рк пелистер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rk-pelister/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 19:45:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рк пелистер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rk-pelister/ 32 32 Еурофарм Пелистер го почувствува вкусот на победата во ЛШ https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-go-pochuvstvuva-vkusot-na-pobedata-vo-lsh/ Thu, 31 Oct 2024 19:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=832911

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, ја забележаа првата победа во Лигата на шампионите. Битолчани славеа во Данска против Фредериција со 25:22, откако во вториот дел го надигра скандинавскиот тим. „Фармацевтите“ одлично одиграа во одбрана, а посебно се истакна Митревски со 15 одбрани. Филип Кузмановски беше најдобар стрелец со пет голови, додека Жарко Пешевски постигна четири погодоци.

Македонскиот тим по седум одиграни кола има три освоени бодови и се наоѓа на шестата позиција во групата А, односно пред Висла Плок и Фредериција кои имаат по два бода.

Екипата од Битола со вечерашниот триумф ја прекина серијата која траеше цели 19 години, откако претходно славеа против Кадетен Шафхаузен на 8 октомври 2005 година со 32:31.

The post Еурофарм Пелистер го почувствува вкусот на победата во ЛШ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, ја забележаа првата победа во Лигата на шампионите. Битолчани славеа во Данска против Фредериција со 25:22, откако во вториот дел го надигра скандинавскиот тим. „Фармацевтите“ одлично одиграа во одбрана, а посебно се истакна Митревски со 15 одбрани. Филип Кузмановски беше најдобар стрелец со пет голови, додека Жарко Пешевски постигна четири погодоци. Македонскиот тим по седум одиграни кола има три освоени бодови и се наоѓа на шестата позиција во групата А, односно пред Висла Плок и Фредериција кои имаат по два бода. Екипата од Битола со вечерашниот триумф ја прекина серијата која траеше цели 19 години, откако претходно славеа против Кадетен Шафхаузен на 8 октомври 2005 година со 32:31.

The post Еурофарм Пелистер го почувствува вкусот на победата во ЛШ appeared first on Република.

]]>
Еурофарм Пелистер ја одбрани титулата во македонската ракометна лига https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-ja-odbrani-titulata-vo-makedonskata-rakometna-liga/ Sat, 01 Jun 2024 17:47:08 +0000 https://republika.mk/?p=783942

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Алкалоид на домашен терен (32:28) и на тој начин втора сезона по ред стигнаа до титулата во македонската машка ракометна Супер лига.

Битолчани бодрени од домашните фанови уште на полувреме најавија дека одат на сигурна победа и стигнаа до предност од 18:13, а не дозволија многу грешки и во продолжението.

Алкалоид до крајот одржуваше резултатска неизвесност и не се откажуваше од позитивен резултат, но немаше сили да му се приближи целосно на старо-новиот шампион.

Во Скопје, Вардар го доби дуелот со Бутел на гостински терен (25:31), но таа победа немаше посебен ефект бидејќи Еурофарм Пелистер ја задржа предноста на врвот на табелата.

Вардар денеска го одбележа заминувањето на четворица досегашни ракометари (Мишевски, Томовски, Ѓукиќ и Карапалевски) и официјално им се заблагодари за досегашната соработка.


Извор: Дерби

The post Еурофарм Пелистер ја одбрани титулата во македонската ракометна лига appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Алкалоид на домашен терен (32:28) и на тој начин втора сезона по ред стигнаа до титулата во македонската машка ракометна Супер лига. Битолчани бодрени од домашните фанови уште на полувреме најавија дека одат на сигурна победа и стигнаа до предност од 18:13, а не дозволија многу грешки и во продолжението. Алкалоид до крајот одржуваше резултатска неизвесност и не се откажуваше од позитивен резултат, но немаше сили да му се приближи целосно на старо-новиот шампион. Во Скопје, Вардар го доби дуелот со Бутел на гостински терен (25:31), но таа победа немаше посебен ефект бидејќи Еурофарм Пелистер ја задржа предноста на врвот на табелата. Вардар денеска го одбележа заминувањето на четворица досегашни ракометари (Мишевски, Томовски, Ѓукиќ и Карапалевски) и официјално им се заблагодари за досегашната соработка.
Извор: Дерби

The post Еурофарм Пелистер ја одбрани титулата во македонската ракометна лига appeared first on Република.

]]>