Ристевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ristevski/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Sep 2023 12:23:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ристевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ristevski/ 32 32 Затвор за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и сексуални услуги за преодни оценки https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvor-za-profesorite-shuklev-i-ristevski-barale-pari-i-seksualni-uslugi-za-preodni-otsenki/ Thu, 07 Sep 2023 13:32:20 +0000 https://republika.mk/?p=679714

Обвинетиот Бобек Шуклев за примање поткуп е осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци, обвинетиот Славе Ристевски за две кривични дела примање поткуп доби казна затвор од четири години, Драган Денковски за три кривични дела давање поткуп судот му изрече алтернативна мерка условна осуда и му утврди единствена казна затвор од 2 години, која нема да се изврши ако не стори ново кривично дело во наредните пет години.

Судот на Шуклев и на Ристевски им изрече забрана за вршење професија од дејност или должност во образовниот процес во траење од пет години. Исто така, и за обвинетиот Драган Денковски, сметано од денот на правосилноста на пресудата. Времето поминато во затвор се засметува во времето на траењето на забраната.

Од Шуклев се одземаат предметните банкноти.

Оваа е второ судење за предметот „Еразмус“ бидејќи во јуни 2021 година предметот падна на Апелација кога беше потврдена само ослободителната пресуда за професорот Стојан Дебарлиев.

Апелација го врати предметот „Еразмус“ на повторно судење и не ги потврди затворските казни за професорите од Економскиот факултет, кои претходно ги изрече Кривичниот суд.

Тројцата професори, Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски, како и демонстраторот Драган Денковски, беа гонети за примање поткуп од студенти за пишување преодни оценки. При изрекување на пресудата, за професорите Шуклев и Јанев, судијата дополнително рече дека е утврдено оти барале и сексуални услуги од студентки.

The post Затвор за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и сексуални услуги за преодни оценки appeared first on Република.

]]>

Обвинетиот Бобек Шуклев за примање поткуп е осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци, обвинетиот Славе Ристевски за две кривични дела примање поткуп доби казна затвор од четири години, Драган Денковски за три кривични дела давање поткуп судот му изрече алтернативна мерка условна осуда и му утврди единствена казна затвор од 2 години, која нема да се изврши ако не стори ново кривично дело во наредните пет години. Судот на Шуклев и на Ристевски им изрече забрана за вршење професија од дејност или должност во образовниот процес во траење од пет години. Исто така, и за обвинетиот Драган Денковски, сметано од денот на правосилноста на пресудата. Времето поминато во затвор се засметува во времето на траењето на забраната. Од Шуклев се одземаат предметните банкноти. Оваа е второ судење за предметот „Еразмус“ бидејќи во јуни 2021 година предметот падна на Апелација кога беше потврдена само ослободителната пресуда за професорот Стојан Дебарлиев. Апелација го врати предметот „Еразмус“ на повторно судење и не ги потврди затворските казни за професорите од Економскиот факултет, кои претходно ги изрече Кривичниот суд. Тројцата професори, Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски, како и демонстраторот Драган Денковски, беа гонети за примање поткуп од студенти за пишување преодни оценки. При изрекување на пресудата, за професорите Шуклев и Јанев, судијата дополнително рече дека е утврдено оти барале и сексуални услуги од студентки.

The post Затвор за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и сексуални услуги за преодни оценки appeared first on Република.

]]>