словенија и Германија“.

Пред неколку месеци Словенија и Германија преговараа за можноста Љубљана да донира тенкови М84 на Украина, а за возврат да добие помодерни тенкови од Германија. Тој договор се уште не е постигнат. Словенечкиот и германскиот лидер разговарале и за енергетската криза и за ситуацијата во Западен Балкан, каде ја поддржале европската перспектива на земјите од таа област, пишува СТА, пренесе Индекс.хр.

The post Словенија испраќа тенкови во Украина, за возврат ќе добие камиони и цистерни од Германија appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска постигна договор со германскиот канцелар Олаф Шолц за испраќање 28 словенечки тенкови М55С во Украина, за што Словенија ќе добие 40 германски транспортни возила од Берлин, соопшти кабинетот на словенечкиот премиер, а пренесе агенцијата СТА. . Голоб и Шолц во телефонски разговор се договориле Словенија да добие 35 воени камиони 8х8 и осум тешки цистерни 8х8 од Германија. Кабинетот на премиерот Голоб соопшти дека договорот е склучен „во духот на солидарноста со украинскиот народ“ кој се бори против руската агресија, додека оваа „размена ќе ја зајакне и одбранбената соработка меѓу Словенија и Германија“. Пред неколку месеци Словенија и Германија преговараа за можноста Љубљана да донира тенкови М84 на Украина, а за возврат да добие помодерни тенкови од Германија. Тој договор се уште не е постигнат. Словенечкиот и германскиот лидер разговарале и за енергетската криза и за ситуацијата во Западен Балкан, каде ја поддржале европската перспектива на земјите од таа област, пишува СТА, пренесе Индекс.хр.

The post Словенија испраќа тенкови во Украина, за возврат ќе добие камиони и цистерни од Германија appeared first on Република.

]]>
Голоб: Преку енергетска солидарност и синергија до зима без рестрикции https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golob-preku-energetska-solidarnost-i-sinergija-do-zima-bez-restrikcii/ Fri, 15 Jul 2022 09:23:23 +0000 https://republika.mk/?p=529195

Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека енергетската солидарност и изнаоѓање синергија е единствениот начин Европската унија да избегне редукции во текот на престојната зима, а недостигот од руски гас да се компензира преку намалување на негово трошење за производство на електрична енергија.

Голоб за телевизијата „ПОП-ТВ“ изјави дека петтина од целата потрошувачка на гас во ЕУ оди за производство на електрична енергија.

Доколку членките би обезбедиле струја од други извори за Германија, Италија и Холандија кои се големи потрошувачи на електрична енергија произведена од гас, а за што постојат реални можности, преку паневропска солидарност и синергија отсуството руски гас може да мине без енергетски рестрикции, цени словенечкиот премиер.

Словенечката Влада вчера донесе уредба за регулирање на цената на струјата за домаќинствата и за малите деловни потрошувачи од 1 септември, со што тие наредната година ќе плаќаат пониски цени благодарение на намалувањето на дел од даноците и ДДВ за испорачана струја од 22 на 9,9 отсто.

Голоб најави дека наредната седмица Владата ќе донесе слична одлука за регулирање на цените на гасот.

Тој исто така повика на штедење и рационално користење на енергијата, како и создавање резерви на гориво кај производителите на енергија.

The post Голоб: Преку енергетска солидарност и синергија до зима без рестрикции appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека енергетската солидарност и изнаоѓање синергија е единствениот начин Европската унија да избегне редукции во текот на престојната зима, а недостигот од руски гас да се компензира преку намалување на негово трошење за производство на електрична енергија. Голоб за телевизијата „ПОП-ТВ“ изјави дека петтина од целата потрошувачка на гас во ЕУ оди за производство на електрична енергија. Доколку членките би обезбедиле струја од други извори за Германија, Италија и Холандија кои се големи потрошувачи на електрична енергија произведена од гас, а за што постојат реални можности, преку паневропска солидарност и синергија отсуството руски гас може да мине без енергетски рестрикции, цени словенечкиот премиер. Словенечката Влада вчера донесе уредба за регулирање на цената на струјата за домаќинствата и за малите деловни потрошувачи од 1 септември, со што тие наредната година ќе плаќаат пониски цени благодарение на намалувањето на дел од даноците и ДДВ за испорачана струја од 22 на 9,9 отсто. Голоб најави дека наредната седмица Владата ќе донесе слична одлука за регулирање на цените на гасот. Тој исто така повика на штедење и рационално користење на енергијата, како и создавање резерви на гориво кај производителите на енергија.

The post Голоб: Преку енергетска солидарност и синергија до зима без рестрикции appeared first on Република.

]]>
Словенечкиот премиер предупредува на „информациска војна“ на Москва на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenechkiot-premier-predupreduva-na-informaciska-vojna-na-moskva-na-balkanot/ Fri, 01 Jul 2022 11:28:54 +0000 https://republika.mk/?p=522094

Словенечкиот премиер, Роберт Голоб, во врска со руското влијание на Балканот, предупреди дека земјите од регионот мора „да смислат планови“ за да се спротивстават на очигледното руско влијание врз тамошната јавност и на „информациската војна“ што доаѓа од Москва.

Во интервју за британски „Би-Би-Си“, Голоб, на маргините на вчерашниот самит на НАТО во Мадрид, порача дека „делови од локалното население се за позициите на Москва и затоа треба да се работи со владите на Балканот за да се доближат до европската позиција“.

Но, мораме да ја земеме предвид наклонетоста на населението кон Русија, да не ја игнорираме, па да најдеме дури и кревка рамнотежа - предупреди словенечкиот премиер.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, тој предупредил и за грешките од минатото во односот на Западот со Русија, од кои, како што додал, треба да се извлечат поуки.

Настаните во Украина можеби ќе се одвиваа поинаку доколку НАТО во односот кон неа постапуваше како и кон Кина. Ова е лекција од која мораме да учиме - вели словенечкиот премиер,

Во разговорите за словенечките медиуми за време на самитот, Голоб најави забрзување на напорите Словенија да ја постигне целта што поскоро да го зголеми финансирањето на својата војска на 2 отсто од БДП, според договорите во НАТО алијансата и изјави дека неговата влада би го променила претходниот план за да го постигне тоа до 2030 година.

The post Словенечкиот премиер предупредува на „информациска војна“ на Москва на Балканот appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот премиер, Роберт Голоб, во врска со руското влијание на Балканот, предупреди дека земјите од регионот мора „да смислат планови“ за да се спротивстават на очигледното руско влијание врз тамошната јавност и на „информациската војна“ што доаѓа од Москва. Во интервју за британски „Би-Би-Си“, Голоб, на маргините на вчерашниот самит на НАТО во Мадрид, порача дека „делови од локалното население се за позициите на Москва и затоа треба да се работи со владите на Балканот за да се доближат до европската позиција“.
Но, мораме да ја земеме предвид наклонетоста на населението кон Русија, да не ја игнорираме, па да најдеме дури и кревка рамнотежа - предупреди словенечкиот премиер.
Како што пренесуваат словенечките медиуми, тој предупредил и за грешките од минатото во односот на Западот со Русија, од кои, како што додал, треба да се извлечат поуки.
Настаните во Украина можеби ќе се одвиваа поинаку доколку НАТО во односот кон неа постапуваше како и кон Кина. Ова е лекција од која мораме да учиме - вели словенечкиот премиер,
Во разговорите за словенечките медиуми за време на самитот, Голоб најави забрзување на напорите Словенија да ја постигне целта што поскоро да го зголеми финансирањето на својата војска на 2 отсто од БДП, според договорите во НАТО алијансата и изјави дека неговата влада би го променила претходниот план за да го постигне тоа до 2030 година.

The post Словенечкиот премиер предупредува на „информациска војна“ на Москва на Балканот appeared first on Република.

]]>
Новиот словенечки премиер ги избира соработниците со специјален тест https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/noviot-slovenechki-premier-gi-izbira-sorabotnicite-so-specijalen-test/ Sat, 28 May 2022 17:17:52 +0000 https://republika.mk/?p=508081

За изборот на луѓето кои ќе преземат важни должности, новиот словенечки премиер Роберт Голоб го користи своето корпоративно искуство, па така сите парламентарци од неговата партија мораа да одговараат на 12-те прашања од тестот на Галуп, со кој во компаниите се мери ангажираноста на вработените и нивната мотивираност за работа.

Станува збор за тест кој дава анализа на вредностите, со што се поттикнуваат позитивните страни на поединците и се избегнуваат потенцијални конфликти во работната средина, изјави за љубљанскиот дневен весник Delо Уршка Клокочар Зупанчич од партијата Движење слобода на премиерот Роберт Голоб.

И Зупанчич, како и другите четириесеттина пратеници избрани од листата на најсилната партија во парламентот, во тестот одговарале на прашањата од тестот Q12 на Галуп од коишто првото е „Знаете ли што од вас се очекува на работното место?“.

Истиот тест Голоб го користел при изборот на своите соработници во периодот кога пред да влезе во политиката ја водеше големата електроенергетската компанија „GEN 1“. Тој е вториот словенечки премиер досега кој своите претходни деловни искуства и методи во водењето на човечките ресурси има намера да ги пренесе во политиката, пишува Дело.

Во прилогот се додава дека таков начин на избор на соработниците и тимот на водечките функции прв во словенечката политика ги воведе покојниот премиер и претседател Јанез Дрновшек, кој пред влегувањето во високата политика беше директор на една филијала на некогашната „Љубљанска банка“ и успешен економист.

The post Новиот словенечки премиер ги избира соработниците со специјален тест appeared first on Република.

]]>

За изборот на луѓето кои ќе преземат важни должности, новиот словенечки премиер Роберт Голоб го користи своето корпоративно искуство, па така сите парламентарци од неговата партија мораа да одговараат на 12-те прашања од тестот на Галуп, со кој во компаниите се мери ангажираноста на вработените и нивната мотивираност за работа. Станува збор за тест кој дава анализа на вредностите, со што се поттикнуваат позитивните страни на поединците и се избегнуваат потенцијални конфликти во работната средина, изјави за љубљанскиот дневен весник Delо Уршка Клокочар Зупанчич од партијата Движење слобода на премиерот Роберт Голоб. И Зупанчич, како и другите четириесеттина пратеници избрани од листата на најсилната партија во парламентот, во тестот одговарале на прашањата од тестот Q12 на Галуп од коишто првото е „Знаете ли што од вас се очекува на работното место?“. Истиот тест Голоб го користел при изборот на своите соработници во периодот кога пред да влезе во политиката ја водеше големата електроенергетската компанија „GEN 1“. Тој е вториот словенечки премиер досега кој своите претходни деловни искуства и методи во водењето на човечките ресурси има намера да ги пренесе во политиката, пишува Дело. Во прилогот се додава дека таков начин на избор на соработниците и тимот на водечките функции прв во словенечката политика ги воведе покојниот премиер и претседател Јанез Дрновшек, кој пред влегувањето во високата политика беше директор на една филијала на некогашната „Љубљанска банка“ и успешен економист.

The post Новиот словенечки премиер ги избира соработниците со специјален тест appeared first on Република.

]]>
Демокрација: Власта во Словенија ја презема про-руска партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/demokracija-vlasta-vo-slovenija-ja-prezema-pro-ruska-partija/ Fri, 13 May 2022 13:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=501968

Словенечкиот неделник „Демокрација“ ги разоткрива про-руските врски на новата владејачка партија Движење Слобода на Роберт Голоб.
Партијата беше формирана кусо време пред изборите, од кругот политичари, бизнисмени и коментатори близок до поранешниот претседател Милан Кучан, кој и во минатото формирал нови партии и движења со цел да се извојува победа на изборите против десничарската партија СДС на Јанез Јанша. Планот успеа и Голоб доби 41 од 90 пратенички места, наспроти 27 за Јанша, и очекува поддршка од други левичарски, зелени и центристички партии.

Јанша во текот на кампањата беше многу гласен по прашањето на војната во Украина, и беше еден од најборбените европски политичари, со своите повици за брза и силна западна реакција да се заштити Украина.

- Јанша ја преориентираше словенечката надворешна политика кон Запад со активна евро-атланска надворешна политика. Имавме прва посета на американски државен секретар на Словенија по повеќе од две децении. Словенија ја иницираше првата странска посета на Киев, на 24 февруари, кога премиерите на Словенија, Полска и Чешка дадоа поддршка и му дадоа надеж на украинскиот народ кога го посетија Киев кој се уште беше под напад, пишува „Демокрација“.

За разлика од ова, од партијата на Голоб навестуваат дека е можно дури и да ги нормализираат односите со Русија.

- Голоб ја правдаше руската инвазија врз Крим велејќи дека руските сили бранеле територии каде што живеат Руси. Марта Кос, поранешна генерална секретарка на движењето Форум21 на Кучан и кандидатка за претседател на изборите во ноември, која е заменик лидер на Движењето слобода, исто така не ја крие нејзината поддршка за Путин. Таа се спротистави на испраќањето оружје за самоодбрана на Русија и го нападна Јанша зошто го посетил Киев, но не и Москва. „Во иднината ќе мораме да зборуваме со Русија, нема да има безбедност во Европа без Русија“, изјави таа. Градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ е еден од најистакнатите поддржувачи на Голоб, кој пак беше потпретседател во сличното движење на Јанковиќ. Јанковиќ одби да го врати медалот што му го врачи лично Владимир Путин. ОБвинителот на Словенија Драго Штека во јануари отпатува во Русиуја и потпиша договор за соработка со руското обвинителство, без за тоа да знае словенечката Влада, пишува „Демокрација“, која обвинува дека зад овие врски стои Милан Кучан, како стар пријател на Владимир Путин.

Неделникот пишува дека руски тролови на социјалните мрежи го поддржувале Движењето Слобода, а се претпоставува дека оваа партија добила и руски пари. За возврат, се очекува дека Русија ќе побара од новата словенечка власт да ги застапува нејзините интереси, како на пример на компанијата Јандекс. „Демокрација“ вели дека може да се очекува Словенија сега сериозно да ја смени својата надворешна политика, и да се постави поблиску до Москва.

- Создавачите на новата партија на Роберт Голоб се обидуваат да се претстават како либерали на европската политичка мапа. Но идеологијата на Движењето Слобода нема ништо со либерализмот. Тие се длабока држава, исповрзана веќе во втора и трета генерација, на политичари кои својот успех го должат на левичарскиот монопол врз медиумите и на крајно левите невладини организации. Голоб исто така освои најголем дел од анти-ваксерскиот глас, бидејќи тврдеше дека Ковидот не е ништо пострашно од обичен грип. Во раководството се анти-пазарни демагози, синдикалисти, новинари, поранешни судии, поранешни соработници на тајните служби, невладини организации финансирани од владата и вработени во јавниот сектор. Приоритет на Голоб ќе биде да им се оддолжи на овие поддржувачи, пишува „Демокрација“.

The post Демокрација: Власта во Словенија ја презема про-руска партија appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот неделник „Демокрација“ ги разоткрива про-руските врски на новата владејачка партија Движење Слобода на Роберт Голоб. Партијата беше формирана кусо време пред изборите, од кругот политичари, бизнисмени и коментатори близок до поранешниот претседател Милан Кучан, кој и во минатото формирал нови партии и движења со цел да се извојува победа на изборите против десничарската партија СДС на Јанез Јанша. Планот успеа и Голоб доби 41 од 90 пратенички места, наспроти 27 за Јанша, и очекува поддршка од други левичарски, зелени и центристички партии. Јанша во текот на кампањата беше многу гласен по прашањето на војната во Украина, и беше еден од најборбените европски политичари, со своите повици за брза и силна западна реакција да се заштити Украина.
- Јанша ја преориентираше словенечката надворешна политика кон Запад со активна евро-атланска надворешна политика. Имавме прва посета на американски државен секретар на Словенија по повеќе од две децении. Словенија ја иницираше првата странска посета на Киев, на 24 февруари, кога премиерите на Словенија, Полска и Чешка дадоа поддршка и му дадоа надеж на украинскиот народ кога го посетија Киев кој се уште беше под напад, пишува „Демокрација“.
За разлика од ова, од партијата на Голоб навестуваат дека е можно дури и да ги нормализираат односите со Русија.
- Голоб ја правдаше руската инвазија врз Крим велејќи дека руските сили бранеле територии каде што живеат Руси. Марта Кос, поранешна генерална секретарка на движењето Форум21 на Кучан и кандидатка за претседател на изборите во ноември, која е заменик лидер на Движењето слобода, исто така не ја крие нејзината поддршка за Путин. Таа се спротистави на испраќањето оружје за самоодбрана на Русија и го нападна Јанша зошто го посетил Киев, но не и Москва. „Во иднината ќе мораме да зборуваме со Русија, нема да има безбедност во Европа без Русија“, изјави таа. Градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ е еден од најистакнатите поддржувачи на Голоб, кој пак беше потпретседател во сличното движење на Јанковиќ. Јанковиќ одби да го врати медалот што му го врачи лично Владимир Путин. ОБвинителот на Словенија Драго Штека во јануари отпатува во Русиуја и потпиша договор за соработка со руското обвинителство, без за тоа да знае словенечката Влада, пишува „Демокрација“, која обвинува дека зад овие врски стои Милан Кучан, како стар пријател на Владимир Путин.
Неделникот пишува дека руски тролови на социјалните мрежи го поддржувале Движењето Слобода, а се претпоставува дека оваа партија добила и руски пари. За возврат, се очекува дека Русија ќе побара од новата словенечка власт да ги застапува нејзините интереси, како на пример на компанијата Јандекс. „Демокрација“ вели дека може да се очекува Словенија сега сериозно да ја смени својата надворешна политика, и да се постави поблиску до Москва.
- Создавачите на новата партија на Роберт Голоб се обидуваат да се претстават како либерали на европската политичка мапа. Но идеологијата на Движењето Слобода нема ништо со либерализмот. Тие се длабока држава, исповрзана веќе во втора и трета генерација, на политичари кои својот успех го должат на левичарскиот монопол врз медиумите и на крајно левите невладини организации. Голоб исто така освои најголем дел од анти-ваксерскиот глас, бидејќи тврдеше дека Ковидот не е ништо пострашно од обичен грип. Во раководството се анти-пазарни демагози, синдикалисти, новинари, поранешни судии, поранешни соработници на тајните служби, невладини организации финансирани од владата и вработени во јавниот сектор. Приоритет на Голоб ќе биде да им се оддолжи на овие поддржувачи, пишува „Демокрација“.

The post Демокрација: Власта во Словенија ја презема про-руска партија appeared first on Република.

]]>
Победникот на изборите во Словенија почнува разговори за формирање влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pobednikot-na-izborite-vo-slovenija-pochnuva-razgovori-za-formiranje-vlada/ Mon, 25 Apr 2022 16:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=493382

Победникот на парламентарните избори во Словенија и идниот премиер Роберт Голоб изјави дека сака што поскоро да формира нова влада, а разговорите со партнерските партии ќе започнат оваа недела.

– Очекувам преговорите со идните коалициски партнери да почнат во вторник, изјави Голоб синоќа по изборите во интервју за словенечката редакција на порталот Н1, пренесува Хина.

Тој додаде дека неговото Движење слобода при формирањето на владата смета на сојуз со социјалдемократите (СД) на Тања Фајон, но и на Левица (Л) на Лука Месец и оти би сакал во идната влада да вклучи две партии од левиот центар кои не го поминаа изборниот праг за освојување на пратеничко место во новиот парламент, а тоа е Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) и Партијата на Аленка Братушек (САБ).

Голоб додаде дека неговата цел е да создаде влада од луѓе кои се професионални и квалитетни, без разлика на нивната партиска припадност.

– Ние не сме класична партија туку движење и затоа немаме партиска дисциплина ниту имаме намера да ја применуваме. Поединците ги оценуваме според нивната стручност и знаење, а членската книшка нема да биде услов за функции, рече Голоб.

Голоб сака што поскоро да се договори за нова коалиција, па владата би можела да почне да работи во втората половина на мај, со оглед на предвидените постизборни процедури. Дотогаш, актуелните работи ги извршува владата на Јанез Јанша во заминување.

Иако веќе е позната партиската структура на новиот парламент, а Голоб би можел да формира нова влада само со социјалдемократите (СД) како малцински партнер, тој најавува разговори со неколку политички актери, за што може да биде потребно време, пренесува Хина.

Голоб и неговата партија „Движење слобода“, се убедливиот победник на вчерашните парламентарни избори во Словенија, при што неговата партија освои 35,54 отсто од гласовите и 41 место во 90-члениот парламент, покажуваат официјалните резултати врз основа на 99,7 отсто од пребројаните гласови. Вториот најголем број гласови и припадна на Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој веќе го призна поразот со 23,53 отсто од гласовите и 27 пратенички места, едно повеќе од изборите во 2018 година.

Пратенички места во новиот состав на словенечкиот Парламент добија пет партии кои го поминаа изборниот праг од четири отсто

The post Победникот на изборите во Словенија почнува разговори за формирање влада appeared first on Република.

]]>

Победникот на парламентарните избори во Словенија и идниот премиер Роберт Голоб изјави дека сака што поскоро да формира нова влада, а разговорите со партнерските партии ќе започнат оваа недела.
– Очекувам преговорите со идните коалициски партнери да почнат во вторник, изјави Голоб синоќа по изборите во интервју за словенечката редакција на порталот Н1, пренесува Хина.
Тој додаде дека неговото Движење слобода при формирањето на владата смета на сојуз со социјалдемократите (СД) на Тања Фајон, но и на Левица (Л) на Лука Месец и оти би сакал во идната влада да вклучи две партии од левиот центар кои не го поминаа изборниот праг за освојување на пратеничко место во новиот парламент, а тоа е Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) и Партијата на Аленка Братушек (САБ). Голоб додаде дека неговата цел е да создаде влада од луѓе кои се професионални и квалитетни, без разлика на нивната партиска припадност.
– Ние не сме класична партија туку движење и затоа немаме партиска дисциплина ниту имаме намера да ја применуваме. Поединците ги оценуваме според нивната стручност и знаење, а членската книшка нема да биде услов за функции, рече Голоб. Голоб сака што поскоро да се договори за нова коалиција, па владата би можела да почне да работи во втората половина на мај, со оглед на предвидените постизборни процедури. Дотогаш, актуелните работи ги извршува владата на Јанез Јанша во заминување.
Иако веќе е позната партиската структура на новиот парламент, а Голоб би можел да формира нова влада само со социјалдемократите (СД) како малцински партнер, тој најавува разговори со неколку политички актери, за што може да биде потребно време, пренесува Хина. Голоб и неговата партија „Движење слобода“, се убедливиот победник на вчерашните парламентарни избори во Словенија, при што неговата партија освои 35,54 отсто од гласовите и 41 место во 90-члениот парламент, покажуваат официјалните резултати врз основа на 99,7 отсто од пребројаните гласови. Вториот најголем број гласови и припадна на Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој веќе го призна поразот со 23,53 отсто од гласовите и 27 пратенички места, едно повеќе од изборите во 2018 година. Пратенички места во новиот состав на словенечкиот Парламент добија пет партии кои го поминаа изборниот праг од четири отсто

The post Победникот на изборите во Словенија почнува разговори за формирање влада appeared first on Република.

]]>
Домашни извори на енергија, помош за Украина, сајбер-безбедност – што вети новиот премиер на Словенија, менаџерот Голоб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/domashni-izvori-na-energija-pomosh-za-ukraina-sajber-bezbednost-shto-veti-noviot-premier-na-slovenija-menadzerot-golob/ Mon, 25 Apr 2022 08:10:31 +0000 https://republika.mk/?p=493253

Роберт Голоб и неговата партија Движење за слобода се убедливи победници на вчерашните парламентарни избори во Словенија и ќе можат брзо да формираат нова влада со само уште една или две партии, покажуваат официјалните резултати по пребројани над 99,7 отсто од гласовите.

Голоб е словенечки електроинженер и политичар. Роден е на 23 јануари 1967 година во Шемпетер при Горици. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во 1989 година, магистрирал три години подоцна (1992) и докторирал во 1994 година. По завршувањето на докторските студии, тој се дошколува во Атланта на Технолошкиот институт во Џорџија како Фулбрајт стипендист. Негоите специјалности вклучуваат работа и дерегулација на електроенергетскиот систем (електричен систем), реструктуирање на економијата на електрична енергија, енергетски стратегии и пазари на електрична енергија. Автор е на многу основни истражувачки индустриско-апликативни проекти. Др. Роберт Голоб е и вонреден професор на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во Љубљана.

Во периодот од 1999 до 2002 година ја извршуваше функцијата државен секретар во Министерството за економски прашања на Република Словенија. Ова малку ги омекнува зборовите дека се работи за ново лице во политиката. Покрај тоа, тој е основач на Лабораторијата за енергетски стратегии и бил раководител на многу проекти во електроиндустријата. Истата година, на крајот од неговата функција како државен секретар, тој го основа и стана директор на претпријатието  Д.о.о. Istrabenz-Gorenje. Во 2006 година стана претседател на Управниот одбор на ГЕН-и, компанија за продажба на струја. Во меѓувреме во 2011 година стана потпретседател на партијата Позитивна Словенија, предводена од Зоран Јанковиќ, а потоа и потпретседател на ЗАБ на Аленка Братушек.

Тој најголем акцент во предизборната кампања стави на енергетското прашање што ја зафати Словенија во последните месеци и ваучерите за економска помош.

Ако нешто покажа оваа криза, покажа колку е немудро Европа да биде врзана за надворешен снабдувач на клучниот извор на енергија во областа на енергетиката - природниот гас. Денес, се чини дека светските цени на енергијата ќе останат високи најмалку во следните две години, додека европските цени на енергијата ќе останат уште повисоки. Затоа треба да работиме со идејата да им помогнеме на граѓаните со енергија. Од друга страна, треба да ја направиме првата долгорочна стратегија за енергетската политика, рече тој на истата прес-конференција.

Роберт Голоб спомна и инвестирање во цивилна заштита, дигитализација и сајбер безбедност.

Цела Европа очигледно одлучи да ги зголеми придонесите во буџетот за одбрана во рамките на НАТО, вклучително и Словенија. Меѓутоа, сосема друго прашање е во што ќе инвестираме. Словенија мора да одлучи да тргне по патот на паметната специјализација“.

Откако изби конфликтот во Украина, тој ја повика словенечката влада на Јанез Јанша да биде активна и да обезбеди помош за државата и народот - хуманитарна, финансиска и со оружје. Тој се осврна и на прашањето за бегалците кое стана актуелно поради војната во Украина.

The post Домашни извори на енергија, помош за Украина, сајбер-безбедност – што вети новиот премиер на Словенија, менаџерот Голоб appeared first on Република.

]]>

Роберт Голоб и неговата партија Движење за слобода се убедливи победници на вчерашните парламентарни избори во Словенија и ќе можат брзо да формираат нова влада со само уште една или две партии, покажуваат официјалните резултати по пребројани над 99,7 отсто од гласовите. Голоб е словенечки електроинженер и политичар. Роден е на 23 јануари 1967 година во Шемпетер при Горици. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во 1989 година, магистрирал три години подоцна (1992) и докторирал во 1994 година. По завршувањето на докторските студии, тој се дошколува во Атланта на Технолошкиот институт во Џорџија како Фулбрајт стипендист. Негоите специјалности вклучуваат работа и дерегулација на електроенергетскиот систем (електричен систем), реструктуирање на економијата на електрична енергија, енергетски стратегии и пазари на електрична енергија. Автор е на многу основни истражувачки индустриско-апликативни проекти. Др. Роберт Голоб е и вонреден професор на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Во периодот од 1999 до 2002 година ја извршуваше функцијата државен секретар во Министерството за економски прашања на Република Словенија. Ова малку ги омекнува зборовите дека се работи за ново лице во политиката. Покрај тоа, тој е основач на Лабораторијата за енергетски стратегии и бил раководител на многу проекти во електроиндустријата. Истата година, на крајот од неговата функција како државен секретар, тој го основа и стана директор на претпријатието  Д.о.о. Istrabenz-Gorenje. Во 2006 година стана претседател на Управниот одбор на ГЕН-и, компанија за продажба на струја. Во меѓувреме во 2011 година стана потпретседател на партијата Позитивна Словенија, предводена од Зоран Јанковиќ, а потоа и потпретседател на ЗАБ на Аленка Братушек. Тој најголем акцент во предизборната кампања стави на енергетското прашање што ја зафати Словенија во последните месеци и ваучерите за економска помош.
Ако нешто покажа оваа криза, покажа колку е немудро Европа да биде врзана за надворешен снабдувач на клучниот извор на енергија во областа на енергетиката - природниот гас. Денес, се чини дека светските цени на енергијата ќе останат високи најмалку во следните две години, додека европските цени на енергијата ќе останат уште повисоки. Затоа треба да работиме со идејата да им помогнеме на граѓаните со енергија. Од друга страна, треба да ја направиме првата долгорочна стратегија за енергетската политика, рече тој на истата прес-конференција.
Роберт Голоб спомна и инвестирање во цивилна заштита, дигитализација и сајбер безбедност. Цела Европа очигледно одлучи да ги зголеми придонесите во буџетот за одбрана во рамките на НАТО, вклучително и Словенија. Меѓутоа, сосема друго прашање е во што ќе инвестираме. Словенија мора да одлучи да тргне по патот на паметната специјализација“. Откако изби конфликтот во Украина, тој ја повика словенечката влада на Јанез Јанша да биде активна и да обезбеди помош за државата и народот - хуманитарна, финансиска и со оружје. Тој се осврна и на прашањето за бегалците кое стана актуелно поради војната во Украина.

The post Домашни извори на енергија, помош за Украина, сајбер-безбедност – што вети новиот премиер на Словенија, менаџерот Голоб appeared first on Република.

]]>
Голоб по изборната победа во Словенија: Денеска танцувајте, утре е нов ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golob-po-izbornata-pobeda-vo-slovenija-deneska-tancuvajte-utre-e-nov-den/ Sun, 24 Apr 2022 19:01:44 +0000 https://republika.mk/?p=493194

Партијата Движење за слобода предводена од Роберт Голоб е релативен победник на парламентарните избори во Словенија со најмногу добиени гласови, а на второ место е Словенечката демократска партија (СДС) на актуелниот премиер Јанез Јанша, според излезната анкета објавена во 19 часот.

По затворањето на избирачките места, Голоб им се заблагодари на граѓаните кои излегоа да гласаат и посебно за оние кои му ја донесоа изборната победа.

Луѓето навистина веруваат дека ние сме единствените кои можеме да донесеме промени. Денеска луѓето танцуваат, утре започнува нов ден и утре ќе почнеме да се обидуваме да ја оправдаме таа доверба, рече Голоб, целиот трогнат и повика: Ајде да танцуваме!

Според излезната анкета на агенцијата Медина која ја објави Словенeчката телевизија по затворањето на избирачките места, Движењето за слобода доби 35,8 отсто од гласовите, а партијата СДС на Јанша 22,5 отсто.

Според излезната анкета, на трето место е демохристијанската Нова Словенија (НСИ) со 6,8 отсто од гласовите, а по неа се социјалдемократите (СД) на Тања Фајон со 6,6 отсто и Левицата (Л) на Лука Месец со 4,4 отсто.

Државната изборна комисија ги објави и првите делумни официјални резултати. По преброени 10 отсто од гласовите, Движењето за слобода има 30,15 отсто, а СДС на Јанша 27,54 отсто од гласовите.

The post Голоб по изборната победа во Словенија: Денеска танцувајте, утре е нов ден appeared first on Република.

]]>

Партијата Движење за слобода предводена од Роберт Голоб е релативен победник на парламентарните избори во Словенија со најмногу добиени гласови, а на второ место е Словенечката демократска партија (СДС) на актуелниот премиер Јанез Јанша, според излезната анкета објавена во 19 часот. По затворањето на избирачките места, Голоб им се заблагодари на граѓаните кои излегоа да гласаат и посебно за оние кои му ја донесоа изборната победа.
Луѓето навистина веруваат дека ние сме единствените кои можеме да донесеме промени. Денеска луѓето танцуваат, утре започнува нов ден и утре ќе почнеме да се обидуваме да ја оправдаме таа доверба, рече Голоб, целиот трогнат и повика: Ајде да танцуваме!
Според излезната анкета на агенцијата Медина која ја објави Словенeчката телевизија по затворањето на избирачките места, Движењето за слобода доби 35,8 отсто од гласовите, а партијата СДС на Јанша 22,5 отсто. Според излезната анкета, на трето место е демохристијанската Нова Словенија (НСИ) со 6,8 отсто од гласовите, а по неа се социјалдемократите (СД) на Тања Фајон со 6,6 отсто и Левицата (Л) на Лука Месец со 4,4 отсто. Државната изборна комисија ги објави и првите делумни официјални резултати. По преброени 10 отсто од гласовите, Движењето за слобода има 30,15 отсто, а СДС на Јанша 27,54 отсто од гласовите.

The post Голоб по изборната победа во Словенија: Денеска танцувајте, утре е нов ден appeared first on Република.

]]>