РК Еурофарм Пелистер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rk-eurofarm-pelister/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Feb 2024 17:10:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png РК Еурофарм Пелистер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rk-eurofarm-pelister/ 32 32 Полна сала и вечерва за Пелистерци https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/polna-sala-i-vecherva-za-pelistertsi/ Tue, 13 Feb 2024 17:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=743740

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер во полна сала ќе го пречека француски ПСЖ, откако битолскиот клуб соопшти попладнево дека сите влезници за натпреварот од 11. коло во групата А во Лигата на шампиони се продадени.

Спортската сала „Боро Чурлевски“ повторно е целосно распродадена, соопшти Еурофарм Пелистер пред утрешниот дуел против ПСЖ со почеток во 18:45 часот.

Еурофарм Пелистер го пречекува францускиот гигант по неделниот триумф на домашен терен над Вардар 1961 (27-21) во големото македонско дерби на кое трибините во салата во Битола, исто така, беа максимално исполнети.

Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони е последнопласиран во групата А, без освоен под по десет одиграни кола.

The post Полна сала и вечерва за Пелистерци appeared first on Република.

]]>

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер во полна сала ќе го пречека француски ПСЖ, откако битолскиот клуб соопшти попладнево дека сите влезници за натпреварот од 11. коло во групата А во Лигата на шампиони се продадени.
Спортската сала „Боро Чурлевски“ повторно е целосно распродадена, соопшти Еурофарм Пелистер пред утрешниот дуел против ПСЖ со почеток во 18:45 часот.
Еурофарм Пелистер го пречекува францускиот гигант по неделниот триумф на домашен терен над Вардар 1961 (27-21) во големото македонско дерби на кое трибините во салата во Битола, исто така, беа максимално исполнети. Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони е последнопласиран во групата А, без освоен под по десет одиграни кола.

The post Полна сала и вечерва за Пелистерци appeared first on Република.

]]>
Еурофарм Пелистер поденесе жалба за судењето во финалето на купот https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-podenese-zhalba-za-sudeneto-vo-finaleto-na-kupot/ Sun, 14 May 2023 15:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=640706

Еурофарм Пелистер поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за судењето на мечот против Вардар 1961 кој се одигра вчеравечер во Охрид во финалето од Купот на Македонија.

Жалбата е поднесена поради една од последните одлуки на судиската двојка Николовски - Металари. Вардар имаше еден гол предност, а во последниот напад на вардарци, Филип Талески имаше шут, кој, според пелистерци, е направен по одлука за пасивен напад на арбитрите со намера да се потроши време, објавија битолчани.

Еурофарм Пелистер се повикува на правилото број осум на ИХФ, според кое направена е материјална штета и прекршени се новите правила според кои секој потег кој во последните триесет секунди од мечот кој на каков било начин задржува или троши време автоматски значи седмерец и црвен картон за противникот.

Натпреварот го доби Вардар со 26:25 и по 16.пат го освои трофејот во Купот на Македонија.

The post Еурофарм Пелистер поденесе жалба за судењето во финалето на купот appeared first on Република.

]]>

Еурофарм Пелистер поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за судењето на мечот против Вардар 1961 кој се одигра вчеравечер во Охрид во финалето од Купот на Македонија.
Жалбата е поднесена поради една од последните одлуки на судиската двојка Николовски - Металари. Вардар имаше еден гол предност, а во последниот напад на вардарци, Филип Талески имаше шут, кој, според пелистерци, е направен по одлука за пасивен напад на арбитрите со намера да се потроши време, објавија битолчани.
Еурофарм Пелистер се повикува на правилото број осум на ИХФ, според кое направена е материјална штета и прекршени се новите правила според кои секој потег кој во последните триесет секунди од мечот кој на каков било начин задржува или троши време автоматски значи седмерец и црвен картон за противникот. Натпреварот го доби Вардар со 26:25 и по 16.пат го освои трофејот во Купот на Македонија.

The post Еурофарм Пелистер поденесе жалба за судењето во финалето на купот appeared first on Република.

]]>
Toa не беа вистински спортски навивачи, туку индивидуи кои под дејство на алкохол или друго го деградираат спортот https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/toa-ne-bea-vistinski-sportski-navivachi-tuku-individui-koi-pod-dejstvo-na-alkohol-ili-drugo-go-degradiraat-sportot/ Mon, 27 Mar 2023 15:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=624323

Раководството на македонскиот ракометен вицепрвак, Еурофарм Пелистер ги осуди инцидентите на вчерашното дерби со Вардар во кои учествуваа припадници на двете навивачки групи.

Во продолжение соопштението на битолчани го пренесуваме во целост:

РК Еурофарм Пелистер се оградува од вчерашното однесување на дел од навивачите и со резигнираност гледа кон настаните кои се случуваа вчера во спортската сала Јане Сандански. За нас тоа е крајно неприфатливо, нецивилизирано однесувањето на дел од „навивачите“ и на двете екипи. Oстанува нејасно како беше возможно во салата да се внесат пиротехнички материјали и други тврди предмети и како беше возможно одредени индивидуи да влезат на терен со што беше доведен во опасност и животот на ракометарите но и на другите присутни во салата. Ние сметаме дека за такво однесување на спортските терени воопшто нема место. Според нас тоа се само мала група на индивидуи (не повеќе од 30-40 индивидуи) кои во тек на една сезона следат 4-5 натпревари (натпревари кои им се „предизвик) и генерираат проблеми.

Тоа не се ниту вистински спортски навивачи и љубители на спортот. Тоа се индивидуи кои под дејство на алкохол или нешто друго го деградираат спортот, спортските навивачи, спортските клубови, и навивачките групи на кои „припаѓаат“. Таквите индивидуи кои ментално припаѓаат на некои времиња од минати векови воопшто нам не ни се потребни и не сакаме никаква подршка од нив, не се потребни ниту на спортот и искрено се надеваме дека и вистинските навивачи и спортски подржувачи, и двете навивачки групи исто така ќе се оградат од нив. Овие индивидуи кои спортскиот терен и објект го гледаат единствено како можност за промовирање на нецивилизациски дејанија, правење проблеми и негативно влијание на спортската игра и настан, воопшто не се потребни во спортот. Како и во другите цивилизирани земји така и кај нас крајно време е овие индивидуи да бидат идентификувани и да се донесат законски можности на истите да им се забрани присуство на спортски натпревари на подолг временски период. Во спротивно спортот, спортистите и останатите искрени спортски љубители ќе останат само заложници на дивеењето на поединци. Тоа е негативно за спортот, тоа ги одвлекува спонзорите да вложуваат во спортските екипи, тоа влијае негативно на спортистите при изборот на клуб и се разбира тоа е негативна и мошне грозна појава која не треба да ја гледаат младите генерации. Затоа сметаме и дека РК Вардар 1961 исто така јавно ќе се оградат од однесување на индивидуите кои се задскриваат зад навивачките групи и кои го негативизираат спортот, спортисктите и вистинските навивачи.

Однесување на вчерашниот натпревар на овие изолирани индивидуии и од двата табори го доведе во прашање и одвивањето на натпреварот. Можеби најисправна одлука ќе беше натпреварот да биде прекинат и да се одигра пред празни трибини. Но тогаш повторно губитници ќе беа вистинските спортски навивачи и љубители на спортот и тогаш штетниците ќе ја постигнеа максимално својата цел иако и вака ја постигнаа. Нашата екипа како што кажа тренерот беше сосема различна екипа пред и после прекинот. Со тоа воопшто не сакаме да ја негираме или да ја намалиме вредноста на победата на РК Вардар 1961, напротив, сакаме само да потенцираме дека натпреварот можеби ќе имаше друг тек, ќе беше уште поквалитетен и ќе беше вистински празник на ракометот во буквална смисла. Вака негативците ставија голема дамка на ракометниот празник и настан. Таа негативна и црна слика за брзо се прошири и надвор од нашите граници. Тоа не го заслужува нашиот спорт, тоа не го заслужува македонскиот ракомет.

Уште еднаш напоменуваме ова наше известување се однесува само за однесувањето и дивеењето на поединци кои можеби и не се дел од навивачките групи „Чкембари“ и „Комити“ и кои според нас и не припаѓаат таму.

 

The post Toa не беа вистински спортски навивачи, туку индивидуи кои под дејство на алкохол или друго го деградираат спортот appeared first on Република.

]]>

Раководството на македонскиот ракометен вицепрвак, Еурофарм Пелистер ги осуди инцидентите на вчерашното дерби со Вардар во кои учествуваа припадници на двете навивачки групи. Во продолжение соопштението на битолчани го пренесуваме во целост: РК Еурофарм Пелистер се оградува од вчерашното однесување на дел од навивачите и со резигнираност гледа кон настаните кои се случуваа вчера во спортската сала Јане Сандански. За нас тоа е крајно неприфатливо, нецивилизирано однесувањето на дел од „навивачите“ и на двете екипи. Oстанува нејасно како беше возможно во салата да се внесат пиротехнички материјали и други тврди предмети и како беше возможно одредени индивидуи да влезат на терен со што беше доведен во опасност и животот на ракометарите но и на другите присутни во салата. Ние сметаме дека за такво однесување на спортските терени воопшто нема место. Според нас тоа се само мала група на индивидуи (не повеќе од 30-40 индивидуи) кои во тек на една сезона следат 4-5 натпревари (натпревари кои им се „предизвик) и генерираат проблеми. Тоа не се ниту вистински спортски навивачи и љубители на спортот. Тоа се индивидуи кои под дејство на алкохол или нешто друго го деградираат спортот, спортските навивачи, спортските клубови, и навивачките групи на кои „припаѓаат“. Таквите индивидуи кои ментално припаѓаат на некои времиња од минати векови воопшто нам не ни се потребни и не сакаме никаква подршка од нив, не се потребни ниту на спортот и искрено се надеваме дека и вистинските навивачи и спортски подржувачи, и двете навивачки групи исто така ќе се оградат од нив. Овие индивидуи кои спортскиот терен и објект го гледаат единствено како можност за промовирање на нецивилизациски дејанија, правење проблеми и негативно влијание на спортската игра и настан, воопшто не се потребни во спортот. Како и во другите цивилизирани земји така и кај нас крајно време е овие индивидуи да бидат идентификувани и да се донесат законски можности на истите да им се забрани присуство на спортски натпревари на подолг временски период. Во спротивно спортот, спортистите и останатите искрени спортски љубители ќе останат само заложници на дивеењето на поединци. Тоа е негативно за спортот, тоа ги одвлекува спонзорите да вложуваат во спортските екипи, тоа влијае негативно на спортистите при изборот на клуб и се разбира тоа е негативна и мошне грозна појава која не треба да ја гледаат младите генерации. Затоа сметаме и дека РК Вардар 1961 исто така јавно ќе се оградат од однесување на индивидуите кои се задскриваат зад навивачките групи и кои го негативизираат спортот, спортисктите и вистинските навивачи. Однесување на вчерашниот натпревар на овие изолирани индивидуии и од двата табори го доведе во прашање и одвивањето на натпреварот. Можеби најисправна одлука ќе беше натпреварот да биде прекинат и да се одигра пред празни трибини. Но тогаш повторно губитници ќе беа вистинските спортски навивачи и љубители на спортот и тогаш штетниците ќе ја постигнеа максимално својата цел иако и вака ја постигнаа. Нашата екипа како што кажа тренерот беше сосема различна екипа пред и после прекинот. Со тоа воопшто не сакаме да ја негираме или да ја намалиме вредноста на победата на РК Вардар 1961, напротив, сакаме само да потенцираме дека натпреварот можеби ќе имаше друг тек, ќе беше уште поквалитетен и ќе беше вистински празник на ракометот во буквална смисла. Вака негативците ставија голема дамка на ракометниот празник и настан. Таа негативна и црна слика за брзо се прошири и надвор од нашите граници. Тоа не го заслужува нашиот спорт, тоа не го заслужува македонскиот ракомет. Уште еднаш напоменуваме ова наше известување се однесува само за однесувањето и дивеењето на поединци кои можеби и не се дел од навивачките групи „Чкембари“ и „Комити“ и кои според нас и не припаѓаат таму.  

The post Toa не беа вистински спортски навивачи, туку индивидуи кои под дејство на алкохол или друго го деградираат спортот appeared first on Република.

]]>
Еурофарм Пелистер го победи Нексе во СЕХА Лига https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-go-pobedi-nekse-vo-seha-liga/ Tue, 14 Mar 2023 19:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=619691

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го совладаа традиционално незгодниот хрватски противник Нексе со 27:23, полувреме 14:11.

Битолчани средбата ја почнаа под притисок на посакуваниот резултат, но и дополнително мотивирани од новиот стручен штаб предводен од тандемот Јовиќ - Шундовски кои успешно го водеа тимот до победа со која го освоија второто место во групата.

Инаку натпреварот се одигра со две различни полувремиња. Во првото Еурофарм Пелистер имаше тесно водство изразено со предност од три голови, а во второто, во периодот од 41 до 48 минута битолскиот претставник во СЕХА лигата водеше со 6-7 и осум голови разлика (20:14, 23:16, 25:17), но на крајот сепак благодарение на одбранетиот пенал на Кизиќ, домашните победија со 27:23, доволна разлика за второ место во групата.

Пред околу 1.500 гледачи, најефикасен во двата тима беше домашниот играч Васиљев со шест постигнати голови.

Освојувањето на второто место во А-групата, значи избегнување во четвртфиналето на фаворитот ППД Загреб.

The post Еурофарм Пелистер го победи Нексе во СЕХА Лига appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го совладаа традиционално незгодниот хрватски противник Нексе со 27:23, полувреме 14:11. Битолчани средбата ја почнаа под притисок на посакуваниот резултат, но и дополнително мотивирани од новиот стручен штаб предводен од тандемот Јовиќ - Шундовски кои успешно го водеа тимот до победа со која го освоија второто место во групата. Инаку натпреварот се одигра со две различни полувремиња. Во првото Еурофарм Пелистер имаше тесно водство изразено со предност од три голови, а во второто, во периодот од 41 до 48 минута битолскиот претставник во СЕХА лигата водеше со 6-7 и осум голови разлика (20:14, 23:16, 25:17), но на крајот сепак благодарение на одбранетиот пенал на Кизиќ, домашните победија со 27:23, доволна разлика за второ место во групата. Пред околу 1.500 гледачи, најефикасен во двата тима беше домашниот играч Васиљев со шест постигнати голови. Освојувањето на второто место во А-групата, значи избегнување во четвртфиналето на фаворитот ППД Загреб.

The post Еурофарм Пелистер го победи Нексе во СЕХА Лига appeared first on Република.

]]>
Спектакл во Битола, Пелистер одигра нерешено со Бидасоа https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/spektakl-vo-bitola-pelister-odigra-neresheno-so-bidasoa/ Wed, 14 Dec 2022 07:27:20 +0000 https://republika.mk/?p=585386

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не ја искористија предноста на домашниот терен и ремизираа со шпанскиот претставник во ЕХФ ракометната лига играјќи 29:29.

Битолчани во последниот натпревар од овој дел на сезоната водеа рамноправна игра, првото полувреме го завршија со минимална предност (17:16), а во вториот дел „бркаа“ негатива која на крајот успеаја да ја достигнат за поделба на бодовите.

Статистички, во домашниот тим најмногу се истакна интернационалецот Хосни кој постигна 8 голови, а веднаш за него со 7 постигнати голови се истакна македонскиот репрезентативец Танкоски. Кај гостите од Шпанија силите беа подеднакво распределени, а тимската игра им овозможи успешно гостување на теренот во Битола и бод во бодовното салдо.

Натреварите од ракометната ЕХФ Лига продолжуваат во февруари 2023 година

The post Спектакл во Битола, Пелистер одигра нерешено со Бидасоа appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не ја искористија предноста на домашниот терен и ремизираа со шпанскиот претставник во ЕХФ ракометната лига играјќи 29:29. Битолчани во последниот натпревар од овој дел на сезоната водеа рамноправна игра, првото полувреме го завршија со минимална предност (17:16), а во вториот дел „бркаа“ негатива која на крајот успеаја да ја достигнат за поделба на бодовите. Статистички, во домашниот тим најмногу се истакна интернационалецот Хосни кој постигна 8 голови, а веднаш за него со 7 постигнати голови се истакна македонскиот репрезентативец Танкоски. Кај гостите од Шпанија силите беа подеднакво распределени, а тимската игра им овозможи успешно гостување на теренот во Битола и бод во бодовното салдо. Натреварите од ракометната ЕХФ Лига продолжуваат во февруари 2023 година

The post Спектакл во Битола, Пелистер одигра нерешено со Бидасоа appeared first on Република.

]]>
„Ако одам во Битола“ ечеше во „Боро Чурлевски“, пелистерци драматично заминаа во финале https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/ako-odam-vo-bitola-echeshe-vo-boro-churlevski-pelisterci-dramatichno-zaminaa-vo-finale/ Fri, 26 Aug 2022 09:02:35 +0000 https://republika.mk/?p=544328

Во драматичен ракометен натпревар и по изведување на пенали ракометарите на Еурофарм Пелистер вчеравечер го совладаа Мешков Брест со 27:26.


Во регуларниот тек, натпреварот одигран во Битола заврши нерешено 23:23.

Во фер и коректен натпревар битолчани заслужено патуваат во Задар на завршниот турнир од ракометната СЕХА лига, каде силите ќе ги одмерат со Веспрем од Унгарија.

Атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ беше загреана уште пред почетокот на натпреварот кога пејачот Димитар Андоновски заедно со цела битолска публика заедно ја испеаја „Ако одам во Битола“.

The post „Ако одам во Битола“ ечеше во „Боро Чурлевски“, пелистерци драматично заминаа во финале appeared first on Република.

]]>

Во драматичен ракометен натпревар и по изведување на пенали ракометарите на Еурофарм Пелистер вчеравечер го совладаа Мешков Брест со 27:26. Во регуларниот тек, натпреварот одигран во Битола заврши нерешено 23:23. Во фер и коректен натпревар битолчани заслужено патуваат во Задар на завршниот турнир од ракометната СЕХА лига, каде силите ќе ги одмерат со Веспрем од Унгарија. Атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ беше загреана уште пред почетокот на натпреварот кога пејачот Димитар Андоновски заедно со цела битолска публика заедно ја испеаја „Ако одам во Битола“.

The post „Ако одам во Битола“ ечеше во „Боро Чурлевски“, пелистерци драматично заминаа во финале appeared first on Република.

]]>