Ристо Соколов Сокол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/risto-sokolov-sokol/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Oct 2023 07:48:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ристо Соколов Сокол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/risto-sokolov-sokol/ 32 32 Постхумна изложба на Ристо Соколов-Сокол во МКЦ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/posthumna-izlozhba-na-risto-sokolov-sokol-vo-mkts-vo-skopje/ Mon, 16 Oct 2023 07:48:46 +0000 https://republika.mk/?p=691527

Вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде отворена постхумна изложба на македонскиот ликовен уметник Ристо Соколов-Сокол под наслов „Некогаш и денес“. Станува збор за неговиот последен официјален работен циклус на реализирани ликовни дела, кои досега не се излагани во Скопје.

Ристо Соколов е роден во с. Дреново, Кавадарци на 16 април 1957 година. Училиште за применета уметност отсек графика завршил 1978 година во Скопје. Факултет за ликовна уметност, на отсекот графика кај проф. Димитар Малиданов и графички дизајн кај проф. Костадин Танчев Динка дипломирал во 1988 година, како студент на генерацијата во отсек графика.

Поважни самостојни ликовни изложби:

– 2014 Музеј Галерија Кавадарци
– 2013 Музеј Галерија Кавадарци
– 2013 Ликовна галерија Велес
– 2012 Музеј Неготино
– 2011 Музеј Демир Капија
– 2011Уметничко студио “Сокол Арт“ Кавадарци
– 2010 Дом на култура с. Дреново
– 2009 Дом на култура Кавадарци
– 2004 Музеј Галерија Кавадарци
– 1999 КИЦ Скопје
– 1998 Музеј Галерија Кавадарци
– 1988 Штипско културно лето Штип
– 1988 Младински дом Кавадарци
– 1980 Кикинда, Србија

Поважни групни изложби:

– 1974-2015 Сите групни и Годишни изложби/Зимски салони на Друштво на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК)
– Учество на неколку Годишни изложби на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ)
– 2011 Групна изложба на автори од Тиквешијата по повод “Свети Трифун“ во Уметничко студио “Сокол Арт“ Кавадарци
– 2008 Интернационален ликовен караван со колекцијата на Тихомир Кондев
– 2008 Тиквешки ликовни уметници во Дом на култура Кавадарци
– 2007 Денови на македонските Домови на култура во Дом на култура Ново Село
– 2007 “Култура е“ изложба на дела изработени на ликовно сценски перформанс на Градски плоштад Кавадарци
– 2003 Изложба на дела изработени на ликовен хепенинг на Градски плоштад Кавадарци
– 2000 Групна изложба во МКЦ Скопје
– 2000 Групна изложба во Центар за култура Охрид
– 1994“Пред дождот“ Дом на култура Штип
– 1987 Чачак, Србија
– 1986 Сараево, Босна и Херцеговина
– 1986 Групна изложба во МКЦ Скопје
– 1985 Белград, Србија
– 1985 Ивањица, Србија
– 1985 Сараево, Босна и Херцеговина
– 1984 Белград, Србија

Учествувал на 30-ина меѓународни ликовни колонии.

Поважни награди и признанија:

– 1985 прва награда за графика на XVIII Ликовна колонија на студенти на ФЛУ од СФРЈ
– 1987 награда на ФЛУ Скопје за најдобар студент на генерацијата
– 2000 прва награда за идејно решение за знаме на општина Кавадарци
– 2004 прва награда за лого на манифестацијата “Тиквешки гроздобер“ Кавадарци
– добитник е на повеќе откупни награди за идејни решенија од областа на графичкиот дизајн
– 2013 Добитник на највисокото општинско признание на Кавадарци од областа на културата и уметноста, наградата “7 Септември“

Останато:

– Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1990 година
– Еден е од основачите на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК) во 1974 година
– Беше Претседател на ДЛУК од 2007 до 2014 година
– Во одредени, пократки и подолги периоди од животот, престојува и твори во Белград (Србија), Њујорк (САД), Париз (Франција), Берлин (Германија), повеќе градови на приморјето во Хрватска, Петрич и Мелник (Бугарија), Скопје и др.
– Поголемиот дел од животот живееше и работеше во Кавадарци
– Самостоен ликовен уметник од 2009 година
– Почина на 14 февруари 2015 во Кавадарци.

The post Постхумна изложба на Ристо Соколов-Сокол во МКЦ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде отворена постхумна изложба на македонскиот ликовен уметник Ристо Соколов-Сокол под наслов „Некогаш и денес“. Станува збор за неговиот последен официјален работен циклус на реализирани ликовни дела, кои досега не се излагани во Скопје. Ристо Соколов е роден во с. Дреново, Кавадарци на 16 април 1957 година. Училиште за применета уметност отсек графика завршил 1978 година во Скопје. Факултет за ликовна уметност, на отсекот графика кај проф. Димитар Малиданов и графички дизајн кај проф. Костадин Танчев Динка дипломирал во 1988 година, како студент на генерацијата во отсек графика. Поважни самостојни ликовни изложби: – 2014 Музеј Галерија Кавадарци – 2013 Музеј Галерија Кавадарци – 2013 Ликовна галерија Велес – 2012 Музеј Неготино – 2011 Музеј Демир Капија – 2011Уметничко студио “Сокол Арт“ Кавадарци – 2010 Дом на култура с. Дреново – 2009 Дом на култура Кавадарци – 2004 Музеј Галерија Кавадарци – 1999 КИЦ Скопје – 1998 Музеј Галерија Кавадарци – 1988 Штипско културно лето Штип – 1988 Младински дом Кавадарци – 1980 Кикинда, Србија Поважни групни изложби: – 1974-2015 Сите групни и Годишни изложби/Зимски салони на Друштво на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК) – Учество на неколку Годишни изложби на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) – 2011 Групна изложба на автори од Тиквешијата по повод “Свети Трифун“ во Уметничко студио “Сокол Арт“ Кавадарци – 2008 Интернационален ликовен караван со колекцијата на Тихомир Кондев – 2008 Тиквешки ликовни уметници во Дом на култура Кавадарци – 2007 Денови на македонските Домови на култура во Дом на култура Ново Село – 2007 “Култура е“ изложба на дела изработени на ликовно сценски перформанс на Градски плоштад Кавадарци – 2003 Изложба на дела изработени на ликовен хепенинг на Градски плоштад Кавадарци – 2000 Групна изложба во МКЦ Скопје – 2000 Групна изложба во Центар за култура Охрид – 1994“Пред дождот“ Дом на култура Штип – 1987 Чачак, Србија – 1986 Сараево, Босна и Херцеговина – 1986 Групна изложба во МКЦ Скопје – 1985 Белград, Србија – 1985 Ивањица, Србија – 1985 Сараево, Босна и Херцеговина – 1984 Белград, Србија Учествувал на 30-ина меѓународни ликовни колонии. Поважни награди и признанија: – 1985 прва награда за графика на XVIII Ликовна колонија на студенти на ФЛУ од СФРЈ – 1987 награда на ФЛУ Скопје за најдобар студент на генерацијата – 2000 прва награда за идејно решение за знаме на општина Кавадарци – 2004 прва награда за лого на манифестацијата “Тиквешки гроздобер“ Кавадарци – добитник е на повеќе откупни награди за идејни решенија од областа на графичкиот дизајн – 2013 Добитник на највисокото општинско признание на Кавадарци од областа на културата и уметноста, наградата “7 Септември“ Останато: – Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1990 година – Еден е од основачите на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК) во 1974 година – Беше Претседател на ДЛУК од 2007 до 2014 година – Во одредени, пократки и подолги периоди од животот, престојува и твори во Белград (Србија), Њујорк (САД), Париз (Франција), Берлин (Германија), повеќе градови на приморјето во Хрватска, Петрич и Мелник (Бугарија), Скопје и др. – Поголемиот дел од животот живееше и работеше во Кавадарци – Самостоен ликовен уметник од 2009 година – Почина на 14 февруари 2015 во Кавадарци.

The post Постхумна изложба на Ристо Соколов-Сокол во МКЦ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Кавадарци одбележува 65 години од раѓањето на Ристо Соколов-Сокол https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kavadarci-odbelezuva-65-godini-od-ragjanjeto-na-risto-sokolov-sokol/ Tue, 19 Apr 2022 07:52:40 +0000 https://republika.mk/?p=490340

Кавадарци денеска одбележува 65 години од раѓањето на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници, Ристо Соколов Сокол (1957 – 2015). По тој повод, вечерва во Музеј галеријата ќе биде отворена негова ретроспективна изложба, своевиден омаж на неговата уметност и живот.

Роден на 16 април, на ден Велигден, замина на 14 февруари на ден Свети Трифун. Зад себе остави импозантно ликовно творештво, беше графичар и графички дизајнер по образование, а насекаде важеше и како исклучителен креатор на извонредни ликовни перформанси, мултимедијални настани, автор на бројни театарски сценографии, сценограф на многу музички концерти и фестивали и слично. Едноставно, ликовната уметност за него немаше тајни, напротив, беше и голем ликовен иноватор што го покажа со неговата врвна ликовна изложба „Некогаш и денес“, на која се претстави со циклус дела работени со природни материјали, информира Марјан Тодоровски од Здружението „Алтер Центар“ Кавадарци.

Тој потсети дека Соколов соработуваше со најдобрите уметници од сите дејности – театар, фотографија, музика, литература, стрип и слично.

Беше извонреден ентериест, голем број на локали низ Кавадарци, Македонија, Бугарија, Србија, се уште го носат неговиот уметнички печат. Излагаше низ многу земји, уметнички делуваше низ половина свет (Њујорк, Париз, Белград, Загреб, Јадранското приморје, Берлин и секако речиси во секој град во Македонија), нагласува Тодоровски. Ристо Соколов-Сокол беше и еден од основачите на Здружението за алтернативна култура „Алтер центар“ Кавадарци.

The post Кавадарци одбележува 65 години од раѓањето на Ристо Соколов-Сокол appeared first on Република.

]]>

Кавадарци денеска одбележува 65 години од раѓањето на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници, Ристо Соколов Сокол (1957 – 2015). По тој повод, вечерва во Музеј галеријата ќе биде отворена негова ретроспективна изложба, своевиден омаж на неговата уметност и живот. Роден на 16 април, на ден Велигден, замина на 14 февруари на ден Свети Трифун. Зад себе остави импозантно ликовно творештво, беше графичар и графички дизајнер по образование, а насекаде важеше и како исклучителен креатор на извонредни ликовни перформанси, мултимедијални настани, автор на бројни театарски сценографии, сценограф на многу музички концерти и фестивали и слично. Едноставно, ликовната уметност за него немаше тајни, напротив, беше и голем ликовен иноватор што го покажа со неговата врвна ликовна изложба „Некогаш и денес“, на која се претстави со циклус дела работени со природни материјали, информира Марјан Тодоровски од Здружението „Алтер Центар“ Кавадарци. Тој потсети дека Соколов соработуваше со најдобрите уметници од сите дејности – театар, фотографија, музика, литература, стрип и слично. Беше извонреден ентериест, голем број на локали низ Кавадарци, Македонија, Бугарија, Србија, се уште го носат неговиот уметнички печат. Излагаше низ многу земји, уметнички делуваше низ половина свет (Њујорк, Париз, Белград, Загреб, Јадранското приморје, Берлин и секако речиси во секој град во Македонија), нагласува Тодоровски. Ристо Соколов-Сокол беше и еден од основачите на Здружението за алтернативна култура „Алтер центар“ Кавадарци.

The post Кавадарци одбележува 65 години од раѓањето на Ристо Соколов-Сокол appeared first on Република.

]]>
Се одбележуваат 65 години од раѓањето на ликовниот уметник Ристо Соколов Сокол https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-odbelezuvaat-65-godini-od-ragjanjeto-na-likovniot-umetnik-risto-sokolov-sokol/ Fri, 15 Apr 2022 06:58:39 +0000 https://republika.mk/?p=488671

Годинава се навршуваат 65 години од раѓањето на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници – Ристо Соколов Сокол (1957 – 2015). Годишнината ќе биде одбележана со два големи настани: во вторник, 19 април 2022 и крај на мај 2022.

Ристо е роден на 16 април, на ден Велигден, а замина на 14 февруари на ден Свети Трифун. Зад себе остави импозантно ликовно творештво, беше графичар и графички дизајнер по образование, а насекаде важеше и како исклучителен креатор на извонредни ликовни перформанси, мултимедијални настани, автор на бројни театарски сценографии, сценограф на многу музички концерти и фестивали и др. Едноставно, ликовната уметност за него немаше тајни, напротив, беше и голем ликовен иноватор што го покажа со неговата врвна ликовна изложба “Некогаш и денес“ на која се претстави со циклус дела работени со природни материјали.

Соработуваше со најдобрите уметници од сите дејности – театар, фотографија, музика, литература, стрип и др. Беше извонреден ентериест, голем број на локали низ Кавадарци, Македонија, Бугарија, Србија, сеуште го носат неговиот уметнички печат. Излагаше низ многу земји, уметнички делуваше низ половина свет (Њујорк, Париз, Белград, Загреб, Јадранското приморје, Берлин и секако речиси во секој град во Македонија).

Неговото тестаментарно креативно дело беше секако Уметничкото студио „Сокол Арт“ Кавадарци. Неговото отворено ателје и место на слобода за изразување, дружба и соработка на сите уметности и уметници. Освен изложби на неговите дела, во “Сокол Арт“ се одржаа неколку изложби, групни и поединечни на кавадаречки и македонски уметници, во „Сокол Арт“ имаше промоции на книги, концерти на поединци и бендови од различни музички жанрови, беше тоа студио во кое единствена тема беше уметноста, своевидна слободна уметничка територија. Како уметничко студио “Сокол Арт“ згасна со неговото заминување, но неговите долгогодишни соработници, сопатници низ животот, пријатели и соборци денес се збрани под името „Сокол Арт“ како неформална уметничка група, секако во чест на Ристо Соколов Сокол.

Ристо Соколов Сокол беше и еден од основачите на Здружението за алтернативна култура „Алтер центар“ Кавадарци. Денес „Алтер Центар“ меѓу другото, ја реализира и Меморијалната манифестација „Пријателите за Ристо“, која годинава по осми пат ќе се оддржи некаде кон крајот на месец мај 2022. Манифестацијата во секое нејзино издание се оддржува на различен простор во Кавадарци, за да од минатата година започне да се оддржува и во други градови (Демир Капија). На манифестацијата во сите нејзини изданија со свои дела учествуваат млади, но и познати ликовни уметници, фотографи, рок и џез бендови, класични музичари, драмски актери и млади, но и познати поети.

65 години од раѓањето на големиот уметник и човек Ристо Соколов Сокол, годинава освен „Алтер Центар“, ќе ја одбележи со негова ретроспективна изложба, своевиден омаж на неговата уметност и живот, секако со поддршка на неговото семејство, пријатели и соработници и една институција во неговиот роден град и тоа Музеј Галерија Кавадарци, а изложбата со придружни настани ќе се одржи на 19 април 2022 (вторник) во ликовните салони на Музеј Галерија и ќе биде официјално отворена во 19 часот. Кавадаречката Музеј Галерија беше многу важна за Ристо Соколов Сокол. Таму се оддржаа неколку изложби со дела од повеќе негови уметнички циклуси, сите изложби беа во декември и на ден петок, особено што и неговата воопшто последна изложба насловена како “Ретро Арт – Нови моменти“. Заедно со Меморијалната манифестација „Пријателите за Ристо“ во организација на „Алтер Центар“, изложбата во Музеј Галерија Кавадарци е еден од настаните кои ќе ја одбележат ликовната година во Кавадарци и Тиквешијата.

The post Се одбележуваат 65 години од раѓањето на ликовниот уметник Ристо Соколов Сокол appeared first on Република.

]]>

Годинава се навршуваат 65 години од раѓањето на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници – Ристо Соколов Сокол (1957 – 2015). Годишнината ќе биде одбележана со два големи настани: во вторник, 19 април 2022 и крај на мај 2022. Ристо е роден на 16 април, на ден Велигден, а замина на 14 февруари на ден Свети Трифун. Зад себе остави импозантно ликовно творештво, беше графичар и графички дизајнер по образование, а насекаде важеше и како исклучителен креатор на извонредни ликовни перформанси, мултимедијални настани, автор на бројни театарски сценографии, сценограф на многу музички концерти и фестивали и др. Едноставно, ликовната уметност за него немаше тајни, напротив, беше и голем ликовен иноватор што го покажа со неговата врвна ликовна изложба “Некогаш и денес“ на која се претстави со циклус дела работени со природни материјали. Соработуваше со најдобрите уметници од сите дејности – театар, фотографија, музика, литература, стрип и др. Беше извонреден ентериест, голем број на локали низ Кавадарци, Македонија, Бугарија, Србија, сеуште го носат неговиот уметнички печат. Излагаше низ многу земји, уметнички делуваше низ половина свет (Њујорк, Париз, Белград, Загреб, Јадранското приморје, Берлин и секако речиси во секој град во Македонија). Неговото тестаментарно креативно дело беше секако Уметничкото студио „Сокол Арт“ Кавадарци. Неговото отворено ателје и место на слобода за изразување, дружба и соработка на сите уметности и уметници. Освен изложби на неговите дела, во “Сокол Арт“ се одржаа неколку изложби, групни и поединечни на кавадаречки и македонски уметници, во „Сокол Арт“ имаше промоции на книги, концерти на поединци и бендови од различни музички жанрови, беше тоа студио во кое единствена тема беше уметноста, своевидна слободна уметничка територија. Како уметничко студио “Сокол Арт“ згасна со неговото заминување, но неговите долгогодишни соработници, сопатници низ животот, пријатели и соборци денес се збрани под името „Сокол Арт“ како неформална уметничка група, секако во чест на Ристо Соколов Сокол. Ристо Соколов Сокол беше и еден од основачите на Здружението за алтернативна култура „Алтер центар“ Кавадарци. Денес „Алтер Центар“ меѓу другото, ја реализира и Меморијалната манифестација „Пријателите за Ристо“, која годинава по осми пат ќе се оддржи некаде кон крајот на месец мај 2022. Манифестацијата во секое нејзино издание се оддржува на различен простор во Кавадарци, за да од минатата година започне да се оддржува и во други градови (Демир Капија). На манифестацијата во сите нејзини изданија со свои дела учествуваат млади, но и познати ликовни уметници, фотографи, рок и џез бендови, класични музичари, драмски актери и млади, но и познати поети. 65 години од раѓањето на големиот уметник и човек Ристо Соколов Сокол, годинава освен „Алтер Центар“, ќе ја одбележи со негова ретроспективна изложба, своевиден омаж на неговата уметност и живот, секако со поддршка на неговото семејство, пријатели и соработници и една институција во неговиот роден град и тоа Музеј Галерија Кавадарци, а изложбата со придружни настани ќе се одржи на 19 април 2022 (вторник) во ликовните салони на Музеј Галерија и ќе биде официјално отворена во 19 часот. Кавадаречката Музеј Галерија беше многу важна за Ристо Соколов Сокол. Таму се оддржаа неколку изложби со дела од повеќе негови уметнички циклуси, сите изложби беа во декември и на ден петок, особено што и неговата воопшто последна изложба насловена како “Ретро Арт – Нови моменти“. Заедно со Меморијалната манифестација „Пријателите за Ристо“ во организација на „Алтер Центар“, изложбата во Музеј Галерија Кавадарци е еден од настаните кои ќе ја одбележат ликовната година во Кавадарци и Тиквешијата.

The post Се одбележуваат 65 години од раѓањето на ликовниот уметник Ристо Соколов Сокол appeared first on Република.

]]>