Ристо Крмзов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/risto-krmzov/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 14:30:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ристо Крмзов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/risto-krmzov/ 32 32 Се стега обрачот околу Крмзов, сомнежите се за сторен криминал од 15 милиони евра, допира и до политичари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-stega-obrachot-okolu-krmzov-somnezhite-se-za-storen-kriminal-od-15-milioni-evra-dopira-i-do-politichari/ Fri, 01 Nov 2024 14:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=833186

Се работи интензивно за случајот со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов и многу скоро институциите ќе излезат со конкретни информации.

Како што дознаваме, она што ќе се дознае за овој случај ќе биде шокантно и дека неговите последни тврдења во медиумите се невистинити.

Истрагата се уште трае и и постојано излегуваат нови сознанија. Сомнежите се дека досега е сторен крининал од 15 милиони евра и оти се вклучени и политичари.

The post Се стега обрачот околу Крмзов, сомнежите се за сторен криминал од 15 милиони евра, допира и до политичари appeared first on Република.

]]>

Се работи интензивно за случајот со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов и многу скоро институциите ќе излезат со конкретни информации. Како што дознаваме, она што ќе се дознае за овој случај ќе биде шокантно и дека неговите последни тврдења во медиумите се невистинити. Истрагата се уште трае и и постојано излегуваат нови сознанија. Сомнежите се дека досега е сторен крининал од 15 милиони евра и оти се вклучени и политичари.  

The post Се стега обрачот околу Крмзов, сомнежите се за сторен криминал од 15 милиони евра, допира и до политичари appeared first on Република.

]]>
Дуковски: Зошто Обвинителството побaра само одземање на пасошот на кумот на Заеви, а сомнежот е за организиран криминал? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dukovski-zoshto-obvinitelstvoto-pobara-samo-odzemane-na-pasoshot-na-kumot-na-zaevi-a-somnezhot-e-za-organiziran-kriminal/ Mon, 21 Oct 2024 17:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=829539

Струмичкиот бизнисмен, Ристо Крмзов осомничен за затајување на данок и регистрирање на фантом фирми преку кои цицал од државниот буџет со поврат на лажен ДДВ, е дома без пасош, а за телесна повреда луѓе завршуваат во притвор. Дел од адвокатите кои работат кривични постапки се чудат на однесувањето на Обвинителството кое за кумот на Заеви побара да остане само без пасош со оглед на тоа што се работи за организиран криминал и штета на државната каса од над 14 милиони евра, објавува Алфа телевизија.

Не можам реално образложение да најдам зошто не се води постапка против некој друг, затоа што тие институции се многу битни за вршењето на кривичното дело. Човек надвор од тие институции не може да го направи тоа кривично дело, а тој првиот што е врв на пирамидата поминува само со мерки за претпазливост што исто така е многу чудна работа, вели за Алфа адвокатот Сашко Дуковски.

Засега Обвинителството води предистражна постапка за Крмзов. Тој е сослушан во Судот минатиот месец додека УЈП и МВР му ги претресуваа фирмите и становите. Покрај него, Обвинителството сослушало уште тројца, но тие веднаш се пуштени и не стигнале ниту до Судот. Ниту тогашната директорка на УЈП, ниту директорката на Централен регистар, никој не е опфатен во предистрагата иако е очигледно дека Крмзов без поддршка на институциите не можел да регистрира фиктивни фирми и да зема лажен ДДВ.

На прашање на Алфа што прави Обвинителството за организиран криминал во врска со случајот, одговорија кусо. Обвинителот презема дејствија.

Предметот за кој покажувате интерес е во предистражна постапка и по него активно постапува предметниот обвинител преземајќи дејствија во насока на расчистување на случајот, велат од Обвинителство.

И државниот обвинител во гостување на јавниот сервис веднаш по претресите не беше сигурен дека има доказен материјал за струмичката империја на Крмзов направена преку криминална шема. Било многу рано за да може да знае.

Според информациите, над 8 милиони евра се префрлани на сметки во Турција од фирмите на Крмзов коишто се задолжувале во пропадната банка Еуростандард.

Крмзов веројатно имал спрега и со Јавното Обвинителство чии предмети за поранешен сомнеж за криминал биле чувани во фиока. Ако не било така, упатени коментираат дека и немало да дојде до милионската штета во Еуростандард Банка.

Воедно, истрагата ја вклучува и Царинската управа каде за еден камион увезена роба се плаќало царина од само 1.500 евра, а за истата роба во последниот период по смена на раководството на Царинска управа, се плаќало дури за 15 пати повисоки давачки. Фрапантно е како директорите на УЈП, Сања Лукареска, потоа директорите на Централен Регистар и тогашна Царинската управа останале слепи на ваквиот криминал.

The post Дуковски: Зошто Обвинителството побaра само одземање на пасошот на кумот на Заеви, а сомнежот е за организиран криминал? appeared first on Република.

]]>

Струмичкиот бизнисмен, Ристо Крмзов осомничен за затајување на данок и регистрирање на фантом фирми преку кои цицал од државниот буџет со поврат на лажен ДДВ, е дома без пасош, а за телесна повреда луѓе завршуваат во притвор. Дел од адвокатите кои работат кривични постапки се чудат на однесувањето на Обвинителството кое за кумот на Заеви побара да остане само без пасош со оглед на тоа што се работи за организиран криминал и штета на државната каса од над 14 милиони евра, објавува Алфа телевизија. Не можам реално образложение да најдам зошто не се води постапка против некој друг, затоа што тие институции се многу битни за вршењето на кривичното дело. Човек надвор од тие институции не може да го направи тоа кривично дело, а тој првиот што е врв на пирамидата поминува само со мерки за претпазливост што исто така е многу чудна работа, вели за Алфа адвокатот Сашко Дуковски. Засега Обвинителството води предистражна постапка за Крмзов. Тој е сослушан во Судот минатиот месец додека УЈП и МВР му ги претресуваа фирмите и становите. Покрај него, Обвинителството сослушало уште тројца, но тие веднаш се пуштени и не стигнале ниту до Судот. Ниту тогашната директорка на УЈП, ниту директорката на Централен регистар, никој не е опфатен во предистрагата иако е очигледно дека Крмзов без поддршка на институциите не можел да регистрира фиктивни фирми и да зема лажен ДДВ. На прашање на Алфа што прави Обвинителството за организиран криминал во врска со случајот, одговорија кусо. Обвинителот презема дејствија. Предметот за кој покажувате интерес е во предистражна постапка и по него активно постапува предметниот обвинител преземајќи дејствија во насока на расчистување на случајот, велат од Обвинителство. И државниот обвинител во гостување на јавниот сервис веднаш по претресите не беше сигурен дека има доказен материјал за струмичката империја на Крмзов направена преку криминална шема. Било многу рано за да може да знае. Според информациите, над 8 милиони евра се префрлани на сметки во Турција од фирмите на Крмзов коишто се задолжувале во пропадната банка Еуростандард. Крмзов веројатно имал спрега и со Јавното Обвинителство чии предмети за поранешен сомнеж за криминал биле чувани во фиока. Ако не било така, упатени коментираат дека и немало да дојде до милионската штета во Еуростандард Банка. Воедно, истрагата ја вклучува и Царинската управа каде за еден камион увезена роба се плаќало царина од само 1.500 евра, а за истата роба во последниот период по смена на раководството на Царинска управа, се плаќало дури за 15 пати повисоки давачки. Фрапантно е како директорите на УЈП, Сања Лукареска, потоа директорите на Централен Регистар и тогашна Царинската управа останале слепи на ваквиот криминал.

The post Дуковски: Зошто Обвинителството побaра само одземање на пасошот на кумот на Заеви, а сомнежот е за организиран криминал? appeared first on Република.

]]>
Епски голема истрага со епски криминал, вели Мицкоски за случајот „Крмзов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/epski-golema-istraga-so-epski-kriminal-veli-mitskoski-za-sluchajot-krmzov/ Mon, 16 Sep 2024 11:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=816748

Ова е една од низата истраги што ќе следат во следниот период, во септември, октомври, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски запрашан дали во големата акција за даночни затајувања ќе бидат опфатени поранешни функционери.

Не би сакал да откривам детали, истрагата трае. Можам да кажам дека ќе биде епски голема со епски криминал, рече Мицкоски.

Случајот „Крмзов“ се расплеткува во повеќе етапи и БЈБ на МВР, во координација со повеќе други институции, откриваат сомнежи за криминал повеќе од очекуваното.

The post Епски голема истрага со епски криминал, вели Мицкоски за случајот „Крмзов“ appeared first on Република.

И Лукаревска ќе падне за „Крмзов“? Нови детали покажуваат како се крадело преку измислени фирми на Косовари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-lukarevska-ke-padne-za-krmzov-novi-detali-pokazhuvaat-kako-se-kradelo-preku-izmisleni-firmi-na-kosovari/ Sat, 14 Sep 2024 09:04:38 +0000 https://republika.mk/?p=816272

Случајот „Крмзов“ се расплеткува во повеќе етапи и БЈБ на МВР, во координација со повеќе други институции, открива сомнежи за криминал повеќе од очекуваното, информираат за „Плусинфо“ добро упатени извори.

Во текот на вчерашниот ден е влезено во други два магацина на струмичката империја на бизнисменот Крмзов, кој важи близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/biznis-partnerot-na-zaev-padna-vo-ratsete-na-politsijata-poveke-litsa-se-vo-begstvo-pronajdeni-se-i-dijamanti/

Едно од главните дела кои им се става на товар на лицата под истрага е фиктивниот поврат на ДДВ и оштетувањето на државната каса. Извадени се два камиона доказен материјал. Само во еден случај тие прикажале 880 милиони денари за поврат на ДДВ.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/epski-kriminal-vo-strumitsa-4-litsa-zadrzhani-vo-politsija-toshkovski-so-detali-za-vcherashnata-aktsija/

Според изворите на порталот, можно е акцијата да се прошири и кон поранешни носители на државни институции, како поранешната директорка на УЈП Сања Лукаревска и директорката на Централниот регистар. „Република“, пак, дознава дека и во СДСМ постојат членови кои проговориле за криминалот.

Истрагата открила дека биле регистрирани фирми на косовски државјани со измислени имиња, кои не постојат во базата на податоци, за да се забошоти криминалот.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-zivo-kostovski-parite-od-eurostandard-zavrshuvale-vo-firmi-bliski-do-sdsm/

The post И Лукаревска ќе падне за „Крмзов“? Нови детали покажуваат како се крадело преку измислени фирми на Косовари appeared first on Република.

]]>

Случајот „Крмзов“ се расплеткува во повеќе етапи и БЈБ на МВР, во координација со повеќе други институции, открива сомнежи за криминал повеќе од очекуваното, информираат за „Плусинфо“ добро упатени извори. Во текот на вчерашниот ден е влезено во други два магацина на струмичката империја на бизнисменот Крмзов, кој важи близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/biznis-partnerot-na-zaev-padna-vo-ratsete-na-politsijata-poveke-litsa-se-vo-begstvo-pronajdeni-se-i-dijamanti/ Едно од главните дела кои им се става на товар на лицата под истрага е фиктивниот поврат на ДДВ и оштетувањето на државната каса. Извадени се два камиона доказен материјал. Само во еден случај тие прикажале 880 милиони денари за поврат на ДДВ. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/epski-kriminal-vo-strumitsa-4-litsa-zadrzhani-vo-politsija-toshkovski-so-detali-za-vcherashnata-aktsija/ Според изворите на порталот, можно е акцијата да се прошири и кон поранешни носители на државни институции, како поранешната директорка на УЈП Сања Лукаревска и директорката на Централниот регистар. „Република“, пак, дознава дека и во СДСМ постојат членови кои проговориле за криминалот. Истрагата открила дека биле регистрирани фирми на косовски државјани со измислени имиња, кои не постојат во базата на податоци, за да се забошоти криминалот. https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-zivo-kostovski-parite-od-eurostandard-zavrshuvale-vo-firmi-bliski-do-sdsm/

The post И Лукаревска ќе падне за „Крмзов“? Нови детали покажуваат како се крадело преку измислени фирми на Косовари appeared first on Република.

]]>
Бизнис партнерот на Заев падна во рацете на полицијата, повеќе лица се во бегство, пронајдени се и дијаманти https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/biznis-partnerot-na-zaev-padna-vo-ratsete-na-politsijata-poveke-litsa-se-vo-begstvo-pronajdeni-se-i-dijamanti/ Fri, 13 Sep 2024 12:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=815865

БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов.

Тој се сомничи за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. При претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица се во бегство, а Крмзов е обезбеден на органите кои ја водат акцијата.

Откриени се косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струмичкиот бизнисмен кој важи близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев.

КУРИР дознава дека кај него биле пронајдени дијаманти, а кај негов магационер во Скопје поголема количина на кеш.

Инаку пред четири години се пишуваше дека постои шверц на роба од фирмата на Крмзов.

Сѐ уште јавноста не доби одговори за шверцот на брендирана роба од страна на блиски луѓе до семејството Заеви, и за тоа кој интервенирал и ургирал да се пушти запленетиот камионот во населбата Шуто Оризари кој бил преполн со шверцувана и нецаринета роба. Според нашите информации, камионот кога бил сопрен кој превезувал роба за блискиот соработник на Вице Заев, Крмзов, инаку „Винекс текстил“ немал документи за царина на дел од робата која што ја превезувал. Возачот немал исправни документи за брендираната роба и авто деловите, а лажел дека имал комплетна документација кога бил сопрен од надлежните лица од полицијата, тогаш соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

The post Бизнис партнерот на Заев падна во рацете на полицијата, повеќе лица се во бегство, пронајдени се и дијаманти appeared first on Република.

]]>

БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов. Тој се сомничи за перење пари, дупли плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања. При претресот кој се одвивал на повеќе локации низ државата, повеќе лица се во бегство, а Крмзов е обезбеден на органите кои ја водат акцијата. Откриени се косовски државјани кои формирале фирми кои имале деловна активност со струмичкиот бизнисмен кој важи близок до струмичкото семејство на поранешниот премиер Зоран Заев. КУРИР дознава дека кај него биле пронајдени дијаманти, а кај негов магационер во Скопје поголема количина на кеш. Инаку пред четири години се пишуваше дека постои шверц на роба од фирмата на Крмзов.
Сѐ уште јавноста не доби одговори за шверцот на брендирана роба од страна на блиски луѓе до семејството Заеви, и за тоа кој интервенирал и ургирал да се пушти запленетиот камионот во населбата Шуто Оризари кој бил преполн со шверцувана и нецаринета роба. Според нашите информации, камионот кога бил сопрен кој превезувал роба за блискиот соработник на Вице Заев, Крмзов, инаку „Винекс текстил“ немал документи за царина на дел од робата која што ја превезувал. Возачот немал исправни документи за брендираната роба и авто деловите, а лажел дека имал комплетна документација кога бил сопрен од надлежните лица од полицијата, тогаш соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post Бизнис партнерот на Заев падна во рацете на полицијата, повеќе лица се во бегство, пронајдени се и дијаманти appeared first on Република.

]]>
Димитриоска-Кочоска за акцијата во Струмица: Покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrioska-kochoska-za-aktsijata-vo-strumitsa-pokazhavme-deka-sploteniot-tim-e-posilen-od-s/ Fri, 13 Sep 2024 09:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=815960

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска преку пост на својот фејсбук профил им се заблагодарува на сите што учествуваа во вчерашната акција во Струмица и во други градови во земјава за откривање сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“, „даночна измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ на група субјекти и додава дека со акцијата покажале дека сплотениот тим е посилен од сѐ.

-Сакам да искажам огромна благодарност до Управата за јавни приходи и директорката Елена Петрова, а особено до колегите од Струмица и другите градови кои денес заедно со мене цел ден неуморно работеа во спроведување на акцијата во Струмица. Дел од нив директно со мене во Струмица, а дел и низ други градови на Македонија. Исто така, огромна благодарност до Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и Царинската управа кои беа огромна поддршка на колегите од УЈП. Денес покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ, порача Димитриеска Кочоска на својот фејсбук профил.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“, „даночна измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ на група субјекти. Предметот е оформен по доставено известување од страна на Министерството за внатрешни работи за сознанија до кои дошла Управата за јавни приходи.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/biznis-partnerot-na-zaev-padna-vo-ratsete-na-politsijata-poveke-litsa-se-vo-begstvo-pronajdeni-se-i-dijamanti/

- Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, на барање на предметниот јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје издаде наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови,посочија вчера од Обвинителството.

Нагласија дека полициски службеници, службени лица од Управата за јавни приходи координирано со истражители од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на ОЈО ГОКК при претресите обезбедиле бројна документација и електронски записи што ќе бидат предмет на обработка и анализа со цел обезбедување материјални докази за потребите на водењето на понатамошната кривична постапка.

-Претресите сè уште се во тек. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка која според закон е тајна, јавноста навремено ќе биде информирана за поединости што нема да ја нарушат постапката, порачаа вчера од Обвинителството

The post Димитриоска-Кочоска за акцијата во Струмица: Покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ appeared first on Република.

]]>

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска преку пост на својот фејсбук профил им се заблагодарува на сите што учествуваа во вчерашната акција во Струмица и во други градови во земјава за откривање сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“, „даночна измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ на група субјекти и додава дека со акцијата покажале дека сплотениот тим е посилен од сѐ.
-Сакам да искажам огромна благодарност до Управата за јавни приходи и директорката Елена Петрова, а особено до колегите од Струмица и другите градови кои денес заедно со мене цел ден неуморно работеа во спроведување на акцијата во Струмица. Дел од нив директно со мене во Струмица, а дел и низ други градови на Македонија. Исто така, огромна благодарност до Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и Царинската управа кои беа огромна поддршка на колегите од УЈП. Денес покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ, порача Димитриеска Кочоска на својот фејсбук профил.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“, „даночна измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ на група субјекти. Предметот е оформен по доставено известување од страна на Министерството за внатрешни работи за сознанија до кои дошла Управата за јавни приходи. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/biznis-partnerot-na-zaev-padna-vo-ratsete-na-politsijata-poveke-litsa-se-vo-begstvo-pronajdeni-se-i-dijamanti/
- Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, на барање на предметниот јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје издаде наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови,посочија вчера од Обвинителството.
Нагласија дека полициски службеници, службени лица од Управата за јавни приходи координирано со истражители од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на ОЈО ГОКК при претресите обезбедиле бројна документација и електронски записи што ќе бидат предмет на обработка и анализа со цел обезбедување материјални докази за потребите на водењето на понатамошната кривична постапка. -Претресите сè уште се во тек. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка која според закон е тајна, јавноста навремено ќе биде информирана за поединости што нема да ја нарушат постапката, порачаа вчера од Обвинителството

The post Димитриоска-Кочоска за акцијата во Струмица: Покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ appeared first on Република.

]]>