РКЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rke/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 19:56:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png РКЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rke/ 32 32 Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bislimoski-se-ushte-e-prerano-da-zboruvame-kakva-ke-bide-tsenata-na-elektrichnata-energija-po-1-januari/ Thu, 07 Nov 2024 19:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=835293

Прерано е да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари 2025 година. Тендерите се уште не се завршени, дел од нив не се ни почнати, така што во овој момент би било некоректно да шпекулирам какви би биле цените, но не верувам дека би имале некои проблематични одлуки коишто би влијаеле на буџетот на домаќинствата, истакна вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Посочи дека РКЕ во овој момент ги анализира барањата за цената што веќе ги доставија МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција, а како што рече, во декември ќе ги достави и универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Токму од цената што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум, додаде, најмногу ќе зависи крајната цена по која потрошувачите ќе ја плаќаат струјата по 1 јануари.

Најбитните елементи што ќе ни влијаат на одлуката која ќе се применува од 1 јануари се трошоците за набавка на загуби на електрична енергија во преносната и во дистрибутивната мрежа и ќе зависат и од трошокот за набавка на електрична енергија што ќе го распише универзалниот снабдувач. Во најголем дел тие трошоци зависат од цените кои ќе бидат понудени на тендери. Секогаш сум бил противник на какви било екстремни шокови во однос на цената на електричната енергија, така што не очекувам ни сега да има некои проблематични цени во однос на тоа што сме го имале во претходниот период, рече Бислимоски во интервју за ТВ Сител.

Годинава, како што кажа, РКЕ првпат определува цени за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија во постапки за податоци кои компаниите треба да ги достават до 30 септември.

Компаниите во одреден дел не беа баш докрај подготвени за тоа и поради тоа податоци што ни ги доставиле во барањето не се до крај добри и од тие причини најверојатно имаат побарано зголемување, толку колку што имаат побарано. Апсолутно нема да има прифаќања, но ги анализираме овие барања во моментов. Сигурен сум дека со нашите одлуки компаниите ќе си работат нормално и вообичаено и од 1 јануари 2025 година при тоа водејќи сметка на ниту еден начин да не бидат погодени домаќинствата и малите потрошувачи, потенцира Бислимоски.

Во 2023 година на ниво на држава, како што кажа, имаме рекордно низок процент на увоз на електрична енергија од 2,75 проценти.

Тоа пред се е поради тоа што во изминативе три години се изградија околу 900 мегавати нови производствени капацитети кои произведуваат електрична енергија од сонце и од ветер, така што 2023 беше година со рекордно низок увоз на електрична енергија. Согласно податоците што ги имаме сега, верувам дека и 2024 година ќе биде на тоа ниво и Македонија во наредниов период во најголем дел ќе успева да си ги покрива своите потреби од електрична енергија, пред се заради инвестиции во обновливи извори на енергија. Исто така, очекувам да има и нови инвестиции во изградба на нови конгенеративни постројки, рече Бислимоски.

За измените на Законот за енергетика истакна дека во најголем дел се однесуваат на регионалното поврзување на пазарите и на електрична енергија и на природен гас.

Тоа се обврски коишто ги преземала Македонија со зачленување во Енергетската заедница и сето тоа ќе ни овозможи да започнуваме пазарно спојување на нашиот пазар на електрична енергија со пазарите во соседните земји. Сето тоа по еден среднорочен период од 5 до 10 години ќе значи Македонија да биде дел од еден заеднички паневропски пазар, посочи Бислимоски.

Со новиот закон за енергетика, додаде, се поедноставуваат и се појаснуваат условите за поставување на батериите коишто ќе се користат за складирање на електрична енергија произведена од фотоволтаици и ветерни паркови.

Дополнително се поедноставуваат процедурите за вадење на лиценци во РКЕ, но најбитно е тоа што ние како земја во целост, мислам дека ќе бидеме прва во регионот што ќе ги имплементира во своето национално законодавство последните директиви на Европската унија кои се однесуваат на енергетиката, нагласи Бислимоски.

The post Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари appeared first on Република.

]]>

Прерано е да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари 2025 година. Тендерите се уште не се завршени, дел од нив не се ни почнати, така што во овој момент би било некоректно да шпекулирам какви би биле цените, но не верувам дека би имале некои проблематични одлуки коишто би влијаеле на буџетот на домаќинствата, истакна вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Посочи дека РКЕ во овој момент ги анализира барањата за цената што веќе ги доставија МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција, а како што рече, во декември ќе ги достави и универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Токму од цената што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум, додаде, најмногу ќе зависи крајната цена по која потрошувачите ќе ја плаќаат струјата по 1 јануари.
Најбитните елементи што ќе ни влијаат на одлуката која ќе се применува од 1 јануари се трошоците за набавка на загуби на електрична енергија во преносната и во дистрибутивната мрежа и ќе зависат и од трошокот за набавка на електрична енергија што ќе го распише универзалниот снабдувач. Во најголем дел тие трошоци зависат од цените кои ќе бидат понудени на тендери. Секогаш сум бил противник на какви било екстремни шокови во однос на цената на електричната енергија, така што не очекувам ни сега да има некои проблематични цени во однос на тоа што сме го имале во претходниот период, рече Бислимоски во интервју за ТВ Сител.
Годинава, како што кажа, РКЕ првпат определува цени за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија во постапки за податоци кои компаниите треба да ги достават до 30 септември.
Компаниите во одреден дел не беа баш докрај подготвени за тоа и поради тоа податоци што ни ги доставиле во барањето не се до крај добри и од тие причини најверојатно имаат побарано зголемување, толку колку што имаат побарано. Апсолутно нема да има прифаќања, но ги анализираме овие барања во моментов. Сигурен сум дека со нашите одлуки компаниите ќе си работат нормално и вообичаено и од 1 јануари 2025 година при тоа водејќи сметка на ниту еден начин да не бидат погодени домаќинствата и малите потрошувачи, потенцира Бислимоски.
Во 2023 година на ниво на држава, како што кажа, имаме рекордно низок процент на увоз на електрична енергија од 2,75 проценти.
Тоа пред се е поради тоа што во изминативе три години се изградија околу 900 мегавати нови производствени капацитети кои произведуваат електрична енергија од сонце и од ветер, така што 2023 беше година со рекордно низок увоз на електрична енергија. Согласно податоците што ги имаме сега, верувам дека и 2024 година ќе биде на тоа ниво и Македонија во наредниов период во најголем дел ќе успева да си ги покрива своите потреби од електрична енергија, пред се заради инвестиции во обновливи извори на енергија. Исто така, очекувам да има и нови инвестиции во изградба на нови конгенеративни постројки, рече Бислимоски.
За измените на Законот за енергетика истакна дека во најголем дел се однесуваат на регионалното поврзување на пазарите и на електрична енергија и на природен гас.
Тоа се обврски коишто ги преземала Македонија со зачленување во Енергетската заедница и сето тоа ќе ни овозможи да започнуваме пазарно спојување на нашиот пазар на електрична енергија со пазарите во соседните земји. Сето тоа по еден среднорочен период од 5 до 10 години ќе значи Македонија да биде дел од еден заеднички паневропски пазар, посочи Бислимоски.
Со новиот закон за енергетика, додаде, се поедноставуваат и се појаснуваат условите за поставување на батериите коишто ќе се користат за складирање на електрична енергија произведена од фотоволтаици и ветерни паркови.
Дополнително се поедноставуваат процедурите за вадење на лиценци во РКЕ, но најбитно е тоа што ние како земја во целост, мислам дека ќе бидеме прва во регионот што ќе ги имплементира во своето национално законодавство последните директиви на Европската унија кои се однесуваат на енергетиката, нагласи Бислимоски.

The post Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари appeared first on Република.

]]>
РКЕ утре ќе ја соопшти цената на парното https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-utre-ke-ja-soopshti-tsenata-na-parnoto/ Sun, 28 Jul 2024 13:56:24 +0000 https://republika.mk/?p=801048

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за утре најави прес-конференција на која, како што наведува, тема ќе биде цената на парното.

Грејната сезона почнува на 15 октомври и трае до 15 април, а на системот за парно греење во Скопје се приклучени 63 000 домаќинства. Од нив, најмногу 58 000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1 900 се на железарското парно, а 400 домаќинства се на Топлификација Север.

The post РКЕ утре ќе ја соопшти цената на парното appeared first on Република.

]]>

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за утре најави прес-конференција на која, како што наведува, тема ќе биде цената на парното. Грејната сезона почнува на 15 октомври и трае до 15 април, а на системот за парно греење во Скопје се приклучени 63 000 домаќинства. Од нив, најмногу 58 000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1 900 се на железарското парно, а 400 домаќинства се на Топлификација Север.

The post РКЕ утре ќе ја соопшти цената на парното appeared first on Република.

]]>
Последни пресметки за цената на парното греење, намалувањето се по извесно! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/posledni-presmetki-za-tsenata-na-parnoto-greene-namaluvaneto-se-po-izvesno/ Fri, 07 Jun 2024 07:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=785400

Компаниите кои се надлежни за парното греење во Скопје се во последни пресметки за нивните оперативни трошоци кои треба да ги достават во Регулаторната комисија за енергетика, која пак треба врз основа на тие податоци да ја креира новата цена на топлинската енерегија во главниот град која ја користат околу 65 илјади домаќинства. На почетокот на годинава компаниите добија солидно намалување на сметките за парно - објави Денар.

Очекувањата се дека и домаќинствата ќе имаат намалување на цената но во колкав процент засега може само да се шпекулира. Последниот збор ќе го има регулаторот.

Полека во Регулаторната комисија за енергетика пристигнуваат пресметките на компаниите формирани од државната ЕСМ кои се специјализирани за топлинска енергија. Засега не се откриваат информациите за граѓаните да не добијат некоја лажна слика за тоа какви ќе им бидат сметките за парно во следните шест месеци.

По намалувањето на цената на парното за компаниите од цели 35 отсто во февруари годинава, граѓаните сега очекуваат таква или слична одлука да има и за домаќинствата.

На почетокот на годинава клучен фактор за ваквата одлука беше предвидувањата за цените на природниот гас дека ќе се намалуваат. Па регулаторот одлучи дека и фирмите заслужуваат одредени бенефиции со оглед на фактот што досега компаниите не беа субвенционирани во оваа неколку годишна криза кога станува збор цената на парното греење.

„Во овој момент корисниците на парно греење имаат субвенционирана цена за околу 20 отсто. Таа субвенција е од страна на државата. Сега одлуката ќе зависи од потрошувачката на природен гас, за жал од средината на декември до средината на јануари ТЕ-ТО не работеше, едноставно не му беше исплатливо. Поради ниските цени на електричната енергија на берзите престана ТЕ-ТО да работи. И во тој период се користеа топланите во Скопје, но факт е дека таа нивната цена е далеку повисока од цената на ТЕ-ТО. Затоа не сакаме да брзаме со прогнози, да ги видиме сите фактори кои влијаат на цената и ќе ја информираме јавноста“, велат од РКЕ.

Информациите кои ги добивме од регулаторот велат дека бројот на корисници на парноо греење расте, лани има нови две илјади корисници кои се приклучени на системот на топлинската енергија, а тој тренд продолжува и годинава.

Претходната грејна сезона скопјани добија одлука за зголемување на цената на парното за нешто над четири отсто. Или пресметката велеше на сметка од 2000 денареи цената се зголеми за околу 100 денари. И тогаш клучна беше цената на природниот гас кој на ланскиот старт на годината имаше високи цени на овој енергенс на берзите, но голема беше и позајмицата на владата на компаниите од овој сектор. Сега работите се променети и сите очекувања се дека веста за цената на парното ќе биде позитивна, односно ќе следни намалување на цената на парното греење.

The post Последни пресметки за цената на парното греење, намалувањето се по извесно! appeared first on Република.

]]>

Компаниите кои се надлежни за парното греење во Скопје се во последни пресметки за нивните оперативни трошоци кои треба да ги достават во Регулаторната комисија за енергетика, која пак треба врз основа на тие податоци да ја креира новата цена на топлинската енерегија во главниот град која ја користат околу 65 илјади домаќинства. На почетокот на годинава компаниите добија солидно намалување на сметките за парно - објави Денар. Очекувањата се дека и домаќинствата ќе имаат намалување на цената но во колкав процент засега може само да се шпекулира. Последниот збор ќе го има регулаторот. Полека во Регулаторната комисија за енергетика пристигнуваат пресметките на компаниите формирани од државната ЕСМ кои се специјализирани за топлинска енергија. Засега не се откриваат информациите за граѓаните да не добијат некоја лажна слика за тоа какви ќе им бидат сметките за парно во следните шест месеци. По намалувањето на цената на парното за компаниите од цели 35 отсто во февруари годинава, граѓаните сега очекуваат таква или слична одлука да има и за домаќинствата. На почетокот на годинава клучен фактор за ваквата одлука беше предвидувањата за цените на природниот гас дека ќе се намалуваат. Па регулаторот одлучи дека и фирмите заслужуваат одредени бенефиции со оглед на фактот што досега компаниите не беа субвенционирани во оваа неколку годишна криза кога станува збор цената на парното греење.
„Во овој момент корисниците на парно греење имаат субвенционирана цена за околу 20 отсто. Таа субвенција е од страна на државата. Сега одлуката ќе зависи од потрошувачката на природен гас, за жал од средината на декември до средината на јануари ТЕ-ТО не работеше, едноставно не му беше исплатливо. Поради ниските цени на електричната енергија на берзите престана ТЕ-ТО да работи. И во тој период се користеа топланите во Скопје, но факт е дека таа нивната цена е далеку повисока од цената на ТЕ-ТО. Затоа не сакаме да брзаме со прогнози, да ги видиме сите фактори кои влијаат на цената и ќе ја информираме јавноста“, велат од РКЕ.
Информациите кои ги добивме од регулаторот велат дека бројот на корисници на парноо греење расте, лани има нови две илјади корисници кои се приклучени на системот на топлинската енергија, а тој тренд продолжува и годинава. Претходната грејна сезона скопјани добија одлука за зголемување на цената на парното за нешто над четири отсто. Или пресметката велеше на сметка од 2000 денареи цената се зголеми за околу 100 денари. И тогаш клучна беше цената на природниот гас кој на ланскиот старт на годината имаше високи цени на овој енергенс на берзите, но голема беше и позајмицата на владата на компаниите од овој сектор. Сега работите се променети и сите очекувања се дека веста за цената на парното ќе биде позитивна, односно ќе следни намалување на цената на парното греење.

The post Последни пресметки за цената на парното греење, намалувањето се по извесно! appeared first on Република.

]]>
РКЕ одлучува за новите цени на горивата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-odluchuva-za-novite-tseni-na-gorivata/ Mon, 11 Mar 2024 07:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=753547

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.

Согласно последната одлука, цената на дизелот се намали за 1 денар, а бензините поскапеа за половина денар.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,752 (денари/килограм)

The post РКЕ одлучува за новите цени на горивата appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Согласно последната одлука, цената на дизелот се намали за 1 денар, а бензините поскапеа за половина денар. Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 43,752 (денари/килограм)

The post РКЕ одлучува за новите цени на горивата appeared first on Република.

]]>
Утре РКЕ се очекува да ги објави новите цени на горивата во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/utre-rke-se-ochekuva-da-gi-objavi-novite-tseni-na-gorivata-vo-makedonija/ Sun, 10 Mar 2024 12:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=753318

Утре РКЕ се очекува да ги објави новите цени на горивата во Македонија.

На светските берзи нафтата се движи околу 81 долар за барел за типот брент и бележи намалување.

Ова се актуелните цени
ЕУРОСУПЕР БС – 95 83 ден/л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77 ден/л
ЕУРОСУПЕР БС – 98 85 ден/л

Новите цени ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.

The post Утре РКЕ се очекува да ги објави новите цени на горивата во Македонија appeared first on Република.

]]>

Утре РКЕ се очекува да ги објави новите цени на горивата во Македонија. На светските берзи нафтата се движи околу 81 долар за барел за типот брент и бележи намалување. Ова се актуелните цени ЕУРОСУПЕР БС – 95 83 ден/л ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77 ден/л ЕУРОСУПЕР БС – 98 85 ден/л Новите цени ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.

The post Утре РКЕ се очекува да ги објави новите цени на горивата во Македонија appeared first on Република.

]]>
РКЕ нема информации до каде е постапката за избор на нов Универзален снабдувач со електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-nema-informatsii-do-kade-e-postapkata-za-izbor-na-nov-univerzalen-snabduvach-so-elektrichna-energija/ Thu, 29 Feb 2024 12:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=749624

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) се уште нема информација до каде е постапката за избор на нов Универзален снабдувач со електрична енергија.

-Се уште немаме информации. Постапката мора да заврши до 17 април, така што има доволно време за да се заврши целата процедура. Верувам дека во наредните две недели ќе се заврши целокупната постапка, вклучувајќи ја и електронската аукција, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

На актуелниот Универзален снабдувач ЕВН Хоум на крајот на јуни годинава му истекува петгодишниот договор за снабдување со електрична енергија на корисниците на регулираниот пазар. Поради тоа Владата објави нов повик за избор на Универзален снабдувач со електрична енергија што ќе ги снабдува корисниците на регулираниот пазар во наредните пет години, на кој покрај ЕВН Хоум аплицираа и ЕСМ и ЕДС.

The post РКЕ нема информации до каде е постапката за избор на нов Универзален снабдувач со електрична енергија appeared first on Република.

РКЕ за 18 месеци издала лиценци на 545 централи со вкупна моќност од 270 MW https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-za-18-mesetsi-izdala-litsentsi-na-545-tsentrali-so-vkupna-moknost-od-270-mw/ Sun, 02 Jul 2023 17:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=657498

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од јануари минатата година до 30 јуни годинава издадала лиценци на 545 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 270 MW.

Како што соопшти денеска РКЕ, со инсталираниот капацитет може да се задоволат потребите на над 104 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 13 градови од државава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино и Гевгелија.

Претседател на РКЕ Марко Бислимовски информира дека за шест месеци РКЕ издала лиценци на 278 централи, што е поголем број од централите што се стекнале со лиценци во 2022 година.

-Интересот кај компаниите е со зголемен интензитет, што се гледа и по бројките кои ги објавуваме и затоа се регистрира намален увоз на електрична енергија од 13 проценти годинава, за разлика од традиционалните 30 проценти, вели во пишана изјава Бислимовски.

The post РКЕ за 18 месеци издала лиценци на 545 централи со вкупна моќност од 270 MW appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од јануари минатата година до 30 јуни годинава издадала лиценци на 545 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 270 MW. Како што соопшти денеска РКЕ, со инсталираниот капацитет може да се задоволат потребите на над 104 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 13 градови од државава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино и Гевгелија. Претседател на РКЕ Марко Бислимовски информира дека за шест месеци РКЕ издала лиценци на 278 централи, што е поголем број од централите што се стекнале со лиценци во 2022 година. -Интересот кај компаниите е со зголемен интензитет, што се гледа и по бројките кои ги објавуваме и затоа се регистрира намален увоз на електрична енергија од 13 проценти годинава, за разлика од традиционалните 30 проценти, вели во пишана изјава Бислимовски.

The post РКЕ за 18 месеци издала лиценци на 545 централи со вкупна моќност од 270 MW appeared first on Република.

]]>
Цените на бензините се намалуваат, дизелот ќе се продава по стара цена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tsenite-na-benzinite-se-namaluvaat-dizelot-ke-se-prodava-po-stara-tsena/ Mon, 19 Jun 2023 12:12:15 +0000 https://republika.mk/?p=653117

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38% во однос на одлуката од 12.6.2023 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг.

Од 20.6.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,029 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,464%, кај дизелот има зголемување за 1,323%, кај екстра лесното масло исто така се регистрира зголемување за 0,415% и кај мазутот зголемувањето е за 2,623%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,819%

The post Цените на бензините се намалуваат, дизелот ќе се продава по стара цена appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38% во однос на одлуката од 12.6.2023 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг. Од 20.6.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 41,029 (денари/килограм) Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,464%, кај дизелот има зголемување за 1,323%, кај екстра лесното масло исто така се регистрира зголемување за 0,415% и кај мазутот зголемувањето е за 2,623%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,819%

The post Цените на бензините се намалуваат, дизелот ќе се продава по стара цена appeared first on Република.

]]>
РКЕ донесе правила за сајбер безбедност за енергетските компании https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-donese-pravila-za-sajber-bezbednost-za-energetskite-kompanii/ Thu, 08 Jun 2023 12:14:17 +0000 https://republika.mk/?p=649254

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе Правила за сајбер-безбедност со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето и да се намалат ризиците од нарушување на континуирано снабдување со електрична енергија, информираат од регулаторното тело.

Како што посочуваат, новата регулатива за сајбер безбедност се воспоставува како стандард за енергетски компании од електроенергетскиот сектор и е изработена во соработка со NARUC (National Association of Regulatory Utility Commissioners) и USAID.

Сведоци сме дека информатичката инфраструктурата која е од витално значење за функционирање на една држава и која се дефинира како критична инфраструктура, е често цел на сајбер напади. Енергетската инфраструктура изобилува со податоци од кои зависи доверливото функционирање на енергетските пазари, а РКЕ има стратешка улога да обезбеди добро функционирање на националните енергетски пазари, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Сајбер-отпорноста и сајбер-безбедноста, додаде, не се проблем само за ИТ, тоа е и безбедносно прашање, но пред се е и регулаторно.

Затоа подготвивме правила и препораки кои треба да ги следат и спроведат енергетските компании со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето, заштита на учесниците на пазарот и потрошувачите и зајакната ефикасност, конкурентност и транспарентност на енергетските пазари, нагласи Бислимоски.

Во сетот на сајбер безбедносни правила, како што посочи, донесена е и Листа на препораки за електроенергетските компании кои треба да се спроведат од МЕПСО и Електродистрибуција, како и од производителите на електрична енергија кои управуваат со електроцентрали со вкупна инсталирана моќност еднаква или поголема од 200 мегавати како што се ЕСМ и ТЕ-ТО. Операторите и производителите се должни да назначат службеник за сајбер безбедност и да дадат приоритет на мерки за заштита на критичната инфраструктура, за која ќе има соодветна процедура за следење, известувања и справување со сајбер напади.

The post РКЕ донесе правила за сајбер безбедност за енергетските компании appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе Правила за сајбер-безбедност со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето и да се намалат ризиците од нарушување на континуирано снабдување со електрична енергија, информираат од регулаторното тело. Како што посочуваат, новата регулатива за сајбер безбедност се воспоставува како стандард за енергетски компании од електроенергетскиот сектор и е изработена во соработка со NARUC (National Association of Regulatory Utility Commissioners) и USAID.
Сведоци сме дека информатичката инфраструктурата која е од витално значење за функционирање на една држава и која се дефинира како критична инфраструктура, е често цел на сајбер напади. Енергетската инфраструктура изобилува со податоци од кои зависи доверливото функционирање на енергетските пазари, а РКЕ има стратешка улога да обезбеди добро функционирање на националните енергетски пазари, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Сајбер-отпорноста и сајбер-безбедноста, додаде, не се проблем само за ИТ, тоа е и безбедносно прашање, но пред се е и регулаторно.
Затоа подготвивме правила и препораки кои треба да ги следат и спроведат енергетските компании со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето, заштита на учесниците на пазарот и потрошувачите и зајакната ефикасност, конкурентност и транспарентност на енергетските пазари, нагласи Бислимоски.
Во сетот на сајбер безбедносни правила, како што посочи, донесена е и Листа на препораки за електроенергетските компании кои треба да се спроведат од МЕПСО и Електродистрибуција, како и од производителите на електрична енергија кои управуваат со електроцентрали со вкупна инсталирана моќност еднаква или поголема од 200 мегавати како што се ЕСМ и ТЕ-ТО. Операторите и производителите се должни да назначат службеник за сајбер безбедност и да дадат приоритет на мерки за заштита на критичната инфраструктура, за која ќе има соодветна процедура за следење, известувања и справување со сајбер напади.

The post РКЕ донесе правила за сајбер безбедност за енергетските компании appeared first on Република.

]]>
Од РКЕ зависи дали ќе има евтина дневна струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-rke-zavisi-dali-ke-ima-evtina-dnevna-struja/ Sat, 27 May 2023 11:48:50 +0000 https://republika.mk/?p=645172

Обновливите извори на енергија, од кои најголем дел се фотоволтаици произведуваат најмногу во дневните часови кога има сонце и тоа овозможува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) да направи калкулации коишто ќе обезбедат враќање на дневната евтина тарифа на струја, посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Дали тоа ќе се случи, тоа зависи од калкулациите на РКЕ, бидејќи тие ги прават и работат како независно тело од Владата. Имајќи ги предвид сите елементи на финалната цена на струја, ние како Влада продолжуваме со субвенционирање на цената на електрична енергија за да нема ценовен шок за граѓаните. Веќе во Буџетот се обезбедени финансиските средства во делот на антикризните мерки за оваа година во износ од 250 милиони евра и штом ќе ги има калкулациите РКЕ тогаш ќе можеме врз основа на тоа што го направиле и врз основа на факти да разговараме дали ќе има дневна евтина тарифа, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на клиничкиот центар во Скопје.

Потсети дека производството на АД ЕСМ од капацитетите кои произведуваат електрична енергија од јаглен и мазут е зголемено за 44 проценти во однос на претходниот период.

Тоа овозможува да имаме електрична енергија без никакви рестрикции што се потврди дека е така. Второ, да имаме електрична енергија по цена која што е најниска во регионот, бидејќи немаше никакво покачување на цената на електрична енергија и дополнително што државата во минатата година има инсталирано 210 мегавати обновливи извори на енергија, потенцира Ковачевски.

Нагласи дека АД ЕСМ во текот на февруари го имаше рекорден месец и ден за производство на електрична енергија при што дури 22.000 мегават часови електрична енергија беа произведени во еден ден.

Тоа се нема случено во декади наназад. Зошто? Бидејќи беа направени сите потребни ремонти во РЕК Битола, третиот блок беше ставен во употреба, РЕК Осломеј се стави во целосна употреба, а порано не ни произведуваше и во ТЕЦ Неготино беа направени сите ремонти и се стави во употреба. Благодарение на добрите односи што ги имаме со соседите, а тоа е набавка на суровини за производство на електрична енергија и не затворање на трансграничните капацитети за транспорт на електрична енергија обезбедивме да имаме успешно справување со енергетската криза и така се подготвуваме и за идната година, појасни Ковачевски.

Прашан дали се готови анализите за враќањето на ДДВ-то за струјата од сегашните 10 проценти на 18 проценти, Ковачевски рече дека се уште се прават калкулации и додаде дека од нив ќе зависи дали ќе има зголемување на ДДВ-то или ќе остане исто за да нема зголемување на крајната цена на струјата што ја плаќаат граѓаните.

ДДВ-то е изворен приход на буџетот и ние го намаливме за струјата со цел да нема ценовен шок за граѓаните. Тоа беше намалено од 18 на 5 проценти, потоа од 18 на 10 проценти и не се качи цената на електричната енергија. Истовремено со зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто што повторно е пониско од вообичаените 18 отсто, зголемувајќи го производството на електрична енергија обезбедивме да има иста цена на струјата. Сега се зема во предвид и нормалната стапка на ДДВ, зголеменото производство на електрична енергија, зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија и доколку калкулациите покажат дека финалната цена со вклучен ДДВ може да остане иста, тогаш Министерството за финансии, ЕСМ и другите ресорни економски министерства ќе можат заедно да донесат одлука во однос на тоа дали е потребно се уште да е држи на 10 проценти ДДВ-то или може да биде на нормална ставка од 18 проценти, а да нема зголемување на цената на електрична енергија за граѓаните, потенцира Ковачевски.

The post Од РКЕ зависи дали ќе има евтина дневна струја appeared first on Република.

РКЕ: Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-vo-prvite-dva-mesetsi-od-godinava-vo-drzhavata-ima-novi-88-fotonaponski-elektrotsentrali/ Sat, 04 Mar 2023 09:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=615781

Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 MW за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се стекнаа со лиценци за работа од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Од РКЕ денеска информираат дека доколку кумулативно се анализираат бројките, од кога се регистрира тренд на зголемен интерес за инвестиции во обновливи извори, за само 14 месеци Комисијата има издадено лиценци за 355 фотонапонски централи, со чија вкупна инсталирана моќност може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинствата со просечна потрошувачка од осум градови низ државава.

Сведоци сте дека интересот за изградба на фотонапонски централи рапидно се зголемува од месец во месец. Последните податоци заклучно со февруари покажуваат дека за само 14 месеци, од 1 јануари 2022 до 28 февруари 2023, во земјава има нови фотонапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181.2 MW од обновливи што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства кои имаат просечна потрошувачка на електрична енергија, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Тој додава дека со овие капацитети од обновливи извори на енергија може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен и Дојран.

The post РКЕ: Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали appeared first on Република.

]]>

Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 MW за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се стекнаа со лиценци за работа од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Од РКЕ денеска информираат дека доколку кумулативно се анализираат бројките, од кога се регистрира тренд на зголемен интерес за инвестиции во обновливи извори, за само 14 месеци Комисијата има издадено лиценци за 355 фотонапонски централи, со чија вкупна инсталирана моќност може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинствата со просечна потрошувачка од осум градови низ државава.
Сведоци сте дека интересот за изградба на фотонапонски централи рапидно се зголемува од месец во месец. Последните податоци заклучно со февруари покажуваат дека за само 14 месеци, од 1 јануари 2022 до 28 февруари 2023, во земјава има нови фотонапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181.2 MW од обновливи што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства кои имаат просечна потрошувачка на електрична енергија, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Тој додава дека со овие капацитети од обновливи извори на енергија може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен и Дојран.

The post РКЕ: Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали appeared first on Република.

]]>
РКЕ: Сметките во Скопје може да се зголемат за 29,5 денари месечно https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/rke-smetkite-vo-skopje-mozhe-da-se-zgolemat-za-29-5-denari-mesechno/ Thu, 02 Mar 2023 15:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=615164

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ)  донесе одлука со која предложи  нова максимална и минимална тарифа за цената на водата  во Скопје и доколку се прифати максималната, водата ќе поскапи за 29,5 денари на месечно ниво, а ако се прифати минималната цената би останала речиси иста. Одлуката, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, ќе биде доставена до Водовод Скопје чиј Управниот одбор ќе донесе заклучок за којшто ќе треба да гласа Советот на Град Скопје. Целата постапка за одлучување треба да биде завршена во рок од 150 дена.

Постоечката цена за домаќинствата изнесува 31,87 денари. Со нашата одлука минималната тарифа предлагаме да изнесува 31,53 денари, тоа е одредено минимално намалување кое што се должи на фактот што помошта која што ќе се дава со пониска цена на електрична енергија ќе продолжи и во следниот период, а максималната тарифа изнесува 34,82 денари. Минималната тарифа е пониска од постоечката, а максималната е повисока за девет проценти. Ако се прифати максималната тарифа, може да има зголемување од 29,5 денари на месечно ниво. Сметам дека 29,5 денари или 30 денари не претставува никаков проблем за претпријатијата, односно за граѓаните. Тоа се само 30 денари на месечно ниво, тоа е доколку се реши Водовод и канализација Скопје понатака и Советот да се прифати максималната тарифа, објасни Бислимовски.

Тој нагласи дека кога одлучуваат за трошоците кај комуналните претпријатија не ги признаваат неоправданите, односно ги признаваат исклучиво економски оправданите трошоци со цел граѓаните да плаќаат за трошоци коишто мора да ги има секое претпријатие.

Притоа кога ќе ги носиме нашите одлуки во наредниот период ќе водиме сметка тие да бидат во рамките коишто ќе може да овозможат да не се политизира прашањето со цените на водните тарифи, рече Бислимовски.

Претседателот на РКЕ посочи дека откако предлогот ќе биде доставен во Скопски водовод, тие имаат право врз основа на рангот меѓу минималната и максималната тарифа да донесат своја одлука која што потоа ја доставуваат до Советот на Град Скопје на одобрување.  

Тој потенцираше дека со минималната тарифа можно е да има намалување на цената на водата и дека тоа зависи во крајна линија од Водовод и канализација и од Советот на Град Скопје.

Доколку се решат за минималната тарифа, нашата предложена минимална тарифа е одредено намалување на цената на водата во Градот Скопје. Најголем дел од претпријатијата коишто поднесуваат барања до РКЕ поднеле барање поради тоа што имаат зголемени трошоци за електрична енергија и во најголем дел од нивните барања овие трошоци за електрична енергија кога си ги препресметувале претпријатијата ја земале предвид цената на електрична енергија на берзата ХУПЕКС. За среќа, во изминатиот период имаме цена на електрична енергија кај овие јавни комунални претпријатија која што ја обезбедува ЕСМ Продажба и истата изнесува 95 евра за мегават час што придонесе да се среди ситуацијата кај јавните комунални претпријатија имајќи во предвид дека месеците август и септември беа критични кај нив. Имаше јавни комунални претпријатија коишто беа на слободниот пазар и нивните трошоци за електрична енергија на месечно ниво беа поголеми од вкупните приходи коишто би ги остварило една претпријатие, рече Бислимовски и доаде дека во целиот овој процес сите јавни комунални претпријатија коишто членуваат во нивното здружение АДКОМ добија целосна поддршка од РКЕ која беше меѓу иницијаторите овие јавни комунални претпријатија да добијат цена на електрична енергија со која што би влијаела на подобрување на ликвидноста на овие претпријатија.

Тој посочи максималниот рок во којшто треба да заврши целата постапка е 150 дена.

Значи, оваа наша одлука во моментов нема да се имплементира. Таа треба да помине низ органите за одлучување во Водовод и канализација и нивниот Управен одбор треба да достави предлог до Советот на Град Скопје. Од денот на носење на нашата одлука до носењето на конечната одлука на Советот на Град Скопје максимумот е 150 дена, рече Бислимовски.

Осврнувајќи се на другите комунални претпријатија во земјава, рече дека  сите имаа одреден недостиг на средства заради зголемените трошоци, но оти треба да се испрати сигнал и кај овие комунални претпријатија да ја подобрат својата ефикасност.

Не може целиот товар да го префрлиме кај граѓаните поради тоа што би се зголемила нивната цена за водни услуги. Секој треба да си преземе одговорност во целиот дел и фактот од којшто не можеме да бегаме сите овие јавни комунални претпријатија во државата се превработени. Јас само би сакал да ви дадам еден пример во електродистрибуција, компанија која што прави дистрибуција на електрична енергија во целата држава работат околу 1 750 вработени. Јас ви гарантирам ако ги земеме петте најголеми града во државата во овие водоводни претпријатија работат околу 5 300 до 4 000 луѓе.  Секој си определува колку се потребни, ама јас не верувам – тоа е мрежна услуга, индикатор има, треба да се внимава дека ако може една дејност како што е дистрибуција на ниво на една цела држава со 1 700 до 1800 луѓе потребно е кај јавните водоводни и комунални претпријатија да се подобри ефикасноста во работењето, нагласи Бислимовски.

The post РКЕ: Сметките во Скопје може да се зголемат за 29,5 денари месечно appeared first on Република.

]]>

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ)  донесе одлука со која предложи  нова максимална и минимална тарифа за цената на водата  во Скопје и доколку се прифати максималната, водата ќе поскапи за 29,5 денари на месечно ниво, а ако се прифати минималната цената би останала речиси иста. Одлуката, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, ќе биде доставена до Водовод Скопје чиј Управниот одбор ќе донесе заклучок за којшто ќе треба да гласа Советот на Град Скопје. Целата постапка за одлучување треба да биде завршена во рок од 150 дена.

Постоечката цена за домаќинствата изнесува 31,87 денари. Со нашата одлука минималната тарифа предлагаме да изнесува 31,53 денари, тоа е одредено минимално намалување кое што се должи на фактот што помошта која што ќе се дава со пониска цена на електрична енергија ќе продолжи и во следниот период, а максималната тарифа изнесува 34,82 денари. Минималната тарифа е пониска од постоечката, а максималната е повисока за девет проценти. Ако се прифати максималната тарифа, може да има зголемување од 29,5 денари на месечно ниво. Сметам дека 29,5 денари или 30 денари не претставува никаков проблем за претпријатијата, односно за граѓаните. Тоа се само 30 денари на месечно ниво, тоа е доколку се реши Водовод и канализација Скопје понатака и Советот да се прифати максималната тарифа, објасни Бислимовски.

Тој нагласи дека кога одлучуваат за трошоците кај комуналните претпријатија не ги признаваат неоправданите, односно ги признаваат исклучиво економски оправданите трошоци со цел граѓаните да плаќаат за трошоци коишто мора да ги има секое претпријатие.
Притоа кога ќе ги носиме нашите одлуки во наредниот период ќе водиме сметка тие да бидат во рамките коишто ќе може да овозможат да не се политизира прашањето со цените на водните тарифи, рече Бислимовски.
Претседателот на РКЕ посочи дека откако предлогот ќе биде доставен во Скопски водовод, тие имаат право врз основа на рангот меѓу минималната и максималната тарифа да донесат своја одлука која што потоа ја доставуваат до Советот на Град Скопје на одобрување.   Тој потенцираше дека со минималната тарифа можно е да има намалување на цената на водата и дека тоа зависи во крајна линија од Водовод и канализација и од Советот на Град Скопје.
Доколку се решат за минималната тарифа, нашата предложена минимална тарифа е одредено намалување на цената на водата во Градот Скопје. Најголем дел од претпријатијата коишто поднесуваат барања до РКЕ поднеле барање поради тоа што имаат зголемени трошоци за електрична енергија и во најголем дел од нивните барања овие трошоци за електрична енергија кога си ги препресметувале претпријатијата ја земале предвид цената на електрична енергија на берзата ХУПЕКС. За среќа, во изминатиот период имаме цена на електрична енергија кај овие јавни комунални претпријатија која што ја обезбедува ЕСМ Продажба и истата изнесува 95 евра за мегават час што придонесе да се среди ситуацијата кај јавните комунални претпријатија имајќи во предвид дека месеците август и септември беа критични кај нив. Имаше јавни комунални претпријатија коишто беа на слободниот пазар и нивните трошоци за електрична енергија на месечно ниво беа поголеми од вкупните приходи коишто би ги остварило една претпријатие, рече Бислимовски и доаде дека во целиот овој процес сите јавни комунални претпријатија коишто членуваат во нивното здружение АДКОМ добија целосна поддршка од РКЕ која беше меѓу иницијаторите овие јавни комунални претпријатија да добијат цена на електрична енергија со која што би влијаела на подобрување на ликвидноста на овие претпријатија.
Тој посочи максималниот рок во којшто треба да заврши целата постапка е 150 дена.
Значи, оваа наша одлука во моментов нема да се имплементира. Таа треба да помине низ органите за одлучување во Водовод и канализација и нивниот Управен одбор треба да достави предлог до Советот на Град Скопје. Од денот на носење на нашата одлука до носењето на конечната одлука на Советот на Град Скопје максимумот е 150 дена, рече Бислимовски.
Осврнувајќи се на другите комунални претпријатија во земјава, рече дека  сите имаа одреден недостиг на средства заради зголемените трошоци, но оти треба да се испрати сигнал и кај овие комунални претпријатија да ја подобрат својата ефикасност.
Не може целиот товар да го префрлиме кај граѓаните поради тоа што би се зголемила нивната цена за водни услуги. Секој треба да си преземе одговорност во целиот дел и фактот од којшто не можеме да бегаме сите овие јавни комунални претпријатија во државата се превработени. Јас само би сакал да ви дадам еден пример во електродистрибуција, компанија која што прави дистрибуција на електрична енергија во целата држава работат околу 1 750 вработени. Јас ви гарантирам ако ги земеме петте најголеми града во државата во овие водоводни претпријатија работат околу 5 300 до 4 000 луѓе.  Секој си определува колку се потребни, ама јас не верувам – тоа е мрежна услуга, индикатор има, треба да се внимава дека ако може една дејност како што е дистрибуција на ниво на една цела држава со 1 700 до 1800 луѓе потребно е кај јавните водоводни и комунални претпријатија да се подобри ефикасноста во работењето, нагласи Бислимовски.

The post РКЕ: Сметките во Скопје може да се зголемат за 29,5 денари месечно appeared first on Република.

]]>
РКЕ: Во јануари нови 26 фотонапонски централи со моќност од шест мегавати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-vo-januari-novi-26-fotonaponski-tsentrali-so-moknost-od-shest-megavati/ Sat, 18 Feb 2023 09:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=610427

Во јануари нови 26 фотонапонски електроцентрали со моќност од шест мегавати за производство на електрична енергија од обновливи извори се стекнаа со лиценци за работа од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Станува збор за домашни стопанственици кои инвестираат во фотонапонски централи со цел да си обезбедат самостојно струја за производствените потреби. Дел од стопанствениците кои добиле лиценци произведуваат мебел, кондиторски производи, а дел од нив се и од фармацевтскиот сектор.

Интересот на приватниот сектор за инвестиции во фотоволтаични централи е висок, кумулативно ако се гледа за само 13 месеци, РКЕ има издадено лиценци за вкупно 293 централи со вкупниот инсталиран капацитет од 158.2 MW што се во функција и од кои се произведува електрична енергија од обновливи извори. Во земјава само за една година и еден месец се изградени фотонапонски електроцентрали со вкупен инсталираниот капацитет што е поголем од инсталираниот капацитет на ТЕЦ Осломеј. Струјата од сонце се покажа како главен штит на приватниот сектор во борбата за економски опстанок, зголемена конкурентност, раст и развој, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Во 2022 година, РКЕ издаде лиценци за вкупно 267 централи, што е скоро двојно повеќе од донесените одлуки за издавање на лиценци во претходните пет години (од 2017 до 2021 донесени се 146 одлуки за издавање на лиценци).

The post РКЕ: Во јануари нови 26 фотонапонски централи со моќност од шест мегавати appeared first on Република.

Новогодишната честитка од Владата ќе ви ги смрзне срцата, ќе ви ги заледи домовите и ќе ви ги испразни џебовите – поскапе струјата! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/novogodishnata-chestitka-od-vladata-ke-vi-gi-smrzne-srtsata-ke-vi-gi-zaledi-domovite-i-ke-vi-gi-isprazni-dhebovite-poskape-strujata/ Mon, 02 Jan 2023 11:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=592597

Во новата година влеговме истоштени и истрошени. Во годината што останува зад нас основните прехранбени производи станаа луксуз, неделниот ручек се почесто е посен, а неделата неработен ден - совршен за перење, пеглање, готвење, чистење. Владата ни советуваше да готвиме во помали тенџериња, да се тушираме наместо да се капеме и да ги гасиме компјутерите. Штедевме, денот го заменивме за ноќ, а благата зима ни даваше надеж дека можеби и ќе се преживее.

И како да не е доволно што ветувањата на Владата на терен изгледаат како ветер и магла, и што зимата допрва доаѓа, вистинска новогодишна честитка ќе ја почувстуваме на гола кожа со јануарската сметка за струја.

Поскапува струјата. Во реалноста, а не во политичките говори на функционерите. Регулаторна, која ги пресметува цените на струјата без да вклучи ДДВ, всушност ги намали цените за првиот и за вториот блок за домаќинства, меѓутоа од 1 јануари почнува да важи мерката за враќање на ДДВ-то од 5 на 10 проценти.

Кај 99,2 отсто од домаќинствата ќе се намали трошокот за електрична енергија не вклучувајќи го зголемувањето на ДДВ-то. Најбитно е што за 70.000 мали и микро компании значително се намалува цената на струјата, вели во една изјава претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Но, дали е така?

Во оваа табела се претставени целите на струјата за киловат-час по блокови. Блоковите важат за скапата струја. Притоа, ДДВ-то е покачено од 5 на 10 отсто. Земете една сметка за струја помножете ја вашата потрошувачка со новата цена и додадете 10% и лесно можете да пресметате колку „ќе ви поевтини струјата“ од 1 јануари.

Во оваа табела, пак, е претставена цената на евтината струја, која поскапува повеќе од двојно.

Со прости зборови, граѓаните кои переле, пеглале и готвеле на евтина струја во недела или по 22 часот, сега ќе плаќаат двојно повеќе ако продолжат да штедат на истиот начин.

Но, Бислимоски не е едиснтвен кој ја убедуваше јавноста дека струјата од 1 јанари ќе поевтини.

И министерот Крешник Бектеши тврдеше дека граѓаните можат да бидат спокојни бидејќи владата се грижи енергетската криза да не им се удри од грбот.

Од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат со друга математика. Од сите параметри кои ја формаираат цената на струјата единствено поевтинува преносот на струја. Во евтината тарифа струјата за домаќинствата поскапува за повеќе од двојно, така што нема математика која ќе го оправда тврдењето на власта.

Имено, на слика 1 и 2 се дадени официјалните вредности за цените на електричната енергија за домаќинствата од одлуката на РКЕ која е на сила од 1.7.2022 година, споредено со новите цени кои треба да важат од 1.1.2023 година.
Од слика 1, за категорија на потрошувачи домаќинства јасно се гледа дека има зголемување на цените на електричната енергија во сите четири блока од скапата струја. Тоа значи дека во кој блок и да сте, секако од 1.1.2023 имате зголемена цена на струјата во висока тарифа.
Посебно е страшно што СДСМ го премолчува најважното, а тоа е дека цената на струјата во т.н. ефтина тарифа расте повеќе од дупло. Ова е дадено на Слика 2, каде јасно се гледа дека цената на електричната енергија во ниската тарифа се зголемува од 0,6193 Ден/kWh на 1,3181 Ден/kWh. За жал, тоа е најсиромашната категорија на граѓани, кои најмногу штедат, па чекат да дојде 22 часот навечер или недела цел ден, за да користат ефтина струја. Истите тие сега за струјата во ефтина тарифа од 1ви јануари ќе плаќаат дупло повисока цена.
Згора на сẻ, ако на ова се додаде зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 %, тогаш навистина не се јасни изјавите на ПР тимот од кујната на СДС за намалување на цените на струјата за домаќинствата.
Затоа прашуваме: КАКО СДСМ го пресмета намалувањето на цените кога од сите елементи со кои се формира цената единствено ќе се намали тарифата за пренос и дистрибуција, додека сите други елементи ќе се зголемат, вклучувајќи го и ДДВ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се уверија дека Владата нема да дозволи ценовен шок за населението и за малите потрошувачи на електрична енергија, што се потврди со цените на струјата што денеска ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика”, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за Македонска радио телевизија.

Претседателот на Владата посочи дека од 1 јануари, цената на електрична енергија кај домаќинствата за првиот и вториот блок се намалува, а само ќе се зголеми цената на третиот и четвртиот блок.

Во четвриот блок има зголемување на цената, но таму се граѓани и семејства кои трошат поголеми количини на енергија, кои загреваат поголеми површини, дел од нив загреваат и базени во текот на зимскиот период. Тие можат да си дозволат да имаат таква потрошувачка”, рече премиерот Ковачевски.

Одговор простигна од претседателот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски.

Евтината тарифа од 0,6 денари се зголемува на 1,3 денари, повеќе од двапати тоа го заборавија да го кажат. И сега кога ќе си пресмета секој еден граѓанин колку киловат часови троши во евтина, а колку во еден од блоковите ќе видите дека сметката со додадените плус 5% данок на додадена вредност ќе биде најмалку 20% поголема. Но, тоа од први јануари ќе го видат сите граѓани и ќе го доживеат. Тоа заборавија да го кажат, тоа никаде го нема, ниту во соопштението на Регулаторната дека ниската тарифа од 0,6 денари ќе стане 1,3 денари. наеднаш се зголеми за 200 отсто. Тоа никаде го нема, тоа никој не го кажува – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Новогодишната честитка од Владата ќе ви ги смрзне срцата, ќе ви ги заледи домовите и ќе ви ги испразни џебовите – поскапе струјата! appeared first on Република.

]]>

Во новата година влеговме истоштени и истрошени. Во годината што останува зад нас основните прехранбени производи станаа луксуз, неделниот ручек се почесто е посен, а неделата неработен ден - совршен за перење, пеглање, готвење, чистење. Владата ни советуваше да готвиме во помали тенџериња, да се тушираме наместо да се капеме и да ги гасиме компјутерите. Штедевме, денот го заменивме за ноќ, а благата зима ни даваше надеж дека можеби и ќе се преживее. И како да не е доволно што ветувањата на Владата на терен изгледаат како ветер и магла, и што зимата допрва доаѓа, вистинска новогодишна честитка ќе ја почувстуваме на гола кожа со јануарската сметка за струја. Поскапува струјата. Во реалноста, а не во политичките говори на функционерите. Регулаторна, која ги пресметува цените на струјата без да вклучи ДДВ, всушност ги намали цените за првиот и за вториот блок за домаќинства, меѓутоа од 1 јануари почнува да важи мерката за враќање на ДДВ-то од 5 на 10 проценти.
Кај 99,2 отсто од домаќинствата ќе се намали трошокот за електрична енергија не вклучувајќи го зголемувањето на ДДВ-то. Најбитно е што за 70.000 мали и микро компании значително се намалува цената на струјата, вели во една изјава претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Но, дали е така? Во оваа табела се претставени целите на струјата за киловат-час по блокови. Блоковите важат за скапата струја. Притоа, ДДВ-то е покачено од 5 на 10 отсто. Земете една сметка за струја помножете ја вашата потрошувачка со новата цена и додадете 10% и лесно можете да пресметате колку „ќе ви поевтини струјата“ од 1 јануари. Во оваа табела, пак, е претставена цената на евтината струја, која поскапува повеќе од двојно. Со прости зборови, граѓаните кои переле, пеглале и готвеле на евтина струја во недела или по 22 часот, сега ќе плаќаат двојно повеќе ако продолжат да штедат на истиот начин. Но, Бислимоски не е едиснтвен кој ја убедуваше јавноста дека струјата од 1 јанари ќе поевтини. И министерот Крешник Бектеши тврдеше дека граѓаните можат да бидат спокојни бидејќи владата се грижи енергетската криза да не им се удри од грбот. Од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат со друга математика. Од сите параметри кои ја формаираат цената на струјата единствено поевтинува преносот на струја. Во евтината тарифа струјата за домаќинствата поскапува за повеќе од двојно, така што нема математика која ќе го оправда тврдењето на власта.
Имено, на слика 1 и 2 се дадени официјалните вредности за цените на електричната енергија за домаќинствата од одлуката на РКЕ која е на сила од 1.7.2022 година, споредено со новите цени кои треба да важат од 1.1.2023 година. Од слика 1, за категорија на потрошувачи домаќинства јасно се гледа дека има зголемување на цените на електричната енергија во сите четири блока од скапата струја. Тоа значи дека во кој блок и да сте, секако од 1.1.2023 имате зголемена цена на струјата во висока тарифа. Посебно е страшно што СДСМ го премолчува најважното, а тоа е дека цената на струјата во т.н. ефтина тарифа расте повеќе од дупло. Ова е дадено на Слика 2, каде јасно се гледа дека цената на електричната енергија во ниската тарифа се зголемува од 0,6193 Ден/kWh на 1,3181 Ден/kWh. За жал, тоа е најсиромашната категорија на граѓани, кои најмногу штедат, па чекат да дојде 22 часот навечер или недела цел ден, за да користат ефтина струја. Истите тие сега за струјата во ефтина тарифа од 1ви јануари ќе плаќаат дупло повисока цена. Згора на сẻ, ако на ова се додаде зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 %, тогаш навистина не се јасни изјавите на ПР тимот од кујната на СДС за намалување на цените на струјата за домаќинствата. Затоа прашуваме: КАКО СДСМ го пресмета намалувањето на цените кога од сите елементи со кои се формира цената единствено ќе се намали тарифата за пренос и дистрибуција, додека сите други елементи ќе се зголемат, вклучувајќи го и ДДВ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
  Граѓаните се уверија дека Владата нема да дозволи ценовен шок за населението и за малите потрошувачи на електрична енергија, што се потврди со цените на струјата што денеска ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика”, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за Македонска радио телевизија. Претседателот на Владата посочи дека од 1 јануари, цената на електрична енергија кај домаќинствата за првиот и вториот блок се намалува, а само ќе се зголеми цената на третиот и четвртиот блок.
Во четвриот блок има зголемување на цената, но таму се граѓани и семејства кои трошат поголеми количини на енергија, кои загреваат поголеми површини, дел од нив загреваат и базени во текот на зимскиот период. Тие можат да си дозволат да имаат таква потрошувачка”, рече премиерот Ковачевски.
Одговор простигна од претседателот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски.
Евтината тарифа од 0,6 денари се зголемува на 1,3 денари, повеќе од двапати тоа го заборавија да го кажат. И сега кога ќе си пресмета секој еден граѓанин колку киловат часови троши во евтина, а колку во еден од блоковите ќе видите дека сметката со додадените плус 5% данок на додадена вредност ќе биде најмалку 20% поголема. Но, тоа од први јануари ќе го видат сите граѓани и ќе го доживеат. Тоа заборавија да го кажат, тоа никаде го нема, ниту во соопштението на Регулаторната дека ниската тарифа од 0,6 денари ќе стане 1,3 денари. наеднаш се зголеми за 200 отсто. Тоа никаде го нема, тоа никој не го кажува – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post Новогодишната честитка од Владата ќе ви ги смрзне срцата, ќе ви ги заледи домовите и ќе ви ги испразни џебовите – поскапе струјата! appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи струјата од 1 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-ke-znaeme-kolku-ke-poskapi-strujata-od-1-januari/ Wed, 28 Dec 2022 07:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=590755

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари.

Трите енергетски компании ги доставија своите барања до Регулаторната комисија за енергетика и доколку се прифатат нивните барања, цената на струјата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, но во крајниот трошок ќе влезе и зголемувањето на данокот на додадена вредност од 5 на 10 проценти.

Доколку се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, а зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто ќе има влијание од 4,72 проценти на крајниот трошок, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во понеделникот.

АД МЕПСО бара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за 29,75 проценти, „ЕВН Електродистрибуција“ бара намалување на услугата за дистрибуција на електрична енергија за 2,8 проценти, а универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ бара зголемување за пет отсто на цената за снабдување со електрична енергија.

The post Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи струјата од 1 јануари appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари. Трите енергетски компании ги доставија своите барања до Регулаторната комисија за енергетика и доколку се прифатат нивните барања, цената на струјата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, но во крајниот трошок ќе влезе и зголемувањето на данокот на додадена вредност од 5 на 10 проценти.
Доколку се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, а зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто ќе има влијание од 4,72 проценти на крајниот трошок, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во понеделникот.
АД МЕПСО бара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за 29,75 проценти, „ЕВН Електродистрибуција“ бара намалување на услугата за дистрибуција на електрична енергија за 2,8 проценти, а универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ бара зголемување за пет отсто на цената за снабдување со електрична енергија.

The post Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи струјата од 1 јануари appeared first on Република.

]]>
Од ноќеска поскапува дизелот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-nokjeska-poskapuva-dizelot/ Fri, 16 Dec 2022 11:46:19 +0000 https://republika.mk/?p=586453

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 2,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 3,00 денари по литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 80,50 денари, а на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 78,50 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава за 76,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 78,50, а килограм Мазут М-1 НС за 39,37 денари.

The post Од ноќеска поскапува дизелот appeared first on Република.

]]>

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 2,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 3,00 денари по литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 80,50 денари, а на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 78,50 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава за 76,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 78,50, а килограм Мазут М-1 НС за 39,37 денари.

The post Од ноќеска поскапува дизелот appeared first on Република.

]]>
РКЕ денеска одлучува за новите цени на горивата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-deneska-odluchuva-za-novite-ceni-na-gorivata/ Mon, 21 Nov 2022 08:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=576363

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука на РКЕ, за два денари се намали цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 1,660 ден/кг и сега ќе изнесува 45,962 ден/кг.

Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство останаа исти.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 91,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 88,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,962 (денари/килограм).

The post РКЕ денеска одлучува за новите цени на горивата appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата. Согласно последната одлука на РКЕ, за два денари се намали цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 1,660 ден/кг и сега ќе изнесува 45,962 ден/кг. Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство останаа исти. Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 91,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 88,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 45,962 (денари/килограм).  

The post РКЕ денеска одлучува за новите цени на горивата appeared first on Република.

]]>
РКЕ издаде над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-izdade-nad-200-licenci-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija-od-obnovlivi-izvori/ Sat, 19 Nov 2022 09:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=575768

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали, а со инсталираниот капацитет, како што соопшти, може да се задоволат потребите на 27100 домаќинства.

Според РКЕ, најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали.

Досега оваа година имаме издадено лиценци за 86,8 мегавати инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали, додека 6,4 се за мали хидроцентрали и 2,5 мегавати за тероелектроцентрали на биогас или вкупно се издадени лиценци со предвидено просечно годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија на ниво од 95,7 мегават часови. Овие електроцентрали се приклучени на електродистрибутивната мрежа, информира РКЕ.

Регулаторната комисија оценува дека оваа количина на електрична енергија од над 95 мегават часови од обновливи извори на енергија гледано во апсолутен износ е и повисока од производството на ХЕЦ Козјак и со неа може да се задоволат потребите за 27 100 домаќинства.

Ваквите приватни иницијативи во време на енергетска криза се покажаа како решение за многу стопанственици кои со инсталирање на фотонапонски електроцентрали ги намалија значително трошоците за електрична енергија и произведената електрична енергија ја користат за задоволување на сопствени потреби. Во сончеви периоди и денови овие потрошувачи коишто имаат инсталирано фотонапонски електроцентрали во најголем дел ги задоволуваат сопствените потреби и поради тоа немаат потреба да набавуваат електрична енергија од снабдувачите со електрична енергија и истата да ја плаќаат, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

The post РКЕ издаде над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали, а со инсталираниот капацитет, како што соопшти, може да се задоволат потребите на 27100 домаќинства. Според РКЕ, најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали.
Досега оваа година имаме издадено лиценци за 86,8 мегавати инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали, додека 6,4 се за мали хидроцентрали и 2,5 мегавати за тероелектроцентрали на биогас или вкупно се издадени лиценци со предвидено просечно годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија на ниво од 95,7 мегават часови. Овие електроцентрали се приклучени на електродистрибутивната мрежа, информира РКЕ.
Регулаторната комисија оценува дека оваа количина на електрична енергија од над 95 мегават часови од обновливи извори на енергија гледано во апсолутен износ е и повисока од производството на ХЕЦ Козјак и со неа може да се задоволат потребите за 27 100 домаќинства.
Ваквите приватни иницијативи во време на енергетска криза се покажаа како решение за многу стопанственици кои со инсталирање на фотонапонски електроцентрали ги намалија значително трошоците за електрична енергија и произведената електрична енергија ја користат за задоволување на сопствени потреби. Во сончеви периоди и денови овие потрошувачи коишто имаат инсталирано фотонапонски електроцентрали во најголем дел ги задоволуваат сопствените потреби и поради тоа немаат потреба да набавуваат електрична енергија од снабдувачите со електрична енергија и истата да ја плаќаат, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

The post РКЕ издаде над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>
РКЕ: Увид во поднесените барања за промена на корисник ќе врши операторот на електродистрибутивниот систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-uvid-vo-podnesenite-baranja-za-promena-na-korisnik-kje-vrshi-operatorot-na-elektrodistributivniot-sistem/ Fri, 18 Nov 2022 13:46:54 +0000 https://republika.mk/?p=575472

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во реакција за информациите во однос на миграцијата од слободен на регулиран пазар укажува дека увид во поднесените барања за промена на корисник ќе врши операторот на електродистрибутивниот систем, што е различно од ЕВН Хоме.

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, во однос на изјавите во последната недела кои се однесуваат на миграцијата од слободен на регулиран пазар, укажува дека РКЕ уште на почеток на годината беше прва институција која го детектираше манипулативното однесување на дел од компаниите кои од слободен се префрлаа на регулиран пазар и за тоа навремено ги извести надлежните институции кои водат соодветни постапки. Во исто време појаснуваме дека, согласно со донесената Одлука на Владата, увид во поднесените барања за промена на корисник ќе врши операторот на електродистрибутивниот систем, што е различно од ЕВН Хоме, наведува РКЕ во реакцијата.

РКЕ најавува дека следниот месец ќе влезе во процес на детално анализирање и сегментација на работата на енергетските компании откако тие ќе ги достават барањата по што ќе се утврдуваат тарифите кои ќе бидат во сила од 1 јануари, а се однесуваат на електричната енергија.

Станува збор за сензибилен период во кој многу т.н авторитети ќе се чувствуваат подготвени да ги коментираат енергетските случувања. РКЕ ќе продолжи транспарентно, како и до сега да ги информира граѓаните со цел да се аморитизираат сите шпекулации и лиферувања за цената на електричната енергија. РКЕ останува на клучниот постулат дека транспарентното информирање е единствена алатка во борбата со дезинформациите, стои во реакцијата од РКЕ.

The post РКЕ: Увид во поднесените барања за промена на корисник ќе врши операторот на електродистрибутивниот систем appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во реакција за информациите во однос на миграцијата од слободен на регулиран пазар укажува дека увид во поднесените барања за промена на корисник ќе врши операторот на електродистрибутивниот систем, што е различно од ЕВН Хоме. Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, во однос на изјавите во последната недела кои се однесуваат на миграцијата од слободен на регулиран пазар, укажува дека РКЕ уште на почеток на годината беше прва институција која го детектираше манипулативното однесување на дел од компаниите кои од слободен се префрлаа на регулиран пазар и за тоа навремено ги извести надлежните институции кои водат соодветни постапки. Во исто време појаснуваме дека, согласно со донесената Одлука на Владата, увид во поднесените барања за промена на корисник ќе врши операторот на електродистрибутивниот систем, што е различно од ЕВН Хоме, наведува РКЕ во реакцијата. РКЕ најавува дека следниот месец ќе влезе во процес на детално анализирање и сегментација на работата на енергетските компании откако тие ќе ги достават барањата по што ќе се утврдуваат тарифите кои ќе бидат во сила од 1 јануари, а се однесуваат на електричната енергија. Станува збор за сензибилен период во кој многу т.н авторитети ќе се чувствуваат подготвени да ги коментираат енергетските случувања. РКЕ ќе продолжи транспарентно, како и до сега да ги информира граѓаните со цел да се аморитизираат сите шпекулации и лиферувања за цената на електричната енергија. РКЕ останува на клучниот постулат дека транспарентното информирање е единствена алатка во борбата со дезинформациите, стои во реакцијата од РКЕ.

The post РКЕ: Увид во поднесените барања за промена на корисник ќе врши операторот на електродистрибутивниот систем appeared first on Република.

]]>
За 15 дена произведени 199.830 мвч струја, од домашно производство целосно покриени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-15-dena-proizvedeni-199-830-mvch-struja-od-domashno-proizvodstvo-celosno-pokrieni-potrebite-na-domakjinstvata-i-malite-potroshuvachi/ Sun, 06 Nov 2022 13:53:28 +0000 https://republika.mk/?p=570341

Во изминатите 15 дена во земјава вкупно се произведени 199 830 мегават часови на електрична енергија. Во истиот период продадени се 600 мегаватчасови електична енергија како вишоци. Со ова домашото производство на електрична енергија од АД ЕСМ во посочениот период во целост ги покрива потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информира на денешната прес-конференција соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата, Виктор Андонов.

Во текот на вчерашниот ден, пак, произведени се вкупно 11.360 мвч струја од кои 8.242 во термоелектраните додека од обновливи извори 3.118 мвч.

-Заклучно со крајот на октомври 2022 ЕСМ го реализираше целосно својот план за производство на електрична енергија. Беа планирани 3.034 гигаватчасови енергија, а произведени се 3.039 гвч или некој гигават час повеќе од предвиденото. Со ова, сто отсто беа задоволени потребите на потрошувачката на електрична енергија на регулираниот пазар, односно за домаќинствата и малите потрошувачи согласно ветувањето на Владата. Граѓаните да бидат спокојни финансиски средства се обезбедени, ликвидноста на ЕСМ е осигурана, струја ќе има за сите во текот на оваа зима, рече Андонов.

Состојбата во цела Европа е комплексна и секоја држава ги бара најдобрите решенија, а нашите позиции, додаде тој, се јасни работиме на зголемување на домашното поривзводство и ги ставиме во погон сите капацитети на државата. При тоа повика на штедење од сите за зачување на енергетската стабилност и рационално користење на енергенсите.

-Сега е време на солидарност, разбирање и соработка на целото општество. Пред нас е зимата доаѓаат постудени денови неопхопдно е сите да вложиме максимални напори за штедење на електричната енергија. Во октомври покрај добрите временски услови и намалениот конзум голема улога одигра и штедењето на струја од граѓаните и институциите за да нема набавка на електична енергија. Во периодот што ни следи иамаме само еден избор, а тоа е да штедиме и рационално да се однесуваме, рече Андонов.

На новинарско прашање што ќе преземат во случајот со фирмите кои користејќи ги законските недоречености се префрлиле на регулираниот пазар се префрлија на регулираниот пазар, колкава е штетат и кој ќе ја плати, Андонов рече дека ваквиот тренд минатата година прв пат бил забележан токму од државните институции и РКЕ.

-За овој тренд се информирани надлежните институции кои треба да се справат со оваа појава и да донесат соодветни мерки со кои би се спречила евентуална злоупотреба на струјата која би требало да се користи од домаќинствата и малите потрошувачи. Да ги оставиме инстритуциите да си ја завршат работатат, а за тоа јавноста ќе биде транспарентно информирана, рече владиниот соработник за енергетика Андонов.

The post За 15 дена произведени 199.830 мвч струја, од домашно производство целосно покриени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи appeared first on Република.

]]>

Во изминатите 15 дена во земјава вкупно се произведени 199 830 мегават часови на електрична енергија. Во истиот период продадени се 600 мегаватчасови електична енергија како вишоци. Со ова домашото производство на електрична енергија од АД ЕСМ во посочениот период во целост ги покрива потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информира на денешната прес-конференција соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата, Виктор Андонов. Во текот на вчерашниот ден, пак, произведени се вкупно 11.360 мвч струја од кои 8.242 во термоелектраните додека од обновливи извори 3.118 мвч. -Заклучно со крајот на октомври 2022 ЕСМ го реализираше целосно својот план за производство на електрична енергија. Беа планирани 3.034 гигаватчасови енергија, а произведени се 3.039 гвч или некој гигават час повеќе од предвиденото. Со ова, сто отсто беа задоволени потребите на потрошувачката на електрична енергија на регулираниот пазар, односно за домаќинствата и малите потрошувачи согласно ветувањето на Владата. Граѓаните да бидат спокојни финансиски средства се обезбедени, ликвидноста на ЕСМ е осигурана, струја ќе има за сите во текот на оваа зима, рече Андонов. Состојбата во цела Европа е комплексна и секоја држава ги бара најдобрите решенија, а нашите позиции, додаде тој, се јасни работиме на зголемување на домашното поривзводство и ги ставиме во погон сите капацитети на државата. При тоа повика на штедење од сите за зачување на енергетската стабилност и рационално користење на енергенсите. -Сега е време на солидарност, разбирање и соработка на целото општество. Пред нас е зимата доаѓаат постудени денови неопхопдно е сите да вложиме максимални напори за штедење на електричната енергија. Во октомври покрај добрите временски услови и намалениот конзум голема улога одигра и штедењето на струја од граѓаните и институциите за да нема набавка на електична енергија. Во периодот што ни следи иамаме само еден избор, а тоа е да штедиме и рационално да се однесуваме, рече Андонов. На новинарско прашање што ќе преземат во случајот со фирмите кои користејќи ги законските недоречености се префрлиле на регулираниот пазар се префрлија на регулираниот пазар, колкава е штетат и кој ќе ја плати, Андонов рече дека ваквиот тренд минатата година прв пат бил забележан токму од државните институции и РКЕ. -За овој тренд се информирани надлежните институции кои треба да се справат со оваа појава и да донесат соодветни мерки со кои би се спречила евентуална злоупотреба на струјата која би требало да се користи од домаќинствата и малите потрошувачи. Да ги оставиме инстритуциите да си ја завршат работатат, а за тоа јавноста ќе биде транспарентно информирана, рече владиниот соработник за енергетика Андонов.

The post За 15 дена произведени 199.830 мвч струја, од домашно производство целосно покриени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи appeared first on Република.

]]>