Роберт Бадентер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/robert-badenter/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Feb 2024 12:47:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Роберт Бадентер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/robert-badenter/ 32 32 Почина Роберт Бадентер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-robert-badenter/ Fri, 09 Feb 2024 12:47:52 +0000 https://republika.mk/?p=742222

На 95-годишна возраст денеска почина францускиот адвокат и политичар Роберт Бадентер, поранешен министер за правда, кој беше претседател на арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија во 1991 година, јавија француските медиуми.

Бадентер – правник, професор по право на Сорбона и претседател на Францускиот Уставен совет – во времето на распадот на Југославија беше на чело на таканаречената Бадентерова комисија, која во декември 1991 година го соопшти мислењето дека СФРЈ е во процес на распаѓање, врз основа на кој, на 15 јануари 1992 година, државите на Европската економска заедница (ЕЕЗ) ја признаа државната независност на Хрватска и Словенија во постојните граници.

Во својата долга правна и политичка кариера Бадентер се залагаше за укинување на смртната казна во Франција, што беше постигнато во 1981 година. Еврејски интелектуалец и министер во социјалистичката влада, чиј татко починал во германски концентрационен логор, Бадентер беше цел на бројни напади од француската десница, од кои некои беа антисемитски.

The post Почина Роберт Бадентер appeared first on Република.

]]>

На 95-годишна возраст денеска почина францускиот адвокат и политичар Роберт Бадентер, поранешен министер за правда, кој беше претседател на арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија во 1991 година, јавија француските медиуми. Бадентер – правник, професор по право на Сорбона и претседател на Францускиот Уставен совет – во времето на распадот на Југославија беше на чело на таканаречената Бадентерова комисија, која во декември 1991 година го соопшти мислењето дека СФРЈ е во процес на распаѓање, врз основа на кој, на 15 јануари 1992 година, државите на Европската економска заедница (ЕЕЗ) ја признаа државната независност на Хрватска и Словенија во постојните граници. Во својата долга правна и политичка кариера Бадентер се залагаше за укинување на смртната казна во Франција, што беше постигнато во 1981 година. Еврејски интелектуалец и министер во социјалистичката влада, чиј татко починал во германски концентрационен логор, Бадентер беше цел на бројни напади од француската десница, од кои некои беа антисемитски.

The post Почина Роберт Бадентер appeared first on Република.

]]>