Ристо Стефановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/risto-stefanovski/ За подобро да се разбереме Fri, 13 May 2022 08:19:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ристо Стефановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/risto-stefanovski/ 32 32 Немаме двајца, еден е Ристо Стефановски, рече актерката на МНТ Весна Петрушевска на комеморацијата за театрологот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nemame-dvajca-eden-e-risto-stefanovski-reche-akterkata-na-mnt-vesna-petrushevska-na-komemoracijata-za-teatrologot/ Thu, 12 May 2022 13:55:58 +0000 https://republika.mk/?p=501532

Немаме двајца, еден е Ристо Стефановски. Ја направивме оваа комеморација затоа што тој беше најпристојниот, најтоплиот, најемотивниот, највнимателниот театарџија што јас сум го сретнала во мојот живот. Тоа беше Ристе. И дури беше толку внимателен, љубезен, достоинствен и толку нежен. Нема друг. Затоа и го направивме ова. И затоа што е ред. А редот го почитуваше Ристе Стефановски, рече Весна Петрушевска, актерка на Македонскиот народен театар (МНТ) на денешната комеморација за театарологот Ристо Стефановски, кој почина на 22 март годинава, на 94 години.

Ристо Стефановски беше театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар и директор на Драмски театар Скопје цели 26 години, од 1957-1983.

Роден во Скопје, Стефановски студирал глума на Театарската академија во Белград, а од 1951 до 1960 бил актер во скопскиот Народниот театар. Од пролетта 1957 раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Го обмислува, реализира и уредува театарското списание „Театарски гласник“ од 1977. Во меѓувреме, дипломирал на Факултетот за драмска уметност во Белград, отсек организација. Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија.

Стефановски беше испратен со долг аплауз од колегите од МНТ, Драмски, Турски театар, режисери, драматурзи, актери од повеќе театари. Додека колегите се збогувааа со бардот на македонскиот театар, во позадина одеше музиката на неговиот внук, светски познатиот гитарист Влатко Стефановски. „Бистра вода“, „Учи ме мајко карај ме“, „Јовано, Јованке...“ за последното збогум од колегите театарџии.

Си заминаа и Иван, Мирко, Круме, Миле. Си заминаа и други, енцикопледии. Ти последен. Се прашувам: Што правиме ние сега? Во една од моите најомилени книги, 'Господарот на прстените', кога се говори за смртта на Гандалф, добриот сив волшебник, се вели: кога паѓаат големите, помалите мора да водат. Се прашувам каде ќе нè води оваа наша генерација која сакале-нејќеле мора да води. Знам дека тоа ќе го направиме со гордоста и со смелоста на која ти не научи. Секогаш ќе бидам благодарен што сум дел од твојата фамилија, фамилијата на твоите браќа и нивните потомци, рече Игор Стефановски, син на драматургот Горан Стефановски, кој се јави со видеоповик.

За драматугот Братислав Димитров Стефановски е театарски воин за сите времиња.

Тоа што е Марадона во фудбалот, Мајлс Дејвис во музиката, Ристо Стефановски е во театарот. Се работи за човек кој е феномен во светски размери. Како никој пред и како никој после него, тој успевал да создава одличен театар во три сосема различни општестевени системи и во три различни театари. Во услови на материјална, но често и во морална беда, кога и најупорните се откажуваа, заменувајќи го стресниот театар со удобна фотелја и топли влечки, нашиот Ристе влегувал во сурови битки и пронаоѓал решенија доследни и за најголемите магионичари и алхемичари, рече Димитров на комеморацијата.

Актерот на МНТ, Ѓорѓи Јолевски, во емотовниот говор рече дека Ристо Стефановски е татко на современиот македонски театар.

Како татко ги создаваше институциите, театарите, фестивалите, големите режисерски, авторски и актерски имиња. Твоите театаролошки записи, кои секојдневно, со голема љубов ги преточуваше во книги, вечно ќе останат да не потсетуваат на историјата, важноста, значењето и моќта на театарот. Драг Ристо, никогаш не сум ти кажал дека беше мојата инспирација, рече Јолевски.

Актерот на Драмски театар Јовица Михајловски се потсети на последните две средби со Ристо Стефановски, кој бил директор кога тој се вработил во театарот.

Горан Стефановски работата на Ристо ја спореди со работата на врвен енолог. За да имате врвно вино, треба внимателно да го одберете грозјето, да биде од една сорта, па да се собере на време, да одлежи, да ферментира, флашира и да биде спремно за конзумација. Иста таква методологија Ристе ја применувал во градењето, нормално под контрола на уметничкиот совет. Истиот таков процес го применувал во одбирот при создавање на ансамблот. Во Драмски не можеше да се случи директно од Академија да играте главна улога, се присети Михајловски.

Една од внуките на Ристо Стефановски, Елена, со присутните на отворената комеморација сподели малку познати детали од долгиот и богат живот на театарологот, кому театарот му бил  и му значел исто како и семејството.

До тој степен Ристо е посветен на театарот, што кога му се раѓа првата внука од помалата ќерка Тања заминува на гостување со театарот и праќа телеграма во болница. Вака гласи: Тато е поносен, ве сакам двете. Во тоа време веројатно актерите беа негови деца и внуци, раскажа Елена.

Од 1983 година беше генерален директор на Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје. Автор е на 12 тома од книгите „Театарот во Македонија“, и меѓудругите на „Летопис на македонската драма и театар“,„Монографија – 30 години Драмски театар“, „Мојот театар – Театарски вистини, записи, сведоштва, сеќавања“ и други.

Стефановски создаде сценски простор ослободен од креативен догматизам каде што актерите можеа да го покажат својот талент. Без Ристо и неговата подготвеност да преземе ризици и да се бори за своите избори, да биде прав дури и кога греши, немаше да постојат ни Љубиша Георгиевски, ни Слободан Унковски, Горан Стефановски, ни многу други кои продефилираа низ Драмски оставјќи траги на неговата сцена. Тоа се негови деца. Затоа Ристо е незаменлива алка кое светлото минато на македонскиот театар го поврзува со неговата иднина, рече д-р Наум Пановски, чија порака од Вашингтон ја прочита актерката Драгана Костадиновска.

Стефановски е добитник на бројни високи државни награди: „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, Стериина награда за животно дело на Фестивалот Стериино позорје, Нови Сад, Награда на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за животно дело, Ордените за труд со бронзен, сребрен венец и златен венец, „13 Ноември“, Одликување на Француската влада „Академска палма“ и други.

The post Немаме двајца, еден е Ристо Стефановски, рече актерката на МНТ Весна Петрушевска на комеморацијата за театрологот appeared first on Република.

]]>

Немаме двајца, еден е Ристо Стефановски. Ја направивме оваа комеморација затоа што тој беше најпристојниот, најтоплиот, најемотивниот, највнимателниот театарџија што јас сум го сретнала во мојот живот. Тоа беше Ристе. И дури беше толку внимателен, љубезен, достоинствен и толку нежен. Нема друг. Затоа и го направивме ова. И затоа што е ред. А редот го почитуваше Ристе Стефановски, рече Весна Петрушевска, актерка на Македонскиот народен театар (МНТ) на денешната комеморација за театарологот Ристо Стефановски, кој почина на 22 март годинава, на 94 години. Ристо Стефановски беше театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар и директор на Драмски театар Скопје цели 26 години, од 1957-1983. Роден во Скопје, Стефановски студирал глума на Театарската академија во Белград, а од 1951 до 1960 бил актер во скопскиот Народниот театар. Од пролетта 1957 раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Го обмислува, реализира и уредува театарското списание „Театарски гласник“ од 1977. Во меѓувреме, дипломирал на Факултетот за драмска уметност во Белград, отсек организација. Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија. Стефановски беше испратен со долг аплауз од колегите од МНТ, Драмски, Турски театар, режисери, драматурзи, актери од повеќе театари. Додека колегите се збогувааа со бардот на македонскиот театар, во позадина одеше музиката на неговиот внук, светски познатиот гитарист Влатко Стефановски. „Бистра вода“, „Учи ме мајко карај ме“, „Јовано, Јованке...“ за последното збогум од колегите театарџии.
Си заминаа и Иван, Мирко, Круме, Миле. Си заминаа и други, енцикопледии. Ти последен. Се прашувам: Што правиме ние сега? Во една од моите најомилени книги, 'Господарот на прстените', кога се говори за смртта на Гандалф, добриот сив волшебник, се вели: кога паѓаат големите, помалите мора да водат. Се прашувам каде ќе нè води оваа наша генерација која сакале-нејќеле мора да води. Знам дека тоа ќе го направиме со гордоста и со смелоста на која ти не научи. Секогаш ќе бидам благодарен што сум дел од твојата фамилија, фамилијата на твоите браќа и нивните потомци, рече Игор Стефановски, син на драматургот Горан Стефановски, кој се јави со видеоповик.
За драматугот Братислав Димитров Стефановски е театарски воин за сите времиња.
Тоа што е Марадона во фудбалот, Мајлс Дејвис во музиката, Ристо Стефановски е во театарот. Се работи за човек кој е феномен во светски размери. Како никој пред и како никој после него, тој успевал да создава одличен театар во три сосема различни општестевени системи и во три различни театари. Во услови на материјална, но често и во морална беда, кога и најупорните се откажуваа, заменувајќи го стресниот театар со удобна фотелја и топли влечки, нашиот Ристе влегувал во сурови битки и пронаоѓал решенија доследни и за најголемите магионичари и алхемичари, рече Димитров на комеморацијата.
Актерот на МНТ, Ѓорѓи Јолевски, во емотовниот говор рече дека Ристо Стефановски е татко на современиот македонски театар.
Како татко ги создаваше институциите, театарите, фестивалите, големите режисерски, авторски и актерски имиња. Твоите театаролошки записи, кои секојдневно, со голема љубов ги преточуваше во книги, вечно ќе останат да не потсетуваат на историјата, важноста, значењето и моќта на театарот. Драг Ристо, никогаш не сум ти кажал дека беше мојата инспирација, рече Јолевски.
Актерот на Драмски театар Јовица Михајловски се потсети на последните две средби со Ристо Стефановски, кој бил директор кога тој се вработил во театарот.
Горан Стефановски работата на Ристо ја спореди со работата на врвен енолог. За да имате врвно вино, треба внимателно да го одберете грозјето, да биде од една сорта, па да се собере на време, да одлежи, да ферментира, флашира и да биде спремно за конзумација. Иста таква методологија Ристе ја применувал во градењето, нормално под контрола на уметничкиот совет. Истиот таков процес го применувал во одбирот при создавање на ансамблот. Во Драмски не можеше да се случи директно од Академија да играте главна улога, се присети Михајловски.
Една од внуките на Ристо Стефановски, Елена, со присутните на отворената комеморација сподели малку познати детали од долгиот и богат живот на театарологот, кому театарот му бил  и му значел исто како и семејството.
До тој степен Ристо е посветен на театарот, што кога му се раѓа првата внука од помалата ќерка Тања заминува на гостување со театарот и праќа телеграма во болница. Вака гласи: Тато е поносен, ве сакам двете. Во тоа време веројатно актерите беа негови деца и внуци, раскажа Елена.
Од 1983 година беше генерален директор на Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје. Автор е на 12 тома од книгите „Театарот во Македонија“, и меѓудругите на „Летопис на македонската драма и театар“,„Монографија – 30 години Драмски театар“, „Мојот театар – Театарски вистини, записи, сведоштва, сеќавања“ и други.
Стефановски создаде сценски простор ослободен од креативен догматизам каде што актерите можеа да го покажат својот талент. Без Ристо и неговата подготвеност да преземе ризици и да се бори за своите избори, да биде прав дури и кога греши, немаше да постојат ни Љубиша Георгиевски, ни Слободан Унковски, Горан Стефановски, ни многу други кои продефилираа низ Драмски оставјќи траги на неговата сцена. Тоа се негови деца. Затоа Ристо е незаменлива алка кое светлото минато на македонскиот театар го поврзува со неговата иднина, рече д-р Наум Пановски, чија порака од Вашингтон ја прочита актерката Драгана Костадиновска.
Стефановски е добитник на бројни високи државни награди: „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, Стериина награда за животно дело на Фестивалот Стериино позорје, Нови Сад, Награда на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за животно дело, Ордените за труд со бронзен, сребрен венец и златен венец, „13 Ноември“, Одликување на Француската влада „Академска палма“ и други.  

The post Немаме двајца, еден е Ристо Стефановски, рече актерката на МНТ Весна Петрушевска на комеморацијата за театрологот appeared first on Република.

]]>
Македонски народен театар ќе одржи комеморација за Ристо Стефановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonski-naroden-teatar-kje-odrzi-komemoracija-za-risto-stefanovski/ Mon, 09 May 2022 09:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=499833

Македонскиот народен театар в четврток, на 12 мај во 13,30 часот на големата сцена ќе одржи отворена комеморација во чест на големиот Ристо Стефановски, на кој сите пријатели, познаници и почитувачи ќе му оддадат почит, соопшија од Националниот театар.

Стефановски беше театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар и директор на Драмски театар Скопје од основањето во 1957 до 1983 година, цели 26 години. Тој почина на 94 години на 22 март годинава.

Драмски театар објави дека нема да прави комеморација за Стефановски и актерките Сабина Ајрула и Мајда Тушар, туку ќе им се заблагодари за сè она што му го дале на театарот на 28 април, четврток, кога ќе го прослави 76. роденден на Драмски.

Игор Стефановски, внук на Ристо и син на Горан, на Фејсбук објави дека нема да присуствуваат на настанот оти сметаат дека „комеморација за Ристо Стефановски не само што треба, туку мора да има“.

https://republika.mk/vesti/kultura/sobiranjeto-shto-go-predlozuva-dramski-e-omalovazuvanje-na-likot-i-deloto-ne-samo-na-nashiot-risto-tuku-i-na-glumcite-na-teatarot-koi-pochinaa-vo-izminatite-meseci/

Друга причина е што веруваме дека собирањето што го предложува Драмски, театарот којшто тој го формираше и со него ги доживеа ѕвездените мигови, не доликува, и е омаловажување, на ликот и делото не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци. Лесна им земја на сите – легенди“, вели Игор и највува дека наскоро сепак ќе има комеморација и дека „на неа ќе биде јасно зошто токму тој заслужува такво нешто… бидејќи, да бидеме реални, ќе имаше ли историја на македонскиот театар без него и дали толку прецизно ќе беше документирана?.

https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-nema-da-pravi-komemoracija-za-risto-stefanovski-sabina-ajrula-majda-tushar-tuku-kje-im-se-zablagodari-za-ona-shto-tie-go-napravile/

Стефановски е роден во 1928 година, во Скопје. По завршувањето на театарската школа, студирал и организација на Факултетот за драмски уметности во Белград, а од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Одиграл 14 улоги: од Поцко во „Чорбаџи Теодос“ (1945), преку Зија во „Гоце“ (1951), Тренко во „Македонска крвава свадба“ (1953), Офицер во „Отело“ (1954), Френсис Нерс во „Вештерките од Салем“ (1955), Петров во „Оклопниот воз 14-69“ (1957), до Иван Петрович Восмибратов во „Шума “ (1959).

Стефановски во аналите на Македонскиот народен театар ќе остане засекогаш не само како актер, но и како човек кој го раководеше театарот во неговиот значаен период од 1983 до 1988 година. Беше и директор во Драмски театар - Скопје, во период од 26 години. Дел од историјата на МНТ и воопшто на македонскиот театар е запишана од Стефановски во книгите кои се однесуваат на театарот и кои сведочат за годините наназат.

The post Македонски народен театар ќе одржи комеморација за Ристо Стефановски appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар в четврток, на 12 мај во 13,30 часот на големата сцена ќе одржи отворена комеморација во чест на големиот Ристо Стефановски, на кој сите пријатели, познаници и почитувачи ќе му оддадат почит, соопшија од Националниот театар. Стефановски беше театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар и директор на Драмски театар Скопје од основањето во 1957 до 1983 година, цели 26 години. Тој почина на 94 години на 22 март годинава. Драмски театар објави дека нема да прави комеморација за Стефановски и актерките Сабина Ајрула и Мајда Тушар, туку ќе им се заблагодари за сè она што му го дале на театарот на 28 април, четврток, кога ќе го прослави 76. роденден на Драмски. Игор Стефановски, внук на Ристо и син на Горан, на Фејсбук објави дека нема да присуствуваат на настанот оти сметаат дека „комеморација за Ристо Стефановски не само што треба, туку мора да има“. https://republika.mk/vesti/kultura/sobiranjeto-shto-go-predlozuva-dramski-e-omalovazuvanje-na-likot-i-deloto-ne-samo-na-nashiot-risto-tuku-i-na-glumcite-na-teatarot-koi-pochinaa-vo-izminatite-meseci/
Друга причина е што веруваме дека собирањето што го предложува Драмски, театарот којшто тој го формираше и со него ги доживеа ѕвездените мигови, не доликува, и е омаловажување, на ликот и делото не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци. Лесна им земја на сите – легенди“, вели Игор и највува дека наскоро сепак ќе има комеморација и дека „на неа ќе биде јасно зошто токму тој заслужува такво нешто… бидејќи, да бидеме реални, ќе имаше ли историја на македонскиот театар без него и дали толку прецизно ќе беше документирана?.
https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-nema-da-pravi-komemoracija-za-risto-stefanovski-sabina-ajrula-majda-tushar-tuku-kje-im-se-zablagodari-za-ona-shto-tie-go-napravile/   Стефановски е роден во 1928 година, во Скопје. По завршувањето на театарската школа, студирал и организација на Факултетот за драмски уметности во Белград, а од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Одиграл 14 улоги: од Поцко во „Чорбаџи Теодос“ (1945), преку Зија во „Гоце“ (1951), Тренко во „Македонска крвава свадба“ (1953), Офицер во „Отело“ (1954), Френсис Нерс во „Вештерките од Салем“ (1955), Петров во „Оклопниот воз 14-69“ (1957), до Иван Петрович Восмибратов во „Шума “ (1959). Стефановски во аналите на Македонскиот народен театар ќе остане засекогаш не само како актер, но и како човек кој го раководеше театарот во неговиот значаен период од 1983 до 1988 година. Беше и директор во Драмски театар - Скопје, во период од 26 години. Дел од историјата на МНТ и воопшто на македонскиот театар е запишана од Стефановски во книгите кои се однесуваат на театарот и кои сведочат за годините наназат.  

The post Македонски народен театар ќе одржи комеморација за Ристо Стефановски appeared first on Република.

]]>
Собирањето што го предложува Драмски е омаловажување на ликот и делото, не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sobiranjeto-shto-go-predlozuva-dramski-e-omalovazuvanje-na-likot-i-deloto-ne-samo-na-nashiot-risto-tuku-i-na-glumcite-na-teatarot-koi-pochinaa-vo-izminatite-meseci/ Wed, 27 Apr 2022 19:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=494439

Семејството на Ристо Стефановски одбива да присуствува на утрешниот настан организиран од Драмски театар, нарекувајќи го недостоен не само за неговото, туку и за ликот и делото на а глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци.

Драги пријатели и почитувачи на делото на Ристо Стефановски:

Во името на најблиската фамилија на нашиот татко и дедо Ристо, сакаме да кажеме дека нема да присуствуваме на утрешниот настан што го организира Драмски театар.

Главната причина е поради тоа што сметаме дека комеморација за Ристо Стефановски не само што треба, туку МОРА да има, а друга причина е што веруваме дека собирањето што го предложува Драмски, театарот којшто тој го формираше и со него ги доживеа ѕвездените мигови, не доликува, и е омаловажување, на ликот и делото не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци. Лесна им земја на сите - легенди.

Сепак, би сакале и да ве информираме дека Комеморација за Ристо Стефановски ќе има, наскоро, и дека на неа ќе биде јасно зошто токму тој заслужува такво нешто...бидејќи, да бидеме реални, ќе имаше ли историја на „Македонскиот Театар” без него и дали толку прецизно ќе беше документирана?
За комеморацијата благовремено ќе ве известиме, се вели во соопштението од фамилијата на Ристо Стефановски.

The post Собирањето што го предложува Драмски е омаловажување на ликот и делото, не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци appeared first on Република.

]]>

Семејството на Ристо Стефановски одбива да присуствува на утрешниот настан организиран од Драмски театар, нарекувајќи го недостоен не само за неговото, туку и за ликот и делото на а глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци.
Драги пријатели и почитувачи на делото на Ристо Стефановски: Во името на најблиската фамилија на нашиот татко и дедо Ристо, сакаме да кажеме дека нема да присуствуваме на утрешниот настан што го организира Драмски театар. Главната причина е поради тоа што сметаме дека комеморација за Ристо Стефановски не само што треба, туку МОРА да има, а друга причина е што веруваме дека собирањето што го предложува Драмски, театарот којшто тој го формираше и со него ги доживеа ѕвездените мигови, не доликува, и е омаловажување, на ликот и делото не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци. Лесна им земја на сите - легенди. Сепак, би сакале и да ве информираме дека Комеморација за Ристо Стефановски ќе има, наскоро, и дека на неа ќе биде јасно зошто токму тој заслужува такво нешто...бидејќи, да бидеме реални, ќе имаше ли историја на „Македонскиот Театар” без него и дали толку прецизно ќе беше документирана? За комеморацијата благовремено ќе ве известиме, се вели во соопштението од фамилијата на Ристо Стефановски.

The post Собирањето што го предложува Драмски е омаловажување на ликот и делото, не само на нашиот Ристо, туку и на глумците на театарот кои починаа во изминатите месеци appeared first on Република.

]]>
Драмски театар нема да прави комеморација за Ристо Стефановски, Сабина Ајрула, Мајда Тушар, туку ќе им се заблагодари за она што тие го направиле https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-nema-da-pravi-komemoracija-za-risto-stefanovski-sabina-ajrula-majda-tushar-tuku-kje-im-se-zablagodari-za-ona-shto-tie-go-napravile/ Thu, 21 Apr 2022 08:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=491610

Драмски театар Скопје нема да организира комеморативни седници по повод смртта на театарологот и долгогодишен директор Ристо Стефановски и актерките Сабина Ајрула и Мајда Тушар, туку ќе им се заблагодари за сè она што му го дале на театарот на 28 април, четврток, кога ќе го прослави 76. роденден на Драмски.

На 28 април, во 12 часот ќе го славиме животот и делото на сите наши кои ги изгубивме во изминатава година. Нема да правиме комеморација за нив. Ќе им се заблагодариме. На Ристо, Сабина, Мајда, Вида... за сè она што му го дадоа на Драмски, кој без нив немаше да биде тоа што е денес. Ќе се потрудиме со своето присуство да им дадеме барем малку благодарност за она многу што Драмски го доби од нив, објави Драмски театар на својата страница на Фејсбук.

Денеска, на 21 април, Драмски театар го слави 76. роденден. Оттаму најавуваат дека 28 април ги очекуваат колегите, соработниците, почитувачите на Драмски, без билети и официјани покани и протоколи да дојдат и да го прослават роденденот на Театарот.

Денес нема да пишуваме историја и биографија на Драмски. Напишана е. И допрва ќе се допишува, велат од Драмски.

Минатиот четврток, на 14 арпил на 72 години почина Мајда Тушар, актерка во Драмски од 1972 до 2015 година. Тушар дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучи во тековниот репертоар на Драмскиот театар, особено во проектите на Вечерната сцена.

[caption id="attachment_491620" align="alignnone" width="1000"] Мајда Тушар[/caption]

Ристо Стефановски беше теататролог, театарски историчар и долгогодишен директор на Драмски театар Скопје (1957-1983). Почина на 22 март годинава. Од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Од пролетта 1957 година раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија. Од 1983 година Ристо Стефановски е генерален директор на Македонскиот народен театар во Скопје.

[caption id="attachment_491621" align="alignnone" width="800"] Ристо Стефановски[/caption]

Сабина Ајрула-Тозија, една од најзначајните и најпопуларните македонски актери, почина на 10 август 2021 година на 75 години, по тешко боледување. Во кариерата долга над половина век, Ајрула одигра над 70 значајни улоги на сцената на нејзиниот матичен Драмски театар, но и во скоро сите театри низ земјава, од Македонскиот народен театар, Турскиот театар, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, Народниот театар од Куманово, Театарот за деца и младинци – Скопје до независни поставки.

[caption id="attachment_368470" align="alignnone" width="740"] Сабина Ајрула Тозија[/caption]

The post Драмски театар нема да прави комеморација за Ристо Стефановски, Сабина Ајрула, Мајда Тушар, туку ќе им се заблагодари за она што тие го направиле appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје нема да организира комеморативни седници по повод смртта на театарологот и долгогодишен директор Ристо Стефановски и актерките Сабина Ајрула и Мајда Тушар, туку ќе им се заблагодари за сè она што му го дале на театарот на 28 април, четврток, кога ќе го прослави 76. роденден на Драмски.
На 28 април, во 12 часот ќе го славиме животот и делото на сите наши кои ги изгубивме во изминатава година. Нема да правиме комеморација за нив. Ќе им се заблагодариме. На Ристо, Сабина, Мајда, Вида... за сè она што му го дадоа на Драмски, кој без нив немаше да биде тоа што е денес. Ќе се потрудиме со своето присуство да им дадеме барем малку благодарност за она многу што Драмски го доби од нив, објави Драмски театар на својата страница на Фејсбук.
Денеска, на 21 април, Драмски театар го слави 76. роденден. Оттаму најавуваат дека 28 април ги очекуваат колегите, соработниците, почитувачите на Драмски, без билети и официјани покани и протоколи да дојдат и да го прослават роденденот на Театарот.
Денес нема да пишуваме историја и биографија на Драмски. Напишана е. И допрва ќе се допишува, велат од Драмски.
Минатиот четврток, на 14 арпил на 72 години почина Мајда Тушар, актерка во Драмски од 1972 до 2015 година. Тушар дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучи во тековниот репертоар на Драмскиот театар, особено во проектите на Вечерната сцена. [caption id="attachment_491620" align="alignnone" width="1000"] Мајда Тушар[/caption] Ристо Стефановски беше теататролог, театарски историчар и долгогодишен директор на Драмски театар Скопје (1957-1983). Почина на 22 март годинава. Од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Од пролетта 1957 година раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија. Од 1983 година Ристо Стефановски е генерален директор на Македонскиот народен театар во Скопје. [caption id="attachment_491621" align="alignnone" width="800"] Ристо Стефановски[/caption] Сабина Ајрула-Тозија, една од најзначајните и најпопуларните македонски актери, почина на 10 август 2021 година на 75 години, по тешко боледување. Во кариерата долга над половина век, Ајрула одигра над 70 значајни улоги на сцената на нејзиниот матичен Драмски театар, но и во скоро сите театри низ земјава, од Македонскиот народен театар, Турскиот театар, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, Народниот театар од Куманово, Театарот за деца и младинци – Скопје до независни поставки. [caption id="attachment_368470" align="alignnone" width="740"] Сабина Ајрула Тозија[/caption]

The post Драмски театар нема да прави комеморација за Ристо Стефановски, Сабина Ајрула, Мајда Тушар, туку ќе им се заблагодари за она што тие го направиле appeared first on Република.

]]>
Почина Ристо Стефановски, театролог и долгогодишен директор на Драмски театар Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-risto-stefanovski-teatrolog-i-dolgogodishen-direktor-na-dramski-teatar-skopje/ Tue, 22 Mar 2022 12:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=476616

Ристо Стефановски долгогодишен директор на Драмски театар Скопје (1957-1983) почина денеска, соопшти Националната установа Драмски театар Скопје.

Стефановски (театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар) е роден 1928 година во Скопје. По завршувањето на Државната театарска школа во родниот град, две години студирал глума на Театарската академија во Белград. Од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Од пролетта 1957 година раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Го обмислува, реализира и уредува театарското списание „Театарски гласник“ од 1977 година. Во меѓувреме дипломирал на Факултетот за драмска уметност во Белград, отсек организација. Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија. Од 1983 година Ристо Стефановски е генерален директор на Македонскиот народен театар во Скопје. Автор е на книгите: „Театарот во Македонија“ (кратка верзија, идз. „Македонска книга“, 1976 година, Скопје), „Театарот во Македонија“ од античкиот период до слободата, „Мисла“, 1990 година, „Театарот во Македонија од партизанскиот период до Младинско детскиот театар“ (1941-1958), „МНТ“, 1998 година, „Театарот во Македонија“ – Современи тенденции (1958-1962), „МНТ“, 2002 година, „Театарот во Македонија“ – Нова естетика (1963-1965), „Pro litera“, 2003 година, Театарот во Македонија“ – Нова естетика (1966-1967), „Pro litera“, 2004 година, Театарот во Македонија“ – Подем на сценската уметност (1968-1971), „Pro litera“ 2006 година, Театарот во Македонија“ – Автентична театарска естетика (1972-1975), „Pro litera“, 2008 година, Театарот во Македонија“ – Време на подем и широка афирмација (1976-1979), „Pro litera“, 2009 година, Театарот во Македонија“ – Круна на подемот (1980-1983), „Pro litera“, 2010 година, Театарот во Македонија“ – Зенитот на МНТ (1984-1987), „Pro litera“, 2011 година, „Театарот во Македонија“ – (1988-1991); 2012 година, „Летопис на македонската драма и театар“, – Прва книга, Дирекција за култура и уметност (1998), „Летопис на македонската драма и театар“, – Втора книга, „Pro litera“ 2006 година, „Монографија“ – 30 години Драмски театар 1946-1976, заедно со Душко и Милош Константинов, Драмски театар 1976 година, „Летопис – Македонски театар 1945-1995“, заедно со Славко Маринковиќ, МНТ, 1995 година, „Народен театар Јордан Хаџи Константинов-Џинот – 50 години“, 1948/49-1998/99, Заедно со Славко Маринковиќ, НТ Јордан Хаџи Константинов Џинот, 1999 година, „Од Хераклеа до Народен театар Битола“, НТ Битола, 1994 година, „40 години Охридско лето“ – драмскиот дел (1961-2000), Охридско лето 2000 година, „50 години Охридско лето“ – драмскиот дел (1961-1990), Охридксо лето 2010 година, „Турски театар“ монографија 1950-2010, Турски театар 2010 година, „Македонска енциклопедија“ (дел за театар), МАНУ 2009, „Театарот во Македонија – од почетоците до ослободувањето“, Македоника 2011 година, „Мојот театар“ – Театарски вистини, записи, сведоштва, сеќавања (2013), Написи за театарот во Македонија во англиската и американската „Историја на светскиот театар“ и други.

Добитник е повеќе награди, меѓу кои: Св. Климент Охридски (1988); Стериина награда за животно дело на Фестивалот Стериино позорје, Нови Сад (1989); Награда на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за животно дело (1989); Орден за труд со бронзен венец; Орден за труд со сребрен венец; Орден за труд со златен венец; Награда 13 Ноември (1983); Награда 11 Октомври (1988); Одликување на Француската влада Palmes Academiques, и други.

The post Почина Ристо Стефановски, театролог и долгогодишен директор на Драмски театар Скопје appeared first on Република.