рк вардар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rk-vardar/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 10:27:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рк вардар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rk-vardar/ 32 32 Шансите на РК Вардар за пласман во втората фаза на Лига Европа минимални https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/shansite-na-rk-vardar-za-plasman-vo-vtorata-faza-na-liga-evropa-minimalni/ Wed, 23 Oct 2024 10:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=830130

Ракометарите на Вардар 1961 загубија синоќа во Скопје од Порто со 22-26 и со вториот пораз во третиот натпревар во групата Ф значително ги намалија шансите за пласман во втората фаза во Лига Европа.

Вардар имаше рано водство од 3-2 кога му дозволи на португалскиот тим да влезе во серијата од 4-0, но сепак, до крајот на полувремето ја врати предноста и замина на пауза со водство од 12-10.

Нападот на македонскиот тим не функционираше во второто полувреме, а одбраната тешко се снаоѓаше со формацијата „7 на 6“ на Порто, што резултираше со водство на португалскиот тим од 20-17 во 49 минута, а Вардар 1961 немаше сили до крајот да го избегне поразот, прв во салата „Јане Сандански“ по повеќе од една година.

Родригез со четири голови беше најефикасен во редовите на „црвено – црните“.

Реваншот во Порто на програмата е на 29 октомври.

По третото коло во групата Ф, Вардар е на третото место со два бода, еден помалку од второпласираниот Порто. Германски Мелсунген е лидер со максимални шест босови, а исландски Валур на последното место без освоен бод.

The post Шансите на РК Вардар за пласман во втората фаза на Лига Европа минимални appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Вардар 1961 загубија синоќа во Скопје од Порто со 22-26 и со вториот пораз во третиот натпревар во групата Ф значително ги намалија шансите за пласман во втората фаза во Лига Европа. Вардар имаше рано водство од 3-2 кога му дозволи на португалскиот тим да влезе во серијата од 4-0, но сепак, до крајот на полувремето ја врати предноста и замина на пауза со водство од 12-10. Нападот на македонскиот тим не функционираше во второто полувреме, а одбраната тешко се снаоѓаше со формацијата „7 на 6“ на Порто, што резултираше со водство на португалскиот тим од 20-17 во 49 минута, а Вардар 1961 немаше сили до крајот да го избегне поразот, прв во салата „Јане Сандански“ по повеќе од една година. Родригез со четири голови беше најефикасен во редовите на „црвено – црните“. Реваншот во Порто на програмата е на 29 октомври. По третото коло во групата Ф, Вардар е на третото место со два бода, еден помалку од второпласираниот Порто. Германски Мелсунген е лидер со максимални шест босови, а исландски Валур на последното место без освоен бод.

The post Шансите на РК Вардар за пласман во втората фаза на Лига Европа минимални appeared first on Република.

]]>
Борозан и искасан од кучиња ќе игра против Порто! https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/borozan-i-iskasan-od-kuchina-ke-igra-protiv-porto/ Tue, 22 Oct 2024 11:02:47 +0000 https://republika.mk/?p=829768

РК Вардар вечерва ќе го има третиот настап во ракометна Европа оваа сезона. Противник е Порто, а што се однесува до составот со кој вардарци ќе ги одмерат силите против Португалците, мало изненадување. Имено во составот на тренерот Недановски е и Вуко Борозан, интернационалецот од Црна Гора кој деновиве беше искасан од кучиња скитници и неговиот настап беше под голем знак прашалник.

Сепак тој изгледа е подобар и се наоѓа во записникот. Во него го нема Танкоски, но затоа тука е Јагуриновски.

Ова е составот на РК Вардар за вечерашниот меч со Порто (20:45 Ч) во салата “Јане Сандански“ во Скопје:


Извор:спортспорт.мк

The post Борозан и искасан од кучиња ќе игра против Порто! appeared first on Република.

]]>

РК Вардар вечерва ќе го има третиот настап во ракометна Европа оваа сезона. Противник е Порто, а што се однесува до составот со кој вардарци ќе ги одмерат силите против Португалците, мало изненадување. Имено во составот на тренерот Недановски е и Вуко Борозан, интернационалецот од Црна Гора кој деновиве беше искасан од кучиња скитници и неговиот настап беше под голем знак прашалник. Сепак тој изгледа е подобар и се наоѓа во записникот. Во него го нема Танкоски, но затоа тука е Јагуриновски. Ова е составот на РК Вардар за вечерашниот меч со Порто (20:45 Ч) во салата “Јане Сандански“ во Скопје:
Извор:спортспорт.мк

The post Борозан и искасан од кучиња ќе игра против Порто! appeared first on Република.

]]>
РК Вардар потсетува на старите добри времиња https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rk-vardar-potsetuva-na-starite-dobri-vremina/ Wed, 09 Oct 2024 15:37:31 +0000 https://republika.mk/?p=824807

Ракометарите на Вардар 1961 со победа стартуваа во ЕХФ Европската лига, совладувајќи го вчера на домашен терен во Скопје исландски Валур со 33-26 во рамки на воведното коло во групата Ф.

По почетното водство на Валур од 2-0, Вардар ја презеде контролата врз резултатот и наметна цврста игра во одбраната која на полувреме му донесе убедлива предност од 19-11.

Валур на средина од вториот дел на два пати се доближи на пет голови негатива (25-20, 26-21), но Вардар не дозволи натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ да влезе во неизвесна завршница и со победа го почна настапот на европската сцена на која се врати по пауза од две години.

Срдановиќ и Борозан со по шест голови беа најефикасни во редовите на „црвено – црните“, а забележителен настап имаше и голманот на Вардар, Еспиња, кој запиша 14 интервенции.

Вардар во второто коло во Европската лига му гостува на германски Мелсунген. идниот четврток од 18:45 часот. ег

The post РК Вардар потсетува на старите добри времиња appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Вардар 1961 со победа стартуваа во ЕХФ Европската лига, совладувајќи го вчера на домашен терен во Скопје исландски Валур со 33-26 во рамки на воведното коло во групата Ф. По почетното водство на Валур од 2-0, Вардар ја презеде контролата врз резултатот и наметна цврста игра во одбраната која на полувреме му донесе убедлива предност од 19-11. Валур на средина од вториот дел на два пати се доближи на пет голови негатива (25-20, 26-21), но Вардар не дозволи натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ да влезе во неизвесна завршница и со победа го почна настапот на европската сцена на која се врати по пауза од две години. Срдановиќ и Борозан со по шест голови беа најефикасни во редовите на „црвено – црните“, а забележителен настап имаше и голманот на Вардар, Еспиња, кој запиша 14 интервенции. Вардар во второто коло во Европската лига му гостува на германски Мелсунген. идниот четврток од 18:45 часот. ег

The post РК Вардар потсетува на старите добри времиња appeared first on Република.

]]>
РК Вардар утре ја очекува првата евро победа https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rk-vardar-utre-ja-ochekuva-prvata-evro-pobeda/ Mon, 07 Oct 2024 13:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=823803

Во таборот на двократниот европски шампион Вардар владее оптимизам пред враќањето на меѓународната сцена по двегодишна пауза.

„Црвено-црните“ утре го пречекуваат Валур од Исланд во првиот настап сезонава во Лига Европа.

Пивотот Милан Лазаревски посакува победа и радост за навивачите на Вардар.

- По две години пауза повторно сме присутни на европската сцена. Сметам дека групата во која играме е поволна за нас. Противникот ни е по мерка. Со оглед на домашниот терен ќе кажам дека ние сме фаворити. Имаме убава можност со победа да ја отвориме новата сезона во Евролигата и да ги израдуваме нашите навивачи.

Тренерот Владо Недановски претпазлив пред утрешното соочување со исландската екипа.

- За противник имаме млада и квалитетна екипа која преферира брз ракомет. Минатата сезона го освоија трофејот во третото по ранг европско натпреварување. Сепак ја преземаме фаворитската улога. Играме во наша сала, а секако и се работи за Вардар. Очекувам да ја запишеме првата победа во групата, изјави Недановски на денешната прес-конференција.

Тој за разлика од пивотот Милан Лазаревски смета дека групата и не е така поволна со оглед и на другите два ривала, Порто и Мелсунген.

- Лазаревски делува доста подготвен и затоа за него е групата поволна. Јас не се согласувам целосно со него, но можам да кажам дека групата е добра. Јас дури би го заменил и Валур со некое позвучно име со цел да се наполни „Јане Сандански“. Порто игра долги години во Лигата на шампионите, Мелсунген игра одлично во Бундеслигата, ама и Вардар не е за потценување, истакна Недановски.

Натпреварот ќе се игра утревечер од 20 часот и 45 минути во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

The post РК Вардар утре ја очекува првата евро победа appeared first on Република.

]]>

Во таборот на двократниот европски шампион Вардар владее оптимизам пред враќањето на меѓународната сцена по двегодишна пауза. „Црвено-црните“ утре го пречекуваат Валур од Исланд во првиот настап сезонава во Лига Европа. Пивотот Милан Лазаревски посакува победа и радост за навивачите на Вардар. - По две години пауза повторно сме присутни на европската сцена. Сметам дека групата во која играме е поволна за нас. Противникот ни е по мерка. Со оглед на домашниот терен ќе кажам дека ние сме фаворити. Имаме убава можност со победа да ја отвориме новата сезона во Евролигата и да ги израдуваме нашите навивачи. Тренерот Владо Недановски претпазлив пред утрешното соочување со исландската екипа. - За противник имаме млада и квалитетна екипа која преферира брз ракомет. Минатата сезона го освоија трофејот во третото по ранг европско натпреварување. Сепак ја преземаме фаворитската улога. Играме во наша сала, а секако и се работи за Вардар. Очекувам да ја запишеме првата победа во групата, изјави Недановски на денешната прес-конференција. Тој за разлика од пивотот Милан Лазаревски смета дека групата и не е така поволна со оглед и на другите два ривала, Порто и Мелсунген.
- Лазаревски делува доста подготвен и затоа за него е групата поволна. Јас не се согласувам целосно со него, но можам да кажам дека групата е добра. Јас дури би го заменил и Валур со некое позвучно име со цел да се наполни „Јане Сандански“. Порто игра долги години во Лигата на шампионите, Мелсунген игра одлично во Бундеслигата, ама и Вардар не е за потценување, истакна Недановски.
Натпреварот ќе се игра утревечер од 20 часот и 45 минути во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

The post РК Вардар утре ја очекува првата евро победа appeared first on Република.

]]>
РК Алкалоид го совлада и РК Вардар https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rk-alkaloid-go-sovlada-i-rk-vardar/ Sun, 08 Sep 2024 19:25:45 +0000 https://republika.mk/?p=814483

Дербито на првото коло во ракометната Супер-лига му припадна на Алкалоид кој го совлада Вардар со 33-30.

По Супер-Купот и триумфот над Пелистер, момците на Кирил Лазаров го му зедоа скалпот на вториот фаворит за титулата РК Вардар.

Серафимов и Митев постигнаа по осум гола кај победникот, Галевски имаше седум одбрани, една од нив од седум метри. На другата страна Лазаревски постигна шест погодоци.

Во следното коло од македонската Супер Лига која оваа година се игра во нов систем и брои 12 екипи, Вардар 1961 на домашен терен ќе се соочи со новиот суперлигаш Борец Фруитленд, додека Алкалоид повторно во домашен дуел игра со Радовиш.

Мечевите од втората рунда се играат следниот викенд.

The post РК Алкалоид го совлада и РК Вардар appeared first on Република.

]]>

Дербито на првото коло во ракометната Супер-лига му припадна на Алкалоид кој го совлада Вардар со 33-30. По Супер-Купот и триумфот над Пелистер, момците на Кирил Лазаров го му зедоа скалпот на вториот фаворит за титулата РК Вардар. Серафимов и Митев постигнаа по осум гола кај победникот, Галевски имаше седум одбрани, една од нив од седум метри. На другата страна Лазаревски постигна шест погодоци. Во следното коло од македонската Супер Лига која оваа година се игра во нов систем и брои 12 екипи, Вардар 1961 на домашен терен ќе се соочи со новиот суперлигаш Борец Фруитленд, додека Алкалоид повторно во домашен дуел игра со Радовиш. Мечевите од втората рунда се играат следниот викенд.

The post РК Алкалоид го совлада и РК Вардар appeared first on Република.

]]>
Алкалоид-Вардар: Попладневно празнично дерби во Автокоманда https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/alkaloid-vardar-popladnevno-praznichno-derbi-vo-avtokomanda/ Sun, 08 Sep 2024 14:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=814409

Воведното коло од новата сезона во македонската ракометна Суперлига ќе биде комплетирано денеска со дерби натпреварот меѓу Алкалоид и Вардар 1961.

Пет натпревари од премиерното коло се одиграа вчера, а Еурофарм Пелистер со гостинска победа ја почна одбраната на титулата, совладувајќи го Тиквеш со 31-27.

Гостински победи забележаа и Охрид против Радовиш (36-18) и новиот прволигаш Бисинов, кој минимално триумфираше над Струга (31-30).
Бутел на домашен терен беше убедлив против Куманово (29-12), а без победник заврши дуелот меѓу Прилеп и Тинекс Пролет.

The post Алкалоид-Вардар: Попладневно празнично дерби во Автокоманда appeared first on Република.

]]>

Воведното коло од новата сезона во македонската ракометна Суперлига ќе биде комплетирано денеска со дерби натпреварот меѓу Алкалоид и Вардар 1961. Пет натпревари од премиерното коло се одиграа вчера, а Еурофарм Пелистер со гостинска победа ја почна одбраната на титулата, совладувајќи го Тиквеш со 31-27. Гостински победи забележаа и Охрид против Радовиш (36-18) и новиот прволигаш Бисинов, кој минимално триумфираше над Струга (31-30). Бутел на домашен терен беше убедлив против Куманово (29-12), а без победник заврши дуелот меѓу Прилеп и Тинекс Пролет.

The post Алкалоид-Вардар: Попладневно празнично дерби во Автокоманда appeared first on Република.

]]>
Познати противниците на Вардар во Лигата на Европа https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/poznati-protivnitsite-na-vardar-vo-ligata-na-evropa/ Sat, 07 Sep 2024 20:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=814230

Двократниот европски шампион Вардар по денешните реванш мечеви во квалификациите за Лигата на Европа ги доби и останатите два противници во групната фаза. Покрај Порто кој веќе од претходно беше познат, вардарци ќе играат и против германски Мелсунген и исландски Валур.

Мелсунген кој е предводен од Парондо, а во него играат Кристопанс и Рожерио Мораеш беше сигурен против Елверум. Валур пак славеше против Спачва Винковци.

ЛИГА ЕВРОПА ГРУПНА ФАЗА:

1 коло – Вардар – Валур (08.10.2024)
2 коло – Мелсунген – Вардар (16.10.2024)
3 коло – Вардар – Порто (22.10.2024)
4 коло – Порто – Вардар (30.10.2024)
5 коло – Валур – Вардар (18.11.2024)
6 коло – Вардар – Мелсунген (26.11.2024)

The post Познати противниците на Вардар во Лигата на Европа appeared first on Република.

]]>

Двократниот европски шампион Вардар по денешните реванш мечеви во квалификациите за Лигата на Европа ги доби и останатите два противници во групната фаза. Покрај Порто кој веќе од претходно беше познат, вардарци ќе играат и против германски Мелсунген и исландски Валур. Мелсунген кој е предводен од Парондо, а во него играат Кристопанс и Рожерио Мораеш беше сигурен против Елверум. Валур пак славеше против Спачва Винковци. ЛИГА ЕВРОПА ГРУПНА ФАЗА: 1 коло – Вардар – Валур (08.10.2024) 2 коло – Мелсунген – Вардар (16.10.2024) 3 коло – Вардар – Порто (22.10.2024) 4 коло – Порто – Вардар (30.10.2024) 5 коло – Валур – Вардар (18.11.2024) 6 коло – Вардар – Мелсунген (26.11.2024)

The post Познати противниците на Вардар во Лигата на Европа appeared first on Република.

]]>
Борозан повторно во дресот на Вардар https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/borozan-povtorno-vo-dresot-na-vardar/ Sat, 31 Aug 2024 17:01:24 +0000 https://republika.mk/?p=811843

Црногорскиот ракометар Вуко Борозан повторно ќе го облече дресот на Вардар.

Тој потпиша едногодишен договор со екипата со можност истиот да биде продолжен.

Доаѓа како засилување за клубот пред почетокот на сезоната, а следната недела треба да се приклучи на тренизните на екипата.

Борозан со „црвено-црниот“ дрес стана европски првак во 2017 година.

The post Борозан повторно во дресот на Вардар appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот ракометар Вуко Борозан повторно ќе го облече дресот на Вардар. Тој потпиша едногодишен договор со екипата со можност истиот да биде продолжен. Доаѓа како засилување за клубот пред почетокот на сезоната, а следната недела треба да се приклучи на тренизните на екипата. Борозан со „црвено-црниот“ дрес стана европски првак во 2017 година.

The post Борозан повторно во дресот на Вардар appeared first on Република.

]]>
Вардар прв финалист: Струшкиот турнир шанса за прв трофеј сезонава https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/vardar-prv-finalist-strushkiot-turnir-shansa-za-prv-trofej-sezonava/ Fri, 16 Aug 2024 19:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=807358

Екипата на Вардар е прв финалист на Меѓународниот ракометен турнир Струга, откако вечерва повеќе од убедливо го совлада шведскиот тим Ескилстуна Гуиф со 32 :18 (14:07).

Вардарци сериозно му пристапија на натпреварот, ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот меч и утре ќе го бранат минатогодишниот трофеј на Струшкиот ракометен турнир.

Најдобар стрелец во екипата на Вардар беше Ашраф Маргели со седум погодоци. Противник на вардарци во утрешното финале ќе биде подобриот од дуелот што е во тек меѓу Еурофарм Пелистер и ПАОК.

The post Вардар прв финалист: Струшкиот турнир шанса за прв трофеј сезонава appeared first on Република.

]]>

Екипата на Вардар е прв финалист на Меѓународниот ракометен турнир Струга, откако вечерва повеќе од убедливо го совлада шведскиот тим Ескилстуна Гуиф со 32 :18 (14:07). Вардарци сериозно му пристапија на натпреварот, ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот меч и утре ќе го бранат минатогодишниот трофеј на Струшкиот ракометен турнир. Најдобар стрелец во екипата на Вардар беше Ашраф Маргели со седум погодоци. Противник на вардарци во утрешното финале ќе биде подобриот од дуелот што е во тек меѓу Еурофарм Пелистер и ПАОК.

The post Вардар прв финалист: Струшкиот турнир шанса за прв трофеј сезонава appeared first on Република.

]]>
Ракометната сезона ја отвора дербито Алкалоид-Вардар https://arhiva3.republika.mk/vesti/rakometnata-sezona-ja-otvora-derbito-alkaloid-vardar/ Wed, 07 Aug 2024 12:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=804236

Во дербито на првото коло од македонската ракометна Супер лига сезона 2024/25 ќе се соочат Алкалоид и Вардар.

Бранителот на шампионскиот трофеј Еурофарм Пелистер во првото коло ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш.

Двојки за 1.коло:

Алкалоид – Вардар

Радовиш – Охрид

Бутел Скопје – Куманово

Прилеп – Пролет

Тиквеш – Еурофарм Пелистер

Струга – Бисинов

Натпреварите ќе се играат 7/8 август

The post Ракометната сезона ја отвора дербито Алкалоид-Вардар appeared first on Република.

]]>

Во дербито на првото коло од македонската ракометна Супер лига сезона 2024/25 ќе се соочат Алкалоид и Вардар. Бранителот на шампионскиот трофеј Еурофарм Пелистер во првото коло ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш. Двојки за 1.коло: Алкалоид – Вардар Радовиш – Охрид Бутел Скопје – Куманово Прилеп – Пролет Тиквеш – Еурофарм Пелистер Струга – Бисинов Натпреварите ќе се играат 7/8 август

The post Ракометната сезона ја отвора дербито Алкалоид-Вардар appeared first on Република.

]]>
РК Вардар доби тешки противници во Лигата на Европа https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rk-vardar-dobi-teshki-protivnitsi-vo-ligata-na-evropa/ Fri, 19 Jul 2024 11:31:16 +0000 https://republika.mk/?p=798447

Македонскиот ракометен клуб Вардар ги доби противниците во групата за второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа.

„Црвено-црните“ ќе бидат во групата „Ф“ каде што ќе играат против Порто, подобриот од бундеслигашката пресметка помеѓу Мелсунген и Елверум и подобриот од дуелот на исландскиот Валур и Спачва Винковци од Хрватска.

Првото коло во групната фаза е закажано за 8. октомври. Првите две екипи од секоја група патуваат во следната фаза.

Вардарци и минатата сезона беа дел од Европската лига, но тогаш не успеаја да ги минат квалификациите и беа елиминирани од германскиот гигант Рајн Некар Левен

Покрај Вардар 1961, во новата сезона во Европа ќе не претставуваат и Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, додека во ЕХФ Купот ќе настапат Тиквеш, Охрид и Алкалоид

The post РК Вардар доби тешки противници во Лигата на Европа appeared first on Република.

]]>

Македонскиот ракометен клуб Вардар ги доби противниците во групата за второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа. „Црвено-црните“ ќе бидат во групата „Ф“ каде што ќе играат против Порто, подобриот од бундеслигашката пресметка помеѓу Мелсунген и Елверум и подобриот од дуелот на исландскиот Валур и Спачва Винковци од Хрватска. Првото коло во групната фаза е закажано за 8. октомври. Првите две екипи од секоја група патуваат во следната фаза. Вардарци и минатата сезона беа дел од Европската лига, но тогаш не успеаја да ги минат квалификациите и беа елиминирани од германскиот гигант Рајн Некар Левен Покрај Вардар 1961, во новата сезона во Европа ќе не претставуваат и Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, додека во ЕХФ Купот ќе настапат Тиквеш, Охрид и Алкалоид

The post РК Вардар доби тешки противници во Лигата на Европа appeared first on Република.

]]>
По Украинец во Вардар доаѓа и Португалец https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/po-ukrainets-vo-vardar-doaga-i-portugalets/ Wed, 29 May 2024 14:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=782809

The post По Украинец во Вардар доаѓа и Португалец appeared first on Република.

]]>

The post По Украинец во Вардар доаѓа и Португалец appeared first on Република.

]]>
Ристовски: Направивме комплетна реогранизација на Вардар https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/ristovski-napravivme-kompletna-reogranizatsija-na-vardar/ Tue, 06 Feb 2024 13:59:51 +0000 https://republika.mk/?p=741058

Направивме комплетна реогранизација на клубот, рече во утрешното „Студио 10“ Борко Ристовски, директор на ракометниот клуб Вардар.

Начинот на којшто треба да функционира еден професионален клуб. Најпрво почнавме од тоа да си ги средиме дома работите, а потоа почнавме и нов начин на функцноирање, односно прибирање на повеке мали спонзори за да не зависиме од еден голем и да не завршиме како „Кометал Ѓорче Петров“ или со „Вардар“ со Самсоненко и клубот да остане на цедило. Направивме една ситуација која е постабилна и еден спознор да замине, 80% од финасиската структура ке биде стабилна и нема да има потреси. Направивме ново функцноирање. Тешко е и имаме уште многу работи за поправање, рече Ристовски.

Потенцираше дека клубот, иако институција со долго реноме и историја, беше оставен во една незавидна ситуација.

Не се знаеше дали ќе функционира и дали ќе постои. Беше оставен во долгови, многу отворени побарувања и ние направиме нова пререгистрација за да пробаме да ги избенгме овие работи. Не можеме да вракаме долгови за некој друг што ги направил. На крај на денот Европската ракомента федерација одлучи дека сепак се работи за еден ист субјект. И почнавме да ги санираме тие стари долгови. Разговаравме со играчите на кои им се должеше, да направиме договор со кој парцијално клубот ќе ги врака тие долгови. Голем дел од играчите излегоа пресрет на клубот, го чувствуваат како дел од себе. Имаше и играчи кои поднесоа тужба и ја добија, со право. Сега повторно полека тие долгови ги тргаме, дел од нив и Самсоненко врати, дел ние. Сè уште враќаме, но не можете да се откажете од „Вардар“ и покрај што ситуцијата е каква каква што е. Далеку сме од добра ситуација, чекориме напред и не се откажуваме, рече Ристовски.

The post Ристовски: Направивме комплетна реогранизација на Вардар appeared first on Република.

]]>

Направивме комплетна реогранизација на клубот, рече во утрешното „Студио 10“ Борко Ристовски, директор на ракометниот клуб Вардар. Начинот на којшто треба да функционира еден професионален клуб. Најпрво почнавме од тоа да си ги средиме дома работите, а потоа почнавме и нов начин на функцноирање, односно прибирање на повеке мали спонзори за да не зависиме од еден голем и да не завршиме како „Кометал Ѓорче Петров“ или со „Вардар“ со Самсоненко и клубот да остане на цедило. Направивме една ситуација која е постабилна и еден спознор да замине, 80% од финасиската структура ке биде стабилна и нема да има потреси. Направивме ново функцноирање. Тешко е и имаме уште многу работи за поправање, рече Ристовски. Потенцираше дека клубот, иако институција со долго реноме и историја, беше оставен во една незавидна ситуација.
Не се знаеше дали ќе функционира и дали ќе постои. Беше оставен во долгови, многу отворени побарувања и ние направиме нова пререгистрација за да пробаме да ги избенгме овие работи. Не можеме да вракаме долгови за некој друг што ги направил. На крај на денот Европската ракомента федерација одлучи дека сепак се работи за еден ист субјект. И почнавме да ги санираме тие стари долгови. Разговаравме со играчите на кои им се должеше, да направиме договор со кој парцијално клубот ќе ги врака тие долгови. Голем дел од играчите излегоа пресрет на клубот, го чувствуваат како дел од себе. Имаше и играчи кои поднесоа тужба и ја добија, со право. Сега повторно полека тие долгови ги тргаме, дел од нив и Самсоненко врати, дел ние. Сè уште враќаме, но не можете да се откажете од „Вардар“ и покрај што ситуцијата е каква каква што е. Далеку сме од добра ситуација, чекориме напред и не се откажуваме, рече Ристовски.

The post Ристовски: Направивме комплетна реогранизација на Вардар appeared first on Република.

]]>
Во недела супер дерби Вардар-Пелистер https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/vo-nedela-super-derbi-vardar-pelister/ Tue, 12 Sep 2023 20:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=681388

Ракометните клубови Вардар и Еурофарм Пелистер и оваа година ќе водат жестока битка на нашите терени, а најновата епизода ќе биде на 17 септември од 19:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Loading... 

Ова е дуел од домашниот шампионат и за истиот веќе можат да се набават влезните по цена од 150 до 250 денари во зависност од позицијата на трибините.

Продажбата на билетите ќе се врши: онлајн на https://www.kupikartizase.com/Events/vardar_pelister и преку продажната мрежа на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ и преку нивната продажна мрежа.

Влез ќе биде дозволен само со ПЕЧАТЕН БИЛЕТ, а сите ваучери при онлајн продажбата треба да се заменат на продажните места или на билетара пред сала.

Од Вардар информираа дека со секој купен билет ќе се учествува во наградните игри што нивните спонзори ќе ги организираат на полувреме. Воедно „црвено-црните“ соопштија дека поради безбедноси причини и воведно шоу вратите во СЦ „Јане Сандански“ ќе се затворат во 19:30 часот.

The post Во недела супер дерби Вардар-Пелистер appeared first on Република.

]]>

Ракометните клубови Вардар и Еурофарм Пелистер и оваа година ќе водат жестока битка на нашите терени, а најновата епизода ќе биде на 17 септември од 19:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Loading... 
Ова е дуел од домашниот шампионат и за истиот веќе можат да се набават влезните по цена од 150 до 250 денари во зависност од позицијата на трибините. Продажбата на билетите ќе се врши: онлајн на https://www.kupikartizase.com/Events/vardar_pelister и преку продажната мрежа на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ и преку нивната продажна мрежа. Влез ќе биде дозволен само со ПЕЧАТЕН БИЛЕТ, а сите ваучери при онлајн продажбата треба да се заменат на продажните места или на билетара пред сала. Од Вардар информираа дека со секој купен билет ќе се учествува во наградните игри што нивните спонзори ќе ги организираат на полувреме. Воедно „црвено-црните“ соопштија дека поради безбедноси причини и воведно шоу вратите во СЦ „Јане Сандански“ ќе се затворат во 19:30 часот.

The post Во недела супер дерби Вардар-Пелистер appeared first on Република.

]]>
За тие пари толку: РК Вардар одамна немал вака слаб тим https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/za-tie-pari-tolku-rk-vardar-odamna-nemal-vaka-slab-tim/ Wed, 30 Aug 2023 06:42:48 +0000 https://republika.mk/?p=677040

Мечот од квалификациите од Лигата на Европа ја покажа реалноста. РК Вардар никогаш немал послаб тим. Можеби неговите навивачи беа помалку разгалени од европските успеси па сега тешко им паѓа да го гледаат како се мачи.

Да, Вардар во моментов има просечна екипа со уште потпросечни странци. Единствена светла точка се домашните Томовски и Георгиевски и Дарко Ѓукиќ од Србија.Останатите-тенко.

Но, како што велат колку пари толку музика. А Вардар оваа година ќе се бори за третото место во домашната лига и за некоја победа во регионалната лига.

Со овој тим и тоа е многу.

The post За тие пари толку: РК Вардар одамна немал вака слаб тим appeared first on Република.

]]>

Мечот од квалификациите од Лигата на Европа ја покажа реалноста. РК Вардар никогаш немал послаб тим. Можеби неговите навивачи беа помалку разгалени од европските успеси па сега тешко им паѓа да го гледаат како се мачи. Да, Вардар во моментов има просечна екипа со уште потпросечни странци. Единствена светла точка се домашните Томовски и Георгиевски и Дарко Ѓукиќ од Србија.Останатите-тенко. Но, како што велат колку пари толку музика. А Вардар оваа година ќе се бори за третото место во домашната лига и за некоја победа во регионалната лига. Со овој тим и тоа е многу.

The post За тие пари толку: РК Вардар одамна немал вака слаб тим appeared first on Република.

]]>
По Самсоненко, и Михајловски се повлекува од Вардар https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/po-samsonenko-i-mihajlovski-se-povlekuva-od-vardar/ Wed, 19 Jul 2023 13:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=663195

Претседателот на РК Вардар Михајло Михајловски најави дека се повлекува од македонскиот великан поради финансиски проблеми. Но, ттој уверува дека клубот го остава во сигурни раце.

Уште минатата година најавив дека сакам да се повлечам, ама не без да најдам вистински спонзор. Мислам дека го најдов тимот,добри спонзори  изјави Михајловски.

The post По Самсоненко, и Михајловски се повлекува од Вардар appeared first on Република.

]]>

Претседателот на РК Вардар Михајло Михајловски најави дека се повлекува од македонскиот великан поради финансиски проблеми. Но, ттој уверува дека клубот го остава во сигурни раце.
Уште минатата година најавив дека сакам да се повлечам, ама не без да најдам вистински спонзор. Мислам дека го најдов тимот,добри спонзори  изјави Михајловски.

The post По Самсоненко, и Михајловски се повлекува од Вардар appeared first on Република.

]]>
Вардар ослабен следната сезона, eве кој дојде https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/vardar-oslaben-slednata-sezona-eve-koj-dojde/ Wed, 19 Jul 2023 11:58:44 +0000 https://republika.mk/?p=663128

РК Вардар во следната сезона нема да смета на Филип Талески,Моралес,  Дејан Манасков,  Стојанче Стоилов и Борко Ристовски.

Вардар како голмани ќе ги има на располагање репрезентативците Мартин Томовски и Васил Гогов. Двајцата голмани во минатата сезона на дел од дуелите имаа поддршка од искусниот Борко Ристовски, кој во иднина ќе ја извршува директорската позиција во редовите на „црвено-црните“.

Дојдоа Матија Николиќ од Лока и јапонскиот интернационалец Косуке Јашухира од Висла Плоцк, Стефан Петриќ од Партизан, Нилтон Мело од Викторија и Ансер Родригез од Брага.

The post Вардар ослабен следната сезона, eве кој дојде appeared first on Република.

]]>

РК Вардар во следната сезона нема да смета на Филип Талески,Моралес,  Дејан Манасков,  Стојанче Стоилов и Борко Ристовски.
Вардар како голмани ќе ги има на располагање репрезентативците Мартин Томовски и Васил Гогов. Двајцата голмани во минатата сезона на дел од дуелите имаа поддршка од искусниот Борко Ристовски, кој во иднина ќе ја извршува директорската позиција во редовите на „црвено-црните“.
Дојдоа Матија Николиќ од Лока и јапонскиот интернационалец Косуке Јашухира од Висла Плоцк, Стефан Петриќ од Партизан, Нилтон Мело од Викторија и Ансер Родригез од Брага.

The post Вардар ослабен следната сезона, eве кој дојде appeared first on Република.

]]>
Вардар немаше среќа, му се падна Рајн Некар Левен https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/vardar-nemashe-sreka-mu-se-padna-rajn-nekar-leven/ Tue, 18 Jul 2023 11:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=662689

„Црвено-црните“ за противник го добија Рајн Некар Левен од Германија, најтешкиот можен ривал во ждрепката.

Вардар на првиот меч ќе биде домаќин (26 или 27 август), реваншот е една недела подоцна во Германија.

Вториот македонски претставник во машка конкуренција во квалификациите за евро-куповите, Тиквеш ќе се соочи со Фортоф Кремс од Австрија во ЕХФ Европскиот куп.

Во седиштето на ЕХФ беа извлечени и двојките во женска конкренција. Од македонските екипи: Ѓорче Петров ќе игра со Тиват (Црна Гора), Куманово со Херцегонбусе (Швајцарија), додека Чаир го доби Венло (Холандија).

Терминот за првите натпревари е 23/24 септември, реваншите по една недела.

The post Вардар немаше среќа, му се падна Рајн Некар Левен appeared first on Република.

]]>

„Црвено-црните“ за противник го добија Рајн Некар Левен од Германија, најтешкиот можен ривал во ждрепката. Вардар на првиот меч ќе биде домаќин (26 или 27 август), реваншот е една недела подоцна во Германија. Вториот македонски претставник во машка конкуренција во квалификациите за евро-куповите, Тиквеш ќе се соочи со Фортоф Кремс од Австрија во ЕХФ Европскиот куп. Во седиштето на ЕХФ беа извлечени и двојките во женска конкренција. Од македонските екипи: Ѓорче Петров ќе игра со Тиват (Црна Гора), Куманово со Херцегонбусе (Швајцарија), додека Чаир го доби Венло (Холандија). Терминот за првите натпревари е 23/24 септември, реваншите по една недела.

The post Вардар немаше среќа, му се падна Рајн Некар Левен appeared first on Република.

]]>
Вардар му врати на Пелистер за изгубената титула https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/vardar-mu-vrati-na-pelister-za-izgubenata-titula/ Sat, 13 May 2023 18:32:34 +0000 https://republika.mk/?p=640516

Ракометарите на Вардар 1961 го оставија Еурофарм Пелистер без двојната круна. Во финалето на Купот, во салата „Билјанини извори“ во Охрид, со победата 26:25 (16:12) над Еурофарм Пелистер, Вардар 1961 го свои 16. трофеј во Купот на Македонија. Вардар 1961 им се реваншираше на ривалите од Битола за неодаменшниот пораз во првенството, со кој практично им ја предадоа шампионската титула.

Црвено-црните, заслужено го освоија Купот, бидејќи од првата до последната минута имаа целосна контрола врз она што се случуваше на теренот.

The post Вардар му врати на Пелистер за изгубената титула appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Вардар 1961 го оставија Еурофарм Пелистер без двојната круна. Во финалето на Купот, во салата „Билјанини извори“ во Охрид, со победата 26:25 (16:12) над Еурофарм Пелистер, Вардар 1961 го свои 16. трофеј во Купот на Македонија. Вардар 1961 им се реваншираше на ривалите од Битола за неодаменшниот пораз во првенството, со кој практично им ја предадоа шампионската титула. Црвено-црните, заслужено го освоија Купот, бидејќи од првата до последната минута имаа целосна контрола врз она што се случуваше на теренот.

The post Вардар му врати на Пелистер за изгубената титула appeared first on Република.

]]>
Вардар-Пелистер во финалето на ракометниот куп https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/vardar-pelister-vo-finaleto-na-rakometniot-klub/ Thu, 11 May 2023 20:10:54 +0000 https://republika.mk/?p=639918

Ракометарите на Вардар 1961 се пласираа во финалето на македонскиот Куп, откако вечерва во вториот полуфинален дуел на фајнлфорот во Охрид беа поуспешни од Алкалоид со 31-22 (14-9).

Вардар 1961 ќе ја брани титулата во реприза од ланското финале во кое „црвено – црните“ го совладаа Еурофарм Пелистер во Кавадарци со 23-22.

Најефикасен вечерва во редовите на Вардар 1961 беше Дејан Манасков со 12 голови, додека голманот Мартин Томовски запиша 17 одбрани.

Во првото полуфинале од денешната програма, Еурофарм Пелистер рутински го совлада Тинекс Пролет со 28-21.

Финалниот натпревар ќе се одигра в сабота од 18:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.

Освојувачот на двојната круна од минатата сезона Вардар 1961 е најуспешна екипа во историјата на македонскиот машки ракометен Куп со 15 титули

The post Вардар-Пелистер во финалето на ракометниот куп appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Вардар 1961 се пласираа во финалето на македонскиот Куп, откако вечерва во вториот полуфинален дуел на фајнлфорот во Охрид беа поуспешни од Алкалоид со 31-22 (14-9). Вардар 1961 ќе ја брани титулата во реприза од ланското финале во кое „црвено – црните“ го совладаа Еурофарм Пелистер во Кавадарци со 23-22. Најефикасен вечерва во редовите на Вардар 1961 беше Дејан Манасков со 12 голови, додека голманот Мартин Томовски запиша 17 одбрани. Во првото полуфинале од денешната програма, Еурофарм Пелистер рутински го совлада Тинекс Пролет со 28-21. Финалниот натпревар ќе се одигра в сабота од 18:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид. Освојувачот на двојната круна од минатата сезона Вардар 1961 е најуспешна екипа во историјата на македонскиот машки ракометен Куп со 15 титули

The post Вардар-Пелистер во финалето на ракометниот куп appeared first on Република.

]]>