Ристо Пенов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/risto-penov/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 10:55:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ристо Пенов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/risto-penov/ 32 32 Златко Перински ја презеде функцијата министер за локална самоуправа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zlatko-perinski-ja-prezede-funktsijata-minister-za-lokalna-samouprava/ Mon, 24 Jun 2024 10:55:54 +0000 https://republika.mk/?p=790234

Во Министерството за локална самоуправа денеска е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Златко Перински во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер Ристо Пенов.

Како што соопшти Министерството за локална самоуправа на средбата се разговарало за реализацијата на тековните проекти на Министерството, за имплементацијата на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА Програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони што се реализира од буџетските програми на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој.

На средбата било истакнато дека управувањето со ова Министерство има  предизвици затоа што локалниот развој директно влијае на квалитетот на услугите и на животот на граѓаните.

Пенов на Перински му посакал успешна работа во интерес на сите граѓани. Било истакнато дека е најважна финансиската поддршка на проектите, но и подобрувањето на функционалноста на локалната самоуправа преку постојано подобрување на услугите, отчетноста и транспарентноста.

Воедно била истакната соработката на Министерството со меѓународните организации и агенции во земјата, кои што во континуитет го поддржуваат процесот на децентрализација, како и развојот на општините и на планските региони. 

The post Златко Перински ја презеде функцијата министер за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за локална самоуправа денеска е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Златко Перински во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер Ристо Пенов. Како што соопшти Министерството за локална самоуправа на средбата се разговарало за реализацијата на тековните проекти на Министерството, за имплементацијата на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА Програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони што се реализира од буџетските програми на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој. На средбата било истакнато дека управувањето со ова Министерство има  предизвици затоа што локалниот развој директно влијае на квалитетот на услугите и на животот на граѓаните. Пенов на Перински му посакал успешна работа во интерес на сите граѓани. Било истакнато дека е најважна финансиската поддршка на проектите, но и подобрувањето на функционалноста на локалната самоуправа преку постојано подобрување на услугите, отчетноста и транспарентноста. Воедно била истакната соработката на Министерството со меѓународните организации и агенции во земјата, кои што во континуитет го поддржуваат процесот на децентрализација, како и развојот на општините и на планските региони. 

The post Златко Перински ја презеде функцијата министер за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>
Пенов на средба со српскиот министер: Важно е да се градат капацитети за поголема апсорбција на средства од ИПА фондовите на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/penov-na-sredba-so-srpskiot-minister-vazhno-e-da-se-gradat-kapatsiteti-za-pogolema-apsorbtsija-na-sredstva-od-ipa-fondovite-na-eu/ Mon, 13 Nov 2023 17:35:08 +0000 https://republika.mk/?p=701176

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во Скопје се сретна со српскиот министер надлежен за рамномерен регионален развој, Едвин Џерлек.

Како што информираат од прес-службата на Министерството за локална самоуправа, на состанокот е разговарано за искуствата на двете земји во спроведувањето на политиката за рамномерен регионален развој и за напредокот во процесот на интегрирање во Европската Унија.

Министрите истакнале дека е многу важно рамномерниот регионален развој да биде поттикнуван со средства од буџетот на државата. Посочиле дека е важно да се градат капацитети и за поголема апсорбција на средства од ИПА фондовите на Европската Унија.

Двајцата министри потенцирале дека рамномерниот развој треба да обезбеди подобри услови за живеење во помалку развиените подрачја и општини, но и да го поттикне вкупниот развој на државата и на регионот.

Исто така, било нагласено дека е потребно да се зајакнуваат капацитетите за спроведување на иновативни решенија, да се следат развојните цели и мерки во документите на ЕУ и да се аплицираат добрите пракси од земјите членки на Европската Унија.

Министрите изразиле задоволство од соработката меѓу двете земји, од користењето на средствата од ИПА Програмата за прекугранична соработка, што исто така има влијание на рамномерниот регионален развој. Предизвици постојат, посочиле двајцата министри, но важно е соработката да продолжи и да наоѓаме решенија за поголемо поврзување, за побрз развој на регионот и за подобрување на квалитетот на живеење на нашите граѓани.

The post Пенов на средба со српскиот министер: Важно е да се градат капацитети за поголема апсорбција на средства од ИПА фондовите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во Скопје се сретна со српскиот министер надлежен за рамномерен регионален развој, Едвин Џерлек. Како што информираат од прес-службата на Министерството за локална самоуправа, на состанокот е разговарано за искуствата на двете земји во спроведувањето на политиката за рамномерен регионален развој и за напредокот во процесот на интегрирање во Европската Унија. Министрите истакнале дека е многу важно рамномерниот регионален развој да биде поттикнуван со средства од буџетот на државата. Посочиле дека е важно да се градат капацитети и за поголема апсорбција на средства од ИПА фондовите на Европската Унија. Двајцата министри потенцирале дека рамномерниот развој треба да обезбеди подобри услови за живеење во помалку развиените подрачја и општини, но и да го поттикне вкупниот развој на државата и на регионот. Исто така, било нагласено дека е потребно да се зајакнуваат капацитетите за спроведување на иновативни решенија, да се следат развојните цели и мерки во документите на ЕУ и да се аплицираат добрите пракси од земјите членки на Европската Унија. Министрите изразиле задоволство од соработката меѓу двете земји, од користењето на средствата од ИПА Програмата за прекугранична соработка, што исто така има влијание на рамномерниот регионален развој. Предизвици постојат, посочиле двајцата министри, но важно е соработката да продолжи и да наоѓаме решенија за поголемо поврзување, за побрз развој на регионот и за подобрување на квалитетот на живеење на нашите граѓани.

The post Пенов на средба со српскиот министер: Важно е да се градат капацитети за поголема апсорбција на средства од ИПА фондовите на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Пенов: Војната во Украина многу ги погоди општините во земјава и им ги зголеми трошоците https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/penov-vojnata-vo-ukraina-mnogu-gi-pogodi-opshtinite-vo-zemjava-i-im-gi-zgolemi-troshotsite/ Tue, 31 Jan 2023 15:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=603058

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска рече дека војната во Украина многу сериозно ги погодила општините во земјава и им ги зголемила трошоците.

Според него, за првите девет месеци минатата година трошоците за енергија на општините се зголемиле за една милијарда денари.

-Општините тој трошок се обиделе да го надоместат со намалување на капиталните инветсиции, но таа милијарда ја надоместиле со намалување на капитални инвестиции за 1,9 милијарди или двојно повеќе и притоа ги зголемиле долговите за дополнителни 800 милиони денари. Тоа зборува за катастрофално лошиот или нерационален однос кон развојот на општините и кон граѓаните, истакна Пенов на годишната конференција „Година на нови можности“.

Како што оцени министерот, финансиската децентрализација не е искористена.

-Не е мрднато чекор напред и тука најиздашниот извор на приход, данокот на имот, е најмалку искористен. Се смета дека преку 70 отсто од објектите не се евидентирани за да се оданочуваат. Комуналиите кои општините ги доживуваат како најинтересен извор на приход се исти веќе 20 години, а гледаме дека околу нас се градат екстремно профитабилни проекти. Цените на становите растат, а комуналиите не успеваат да ја финансираат обврската на општината за дадениот објект и се држат на ниско ниво. Да не зборувам за комуналните услуги каде има чист популизам. Во такви услови, спасот се бара во „дајте ми државни пари“, „дајте ни можност да се задолжуваме“, а сопствените ресурси кои се на располагање не се користат, потенцира Пенов на панелот „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделството“.

The post Пенов: Војната во Украина многу ги погоди општините во земјава и им ги зголеми трошоците appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска рече дека војната во Украина многу сериозно ги погодила општините во земјава и им ги зголемила трошоците. Според него, за првите девет месеци минатата година трошоците за енергија на општините се зголемиле за една милијарда денари. -Општините тој трошок се обиделе да го надоместат со намалување на капиталните инветсиции, но таа милијарда ја надоместиле со намалување на капитални инвестиции за 1,9 милијарди или двојно повеќе и притоа ги зголемиле долговите за дополнителни 800 милиони денари. Тоа зборува за катастрофално лошиот или нерационален однос кон развојот на општините и кон граѓаните, истакна Пенов на годишната конференција „Година на нови можности“. Како што оцени министерот, финансиската децентрализација не е искористена.
-Не е мрднато чекор напред и тука најиздашниот извор на приход, данокот на имот, е најмалку искористен. Се смета дека преку 70 отсто од објектите не се евидентирани за да се оданочуваат. Комуналиите кои општините ги доживуваат како најинтересен извор на приход се исти веќе 20 години, а гледаме дека околу нас се градат екстремно профитабилни проекти. Цените на становите растат, а комуналиите не успеваат да ја финансираат обврската на општината за дадениот објект и се држат на ниско ниво. Да не зборувам за комуналните услуги каде има чист популизам. Во такви услови, спасот се бара во „дајте ми државни пари“, „дајте ни можност да се задолжуваме“, а сопствените ресурси кои се на располагање не се користат, потенцира Пенов на панелот „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделството“.

The post Пенов: Војната во Украина многу ги погоди општините во земјава и им ги зголеми трошоците appeared first on Република.

]]>
Што ни се подготвува сега? Пенов навестува нова територијална поделба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-ni-se-podgotvuva-sega-penov-navestuva-nova-teritorijalna-podelba/ Mon, 19 Dec 2022 08:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=587441

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во интервју за МИА посочува дека земјава се соочува со неколку нивоа на проблеми околу фискалната децентрализација и фер распределувањето на средствата, посочувајќи ги како пример понискиот степен на децентрализација од европските стандарди, неискористењето на ингеренциите овозможени со закон, како и недостигот на капацитети кај малите општини.

Тој посочува дека земјава според бројките е пониско децентрализирина од европските стандарди, каде што повеќе од 10 проценти од буџетот, од бруто општествениот производ, се одвива низ локалната самоуправа.

Кај нас тоа е некаде околу пет – пет и пол отсто. Сега со овие промени во зголемувањето на учеството и на ДДВ-то и на персоналецот за општините, се стремиме да стигнеме до шест – шест и пол до 2025 година, што е ниско, појаснува Пенов.

Од друга страна, Пенов вели дека имаме неискористеност и на овие ингеренции коишто законот им ги дал на општините.

Не само малите општини, туку и најголемите, недоволно ги евидентираат имотите за да наплаќаат данок на имот и недоволно ги искористуваат инструментите да зафаќаат данок на имот. Не говорам за од социјално загрозеното население, туку еве гледате во Скопје околу нас се градат облакодери коишто се скапи, каде што очигледно тој што ќе купува и ќе живее може да поднесе поголеми давачки за имотот што ќе го купува во тие зони. Локалната самоуправа не посегнува по тој инструмент да зафати повеќе пари, додава Пенов.

[caption id="attachment_578182" align="aligncenter" width="640"] (фото: Влада на РМ)[/caption]

Според министерот, и комуналиите, особено во Скопје, се држат на ниско ниво, а со тоа се овозможува интензивна градба која им пречи на граѓаните, но како што вели, без проблем, без никого да загрози, општината или градот можат двојно, тројно да ги зголемат давачките и економски да ги регулираат овие односи во својата општина, кои предизвикува една атмосфера на урбан хаос.

И третото ниво се малите општини, кои и да ги искористат своите капацитети, немаат можности да опстанат, па што се размислува за дополнителни владини учества во нивното финансирање, истакнува Пенов.

Според него, резултатите од последниот попис на населението наметнуваат дека мора да се изнајде решение и за прашањето околу територијалната организација на општините.

Јасно ви е дека тоа е и политичко прашање, заради кое и во Чаршијата улиците се делеа така, и Визбегово се делеше, па и самиот распоред на Скопје… Но, еднаш воспоставениот систем многу е потешко да го промениш, објаснува Пенов.

Постојат решенија, вели тој, но ние мораме да се соочиме со политичката атмосфера и мора да поработиме со граѓаните бидејќи политичката атмосфера ни е поларизирана.

Ќе доаѓаат избори, ако сакаме да ги решаваме суштинските проблеми на граѓаните, граѓанинот мора да ја преземе одговорноста, а ние мора да ги објасниме процесите за да може вистински да избере. Ако тој повторно прави изборни резултати кои ќе носат блокирани парламенти, ние ниедно прашање не можеме вистински да го решиме, истакнува министерот Пенов.

The post Што ни се подготвува сега? Пенов навестува нова територијална поделба appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во интервју за МИА посочува дека земјава се соочува со неколку нивоа на проблеми околу фискалната децентрализација и фер распределувањето на средствата, посочувајќи ги како пример понискиот степен на децентрализација од европските стандарди, неискористењето на ингеренциите овозможени со закон, како и недостигот на капацитети кај малите општини. Тој посочува дека земјава според бројките е пониско децентрализирина од европските стандарди, каде што повеќе од 10 проценти од буџетот, од бруто општествениот производ, се одвива низ локалната самоуправа.
Кај нас тоа е некаде околу пет – пет и пол отсто. Сега со овие промени во зголемувањето на учеството и на ДДВ-то и на персоналецот за општините, се стремиме да стигнеме до шест – шест и пол до 2025 година, што е ниско, појаснува Пенов.
Од друга страна, Пенов вели дека имаме неискористеност и на овие ингеренции коишто законот им ги дал на општините.
Не само малите општини, туку и најголемите, недоволно ги евидентираат имотите за да наплаќаат данок на имот и недоволно ги искористуваат инструментите да зафаќаат данок на имот. Не говорам за од социјално загрозеното население, туку еве гледате во Скопје околу нас се градат облакодери коишто се скапи, каде што очигледно тој што ќе купува и ќе живее може да поднесе поголеми давачки за имотот што ќе го купува во тие зони. Локалната самоуправа не посегнува по тој инструмент да зафати повеќе пари, додава Пенов.
[caption id="attachment_578182" align="aligncenter" width="640"] (фото: Влада на РМ)[/caption] Според министерот, и комуналиите, особено во Скопје, се држат на ниско ниво, а со тоа се овозможува интензивна градба која им пречи на граѓаните, но како што вели, без проблем, без никого да загрози, општината или градот можат двојно, тројно да ги зголемат давачките и економски да ги регулираат овие односи во својата општина, кои предизвикува една атмосфера на урбан хаос.
И третото ниво се малите општини, кои и да ги искористат своите капацитети, немаат можности да опстанат, па што се размислува за дополнителни владини учества во нивното финансирање, истакнува Пенов.
Според него, резултатите од последниот попис на населението наметнуваат дека мора да се изнајде решение и за прашањето околу територијалната организација на општините.
Јасно ви е дека тоа е и политичко прашање, заради кое и во Чаршијата улиците се делеа така, и Визбегово се делеше, па и самиот распоред на Скопје… Но, еднаш воспоставениот систем многу е потешко да го промениш, објаснува Пенов.
Постојат решенија, вели тој, но ние мораме да се соочиме со политичката атмосфера и мора да поработиме со граѓаните бидејќи политичката атмосфера ни е поларизирана.
Ќе доаѓаат избори, ако сакаме да ги решаваме суштинските проблеми на граѓаните, граѓанинот мора да ја преземе одговорноста, а ние мора да ги објасниме процесите за да може вистински да избере. Ако тој повторно прави изборни резултати кои ќе носат блокирани парламенти, ние ниедно прашање не можеме вистински да го решиме, истакнува министерот Пенов.

The post Што ни се подготвува сега? Пенов навестува нова територијална поделба appeared first on Република.

]]>
Трошоците за енергија на општините зголемени за една милијарда во однос на лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/troshocite-za-energija-na-opshtinite-zgolemeni-za-edna-milijarda-vo-odnos-na-lani/ Sun, 18 Dec 2022 09:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=587111

Според анализата направена заедно со УНДП за функционирањето на општините во оваа криза, во сите општини во земјава вкупните трошоци за енергија во периодот јануари-септември 2022 година споредени со истиот период минатата година се зголемени за една милијарда денари, што во споредба со вкупните приходи коишто изнесуваат околу 40 милијарди денари претставува голем трошок, изјави во интервју за МИА, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов.

Општините овој трошок го префрлиле во намалување на капиталните инвестиции и тоа уште повеќе ги зголемува трошоците. Згора на тоа, според анализата, со дополнителни 800 милиони денари општините ги зголемиле своите долгови и ги издигнале на ниво 4.2 милијарди денари, што во однос на 40 милијарди приходи е повеќе од 10 проценти, потенцира Пенов.

Според него, трошоци за енергија на општините е зголемена за една милијарда во однос на лани, а од друга страна капиталните инвестиции се намалени за 1,9 милијарди денари.

Тоа е скоро, дупло. Каде е потрошена таа дополнителна милијарда, во некои неекономски, неефикасни мерки, проекти, подвлече Пенов.

Тој додаде дека оваа ситуација говори за лош менаџмент од страна на овие општински раководства во оваа година.

Сето тоа говори за еден многу лош менаџерски однос на, не сакам да речам само градоначалниците, туку и советите и управите во општините, заклучува министерот Пенов.

Тој вели дека околу ова прашање не би можело да се предложи брзо решение, затоа што, како што вели, процесот на децентрализација се регулира со закон што се носи со двотретинско мнозинство и во оваа состојба на блокада на Парламентот, анализите и предлозите што се прават со УНДП, со УСАИД и со помош на Швајцарската амбасада, не можат да бидат изнесени во јавност, бидејќи „би изгореле“ во јавната дебата без да можеме да добиеме или да очекуваме некаков ефект во Собранието.

The post Трошоците за енергија на општините зголемени за една милијарда во однос на лани appeared first on Република.

Блокадите имаат политичка позадина, смета Пенов https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/blokadite-imaat-politichka-pozadina-smeta-penov/ Sun, 18 Dec 2022 08:23:18 +0000 https://republika.mk/?p=587097

Еден милион евра не се голем проблем за Градот Скопје и за Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и тоа не може да биде мотив за да се блокира Скопје и да се упропастат десетици милиони евра за трошоци на граѓаните за справување со последиците, вели во интервју за МИА министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

По мене тој спор е лесен и едноставен. Индивидуално е тежок за сите превозници, говорам за поединци кои не примиле плата, се истрошиле и се задолжиле. Инаку гледајќи го како проблем, еден милион евра за Градот, за ЈСП, не може да биде проблем и не може да биде мотив за да се блокира Скопје, и да се потрошат десетици милиони евра, да се упропастат кај трошоци што ги прават граѓаните преку повеќе потрошени горива за превоз, поголеми трошоци за стигнување до работно место, изгубени работни часови, изгубени бизниси, затворени дуќани или фирми затоа што не може да им пристапат клиентите, тоа се огромни штети, вели министерот.

Според него, оттука произлегува дека блокадите имаат политичка позадина и оценува дека протестот не бил насочен ниту кон ЈСП, ниту кон градоначалничката, туку бил насочен да ја растури политичката атмосфера во нашата држава и да го зголемува гневот и незадаволството на граѓаните кон Владата.

Јасно се оцртуваат контурите на опозицијата, само таа може да има интерес од еден ваков спор. Бидејќи одговорноста која тие ја презеле пред скопјани за водењето на Градот, за водењето на ЈСП, им бега од раце, не можат да го решат проблемот, и се извлекуваат во еден процес во кој ни прикажуваат дека Владата треба да се инволвира и таа да го решава проблемот, потенцира Пенов во одговор на прашањето, која е политичката позадина на протестите.

Тој вели дека во тој дел ние сме целосно децентрализирана и демократизирана држава и секој треба да си ја понесе одговорноста за своите надлежности.

Во однос на решение на проблемот, Пенов вели дека проблемот видливо се зголемува затоа што градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ги раскина договорите со превозниците.

Доколку тие останат под политичкиот притисок, да не се пријават во новата форма на организирање на јавниот превоз, тие долгорочно ќе останат без своите работни места, без приходи за своите семејства и со тоа проблемот може да ескалира дополнително, посочува министерот Пенов.

The post Блокадите имаат политичка позадина, смета Пенов appeared first on Република.

]]>

Еден милион евра не се голем проблем за Градот Скопје и за Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и тоа не може да биде мотив за да се блокира Скопје и да се упропастат десетици милиони евра за трошоци на граѓаните за справување со последиците, вели во интервју за МИА министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
По мене тој спор е лесен и едноставен. Индивидуално е тежок за сите превозници, говорам за поединци кои не примиле плата, се истрошиле и се задолжиле. Инаку гледајќи го како проблем, еден милион евра за Градот, за ЈСП, не може да биде проблем и не може да биде мотив за да се блокира Скопје, и да се потрошат десетици милиони евра, да се упропастат кај трошоци што ги прават граѓаните преку повеќе потрошени горива за превоз, поголеми трошоци за стигнување до работно место, изгубени работни часови, изгубени бизниси, затворени дуќани или фирми затоа што не може да им пристапат клиентите, тоа се огромни штети, вели министерот.
Според него, оттука произлегува дека блокадите имаат политичка позадина и оценува дека протестот не бил насочен ниту кон ЈСП, ниту кон градоначалничката, туку бил насочен да ја растури политичката атмосфера во нашата држава и да го зголемува гневот и незадаволството на граѓаните кон Владата.
Јасно се оцртуваат контурите на опозицијата, само таа може да има интерес од еден ваков спор. Бидејќи одговорноста која тие ја презеле пред скопјани за водењето на Градот, за водењето на ЈСП, им бега од раце, не можат да го решат проблемот, и се извлекуваат во еден процес во кој ни прикажуваат дека Владата треба да се инволвира и таа да го решава проблемот, потенцира Пенов во одговор на прашањето, која е политичката позадина на протестите.
Тој вели дека во тој дел ние сме целосно децентрализирана и демократизирана држава и секој треба да си ја понесе одговорноста за своите надлежности. Во однос на решение на проблемот, Пенов вели дека проблемот видливо се зголемува затоа што градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ги раскина договорите со превозниците.
Доколку тие останат под политичкиот притисок, да не се пријават во новата форма на организирање на јавниот превоз, тие долгорочно ќе останат без своите работни места, без приходи за своите семејства и со тоа проблемот може да ескалира дополнително, посочува министерот Пенов.

The post Блокадите имаат политичка позадина, смета Пенов appeared first on Република.

]]>
Ако некој мотивира насилство, многу фактори во и надвор од државата треба да бидат загрижени, вели Јовановски за изјавата на Пенов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-nekoj-motivira-nasilstvo-mnogu-faktori-vo-i-nadvor-od-drzavata-treba-da-bidat-zagrizeni-veli-jovanovski-za-izjavata-na-penov/ Tue, 06 Dec 2022 11:21:13 +0000 https://republika.mk/?p=582522

Ако некој мотивира насилство во демократска држава каде што протестите се уставно загарантирано право, тогаш тоа треба да загрижи многу фактори во и надвор од државата, вели во изјава за МИА директорот на здружението на приватни превозници „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Изјавата на Јовановски е реакција на вчерашната наводи на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, кој во гостување на Сител рече дека Владата има механизам за запирање на блокадата на главниот град од приватните превозници и дека нивните автобуси може насилно да бидат тргнати од улиците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/penov-vladata-ima-instrument-da-ja-trgne-blokadata-nasilno-da-gi-trgne-avtobusite/

Протестите се законски најавени и ако мислат дека нешто е погрешно и можат да направат нешто, тоа нека го направат, вели директорот на „Слобода превоз“.

Пенов, кој е и поранешен градоначалник на Скопје, денеска од Струмица изјави дека скопјани трпат преголема штета поради блокадите на приватните превозници. Протестот, според него, треба да биде насочен кон други, а не граѓаните да ги плаќаат последиците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/penov-se-pozali-deka-edvaj-zaminal-za-strumica-blokadata-e-neprijatna-na-shteta-na-gragjanite/

The post Ако некој мотивира насилство, многу фактори во и надвор од државата треба да бидат загрижени, вели Јовановски за изјавата на Пенов appeared first on Република.

]]>

Ако некој мотивира насилство во демократска држава каде што протестите се уставно загарантирано право, тогаш тоа треба да загрижи многу фактори во и надвор од државата, вели во изјава за МИА директорот на здружението на приватни превозници „Слобода превоз“, Ленин Јовановски. Изјавата на Јовановски е реакција на вчерашната наводи на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, кој во гостување на Сител рече дека Владата има механизам за запирање на блокадата на главниот град од приватните превозници и дека нивните автобуси може насилно да бидат тргнати од улиците. https://republika.mk/vesti/makedonija/penov-vladata-ima-instrument-da-ja-trgne-blokadata-nasilno-da-gi-trgne-avtobusite/
Протестите се законски најавени и ако мислат дека нешто е погрешно и можат да направат нешто, тоа нека го направат, вели директорот на „Слобода превоз“.
Пенов, кој е и поранешен градоначалник на Скопје, денеска од Струмица изјави дека скопјани трпат преголема штета поради блокадите на приватните превозници. Протестот, според него, треба да биде насочен кон други, а не граѓаните да ги плаќаат последиците. https://republika.mk/vesti/makedonija/penov-se-pozali-deka-edvaj-zaminal-za-strumica-blokadata-e-neprijatna-na-shteta-na-gragjanite/

The post Ако некој мотивира насилство, многу фактори во и надвор од државата треба да бидат загрижени, вели Јовановски за изјавата на Пенов appeared first on Република.

]]>
Пенов се пожали дека едвај заминал за Струмица: Блокадата е непријатна, на штета на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-se-pozali-deka-edvaj-zaminal-za-strumica-blokadata-e-neprijatna-na-shteta-na-gragjanite/ Tue, 06 Dec 2022 11:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=582519

Блокадата на автобуските превозници во Скопје нанесува огромна штета на граѓаните. Секој по половина час најмалку во денот вози повеќе, троши гориво, се губат работни часови, се губат бизниси што е огромна штета за граѓаните, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, одговарајќи денеска на новинарско прашање во Струмица.

Додаде дека не може да каже кои мерки ќе се преземат, но состојбата се следела.

Непријатна е, големи штети трпат граѓаните заради, па можам да речам, некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние доаѓајќи накај Струмица едвај излеговме од Скопје, непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат или тие што мислат дека го креираат. А вака, штетата ја плаќаат граѓаните, истакна министерот Пенов.

The post Пенов се пожали дека едвај заминал за Струмица: Блокадата е непријатна, на штета на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Блокадата на автобуските превозници во Скопје нанесува огромна штета на граѓаните. Секој по половина час најмалку во денот вози повеќе, троши гориво, се губат работни часови, се губат бизниси што е огромна штета за граѓаните, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, одговарајќи денеска на новинарско прашање во Струмица. Додаде дека не може да каже кои мерки ќе се преземат, но состојбата се следела.
Непријатна е, големи штети трпат граѓаните заради, па можам да речам, некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние доаѓајќи накај Струмица едвај излеговме од Скопје, непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат или тие што мислат дека го креираат. А вака, штетата ја плаќаат граѓаните, истакна министерот Пенов.

The post Пенов се пожали дека едвај заминал за Струмица: Блокадата е непријатна, на штета на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Пенов: Владата има инструмент да ја тргне блокадата, насилно да ги тргне автобусите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-vladata-ima-instrument-da-ja-trgne-blokadata-nasilno-da-gi-trgne-avtobusite/ Mon, 05 Dec 2022 19:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=582313

Во вечерашното гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител министерот за локална самоуправа кажа дека владата има инструменти како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно тргање на автобусите.

Владата има инструмент како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно да ги тргнеме автобусите од улица. Се анализира состојбата има и елементи за некаков тип забрана.

На пример раскрсницата на Црвен Крст директно го попречува одењето на училиште во Браќа Миладиновци што е елемент во законот внесен.

Да се истрпат сите можности за разрешување на проблемот па владата да презема мерки, затоа што веќе не е само облигациониот однос и 1 милион долг кон приватните превозници, имаме раскинување на нивниот договор, тие и да го примат долгот се веќе исклучени од натамошна работа, кажа Пенов.

The post Пенов: Владата има инструмент да ја тргне блокадата, насилно да ги тргне автобусите appeared first on Република.

]]>

Во вечерашното гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител министерот за локална самоуправа кажа дека владата има инструменти како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно тргање на автобусите. Владата има инструмент како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно да ги тргнеме автобусите од улица. Се анализира состојбата има и елементи за некаков тип забрана. На пример раскрсницата на Црвен Крст директно го попречува одењето на училиште во Браќа Миладиновци што е елемент во законот внесен. Да се истрпат сите можности за разрешување на проблемот па владата да презема мерки, затоа што веќе не е само облигациониот однос и 1 милион долг кон приватните превозници, имаме раскинување на нивниот договор, тие и да го примат долгот се веќе исклучени од натамошна работа, кажа Пенов.

The post Пенов: Владата има инструмент да ја тргне блокадата, насилно да ги тргне автобусите appeared first on Република.

]]>
Пенов: Данокот на имот е еден од најважните извори на приход за финансирање на општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-danokot-na-imot-e-eden-od-najvaznite-izvori-na-prihod-za-finansiranje-na-opshtinite/ Fri, 02 Dec 2022 19:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=581118

Приоритет е да се зајакнат капацитетите на општините за подобро управување со јавните финансии, за наплата на локалните даноци и такси, како и за транспарентно и отчетно работење. Овие прашања се нотирани од Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии и во извештаите на Европската комисија, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, на вториор годишен Форум за локална самоуправа „Партнерство за одржливи локални самоуправи“ поддржан од УСАИД.

Поддршката на УСАИД во градењето на капацитетите на општините трае од почетокот на децентрализација до сега. На почетокот, приоритет беше евидентирањето на наследените долгови на општините и предлагање на мерки за намалување на долгот, рече Пенов.

Тој објасни дека градоначалниците имаат проблем со ажурирањето на базите на податоци за наплата на данокот на имот, за што беше побарана помош и од централната власт.

Данокот на имот е еден од најважните извори на приход за финансирање на изворните надлежности на општините, тие што не се финансирани со блок дотации од централниот Буџет и затоа локалните власти да вложат поголем напор. Но потребно е да се најде институционално, системско решение, заедно со другите надлежни институции, додаде Пенов.

Како што рече Пенов, финансиската стабилност на општините е најважна за да можат да ги извршуваат функциите и да испорачуваат услуги.

Исто така со измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа се формира и посебен фонд за перформанси, преку кој ќе бидат наградени општините кои што ќе покажат подобри резултати.

Според последното мерење на перцепцијата на граѓаните, што го направи Министерството, има раст во генералното задоволство од 2.97 на 3.2%. Граѓаните се најмалку задоволни од локалниот економски развој, социјалната заштита, заштитата на животната средина, транспарентноста и урбанистичкото планирање, дополни тој.

УСАИД дава постојана поддршката на Министерството за локална самоуправа, за подобрување на транспарентноста на општините. Исто така и за подобрување на перформансите на Бирото и на Министерството за обезбедување на дополнителни извори за финансирање на проекти за локален и за регионален развој.

The post Пенов: Данокот на имот е еден од најважните извори на приход за финансирање на општините appeared first on Република.

]]>

Приоритет е да се зајакнат капацитетите на општините за подобро управување со јавните финансии, за наплата на локалните даноци и такси, како и за транспарентно и отчетно работење. Овие прашања се нотирани од Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии и во извештаите на Европската комисија, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, на вториор годишен Форум за локална самоуправа „Партнерство за одржливи локални самоуправи“ поддржан од УСАИД.
Поддршката на УСАИД во градењето на капацитетите на општините трае од почетокот на децентрализација до сега. На почетокот, приоритет беше евидентирањето на наследените долгови на општините и предлагање на мерки за намалување на долгот, рече Пенов.
Тој објасни дека градоначалниците имаат проблем со ажурирањето на базите на податоци за наплата на данокот на имот, за што беше побарана помош и од централната власт.
Данокот на имот е еден од најважните извори на приход за финансирање на изворните надлежности на општините, тие што не се финансирани со блок дотации од централниот Буџет и затоа локалните власти да вложат поголем напор. Но потребно е да се најде институционално, системско решение, заедно со другите надлежни институции, додаде Пенов.
Како што рече Пенов, финансиската стабилност на општините е најважна за да можат да ги извршуваат функциите и да испорачуваат услуги. Исто така со измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа се формира и посебен фонд за перформанси, преку кој ќе бидат наградени општините кои што ќе покажат подобри резултати.
Според последното мерење на перцепцијата на граѓаните, што го направи Министерството, има раст во генералното задоволство од 2.97 на 3.2%. Граѓаните се најмалку задоволни од локалниот економски развој, социјалната заштита, заштитата на животната средина, транспарентноста и урбанистичкото планирање, дополни тој.
УСАИД дава постојана поддршката на Министерството за локална самоуправа, за подобрување на транспарентноста на општините. Исто така и за подобрување на перформансите на Бирото и на Министерството за обезбедување на дополнителни извори за финансирање на проекти за локален и за регионален развој.

The post Пенов: Данокот на имот е еден од најважните извори на приход за финансирање на општините appeared first on Република.

]]>
Пенов: Поголема децентрализација за општините кога ќе има политичка волја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-pogolema-decentralizacija-za-opshtinite-koga-kje-ima-politichka-volja/ Wed, 30 Nov 2022 11:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=579987

Процесот за поголема децентрализација на општините е зависен од политичката волја. Ова е резимето на одговорот на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на новинарско прашање кога и како ќе имаат општините поголеми надлежности.

Министерот Пенов по денешното потпишување на договор со Општина Тетово, појасни дека најмногу се мисли на финансова децентрализација односно општините да добиваат повеќе средства од државата кои ги собира преку данокот на додадена вредност.

Датум не може да има, но на тие процеси се работи, се бара моментот кога ќе има политичка волја за да еден таков системски закон помине и во парламентот. Од една страна точно е, на општини како Тетово и другите поголеми општини треба да им се даде многу брзо поголема можност да функционираат самите и самостојно. Но, исто така има и општини и каде овој тип на мали ингеренции се уште не можат да ги исполнат како што треба. На натамошните чекори за децентрализација се работи. Во моментот парламентот е блокиран, не е реално да се очекува да отвориме една таква дебата во овој момент - изјави Пенов во Тетово одговарајќи на новинарски прашања.

Според градоначалникот Биљал Касами во ситуацијата во која се наоѓаат, општините немаат доволно можности за да им излезат во пресрет на граѓаните и затоа, како што рече, се смета дека е потребно да се зголеми динамиката на децентрализација.

Ние не може да кажеме за нови приходи односно зголемување на децентрализацијата односно ингеренциите на општината, се додека го немаме реализирано и овој план што го имаме. Има некои предлог ЗЕЛС, има разговори и во Владата за продолжување на таа динамика, но за жал кај нас од се прави политика. Мислам дека развојот на општините нема ниту етнички, ниту политички карактер, туку тоа е во интерес на сите граѓани без разлика на која политичка групација припаѓаат. Се додека немаме власт поблиску до народот, а тоа е локалната власт, ние ќе имаме такви ситуации кога се губи и време и средства во овие комплицирани ситуации - изјави Касами.

Еден од главните проблеми на општина Тетово, нагласи Касами, е тој урбан хаос во кој се наоѓаме.

За мене е несфатливо особено ДУП да одат на усвојување во Министерството за транспорт, разбирливо е да ГУП и Просторниот план кои се и национален интерес да бидат изменаџирани со централна власт во делот на Министерството за транспорт. Но, кога работиме и разговараме за внатре организирање на градовите на општините, тоа би било да биде чиста локална општинска надлежност - рече Касами.

Според него, централната и локалната власт такви препрелетувања на надлежностите имаат и во други области како земјоделие и слично.

The post Пенов: Поголема децентрализација за општините кога ќе има политичка волја appeared first on Република.

]]>

Процесот за поголема децентрализација на општините е зависен од политичката волја. Ова е резимето на одговорот на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на новинарско прашање кога и како ќе имаат општините поголеми надлежности. Министерот Пенов по денешното потпишување на договор со Општина Тетово, појасни дека најмногу се мисли на финансова децентрализација односно општините да добиваат повеќе средства од државата кои ги собира преку данокот на додадена вредност.
Датум не може да има, но на тие процеси се работи, се бара моментот кога ќе има политичка волја за да еден таков системски закон помине и во парламентот. Од една страна точно е, на општини како Тетово и другите поголеми општини треба да им се даде многу брзо поголема можност да функционираат самите и самостојно. Но, исто така има и општини и каде овој тип на мали ингеренции се уште не можат да ги исполнат како што треба. На натамошните чекори за децентрализација се работи. Во моментот парламентот е блокиран, не е реално да се очекува да отвориме една таква дебата во овој момент - изјави Пенов во Тетово одговарајќи на новинарски прашања.
Според градоначалникот Биљал Касами во ситуацијата во која се наоѓаат, општините немаат доволно можности за да им излезат во пресрет на граѓаните и затоа, како што рече, се смета дека е потребно да се зголеми динамиката на децентрализација.
Ние не може да кажеме за нови приходи односно зголемување на децентрализацијата односно ингеренциите на општината, се додека го немаме реализирано и овој план што го имаме. Има некои предлог ЗЕЛС, има разговори и во Владата за продолжување на таа динамика, но за жал кај нас од се прави политика. Мислам дека развојот на општините нема ниту етнички, ниту политички карактер, туку тоа е во интерес на сите граѓани без разлика на која политичка групација припаѓаат. Се додека немаме власт поблиску до народот, а тоа е локалната власт, ние ќе имаме такви ситуации кога се губи и време и средства во овие комплицирани ситуации - изјави Касами.
Еден од главните проблеми на општина Тетово, нагласи Касами, е тој урбан хаос во кој се наоѓаме.
За мене е несфатливо особено ДУП да одат на усвојување во Министерството за транспорт, разбирливо е да ГУП и Просторниот план кои се и национален интерес да бидат изменаџирани со централна власт во делот на Министерството за транспорт. Но, кога работиме и разговараме за внатре организирање на градовите на општините, тоа би било да биде чиста локална општинска надлежност - рече Касами.
Според него, централната и локалната власт такви препрелетувања на надлежностите имаат и во други области како земјоделие и слично.

The post Пенов: Поголема децентрализација за општините кога ќе има политичка волја appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Пенов го фали Јакимовски, за кого до пред година дена власта велеше дека е најголем криминалец https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mickovski-penov-go-fali-jakimovski-za-kogo-do-pred-godina-dena-vlasta-veleshe-deka-e-najgolem-kriminalec/ Wed, 16 Nov 2022 20:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=574668

Пенов го фали Јакимовски кој до пред година дена беше најголем криминалец за власта, но толку беа способни во борбата со криминалот што го оставија да ги прегази во Карпош, коментира аналитичарот Ивор Мицковски.

Сега новата американска амбасадорка ве ренда дека на секое поле е корупција и дека токму тоа ја уназадува Македонија, а власта прича причи како тече мед и млеко и како некој хибридно ја руши.

Гледате дечки, вие не знаете да се соочите ни со реалноста, ни со криминалот и корупцијата, пишува Мицковски.

The post Мицковски: Пенов го фали Јакимовски, за кого до пред година дена власта велеше дека е најголем криминалец appeared first on Република.

]]>

Пенов го фали Јакимовски кој до пред година дена беше најголем криминалец за власта, но толку беа способни во борбата со криминалот што го оставија да ги прегази во Карпош, коментира аналитичарот Ивор Мицковски.
Сега новата американска амбасадорка ве ренда дека на секое поле е корупција и дека токму тоа ја уназадува Македонија, а власта прича причи како тече мед и млеко и како некој хибридно ја руши.   Гледате дечки, вие не знаете да се соочите ни со реалноста, ни со криминалот и корупцијата, пишува Мицковски.

The post Мицковски: Пенов го фали Јакимовски, за кого до пред година дена власта велеше дека е најголем криминалец appeared first on Република.

]]>
Пенов: Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на ЛДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-zajkova-e-edinstven-kandidat-za-nov-lider-na-ldp/ Thu, 03 Nov 2022 18:53:37 +0000 https://republika.mk/?p=569321

Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Ристо Пенов соопшти дека за десеттина дена ќе се одржи Конгресот на партијата.

На Конгресот, се очекува да се избере нов партиски лидер, а актуелната пратеничка Моника Зајкова е единствен кандидат.

Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на партијата. Јас нема да се кандидирам. Треба млади и свежи идеи и сили, како ние кога сме ја правеле инфраструктурата на партијата, рече Пенов во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.

За доскорешниот претседател Горан Милевски, кој даде оставка од партиската функција и од функцијата министер за локална самоуправа, Пенов рече дека тој бил против францускиот предлог и дека неговиот став не поминал низ органите на партијата.

На прашањето дали Милевски ќе биде предложен за амбасадор, Пенов одговори дека „во постапка е“.

Предложен е, во некоја постапка е, рече Пенов.

The post Пенов: Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на ЛДП appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Ристо Пенов соопшти дека за десеттина дена ќе се одржи Конгресот на партијата. На Конгресот, се очекува да се избере нов партиски лидер, а актуелната пратеничка Моника Зајкова е единствен кандидат.
Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на партијата. Јас нема да се кандидирам. Треба млади и свежи идеи и сили, како ние кога сме ја правеле инфраструктурата на партијата, рече Пенов во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.
За доскорешниот претседател Горан Милевски, кој даде оставка од партиската функција и од функцијата министер за локална самоуправа, Пенов рече дека тој бил против францускиот предлог и дека неговиот став не поминал низ органите на партијата. На прашањето дали Милевски ќе биде предложен за амбасадор, Пенов одговори дека „во постапка е“.
Предложен е, во некоја постапка е, рече Пенов.
 
The post Пенов: Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на ЛДП appeared first on Република.

]]>
Милевски му ја предаде функцијата на Пенов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milevski-mu-ja-predade-funkcijata-na-penov/ Sat, 29 Oct 2022 07:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=567013

Во Министерството за локална самоуправа вчера попладне е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Горан Милевски.

Како што соопштија од МЛС, на средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа за имплементација на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА Програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони што се реализира од буџетските програми на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој.

The post Милевски му ја предаде функцијата на Пенов appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за локална самоуправа вчера попладне е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Горан Милевски. Како што соопштија од МЛС, на средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа за имплементација на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА Програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони што се реализира од буџетските програми на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој.

The post Милевски му ја предаде функцијата на Пенов appeared first on Република.

]]>
Воскресна политички: Собраниeто го изгласа Пенов за нов министер за локална самоуправа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/voskresna-politichki-sobranieto-go-izglasa-penov-za-nov-minister-za-lokalna-samouprava/ Fri, 28 Oct 2022 10:33:16 +0000 https://republika.mk/?p=566770

Собранието на денешното продолжение на 88. пленарна седница со 63 гласа за, и 30 против го изгласа новиот министер за локална самоуправа.

Се работи за поранешниот градоначалник на Скопје и некогашен пратеник Ристо Пенов кој речиси 10 години беше надвор од политиката.

Пенов е предложен од страна на политичката партија ЛДП, а застанува на министерското место откако министерот за локална самоуправа Горан Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата од лични причини.

The post Воскресна политички: Собраниeто го изгласа Пенов за нов министер за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>

Собранието на денешното продолжение на 88. пленарна седница со 63 гласа за, и 30 против го изгласа новиот министер за локална самоуправа. Се работи за поранешниот градоначалник на Скопје и некогашен пратеник Ристо Пенов кој речиси 10 години беше надвор од политиката. Пенов е предложен од страна на политичката партија ЛДП, а застанува на министерското место откако министерот за локална самоуправа Горан Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата од лични причини.

The post Воскресна политички: Собраниeто го изгласа Пенов за нов министер за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>
Утре ќе се гласа за изборот на Пенов за министер и уставните судии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-kje-se-glasa-za-izborot-na-penov-za-minister-i-ustavnite-sudii/ Thu, 27 Oct 2022 12:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=566360

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11:00 часот го закажа продолжението на 88. седница на која се очекува да заврши расправата и да се гласа за избор на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, а потоа и на двата предлози за уставни судии.

На денешната средба со новинарите, одговарајќи на прашањето дали досега имало ваков случај на незавршена дебата во собраниска комисија да се отвори и да се гласа на пленарна седница, Џафери рече дека за кандидатите за уставни судии се гласа поединечно, но и дека во 2012 година за Буџетот извештајот од комисиската седница го потпишало мнозинството.

Претседателот на Собранието најави и дека оваа 88. седница, на која се и закони поврзани со мерките за справување со енергетската криза, но и законите за здруженија и фондации и за политичките партии, би требало да продолжи од понеделник.

Џафери на денешната средба со новинарите информира дека за утре закажал состанок во рамки на процесот „Жан Моне“, но од неговиот Кабинет подоцна соопштија дека состанокот е одложен поради продолжението на 88. седница. Дополнително ќе биде известено кога ќе биде закажан овој состанок, на којшто се разгледува Деловникот за работа на Собранието. Џафери истакна дека на Собранието му е потребен нов Деловник за работа.

The post Утре ќе се гласа за изборот на Пенов за министер и уставните судии appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11:00 часот го закажа продолжението на 88. седница на која се очекува да заврши расправата и да се гласа за избор на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, а потоа и на двата предлози за уставни судии. На денешната средба со новинарите, одговарајќи на прашањето дали досега имало ваков случај на незавршена дебата во собраниска комисија да се отвори и да се гласа на пленарна седница, Џафери рече дека за кандидатите за уставни судии се гласа поединечно, но и дека во 2012 година за Буџетот извештајот од комисиската седница го потпишало мнозинството. Претседателот на Собранието најави и дека оваа 88. седница, на која се и закони поврзани со мерките за справување со енергетската криза, но и законите за здруженија и фондации и за политичките партии, би требало да продолжи од понеделник. Џафери на денешната средба со новинарите информира дека за утре закажал состанок во рамки на процесот „Жан Моне“, но од неговиот Кабинет подоцна соопштија дека состанокот е одложен поради продолжението на 88. седница. Дополнително ќе биде известено кога ќе биде закажан овој состанок, на којшто се разгледува Деловникот за работа на Собранието. Џафери истакна дека на Собранието му е потребен нов Деловник за работа.

The post Утре ќе се гласа за изборот на Пенов за министер и уставните судии appeared first on Република.

]]>
Расправата за предлогот Пенов да биде нов министер за локална самоуправа продолжува в петок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/raspravata-za-predlogot-penov-da-bide-nov-minister-za-lokalna-samouprava-prodolzuva-v-petok/ Wed, 26 Oct 2022 15:45:48 +0000 https://republika.mk/?p=566011

Во Собранието денеска втор ден пратениците расправаа за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. И денеска ставовите на пратениците од опозицијата и власта беа спротивставени. Според првите, власта со овој предлог прави дефокус на јавноста од вистинските проблеми и наместо да понуди решенија за економската и енергетската криза и да им помогне на граѓаните таа предлага нов министер, за кој не веруваат дека е добро решение. За пратениците од владејачките партии Пенов е добар избор и побараа поддршка од опозициските пратеници.

Во текот на денешната попладневна расправа можеа да се чујат и меѓусебни обвинувања на пратениците од владејачките партии и од опозицијата за тоа која власт колку направила или не направила, за криминали и корупција.

Предлогот Пенов да биде избран за нов министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини.

Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница. Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет.

На дневен ред на денешната пленарна седница е и изборот на уставни судии за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. За останатите седуммина кандидати, дебатата и изјаснувањето во Комисијата не е завршено.

На дневен ред на 88. седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго.

Продолжението на оваа седница потпретседателот на Собранието Горан Мисовски го закажа за во петок во 12 часот.

The post Расправата за предлогот Пенов да биде нов министер за локална самоуправа продолжува в петок appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска втор ден пратениците расправаа за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. И денеска ставовите на пратениците од опозицијата и власта беа спротивставени. Според првите, власта со овој предлог прави дефокус на јавноста од вистинските проблеми и наместо да понуди решенија за економската и енергетската криза и да им помогне на граѓаните таа предлага нов министер, за кој не веруваат дека е добро решение. За пратениците од владејачките партии Пенов е добар избор и побараа поддршка од опозициските пратеници. Во текот на денешната попладневна расправа можеа да се чујат и меѓусебни обвинувања на пратениците од владејачките партии и од опозицијата за тоа која власт колку направила или не направила, за криминали и корупција. Предлогот Пенов да биде избран за нов министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини. Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница. Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет. На дневен ред на денешната пленарна седница е и изборот на уставни судии за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. За останатите седуммина кандидати, дебатата и изјаснувањето во Комисијата не е завршено. На дневен ред на 88. седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго. Продолжението на оваа седница потпретседателот на Собранието Горан Мисовски го закажа за во петок во 12 часот.

The post Расправата за предлогот Пенов да биде нов министер за локална самоуправа продолжува в петок appeared first on Република.

]]>
Пратениците втор ден расправаат за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-vtor-den-raspravaat-za-predlogot-risto-penov-da-bide-nov-minister-za-lokalna-samouprava/ Wed, 26 Oct 2022 12:15:35 +0000 https://republika.mk/?p=565906

Во Собранието денеска продолжи дебатата на пратениците за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. Расправата траеше два часа, по што потпретседателот на Собранието Горан Мисовски даде пауза до 15 часот.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска наместо да се разговара за мерки и помош на граѓаните се дискутира за министерски функции и фотелји.

Како да веруваме дека денешниот предлог е квалитетен и дека како што кажа премиерот е предлог кој ќе ја зајакне Владата и ќе ја зголеми ефикасноста и успешноста во нејзиното работење. За да ја зајакне Владата, таа логички треба да е јака, а не е. За да ја зголеми ефикасноста и успешноста во нејзиното работење требаше досега да видиме ефикасност и успешност и работење, а видовме само неефикасност, неуспешност и неработење. Ефектот од неработењето го чувствуваме сите – 30 проценти пад во турзизмот, тој ефект значи и осиромашени граѓани и банкротирани фирми. До каде ви се мерките за справување со енергеската криза?, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петковска.

Петковска посочи дека пратениците треба да ги презентираат досегашните достигнувања на Министерството за локална самоуправа и планот за работа на Министерството и на предлогот за министер Пенов.

Добро ќе беше да кажете во каква состојба Пенов го наследува Министерството во кое врие од непотизам. Сакав да слушнам што планира Пенов да направи за заживување на туризмот во локалните самоуправи, што ќе преземе во насока на порамномерен регионален развој, како ќе го поттикнува развојот на стопански неразвиените подрачја итн., рече Петковска.

На ова реплицираше пратеникот Коле Чаракчиев од СДСМ, кој истакна дека предлогот за нов министер за локална самоуправа, само ќе го зајакне капацитетот на Владата во интерес на граѓаните на државата.

Со такво Си-Ви како на Пенов можеме само да се гордееме. Тој ќе може само да го зајакне капацитетот на Владата во интерес на граѓаните на Република Cеверна Македонија. Мислам дека апсолутно треба да дадеме поддршка и очекувам дека сите заедно ќе ја дадеме таа поддршка, нагласи Чаракчиев.

Според пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, предлогот за нов член на Владата доаѓа од нелигитимен предлагач.

Премиерот има позадина, има една афера со која е поврзан и во моментов нема доволен легитимитет за да биде предлагач. Целосно неуспешна Влада во целина не може да бара поддршка за нов член, туку треба да си даде оставка, потенцира Лефков.

На дневен ред на пленарната седница е и изборот на уставни судии, за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева.

На оваа седница на дневен ред, меѓу останатите, се и закони поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законите за здруженија и за политичките партии.

The post Пратениците втор ден расправаат за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска продолжи дебатата на пратениците за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. Расправата траеше два часа, по што потпретседателот на Собранието Горан Мисовски даде пауза до 15 часот. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска наместо да се разговара за мерки и помош на граѓаните се дискутира за министерски функции и фотелји.
Како да веруваме дека денешниот предлог е квалитетен и дека како што кажа премиерот е предлог кој ќе ја зајакне Владата и ќе ја зголеми ефикасноста и успешноста во нејзиното работење. За да ја зајакне Владата, таа логички треба да е јака, а не е. За да ја зголеми ефикасноста и успешноста во нејзиното работење требаше досега да видиме ефикасност и успешност и работење, а видовме само неефикасност, неуспешност и неработење. Ефектот од неработењето го чувствуваме сите – 30 проценти пад во турзизмот, тој ефект значи и осиромашени граѓани и банкротирани фирми. До каде ви се мерките за справување со енергеската криза?, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петковска.
Петковска посочи дека пратениците треба да ги презентираат досегашните достигнувања на Министерството за локална самоуправа и планот за работа на Министерството и на предлогот за министер Пенов.
Добро ќе беше да кажете во каква состојба Пенов го наследува Министерството во кое врие од непотизам. Сакав да слушнам што планира Пенов да направи за заживување на туризмот во локалните самоуправи, што ќе преземе во насока на порамномерен регионален развој, како ќе го поттикнува развојот на стопански неразвиените подрачја итн., рече Петковска.
На ова реплицираше пратеникот Коле Чаракчиев од СДСМ, кој истакна дека предлогот за нов министер за локална самоуправа, само ќе го зајакне капацитетот на Владата во интерес на граѓаните на државата.
Со такво Си-Ви како на Пенов можеме само да се гордееме. Тој ќе може само да го зајакне капацитетот на Владата во интерес на граѓаните на Република Cеверна Македонија. Мислам дека апсолутно треба да дадеме поддршка и очекувам дека сите заедно ќе ја дадеме таа поддршка, нагласи Чаракчиев.
Според пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, предлогот за нов член на Владата доаѓа од нелигитимен предлагач.
Премиерот има позадина, има една афера со која е поврзан и во моментов нема доволен легитимитет за да биде предлагач. Целосно неуспешна Влада во целина не може да бара поддршка за нов член, туку треба да си даде оставка, потенцира Лефков.
На дневен ред на пленарната седница е и изборот на уставни судии, за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. На оваа седница на дневен ред, меѓу останатите, се и закони поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законите за здруженија и за политичките партии.

The post Пратениците втор ден расправаат за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>
Седницата за избор на Пенов за министер за локална самоуправа продолжува утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sednicata-za-izbor-na-penov-za-minister-za-lokalna-samouprava-prodolzuva-utre/ Tue, 25 Oct 2022 15:40:49 +0000 https://republika.mk/?p=565551

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски објави дека 88. седница на која пратениците дискутираат за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа продолжува утре по 12 часот.

Премиерот Димитар Ковачевски во експозето пред пратениците истакна дека е убеден оти Владата со Ристо Пенов во областа на локална самоуправа ќе направи многу повеќе во стратешките политики и на локално и на централно ниво.

Според опозицијата, Владата повторно прави дефокус на јавноста, додека пратениците од власта истакнаа дека Пенов е добар избор и побараа поддршка од опозициските пратеници.

Предлогот Пенов да биде избран за нов министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини.

Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница. Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет.

На дневен ред на 88-та пленарна седница е и изборот на уставни судии за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. За останатите седуммина кандидати, дебатата и изјаснувањето во Комисијата не е завршено.

На дневен ред на оваа седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго.

The post Седницата за избор на Пенов за министер за локална самоуправа продолжува утре appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски објави дека 88. седница на која пратениците дискутираат за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа продолжува утре по 12 часот. Премиерот Димитар Ковачевски во експозето пред пратениците истакна дека е убеден оти Владата со Ристо Пенов во областа на локална самоуправа ќе направи многу повеќе во стратешките политики и на локално и на централно ниво. Според опозицијата, Владата повторно прави дефокус на јавноста, додека пратениците од власта истакнаа дека Пенов е добар избор и побараа поддршка од опозициските пратеници. Предлогот Пенов да биде избран за нов министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини. Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница. Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет. На дневен ред на 88-та пленарна седница е и изборот на уставни судии за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. За останатите седуммина кандидати, дебатата и изјаснувањето во Комисијата не е завршено. На дневен ред на оваа седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго.

The post Седницата за избор на Пенов за министер за локална самоуправа продолжува утре appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Пенов е одличен предлог за министер за локална самоуправа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-penov-e-odlichen-predlog-za-minister-za-lokalna-samouprava/ Tue, 25 Oct 2022 12:20:06 +0000 https://republika.mk/?p=565424

Сосема е нормално и прифатливо во секоја Влада да се случуваат кадровски промени. Конкретно предлагам Ристо Пенов да биде министер за локална самоуправа и сакам да ве уверам дека станува збор за одличен предлог кој ќе ја зајакне Владата и ќе ја зголеми ефикасноста и успешноста во нејзиното работење, рече денеска пред пратениците премиерот Димитар Ковачевски.

– Станува збор за значаен ресор за нашите општини кои за една година гледаме дека се наоѓаат во проблеми кои ги водат неспособни градоначалници. Предлагам вистински човек, на вистинско место, во вистинско време. Господинот Ристо Пенов е синоним за успешен градоначалник, за макотрпна работа, за резултати и успех. Тој е потврда за скромност, чесност и работливост. Тој е човек кој интерира, соработува и има визија. За него најдобро говорат капиталните проекти во Скопје, улиците, мостовите, инфраструктурата, километрите нови патишта, тротоари, нови плоштади, поддршка на локалните бизниси и на културата, нагласи Ковачевски на денешната пленарна седница на која се расправа за предлогот Пенов да биде избран за нов министер за локална самоуправа.

Ковачевски е убеден дека Владата со Ристо Пенов во областа на локална самоуправа ќе направи многу повеќе во стратешките политики и на локално и на централно ниво.

Според опозицијата, Владата повторно прави дефокус на јавноста.

– Што е тоа што може Пенов да го подобри во Владата? Државата се соочува со криза на енергетски, економски, социјален план, имаме тотално потфрлање и корумпираност во безбедносниот сектор, а вие Ковачевски овде ни предлагате смена на министер за локална самоуправа, демек сите ресори се добри, но во моментов најважен ресор што треба да се подобри е ресорот за локална самоуправа, рече пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот Пенов да биде избран за нов министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини.

Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница. Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет.

На дневен ред на демешната пленарна седница е и изборот на уставни судии за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. За останатите седуммина кандидати, дебатата и изјаснувањето во Комисијата не е завршено.

На дневен ред на 88. седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго.

The post Ковачевски: Пенов е одличен предлог за министер за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>

Сосема е нормално и прифатливо во секоја Влада да се случуваат кадровски промени. Конкретно предлагам Ристо Пенов да биде министер за локална самоуправа и сакам да ве уверам дека станува збор за одличен предлог кој ќе ја зајакне Владата и ќе ја зголеми ефикасноста и успешноста во нејзиното работење, рече денеска пред пратениците премиерот Димитар Ковачевски.
– Станува збор за значаен ресор за нашите општини кои за една година гледаме дека се наоѓаат во проблеми кои ги водат неспособни градоначалници. Предлагам вистински човек, на вистинско место, во вистинско време. Господинот Ристо Пенов е синоним за успешен градоначалник, за макотрпна работа, за резултати и успех. Тој е потврда за скромност, чесност и работливост. Тој е човек кој интерира, соработува и има визија. За него најдобро говорат капиталните проекти во Скопје, улиците, мостовите, инфраструктурата, километрите нови патишта, тротоари, нови плоштади, поддршка на локалните бизниси и на културата, нагласи Ковачевски на денешната пленарна седница на која се расправа за предлогот Пенов да биде избран за нов министер за локална самоуправа.
Ковачевски е убеден дека Владата со Ристо Пенов во областа на локална самоуправа ќе направи многу повеќе во стратешките политики и на локално и на централно ниво. Според опозицијата, Владата повторно прави дефокус на јавноста.
– Што е тоа што може Пенов да го подобри во Владата? Државата се соочува со криза на енергетски, економски, социјален план, имаме тотално потфрлање и корумпираност во безбедносниот сектор, а вие Ковачевски овде ни предлагате смена на министер за локална самоуправа, демек сите ресори се добри, но во моментов најважен ресор што треба да се подобри е ресорот за локална самоуправа, рече пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Предлогот Пенов да биде избран за нов министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини. Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница. Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет. На дневен ред на демешната пленарна седница е и изборот на уставни судии за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. За останатите седуммина кандидати, дебатата и изјаснувањето во Комисијата не е завршено. На дневен ред на 88. седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго.

The post Ковачевски: Пенов е одличен предлог за министер за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>